A Century of Silence (1913-2013)
ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ - РЕЧЕНО ВО ГРЧКАТА - Part 02
Во тие години дури и господ Бог се чудеше како Грците, за не цели дваесет и пет години (од кога владееа со Костур -Македониjа (1913), толку многу можеле да jа посеjат: омразата, зависта и желбата по секоjа цена да му се назлоби на другиот, дури на ближниот. Силно беше вгнездена во битието на Костурчани. Дури Велигден во нашите цркви не беше пречекуван како во стари времиња. Сега, чиниш и лицата на светците наши им беа расмеани лицата и очите им светка…
Старите врски меѓу Македонците и Грците, браковите, приjателствата, безгрижните седенки и пиjанки на даскалите;
македонските гркомани со грчките колеги, сè повеќе се проретчуваа и таа врска катадневно се кинеше. Тие времиња, полека и со страв минуваа.
Сега, пред нас Македонците ни престоеше нашето обединување. Ние Македонците бевме доведени во ситуациjа своjот живот и чест да ги браниме и со оружjе. Тоа кулминираше на петти март 1943 година, на денот на прогласувањето на сенародното востание во Костурско. Тоа преставуваше, вистински прв отпор против грцизмот, а основачите (комитите) беа синови и внуци на Илинденците. Се радуваа сите; како да се откинавме од смртоносната прегратка.
Дедо ми, стар Комита; за Еласитите и Комунистите и гркоманите, велеше: Со луѓе што се стремат кон други цели не можете да правите заеднички планови!
Крапов за миг ме опули апатично и замолкна, а jас во еден миг, посакав да му упатам неколку збора:
- Ви се восхитувам, колку добро се сеќавате, по толку изминати години. Тоа е навистина убаво од вас.
Во себеси си велам, секоj, коj внимателно го слуша овоj човек, може да види со колкав напор тоj го носи тоаварот на своите години, иаку во прашање беше, барем тоа го знаев, тежината на сеќавањето, и помнењето.
Расположението на Крапов не надеjно се промени и пак замолча, но се сепна и како нешто важно да заборави, продолжи:
Тогаш знаеш како беше?
Тешко беше во тоа време, полно со неизвесности и немаштиjа, закани, време на опасни делби, но важно беше да се опстане.
Стравовите се разликуваа од една до друга генерациjа, особено во Костур, каде што меѓусебно коегзистираа генерации одгледувани во потплоно различни режими со своето уредување, посебно во турско, ама многу посебно; од кога доjде Гркот. И во Костур имаше генерации на луѓе, кои штотуку завршиле или завршуваа факултет и кои не познаваа ниту еден друг свет освен оноj што ги окружува. Тие млади луѓе го прифаќаа светот онаков каков што е, не познаваа востаниjа, револуции (како Илинденското), не ги разбираа промените на правилата на игра, бидеjќи за нив играта секогаш била иста.
Правилата на таа игра беа едноставни: ништо не е сигурно и сите ние деjствувавме во услови на потполна несигурност. Во таквата ситуациjа каj Костурчани беа доминантни две чувства:
Првата, страна, без оглед на тоа што се пропагираа комунистичките идеи и милион прашања, се чувствуваше недоволно информирани луѓе, поради тоа што стануваше несигурно.
Второто чувство што го имаше каj мнозинството луѓе, беше тоа што каj секое Костурско семеjство имаше учесник во Илинденското востание и сите тие подвизи со години беа раскажувани од дедо и баба за своите хероj предци.
Костурчани со задоволство формираа цврсти ставови често засновани на предубедувања, и наjчесто влегуваа во разговор без каква било подготваност да ги сослушаат аргументите кои можеа да ги порекнат нивните верувања. Гркоманите, секогаш иронично насмеани, и човек само требаше да се чуди од таквите насмевки, бидеjќи тие нема да им исчезнат од лицето и додека гледаат како некоj ни забива нож во грб.
Каj постарите генерации перманетно кои беа измачувани од грчката асимилтароска политика, константно чувствуваат пониженост, токму во овие години се поjавува чувството дека се дораснати на своjата задача; да се одбрани честа и македонштината. Се чувствуваат да бидат индувидуалци, креативци и автономни водачи на соопствениот народ.
Овоj став на Крапов, ме потсети на еден од наjпознатите руски книжевници - Лав Николаечич Толстоj коj вели: “Во животот, како и во шахот, ги забележуваме нашите грешки тогаш кога другите ќе ги искористат.”
* * * Крапов, ми изглаше скршен, но поместуваjќи се за миг, да потстане продолжи:
Ние Македонците со нашето поданство од секогаш, многу грешевме и сега се прашувам; Дали човек може во еден ден да ги поправи сите грешки што ги направил во текот на целиот живот?
Синдром на “македончето”, токму Комитите покажаа дека е надминат, коj со децении се вградуваше од Гркот. Опасната намера на тугинците и пропагирање на себеохрабрување беше отфрлена и комитите покажаа дека не се веќе индиферентни кон сопствената судбина, иднина и постоење на своето.
Поjавата на комитите македонскиот народ народот jа дочека со голема радос и олеснување. Тие во народот влеваа прекрасно чувство на слобода и ослободување од грчко робство.
Поголемиот дел од нив, токму во владењето на комитите откриваат дека е време да го симнат тоj робски товар и ги бараа причините за долгите неприjателски заговори (дури со протерување на населението од своите вековни огништа) од грчката власт, коjа постапуваше многу по нечовечки од петстогодишаната турска власт.
Сакам, секоj Македонец, да знае дека Комитското движење беше последица на грчката антимакедонска политика и практика, односно на угнетувањето на Македонците од грчката власт, но и од Комунистите.
Окружниот комитет на КПГ и командата на ЕЛАС, задоени од грчкиот национализам, не можеле да ги разберат причините за формирање на комитското движење и како да го елиминираат.
Единствениот реален начин да се елиминира оваа поjава бил да се задоволат желбите и стремежите на Македонците. Но грчките раководители се определиле за употреба на воена сила во задушувањето на комитите. Своевиден израз на оваа определба на грчкото раководство е масакарот што го извршиле некои единици на ЕЛАС во с. Старичани (Костурско) на 1 маj 1943 година, коj не само што не го елиминирал ова движење туку напротив го заjкнал.
Но, истотака треба да се знае дека Комитското движење се поjави како прво; од луѓето кои по традициjа беа воспитани и следбеници на револуционерното Илинденско Костурско, а тоа се случи во март 1943 година и подоцна во другите подрачjа во Македониjа под Грциjа. На секад ечеше македонската песна…
* * * Влегувавме во наjшироката калдрмисана улица коjа не водеше сè до “рибарската”, допирана од шлапови на езерските води.
Крсто Крапов развеселен ми вели:
Ете, како беше: токму по оваа калдрмисана улица под блесокот на летното сонце, се слушна долг глас на труба и сè поблиску допираше чудна музика на маршеви. Тоагаш се поjавиjа костурските комитски жени, поминуваjќи низ огромната толпа луѓе, стегнати во шаjачните комитски облаки, во бели клашни, со нарамени малихерки и полни гради од низи со патрони и со чувство на национална припадност, чекореа, а коренот небаре им се рашируваше под нивниот чекор. Чиниш се креваа дрвjата, се возвишуваа, ридовите растеа, врвовите се доближуваа до сонцето…
И, чиниш, тоа утро пред очите на костуржани се растегнале вековите и гледаат со наполнети очи со солзи.
Се слушна песна од убав машки глас: “Од гроб станале славните jунаци…” Песни за Илинденските воjводи: Васил Чакаларов, Лазар Поп Траjков, Манол Ризов, Пандо Кљашев, Атанас Кршаков, Митре Панџаров, Пандо Синдов, Никола Добролитски, Кузо Стефов, Георги Шкорнов, Трпо Георгиев, Лазаар Москов, Павле Христо и за други многу броjни борци и воjводи.
Воjводите качени на бели коњи, како да jа носеа ископаната историjа… А, по нив со бунтовен дух чекореа четите:
Апоскепската, Сетомската, Тиолиската, Кондорабската, Личиската, Горенската, Бобитската, Олитската, Загоритската, Прекопанската, Вишенката, Шестеварската, Поздивската, Кономладската, Добролитската и редум така една по друга.
Потоа одекна - маршот на Комитите:
Има ли уште коj што не знае!
До дека е Македониjа:
Солун и Воден Лерин и Костур Таму се биjат Македонците!
Борбени чекори беа се посилни.
Се слушна машки борбен глас од воjвода Добролитски:
Воjводи и Комити!
Браќа и сестри!
Денес е Илинден и е ден на иднината за афирмациjа на македонското национално битие.
Драги браќа! Доjде часот кога мора да им се рече доста! На сите црни банди кои сеат смрт по нашите села.
Денес татни пулсот на историjата и ставаме краj на вековната драма на костурската земjа: страдањата, наездите, грабежите, прекрстувањата и колежите…
Драги костурчани! Бидете храбри како што и ви доликува на потеклото.
Костурчанецот беше тепан, убиван, но сите ние не jа изменивме своjата народност. Нека знаат каков цврст и оддан Македонец е Костурчанецот.
Да живее Македониjа!
Тоа ме трогна и одма се приjавив во Штабот.
Зедов заклетва: Jаска Крсто Крапов, се колнам шчо до последната капка крв ќе се борам за слободна македониjа и шчо ќе бидам верен на Македонскиот Костурски Комитет и нема да станам предавник. Ако станам измамник, нека ми се с’нди со револверот и камата шчо за верност ги бацван!
Слобода или смрт!
НА 9 АПРИЛ 1943 ГОДИНА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ИМ ПРИПАДНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ПРВ ПАТ ПО 30 ГОДИНИ НА СУРОВАТА ГРЧКА ВЛАСТ Формирање на месни комитети само со Македонци од нашите села:
Крапов, восхитен вели: Ние македонските комити за прв пат по грчката окупациjа (1913), во договор со италjанскиот командант на воениот гарнизот во Костур и Костурско полковникот А.
Виниери jа презедовме месната власт и нашите луѓе (9 април
1943) за прв пат сами управуваа со месните комитети, кои до вчера беа под грчка власт. Тоа е документ во италjанските архиви и треба историjата да го каже, а не еден век да се Молчи!
По месец дена од формирањето на Костурскиот комитет, на 9 април 1943 година во Костур пристигна италjанскиот полковник А. Виниери за главен командант на окупационата зона: Костур и Костурско. Тоj со писмо Бр. 617, испратено до “Македонскиот Костурски комитет”; за сигурност предлага од териториjата на Македониjа да се истерат грчките власти и да се подели на зони, така да во секоjа зона, назначи Македонци од доброволците Комити за своj команданти и тоа по можност припоени кон една команда и по неколку ближни села.
Значи, во согласност со членовите на Македонскиот Костурски Комитет и полковникот А. Виниери, Костур и Костурската окупациона зона на Македониjа е поделена на 15 зони со соответни центри:
Првата зона со центер е во Преспа с. Орово; 2- та е с. Герман; 3-та е с. Желево; 4- та е с. Брезница; 5- та е с. В’мбел; 6- та е с.
Добролишта; 7- та е с. Поздивишта; 8- та е ц. Четирок; 9- та е Костур; 10- та е с. Загоричени; 11- та е с. Драничево; 12- та е с.
Желегоже; 13- та е с. Горенци; 14- та е с. Радигоже; 15- та е Хрупишта. Во секоjа зона е организиран за одбрана по еден одред (селски чети). А кога биле напаѓани од Еласитите, на помош им пристигнувало и од Костур.
Веруваjте ми дека борбата за татковината ми беше полесна, но денес е сè изопачено од туѓите идеолгии и сите станвме жртви на нашата борба за ослободување на Македониjа.
Пред моите очи; Комитите умираjќи со зборовитете: “нека е жива Македониjа, да ние жива татковината!” Кога зборуваме за Комитите и нивниот став беше да jа чувствуваат и сакаат татковината.
Комитата знае како е да се живее на дното: понижен, исплукан, не насмевнат, не израдуван, не опеан, не напроменет и не одликуван. Комитата не се покорува лесно. Знае да опстествува.
Горд е. Не посакува никогаш да биде неправеден. Трага по вистината. Го враќа и го памети; злото и доброто.
Комитата и маката пее, твори, сонува, вознемирува, знае неговата нова пролет во градот може да биде кратка болка.
Темпераментот на комитата; минуваjќи низ пеколот и љубовта, често е виорен, бунтовен, насилен, див. Тоj може да биде ведар, бескраен љубовник, но и чест трагичар.
Поради таквата смелост, оданост и пожртвуваност кон татковината, сите нас Костурчани ни се случи, слободно можеме да го наречем помор на дел од македонскиот народ.
Раскажуваше за невидената храброст на воjводата баj Кољо, од што толку се возбуди, што ќе му излеташе срцето од градите.
Jас да не се расплачав, но си jа гризнам устата до болка.
Моите родители беа побожни и благочестиви. Тие знаеjа дека jас доброволно ќе станам Комита. Тоа беше еден доблесен момент. Кога решив да jа нарамам пушката и се заколнам дека ќе се борам за слободен Костур и цела Македониjа. Наеднаш ми честитаа со цело срце ми го дадоа своjот благослов, а тоа го сториjа и наjстарите Комити. Почувствував таква таква љубов што не можев, а да не ми потечат солзи од очите. Така се роди љубовта за Костур и Македониjа.
Сега заборавени се костурските револуционери. Заборавени се Илинденските комити кои се бореа против анадртите- кожодерачи. Заборавени се Костурските комити кои се бореа против пауџидите колачи и итроманите макеонски (еласити)
кои ни го организира е братоjадството.
Прогонот на комитите во и надвор од татковината наликува на некаква болест, на грутка во душата, што може со тешкотиjа да се изусти и соопшти за злоделата на андартите, пауџидите и сите наши предавници...
Денес, каj комитите па и каj комунистите низ призракот на тугината, се чувствува раната на разделбата и носталгиjата по родниот краj, од делбите и татковниот разден на разделби и болести.
Кога зборувам за еласитите комунистите и нивниот приод и долг кон татковината, незнам дали од нивните генерации ќе посакат да кажат нешто добро. Секоj се прашува: Го знае ли еласитинот комунистот, своjот долг кон татковината? Го знае ли Еласитинот (комунистот) апсолутизмот и неспокоjот коj што го прогонува меѓу родокраjното и космополитизмот и вечното?
Кога се обидувам мисловно да го заокружам изминатото и годините (1940 - 1949), во животот зад мене како на филмска лента се нижат кратки секвенци од неизбришаните момент на преживеаното: радоста од детството, љубовта за родниот Костур...
Сето тоа ме потсеќа на неми сведоци кои минуваа низ чудни премини.
Татко ми велеше: “Не постои добар комунизам, како што не постои ниту добра религиjа. И едното и другото се опиум за народот.” За религиjата наjмногу научивме од владиката Каравангелис.
Тоj, продаваjки верски магли, успеа помеѓу нас Македонците да протне убедување дека верата во грчката црква е господова и на таа основа ги испозакла и ги распопи сите попови од нашата црква или ги погрчи.
Тоj, не убедуваше дека верата е добра работа, а постоjано злонамерно jа користеше за усвоjување на Македониjа и истерување на нашиот народ.
По неколку години, во наше време, тоа го правеа комунистите и пропагираат за комунизмот дека во принцип е супер идеологиjа.
Татко, за комунистите велеше: Тие се луѓе кои во животот истовремено сакаат да научат да пливаат, но со едната нога некако да останат брегот...
Времето покажа, дека тие ниту се научиjа да пливаат, ниту останаа на брегот. Сега далеку од родниот краj се оправдуваат дека само што некои лоши чичковци погрешно го примениле комунистичкиот систем.
Комунистите (поранешни еласити) со кои се бореjа заедно со Македонците, откако ги сотреа комитите, тие нивни соборци Грци- комунисти, Македонците ги однесоа во Ташкент и ги оставиjа таму, а тие се вратиjа во Грциjа; на нивните и нашите таткови огништа...
* * * Значително понервозен отколку што би требало да биде во овоj миг. Ги поткрена рамениците. Сфатив од неговиот строг поглед дека нешто многу го мачи.
Ме гледаше со ококорени очи, пулсот премногу брз. Но строго си го контролира текот на мислите. Присетуваjќи се од каj да почне, Крапов ми вели:
Значи, пулам дека сакаш да знаеш нешто повеќе; како се роди КОМИТЕТОТ.
На сите нас ние jасно дека во Третиот раjх нацистот бил убеден дека Евреjнот треба да исчезне и обратно, Евреjнот никако не можеше да прифати дека треба да го снема, затоа што нацистот не го признава за човечко сушество. Нас Македонците ни се случи истото. Тие за нас, jавно велеа: Ние немаме потреба од Македонците, но имаме потреба од земјата Македонија (“Во својата книга О македоникос Агон” вели Карвитис - еден од првите андарски џелати дојдени во 1903 година) и во тоа и успееа.
Ете, каква беше стратегиjа на грчката конвеционална држава: со еден крал, една нациjа, една црква и еден jазик.
Самите Грци во реалност имаат двоjазичност: катаревуса “и Димотики”.
Ете зошто каj Македонците; од Костурско и цела Македониjа под Грциjа вриеше под гнев.
Грциjа секогаш се однесуваше кон Македонците, не според реалноста и фактичната состоjба, туку во зависност од неjзините национални и државни интереси (пример: со Македонците на Малоазиjатскиот фронт и со италjанскиот фронт. Македонците ги распоредуваа сите на прва линиjа, а резултатите беа катастрофални).
Ние Комитите имавме за цел:
Да се чуе гласот на обесправените?
Неправдата Боли!
Ете, по нешто сакам да ти раскажам дел од нашето минато, а тоа е македонската вистина, оти душманите кои jа закопаа македонската историjа, неможеш вистината да jа дознаеш никогаш. Таа вистана е закопана и остана “ТАМУ”. А не како што jа кажуваат идеолошките активисти.
“Сега, пред нас Комитите стоеjа jасно нашите неприjатели кои посакуваа што побрзо да не уништат.” Го прекинав и некако избрзано го прашав:
Зошто? Коj го организира процесот за ликвидациjа на комитското движение?
Следеше долга напрегната пауза; Крапов гледаше во мене и помислив дека нема да ми одговори, но ме опули, како дете кое стоj пред нечиjа врата, и за нешто чека... Ми вели: Ние комитите, треба да jа кажеме вистината. Воjводите велеа: Ние не смееме да им оставиме товар и тежок срам на потомците. Ќе се бориме до смрт. Така и постапивме. Да, такви беа времињата, но ние Македонците станавме различни. И од тогаш, Костурчани ги нема во Костур, и Костурко, а ги има по целиот свет...
А што мислиш, кои остана во Костур? Останаа само Грците и гркоманите.
Не останаа, ни Комитите, ни Македонците Еласити и комунисти кои продава демагогиjа и тврдеа дека тие што знаеа што е марксизам и какво треба да биде идното комунистичкото општество, каде и ние Костурчани и сите Македонци ке си ги наjдеме и ќе си ги добиеме сите човечки права.
Тоа беше време на лаги и клевети.
Така беше. А пак тие нашите Нофити, кои ве тараа во ДАГ и ви велеа боретесе за Македониjа и бевте против царот, на краj ги затуриjа до Сибир.
Старите наши велеа: Грците што го сакаа царот, беа исти со Грците што го сакаа Сталин, сите тие од два маjки цицаа.
Ете, денес ги среќавеме сите нив, во кои горделивоста му се загнездила во душичката и си го туркаат животот со своето JАС, а ние Македонците, намамени, си го изгубивме татковинското за навек.
Само едно не одликува: ние Македонците живееме во ера на бескраjни воjна и повеќето Костурчани во 20 век го минале своjот опстанок на воjно поле.
И како што велеше стариот Костурки рибар дедо ми Доро:
Само пцуењето ни jа ублажува болка и лесно залогоруваме во тугина, и со сето наше незнаење им ги напуштавме Костурските убавини, на сите тие дошлаци (Маџирите) “Браќа по идеолгиjа”, и од нив направевме господари на нашата прадедова земjа.
Маj 1943 година Пред, речиси триесет години Крсто Крапов, во маj месец 1943 година, се придружи на комитските чети за да се бори против Пауџиите и Еласитите, и отогаш со своjата храброст и одданост, станал воjвода на 23 години. Во октомври 1943 година, беше ранет, во селото Загоричени, близу до “Свети врач”, за време на битката во еден суров судир. Овоа не беше првпат да е ранет. Во четириесети четвртата, во последната година од Втората светска воjна, по втор пат беше ранет и заробен од Еласитите, ама тие што го заробиjа биле Македонците кои служеа во ЕЛАС- верни идеолошки тетовирани активисти.
Во тоа време, идеологиjата по препорака се примаше од секоj добродушен Македонец и се облекуваше како омилена униформа, шиена со специjална игла и конец, и со црвена книшка во џеп. Сè како што моделот и прописот, беше препорачан од Главната Централа, со посебна заклетва...
Страв од македонското воскреснување со македонска револуционерна платформа.
На краj, ни се множеа гробишта на гробишта. Се повеќе ни се котеше смртта и времето катадневно ни ги дробеше коските.
Тие стотици мртви, засекогаш во историjата отидоа како безидентитет, убиени во групи, а не како воиници со своето битие, со своjата физиономjа, револуционерниот карактер, надежи, желби и планови за слободна Костурка земjа... И ете историjата за Костурчани од почетокот на 20 век, како да немаа хумани, човечки и слободарски потфати, туку валкани политики што ни ги пласираа соседите. На кои им се даваше поткрепата со нашето поданство- не снема од Костур и Костуркио краj... Само сегашноста е она што го живееме. Сè друго е спомени, херои и гробови. Сенки од историjата.
Сега Крапов, дваесет и некоjа година подоцна, со своите 75 години, вели дека спомените и деновите од март 1943 година се испреплетуваат со неговото секоjдневие и ефектите од искуството се подлабоки од лузните и спомените.
Тоj вели: ЗА НЕГО - МИНАТОТО Е ПОВАЖНО ОД СЕГАШНОСТА.
Jас долго, па дури и денес, не можам да откриjам: ЗОШТО?!
Сега, тоj повеќе jа сака пролетта, отколку есента. Го посакува и дожливото време, тишината, изолираноста, самоста. Тоj отсекогаш повеќе jа сака пролетта, отколку летото.
Го прашав:
Го знаеа ли комитите своjот долг и своjата моќ?
Отсечно ми одговори:
Комитите jа чувствуваа и jа сакаа татковината, своjот роден праг и прадедовската земjа од дамнина, а комунистите беа космополити и како такви измеќари на комунистичката партиjа, си фатиjа по светот; и стигнаа, дур до Азиjа. Тие Македонци во редовите на ЕЛАС, немаа развиена способност да расудуваат толку длабоко, за нацинално ослободување на своjата земjа, каj нив уште владееше робскиот ум коj ги водеше кон еднонасочност и безначаjност и беа искористени и манипулирани, а сотоа останаа под строг надглед и конторла на туѓите богови.
По неуспехот, обрврските што ги презел лидерот на КПГ, Сjантос лидерот на КПГ за уништување на комитите, побарал помош од КПJ за КПГ и се сретнал со Црногорецот Темпо.
Во разговорите Сjантос со Темпо во август 1943 година, Сjантос го приватил барањето на Темпо во Егеjска Македониjа да се создадат специjални единици кои своjата агитациона пропагандна работа ќе jа водат на македонски jазик. Ете како била измислена првата мамка: Конкретно СНОФ беше организиран, но не од Македонците.
Грижа за Македонците или манипулациjа?
СНОФ- (Словеномакедонски народен ослободителен фронт)
формиран на 20 октомври 1943 година. во селото Сничани, Костурско од секретарите на обласниот комитет на КПГ за Западна Македониjа: Христос Калфас- Андреас и секретарот на окружниот комитет на КПГ за Костурско Андонис Андонопулос - Периклис, како и секретарот на Окручниот комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис. Сето тоа беше со умисла да ги разбиjат и привлечат комитите со уверување дека веќе формирани се македонски организации.
Уште веднаш по своето создавање,македонските баталjони добиле задача да пристапат кон ликвидирање на комитските формации. На 21 август 1943 година Костурскиот баталjон нападнал неколку вооружени комкитски села и успеал да разоружа поголем броj комити. Кон краjот од август околу 300 комити од костурско стапиле во леринско-костурскиот македонски баталjон.
Но тие организации како СНОФ и други, беа расформирани на 26 септември 1944 година. Со потпишувањето на договорот во Казерта. Со овоj договор, дефинитивно беше запечатена судбината на левите сили и Македонците во Грциjа, на кои наjмногу се надеваа и им веруваа Македонците.
Со поразот на ЕЛАС и договорот во Варкиза на 12 февруари 1945 година, се создаде нова ситуациjа во грциjа и во егеjскиот дел на Макдеониjа.
Се запрашав:
- Дали од тогаш на македонските комити им се планираше искоренување, односно геноцид на Македонците од Костур и костурско? Како може комунизмот да биде лицемерен? Може луѓето што го злоупотребуваат да бидат лицемерни, ама тогаш тие луѓе тешко дека ќе ги наречеме комунисти.
Политичката програма на СНОФ, коjа прет-ставувала платформа за заедничка борба на македонскиот и грчкиот народ. Мобилизациjа на македонските маси во единиците на ЕЛАС за оружена борба за полн разгром на комитите и окупаторите.
Во книгата “Jугословенскиот комунизам и македонското прашање” од Стив Е. Палмер и Роберт Р. Кинг, Арцхон Боокс, 1971, стр. 94- 95 ; пишуваат:
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/7 на 29 октомври 2026