Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Macedonia Above All

Front Matter - Part 06

Од Стојан Георгиев Томовичин · Дел 6 од 8 · Околу 20 минути

Читај на English

Најважно е што по изрекувањето на пресудите од Окружниот суд во Благоевград, ние принудно бевме мавнати од политичкиот хоризонт на Пиринска Македонија. Душманите ликуваа, а нашите блиски плачеа. По завршувањето на процесот и средбата со нашите најблиски, ние бевме натоварени на еден манион – мајмунарник, и одведени во софискиот затвор.

Тука, во Седмото одделение бевме распределени во различни ќелии. Две недели потоа, оние со помали пресуди ги одведоа да работат во кујната на затворот, со исклучок на Сократ и мене. По извесно време мене ме отераат во Старозагорскиот окружен затвор. Пресудата ми беше под број 5/4.VI.1974 година, според НОХД по чл. 109, ал. 1 и чл. 108 и чл. 20 и 54 од НК, 4 години лишување од слободата со строг режим. Тоа значеше дека само еднаш на два месеци имам право да добивам писмо, пакет и 8 лева или една средба со моите блиски.

По втор пат стигнав во Старозагорска Бастилија, која освен високиот осумметровен ѕид беше заградена со уште четири реда бодликава жича од кои еден беше со криви колци слични на оние од државната граница. Престојував тука околу 2 месеца, без работа. После тоа ме преместиа да работам во дрводелскиот погон како бојаџија на мебел. Многу брзо навлегов во работата и само за три часа ја исполнував дневната норма. Останатото работно време го користев за читање книги и изучување Грчки јасик. Кога првиот пат лежев во Старозагорскиот затвор учев Француски и Турски јазик, а сега го посветив времето за Грчкиот, бидејќи знаев дека ќе ми биде од полза во мојот идна дејност, да го научам јазикот на душманот кој исто како Бугарите, одбива да го признае Македонскиот јазик, нација, народ.

Тука во затворот се запознав со двајца од моите идни пријатели и соборци во борбата за нашиот опстанок како Македонци во пределите на Пиринска Македонија – Кирил Панчев и Јордан Костандинов Иванов. Вториот беше осуден на три години затвор, а подоцна, во 1980 заради активна дејност по Македонското прашање, одново падна в затвор на уште две години.

Тешкотијата во Старозагорскиот затвор беше во тоа што се наоѓаше многу далеку од Петрич и кога требаше да дојде жена ми во посета со едното или со двете наши деца, се уништуваше од патување. Ми се чини дека додека бев во затворот потешко и беше на жена ми која работеше на смени во едно шивачко претпријатие:

ем требаше да се грижи за децата, ем да ми праќа пакети или да ми доаѓа во посета. Од првиот затвор, немам зачувано никакви документи, но од вториот сите писма кои и ги испраќав на жена ми таа успеала да ги зачува, за да си споменуваме од време на време за тие тешки години.

По извесно време, од како се беше операвила жена му, во старозагорскиот затвор беше доведен и Сократ Маркилов. Тој не работеше, но неколку пати на “карето” (место за дневна прошетка)

имавме можност да разговараме.

Уште при моето доаѓање овде, се запознав со две млади момчиња – Ангел и Станимир, родум од петричкото село Габрене, кое се наоѓа под врвот “Тумба” на планината Беласица, тамо каде што се пре-секуват државните граници на Бугарија, Грција и Југославија, граници кои го раскинуваат живото тело на мајка Македонија. Овие седумнаесеттгодишници беа избегале во Грција, но покасно Станимир се вратил сам во родното село, а Ангел се задржал во СФРЈ Југославија патувајќи илегално за западна Германија и вратен во Бугарија. Станимир бил осуден на 10 години лишување од слобода а Ангел на 12 години. За бегство јас никогаш не бев виден осуден на повеќе од 5 години лишување од слобода, но на овие млади момчиња им беа прикачиле и обвиниение “шпионажа”.

Станимир излежа 6 и половина година затвор, а Ангел 8 и половина бидејќи ниту еден од нив не доби никакво помилување, но на вистинските Македонци никој ништо не им даваше.

Во 1979 година, есента, во старозагорските затвори пристигна началникот на Државната безбедност од Петрич, капетан Инџов.

Бев повикан во кабинетот на началникот на политичкиот дел на затворот, мајорот Николов. Таму го затекнав и Инџов, кој се поздрави со мене и побара да разговараме во врска со завршениот пред шест месеци судски процес.

- Стојане, треба и да поразговараме и за другите учесници во вашата конспирација – рече Инџов.

- Сето е завршено, граѓанину Инџов – реков јас.

- Не, Стојане, има уште учесници во делото. Ние знаеме кои се тие, но сакаме за тоа да чуеме од тебе.

- Јас не познавам такви.

- Што ке кажеш за техничарката Ружа, граѓанка на СФРЈ. Само ти и уште еден сте имале врска со неа.

- Тоа е лага, граѓанину Инџов, туку веќе нема да успете. Нема да си допуштам да ме испровоцирате.

- Гледај што, Стојане, ние знаеме што си земал од неа и што сте зборувале. Сега чекаме да го чуеме од тебе. Освен тоа, ако бидеш искрен можеме веднаш да те ослободиме од затвор. Ти го гарантирам тоа.

- Благодарам за великодушноста граѓанину Инџов, но јас психички сум се подготвил да ги одлежам четирите години затвор.

- Не брзај толку со одговорот Стојане. Оди си сега во келијата, размисли добро за мојот предлог. Утре сабајле одново ќе разговараме – рече тој, после што бев изведен од кабинетот на мајорот Николов.

Си отидов и долго размислував за случајот. Не размислував за неговиот предлог да бидам слободен предвреме од затворот.

Размислував за тоа кој можел да ја предаде таа информација во Државната безбедност и тоа шест месеци откако бевме осудени.

На времето, уште пред да не уапсат, јас невистина се среќавав со Ружа, мојата колежка. Доста често разговаравме за Македонија, но ниту и бев предлаган да влезе во организацијата ниту пак некаква врска имаше тоа со нашата конспиративна дејност. За моите разговори со неа знаеше само Сократ. Но, ако тој им беше кажал нешто за неа, уште за време на истрагата ќе се разјаснеше случајот. А, тогаш ниту, збор не стана за Ружа. Значи дека некој друг информирал за тоа. Но, кои можеше да биде? Ете, тоа ме измачуваше цела ноќ.

Следното утро пак бев одведен во собата на мајорот Николов.

Пак разговараме со капетанот Инџов, но ништо не му казав. Исто така не можев да разберам од каде ја добија таа информација за моите раговори со Ружа. Поважно беше што не се полакомив на предлогот, предвремено да бидам пуштен на слобода по цена на престап, за сметка на туѓата несреќа да го градам мојот успех. Не сакав слобода добиена заради затворање на други луѓе.

И втората пресуда ја одлежав стоечки, без цимолење, без апатија. Работев и читав и времено не ми достигаше дури шах да играм. Никогаш не сум се жалел, никогаш не сум мислел за дома, независно за што дома остана жена ми со двете дробни дечиња кои имаа потреба од нафта за преку зимата, од моја закрила и од што уште не. Но, и да се јадосував, како можев да и помогнам од затворот? Им помогнав само со триесетте лева што и ги праќав на жена ми секој месец, бидејќи веке работев и добивав месечно по 20 процентно од заработеното или средно на 40 лева.

Преку писма и средби одржував врска со моето семејство додека помина и тој четиригодишен затвор. Во раната пролет 1976 година веќе бев слободен. Интерсно беше што после секое мое излегување од затворот мене ми предлагаа да соработувам со Државната безбедност. Овој пат полковникот Атанас Мазнаков ми предложи, но јас категорично го одбив.

- Јас на деветнаесет години не станав шпион, то сега ли?

А тој ми реч:

- Тоа не е спионирање, туку патриотизам!

- И овој пат ќе поминете без мојот патриотизам – му договорив.

- Е, добро, ако сега некој дојде и ти каже дека има Македонска организација, ќе дојдеш ли да ни соопштиш за тоа?

- Не! – реков. – Никогаш нема да го сторам тоа!

- Ти пак ќе влезеш в затвор! – Рече Мазнаков.

- Тоа зависи само од мене!

При тие зборови станав и си отидов дома. Разговорот го водевме во присуство на Коста Кирков, мој соученик во гимназијата, сега мајор во Државната безбедност во Петрич.

Два и половина месеци после моето излегување од затворот за мене немаше работа по мојата специјалност. Најпосле, двајца мои пријатели, Дончо и Живко Таков, го замолија Георги Захов директор на “Нестандардна опрема” – Петрич, да ме прими на работа како механичар. Се јавив и на испит по специјалноста и положив за петти работен разред. Работев тука четири месеци додека еден пријател не ме извести дека во претпријатието “Јавор” во Петрич има потреба од градежен техничар, бидејќи нивниот отишол војник. Јас се согласив по чл. 64, по враќање на нивниот техничар, две години да работам во тоа претпријатие.

Тука под моето раководство изградивме еден монтажен склад, еден ист таков монолитен и една 200 м. долга и 24 м. широка хала, основниот дел од идниот затвор.

Кога се врати нивниот техничар објектот веќе беше за покривање. Јас останав пак без работа на мојата струка и 8 месеци работев како општ работник.

Четири месеци потоа почнав да работам како монтажник во “Домострителен комбинат” - Благоевград, кој ги правеше панелните блокови во квартот “Полијаните” близу до фабриката “Билијана”. Наскоро еден од колегите го напушти објектот и јас стапив на работа како технички раководител во тоа претпријатие.

Тука го поминав мојот најголем работен стаж – 5 години. Најпосле работев како инвеститорски контролор на училиштето за општествено исхранување во Петрич.

Пред да дојдам на конференцијата за човековата димензија во Копенхаген, Данска, со директорот на училиштето Ангел Јанкулски, кој е роден во селото на мојот прадедо Дели Георги, односите не беа одлични. Постојано ме канеше на кафе, мило му беше да разговора со мене. Но кога се вратив од Копенхаген, првата му беше да ми го изкаже незадоволството од мене како раководител. Ми рече:

- Или работата ќе си ја гледаш или да си ја гледаш Македонија!

Јас веднаш напишав молба за отпуштање од работата зашто Македонија за мене е на се! Така, од први Август 1990 година јас работам само за Македонија.

ДО КОПЕНХАГЕН И НАЗАД Пленумот на Бугарската комунистичка партија што се одржа на 10 Ноември 1989 година, го најави почетокот на бурни промени на политичката сцена во Бугарија. Кога – тогаш требаше да се стави крај на самоволието на раководниот деспот Тодор Живков.

Требаше да се стави крај и на експериментите со разните видови социјализам – развиен, напреден, зрел, реален и коков ли уште не, што се редеа во текот на цели 35 години, период достаточен да ја доведе Бугарија до сегашниот апсурд – дванаесет милиарди надворешен долг на Запад, празни продавници, тотална корупција во сите области од животот и воведување купонски систем на снабдување и тоа во мирно време! Ете тие се “заслугите” на Тодор Живков и на илјадите негови соработници. А неговите чекори преземени во однос на демографските промени исто така забележија “врвни достигнувања”. Беше решил да го надмине и Хитлер во настојувањето да создаде “чиста” Бугарска нација.

Најпрво ги прекрсти Македонците во Бугари, потоа Циганите ги направи Бугари, но некоја година им ги смени имињата на Помаците и тоа по цела на жртви и долгогодишни затоври, и најпосле ги преименува етничките Турци како “исламизирани Бугари”. Сето тоа доведе до сломот на живковиот режим.

На Никола Делев, активен комунист од Петрич и сопруг на мојата прва братучеда, во врска со тоа му реков:

- Кољо, ете тука веќе Тодор Живков ќе се ја скрши главата!

- Зашто? – Праша зачуден човекот.

- Зашто Турците не се незаштитени Цигани, не се Помаци, не се Македонци. Зад грбот на Турците стои голема држава која нема да дозволи да се преват експерименти со нивните сонародници во Бугарија.

- Како сонародници? Тие не се Турци туку исламизирани Бугари – рече оштро тој.

- За какви исламизирани Бугари зборуваш? Тоа се чисти Турци. Толку години во учебниците по истријата на Бугарија секогаш пишуваше дека во Бугарија живеат Турци, Бугари, Цигани, Власи и др., а сега на еднаш сите исчезнаа, откако пред тоа почнаа да исчезнуваат Македонците при пребројувањето во 1956 година и 1965 година.

На човекот не му се допадна мојот разговор, особено кога ги спомнував Македонците. Па нели и тој беше од сојот на “активните” борци, зашто добиваше посебна пензија. Често зборувавме за менувањето на имињата на Турците. Најпосле, како што вели народот, “дојде Видов ден”, дојде 10 ноември 1989 година и Тодор Живков мораше да се мавне од политичката сцена на Бугарија. Се урна целиот мит на исламизирањето на Бугарија, за ради кое Кољо често го прашував:

- Каде исчезнаа твојте исламизирани Бугари?

А тој кутриот ништо не можеше да одговори. И што можеше да каже, кога заради таа глупава политика, Бугарија беше ставена во полна изолација од исламскиот свет. Десетти ноември ја раздвижи заспаната свест на Бугарската нација. Се создадоа десетици партии, движенија и организации. Се чувстуваше дека доаѓа нешто ново, дека доаѓа некаква демократија, но каква, што, и за кого, ќе покаже иднината..!

На фонот од настапувачките политички промени, и ние, Македонците решивме дека дошол и за нас долгоочекуваниот ден, дека ќе можеме слободно да кажеме оти сме Македонци, дека Бугарската владе ќе не признае како Македонци, ќе ни дозволи да си имаме своја организација. Во Софија Ѓиорѓи Солунски ја формира ВМРО (независна) “Илинден”, а во Пиринска Македонија создадовме неколку организации:

1. Комитет за заштита правата на Македонците во Пиринска Македонија;

2. Културно - просветно друштво “Јане Сандански” во с.

Микрево;

3. Комитет на репресираните по Македонското прашање.

Јас и мојот стар пријател Јордан Костандинов од гр.

Сандански, се заинтересиравме да дознаеме каков човек е Георги Солунски. Затоа, еден ден во месец Февруари, заминавме за Софија. Се сретнавме со него и отидовме во неговиот дом. Тој живееше во поткровјето во мала соба, со два дрвени кревета, сосема бедно. Но, имаше телефон! Низ собата беа расфрлени доста книги се со Македонска содржина. Го имаше и Македонското знаме со лавчето. Цел ден разговаравме со него и кога најпосле со Јордан тргнавме за Пиринска Македонија, ние бевме убедени дека е тој добар Македонец и дека не е врховист.

Средбата со Георги Солунски беше во сабота. Предходниот ден јас отидов во Културно – просветното друштво “Гоце Делчев” кое се наоѓа веднаш до киното “Македонија”. Таму видов еден старец како на витрината лепи соопштение за собрание. Го замолив човекот да ми каже какви луѓе се членовите на нивното друштво, а тој ми рече:

- Ние сме Бугари од Македонија. А каков си ти?

- Јас сум Македонец!

- А од каде си?

- Од Петрич, од Пиринска Македонија, - реков јас.

- А каков човек е овој Георги Солунски?

- Остави го. – рече човекот. – Тој е за автономна Македонија!

Му се заблагодарив на старчето и тргнав кон станот на мојата помала ќерка што живееше во Софија, до стадионот “Герена” задоволен од зборовите на стариот врховист за Георги Солунски.

Од станот на ќерка ме, кон 21 часот, јас закажан средба со Солунски за наредниот ден.

Неколку пати, по тоа, имав можност да разговарам со Георги Солунски за нашите организациони проблеми. Негова иницијатива беше поднесувањето на Петицијата до Народното собране на НР Бугарија за признавање на правата на Македонското малчиство во Бугарија.

Вечера кога во вестите преку Бугарската телевизија соопштија дека ВМРО (независна) “Илинден” ќе достави петиција до Народното собрание, јас воодушевен и цела ноќ размислував околу тоа што би можело да се случи утрото во центарот на Софија.

Кога утрото кај 10 часот, пристигнав пред Народниот дворец на културата, таму затекнав многу наши приврзаници. Но блиску до нас се собраа и приврзеници на врховизмот, со намера да го попречат предавањето на Петицијата. Втховистите беа испишале доста пароли со антимакедонска содржина и ако не беше неутралната Бугарска милиција, веројатно уште таму ќе се избиевме со нив. За тоа сведочи телевизиската снимка на РТ Скопје.

Кон 11 часот тргнавме кон Народното собрание. Цело време не следеа свирежи и викотници од врховистите, но ние мирно и достоинствено стигнавме пред Бугарскиот парламент, скандирајќи го светиот за сите нас, збор, “Македонија”!, кој за мнозина од нас беше смислата и содржината на нашиот живот.

Наредните денови, благодарение на телевизиската снимка од ТВ Скопје, целиот Македонски народ од трите дела на Македонија и целиот свет имаа можност да се запознаат со овој историски чин.

На 14 Април 1990 година во Сабота, околу 8 часот утрото, во град Сандански се собравме раководителите на веќе споменатите организации кој делуваа во Пиринскиот дел на Македонија, да ја координираме нашата натамошна заедничка борба. Многу размислувавме какво име да и дадеме на новата заедничка организација што тогаш ја формиравме. После многуте дискусии се определивме за авторитетното име – Обединета Македонска Организација (ОМО) “Илинден”. Доста дискутиравме и околу Уставот на нашата организација. Најпосле ги донесовме Уставот и програмат на ОМО “Илинден”.

УСТАВ На Обединетата Македонска организација “Илинден” во Пиринскиот дел на Македонија.

Член 1 ОМО “Илинден” има за цел да ги обедини сите Македонци, граѓани на НР Бугарија на културна основа.

Член 2 Согласно член 19. од Хелсиншката декларација за правата на човекот и чл. 52 од Уставот на НР Бугарија, ОМО “Илинден” ќе настојува да се признаат правата на Македонското малчинство во Бугарија.

Член 3 ОМО “Илинден” ќе се формира на територијален принцип:

а) ОМО “Илинден” ќе формира во секое село свои секции;

б) Секоја сеција ќе се раководи од месно раководно тело;

в) Целокупната дејност на ОМО “Илинден” ќе се раководи од Координационен одбор со седиште во град Благоевград.

Член 4 Член на организацијата може де биде секој, без разлика на полот, јазикот, религијата, партиска припадност и социална положба, којшто не е компромитиран со нечесно и неморално дело пред општеството.

Член 5 Примањето на членовите се врши со поднесување пристапница до месната секција.

Член 6 Членот на Организацијата што ќе го прекрши Уставот, се исклучува од неа.

Член 7 ОМО “Илинден” е доброволна организација. Секој член може да ја напушти по сопствена желба.

Член 8 ОМО “Илинден” не се бори за нарушување територијалната целост на НР Бугарија.

Член 9 Организацијата нема да се служи со насилни, брутални, нехумани и незаконски дејства заради постигнување на своите цели.

Член 10 ОМО “Илинден” е против секаков вид сепаратизам, национализам, шовинизам, асимилација и геноцид.

Член 11 ОМО “Илинден” ќе го поддржува правото за самоопределување на секој човек, независно од неговата етничка и религиозна припадност.

Член 12 Членовите на ОМО “Илинден” се должи да си помагаат како браќа.

Член 13 Организацијата ќе ги помага морално и материјално, попаднатите во беда (репресирани, неправилно отстранети од работа) нејзини членови.

Член 14 ОМО “Илинден” ќе биде претставувана пред надворешниот свет од раководното тело: претседателот, секретарот и говорникот.

Член 15 Координациониот совет се состои од 11 членови, меѓу кои:

претседател, потпретседател, секретар, главен координатор и говорник.

Член 16 Координациониот совет се избира со јавно гласање, за период од една година.

Член 17 ОМО “Илинден” ќе одржува свој конгрес секоја година на 2 Август – Илинден, денот кога во 1903 година е дигнато востанието во Македонија.

Член 18 Највисок раководен орган на целата дејност на ОМО “Илинден” е Конгресот, пред кого Координациониот совет дава отчет за својата работа. Конгресот избира Координационен совет и го определува местото на секој негов член.

Член 19 ОМО “Илинден” ќе се финансира од членарината, доброволните прилози и др. видови средства, согласно законите на НР Бугарија.

Член 20 ОМО “Илинден” ќе има своја отворена банковна сметка во НР Бугарија.

ПРОГРАМА На Обединетата Македонска организација “Илинден”.

1. Папуларизирање на Македонската историја и култура пред светската јавност и пред нас.

2. Заштита на Македонското историско минато, култура и традиции преку пропаганда, просветна и научна дејност.

3. Обезбедување слободна трибина за искажување алтернативни мислења во врска со општествено – политичкиот развиток на Македонија.

4. ОМО “Илинден” ќе одржува тесни врски со организираните Македонци што живеат во туѓина.

5. ОМО “Илинден” ќе соработува со сите организации, здруженија, сојузи, партии, државни институции, влади и др.

готови на рамноправен диалог.

6. Официално прославување на настани и личности.

7. Реализирање на самостојна пропаганда и печатна дејност и слободен пристап до сите средства за масовно информирање.

8. ОМО “Илинден” ќе одржува врска со сите културни институции и ќе кани предавачи, за запознавање со историското минато на Македонскиот народ.

9. ОМО “Илинден” ќе има свој амблем и печат.

10. ОМО “Илинден” ќе работи за излегување на државата од економската, духовната, еколошката и социјалната криза.

11. ОМО “Илинден” ќе одржува врски со сите религиозни секти во државата и странство.

Ете, тоа се Уставот и Програмата на Обединета Македонска Организација “Илинден”. Нема никаков повик за нарушување на територијалната целост на НР Бугарија, и зашто тогаш, не нарекуваат сепаратисти, родопредавници, слуги на Македонизмот, скопски емисари, платени агенти на Белград и др.?!

Набрзо по основањето на ОМО “Илинден” го одржавме нај крупниот настан за 1990 година, имено, чествувањето на 75 годишнината од трагичното загинување на Јане Сандански, кого народот заслужено го нарече “Пирински цар”, а Турскиот Султан

“Сандан Паша”.

Ослободителното движење на Македонија не познава подолгогодишен заштитник на автономноста на ВМРО од Јане Сандански. Цели осумнаесет години, овој вистински син на Мајка Македонија, не го предаде оружјето, не престана да се бори за автономна Македонија и против туѓите пропаганди во неа – против Бугарската, Српската и Грчката. Тоа не им се допаѓаше на Балканските влади, но најмногу на Бугарскиот двор.

Неколку пати беа правени обиди да биде убиен овој голем Македонец, и во Солун и во Софија – се од платени убијци на софискиот двор.

Најпосле, на 22 Април 1915 година, душманите на Македонија ликуваа. Во густите шуми на Пирин Планина, сам сред шумата закрилница, по тешка и нерамна борба во заседата со многубројните платеници, падна смртно ранет Јането, чедото на с.

Влахи и Пирин Планина. Целиот Македонски народ од Пирин, во знак на синовската љубов и длабока почит му приреди величествен погреб на Поженскиот манастир, до црквата која самиот ја беше подигнал.

Исто, во знак на неизмерна почит и длабоко уважение кон делото на бесмртниот син на мајка Македонија, ние членовите и симпатизерите на Обединетата Македонска Организација “Илинден”, го подготвивме и одржавме ова толку величенствено чествување.

Многу препреки забрани требаше да совладаме, по цела на големи физички и психички напрегнувања, за да покажеме пред целиот свет дека Јане Сандански има следбеници во Пиринскиот дел на Македонија, дека Македонската нација и Македонскиот народ постои во Бугарија.

Официјалната Бугарска власт го забрани чествувањеито организирано за 22 Април од страна на ОМО “Илинден”, но им одобри на врховистите да организираат слична прослава еден ден пред тоа, на 21 Април! За нив беа обезбедени бесплатни автобуси од Петрич, Гоце Делчев и Софија, се со единствена цел да направат масовна прослава. Но, од целата акција ништо не излезе, и покај тоа што беа викале пеачи, разни музички состави, беше доведен дури и невкокопскиот владика Пимен и др. Наспроти сето тоа не успеаја да доведат ниту илијада луѓе.

Дојдоа да му се поклонат потомците на оние кои пред 75 години ѕверски го убија тоа најмило чедо на Пирин Планина.

Каква иронија на судбината – дојдоа да пролеат крокодилски солзи душманите на Македонскиот народ! Но, Македонски народ има во Пиринскиот, жив е и знае кому да му ја подари својата доверба!

Ете зашто на 22 Април 1990 година, и покрај тоа што ги забранија од порано платените автобуси од Петрич, Сандански, Благоевград, Микрево, Кресна, и.т.н., на Поженскиот манастир се собра десетилјаден признателен Македонски народ.

Каков само ентусијазам имаше кај учесниците!

Тие кои најдоа лесни коли дојдоа и видоа каква организација е ОМО “Илинден”. Со сопствени уши слушнаа што сака и за што се бори нашата вонпартијна Обединета Македонска Организација

“Илинден”!

По цела на големи ризици средства, нашите храбри момчиња од Благоевград и Сандански беа направиле прекрасна трибуна на која се восхитуваа и илијадиците приврзаници од ОМО “Илинден”. Но, пред да почне самата прослава, кога се бевме веќе собрале на бината неколку членови од Координациониот совет на ОМО “Ичинден” и разговаравме околу дневниот ред, кај нас дојде обвинителот на град Сандански и праша:

- Кој од вас е Стојан Георгиев?

- Јас – реков без колебање – а вие кој сте и што сакате?