Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A Century of Silence (1913-2013)

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ - РЕЧЕНО ВО ГРЧКАТА - Part 03

Од Стојан Кочов · Дел 8 од 24 · Околу 20 минути

Читај на English

Во почетокот на месец маj 1943 година Темпо воспоставил контакт со грчките комунисти, во еден обид да jа воспостави доминациjата на КПJ во Егеjска македониjа, што тлеел поради репресивните мерки на Метаксовата диктатура пред воjната, бил распален со тоа што италjанските окупатори организирале специjална македонска жандармериjа (се мисли на Костурските Комити) што вршела напади против Грците. Костурските Комити добиле одврзани раце и бидеjќи нивното влиjание било опасно за плановите на КПJ за Македониjа во рамките на Jугославиjа, Темпо сугерирал дека би било добро да им се дозволи на Титовите агенти (Македонците во редовите на ЕЛАС и на КПГ) да ги организираат и водат Македонците во Грциjа. Грците одбиле. Но, Темпо сепак jа навел Врховната команда на грчката народно-ослободителна воjска (ЕЛАС) да дозволи грчките Македонците да се организираат во Словенски народноослободителен фрон (СНОФ). Иаку командата на ЕЛАС веднаш се согласила да ги здружи воените акции со акциите на Jугословенските партизани,таа, се разбира, не била воодушевена со формирањето одделни единици составени од грчки Словени, поради тоа што тоj потег се чинело како да ги наjвува усилбите на Jугословените да создадат голема Македониjа. Прашањето за можноста Грциjа да jа загуби Егеjска Македониjа била главната црна точка на грчките комунисти. Согласноста со еден таков предлог, без оглед колку тоj да е камуфлиран со планови за некоj вид балканска комунистичка федерациjа, наjостро би jа довела во прашање нивната масовна подршка.

Во своето писмо до ЦК КПJ од 8 август - Темпо го пренел и инсистирањето на грчките комунисти да се зачува дискрециjа во однос на ова прашање: “Грчката партиjа го има следниот став во однос на прашањето за Македониjа. Македониjа т. е.

македонското малцинство во Грциjа ќе добие слобода и ќе биде обезбедено од секакво национално угнетување. Тие не му признаваат никакво право на самоопределување на овоj народ.” Несфатливо е нашето братоjадство (поттикнато од Сjантос и Темпо), дури и до ден-денес, како сме могле и самите (учесниците во редовите на ЕЛАС) да учествуваме во уништувањето на една компактна целина организирана од 64 костурски села, со повеќе од 9,800 вооружени македонски комити кои застанаа храбро и достоинствено против грцизмот и не сакаа да jа прифатат елинизациjата и да се откажат од националниот идентитет. Наместо да го валоризираме како национален отпор, во нашата историjа го оцрнавме преку сите можни идеолошки етикетирања. Но, што е за чудо, во новиот поход, пак масовно ги ангажираме (од сите тие што останаа живи или нивните синови), но сега како добри синови на партиjата...

Поjавата на комитите е невероjатен миг на македонската стварност, на место да имаме почит и достоинство спрема сопствениот народ, ние поново влегуваме во политички игри со тие, кои наjмногу го носеа гревот за уништување на костурските комити.

Ако земеме предвид, дека во светот, нема нациjа коjа срушила нешто што било создадено (автоктоно) од сопствениот народ, тогаш ние Македонците сме први. Токму за гревот на македонските костурски комити.

Но, треба да знаеме, дека комитите се тие кои jа доживееа наjстрашната дискриминациjа од грчката држава што jа спроведуваше спрема Македонците, дури и пред да се родат, а од родната (сопствена) историjа се заборавени, па дури и непромислено анатемисани. Поделбите на “...фили” или “...мани”, кои во повеќето случаи вештачки се одржуваат (потикнувани од туѓинците) страмно и понижувачки зборуваа за нашиот народ.

* * * Побарав извинување и му велам:

Одамна копнеев и чувствував потреба да се вратам на корените во моjот роден Костур и видув дека тука, жестоко е удрено по човекот. По Мекедонецот. А тоа е сторено токму во годините:

1940 - 1949 и од тогаш сè избришано, сèто наше што беше свето е погазено. И што можете да ми кажете?

Крсто Карпов, не дочека да се искажам ми вели:

Jас, сето тоа го паметам како да се случи денес: како Македонците (ние ги велевме - нашчите), кои беа во редовите на ЕЛАС им пукаа на комитите во грб. Каква изопаченост?

Нели!? Како може да се прикрива македонската историjа, злосторствата направени над сопствениот народ, над борците кои беа за обединета Македониjа, а од тугинците беа анатемисани како автономисти и сепаратисти.

Во овоj наш Костурски краj, коj сè повеќе Македонецот страдаше од синдромот на подвоена личност.

Примерите од воjните што се случуваа во Костур и Костурско за мене отвараат многу прашања за нашите животи, и сите патила сè овде. Всушност, никоj нее виновен - велат Еласитите Македонци и тие се бореле за Македониjа.

Но, неможам да се смирам: сиот гнев и повреденост кои со години се собирале конечно излегува на површина дека во родниот Костур сме како тугинци во своjата земjа... и при секое наше враќање ДОМА.

Многу индикативно е прашањето: зошто генералниот секретар на КПГ Сjантос, не преговара со Македонците комунисти (Во Вардарска Македониjа или во Егеjска Македониjа) што беа во ЕЛАС, туку бара да преговара со висок преставник на КПJ - Jугославиjа?

Дали македонските комунисти на тоа реагираа?

Не! Тие веќе беа влезени во вештите комбинации на Темпо, коj и самиот се покажа: како чувар на границите на кралска Jугославиjа и ништо повеќе. Тоj беше за новото: македонско движење со проjугословенска историска тенденциjа. Грците, сега, му веруваа на Темпо оти од КПJ сè беше потврдено со елиминирањето односно отстранувањето на генералниот секретар на КПМ Методи Шаторов - Шарло и повеќе не постоеше можност за остварување на идеите на Шарло за некакво духовно обединување на Македонците од целокупниот етнички состав на Македониjа.

Крапов, повторно крена раменици, ме погледна загрижено, од што уште повеќе се загрижив. Тоj повеќе неможеше да се воздржи, почна да раскажува во детали:

За нас Македонците (посебно од егеjскиот дел), по ова стана jасно дека било каква акциjа да превземеме за обединета Македониjа, ќе бевме дочекани на нож од КПГ И КПJ.

Значи, сега сè беше на политичко - партиско и државничко рамниште на Грциjа и Jугославиjа. Но, со иста цел беше сторено и со Албаниjа, кога на 20 jуни 1943 година во Главниот штаб на НОБ на Албаниjа беше потпишан протокол за тесна воено политичка соработка од претставниците на Jугославиjа (КПJ) Светозар Вукмановиќ - Темпо, Албаниjа (КПА) Енвер Хоџа и Грциjа (КПГ) Верверис.

А токму, за таквото ниво на разговори инсистираше владата на Папандреу во Каиро. Имаjќи предвид дека тоа ниво го има прифатено и решено Jугославиjа со смената на Шарло и целокупното партиското раководство на КПМ и новата платформа. Владата на Папандреу од КПГ и ЕЛАС, бараше да не прифаќат никакви компромиси со Македонците: било да се од Егеjска Македониjа или од Вардарска Македониjа, оти би имало историски последици за грчката држава и неjзиниот сувренитет. Не знам, што уште требаше за да сфатат македонските комунисти од Македониjа под Грциjа дека тие веќе за КПГ и ЕЛАС не преставуваат политички субjект (туку лажен привремен) и дека беа само намамувани од Темпо.

Значи, ТРЕБА ДА СЕ ПОДВЛЕЧЕ: решението го договориjа (Убиство без пресуда) преставниците на КПГ и КПJ, пак во рамките на Букурешкиот договор; Jугославиjа - Грциjа.

Тоа за нас Македонците значеше: Бранеjќи jа комунистичката идеологиjа, го изгубивме за навек идентитетот и дедовите огништа. Нашата судбина е наша судбина и моравме да jа земеме во сопствени раце, оти сурово е кога луѓето не сакаат сами да господарат со своjата судбина, тогаш како што вели нашиот народ судбината загосподарува со нив.

Така и се случи: со првото братоjадство.

Втората мамка (по договорот: Сjантос КПГ - Темпо КПJ)

Мудрото раководство на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, на 1 септември 1943 година во месноста на Бериќ-костурско, го формира македонскиот партизански одред “Лазо Трповски” во составот на ЕЛАС, а за командант беше назначен Наум Пеjов.

Му реков:

- Има ли нешто понедостоjно од тоа кога расположењето на моќниот (кумниот) зависи од туѓото нечовештво?

Тоj ми рече:

- Паскале, ти знаеш дури и животните стануваат питоми спрема оноj коj ги храни, а камо ли човекот. Во таквиот случаj мудриот (итрецот) не се лути на оние кои грешат.

Таквата мамка уште во првите денови имаше успех. Комитите и сите Македонци кои не одеа да служат во редовите на ЕЛАС, сега се лепеа како муви на медот.

Уште во текот на пролетта 1944 година, Грците станаа вознемирени од пропагандата за независна Македониjа и посебно поради партиската насоченост во новите одреди и во организациjата СНОФ.

За шест месеци од своето постоење организациjата СНОФ во Костурско успеа да ги придобие Комитите и се омасови во своите редови со повеќе од 4,770 членови, што значи Македонците поверуваа дека: “СНОФ е единствената народноослободителна организациjа што ќе ги исполни националните и социjалните барања на македонскиот народ под Грциjа”, така пишувало во: “Словномакедонски Глас” броj. 3 април 1944 година. Се пропагира: “СНОФ е новата ВМРО на Македонците, што ќе го доведе до краj делото на Илинден...” Од таквата вест наjмногу се вознемириjа колонистите од Анадолиjа - викани Маџири, предводени од капетаниос Маркос коj им порача на еласовците:

“За да ги уништиме комитите, не е доволно да ги уништиме нивните живеалишта: мораме да ги уништиме сите оние кои зедоа пушки и нивните семеjства кои ги подржуваат да мислат на создавањето на обединета Македониjа.” Сега, и како никогаш досега, треба ние сите што доjдовме во овие нови предели и устроивме нов живот со помош на власта, ќе треба да им зададиме моќен удар, за да разберат дека ние колонистите не jа даваме оваа грчка Македониjа во некаква “Обединета Македониjа.” Но имаше и такви кои повикуваа на немилосрдна борба:

“Другари! Токму тоа е наша должност: или тие ќе ги снема или ние треба да се вратиме во Анадолиjа. Ние, повеќе од jасно е дека не сакаме да се бориме за некаква обединета Македониjа и да им служиме на Славомакедонците; да им бидеме робови.

Ве повикувам! Опиjанете се, луѓе, бидете весели, натрескаjте се, напиjте се добро! Бидете среќни и задоволни што можеме да jа сочуваме Македониjа да остане грчка, оти овоа е она што вреди: не чекаjте до утре, раjот за нас е овде!... Таквиот став е и на власта што не донесе од Анадолиjа, во овоj раj и ни ги додели наjбогатите поседи што им биле од земени на турските аги.” Џони Стефов, само неколку денови што беше доjден од Канада, рече:

- Ве слушам и размислувам: Ние Македонците; колку сме мали, толку сме тажни, толку сме несреќни, зависни и љубоморни. Ќе почнеме ли, еднаш да се обединиме и да се помагаме едни со други, да се охрабруваме. Доколку не престанеме со нашето братоубиство (комити со комунисти) по препорака на туѓинците, да си ставаме сопки, нема да не има. Сега сфатив дека големите и малите се разликуваат по своjата големина како луѓе, а не поданички славољубци.

Луѓе, срдешница ме фаќа и ми иди да залудам и да ме слушне секоj на БАЛКАНОТ!

На 18 jуни 1943 година формиран е заеднички штаб, со кои се признаваа силите на отпорот како соjузничка воjска (на чело Еди Маерс).

Следниот ден весниците jавиjа дека разговорите течеле помеѓу ЕЛАС и ЕДЕС и Британскиот генералштаб за Средниот Исток, и дека во август 1943 година во Каиро допатува делегациjа на КПГ и ЕАМ со цел да преговара со грчката владата во бегство и со претставниците на граѓанските партии за постигнувание политичко единство и за формирање на заеднички штаб коj бил фомиран на 18 jуни 1943 година, со кои се признаваа силите на отпорот како соjузничка воjска (на чело Еди Маерс) и народноослободителното движење во Грциjа му се потчинува на англискиот генералштаб за Средниот Исток. Но со иста цел на 5(16). 07. 1943 година во Либан беше потпишан договор за воена соработка.

Решението на КПГ за расформирањето на македонската организациjа СНОФ (коjа си jа изврши функциjата, со придобивање на Комитите во своите редови, не само што се покажа како наjгруба манипулациjа, туку и совршено политичко и физичко ликвидирање на Македонците и елиминирање од светската политичка сцена во Грциjа-практично се оствари, тоа што го бараше грчката влада во бегство), сега за грчкото раководство на отпорот (КПГ, ЕАМ и ЕЛАС) претставуваше непотребна организациjа СНОФ, бидеjќи пред грчката реакциjа за да се постигне по секоjа цена “национално единство” со грчките буржуаски партии и со власта во бегство, со коишто КПГ на 20 маj 1944 година го потпиша познатиот капитулнски договор со коj се запечатуваше судбината на Македонците.

Го прашав Крапов:

-Дали е вистина дека организациjата СНОФ е формирана под притисок на jугословенската комунистичка партиjа од Темпо?

Ми одговори и потврдно рече:

- Да. КПГ даде согласност со цел да ги стави под контрола сите Македонци кои не сакаа да стапат во редовите на ЕЛАС и ЕАМ.

На 26 септември 1944 година во италиjанскиот град Казерта беше потпишан уште еден договор меѓу КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и грчката влада во бегство на чело со Георгиос Папандреу и Британскиот штаб за Среден Исток. Со овоj договор беше постигната согласност грчките герилски сили да влезат под команда на грчката влада во бегство. Меѓутоа, своето право грчката влада во бегство му го пренесе на англискиот генерал Скоби. Се разбира и овоj договор претставува уште една отстапка на грчкото раководство на отпорот во корист на грчката влада во бегство.

Последиците од овоj договор наjмногу ги почувствуваа Македонците под Грциjа против кои грчката десница и реакциjа спроведе нечуен терор со цел целосно да ги протера од границите на грчката држава и тоа важеше како за снофитите (поранешни Еласити) така и за Комитите.

Сосема сличен беше и ставот на англискиот амбасадор во Атина.

Господинот П. Л. Липер уште во ноември 1944 година се носеше со идеjата за раселување на Македонците под Грциjа.

Меѓутоа и самиот заклучи дека во тоj момент тоа беше невозможно. Таа идеjа сепак беше реализирана во текот на Граѓанската воjна (1946-1949) кога беа протерани околу 50,000 Македонци, и околу 28,000 деца, одземени од Кралицата и од ДАГ, кои мораа да заминат во земjите на народната демократиjа: Романиjа, Унгариjа, Чехословакиjа, Полска, Jугославиjа и СССР.

* * * ПО ЛИКВИДАЦИJАТА НА КОМИТИТЕ, ВО ПОЧЕТОКОТ НА МАJ 1944 ГОДИНА, РЕШЕНИЕТО НА КПГ, СЕ ДОЛЖЕШЕ НА НЕИЗИНАТА ПОЛИТИКА ЗА СПОГОДУВАЊЕ СО ДЕСНИЦАТА, КАКО ШТО СЛЕДИ:

НА 16 JУЛИ 1943 ГОДИНА, КОМАНДАНТОТ НА ЕЛАС САРАФИС И ШЕФОТ НА АНГЛИСКАТА ВОЕНА МИСИJА, ПОЛКОВНИКОТ ЕДИ МАJЕРС, ПОТПИШАА ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИJА СО КОJА ЕЛАС СЕ ПРИЗНАВА КАКО СОJУЗНИЧКА АРМИJА И СЕ ПОТЧИНУВА НА КОМАНДАТА ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК. НА 12 ФЕВРУАРИ 1945 ГОДИНА ВО ВАРКИЗА, ОДМОРАЛИШТЕ БЛИЗУ ДО АТИНА БЕШЕ ПОТПИШАН ДОГОВОР МЕЃУ КПГ И ЕАМ ОД ЕДНА СТРАНА, А ОД ДРУГА - ВЛАДАТА НА ПЛАСТИРАС И БРИТАНСКИОТ ГЕНЕРАЛ СКОБИ. СО ТОJ ДОГОВОР ЕАМ И ЕЛАС, ПРАКТИЧНО, И JА ПРЕДАДОА ВЛАСТА НА ДЕСНИЦАТА. ТОА ЗНАЧЕШЕ ДЕКА ВО ГРЦИJА НЕМА ДА ИМА СОЦИJАЛИЗАМ.

Втората светска воjна заврши, но Македонците останаа под строг надглед и контрола на КП на Jугославиjа и КП на Грциjа надвор од своите огништа.

Беше претпладне, април 1944 година, на самиот ден Велигден.

Оттогаш целиот наш живот се сврти кон големата удолница, -раскажува историчарот Апостол Горанов:

Она што се случи на тоj голем христиjански празник, беше доаѓањето на првата и втората бригата од Титовите партизани од Вардарска Македониjа - Jугославиjа и одржа величествен митинг и говор на сред село во Бапчор. Титовата воjска коjа се состоеше од Македонци од Вардарска Македониjа, уште на Велики петок jа мина границата на Jугославиjа и jурнаа низ Воденските, Леринските и Костурските села со песни и пукотници. Селаните на Бапчор заедно со преставници од селата; Турjе, Трсjе, Лаген и Прекопана на тоj Велигден после големиот митинг ги испееjа сите песни што ги знаеjа од своите предци, убедени дека ќе им донесат надеж и оптимизам по поделата на Македониjа од 1913 година до овоj голем христиjански празник во 1944 година. Се случиjа некои настани кои во почетокот како да немаа врска еден со друг.

На тоj митинг говореше Ѓоре Велковски, претставник на титовите партизански единици од Jугославиjа.

Но, тоа го потврдува и Чакаларо и еден ден ми ми вели: Сакам да ги раскажам спомените оти цел живот оти се чувствувам растргнат меѓу вистината и политичката пропаганда коjа сурово, со моќта на идеологиjата, пред очи на сите ни jа распарчи реалноста.

После тоj настан за нас Македонците беше кобно и тоа не доведе до првото искоренување и оттогаш влезе во историjата како отворен судир помеѓу ЕЛАС и оние сега наречени “Титови агенти”. По говорот на Ѓоре Велковски, настана кобниот потег на неколкумина довчерашни Македонци Еласити, кои беа членови на КПГ и на ЕАМ и се бореа за остварување на минималната програма - значи за парциjално решавање на македонското прашање, без никаково автономно деjствување.

Оти, тоа прашање наполно беше исто и во соседните комунистички движења. Треба да се каже и тоа, дека овие комунисти му беа бескраjно предани на комунистичките движења на (Jугословенското, Грчкото и Бугарското).

Тие неколку еласити, посакаа наскоро да станат нови револуционери и решиjа (потикнати од Темпо) да го напуштат ЕЛАС и да се регрутираат во титовата армиjа. Тие се оправдуваа дека биле гневни на ЕЛАС, на нивниот однос спрема македонското прашање и зошто не даваат самоопределување на Македонците. Па сето тоа ме присети на Аристотел: “Гневот е потребен и ништо неможе да се освои без него оти е потребно тоj да jа исполни душата да ги запали срцата, но не треба да се употреби како водач, ама како воjник”.

Во еден момент кога говорникот рече:

Драги браќа Македонци! Ние знаеме дека вие не сакате да стапите во редовите на ЕЛАС затоа што се викаат андарти и тоа ве потсеќа на Илинден и по Илинден, кога андартите направиjа големо и незаборавно зло над Македонците. Тоа беше време кога дури и на детето во лулката му било страв да заплаче.

Ние Македонците во Титовата армиjа, ве покануваме да стапите во нашите редови и да се бориме за ослободување и обединување на Македониjа! Сакам да ве известам, драги селани дека од Трсjе Леринско, вчера поголем броj на селани доброволно се приклучиjа во нашите бербени единици и станаа Титови партизани.

Но се случи нешто неприjатно, кога Анести Пановски и jас како преведувачи од македонски на грчки, им го преведовме на воените раководители на ЕЛАС - овиот 1 баталjон на 28 пешадиски полк. Овоj говор не им се допаднал никому од воjсководците на ЕЛАС Политкомесарот на полкот Еласити, рече:

Што е многу е многу... Народноослободителното движење на Jугославиjа да ги повикува Славомакедонците граѓани на Грциjа во Титовата армиjа на Jугославиjа.

Тоа е опасно! Тоа е политиката на Светозар Вукмановиќ -Темпо, коj од 1943 година е испратен во Гриjа од Jугословенскиот маршал Тито.

Овие зборови на полит - комесарот ме ставиjа во размисла:

За Темпо знаев дека него го обвинуваа дека спроведува политика од принципот на македонската максималистичка историска тенденциjа. Но позади таа пропаганда, треба да се знае дека уште во 1941 година за нас Македонците беше прекината политичко - националната еманципациjа на Македонските комунисти, со ликвидирањето на Методиjа Шаторов - Шарло (коj посакуваше да формира единствена комунистичка партиjа за трите поделини дела и да се бори за обединувањето на Македониjа). Тоа и самата Jугословенска партиjа никогаш не го посакуваше... Во историjата е забележано дека духот на оваа антимакедонска политика на балканските простори не jа спроведуваа само грчките комунисти, туку и jугословенскиот емисар Темпо.

Си припомнувам:

Во тоj момент едно старче со потпалени нациоални емоции, истрча и го прегрна говорникот Ѓоре Велковски и му рече:

Само така ќе се обединиме и ќе бидеме како што сме биле пред стотици години. Никоj не треба насила да собира млади Македончиња да земат учество во ЕЛАС, ете сега е момент нека одат во македонската воjска...

Ѓоре Велковски му одговори:

“ Да, да, старче имаш право…” Во себеси си велам “...ете како наеднаш тркалото на судбината се свртува и чиниш, како да полудува”. Митингот заврши и стоевме на страна со членовите на главните штабови на двете воjски; ЕЛАС и Титовите партизани.

Во еден миг Наум Пеjов - Чакаларо, се доближи до членот на главниот штаб на Титовата воjска Киро Георгиевски - Деjан.

Тоj како да мораше да го направи тоа, токму сега, уште овоj миг, небаре си зборуваше сам на себе и дури здивот му запираше, се приближи до Деjан и го праша:

“Другар Деjан, дали овоj ваш изнесен став што го изложи другарот Ѓоре Велковски; за Македонците од Егеjскиот дел на Македониjа, да можат одма да стапуваат во редовите на НОВ и ПО на Jугославиjа, и дали тоа важи и за нас активните борци што сме со години во редовите на ЕЛАС?” Деjан му одговори:

“Ова важи првенствено за нови борци кои досега не сакаа да се борат во редовите на ЕЛАС, затоа што немаа поверение во грчкото движење на отпорот и не го одобруваа правилниот став по македонското национално прашање.” Конкретната наша цел е да се искористи антифашистичкото расположење каj овие наши луѓе од македонскиот народ и да се изврши широка мобилизациjа на нови доброволци борци. Но, доколку и вие припадниците од редовите на ЕАМ и ЕЛАС доброволно посакате да премините во нашите редови, ние ќе ве примиме и навреме ќе го информираме Темпо.

* * * Политкомесарот Грк на воените единици на ЕЛАС продолжи:

- Оние што им го вртат грбот на ЕЛАС, тие му го вртат грбот на своjот народ, честопати се обседнати со болна фантазиjа. Тие досега ги напаѓаа затоа што не сакаа да влезат во редовире на ЕЛАС и ги нарекуваа бугаромани. И токму тие, сега не сакаат да го бранат суверенитетот и интегритетот на Грциjа, туку одат да го бранат jугословенскиот суверенитет. Тоа е многу сериозно прашање. Но таквите треба да знаат дека секоj предавник има срамен краj, затоа, што ќе биде еден ден презрен и отфрлен и од оние на кои ќе им служи.

Се приближив до Чакаларо коj ме гледаше прашално, му реков:

- Дали си размислил добро? Ми се чини дека не снаjде несреќа и, неоспорно, веста за одење во титовата армиjа предизвикува тежок впечаток каj сите... Но во исто време сосем е природно, заедно со чувството на радост, да расте и чувството на тага: ги оставаме своите семеjства, своите домови и со што нашите предедовци го печалеле и го чувале. Ние се радуваме заради отворената вистина во тоа “братско” соопштение... Оноj што не се плаши да jа каже вистината, колку и да е горчлива таа, тоj е силен. Во таквите моменти лажат слабите.

Аjде, Науме, трезвено да обмислиме. Може да не се согласуваме, но навистина не те разбирам каде е нашата свесност. Ми се чини како да си во конфликт со себеси. Не разбирам како тие што сакаат да одат во Титовата армиjа можат повеќе да jа сакаат овоj дел на Македониjа од нас самите. Не разбирам како секоj може да се бори повеќе за афирмациjа на Македонците во Костурско, Леринско и Воденско од нас кои се бориме токму тука каде сме родени, а тоа е наше исконско право да го браниме татковинското и прадедово огниште. До вчера ние самите ги повикувавме комитите да доjадат со нас и тие ни поверуваа и доjдоа во нашите редови, а не забораваj дека сме направиле доста гревови спрема нив. Тоа наше братоjадство народот нема да го заборави.

Jас, сепак, мислам дека ние, Македонците, или немаме свест за тоа што значи одење во туѓа држава, или пак, напротив целосно се потпираме на надежда дека Тито ќе не ослободи. Со нас, на тоj план, како и на многу други планови, владее логиката “или -или”. Или сега верувавме дека комунистите не можат ама баш ништо да ни помогнат, или веруваме дека сега комунистите од Jугославиjа, тие се семоќни и дека нашата судбина треба да им jа повериме целосно во нивните раце. Само знам, дека умните луѓе, никогаш не се ставаат во таква безрезервна вариjанта.

Вие ќе станете луѓе кои се туѓи прислужници и нема да можете да се вратите? Се прашувам: да ли може некоj туѓ прислужник да биде господар на своjот народ, односно водач на своjот народ? Вие целосно ќе jа спроведувате политиката на КПJ - Jугославиjа. За жал, ние Македонците воредовите на КПГ не сторивме многу, да ги заштитиме комитите, да не ги навредуваме и омалоуважуваме како наши браќа оти тие беа луѓе кои не станаа никому прислужници. Тие не кренаа рака против Македонецот, туку ние кренавме рака исполнуваjќи ги наредбите и советите на еласитите и Темпо. И веруваj ми дека од тогаш живеам како прислужник со потиснат гнев.

Секоj од нас се прашува: зошто и од ошто страдаме? Страдаме од себеси. Така ние Македонците, тераjќи по линиjата

(разработениот систем за народот да се држи во страв) на приклонување, си делувавме погубно!

Но, не можеме да бидеме и светски (што значи - космополитски) и да биде ред и поредок (праведен). Зашто барем досега правдата секогаш се мерела со, метарот на посилниот.