A Century of Silence (1913-2013)
ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖАА ДЕКА ИДЕОЛОШКИОТ АКТИВИЗАМ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИJА (1
ИСТРАЖУВАЊАТА ПОКАЖАА ДЕКА ИДЕОЛОШКИОТ АКТИВИЗАМ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИJА (1940-
1949) НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЖРТВУВАВМЕ ЗА ТУЃИ ПОЛИТИЧКИ - НАША ИСТОРИСКА БЕСМИСЛЕНОСТ; СО НАША КРВ ДА СИ ИСПИШУВААТ ГОЛЕМИ ИСТОРИИ.
Истражувањата во овоj труд се:од сферата на литературата и историографиjата, и има за цел да дадат одговор на повеќе прашања:
Како и зошто беше активиран македонскиот синдром преку идеолошкиот активизам над Македонците под Грциjа по Втората светска воjна во Граѓанската воjна (1945-1949) година?
Со каква стратешка цел jа организиравме НОФ и коj всушност не натера на воена опциjа,дали тоа беше наша стратешка цел или на тугинците организирана преку идеолошкиот активизам (Оперативци на стратешки задачи) со поданичка свест кои по половина век не принудиjа да водиме конфортабилна политика спрема Грциjа?
Дали ние Македонците под Грциjа преку таквата стратешка опциjа бевме интелектуално и воено-политички способни да го сочуваме териториjалниот интегритет под Грциjа и компактноста на македонското население по Втората светска воjна кога меѓународните државни граници на Грциjа и Jуго-славиjа истовремено станаа и воени граници на двата табора?
Зошто jа отфрливме алтернативата со коjа не би била помала славата ако неприjателот го победевме со ненапуштање на вековниот стремеж за сочувување на сопствениот исконски македонски простор-нашето прадедово парче земjа?
* * * Се чини дека историjата не е толку бележење на изминатите настани колку цаталог на верувања што ги претпочитаат и што ги изложуваат оние луѓе што стекнале право на тоа. Како што забележал Џорц Орвел (13) во неговиот роман 1984, истоиjата секогаш jа пишуваат победниците и оноj што има контрола врз пишувањето на историските книги, има контрола врз минатото.
Неспорно е дека создавањето на Комитите е голем и храбар национален отпор за заштита од суровиот и нечовечки терор од грчката власт, со краjана цел да ги прогони македонците домородци од своите прадедови огништа. Токму тие прогонства, до ден - денес, не се опишани во целенина и со сите детаил.
Многу значаjни настани остануваат непознати и не забележани или се пренесени со сериозни недостатоци и грешки од раскажувачите и нивните сеќавања (спомнеи се избледени) од оние кои ги доживаеа. Има уште што треба да се напишата, многу неjаснотии што треба да се осветлат за да се сочува и да се пренесе на идните генерации како драгоцено ковчеџе за паметење на нациjата.
Приказната “Гробницата на братоjадците” е вистински случаj и jа носев повеќе од 65 години. Ако и сега не jа раскажев, ке требаше да jа чувам само (во) за себе.
Ние луѓето од овоj македонски простор, кои го преживеавме геноцидот (наjтешка казна без вина), носиме премногу лузни што ни ги направиjа окупаторите и извршителите на геноцидот.
Тие се од многу одамна, но траjат и до ден - денес.
Ние Македонците кога би ги вратиле сите Македонски деjци во македонската историjа, да не ги делиме македонските деjци на херои и антихерои, туку да сватиме конечно дека сите тие биле личности што деjствувале во одредено време. Историjата не е судбина. Треба да почне да се менува свеста на луѓето за да се има поголема толеранциjа. Ние Македонците, од Костурско, токму од 1940 година (внатрешно македонски Комити и надворешно, македонски комунисти и Еласити), а тоа трае сè до ден - денес останаа наjлуто поделени и го изгубивме Костур и своите домови.
Нивото на политиката каj Еласитте и Комунистите спрема македонците Комити достигна таква валканост што поданството доведе до големо ЗЛО!
Таквата валканост jа правеа политичарите КПГ и КПJ, кои се воспитувани во духот на политката на сила и свиткан ‘рбет, кои ѝ се повинуваа. Таа политика редовно ги избира полесните “решениjа, а наjлесно е секогаш да се препуштите на грижата” на некоj авторитетен и моќен центар, коj ќе управува преку директиви. Токму, тоа се случи со нас Македонците (посебно)
во Граѓанската воjна (1945 - 1949), исполнуваjќи ги директивите на КПГ, КПJ и КПМ.
Како резултат за нас Македонците од таквата подела и со не македонска стратегиjа го изгубиоме родното огниште за навек.
Комитите беа истребени, а на краj по Граѓанската воjна,борците
- Еласити и Комунисти, станаа поголеми борци за Jугославиjа и Комунизмот, отколку за Македониjа.
И така стана како што велеше дедо ми: По некогаш да научиш да знаеш да молчиш, времето ќе ти каже сè.
Видовме дека по еден век молчње, тугинците ни нанесоа толку болки и патила, што цел еден век не беше доволен да се заборават и зараснат.
По извршената студиjа се покажа дека од многу одамна Грците ни jа рабеле судбината, а ние Македонците, тоа не го разбиравме и подлегнувавме на сечиjа идеолошка тетоважа.
За Костурската земjа на херои и гробови, приказната за “Гробницата на братоjадците” ги открива таjните на длабоката драма за братоjдството и за уништување на македонското семе, е напишана со цел да не им оставиме на поколението гробови и неброjни жртви непознати за своите предци.
“Гробницата на братоjадците” е нов фактографски роман, напишан со цел да се соочам со минатото на нашите предци.
Оваа можеби е и потреба на возраста. Во животот постои посебен миг кога човек jа има таквата потребата да jа каже жестокоста на приказната за предците, а таа доста е криена сè до оваа длабоката старост, да си jа кажам вистина само од идеолошки недоразбирања. Записите за сведоштвата од минатото се аманет за иднината. Тоа што било да се памети, да не се заборави, да се стави на хартиjа за траjно да остане незаборавено. Тоа беше време, кога еден голем дел од македонската нациjата доживеа СМРТ.
Приказните се доживеани и вистински случаj, а се напишани на историски факти и потекнуват од многуброjни извори: мои лични доживувања, архивски и воени материjали, енциклопедиски одредници, напишани мои монографии, студии за костурското национално комитско движење и една од книгите: “Казна без вина” (Слово за братоjадците и патот на проколнатите).
Како што забележал Џорџ Орвел во неговиот роман 1984”, историjата секогаш jа пишуваат победниците и оноj што има контрола врз минатото.
Во Костур се вратив по 65 години за да jа раскажам приказната.
Оваа и уште многу други слики што ги доживеав токму во времето од 1940 - 1949 година. Сега по моjата посета на куќата во коjа сум роден. “Моjата ДОМА - Тугинец во своjата земjа”.
Дека, сега ниту урнатините не ми припаѓале. Стоjам пред урнатините и се така си намнисувам и ми текнува по нешто, од она што ми го зборуваше дедо- Илинденецот, на коj не му го знам ни гробот каде му е...
Приказната имав можност поново да jа слушнам од младиот воjводски комита со уништено семе. Истата е како што jа знаев;
емотивна, духовна, сериозна, разновидна за возбудливиот живот на Костурчани, кои изгубиле сè што наследно му припаѓа на човечкиот род.
Воjводата со уништено семе, ми разоткри причините за големата омраза што jа имаат Грците кон Костурските комити.А дедо ми велеше: Наjсреќен е оноj човек што ги направил срекни другите луѓе, а грчкиот окупатор се покажа дека од нас Македонците сакаше да направи несреќни и талкачи по светот:Македониjа- без Македонци.
Погледот и судот на Крапов, за клучните настани што го тресеа Костур и костурчани во 20- от век: како и зошто го изгубиjа родниот татков дом во период на врема од 1940 - 1949 година.
Ми jа разоткри сета жестокост на Грците и многу детали за судбината на своите приjатели и неприjатели.
Во текот на 20 век на просторот од Костур до Лерин среќаваме една хистерична сатанистичка група од; пиокрвци и сплеткари, таjни балкански служби, проповедачи - кои пред очи ти го крадат родот и татковото огниште и од земjопоседник на своjата родина, те прават ТАЛКАЧ - ОДРОДЕН СО СУДБИНА НАПИШАНА СО КАТРАН.
Ние Костурчани, со векови во турско го зборувавме нашиот македонски jазик, а од ка доjде гркот од уста на уста го пренесуваме на децата, ама го сочувавме и не го заборавивме, а вие сега клавате такви зворови, што ние Костурчани не ви ги разбираме:
На пример:Ти ми велиш (фала) - на место благодарам; (вреѓа)-на место навреда; (астал) - на место маса; (боље)- на место подобро; (даље)- на место понатаму; (дах)- на место здив;
(деси)- на место случи;(искочи)- на место излези; (живели)- на место наздравjе; (каиш)- на место ремен; (капут)- на место палто; (застава)- на место знаме; (клизаво)- на место лизгаво;
(машна)- на место вратоврска; (могуче)- наместо можно;
(марама)- на место шамиjа; (новена)- на место весник;
(озбилно)- на место сериозно; (примети)- на место забележи;
(палуша)- наместо русокоса; (пољубац)- на место бакнеж;
(свиѓа) - на место бендисува; (рат)- на место воjна;
Крапов, расмеан ми вели: Ете тоа тие, одордувание!.. Нашиот човек и сите ние смего погрешиле времето. Им верувавме на секоj идеолошки мокник, на место да останевме врзани крепко за своjата ЗЕМJА!!
Но, се виде дека несме можеле да се одбраниме од идеолоките моќници? КПJ/КПМ почна да прави воена депониjа од ег.
Македониjа (види; изjавите на jугословенскиот генерал Капиќич), а КПГ jа претвори ег. Македониjа во воен полигон, воена база лоцирана токму каде живееше мнозинството Македонското население, а тоа може да се види од напревениот пустош...
Слушаjќи со каква болна искреност овоj комита со уништеното семе ми раскажуваше за Костур и македонската земjа во коjа е роден и израснат, помислувам какви ли сè нераскажани приказни се криjат во Костур и окупираната Македониjа за нашето минато и македонската историjа?!
Човек, ќе помисли, зарем е можно и господ Бог да си поиграл со нив: во еден миг им jа подотвори вратата на среќата, за веднаш потоа со тресок да jа затвори и заклучи.
За краj сакам да кажам дека:
Жртите се навикнале со години да молчат и сенишно да живеат затоа сè уште беа живи многу мина од ониешто им ги уништиjа семеjствата.
Едновековното молчење (1913 - 2013) е книга коj jа остава егеjската судбина отворена, но не само за нас Македонците, туку на БАЛКАНОТ.
Ние од постарата генерациjа, кои го преживеавме: Масовното етничко чистење на Македониjа под Грциjа, имавме должност да го документираме и оставиме на генерациите…
Им благодарам на моите искрени соборци и собраќа од родниот Костур и Костурско кои минале низ пеколот и некои уште минуваат и како што вели Винстон Черчил (1874 - 1965 г. )
англискиот политичар:
Долколку поминувате низ пеколот, продолжете со одење.
Еден ден: нашето ќе биде наше.
* * * Ова нее краjот, следи вториот дел:
Синот на Кираца и Крсто Крапови, прекрстен во од Дончо во Андонис Псарас, се враќа во Костур да си ги бара корените и гробовите на своите родители.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/23 на 29 октомври 2026