Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A Century of Silence (1913-2013)

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ ОД КОГА ДОJДЕ ГРКОТ. (1913 - - Part 01

Од Стојан Кочов · Дел 3 од 24 · Околу 20 минути

Читај на English

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ ОД КОГА ДОJДЕ ГРКОТ. (1913 -

2013)

Неистражениот живот не е за живеење.

Сократ (антички филозоф)

Како и зошто во окупираниот дел на Македониjа, грчката држава го почна и спроведуваше цивилизацискиот конфликт?

Новата грчката власт, настоjуваше од нас Македонците да го избрише чувството на припадност, а тоа е наjбитното каj човекот за своjот идентитет и припадноста кон македонскиот род.

Со доаѓањето на Гркот, нашиот маjчин македонски jазик строго се забрани, а цели 500 години под Турско робство не само што не се забрани и не се замени со турскиот, туку слободно се говореше.

Крапов, направи пречекор и возбуден, рече: Решен сум во очите на македонскиот народ да изjавам дека: Грците доjдоа во Македониjа со своjата: Национална држава, а накратко беше преставена како држва со еден крал,една нациjа, една црква, еден jазик. Во Грциjа, воспоставувањето на држава - нациjа, од борбата за независност (1821-1829 г.) преку независноста, неколкуте териториjални проширувања (од 1864 до 1947 г.) е надгледувана од големите сили. И не само што надгледувале туку големите сили и директно се мешале. Грците во создавањето на една нациjа, тежнееjа да создадат:

еднонационално образование религиjа, култура и наука.

Со новата грчка власт не само што се забрани, туку и се прогонуваше, се псуваше, клеветеше и понижуваше. Моралните и етичките вредности станаа под покровителство на грчката окупациjа. Се забраниjа секакви културни манифестации од македонската култура. Ни беа збранети песните, ората и сите обичаj и со тоа се одеше на тотална асимилациjа и уништување на Македонскиот народ. Каков ужас!

Си велам: Бог да чува и да брани, што не снаjде.

“Гледаj”, рече Крапов.

Гледам дека ти си човек обземен од копнеж за родниот краj. За Костурчани велат се наjпознати Христjани; со силна љубов, вера и надеж. Но, што се случи? Нашите национални обичаj и белези беа забранети, и со сила ни беа натурени грчките. Строго ни беше забранета Костурската култура; празниците и свадбарските и погребните обреди. Ни беше наложено да се декларираме дека сме Грци и ни се издаваа токму такви документи.

Односно како што вели Милан Кундера: “За уништување на еден народ”:

Првиот чекор за уништиш еден народ, е да му го избришиш паметењето (мемориjата). Да му го уништиш светото писмо и книгата. Неговата култура и историjа. Потоа да ставиш некоj, тугинец да му напише нови книги. Да им образува нова просвета и образовање, да им измисли една нова историjа.

Не ке треба многу време за да почни тоj народ да заборава кои беше и кога тоj беше.

Останатиот свет околу него ќе го заборави уште по брзо, што сам ќе се заборави.” Сето тоа беше на силните лудачки грчки напади за елиминирање на македонската култура и уништување на македонскиот народ.

Суштината на Грците им беше да не постои македонски народ со свое македонско стебло и своjа македонска земjа, туку полека да се пренесе македонскиот корен и семе, во грчко семеjно стебло.

А, Крапов, бунтовен катаден се соочува со своjот македонски идентитет, коj од кога доjде Гркот било табу тема: Оние луѓе кои наjгласно зборуваат за неправдите и креваат врева дека светот би можел да биде подобро место за живење, само шепотат кога станува збор за македонското прашање”, вели тоj.

Тоа навистина ме навредува.

Значи, на овоj начин Грците сакаа да го одржуваат сознањето дека во Грциjа живеат само Грци по род. Таквиот грчки став;

како краjна цел им е се до ден денс да го величат и заjакнат нивниот идентите и Грциjа да jа прогласат еднонационална држава во коjа живеат само Грци по род.

Ние Македонците, посебно по Втотарата светска воjна не подлегнуваjќи на невидениот геноциден грчки зафат, се одзвавме со: Браќа Македонци! Не смееме да мижиме кога човек на човека му jа пие крфта.

Ние Македонците, никогаш и не се сложивме да не погрчат, посебно, тоа го покажавме во Граѓанската воjана (1945 - 1949).

Но, ете и денес; сиот цивилизиран и умен свет знае дека: Митот за нациjата - држва одамна е надминат. A Грците си го тераат своето. Цели 70 години сме прогонети, ни се земени имотите и државjаството и не не признават како граѓани на Грциjа.

* * * Крапов, сега по смирен, потстана од карпестиот камен и милозливо ме опули и рече:

“Незнам, дали знаеш, ама Костур е интернационален центар за обработка и преработка, производство и продажба на готово крзо и крзнени производи, прочуени “Костурско крзно” и кожни производи со многувековна традициjа. Крзнарството во Костур беше наjстариот занает и само Костурчани со султански ферман имале право да бидат крзнари. Тука, Турците ги облекувале наjувавите жени во харемот и кога патувале за Истнабул, jа пренесувале наjмодерната облека и jа преставувале културата на живење во Балканот.

По Втората светска воjна, голем дел од домородните жители се прогонети по светот. Сега многу ретко ќе стретнеш костурчанец, да ти призбори на костуски - Аре ти да не си од нашчите?

А жителите на Костур ги бие глас дека биле мошне традиционална заедница, силно приврзана за своите корени и со чист македонски говор, на локален диjалект - ести с’ти зборвеа на костурки… и жените облечени во живописната и традиционалната облака, кои потсетуваа напрочуените убавици со - лепите лелеави коси, ести каj коприна. Тие, посебно чупите одушевуваа со своjата суптилност и фасцинантност, дискретност и неупадливост, туку се однесува со видна срамежливост. Ги нема и тие луди беќаришта, кои ѕирака од чардаците и пенџерињата.

Сега никоj не ме следи, не знам зошто?

Се чувствувам како дете и како што велеше дедо ми: “Кога децата ќе се истргнат, од прегратките на татковината и ќе поjдат по една патека кон своjот живот, човек тешко е да ги следиш, свадби веќе во родната куќа нема. Тие зад себе ќе остават пустош. Седни во дворот, затвориги очите и молиго дождот да ги испере солзите исплакани по нив и молчи. Ако некогаш навратиш да не се вознемируваш од спомените по нив.” Одам по калдрмисаните улици, минувам низ тесните сокачиња, по стапките на моите предци, пред нивните домови, но сега наседнале тугинци Просфиги. Малку се настаните од моето детство што ги паметам; толку впечатливо и со иста емоциjа да можам и денес да ги прикажам, но во еден двор од старите наши комшии, една Маџирка од Смирни истопорена на налани jа спружи на долг сиџим своjата пондииска облека во сите бои и ниjанси што постоеле во нивниот роден краj и си потпевнува, а jас незнам сега каде се прогонети тие наши, весели и добри соседи.

Живи ли се? Мртви ли се? Телото ми се собра од некаков грч што помина по мене.

Зачекорив со замислен поглед. Ги заборавив и не сакам ни да спомнам за животот прежен, а со денешниот живот не смогнав да се справам, да го покажам моето JАС. Плукам, живеjќи како талкач. Не ме плени ничиjа лика како идол…

Животот ми мина: само барав, наоѓав и повторно се бдавав во збег. Плукам, кога ќе видам колку време манало и колку останало пред мене.

Тука во овоj наш роден град Костур, не говорат на глас, човек треба сам да се чува…

Каква ирониjа, на Просфигите нашата земjа им стана дом, а ние мораме да одиме на друго место да си наjдеме дом. Нашата земjа jа “исчистиjа” од нас…

Комунистите што не водеа во Граѓанската воjна и храбреа со зборовите: “Ние сме борци и интернационалисти…”, не оставиjа по светот како вечни Талкачи, jас таа таjна нема да jа носам цел живот во мене. Не можам да издржам, велам. Не можам да живеам, со чувство на откорнатост од сè што мие познато и мило. Се чини, за миг вековите ми минаа покраj моите очи.

Крапов ме гледа зачудено, а jас продолжив:

Тоа секоj Талкач го знае, но секоj мора да го избие од своjата глава, дека ние бевме жртви на македонските идеолошките активисти, велам.

* * * КОСТУРЧАНИ ОД КА ДОJДЕ ГРКОТ ЗАБОРАВИJА ДА СЕ СМЕАТ ОД СРЦЕ Небото над Костур, обрабено со облачност од старите планини полни со гробови од херои со ненапишана историjа. Сè е немо, чиниш големите преселби понеле сè; екот на песната, екот на малихерката, благосовот на маjчинскиот збор по своето ченда и клетвите на вдовиците. Боже колку ни се расфрлени спомените, а тие болат...

Наjубавите и наjдобрите нешта на родниот Костур не можат да бидат видени или допрени. Тие мора да бидат почувствувани со срцето. Ама знам дека Костурчани беа горделиви со тоа што потекнуваа од Костур и Костурско. Но, ете, пулиш и глендаш од ка доjде Гркот, Костурчани заборавиjа да се смеат од срце, вели Карпов и продолжи; а баба ми Jанка, не знаеше грчки ама од мака шепотеше: Ете тука во грлото ми стоj една грутка, jас голтам, а таа не оди надоле, да се ослободам...

Колку остаре градот, а малку знаеме колку е стар. Во пожолтените тефтери напишано е: “Костур распослан на полуостровот Горица”, на западниот дел на од брегот на езерото, на надморска висина 690 м и името го добил по латинското име на животното Бавар (Цацтог) кое имало наjубаво крзно.

Во Турските тефтери пишува дека Костурчани биле од царската лоза на цар Самоил, коj тука во Македониjа владеел по Византиското владење.

За историjата на градот Костур, има записи дури и од владеењето на Римjаните, но наjконкретно е кажано за Византискиот период, во коj се вели: Градот Костур за прв пат се jавува независен и како национална самостоjна македонска заедница, а тоа било некаде во далечната 990 година, кога Цар Самоил, го превзема Костур и градот останува под водство на Македонците се до 1385 година кога подпадна под турското робство од (1385 - 1913) година.

Турците за своето владење изградиле доста значаjни обjекти како што можат и денес да се забележат: “Големата Порта”, “Куле маало” и посебни турски населби.

Како трета поголема населба и работилница за обработка на крзно. Помеѓу овие населби биле изградени и турски гробишта.

Турците се населиле повеќето кон месноста “Долчето”. Биле изградени школи (мекиер), три анови, покраj “Куршум” џамиjата и неколку медреси.

Во тоj период на време се поjави и Евреjската заедница, некаде во 15 век и повеќето од нив биле трговци. Арни луѓе биле, итри, тие власт не сакаа, туку трговиjа и пари. Многу си го почитуваа семеjството.

Во 18 век составот на населението било: 940 македонски семеjства, 22 мусслимански и 93 евреjски. Градот броел околу 12,000 жители, од кои: 7,000 Македонци, 3,500 Турци и 1,500 Евреи.

Со турското население и со евреjското, познати се размените со Лозанскиот договор, а со евреjското население во Втората светска воjна од страна Хитлер, а со македонското - геноцид;

познати се грчките геноцидни прогони во годините од (1940 -

1950).

Грчките власти во 1923 година, во Костур и Костурко доселиjа од Пондиjа (просвиги-Маџири) околу 27,796 лица, а низ цела Македониjа под Грциjа околу 638,253 лица. Значи, целта им беше: да не постоjат Македонците со свое стебло, туку македонскиот корен и семе, да се преобрази во грчко семеjно стебло.

Во тоj период на време е изменет етничкиот состав на Македониjа, а тоа е првиот геноциден чин. А само како знаење низ цела Грциjа беа доселени околу 1,150,000 лица.

* * * Гледано од височината на “Горица”, глетката на вечниот Костур е прекрасна.

Кога човек ќе се искачи на наjвисокиот врв на “Горица” здивнуваjќи пред него се отвара наjубавата глетка на костурското длабоко синило на езерото и тоа магично пленува.

Во сините и бистри води поигруваа илjадници крапови, а над таквата убавина се и облаците кои пловат над езерото.

Величествените панорами на природата го прават; посебен и омилен град… Од време навреме застануваме на врвот на ридот и jа набљудуваме шумата. Понекогаш мислиме дека е бесмртна како и планината. Сега jа гледаме како кревко семеjство;

растениjата, животните и птиците кои хармонично живеат во заедница. Кружниот пат долж брегот на полуостровот е невидена убавина за љубовџиите, со многу кафани и ресторанчиња, но на наjубавите места се изградените многу цркви, повеќето постари од пред тука да стапне Гркот. Токму тукаа преноќувале и познатите воjводи и комити - борци за ослободување на Македониjа. Комитите оптстоjуваа слоганот на Цар Самоил: Своj на свето! “а слоганот на Гркот е: Jа сакаме Македониjа без Македонци”.

* * * Кога ќе го свртиш грбот накаj езерото, во Костур сè е надолнина. Улиците небаре се искачиле нагоре, куќите се изредиле една зад друга. Небаре се криеле една зад друга.

Возвишениjата се претвараат во ридови, потоа во планини, сè до местото каде почнува палнината Вичо. А кога силниот ветрец го заплисне езерото, големите таласи се искачуваат до широките дворови. Сè до големите jавори, до под селото Апоскеп, до заедничката гробница на Илинденците.” Крапов, се потстокми и со растреперен глас ми вели:

“На моите предци коренот им е од наjреволуционерното село Апоскеп.

Се сврти накаj Север и восхитувачки: Ене го каj се наоѓа! И е оддалечено 6 километри северно од Костур, а е на надморска висина од 840 м, во подножjето на планината Свети Илиjа”.

Северно се граничи со селото Сетома и Сештево, а jужно се граничи со градот Костур и со селото Жупаништа. А источно со селата Тиолишта, Кондораби, Фотиништа, и западно со селото Сливени.” Во почетокот на дваесетиот век, селото Апоскеп броело 750 жители (само Македонци), со 120 домакинства со свои изградени куќи и беа поделени во две маала; источна и западна.

Помеѓу двете маала извирал голем извор вода што се претпоставувало дека водата понирала од преспанското езеро.

Селаните и денес паметат и на тоj феномен дека водата од изворот во зиме била топла, а во лето студена. Тоа го нарекувале господов дар.

Селото е изградено на многу интересна локациjа, што потсетува на огромна дупка, заобиколена со буjна вегетациjа на околните планини и по токму по таквиот местоположаj Турците го нарекле АПУС КУП (големо земjено грне). Спрема предањето, селото се создаде кога некоj си од фамилиjата Танаскови како воловар си jа изгубил своjата крава и jа нашол во денешната положба на селото, но бил одушевен од богатото пасиште што го видел. Кога се вратил во селото во кое живееле доста далеку од ова место, тоj и им кажал на своите дека нашол едно место многу убаво и богато со вода и пасиште. Одма им предложил токму таму да ги изградат своите куќи и како идно живеалиште било идеално за живеење а и многу плодно, бидеjќи се наводнувало.

Повеќето од селаните се занимавале со сточарство, но и со одгледување на лозарство, и произведувале прочуено вино, кое покасно стана многу познато апоскепското грозjе. Се повеќе го произведувале и го продавале во Костур, Лерин и дур до Кожани.

По создавањето на револуционерната организациjа ВМРО, со цел ослободување на македонскиот народ од Отоманската Автократиjа, во Апоскеп била формирана една првата организациjа коjа силно ги подржувала идеjте на ВМРО.

Првите организатори биле Лазо Луаров, Наум Фотев Божинов, Лазо Џинов, Дине Трупанов, Стоjан Бакалов.

Местоположаjот на Апоскеп се наоѓа на раскрсницата помеѓу трите реони на Костур кои беа организирани во ВМРО (Корештата, Пополе и Костенариjата и од таму требаше да поминат за во другите реони.

На 20 Jули 1903 година почна Востанието на Илинден и Востаниците Македонци и селаните од Апоскеп се наjдоа на црквата Свети Илjа коjа беше на самата планина. Токму тоj ден пред повеќе од 300 востаници еден од воjводите Стоjан Бакалов одржа говор и ги повикуваше сите Македонци со зборовите:

“Браќа Македонци! Доjде денот што со години го чекаме.

Земете ги пушките и боретесе за слоодата од турскиот jарем.” Потоа се редеа со своите говори и: Ламбро Браов, Пандо Поповски и Танас Jоргов и во истиот момент се приjавиjа повеќе од 60 селани кои зедоа оружjе и влегоа во редовите на комитските чети.

Малку подналутен ми вели: “И како шчо глендаш, туа нема Гарци. Нема нишчо гарцко. Тие гологасци од Мала Азиjа, ги донекоа, туа на готово, а нас Македонците не испашкае… До кога ќе мораме да ги докажуваме нашето име, презиме и дали сме Македонци? Може ли да се избрише нашчото минато, во овие села, па и токму туа во Костур како народ?” Од дедо ми Дорчо, како шчо по дробно ми раскажуваше, сè паметам за нашчите дедовци и прадедовци и ништо не ми рече дека некоj од нив бил некоj друг, отсем Македонец.

Дедо Дорчо, паметам како денес да кажуваше дека Илинденското востание во Костурско тарело два и пол месеци и дека македонското население во Костурско масовно учествувало во големото Илинденско воцтание, даваjќи наjмногу борци во востанието, но и претрпуваjќи наjголеми страдања и загуби. За разлика од другите реони, каде што востаничките акции тареле само неколку дена или максимум две недели, во Костурско Илинденското востание траело близу три месеци, без да биде задушено, односно воените деjствиjа се прекинати на 14 септември, по заповед на Главниот востанички штаб. Значи, за разлика од акциите во крушево, на пример, каде што востаниците претрпуваат пораз по десет дена и мора да прифатат капитулациjа, востаниците во Костурско воделе партизанска воjна, коjа jа прекинуваат самите.

До 14 октомври, кога Главниот востанички штаб донесува решение за прекинување на воените деjства, борците учествуваат во 17 битки во кои 4,170 востници се судриле со 30,360 турски воjници. Убиени и ранети се 83 востаници и 513 турски воjници. До прекинот на борбите биле запалени 2,750 куќи, или околу дваесет и осум отсто од вкупниот броj куќи во Костурско. Без своj дом останале 15,650 души, а животот го загубиле 413 луѓе. Убиени во одмазнички турски акции по селата.

Со тоа, Костурчани даваат наjмасовен белег на Илинденското востание. Нивната борба траела наjдолго и со наjголем броj жртви. Судбината на таа борба била таква што денес се речиси заборавени.

Турците, посебно; воените генерали, во нивното воjување забележале и jасно го тврделе дека: До сега навикнавме да велиме дека Македонците Комити - Илинденци се борат како херои.

Сега ќе велиме: Хероjте се борат како Македонците Комити.

ЕДНОВЕКОВНО МОЛЧЕЊЕ Но, сакам да jа обjаснам човечноста по меѓу Турци и Грци:

Во селото Апоскеп во 1908 година по востанието на младотурците, е изградена заедничка гробница, за сите Македонски видни воjводи, кои загинаа во Илинденското востание. Во таа заедничка гробница билее погребани наjсветлите ликови; воjводите: Васил Чакаларов, Пандо Шиндов, попот Герман Чиковски од селото Черешница и многу револуционери од Илинденското востание, ама и нивните роднини и други жртви.

Но, кога Грците jа окупираа Македониjа (1913) наречени;

Андартите и гркоманите jа отвориjа гробницата и им ги фрлаа коските низ нивите и ливадите, а гробницата jа наполниа со камења.Се радуваа и неартикулирано пееjа:

“Го нема Чакаларов jа нема Македониjа, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!” Лицето на Крапов станува мрачно и чуствувам дека длабоко му е повредено. Огорченоста во неговиот глас е повеќе од jасна и ми вели: КАКОВ УЖАС!

Тоj дне беше “Духоввден”, празник на основањето на христиjанската црква, а споменот на починатите е почит кон нивните души... Тоа е така каj сите Христjани.

Зарем тоа што го сториjа андартите и гркоманите, нее уште една потврда за опасностите и последиците од национализмот и популизмот што се негува во Грциjа и доаѓа до степен брутално да ги навредува мртвите и да покажува непочитување на историjата? Зарем во таквиот чин можеш да очекуваш цивилизираност на грчкиот окупатор!?

Тешко голтам, чувствуваjќи како гордоста ме боцка во грлото.

Се свртив кон Крапов, а тоj продолжи:

По востанието, почнаа од Грциjа да доаѓаат грчки Андарти (1)

кои имаа задача да jа задушат организациjата ВМРО.

Хероjството на овие чети е познато на далеку, но сакам да кажам една вистина за месноста наречена Сливени, а таму имаше голема заедничка гробница во коjа беа закопани повеќе членови на ВМРО, меѓу коj воjводата Митре Влаот, Лазар Поптраjков, Петар Наумов од Апоскеп и многу други, односно околу 60 души. Гробницата на Илинденците, со гоелема гордост нашето семеjство jа посетуваше и положуваше цвеќе.

Но наj болното се случи по окупаторската грчката власт во 1913 година кога оваа гробница на наjгрозен начин и крвнички jа уништи и создаде гробници како на колачот Павлос Мелас Микис Зезас (2), роден во Месалиjа Епир и ги тера Македонците да им се поклонуваат.

Уништувањето на гробницата на Илинденците, во коjа почиваа великаните на Македониjа и сите други свети места, jа покажуваат вистината за варварството на грчката окупациjа коjа сакаше: сè да избрише од вековното наследство на македонскиот народ, а ние молчиме. Зошто, молчиме!? Зарем, ни доликува, да им се поклонуваме на џелатите!?

Но, наjстрашниот период доаѓа кога диктаторот Метаксас (1936), повеќето селани од Апоскеп беа испратени на островите.

Сакам да истакнам и ова што се случи во грчко - италjанскиот фронт во кои како воjници погинаа околу 36 млади селани бранеjки ги интресите на Грциjа. А тие воjници беа: Панаjот Мишаjков, Спасо Бубев, Мичо Почев и други. Селото беше доста активно и во Граѓанската воjна и тогаш даде огромен броj жртви за слободата на Македониjа, но никои не ги цени.

А заведувањето на македонските народни маси во таа Ѓраѓанска воjна беше, чиста ДЕМАГОГИJА.

Денес, Апоскеп е мирно село и многу гостоприество, многу од селаните се распрснати по светот и грчката власт не им дава право да се вратат, затоа што не биле грци по род.

Ете, jас откако се врати од островот; од тогаш наваму живеам со вината...

Додека ми раскажуваше, изразот на неговоро лице му стануваше се помрачно, неговите очи изгледаа потемни од пепелта...

* * * Во неделните и празничните утра се огласуваа многуброjните и прочуени костурски камбани.

Костур е (ми вели Крсто Крапов), како момче што те заведува со своjата мистериозност и од кое не знаеш што да очекуваш.

Како изминува времето, вистинските костурчани се помалку ги има - изумреа некаде далеку со своите спомени. Ги нема...

Костур во 2011 година, како и повеќето други градови во Македониjа под Грциjа, минаа низ значаjни промени - сè помалку остануваат од старите традиции, што биле вековни, а многу мешавини од новите 27,796 доселеници (колонисти)

просфиги (Маџири - Пондии) доселени од далечната Мала Азиjа по Балканските воjни (1919 - 1922) година.

Тие, од тогаш сè доденес никнуваа во различни делови на градот и внесуваа сè што му беше туѓо на македонско -костурската култура и сега поинаку диши градот.

Во него, дел се крие вековната историjа и голема мешавина од денешната модерност, дури има и по нешто донесено и од Мала

- Азиjа. Човекот е како преселивите птици, носи, зема и го снемува...

Но, ние Костурчани треба да знаеме, дека под старите ѕидини се крие чудесната таjна токму во срцето на Костур се забетонирани многу храмови од нашите предци и нашата историjа. Дел од тие храмови се обвиени со буjано зеленило или под урнатините лежат заборавени наши остатоци...

Пред да продолжи, Крапов размисли еден миг, потоа длабоко воздивна и рече:

Си намнисувам, во неделите и големите христjански празници, уште во утрината ѕунеа, се огласува многуброjните прочуени Костурски камбани, лиени и донесени; од Русиjа и Украjна. Од звукот на камбаните, сега далечни за многу Костурачни, некаде вика, мами... Ах, тие наши браќа, колку се осамени, колку боледуваат за звукот на тие костурски камбани. Звукот, се враќа сè до голама Русиjа... А, осамената љубов на Костурчани, тиха и незабележлива, катадневно, понекого од родот убива...

Некои важни презници и обичаи на Костурчани, од Гркот, веќе се забранети и се забораваат. Повеќето костурски празници се темелат на Библиjата и главно се или сезонски празници поврзани со различни жетви или, се поврзани со историските настани.

Како дете, мое омилено време во Костур беше Велигден.

Тоагаш ме облекуваа баба Дора и мама Вана, во македонската руба што ми jа сошиjа за наjомилен ден. Кога се кршевме со црвени jаjца со приjателите и ги jадевме по долгиот пост од шест недели пред Велгден. Особено ми се допаѓаа свеките направени посебно за децата во форма на мали кошнички, кои беа лесни за држење. Да, Велигден беше бескраjно среќен период од годината, зашто се прославуваше нов почеток, надеж и величење на животот. На Велигден, народот се веселеше, си честитаа, се заљубуваа, се почитуваа... Ех, моj приjателе.

Македонската култура во Костур умира и со неа умираме и ние.

Таjната се крие во родот наш Македонски, во самите нас. Ние никогаш не се заколнавме дека ќе jа штитиме оваа наша прадедова земjа... Само длабоките корени беа потврда на нашиот идентитет, а не бегање и пропагирање космополитизам.

Судбината на Македониjа, не е само на Костур, е историска пред, сè на самите Македонци од овоj дел на Македониjа.

Не ми се веруваше дека сето овоа што го кажува. Стоев онемен и скокален, но видно вознемирен.