A Century of Silence (1913-2013)
ФАКТИ И АРГУМЕНТИ - Part 03
Гламна гламносана да те видам, изгорена да бидеш и ти како маjка, за да осет за чедо колку боли. Улувеjка да те вида по дрвата да кукаш! Да не фтасаш да се радвиш! Детето ми го зеде, господ да те умори!
Ми го зеде наjмилото- маjкино! Душата маjкина. Флоринот маjкин! Единец моj... и по толку години не знам каде е?
Ете поминав цели четириесет години со лелек и болка...
Ги изнарече сите маjчински клетви, како да ѝ олесна. Се потсмири и ми расправа по ред:
Крсто, тоа jануарско утро пристигнаа многу камиони и чувари, а пред секоj камион и по две големи кучиња. Пристап имаа само воjниците и џандарите.
Ми го грабнаа детето и со тоа ми jа одзедоа маjчинската сила.
Тоа беше мое и твое чедо, насила ми го откорнаа од градите мои. Тоа ми беше царот на маjка.
А тоа викаше: “Мамо о о, не ме даваj!... Те сакам, мамо! Заедно ќе го чекаме тато...” Наjмногу те сакам, напишиму и на Тато и доjдете да ме земете.
Овие се лоши луѓе ќе ме убиjат, мамо, мамо… Така ме молеше, тоj единец на маjка, а сега незнам каде го имаат и дали е жив?
Таа беше жива слика со натрупана болка.
Брмчењето на воjничките камиони и кучешкиот лавеж ги заглушуваа маjчинските гласови, Луѓето го креваа погледот кон небото, белузлаво од димот и прашината.
Со несигурен чекор и изобличени лица, извикуваа маjките и истрчуваат, се туркаат. Сите сакаат да им кажат неколку зборови на своите блиски.
Тогаш, Кираца силно заплака. Каде е неjзината утеха? Коj е тоj бог коj допушта една добра маjка да ги послуша клетвите упатени до кралицата да и спречи.
Меѓутоа, никоj не успеа да се ддоближи до камионите, бидеjќи од ненадеж настана хаос. Толпата, чии први редови jа сочинуваа наоружани воjници и офицери.
Маjките насолзени изустуваа со упатени клетви, а и гласови од поединци кои велеа; Срамота за една Кралица! Срамота, за една една држава…
Кираца наjлошото го почувствва, во еден момент кога чуварите jа напоменуваа да се отргне подалеку, а ужасните кучиња дресирани, да го мразат човекот го дргаа своjот ремен, готови да скокнат, тие лаеjа гледаjќ jа со своите црвени очи спремни да jа нападнат и распарчат.
Воjниците удираа со сè што им беше прирака. Еден разулвен командант,замавна со кондак и токму jа погоди Кираца. Очите ѝ побелиjа, се затетерави држеjки се за глава. Силниот звук, се посилно и одѕонуваше, одваj забележа еден белокос старец, коj држеше стап и чекаше подалеку од толпата. Беше потпрен на еден ѕид и плачеше.
Кираца силно заплака и целата се тресеше и викаше: Не! Боже спаси ги децата...
Воjничките Камиони, покриени со дебела цирада, забрмчиjа и тргнаа, на пат за голите острови на Грциjа.
Иаку ужасот и стравот ѝ ги растроиjа мислите,сè уште беше способна. Таа и сите маjки и блиски трчаа по нив, но набргу ги престретнаа голем броj џандари со големи дресирани песови, ги спречиjа. Удираjќи безмилосно со кондаците и грдеjќи ги со гадни зборови.
Очите ѝ блеснаа со чудна возбуда и Кираца, раскажува: Плачат старци, плачат жени и деца. Сите плачат... Цел Костур и Костурско плаче. Оф, мака... Камионите заминаа, децата веќе не го гледат езерото... За нив збогум, сакан роден Костур! Каj секое дете се раѓаше прашањето: “Дали ќе се вратиме и видиме некогаш повторно!” Ете, што можела да направи една кралица без маjчиско чувство...
Така беше Крсто; ние понижени како кучки се враќавме дома, со болка и осаменост.
Ми го истргаа од раце со силен плач, чиj одек уште ми одѕвонува во сето мое бие. Ме растргнува, ме раскинува, ми ги кине нишките на разумот, ми го зоврува умот, ме враќа во детството, во љубовта наша, во нашите надежи, ме повампирува,во мене раѓа бури, ме отугува од живиот свет...
Сакам единствено син ми да ни се вратат дома. Понекогаш сакам да продолжам со животот, таму каj застанав, но неможам.
Што зло не наjде од овие Грчишта? Катадневно ги рушат македонските семеjства, jа обездетуваат македонската куќа, не прогонуваат. Откаде Грците, откаj доjдоа овие луѓе, тие ти биле од некоjа духовно осакатена цивилизациjа, сè што прават спрема нас староседелците го доживуваат како сосема нормална реалност, а тоа е геноцид, сакаат да не снема од родните домови, од нашиот Костур и костурско.
Старите велеа: Од кога доjде Гркот и господ Бог си заминал од Македониjа.
Немам солзи повеќе. Понекогаш сакам да продолжам со животот, токму каj сум застанала, но откако ми го зедоа детето и со тоа ми jа одзедоа маjчинската сила. Ми го грабнаа, како од кучка, ама не само мене, на многу наши жени…
* * * Кога легнавме во постела ѝ раскажав сè што мене ми направиjа на островот, дека ми го уништиjа семто, ми jа уништиjа машкоста . И реков:
Жал ми е. Не сакам да ти нанесам болка, но треба да jа знаеш вистината... Ми jа уништиjа машкоста. Знаев дека сè уште ме чекаш.
Овие зборови jа погодиjа право во срце и гледам ѝ и се ороси челото со пот, а очите и се наполниjа со солзи. Кираца jа положи главата врз моето рамо и ги затвори очите, а одваj изусти:
“Значи, ни го уништиjа родот??!!” Кираца, стана, прошета по собата, застана до прозорецот и долго ѕвереше во темницата.
Некаде во тоj густ мрак, беше изгубен нашиот живот, како и на многу костурчани. Се прекрсти и рече:
Даj ми сила господе Бог, да го издржам она што не можам да го сменам... Како да го прифатам и ова, тие се обмислени зафати;
ѕверски зафати и уништувачи потфати што одамна ни ги прават овие окупатори, можеби само еден господ Бог знае. А ние?
Молчиме и бегаме. Во бегството наоѓаме спас. Како да не знаеме дека овоj Костур го градел нашиот прв, пра дедо цар САМОИЛ.
Тие што ми го грабнаа детето, ниту со изгледот, ниту со однесувањето не беа обични луѓе, туку- крвопиjци.
Да! Тие се луѓе со духовно осакатена цивилизациjа. Тие луѓе, ненаситно ги убиваа нашите предци- Илинденци, а сега и нашите деца...
Со години над нас вршат геноцид:
Ни го смениjа името и презимето;за што нашите предци верувале дека името на човека е суштинско за идентитетот, за лицето, за чии и коj е човекот!?
Ни го смениjа етничкиот состава, донесоа азиjадци од Пондиjа;
Ни го забраниjа насушниот jазик наш - маjчинскиот jазик коj е основно човеково право...
Ни jа избришаа историjата; коjа jа носевме од дедо прадедо во нашата свест, во нашата душевна храна...
Ни ги поништиjа светите цркви и ни ги прогониjа нашите попови, а тие што се противе-ги заклаа и никоj не знае каде им се коските.
Ни ги уништиjа сите наши знаменитости и гробиштата.
Свесна сум дека од овие окупатори, ние Македонците не очекувавме “љубов”, туку малку разум, но од овие окупатори:
од обичниот човек до кралицата ете цели триесет и повеќе години не владее разумот, туку нека знае светот дека и, конечниот план им е; да не уништат и никоj никаде во историjата да не се спомниме ние домородците Македонци.
Целта на овие окупатори им е: овоj наш македонски народ да остане во книгата на анонимните мртви.
* * * Кираца, преживуваше ужасна грижа. Рои од мрачни чувства, ама толку силни што мислеше дека ќе jа столчат без да го види синчето Дончо.
Со години по одделувањето од синчето; копнежот, тагата и темнината се напластуваа врз неjзината душа, се повеќе и повеќе. Живееше и се чувствуваше со некаква вина зошто така лесно им го даде детето и со години jа растревожуваше таа мисла.
Се чувствуваше мошне бескорисна. Не ѝ преостануваше ништо друго освен да се моли за нашиот син да биде жив.
Еден ден клекна, jа стави главата на неговото креветче и се присеќаваше како, во истото креветче, го држеше во прегратка, а тоа со неполни пет години и велеше:
“Мамо, jас сум машко, додека тато не се врати, jас ќе те бранам од лошите луѓе... Не плачи, не тагуваj, еден ден тато ќе си доjди дома, тоj (како што вели баба ми ) бил храбар комита и хероjски го бранеле Костур.” Така растревожена, усните ѝ се тресеа, па jа сврти главата на страна да не jа гледам како лие солзи. Тоа ме здоболе и не издржав...
Времето ѝ минуваше во предиплување на облеката од малечкиот Дончо, за кого не знаевме дали е жив, или не, но живеевме со некаква надеш дава гласините: Децата биле однесени нанекоj остров и таму учеле занаат и дека дека дека еден ден ќе ни се врати.
Повеќе од времето; и ден и нок стоеше пред светицата и jа преколнуваше кралицата фридерика. Го молеше Бога да jа казни; како маjка, како проклета жена, да jа прати во пеколот.
Таа не може да биде кралица, коjа посега по невините деца и маjки на кои им jа обездетува куќата, им го растура родот. На таквата кралица не ѝ доликува: О Боже, сотри ѝ го родот за да почувствува колку боли...
Катадневно, молкот ние издишка, молкот ние лелекот.
На лицето ѝ се гледаше страв и загриженост. Кираца во еден миг се струполи на наjблискиот стол, лицето ѝ збледе. Кога ме загледа, погледот ѝ беше тап како на некоj човек коj преживеал тежок шок. Кираца jа тресеше главата загледана во мене.
Како минуваше времето на нашата осаменост, таа повеќе не плаче туку повеќе молчевме. Таа не чувствуваше повеќе никаква желба да продолжи да живее.
Си велам: тоа ли е краjот? Краjот сега и тука на вратата што чука, во чело што клука, краjот сега е тука!
Не, во Костур имало неверни, но и верни, имало сомнежи и колежи, имало убиства и палежи, имало и распад на смеjствата?
Распадот не раслоjува, расколот не обеспокоjува. Тоа ли е краjот? Тоа ли конечното?
Jас Костур го познавав, кога Костурани меѓу себе си jа дареа љубовта како среќа што заемно се даваше. А сега?
Понекогаш животот те прави да заборавиш коj си?
Но, со таквата болка не живееше само Кираца, туку илjадници Македонки плачеа по своjот род и со полна уста клетви; колнеа, пискаа, врескаа и сите се чудеа како можела да посегни кралицата Фредирика, по овие невини деца, во коjа народот ѝ веруваше и jа почитуваше како Вторра Света Богородица, а таа се покажала како некоа крволочна волчица. Сите маjки палеа свеќи и jа молеа света Богородица Мариjа, да jа сотри, да ѝ го сотри кралскиот род, да jа прати во пеколот, оти таа немала срце како маjка коjа бисе грижила за родот. Маjките на одземените деца напишаа петициjа и испратиjа до сите кралици на цел свет за злото што го сторила. Сите жени христиjанки, бара од црквите да jа анатемисат. И го колнеа родот, го молеа господ Бог да ѝ го сотри родот.
* * * Кираца, ми пишуваше и ми го опишуваше ликот на моjот нашиот син. Но кога ми напиша Кираца дека еден ден и го одзедоа детето. Помислив на самоубиство. Но, потоа дознав дека таквата пеколна грчка стратегиjа била измислена од кралицата фредирика за планираниот геноцид над македонците, за опустошување на македонската куќа. За уништување на еден народ. Таквиот чин, животот на илjадници македонски маjки им направи пекол. Брзо се дозна дека тоа го доживееа илjадници македонски семеjства и им остануваше да живеат живот исполнет со гнев и вечна тага по родот своj.
Човековиот род, до сега, тоа ќе го имаше слушнато многу ретко, само кога некоj во дивината им ги ништеше младенчињата на; волкот, мечката, лисицата, а на нас тоа ни го направи кралицата ФРЕДИРИКА!
* * * И, по толку многу изминати години, се уште чекаме ние со Кираца, а од синчето наше ни трага. Во нашите души; само скрб, сведоштва и молитви...
По моето враќање од пеколниот остров, не бевме способни да го обновиме родот; не родивме деца, а вината беше во мене...
Што jас; како казна од џелатот jа изгуби машкоста. Тоj ести како аждер коj лакомо пие крф од жртвата, ми го стори тоа нечоечко, а и времето на раѓање не одмина...
Но, велат, човек вистински умира кога ќе замре и последниот спомен за него. Моите спомени за моjата Кираца, никогаш нема да избледат.
Поминаа многу години откако последен пат се видовме со Кираца. И тогаш веќе беше остарена, таа не можеше да се воздржи, поради чувството на гушењето предизвикано од возбудата, од болката, всушност наjпосле да проговори за она што ѝ тежеше сите изминати години и ми повторуваше:
Ми го зедоа детето! Сама сум и немоќна. Ми го зедоа единственото нешто што остана во мене, што ме тераше да мислам на тебе, на нашата иднина.
Ништо не боли повеќе од солзите на едно дете, а шчо да ти кажам бре Крсто. Кога го слушав како плачеше моjот Дончо, зарем кралицата Фредирика како маjка, тоа не го разбира..., ми рече Кираца.
Со насолзени очи ме прегрна и ми шепотеше:
Сакам единствено син ми, господ Бог да ми го врати дома.
Ката ден повторуваше; со затворении очите додека климаше со главата, па веднаш ќе ги отвори прашуваjќи се како ќе живееме без Дончо? Ми се отргна од прегратката, одмавна со главата.
Чувствуваjќи како тоне додека jа слушав и зборував:
Те сакам... Секогаш ќе те сакам... Очите ѝ спиеjа со некакво чудно чувство какво што jас добро jа познавав. Не беше тоа едноставен страв, туку страв настанат дека може синот Дончо е земен за да биде убиен.
Таа вечер во старата куќа, владееше наjцелосна и наjстрашна тишина.
* * * Крсто Крапов беше, пред сè стебло со длабоки корени во оваа Костурска земjа. Тоj неизмерно си jа сакаше своjата земjа и градот Костур, бидеjќи таа го хранеше неговиот род, од дедо прадедо. Тоj немаше никакви обрски спрема било кои окупатор.
Гледаjќи jа своjата жена Кираца како плачи и венее, срцето ќе му излезе од своите гради. Плачеше, плачеше до несвест пред сликата на своето синче. И, така сè до ден- денес, во секои миг, споменот воскреснува, душата пламнува и боли, а срцето преполно со нивното синче... Ден по ден времето поминува, горчината и болката напласнува и скаменува, солзите навираат, спомените извираат…
Крапов е толку потиштен што изгледа како да заборавил што сакаше да ми раскаже. Jас го гледав втренчено и со големо внимање. Сличноста на нашите патила беа навистина зашеметувачки, иако забележав дека постоеjа некои работи според кои се разликувавме.
Лицето на Крапов беше многу по остарено од моето, косата изретчена и обелена, забите во неговата уста испокршени, очите избледени и уморни. Но, како и да е, и покраj тие големи разлики, нашата сличност беше невероjатно иста во душевните страдања и решеноста за пронаоѓање на “Братоjадската гробница”. Таму е нашата заедничка болка; на коските од нашите татковци кои беа на куп и измешани во судбоносната гробница.
* * * По кусо молчење, Крапов повторно се созеде и како да проголта нешто; сосема се прекрши, но му се врати гласот и ми вели:
Ех, моj приjателе! Сакам да зборувам малку за нашиот извршен ГЕНОЦИД: за сите тие Грци (комунисти, фашисти, демократи)
кои велат дека не постоиме, за сите тие кои jа водеа воjната (Англичаните, Американците, Jугословените, кои молчат), за сите наши кои изиграваа комунисти и до краj jаваа на бесен коњ (им се чинеше дека го решаваат “Македонското прашање...” и го силеа македонскиот народ, како да си го изгуби своето родно огнише...
Историjата познава трагични случаи на разделби, одземање и откинување на деца од родителите. Независно од мотивите, судбината на насилното откинато и одродено моето дете Дончо, секогаш носи белег на трагизам. Разделбата не едно дете од родителите е несреќа, немерлива трагедиjа и за детето и за родителите, но разделбата на илjадници деца од родителите и татковината претставува веќе трагедиjа на нациjата, а ние молчеме за таквото умислено зло. Оттука раселувањето на македонските деца од Македониjа под Грциjа е и дел од зацртаната стратегиjа по освоjавањето на Македониjа.
Така беше до тогаш... Се убиваше човек, затоа што влегол во егзархиската костурска црква или во преиначената нова црква на владиката Каравангелис, било зачестено и се сметало за чуден чин.
Трагични и катастрофални последици врз македонската нациjата, таквите геноцидни зафати се од почетокот на 20- от век, а ние молчеме. Еве што пишува еден андартин, колач во своjата книга:
Во иследувањето на животниот простор на грчката држава, нужен за економскиот и националниот опстанок на Грците, првостепена цел на власта во Атина, претсатвуваше земjата просторот на Македониjа, но не и неjзиното население.
Крсто стана вознемирен. Му пожолте неговото суво лице и брчки од сегашните грижи, посебно од она што му го раскажа Кираца за насилното одземање на малите деца од кралицата Фредирика.
По враќањето од островот и средбата со своjата жена Кираца, коjа катаден потсетуваjќи се таквиот морничав зафат, таа целосно потонува во депресиjа, а тоj останува без зборови.
Ме погледна со тагослив поглед и ми рече:
Jас сега во стари години, сватив дека вистината и фактите неможат да се побиjат, тие се на наша страна.
Слушниjа моjата тагослива судбина, оти таа е иста и на илjадници Македонци!
Jас, уште пред неколку години, реши да го истржувам овоа нанесено зло - со насилното одземање на малолетните деца и со прогонот на обичните селани. Со години сум читал и собирал сè што било напишано, сè што се раскажувало од тие што останале тука и од сите талкачи по светот, доjдов до заклучок дека зафатот на Грците (комунисти и фашисти), бил геноциден и би можел тоа да го направи и да го изведе само наjлукав неприjател на македонскиот народ со цел: да jа обездети македонската куќа, и да го уништи македонското семеjство и да го протера од родниот краj, а тоа значи; да им се оствари целта:
“Македониjа без Македонци.” Значи, тешко е било да се замисли во каква состоjба биле тие млади маjки, баби и дедовци, браќа и сестри, да гледат немоќни како им се прогонуваат наjблиските.
Значи, зафатот на кралица Фредерика не бил по неважен од случаjот со Евреjте: “Кои Германците ги прогонуваа повеќе од другите” Крсто Крапов, уште од млади години во своето маало живеел и растел со многу другарчиња Евреи, но тоа другарство беше прекинато во Втората светска воjна кога Германците на чело со Хитлер jа окупираа Грциjа, скоро сите беа депортирани во разни контрациони логори и повеќе не се вратиjа во своите домови во Костур. Од тогаш Крапов го измачуваше прашањето:
“Зошто Хитлер ги прогонуваа Евреите, повеќе од другите?” Но, сега по неколку години таков морничав геноциден зафат го прават Грците на чело со Кралицата Фридирика: “Насилно одземание на македонските деца, од своите маjки и ги депортираат по сувите острови!?” Од хроника на воената стратегиjа за геноцидниот зафат за насилното чедособирсѕво:
А/на кралицата Фридирика и Б/ на комунистите кое имаше исти цели!?
Крапов, за таквиот зафат со ужасните глетки на маjките и децата, велеше: “Кралицата се понаша победнички, но овоj неjзин зафат, не го споредуваше само со Хитлер, туку велеше, дека не му е равен ниту Бериjа во Советскиот Соjуз, кога тоj илjадници раселувал во Сибир, а се понашал победнички.” КРАЛИЦАТА СО СВОJАТА ИТРИНА ПРОПАГИРАШЕ ДЕКА МОТИВИ ЗА ЧЕДОСОБИРСТВОТО ( БИЛЕ:КАКО ЗАШТИТАТА НА НЕБОРБЕНОТО НАСЕЛЕНИЕ И ДЕЦАТА СТАНАА ПРОПАГАДИСТИЧКИ ПОВОД СПРЕМА ПАРТИЗАНИТЕ?
Да ги проследиме итрите игри што им ги кажуваа на светот:
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/18 на 29 октомври 2026