A Century of Silence (1913-2013)
ОД ИСТОРИСКИТЕ ТАJНИ АРХИВИ - Part 01
ОД ИСТОРИСКИТЕ ТАJНИ АРХИВИ:
Мотивите и програмата што ги имаше владата на Атина за отселувањето на децата.
Ете како jа обjаснува програмата на владата на Атина за “Педомазома”, Klars Barenzen: И двете завоjувани страни во Граѓанската воjна се базираа на тоа дека сите отселувања (миграции) на деца од воената зона, настануваа од нужност и причините за “одземњето” секоjа страна го правела истото, како што го правела и другата страна. Од сето иследување произлегува дека и за двете страни, многу е тешко да се откриjат точните мотиви и да се каже: Коj, зошто и кога прв почнал.
Педополисите(Детски градови) на кралицата фредирика Во периодот меѓу 1947 и 50 година, беа оформени педесет и четири педополиси низ цела Грциjа. Дваесет и три се наоѓаа во Атина; единаесет во Солун.Другите во Лерин, Кавала, Jанина, Волос, Ламиjа, Агринио, Патра, како и на островите Лерос Крф, Сирос, Тиноена Митилина и Родос.
Идеологиjата и целите на педополисите за Македончињата.
Децата ги учеа да станат лоjални граѓани на грчката држава и безрезервни припадници на грчката нациjа. Според основните принципи на традиционалниот грчки национализам. Грциjа е нациjа – држава, држава чии граѓани се сите припадници на иста култура хомогена заедница, грчка нациjа.
За партизаните (татковците и маjките, на повеќето македонски деца беа исто така насилно земени од комунистите во редовите на ДАГ) обично се зборуваше како за бандити, Криминалци
“или за Предавници”.
Ете, едно парче од пропагирањето:
Партизаните опожаруваа села, уништуваа домови, истребуваа цели семеjства, убиваа невини жртви и, наjлошото од се, ги киднапираа грчките деца од рацете на нивните маjки и ги испраќаа во неприjателските земjи. Но, грчката душа сега со своjа сила се сспротивстави и вооружените млади Грци jа ослободиjа нашата земjа од словенските орди. За наша среќа, нашата Голема кралица, нашата сакана маjка, не спаси од канџите на неприjателите на нашата татковина со тоа Што заедно не собра во педополисите (Гритзонас 1998, 124- 25).
Идеологиjата на комунитите за Македончињата За комунитичката страна, информациите што се присобрани од УНСЦОБ и од други извори, покажуваат дека масовните иселувања не биле почнати во март 1948 година, иаку неколку групи деца биле земени уште во jануари. Ларс Барентзен звештаj на УНСЦОБ а/574 стр. 30;
“Се обjави дека иселувањета почнале уште во jануари 1948 година, но активно продолжиjа во март”.
За владината страна, во спомените на кралицата Фредерика се тврди и многу jасно е дека “борбениот пат”, за “одземание на децата пред да ги земат комунистите”, почна одма по создавањето на Кралското Здружење за Грижа на деца, во jуни 1947 година, но расположивите писма со поплаки, потврдуваат дека многу покасно се принудени на таква специjална програма за отселување на деца, приближно се совпаѓа со истиот период на време, кога и владината пропаганда почнала да ги обвинува комунистите дека вршеле “Педомазома”. Вероjатно изjавата на кралицата се однесува на некоjа збрка со општата преселба на села од воената зона и кога владината воjска jа имаше почнато уште во 1947 година и што требаше, природно, да прими илjадници деца и немоќници”.
Да напомениме дека комунистичкото министерство за надворешни работи, своjата декларациjа со датум од 7 март 1948 година се вели дека: “За последната наредба на Фредерика” за собирање на сите деца во детски логори со едно оправдување дека сега тие тоа го прават исклучиво за тоа што тоа го прави истото и кралицата.
Можеби тоа имаше врска со едно обjавување што имаше обjавено и грчката влада на Атина, предходниот ден, на 6 март 1948 година дека броjноста на одземени деца се движи околу 14,000 деца од Северните “бандитски” реони. (Согласно информациите на Британиjа од Солун “Од дописите на архивот на американското министерство за надворешни работи: 868.
00/3-1948).
Оваа вест, коjа доаѓа по осум дена од почнувањето на пропагандистичката операциjа против комунистичкото “Педомазома”, изгледа дека произлегува прва официjална вест за една таква работа од атинската влада. Ова се совпаѓа со веста дека весниците во Атина почнаа во март да обjавуваат написи за мали групи деца кои беа иселени или имаа избегано од северните села на Грциjа со цел да се спасат од насилното одземање.
Слично, во истото време, комунистичкиот печат обjави и првата жалба за една вероjатна владина акциjа за “земање на деца од маjките”.
Согласно едно американско сопштение кое зборува за времето од jануари-март 1948 година потврдува:
“Окружните управители, воjската и морнарницата се сложиjа на соработка, на планот од кралицата Фредерика за отселување на деца. Целта им е да отселат 10,000 12,000 деца. До 31 март имаа отселено 6. 240 деца (тоа го потврдува: Програмата за надворешна помош на ИПА Foreign Relief Peogram), Грчка мисиjа, jануар-март 1948 година, стр. 14).
Американската мисиjа за помош на Грциjа (А. М. Г) обjави, во месечната мисиjа за април 1948 година, дека мисиjата jа пратеше владина( експедициjа на оддалеченост) и дека “Со препорака на истите во назначените места) останаа спречени да контролираат, но Мисиjата, оцени дека броjот на одземените деца е околу 10,000.” Иаку и УНСЦОБ не се занимаваше, официjално со претпазливоста што jа земаше грчката влада, комисиjата испрати на 19 април 1948 година, еден лист прашалник до грчкиот претставник-довереник, за да прибере информации во врска со броjот на децата за грижување на отселените деца од страна на грчката влада, токму од северните реони на Грциjа.
Грчкиот претставник, одговори на 23 април 1948 година и кажа дека има 5,500 деца на возраст од 3-14 година и беа отселени од целокупните реони на Македониjа и дека приближно 2,150 деца беа сместени во разни центри во Солун. Но, исто така околу 5,000 деца беа собрани и од Серес и Тракиjа. Ова дело го извршиjа под надзор (налог) на министерството за општествена грижа (Извештаj на УНСЦОБ А/754(1948), стр. 19.
Атинскиот печат почна да обjавува подробности за владината акциjа за иселување на деца од 1 април 1948 година.
Со наслов: “Денес пристигнува во Атина првата група деца” и понатака пишува “Катимерини” дека “1,000 деца од реоните во кои владеат бандитите (партизаните на ДАГ) беа пренесени со еден брод од Солун во селото Кастри, на Кифисиа. Една втора група ќе пристигне “Утринава”, значи на 2 април, во Пиреа и уште една трета група ќе пристигне” по неколку дена. “Овие деца ќе се пренесат во Патра и во Сирос.” Во истиот лист на “Катемерини” се обjавиjа и опишаа две средби кои се оствариjа во вчерашниот ден: “Кралицата, вчера во 11 часот го прими потпредседателот на владата господинот Цалдарис и господинот Гкрисгулнт и се задржа на подолг разговор. Во текот на разговорите, кралицата ги запозна господата Цалдарис и Гкрисгулнт со постигнатите успеси и соработка што ги имала за постигнатото денес за акциjата од собирањето, преселувањето и згрижувањето на децата кои беа откинати од бандитските северни реони (се мисли на Воденскиот, Леринскиот, Костурскиот и др.” Весникот пишуваше, дека нужни се оваквите средби и треба да продолжат, а едно такво советување се одржа и во министерството за надворешни работи, под председателство на Цалдарис, на кое имаа земено учество многу грчки министри и Американски мисионери, но тука беше и специjалнио назначен на чело на американската воена мисиjа, генералот Ван ФЛИТ(Ван Флеет. ).
СЛЕДЕА ХРОНИКИ НА ИНЦИДЕНТИ Согласно репортажата за ова советување, беа именувани “повеќе комисии и поткомисии” и имаа почнато со истото дело за собирање на децата “со помош на воените Каманданти кои биле во тие реони”.
На советувањето се реши да се отпочне една нова комисиjа од председателството на министерството за Грижа. Ова комисиjа ќе требаше да има “Исклучителна задача и да изработи целосен систем за згрижување на иселените деца”.
На краjот, статиjата завршува со тоа дека се разговарало за две опции на грижа за таквите деца. Едната беше за сместување на групи деца во хуманитарните здружења “каде ќе ги имаат целосно школување и грижа”, другата опциjа беше сместување во одредени семеjства, во кои веќе имало наjавено дека одредени семеjства се спремни да примат голем броj деца и да им пружат гостоприемство. Со таквата акциjа, државниот буџет не би се оптоварил премногу од овие програми, бидеjки парите беа депонирани од касата на кралицата Фредерика и биле сума:
Се одредила сума пари за згрижување на децата за потполно покривање на трошковите за време од околу шест месеци.
(Види весникот: “Катемерини 1. 4. 1948 година). Авт. Превод).
Мотивите и програмата што ги имала Привремената Демократска Влада (ПДГ)-ДАГ и КПГ.
КОБНАТА 1948 - факти и валкани цели… КПГ од македонската македонското крепко и вековно семеjство, на Македонците им создаде политичко семеjство - го распарчи и jа обездети куќа.
Раководството на КПГ, акциjата за евакуирање на децата -чедособирството jа мотивираше и jа образложуваше со потребата за спасување на децата од ужасите на воjната, но, тоа би требало да уследи по молбенобарање на нивните родители.
Што тоа значи? Тоа значи оваа акциjа на КПГ со помош на македонските организаии НОФ и АФЖ се чисти факти и валкани цели.
Сега НОФ и АФЖ не правеа ништо друго освен што трчаа по лавиринтите што им ги црташе Захариjадис.
За да се добие реална и обjективна престава за општата политика на Грциjа за траjното уништување на Македонците е иста без оглед на политичката физиономиjа на режимот (монархистичка, републицанска, либерално - демократска, авторитарна), сега КПГ со цел да се ослободи од секаква одговорност за таквото незаконско чедособирство - кое преставуваше геноциден зафат, за акциjата да успее требаше да се убедат родителите да jа прифатат одлуката. Така и сега како за многу важни прашања, КПГ проблемот го активира преку НОФ и АФЖ да организират широка политичка активност меѓу населението, коjа резултираше со молбено барање на родителите за евакуциjата на децата. Но, набргу се виде дека хуманоста не е била единствениот мотив, туку се виде дека КПГ и военото раководство ДАГ имале за цел од овие деца да го решават проблемот со борбените резерви на ДАГ, и што е било можно да ангажира нивните родители во борбените воени ресурси, што се покажа дека до 1948 година, КПГ како водач на на Граѓанската воjна не успеа да го решипро блемот со мобилизациjа на нови бориц низ цела Грциjа.
Од печатот на ДАГ и КПГ (партизаните-андартите):
Многу брзо, по првите жалби на грчката влада, раководството н ДАГ (КПГ), потврди дека навистина имало таква акциjа за собирање на деца со цел да ги оддалечи од Грциjа. На 3 март 1948 година, радиостаницата на “Слободна Грциjа” го потврди следното: Партизанската (Андарската) Радиостаницата обjави дека согласно ‘договорот’ помеѓу земjите кои беа членки на коминформ, Грчиња на возраст од 3 до 14 години ќе се испратат во Бугариjа, Jугославиjа, Албаниjа, Романиjа, Унгариjа, Полниjа и Чехословакиjа. Согласно со ова обjавена вест, во ‘Слободна Грциjа’ (Значи во реоните под контрола на партизаните-(Андартите) имало барања од народните одбори во овие реони за со молба за згрижување на нивните деца и бараа организирано да им се овозможи испраќание во демократските земjи кои веќе дадоа согласност за прием и гостоприемство на овие деца, бидеjќи тие ќе бидат жртви на америкамскиот окупатор. Тие таму ќе можат да си го продолжат своето школување.
“3 март 1948 година” Реакциjата на вториот човек на ДАГ: “Вистинскиот, достоинствен и човечки потфат на ДАГ, е окарактеризиран од владата на Атина како ... ‘насилно собирање на деца’...
‘чедоубиство’ и ‘Јаничарење’. Но вистинското насилно собирање на деца и јаничарење тоа го направи истата држава на Атина, бидејќи многу деца на партизаните на ДАГ, со невиден терор и со измама се најдоа во нивните раце, каде ги имаа затворено во разни т.н. школи на кралицата Фредерики во Лерос, каде навистина ги воспитуваа за јаничари и ги учеа децата дека нивните родители им се предатели и треба да ги потскажуваат на органите за прогон и државна безбедност!” На 15. Март 1948 година, весникот ‘Ексормиси’ што го печатеше: Демократската Армиjа на Грциjа во реонот на планината Грамос, обjави едно попозно известување на министерството на Надворешни работи на Привремената Влада, со датум од 7 март 1948 година. На почетокот се обjаснува за првичните зафати на прагматичниот потфат:
“Народните и други организации за згрижување на деца од ‘Слободна Грциjа’, и многу илjадните родители и ополномоштени, се обратиjа пред извесно време со апелирање до човекододетелските организации на народно-демократските земjи и побараа од нив да jа земат грижата за грчките деца и детска младина, коjа е на работ на гибелот од варварството на монархофашизамот.”
“...Човекодобродетелските организации и покровителите на детските организации, како и други разни организации на младината на овие земjи, со особена радост и задоволство ги прифатиjа молбите на овие родители и изразиjа подршка за грчките деца, па дури и иако треба да ги задржат на подолг период на време.” Значи: по ова “гаранциjа”, од овие организации; КПГ и Привремената Демократска Влада: “Реши да ги прими сите молби на народните одбори (организации) и на родителите и да ги задоволи со тоа што ќе го одобри заминувањето (иселувањето) и останување во тие земjи на децата, се додека условите во нашата земjа не бидат безбедни за нивното враќање” (10)
Понатака во весникот не се даваше некоjа поконкретна информациjа за хронологиjата за важноста и опстоjателствата на ова решение, но од искажаното се обjаснува со изопштвеност за создадената положба:
а/Катастрофата што се создаде од политиката на
“монархофашизамот”, б/ Проблемот е се поголем со храна за децата, в/ Скитањето по патиштата на градовите и селата околу 150,000 и повеќе деца од кои секоjдневно умираат по десетина, г/ Последниот указ на кралицата Фредерика, коjа им нареди на потчинетите да ги соберат сите деца, без разлика да ли се во центрите на градовите или било каде, за да ги претворат во Jаничари и да ги стават со сила во хитлеровската организациjа на младината и на краj, д/ Наjсуровите и наjстрашните бомбардирања на незаштитените жени и деца, од кои во последно време беа убиени околу 120 деца.
Истиот лист од весникот “Ексормиси”, обjави еден новинарски напис од еден овластен на “Ексормиси” и се вели: “...дека посетил повеќе реони на “Слободна Грциjа” со наслов: “Жените и децата се заблагодаруваат на Привремената Демократска Влада на ДАГ”. Тоj во своjот напис обjаснува дека има уште многу родители и од селата кои се под контрола на Владата од Атина. Тие доjдоа до “Слободната териториjа” во слободните села и напишаа молби до Народните Совети, да ги замолат и да им дозволат да ги примат и испратат и нивните деца, бидеjќи во тоа време се вршеше попис за масовно иселување на децата од овие слободни села. Едноставно се молеа и тие да им ги запишат (стават во нивните во тие спискови): “Од половината на февруари до 5 март, од 59 села, родителите ги имаа дадено своите деца и броjката изнесуваше 4. 784 деца”. Весникот ги дава истовремено дури редоследот на броевите под кои се запишани децата, а тоа го прави за деца од повеќе села коj ги именува со името, и во тоj ист напис обjаснува за уште “стотици” телеграми од родителите кои jа изразуваат благодарноста кон Привремената демократска Влада (11)
Две недели подоцна, на 1 април 1948 година, весникот “Ексормиси” напиша дека:
“Во волски коли и на мазги, коњи и магариниjа беа натоварени деца, многуброjни фаланги конвоj од мали деца се движеа пешки кон разни правци”. Пристигнуваjќи на еден таков конвоj во едно село, доцна во ноќта, се опишува со детали: неколку одеа пешки. Други качени на коњи, мазги, магариниjа и покраj нив одеа нивните маjки. Тие беа од селата (Загоричани, (Куманичево, Бомбаки, Тиолишта, Кондораби. Наjмалите беа позаспани качени на магаренцата. Кога децата се разделиjа и се оддалечиjа во приквечерината: “Истите маjки кои ги пратеа своите деца останаа да ги гледаат од далеку”, тие се повеќе се одалечуваа. Ги отпоздравуваа со маjчински солзи и болка и со една неописива омраза кон англоамериканските окупатори и монархофашисти, кои беа виновно за децата што не им ги оставиjа на своите маjки да си ги радуваат своите деца!
Потоа следуват неколку статистички податоци:
“До моментот се испратени пет групи. Се иселиjа околу 1,884 деца со околу 100 жени кои ги надгледуваат децата. Во овие денови се припремаат уште 3 групи од 1,150 деца.
Во истата статиjа се тврди дека:
Во заробената Грциjа, монархофашистич-ката влада на Атина обjавила една дива воjна Против Грчињата и на нивните маjки.
Воjската и милициjата деjствува и врши воени експедиции по селата и ги грабат малечките деца од прегратките на своите маjки.
Од 150 дечиња кои ги грабнаа монархофашистите од селото Буф-Леринско многу маjки успеаjа од скришум да си ги одземат своите 25 децаа тоа се случи токму во центарот на Лерин. Потоа сите маjки заедно отидоа и се пожалиjа и си ги добиjа назад своите одземени деца.
На краj статиjата потврува дека во реоните на Александруполис, владини агенти им се заканиjа на група родители, ако не им ги предадат нивните деца кои посакуваа да ги соберат и однесат во логорите на кралицата Фредерика.
Весникот “Ексормиси”, коj го издаваше ДАГ во реонот на Грамос, обjави сопштение на министерството за надворешни работи на Привремената Демократска Влада на Грциjа со датум од 7 март 1948 со наслов “Родителите и децата jа молат владата” и понатака се вели дека “Од средината на февруари до 5 март, од 59 села на слободнататериториjа родителите дадоа 4,784 деца”, а исто така на 20 март привремената влада донесе решение за евакуациjа на сите деца што се до возраст до 14 години да се испратат во Jугославиjа, Унгариjа, Романиjа, Чехословачка и Полска и, според податоците биле испратени околу 28,000 деца.
3. Мотивите и програмата што jа имале македонските комунистички организациjата НОФ и АФЖ.
Дали нас Македонците не водеше некаква верба во сопственото револуционерно искуство и сега посакавме да отвориме нов период во развоjот на македонските револуциони традиции или нешто друго.
Но, се поставува прашањето; дали НОФ и АФЖ имале сознание за границите на можното, што всушност можеше Македонскиот народ да добие од таа Граѓанска воjна, или несвесно jа прифатиjа лекомисленоста за таков голем исчекор. Говорот на веродостоjните факти, кажуваат за некоректност и за непрофесионалност во водение на политиката и способност за водение еден народ, оти сите исходи на настаните тоа го потврдуваат. За нас Македонците, за време на НОФ се уриваше едно да се “сошие” друго.
Повикувањето на Сенароден Фронт, значи, да претпоставиме дека тоа беше повик за спас од кризата на нашиот мекедонски идентитет во Грциjа, а факт е дека македонскиот човек во 20-от беше по потрага по своjот индетитет. Но таквата агресивна агитациjа на НОФ (потсилена од тугинците, посебно од КПJ/КПМ и програмата што му jа сопштин а НОФ , Цветко Узуновски се вели: Денес Jугославиjа стана центар на револуциjата на Балканот и дека македонското прашање стана jугословенско прашање, поради што КПJ во Егеjска Македониjа ги формира овие партиски и политички организации НОФ, АФЖ и НОМС на кои сте вие на чело. Задача на овие организации е даму дадат jугословенска ориентациjа на македонскиот народ во Егеjска Македониjа. Сега, Македонскиот народ и македонското движење се под раководството на КПJ. Македонскиот народ од Егеj ќе го наjде своето целосно воспоставување само во рамките на федеративна Jугославиjа, а тоа на Егеjска македониjа да се приклучи кон Jугославиjа. (АМ. Архив на Македониjа. Ф -
20/276, Ф- 20/196. )
За жал, по потчинувањето под КПГ ориентациjата сега беше сосема друга (нема обединуваниее кон Jугославиjа туку таа сега стана матрица и нужно поведение каj широките македонски слоеви, кое се усмери кон само: “Уништување на англоамериканските окупатори” и таквата насока на агитациjа, стана рак рана во македонскиот обичен селанец. Тука, ама баш тука го истроши и своjот интелектуален ум и своjот живот и си го отвори патот за прогонството.
Времето на вистините и нашето робување во поданство Борба со злото?? И така, НОФ, со своjата ропската послушност и свиткан ‘рбет и сега како и во 1946 година со не спласната еуфориjа го презема водството во организиран мрачен поход и не доведе до наjновите страдања. НОФ иАФЖ, веЌе беа препуштени на грижата на КПJ/КПМ, односно-jугословенскиот моќен центар, коj управуваше преку директиви.
Треба отворено да се каже, дека по ова акциjа (со децата), НОФ повеќе не претставуваше ништо. Со судбината на овие деца располагаше КПГ и ДАГ, како што беше и со нивните татковци и маjки.
Но, што е наjважно; НОФ ниту презеде, а и ниту можеше да преземе било каква акциjа во полза на македонските деца, со нив сега располагаше КПГ и раководителите на ДАГ.
Се поставува прашањто:
Што би било ако 28. 000 деца останеа во Грциjа и ќе имаа можност да се вратат во своите домови? Дали такво прашање си постави НОФ? Денес имаме илjадници примери кои насила се вселуваат во туѓи земjи, а ние се иселувавме под пропаганата на КПГ! ЗОШТО?
Сведоштва: Говор на НИКОС ЗАХАРИJАДИС на вториот конгрес на народноослободитениот фронт.
25 март. 1948 година
“... Илjадници деца се спасиjа и се обезбедиjа во земjите со народна демократиjа. Така словеномакедонскиот народ е мирен од ова гледна точка (12).
Како да се протолкува ова утешување од вождот на КПГ (Граѓанската воjна) за обездетување на Македонците...??!!
Впрочем, “крупните чекори”; на македонскиот народ и не му беа потребни. Од таквите преамбициозни народни водачи ( тука вклуваjќи ги и НОФ и АФЖ), кои секогаш преземаа “крупни чекори” на секоj план, една од заостанатите прегазени жртви е и децата кои до ден-денес останаа по светот, чие “Спасување” како феномен на едно време, вероjатно траjно ќе остане како неприjатен спомен во македонската историjа.
Во тоj дух, да jа проследиме: “ Нова Македонка”, весник на АФЖ од септември 1948 година, пишува:
“...Денеска сите се насолзивме. Се трогнавме како никоjпат.
Седевме во сенката под една топола. Никоj од нас уште не спиеше. Се стемнуваше и ќе тргнувавме на работа, ноќе работевме. И...еве jа другарката Цвета од АФЖ. Само што иде, ние се радуваме. Кога е со нас, не знам зошто не се плашиме нит од топот.
Овоjпат ни донесе писма од нашите деца, коишто се наоѓаат во народните републики. Ги читаме писмата, рацете ни се тресат.
Срцето ни чукаше силно, но нашите ластари беа далеку. Што убаво ќе беше да ги бацевме малку!
Но тука идат аероплани. Алтилериjата фрла гранати по нашите села. Колку е убаво што нашата Влада ги испрати таму нашите деца за да се спасат.
Сега ни се наполниjа очите со солзи. Ни пишуваат дека живеат добро... Само за вас мислиме, ни велат, вашите маки, воjната...
Кутрите. Кога ќе си ги видиме пак? Ќе ги видиме кога ќе се ослободиме. Што убаво... Но за да се стори тоа ќе треба да го победиме фашизмот. А за да го победиме поскоро сите треба да се бориме. И ние во рововите се бориме.
Ванош напревивме повеќе три бункери. Тоа го правиме за да ни се вратат побргу нашите деца, за да си одиме дома ние и нашите мажи...” Читаме:
“...Не, jас не го оставам моjот другар, моjата сестра и брат ми да се борат овде, а jас да заминам со децата. Знам дека тие ќе бидат безбедни, имам полна доверба во избраните афежетки, а jас овде ќе можам повеќе да придонесам за борбата.” Зарем ова не значи тотална подредување на волjата на поединецот кон некоjа надворешна сила (идеолошка сила)?
Невидени злоупотреби на идеолошката моќ.
Ете, така обземени од масовната еуфориjа, поверувавме во раѓањето на еден нов ден. Непознаваjќи ги условите на постоjаното спротивставување меѓу капиталистичката империjа на Запад и комунистичката империjа на исток.
Таквото контролирано агресивно однесување може да се види и од паролите со кои го повикуваа народот.
Трагични и катастрофални последици врз македонската нациjата.
Историjата познава трагични случаи на разделби, одземање и откинување на деца од родителите. Независно од мотивите, судбината на откинатото дете секогаш носи белег на трагизам.
Разделбата не едно дете од родителите е несреќа, немерлива трагедиjа и за детето и за родителите, но разделбата на илjадници деца од родителите и татковината претставува веќе трагедиjа на нациjата. Оттука раселувањето на македонските деца од Македониjа под Грциjа е и дел од наjновата историjа на македонскиот народ.
* * * Чекоревме по познатата калдрмисана улица, што некогаш костурчани jа викале “Рибарска” и чувствувавме духовен мир, а очите ни беа насолзени.
Крапов ми вели: Ова сè се правеше само за нас Македонците.
Во тие години дури и да се наоѓаше на вистинската патека, ќе бидеш прегазен ако само стоиш таму...
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/19 на 29 октомври 2026