Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Macedonia Above All

Front Matter - Part 08

Од Стојан Георгиев Томовичин · Дел 8 од 8 · Околу 20 минути

Читај на English

Најпосле, цивилизираната Европа нема ли да помогне, Балканските држави со азијатско мислење малку да се цивилизираат и самите? Европа треба да знае дека ако не се реши Македонското прашање, мир не ќе има никогаш на Балканот, а Македонија ќе остане за секогаш арена на крвави драми и јаболко на раздорот. Сите Балкански власте треба да сфатат оти нивниот пат кон Европа минува преку Македонија!

За овие зборови јас бев бурно поздравен со аплауз од присутните на прес – конференцијата. Грчките претставници на КЕБС се компромитираа пред светската јавност кога еден од нив неколку пати тајно ги отстрануваше документите што беа изложени од нашата делегација, заради запознавање на делегатите од Европските замји, но беше фатен и укорен од претседателот на КЕБС. За оваа пишуваа и три Дански весници.

Кога се вратив од Копенхаген, разбрав дека во мојот роден град Петрич, претседателот на врховистичкото Бугарско културно

– просветно друштво “Тодор Александров”, Георги Маргаритов, на 25 Мај 1990 година, напишал писмо до претседателот на КЕБС, дека јас сум бил душевно болен, самоповикан лидер, и.т.н. Јас лично имав можност да прочитам дупликат од тоа писмо, кое потоа го ставивме во досието на нашата Организација.

А во весникот “Дијагол” кој излегува во Софија, еден од претставниците на марионетскиот “Сојуз на Македонските културно – просветни друштва” во Софија, Стојан Бојаџиев, напиша:

“Стојан Георгиев, пред да замине за Копенхаген, една недела се школуваше во Скопје, потоа со Југословенска виза патува во Данска. Тука господин Георгиев не можеше да одговори ниту на едно прашание. Само изјави дека два пати по четири години лежел затвор по Македонското прашање. Но ние имаме сигурни податоци дека тој лежел в затвор како криминалец. Во најскоро време ние ќе добиеме документи од Благоевградскиот суд со кој ќе и докажеме на широката јавност дека Георгиев е криминалец”.

Јас испратив одговор до истиот весник “Дијагол” во врска со написот на господин Стојан Бојаџиев, но за жал не го објавија зашто не е во интерес на господин Бојаџиев и Бугарија.

Во моето писмо јас напишав дека човек треба, пред се, да има совест и барем малку морал за да не пишува такви измислици, и да не се бламира пред опшеството.

Ако јас бев на местото на господин Бојаџиев, сигурно ќе се скриев на дното од земјата за некој да не може да ме види! Камо можам да пишувам за некој човек несто кое не сум го ни видел ниту сонувал?! Па јас бев во Копенхаген од 10-17 Јуни 1990 година, а господинот ако во општо бил таму веројатно бил после моето заминување од Копенхаген за Бугарија. Ниту сме се сретнале, ниту сме се виделе, ниту телефонски сме разговарале со него.

Мислам овој случај не заслужува внимание. Само, и тои покажува со какви средства се случи Бугарската власт за да може на некој начин да докаже раководителите на ОМО “Илинден” се луѓе без морал, дека се криминалци и др. Над 100 пати се објавени написи во Бугарските весници против нашата Организација, а ниту еден наш одговор не објавија.

Еднаш појдовме на средба за разговор со сегашниот претседател на Бугарија, Жељу Желев, но него го немаше.

Појдовме 5 членови од Координациониот совет на ОМО “Илинден” и бевме примени од Георги Аврамов, секретарот на Жељу Желев. Тој ни вета дека во весникот “Демократија” орган на опозицијата, ќе ја објават мојта статија “Над Пририн облаците се згуснуваат”. Но ниту мојата статија ја објавија во весникот “Демократија”, ниту многуте писма што ги испративме до Народното собрание на НР Бугарија.

“Над Пририн облаците се згуснуваат По повод митингот во Скопје одржан на 20 Февруари 1990 година, многу раководни лица на партии, а и на владата на НР Бугарија, изјавија дека во Бугарија нема партија со Македонска платформа, нема ниту еден човек кој би претендирал дека е Македониц. По повод предавањето петицијата од членовите на ВМРО “Илинден” независна, на Народното собрание на НР Бугарија, во весникот “Работническо дело” беше објавена критичка статија со наслов “Триесет сепаратисти пред НДК”, во која учесниците во предавањето на петицијата се обвинуваат како родопредавници.

Во статијата “Параван за поинформираните и наивните” објавена во весникот “Дума” од 21.04.1990 година, потпишана од проф. Д-р Добрин Мичев, од доцентот Стојан Германов и од постариот научен соработник Антон Прванов, пишува:

“Што претставува ново измислената организација “Илинден”?

Какви се нејзините цели? Кои се нејзините активности и приврзаници?” А во статијата “Антибугарска провокација против името и делот на Јане Сандански”, објавена во истиот весник од 23 Април, меѓу другото пишува “Слугите на Македонизмот го претворија народниот собир во свој предизборен митинг”. Текстот завршуваше со зборовите “Што се однесува со непосредните организатори на забранетиот антибугарски митинг, против нив треба да се примени законот со целата негова строгост”.

На истата строгост повикуваат и од екранот на Бугарската телевизија.

Ние, организаторите на чествувањето 75 – годишнината од трагичното загинување на Јане Сандански, ги оценуваме опишаните невредливи напади како непостојни за плуралистичка и правна држава за каква претендира дека е НР Бугарија после 10 Ноември 1990 година. Ги оценуваме како белег на тоталитаризмот!

“Другите” го повикуваат “Обвинителството да си ја изврши улогата”. Не заплашуваат. Се чуствува дека облаците над Пирин се згуснуваат како пред бура.

Не ние јасно само, со што ви вреќа нашето поклонување пред подвигот на Јане Сандански?

Ние сме демократска организација и сакаме со мирни средства да ни се признаат нашите права како Македонци. Не претендираме за отцепување на Пиринска Македонија од НР Бугарија. Како што им ги признаа правата на Турците и Помаците, така треба да ги признаат и нашите.

Македонците се “понекадарни” и од Циганите. На циганите им го одобрија Демократскиот сојуз “Рома”, а нам на Македонците, не ни се допушта регистрирањето на нашата организација. Не боли кога тука во Бугарија не нарекуваат Бугари, во Грција – Грци, а сме еден народ.

Ние, организаторите не сме “слуги” на Македонизмот! Дали Гоце Делчев, Јане Сандански, Никола Карев, Ѓорче Петров и илијадице други познати и непознати борци , паднати во борбата за ослободување на Македонија беа слуги?

Не! Во никој случај не!

Тие се бореа за слободата на Македонскиот народ и му служеа верно, но никогаш и никому не биле слуги! Ниту на Бугарската пропаганда, ниту на Грчката, ниту за Српската!

Водеа борба на живот и смрт, како со вековниот поробувач, така и со агентите на туѓите пропаганди.

Така е и со нас! Ние не сме “слуги на Македонизмот”, а му служиме верно на Македонскиот народ. Ако за вас не постои Македонскиот народ, тоа си е ваша работа. За нас, Македонскиот народ е жив и живее во трите дела на Македонија, а и надвор од неа. Ние сме негови синови. Сквернавење било, ние, следбениците на Јане Сандански да правиме “збориште” на неговиот гроб!?

А што е тоа што го направија на неговиот гроб следбениците на тие што го убија пред 75 години? Не е ли тоа сквернавање?

Или, други професори, доценти, научни соработници, дали вие се разликувате од нив?

Нели соработниците на вашите кумири Иван Гарванов, Борис Сарафов, Тодор Александров, генералот Цончев, го убија Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Таската Серски и стотици други достојни синови на Македонскиот народ!

Најпосле, зошто толку ви го нарушува спокојството дејноста на тие “триесетина сепаратисти”? Или, се сомневате дека се само триесетина?

На учесниците во чествувањето на 21 Април 1990 година, организаторите од БСП им обезбедија бесплатен превоз од Софија, Благоевград, Сандански, Петрич до Роженскиот манастир. Но, и покрај тоа се собраа само околу 1000 луѓе.

А за нашите членови и истомисленици беше забранет секаков превоз. Во град Петрич, недела пред денот на нашето чествување на 22 Април 1990 година, 90 луѓе беа платени во автостаницата по 3,50 лева за превод до Роженскиот манастир, но по наредба на претседателот на градот, автобуси за прославата не им дадоа.

Многу граѓани останаа разочарани од необмислената постапка на градското раководство. Тоа ги изреволтира нашите истомисленици и тие од своја страна, од 8-11 часот на 22 Април 1990 година, не допуштија ниту да излезе ниту да влеза автобус во автостаницата.

Зашто требаше да се дразнат луѓето?

Но, и покрај забраните, на собирот пресуствуваа над 10 илијади граѓани, кои бурно им аплауадираа на ораторите на митингот. Координациониот совет на Обедината Македонска Организација “Илинден” жали што еден од ораторите излезе надвор од границата на допуштеното, што предизвика протести на Бугарската јавност.

Координациониот совет го искажува своето неспокојство заради неоснованите напади врз нас организаторите на митингот во средствата за јавно информирање.

За нас, улогата на Македонскиот народ во Балканот може да биде само обединувачка. Ние не сакаме допрва да поставуваме граници кај с. Бараково како што не сакаме да има граници и кај с.

Златорено. Веруваме дека во новиот Европски дом кој претстој да се изградува, сите народи, народности и малцинства ќе ги добијат своите права. Кон тоа се стремиме и за тоа се бориме толку години.” Пишуваат дека сме сепаратистичка организација, а зошто не ги напечатат во некој весник Уставот и Програмата на ОМО “Илинден”? Сигурно дека се плашат народот да не разбере што сакаме и за што се бориме.

Зашто не пуштија преку Бугарската телевизија да гледа народот Бугарски и Македонски, што се случуваше на Роженскиот манастир на 22 Април 1990 година? Сето тоа беше снимено на видео касета од Бугарската и Македонската телевизија. А Бугарите ги имаат снимките од соборот направени од две телевизии.

Многу прашања од страна но ОМО “Илинден”, а ниту еден одговор, ниту од официјалната Бугарска власт, ниту од некоја партија во Бугарија. А велат дека таму има демократија.

А јас велам: Алал да ви е таквата демократија!

Еден од документите предаден на сите делегации и учесници на КЕБС во Копенхаген на 11 Април 1990 година.

ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА НА МАКЕДОНЦИТЕ Денеска на прагот на XXI – век, кога се сруши Берлинскиот ѕид, кога свето чекори кон основната цивилизациска порака за мир меѓу народите, кога Европа го наоѓаа одговорот за човечките права, на Балканот повторно се закануваат страшилиштата на војната.

Со децении на Балканот нема мир само заради што не се признаваат националните и човечките права на Македонците. И ве уверуваме дека не ќе има мир на Балканот, се додека не се признаат правата на Македонците! Ова е наше длабоко уверување, и ако Бугарската, Грчката и Српската политика не ја сфатат оваа алтернатива, Македонија како и досега, за вечни времиња ќе остане јаболко на раздорот, арена на крвави драми за сите Балкански народи.

Грците тврдат “Македонците се Грци”, “Нема Македонска нација”. Србите изјавуваат: “Македонците се Срби”, “Нема Македонци”. А Бугарите по илијада пати повторуваа: “Македонија е западно Бугарско царство”. Носат знамиња со напис “Мизија, Тракија, Македонија”. Тој апсурден копнеж за “Излез на трите мориња – Црното, Белото и Јадранското море”, донесе толку многу жртви на сите Балкански народи, а најмногу на Македонскиот народ.

Драги господа, И денес, 6 месеци по паѓањето на Тодор Живков, во Бугарија по настапувањето на демократските промени и повеќепартиски систем како и признавањето на правата на Турците, Помаците и Циганите... официјалната власт и новосоздадените партии го негираат постоењето на Македонското малцинство. Велат: “Во Бугарија нема Македонци”, “Населението ва СР Македонија е Бугарско”.

Денеска во оваа Европа, во Бугарија ако некој рече дека е Македонец автоматски се забележува во “списокот на неподобните” и ќе биде гонет до деветото колено.

Ние, Македонците од Обединетата Македонска Организација “Илинден” – изјавуваме:

- Вратете ни ги одземените права што беа утврдени со Бледските спогодби – договори од 1.08.1947 година кога Пиринкиот дел на Македонија доби културна автономија – а Македоците - национални права. Тогаш во училиштата се учеше Македонски јазик, се учеше Македонската историја и др.

Почитувани господа, Денеска во Европа на Балканот, Македонија е разделена на три дела. Нејзината судбина е најтрагична во Европа. Нема понесреќен народ во Европа од Македонскиот народ.

Со векови овој Македонски народ се борел за својте права. Но Апетитите на околните држави секогаш беа пречка за остварувањето правата на Македонците.

И покрај крајно репресивната политика што се децении се спроведува во Бугарија, ние Македонците од Пиринскиот дел на Македонија, откако во 1948 година ни беа одземени основните национални права, започнавме долгогодишната борба за правата на Македонците и покрај тоа што бевме сурово прогонувани од Бугарската власт. А се за ради тоа што чуствувавме како Македонци, што е природно и законито човечко право. Само за ради оваа наша чуство илјадици од нас минаа низ затворите и логорите во Социјалистичка Бугарија.

Ве прашуваме господо, Дали е злочин ако човек се чувстува како Македонец?

Денеска за ова чувство во Бугарија и Грција човек се прогонува и прогнува.

Дојдовме овде, пред овој висок форум, со убедување дека останатите десет години до прагот на XXI – век ќе бидат години со надеж за сите народи на Европа па и за Македонскиот народ.

Уверени сме дека и Балканските народи ќе го следат пато на Европа за признавањето на правата на сите народи како и на Македонскиот народ, бидејќи “Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права” – како што вели чл. 1 од декларацијата за човечки права.

Нашите Македонски великани пред многу години рекоа дека народите на Балканот, Србите, Грците, Циганите, Турците, Бугарите, Албанците и сите други треба да живеат како браќа, а светот да биде само поле за културен натпревар меѓу народите (Г.

Делчев и Ј. Сандански).

Со право очекуваме дека Европа не ќе остане рамнодушна спрема нашите барања да се дигне гласот за правата на Македонците, меѓу другото и поради тоа што судбината на Македонците и Македонија беше своевремено кроена токму од Европа.

Јас, како претседател на Обединетата Македонска Организација “Илинден”, од името на сите нејзини членови и симпатизери и од свое име, ги молам почитуваните претставници на невладините делагации како и почитуваниот претседател на КЕБС, да покажат разбирање и преземат соодветни дејства за решавање на овој наш животен проблем.

Се надевам, господине претседателе, дека ова наше барање, изнесено пред Вас, нема да остане осамен глас во пустињата!

ИМПРЕСИИ Разговор со сестра ми Елена за Македонија Една вечер, враќјаќи се од село Долно Спанчево, каде што често одиме на гости кај еден мој многу добар пријател, Атанас Гадженов – Танџуро, јас и жена ми решивме да свртиме кај сестра ми Ленка која живее во Петрич, два километри далеку од нас. Кога сестра ми не виде како слегуваме од колата тргна кон нас со зборовите:

- Како по порачка ми доаѓате. Утре мислев да дојдам кај вас.

Видов дека е силно загрижена, дека нешто ја мачи.

- Каков е тој страв, сестро? – ја прашав вознемирен јас. – Што се случило кажувај?

- Ах, бре, Стојана, целиот град зборува дека пак си почнал со твоите Македонски работи!...

- Мила сестро, ако сакаш да знаеш, јас никогаш не сум престанал за работам за Македонја! Разликата е во тоа што покрај демократијата што се одвива во Бугарија, ние веќе јавно настапивме на политичката сцена на Македонија. Ние не криеме, а отворено изјавивме што сме и за што се бориме.

- Кажи, брате, што ти недостига? Кола ли немаш, куќа ли немаш, жена ли немаш, деца ли немаш? И внуци имаш веќе!

- Гледај што сестро. Не ти личи да зборува така. Ти си жена во пензиона возраст, а кажи ми, зашто одиш уште да работиш во отровниот воздух на “Оранжерите”? Пари ли немаш или што друго ти недостига?

- Имам се, брате, но таму ми е подобро. Ако седам дома, внуците, да се живи и здрави, ќе ме полудат.

- Ете, го најде своето оправдување. А слушни го сега моето. И јас имам се, и куќа, и кола, и жена, и деца, па и внуци, да се живи и здрави, но ми недостига – Македонија!

- Кој може да ти ја земе Македонија од срцето? – запраша сестра ми.

- Никој, но штом слободно не можеш да речеш “Јас сум Македонец”! каква Македонија можам да имам?

- Е, добро де – не се предаваше милата ми сестра Елена – мајке е болна, па барем заради неа треба да запреш.

- Мила сестро, и мајка, и нашиот татко Бог да го прости, и нашите деца, и нашите внуци, сите не сме природна појава, земни луѓе, денеска не има – утре не нема. А Македонија е една од векови за векови.

- Значи, повеќе ја сакаш Македонија од нашата мајка?

- Да, сестро, Македонија над се! За неа, за мајка Македонија, заслужува човек да живее, да страда и умре!

Кога виде дека со мене неможе да излезе на крај, сестра ми се сврти кон жена ми:

- А ти, Маре, колку многу се намачи кога Стојан беше в затвор, зошто не му зборуваш да се откаже од Македонија?

- Гледај што, дадо Ленче, тој не се откажа кога децата беа сосема мали, а сега никогаш нема да се откаже. Јас не му пречам.

Што сака не ка прави.

- Браво! Вие и двајцата сте полуделе! – рече очајно сестра ми.

- Мила сестро, нели знаеш дека секој си има писание и тоа што е пишано на главата, ќе си го поминеш! Ајде да позборуваме за нешто друго. Ти бате Наце, коко ги минуваш твоите пензиски денови? – го прашав зет ми кој до тогаш не зеде никакво учество во разговорот.

- Добро сум, благодарам – рече тој. – Но, мислам дека сестра ти има право. Зашто само едни, исти да одите по затворите?

- Зашто секој си го чува залакот и никој не мисли за народот. А знаеш како е распрчен тој народ и колку многу жртви дал за својата слобода?

- И татко беше комита, има многу фотографии со комитска облека, Но, времињата сега се други.

- Можеби имаш право, но нели и ние учествуваме во тие времиња? Дали ние треба пасвно да гледаме што се прави со нашиот несреќен Македонски народ? Не те остават една Македонска песна да запееш, еден Македонски весник да прочиташ, а во СР Македонија има се!

- Така е, но не гледаш ли што прави власта со такви како тебе?

- Да, го гледам тоа, ја гледам и запаната Македонска свест кај илијади како тебе. Ете тоа ме боли! Затоа и јас напишав статијата “Македонецу разбудисе!”.

НА “МАКФЕСТ - ШТИП 90” Имав прилика и среќа да бидам присутен на еден од позначајните музички настани за оваа година во СР Македонија – “Макфест – Штип 90”, кој се одржа на 11, 12 и 13 Октомври во градот Штип, во домот на културата. Тое беше моето прво престојување во тој самобитен Македонски град, во кој Гоце Делчев имал прилика да се запознае со Даме Груев и само тука да работи како учител.

Трбаше во Петок, на 11 Октомври, да заминам заедно со Илија Стојанов, директорот на приватната книжарница “Везилка” во Битола, еден од спонзорите на фестивалот, за да ја пречекаме мојата сопруга Марија на границата, но тој беше зафатен со други неодложни работи, поради што го одложивме патувањето за Сабота. Но, и во Саботата не можеше да дојде доволно слободно време, па беше така добар да испрати двајца од неговите работници со нивна кола да заминеме во Саботата, во 13 часот попладне за границата кај Златорево. Кога стигнавме таму, а веќе бев задоцнил 30 минути зашто колата не се расипа пред влезот пред градот Струмица и јас најдов друг превоз, жена ми веќе чекаше на Македонската царина, каде што се бевме предходо договориле за да се сретнеме.

Се извинив за тоа на мојата Марија и веднаш заминавме кон пријателите, кои веќе ја беа поправиле колата, и заедно тргнавме во градот Штип.

Десет минути пред започнувањето на музичката програма ние стигнавме пред Културниот дом. Пријателите имаа само две покани за фестивалот, но не беше тешко да се обезбедат и други две за мене и жена ми.

Од месец Февруари оваа година веќе осум пати сум доаѓал во СР Македонија, на многу значајни собири сум имал среќа да бидам присутен, но на музички фестивал, тоа беше мојата прва посета.

Бев восхитен уште кога влегов во салата, преполната со млад и убав народ. Сцената имаше таков природен декор, каков што до тој ден никаде и никогаш не бев видел во Бугарија.

Нашите браќа Македонци тука имаат големо искуство во организирањето на таквии фестивали. Реков имаат, зашто и “Фолкфест Баландово 90”, кој го гледав на видео – лента, исто така беше спроведен на многу високо ниво.

“Макфест – Штип 90” ми се допадна поради интернационалниот состав на исполнителите на песните, кои пееа исклучило на Македонски јазик, како и со содржината на мелодиите не самите песни, но и со искуството на исполнителите да го ангажираат вниманието на посетителите, за кое добиваа бурни аплаузи.

Врвно беше исполнувањето на песната “Ѕвонат, ѕвонат”, од талентираната пеачка Љупка Димитровска.

Содржината на таа песна е толку силна, толку чуствителна како да “ѕвони” за сите Македонци, распарчени по разните краишта на светот. Си мислев дека ѕвони за сите разделени Македонски семејства, на било каков начин.

Гледајќи дека во текот на исполувањето на песната, мојата Марија не може да си ги запре солзите, си помислив оти таа си ги претставува годините од 1973 до 1976 година, кога бевме разделени јас во затвор, а таа со две дробни дечиња, несреќна шета по старозагорскиот затвор и чека да ме ѕирне преку металните решетки. Си мислев плаче дека секој момент можат одново Бугарските власти да не разделат за Бог знае колку време!

А колку убаво таа прекрасна Љупка пееше: “Барем да се јавеше, барем надеш да ми дадаше, јас пак би плачела, јас пак би те долго чекала”... И во мојте очи навираа солзите, зашто и моето срце е преполнето со мака и јас чуствувам оти наскоро за долго пак ќе ме разделат од моето семејство.

Но, такваа е судбината на Македонците! Цел живот да бидат разделени и дробни солзи да ронат. Ах, мајко, мајко Македонијо!

Колку многу те сакам и како силно те љубам! Се заради тебе мајко страдам и за твојот несреќен, распарчен, Македонски народ!

Затоа мислам дека поопеана земја од мајка Македонија нема никаде на светот.

Вечерта кон 23 часот, на коктелот што се одржа во чест на победниците на “Макфест - Штип”, кај мене дојдоа две убави жени на возраст околу четириесет и три – четири години. Рекоа оти ме познаваат од телевизијата и дека сакаат лично да разговараат со мене. Ветнја во Недела на 14 Октомври на 10 часот утрото да дојдат во хотелот и да разговараме подолго.

Во договорениот час милата Љубица со нејзиниот сопруг Панче Настев беа доволно љубезни да дојдат кај нас. Потоа тој се извини дека има гости и остави да ни прави друштво Љубица, таа прекрасна Штипјанка. Чест му прави на Панче што има таква добра и хумана жена. И во други градови на Македонија сум разговарал со жени за нашето свето дело, но никаде не сум сретнал такво нешто. Верувам дека во Љубица се собрала сета добрина, сета жалост и сета хуманост од сите Македонци заедно.

Кога и раскажав за за мојот и за животот на жена ми, кога бев во затвор, таа жалната само плачеше, како да сакаше нешто да одземе од нашите тешкотии, нашите маки големи, нашата среќа.

Длабоко верувам дека Љубица достоинствено би ја разделила несреќата на мојата и на која било жена, ако тоа го побара мајка Македонија, недај Боже!

Ете, такви силни жени ни даваат смелост нам на Македонците од Пиринот, да се избориме докрај за нашите човечки и национални права!

Ги пишувам овие редови тука во Битола, само еден ден по среќно проживеаните два дена во градот Штип, а срцето ми бие лудо како да сака да ми искокне од градите. Интересно, од каде наоѓа толку сили тоа незапирливо до сега “перпетум мобиле” во мене, без да сум трчал, без да сум се замарал со физичко напрегнување, само при мислата за нешто свето, започнува да бие така лудо, така напорно, што морам да го притискам со двете раце да не искокне надвор? Зашто од неодамна започнав да живеам со мислата дека ќе умрам само од срце удар?

Сето ова го зборувам не од желбата да бидам интересен, туку тоа е самата вистина, полната вистина.

А инаку во општо не сакам да помислам за умирачка, зашто сметам на мајка Македонија сме и многу борчлии. Многу треба уште од себе да дадеме за таа клетница, за таа жална Македонија!