Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A Century of Silence (1913-2013)

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ - РЕЧЕНО ВО ГРЧКАТА - Part 01

Од Стојан Кочов · Дел 6 од 24 · Околу 20 минути

Читај на English

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ - РЕЧЕНО ВО ГРЧКАТА ИСТОРИJА ОД САМИТЕ ЗАВОJУВАЧИ:

Со луѓе што се стремат кон други цели не можете да правите заеднички планови Конфучиj (кинески филозов).

Грчката стратегиjа била:

а) Македониjа, без Македонците б) Како второ од документот се гледа кога дошле Грците во Костур и во Егеjска Македониjа и, в) Зашто на Грците им била главна цел; нас Македонците до денденес не прогонуваат!

А1.

Αθήνα, 2 Μάη 1906. Φάκελος Κ 59 Β, ΓΑΚ Στην αναζήτηση ζωικού χώρου για το ελληνικό κράτος, αναγκαίο για την οικονοµική και εθνική επιβίωση του, πρωταρχικός στόχος της εξουσίας στην Αθήνα, αποτελούσε η γη της Μακεδονίας, όχι όµως και ο πληθυσµός της. Στην κατεύθυνση εκείνη, ο εκπρόσωπος του ελληνικού “Μακεδονικού Κοµιτέτου” της Αθήνας, το οποίο βρισκόταν πίσω από το “Μακεδονικό Αγώνα”, στην αντιπροσωπεία που κατέφθασε το 1905 στην Αθήνα από τη Μακεδονία και παραπονέθηκε για τη φριχτή συµπεριφορά των ελληνικών αντάρτικων σωµάτων στην περιοχή της Μπίτολα και Λέριν, τους απάντησε: “Εµείς δεν έχουµε ανάγκη τους Μακεδόνες, αλλά έχουµε ανάγκη τη Μακεδονία” (Καραβίτης, 1994:937).

Превод: С. Кочов:

Во побарувањето на животниот простор на грчката држава, нужен за економскиот и националниот опстанок, првостепена цел на власта во Атина, претсатвуваше земjата (просторот на Македониjа, но не и неjзиното население.

Во таа насока, преставникот на грчкото “Македонско Комитато” во Атина, кое се наоѓаше позади од преста-вништвото на “Македоникос агон”, во делегациjа коjа приостигна во 1905 година во Атина од македониjа и се пожали (на преставниците од Макед. Агон) за ужасниот и страшен однос на грчките андарти кои делуваа во реоните на Битола, Лерин, а тие им одговориjа: Ние (Грците) немаме потреба од (народ) Македонци, но имаме голема потреба “од земjата Македониjа”. (Каравитис, 1994, 937)

Моjа забелешка: Овие беа првите смртоносни мисли уптени кон нас Македонците. До сега во светот не се памти од никои окупатор да упатил таква закана кон еден народ што насилно го покорува!

А2. Истражувањето е подолго, поради тоа што ѝ се дава големо значење, на таа борба во грчката историjа како се вели:

Градот Костур е прв од регионите во коj се запали ослободувачката борба за освоjување на Македониjа (1904 -1908). Првапочетната активност против Бугарите (На нелои, тоа им беше вообичаено да не викаат спрема црквата) се организира токму тука под првоводството на Павло Мелас.

Во некрологот се вели:

Загина хероjски на 18 октомри 1904 с. Статица Костурско.

Последните зборови му биле: БУГАРИН ДА НЕ ОСТАНЕ НИ ЕДЕН ЖИВ.

Белешка: за разлика од Каравитас, коj вели: Нас Македонците не ни требват, нас ни треба Македониjа.

А3. ДИКТАТУРАТА НА МЕТАКСАС: НАJСУРОВ НАПАД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ JАЗИК Диктаториjата на Метакса во основа беше насочена за “решавање” на внатрешните проблеми и обземена со пронаоѓање и користење наjжестоки акции и начини со цел да го асимилира Македонскот население во државата. Диктатурата се реализираше жестоко над Македонското население во окупираниот дел на Македониjа, каде наjголемиот броj на Македонци се преселуваше од селата кои се наоѓаа близу до границата, и тоа присилно, да живее во внатрешноста на Грциjа. Со посебна наредба на власта и со забрана на македонскиот jазик. Истотака следеа и апсениjа и големи казни над населението. Единствена “Вина” им беше дека “треба” да бидат Грци.

А по ова, режимот во Грциjа, особено жестоко се пресметува со Македонците и откако помина зимата, настапи летото, на 25 jули 1929 година, познат како закон за исклучителен престап наречен “Идионимон” изгласен од истиот Парламент за време на владата на Е. Венизелос, коj се залагаше “За мерки на безбедност на општествениот поредок и заштита на граѓанските слободи.” На Македонците му се нуди “декларациjа за покаjување”, а тоj не знае зашто да се покае. Каков е тоj нечовечки престап што го сторил, не знае… Што хартиjа е потрошена… но и многу Македонци беа затворани и интернирани, кои jа застапуваа паролта “Обединета и независна Македониjа”.

Костурско лето: 4 август 1936 година Генералот Метаксас на 4 август 1936 година доjде на власт во Грциjа и рече дека Грциjа ќе jа направи т. н “Трета грчка цивилизациjа”. Ги забрани сите политички партии и организации и секакви политички активности во целата држава.

Го распушти парламентот и донесе закон: “Специjални мерки спрема комунизмот” и Македонците беа ставени меѓу “опасните” комунисти.

Со фашистичкиот режим, во 1937 година, беше организиран нов логор за комунистите во Акронфплиjа, покраj градот Нафплион. Тоа била некоjа стара касаба од средниот век изградена врз една огромна карпа покраj самото море каj Нафплиот во Пелопонес, нарекуваjќи jа “Стратопедон сингендросеос комунистон, Нафплион-Акронафплиjа”.

Костурска зима, декември 1940 година, Крапов вели: Брат ми Наум , како да мие денен денес пред очи.

Нека му е лесна земjата загина како Комита. Тоj подробно ми раслажуваше: о едно тмуро утро во 1938 година Италиjа jа окупира Албаниjа и на Грциjа ѝ се закануваше со воjна. Грчката власт, есента 1939 година почна да врши масовни мобилизации и да стационира воени единици кон границата спрема окупираната Албаниjа. Токму тогаш се оформи и ИЏ дивизиjа, коjа беше пополнета со костуржан ии леринчани. Кога стигнавме под врвот на планината Мали-Мади и Врба есенското пладне и осветленото небо над нас помодре.

Сега покраj воjската со паролата Слатко и чесно е да се умре за татковината Елада! Под команда на неколку офицери, алосани од турски куршуми во воjната во мала Азиjа, се повикуваше и месното население од Костурско, во името на Кралот, да се вклучат во изградба на патишта и утврдување, и разни фортификации. Тие беа постари луѓе што ги тераа да учат вечерно училиште.

Еден ден, командантот на бригата Никос Пападопулос, се искачи на џипот и одржа говор од коj се зачудиjа сите: Вие, Македонците, сте големи патриоти и треба храбро да се борите против неприjателот за да го заштитиме вашиот имот. Метаксас (4) неправилно постапил што ви го забранил маjчиниот jазик, -рече и остана скомросан со неговиот леден, суров и сериозен поглед.

По него зеде збор на првиот баталjон, Буликас, возбуден и напнат рече: Jас во воjната Грциjа и Туциjа во Мала Азиjа во 1921 година воjував исклучиво на првата линиjа само со Македонци. Тие храбро и хероjски се бореа и ги положиjа животите за татковината Елада и кралот на Елада. Тоа се бара денес храбро да се бориме против италjанскиот окупатор, рече Буликас. Потоа силно извика: Напред Македонци! Напред браќа! Ура! Викаше Буликас. Таква била судбината со Македонците под Грциjа: илjадници жртви остана на боишта во грчко-турската воjна, во грчко-италjанската воjна, на сувите острови во Грциjа и накраj направиjа масовни гробници во Граѓанската воjна. Тогаш во таа воjна не нарекуваа браќа соборци и не признаваа како храбри Македонци. Но, што да се каже сега по едновековно наше молчење!?

Македонските - маjките, татковците, браќата и сестрите кои ги изгубиjа наjмилите и се наоѓат надвор од своите корени боледуваат и велат:

“Ноќе понекогаш се слушаат гласови.Тие се нашите синови кои ги оставиjа коските по фронтовите. Тие сега викат: од фронтот во Мала - Азиjа, од фронтовите од Елбасан до Корча на планината Тепелени, од фронтот на Грамос и Вичо, затоа што биле закапани без миро и животите што ги давале не биле за Македониjа, туку за оние кои и ден - денс посакуват што повеќе да го наметнат своjот интерес, да не негираат и да ни го оспоруваат природното право на земjата, името, нациjата и jазикот и од родните огништа да не прогонуваат. На Грците не им е доволно пленот што го добиjа (1913г), туку не сакаат да ги признаат и масовните крволочни дела што ги сториjа над Македонците под Грциjа. Ги распарчиjа семеjствата и ги протераа низ светот, им го зедоа имотот и не им дават да се вратат на татковите огништа затоа што не биле грци по род. Им ги разурнаа живеалиштата, им ги смениjа топонимите и сопствените имиња, сите тие зафати не гледа Европа дека грчката држава извршила геноцид!?” Крапов застана цврсто на своите нозе и извика: Европо! Пред Ужасот нема молчење!!

* * * Крапов Продолжи: Во февруари 1940 година со повлекувањето на победената грчка армиjа, повеќе илjади Македонци не им било дозволено да се вратат дома, туку беа испратени во логорите Акронафплиjа.

Живото си тече како што сакаше Гркот. Плачот на македонските маjки по своите чеда; за мртвите и живите интернирани по затворите, низ Македониjа ечеше. Илjадници сирачиња, питаа за корка леб. Во црквите се редеа псалмите, а поповите спасот го гледаа во Господ. “Денес е 15 август 1940 година, се слави Успение на пресвета Богородица”- Голема Богородица. Да се помолиме сите за спасот наш. Вечно да живее во ангелска чистота и девственост.

На 6 април 1941 година, броjни германски воени сили jа започнале операциjата против Jугославиjа и Грциjа. На 8 април некои германски механизирани единици пристигнале во Солун.

На 9 април, грчките единици капитулирале, а на 21 април германските единици jа зазеле и Атина. А грчката власт никаде jа немаше, високите офицери ги имаа фрлено еполетите и ги искинаа списковите од воjниците со кои командуваа. Сега скришум шетаа пред германската и италjанската воена власт.

Костурска пролет 15 април 1941 година.

Во градот Костур, Гермаската воjска влезе на 15 април 1941 година и за градот Костур и околиjата од овоj ден е лишена грчката власт и сите институции се прогласени за неважни. По кратко време, само што се загнездиjа Германците и се покажа германскиот воjник - воjник до коска, способен да наредува без викање, таканаречи молчешкум. Решава сам за наjважните работи. И секогаш jасно дава на знаење што може, а што во дадената ситуациjа не може да помине. Извршувањето на деталите им ги препушта на подредените.

Таквиот воjник, во Костур остана само неполни 20 дена, а на 4 маj 1941 година настана смена и се поjвиjа Италиjанците.

Италиjанскиот воjник е запаметен; весел, насмеан и како дрдорлив љубовџиjа…

Маj 1941 година.

Италjаните влегоа во утрината на 4 маj, под блесок на маjското сонце; бучни, распеани, а некои и ожесточени, качени на моторцикли со автомати, непрестаjно ги пресекуваа калдрмисаните улици со цел да внесат страв. Тие, на Македонците им имаа голема кимка, посебно на оние, кои служеа во грчката армиjа и се бореа многу храбро против нив.

Тогаш, како и на Мало - Азискиот фронт (1919 - 1922), Грците со своjата вечна итровштина, Македонците кои служеа во грчката армиjа ги праќаа на првата фронтовска линиjа. Но, сега посебно се покажа многу храбри на фронтовите во Тепелени и по целиот фронт кога Италjанците воjуваа со Грциjа коjа сега веќе во Втората светска воjна (1940 - 1945) беше прегазена од Хитлеровата Германиjа и Италиjа.

Италjаните брзо залогориjа, jа поставиjа воената власт и од секаде ги симнаа развеаните грчки знамиња и сите белези на грчката држава. За еден ден како со свунгер; грчките белези беа збришани. А луѓето од грчката власт повеќе не се видоа, фатаиjа џенемот, а Костурчини се осуниjа со нов завоjувач и госпадар, ама сега од италjанската власт, никоj не им пречеше да пеат, збуруваат и да се молат в црква; на маjчиниот jазик, како што тоа им го правеа Грците. И следното не важеше наредбата: ОМИЛИТЕ ЕЛИНИКА! (зборуваjте грчки! ).

Отсекаде се бришеше.

“Коj не е на моjа страна, тоj е против мене, и коj не собира со мене. Тоj растура” (Лука 11: 23)

Раскажува Крапов и изразито весел, вели:

По ден - два, стасовитиот италjански полковник Алдо Вениер, одржа до тогаш незапамтен говор и рече: Вие граѓани на Костур и костурските села ве известувам дека од денес грчката власт е суспендирана и вие сте под заштина на шата власт.

По оваа вест се осети здивот на костурскиот живот. Настроjбата каj луѓето се смена и животот за Костурчани како да живна…

Низ улиците, во црквите, на Пазар, се слушаше само Костурскиот говор, без да се плашат од некоj дека може да ги казни…

Прво се обележа празникот на пролетта - “Ксантика”, еден од наjсветлите обележjа на старомакедонските народни обичаj, празник, коj со своjата волшебна моќ ги обединуваше душите на Македонците во заднички стремежи за опстанок и мирен живот на Костурчани. Старовековниот празник на пролетта, љубовта, слободата, цвекињата и убавина на рубите во кои се облекуваа Костурчани, посебно жената; во разноразните кадифени боj: винската, зелената, кафеавата, розевата, сината, но, наjголемата привлечност ѝ даваа шарм; везените дулбени со разнобоjте мониста и широките дипли на прегачите, а таквиот раскошен колорит наjдобро можеше да се забележи во женското прочуено развиореното оро: “Мори чупи костурчанки, раширетего орото… Да ви виме фустаните…” На овоj празник, и македонските комити jа манифестираа длабоката почит кон овие обичаи на своите предци, беа облечени во илинденските облеки со наредените колани куршуми и ками што даваа верност кон зачувување на своето татковинско.

Во овие времиња омразата, коjа за време на грчката власт ги разделуваше костурчани од Илинденците, веќе значително беше згаснала, а Костурчани одеа со повисоко кренати глави отколку во времето на грчката власт кога за еден изговор на македонски беа наjстрого казнети. Славjанските букви и зборови беа отстранети дури и од надгробните споменици и на светците во македонските цркви.

Но, наjголемата радост jа изразиjа постарите Костурчани, кои беа обврзани од грчката власт да го посетуваат вечерното училиште и да го учат грчкиот jазик. Тоа беше време од наjсуровата грчка политика на денациолизациjа и асимилациjа.

Грциjа jа забрануваше употребата на македонскиот jазик дури и за плачење.

Костурчани, сега присетуваjќи се на првиот час, кога стариот Трпо jа праша комшиката Цвета Лебамова:

“Цвето мори, ти знаеш ли на грчки, сега како треба да се вика српот?” Цвета му одговори отсечно: “Незнам, ти мислиш таму мие умот…” Трпо, грижливо ѝ обjасни: “Драпани! (драпани ). Пули вака;

ДРАПАНИ…” Цвета, го опули и му вели: “Капка да те удри. Врлаф си!...” Костурчани, сега своjот револт го изразиjа организирано: на денот кога се прават големи “бубуни” (палење високи огнови), каj месноста “долчето” и секоj од нив ги донесе тетратките, моливот и сите ги фрлаа во големите бубуни на самиот плоштад “Свети Стефан”, пред црквата на “Свети Ѓорѓи”, на каj патот што води кон големиот чардак, а италиjаниските воjници, се смееа и шегуваа со Костурските чупи и со сите оние кои jа прескокнуваа бубуната, остануваjќи со надеш дека тоа ќе им донесе здравjе.

* * Со Крсто Крапов, стоевме еден наспроти друг; како дваjца воjници од два противнички табори. Но, сега се разбиравме како дваjца паталци, го прашав: Зарем нема да ми кажеш нешто за “Бубуните”?

Се насмевна, со восхитувачки поглед, полн со желба да jа раскажува приказната во детали:

Во тоа време во нашето маало се случи една невероjатна приказна; Бубуните, се високи огнови кои се палат во Малите и Големите пости.

Секоj верник носи; снопови слама, прачки и дрвjа и сè запалува и пламенот се виши високо. По согорувањето на запалевиот материjал, сите посетители околу огништето уште недогорениот материjал, го прескокнуваат огништето за да ги истерат болвите и да се ослободат од лошото…

Програмата на ЕАМ (Национален ослободителен фронт на Грците), формирана на 27 септември 1941 година и ЕЛАС (Грчката народноослободителна воjска).

Формирана во Румели-како партизански одреди, на 15 маj 1942 година, беа со исти цели, бидеjќи тоа е решено на заедничкиот состанок со ЦК на КПГ и ЕАМ). Прогласот е упатен до граѓаните на Грциjа и до бившите офицери на грчката армиjа, познати по своjот буржуааски сталеж, а ние Македонците за нив бевме само “Славофони”, никакви борбени соjузници, туку пак само живи воjници, како и нашите татковци во претходните воjни. Ние, за тоj период можеби погромко jа пеевме: Емброс ЕЛАС гиа тин Елада... и ништо повеќе. Но, има уште еден непобитен факт за секоj што бил ЕЛАСИТИН, и не треба да заборава дека дал свечена заклетва.

Тие наши комунисти, стапуваjќи во редовите на КПГ и на ЕЛАС jа потпиша следната обрврска:

ЗАКЛЕТВАТА НА ЕЛАСИТИНОТ: “Се колнам дека ќе се борам до последната капка на моjата крв за потполното ослободување,стабилноста и независноста на Грциjа.” Крапов, одново се смирува, размислува и вели:

Ние Костурчани еднакво претеруваме и за среќата и за несреќата. Никогаш не сме биле толку срекни, ни толку несреќни, како што кажуваат нашите стари, ама таква е нашата поданичка жичка, велат старите…

Еден есенски ден 1942 година Во весниците се jави еден опасен напис: ГРЦИJА БАРА ЗЕМJА ЗА СОПСТВЕНА ХРАНА.

Написот беше, не од некоj си, туку од неговото Величество Георги Втори во кои се вели: “Грциjа се смета себеси задушена во неjзините сегашни граници, од недостаток на земjа коjа и е потребна за да осигури храна за своjот народ, неможноста да jа развие своjата економиjа и лишена од каква било сигурност, таа со право бара да окупира териториjа за Балканскиот полуостров на коjа смета дека е повикана.” На таквата стратешка акциjа брзо реагираа пребегнатите Грци во Атина и наjмногу беа загрижени дека во Костур била во тек формирање на македонска патриотска организациjа за заштита на своите национални права под Италиjаската власт. Одзивот од Македонците бил масовно по сите Костурски села и веќе биле во формирање доброволни наоружани единци-МАКЕДОНСКИ КОМИТИ.

Големата зима- декември 1942 и Jануари 1943 година Тоа беше во почетокот на 1943, и тогаш грчките политичари сè уште живееjа од политиката. Тоа се случуваше во Атина под итно, квислинската влада на чело со Г. Папандреас, формира специjална државна комисиjа составена од познати университетски професори и политичари, да заседават специjално за поjавата на Костурските Комити во Македониjа под Грциjа. Комисиjата под итно ги формира организациите ИВЕ (Заштита на северна Грциjа), ЕЕЕ (Грчки национален соjуз), ПАО (Сегрчка ослободителна организациjа), ЕКА (грчка социjална одбрана, безбедност) и други.

Каj раскараните Грците се jави едно невидено обединување: Сè и со секого “за Националнито ослободување на Грциjа”. И тогаш, голем броj офицери на националистичката организациjа ЕКА, по задача, се вклучиjа во партизанските единици на ЕЛАС и дури на кои им беа доверени командни позиции.

Што мислите каква беше положбата каj нас Македонците? - ме запраша Крапов.

По, моето размислување му одговорив:

Jас, од постарите мои запаметив кои велеа:

По поделата на Македониjа, каj нас Македонците се измешаа од три вида на патриотизам. Сите jа наведнавме главата, и се помиривме со заменетото робство од турско во грчко, но се надевавме дека Грците се христиjани и ќе бидат подобри од Турците… Jас си припомнувам, кога ги прашувавме нашите дедовци; зошто останале да живеат под грчкото робство, тие одговараа: Ова е нашата татковина од памтивек, та и оваа стихиjа ќе помине како и се што поминало, и турците беа, па си отидоа!

Памтам кога дедо и баба ни раскажувале за животот и борбата во турско и кога ќе ги прашавме зошто се боеревте бабо? Ке ни одговореа: “За каурско, за христиjанско, арно ама ние Македонците сме биле осудени од Господ да се мачиме и да му служиме на чуждинците, а некои тогаш се потурчиле, други се погрчиле, трети се посрбиле и побугариле што ти не станале, а ги имаше и многу потскажувачи, и умилкувачи…” Логиката на Грците со овие организации им беше едноставна:

клеветење на Македонците, тероризирање, го организираа невидениот терор, малтреирање, убивање, ништение на посевите, сечење на шумите и протерување на невини луѓе, поради непослушност и не исполнување на сите расистички закони донесени од Грчката власт: забрана на jазикот, преименување на личните имиња и топонимите.

Во Костурско се поjавиjа првите партизански групи и одреди од ЕЛАС кои, раководители претежно беа од офицерите на ЕКА Баскакис, Зисис, Кирцидакис, Ефремидис, Коларас и други кожождерци, презедоа терористички акции против истакнати Македонци, Илинденци и нивните потомци. Членот на ГШ на ЕЛАС, а деклариран комунист Андреас Џимас, забележува при еден состанок на старешините на ЕЛАС, во маj 1943 година, меѓу другото рече: “…во овоj прв период во Костурско се поjавуваат националистички групи кои применуваат неприjателска политика кон Македонците и поради Македонците се неприjателски расположени кон Грчките партизани, бидеjќи таквите групи се шовенистички и ги прогонуваат. Со таквите акции, jа отежнува работата на ЕАМ- ЕЛАС И КПГ, коjа ги повикува да доjдат во нашите редови…” Летоци со застрашувачки пароли…

Крапов, несакаjќи да каже гласно, воздивна и рече: Во тоа време посебно во Костурско растураа летоци со застрашувачки пароли, против Македонците.

Многу чуда се случуваа во Костурско: нешто спротивно на тоа што Грците се обединуваа, од сите идеологии, Македонците се разединуваа по поданичка линиjа. Во ЕЛАС, служеа повеќе од 1,800 Македонци комунисти (ние ги викавме: луѓе со идеолошка тетоважа, а за чудо во истите редови во ЕЛАС беше оформана и една единица борци од македонски жени, а сите тие беа командувани од инфилтрирани националисти офицери и ги мразеа комунистите Грци и Македонци во редовите на ЕЛАС, тие беа: Портис, Кирцидакис, Башкакис, Зисис, Мандаропулос, Ефремидис, Минчос, Коларас и други кои на 8 април 1943 година една поголема група (од вкупните 3,500 борци на ЕЛАС што делуваше во Костуркиот регион околу 2,130 борци, се отцепиjа од ЕЛАС и прогласиjа дека од овоj ден тие ќе се борат против антикомунистичко и антимакедонско востание кои денес ги има во редовите на ЕЛАС и Комитите.

Сите тие наши луѓе што ги сочинуваа Костурските комитски одреди, живееа со катадневен немирен сон. Тие луѓе не сакаа да се скриjат зад нечии грб. А на некоj вешт демагог (Комунист-Еласитин, гркоман Македонец, кои се определуваа на страната на ЕЛАС и Комунист им беше одредено деиствањето: спрема тврди укоричени правила), а пред народот тврдел дека ги знаел сите одговори за идниот живот на Македонците - Костурчани;

сè ќе било решено во Комунизмот, па се тетовирале повеќето Костурчани без никакви двоумења.

Таа грижа и љубов од овие луѓе Гркомани; всушност никогаш не била со вековните македонски историски корени и со коjзнае каква традициjа. Таа “љубов и грижа” била изградена токму врз грбот на Македонците, почнуваjќи со доаѓањето на владиката и Каравангелис и првите андарти на чело со во почетокот на 20- век Впрочем, Македонците - Комунистите Еласити и еден дел гркомани Македонци би си ги исекле вените за Грците, но мнозинството Македонци не сакаа да се чуе за нив, токму поради минатото; црквата и великогрчката пропаганда илjадници Грци гледаа на Македонците како на плен што еден ден би требало пак да се вратат во стариот кафез.

Првите борбени акции на партизанските единици во jугозападниот дел од Македониjа (Костурско) кон краjот на 1942 и во почетокот на 1943 година, предводени од грчки националисти офицери, биле насочени против видни Македонци, против потомците на учесниците во Илинден. Тие во с. Нестрам на 4 март 1943 година прогласиjа опсштонародно востание, при што говорниците, раководството на ККГ и ЕАМ, ништо не рекле за националните права и за судбината на Македонците, туку грчките националисти бунтот бил насочен против Македонците и нивното уништување, кои можеле да се спасат ако се приклучат во нивните редови.

На 5 март 1943 година се оформи Македонски комитет со свои воени фиормации - Комити.

Костурските комити автентично и прв отпор против грцизмот (1943), тие го бранеа духот и битот на македонскиот народ.

НА 5 МАРТ 1943 ГОДИНА БИЛО СВИКАНО СОБРАНИЕ ОД 48 ЧЛЕНА КОИ ИМАЛО ПРЕСТАВНИЦИ ОД РАЗНИ СЕЛА.

НА ИСТОТО СОБРАНИЕ БИЛО РЕШЕНО ДА СЕ ОФОРМИ ОРГАНИЗАЦИJА ПОД ИМЕТО “МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ” ЗА КОСТУРСКО САМО ЗА САМООДБРАНА, ВО КОJ ЧЛЕНУВАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 54 - 60 СЕЛА. ОД ИТАЛИJАНСКИТЕ ВЛАСТИ ИМ БИЛО ДОЗВОЛЕНО ДУРИ ДА СЕ НАОРУЖАТ, БИДЕJЌИ ИМ ТРЕБАЛО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ВО ЗАВЛАСТЕНАТА ГРЦИJА - КОНКРЕТНО ОД АНДАРТИТЕ.

Крапов се насмевна и по првата голтка кафе, ме опули со некаква скриена тага. Челото му беше оросено со крупни капки пот, но како неприjатноста коjа секоj пат, во текот на раскажувањето, го оросуваше неговото лице и се однесуваше само кога се присеќаше на оние моменти, на кои во животот ги имаше преживеано наjболно.

Го протри лицето и продолжи:

“Тоа беше време, кога во Костур постоеjа многу повеќе патриоти отколку предавници.” Тоj ден на нашиот духовен празник “Ксантика”, првпат видов толку насмеани Костурчани, облечени во празнична облека и обуени во нови чевли, а чупите во разнобоjните кадифени фустани и долги плетенки. Се играше и се пееше, а ние ергените ги вардевме лепите чупи од италjанските Карабинери, кои беа магепсани од нивната убавина.