Greek Occupied Macedonia (1913-1989)
Б) СТАВОТ НА СРПГ СПРЕМА ГРЧКИТЕ НЕРЕШЕНИ НАЦИОНАЛНО-ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРАШАЊА НА
Б) СТАВОТ НА СРПГ СПРЕМА ГРЧКИТЕ НЕРЕШЕНИ НАЦИОНАЛНО-ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРАШАЊА НА ДОДЕКАНЕЗИТЕ И КИПАР
По првата светска војна, како што видовме, дел од грчката историска и етнографска територија не влегувала во составот на грчката држава. Додеканезите и Кипар биле уште под странска контрола и мнозинството од населението што живеело во Додеканезите и Кипар било од грчко потекло и традиционално живеело на грчка етнографска територија. Ius solis (правото на историска територија), како и ius civitas (правото на населението) плендираше овие територии да се обединат со грчката држава. Правото на турското малцинство кое живеело на Додеканезите и Кипар и претставувало 14,35% од целокупното население и живеело во рамките на туѓа етнографска и историска територија, барало од страна на мнозинството почитување на малцинските права (јазик, култура, традиции, обичаи) и можност слободно национално да се развива во рамките на грчкото мнозинство. (Ова право на турското малцинство во Кипар никогаш не било искрено почитувано од страна на грчката буржоазија и затоа турското население секогаш со голема недоверба го гледало барањето на грчкото мнозинство за обединување со Грција.)
В) СТАВОТ НА СРПГ ВО ОДНОС ГРЧКОТО МАЛЦИНСКО ПРАШАЊЕ ВО ЈУЖНА АЛБАНИЈА
Постоењето на едно грчко малцинство во јужна Албанија, т.н. Северен Епир, не можело да не го привлече вниманието на СРПГ. Грчкото население во јужна Албанија живеело на традиционално албанска етнографска територија и претставувало само 17% од целокупното население што живеело во овој јужен албански регион. (Треба да се забележи фактот дека дел од грчкото малцинство што живеело во јужна Албанија било од влашко потекло.) Оваа албанска етнографска реалност ја признавала и Елефтерос Венизелос, симбол на грчкиот национализам и експанзионизам. “Еден добар дел од грчкото население” што живеело во јужна Албанија, изјавувал Е. Венизелос во текот на Париската мировна конференција во 1919 година, “го има албанскиот јазик како мајчин јазик и по се изгледа дека е од албанско потекло”. (E. Venizelos, La Grece devant le congres de la Paix, Paris, 1918.)
Ius solis (правото на албанска историска територија), како и ius civitas (правото на албанското христијанско и муслиманско население што преставуваше 83% од целокупното население што живееше во јужна Албанија), пледирало јужна Албанија да биде неразделен дел од новоформираната албанска држава. Правото на грчкото население, како малцинско население, барало почитување на националните, јазичните и културните традиции во рамките на мнозинството. Сепак, СРПГ, врз основа на правото на грчкото малцинство што претставувало само 17% од целокупното население и живеело традиционално во туѓа историско-етнографска територија, барало за ова малцинство право на самоопределување и обединување со Грција.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/egeiskiot-del-na-makedonija/19 на 29 октомври 2026