Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

A Century of Silence (1913-2013)

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ - РЕЧЕНО ВО ГРЧКАТА - Part 06

Од Стојан Кочов · Дел 11 од 24 · Околу 15 минути

Читај на English

Поразмисли, уште пред десет годин, на 5-от конгрес на КПГ, го поставиjа прашањето (барањето) да не постои за комунистичката партиjата национално прашање во Македониjа, зашто наводно немало веќе Македонци како посебен народ.

Џоџо рече: - А сега би сакал да ви поставам едно прашање другар Рочко.

Ќе мораш да ми jа разjасниш jугословенската политика, титоизмот никогаш не ми бил jасен. Не ми се разбирливи сите подржувачи на методи Шаторов - Шарло, како сега станаа пламени титоисти? А тие заедно со Шарло биле за вистинска македонска опциjа.

Вардарска Македониjа е мала земjа, а и што туку е признаена како федерална единица во СФРJ, без своj суверенитет, значи Македониjа не може да одлучува за своjата судбина, за своjата слобода и за своjата независност, но и за своите браќа во другите делови на етничка Македониjа. Всушност, сега таму, вие Македонците не стоите исправени пред паролата за “Обединета македониjа”. Да ве прашам; што стана со луѓето кои се имаа определено за “Обединета Македониjа?” Рочко премолчи и запали цигара.

Џоџо продолжи:

- Навистина не знаеш? Гледаш дека дури не ни можеш да jа признаеш вистината за тие Македонци што биле ликвидирани за идеите за “Обединета Македониjа”.

Сега вие ми зборувате за нашето определување: кому ние Македонците од егеjскиот дел на Македониjа да припаѓаме;

дали на КПJ или на КПГ. Или да не се припаѓа никому!?

Дилемата не е сложна, но е одлучна. Затоа секоj Македонец под Грциjа ќе треба да одговори. Но да се одговори, значи да се одлучи, бидеjќи живот не е ништо друго освен одлука.

Рочко рече:

Не прави прашања со подозревање. Сите тие прашања во овоj пресуден момент не се толку битни. Секоj поинаков пристап се сметаше дека може Македониjа да jа одведе во ропство и во нова зависност. Jугославиjа е гарант оти Македониjа не можеше сама да се избори за своjата слобода. Та е мала и немоќна.

Џоџо рече:

Не ми се допаѓа тоа што го зборувате, Рочко. Да, разбирам што се обидуваш да не убедите, но ние Македонците под Грциjа, треба да сфатиме дека сме граѓани на Грциjа и туку ни е коренот, инаку ќе бевме третирани како странци. Ние со нашето напуштање ќе им овозможиме да нè ископачат од родните огништа.

Знаете што рекол Сталин за револуционерите: “НЕЛЕЗJА ЗАБЛУЖДАТСJА!” Раковски Рече:

- Или ќе бидеме револуционери и ќе покажеме прво, дека ние сме тука и, второ, дека ние и оние зад Кожув планина и Каjмакчалан сме еден народ, или ќе бидеме малодушни и, плашеjќи се од провокаторите, ќе извршиме предавство против сопствениот народ!...

Џоџо рече:

- Не ме разбира... и не си свесен за тоа. Зошто ми го зборуваш сето тоа? Решив повеќе да не молчам, и да прашам за сè дури и ако е неприjатно, знаеш ли на што мислам токму сега? Но наjважно е тоа што сакам да ти го кажам сега е: измаинаа тие времиња кога решаваа без да не прашаат. Никоj веќе не треба да решава за нас, без наше присуство и согласност! Сега, пак, ние самите наjмногу можеме да си наштетиме себеси, а не некоj друг.

Ние со овоа бегство ќе бидеме виновни не само пред вековното постоење на македониjа и Македонците, пред нашата култура и историjа, туку ќе бидеме виновни и пред Бога.

Грешките што ќе ги направиме денеска можат да се поделат во три категории: воени, политички и морални, а цената на тие грешки ќе jа плаќаат илjадници Македонци. Но и нашето враќање ќе биде за навек запечатено.

Една вистина треба да се знае дека никогаш порано на овие балкански простори ништо не се решавало без големите сили, нивниот збор речиси секогаш бил конечен. И наjмногу добивал оноj што имал своj соjузник меѓу нив. Грците тоа добро го знаат и затоа станаа соjузници со Англичаните, а ние Македонците не сме се поучиле од историjата. Ние Македонците не сме имале никаков соjузник, ниту, пак сме претставувале некаков воено политички фактор. И во Букурешкиот и во Париз и на сите други мировни конференции се решавало без нас, ниту пак, сме имале соjузник што би ги бранел нашите интереси. Сега ние интересите наши ги гледавме во комунистичката партиjа, ама... сега...

Да се бориме или да бегаме?

Оваа хамлетова дилема е единствено нешто со што човекот располага, иако, за волjа на вистината, ретко кога навистина имаме можност да одлучиме. Не се колебам да кажам, дека оваа е чиста идеолопшка мамка (“стратешки планирана иднина”) и сигурно ќе станеме жртви на туѓи интереси, на некакви политички игри. Ова повеќе ми личи на политички замки.

Значи, ние сега треба минатото во КПГ да си го испоганиме и иднината да jа бараме во КПJ.

Тоа што значи ако ние не сме успеале да го извоjуваме максимумот за нашите национални права, токму тука во родниот краj воjуваќи заедно со КПГ, како сега ќе можеме тоа да го оствариме однадвор преку КПJ?! Но, jас се плашам од оваа стапица на тугинците; со давани и одземени слободи.

Убеден сум со напуштањето на прадедовите огништа, ние добиваме документ на национален пораз. Каква иднина ќе не очекува нас Македонците под Грциjа - Незнам, или ќе си го изгубиме контактот со самите себеси.

Сепак, само политички наивци можат да помислат дека целата работа не е договорена на наjвисоки места, кои не ни го сакаат доброто.

Ова наше напуштање на родното место во македонската историjа ќе значи, како голем исчекор во непознатото...

* * * Без тешкотии, бегството на баталjонот на чело со Раковски беше изведен до ситни детали. Некаде пред пладне баталjонот стигна во првото Тиквешко село под Кожув.

Тука пристигна и Џоџо. Следниот ден возбуден пристигна и неговиот “помошник по воени прашања” Гркот Лефтерис Фундулакис. Тоj ги барал во логорот, видел пусто, се чудел и тргнал да не бара.

Му обjасниле дека тие немале ништо против него. Но тоj не може да остане и да командува со овие македонски момчиња.

Тоj кимна со главата потврдно, со тешко срце се качи на коњот и го зеде патот за назад. Него го чекале големи неприjатности.

Тоj пред штабот на ЕЛАС бил како командант, што jа “изгубил”, односно дозволил да му биде одземена воената единицата.

По неколку дена одмор, баталjонот се прекомандува во гарнизонот на Битола, коjа вриеше од нашите пребегнати Македонци кои до вчера биле еласити.

Се разбира, тука не се чувствуваа како гости, туку како се наоѓаа во нивна слободна држава, федерална единица на Федеративна демократска Jугославиjа. Партиско - државното раководство на Народна Република Македоиjа го чувствуваа како све раководство. Угледот на раководните луѓе во Битола, како Титови раководни луѓе, бил огромен. Тие се чувствуваа апсолутно сигурно.

Уште во селото Ваташа, Џоџо со помош на Рочко, доjде во контакт со високи воено - партиски функционери. Но, кога се вратил, бил многу огорчен и на своите соборци и на Раковски му рекол:

- Сега можам да ти го кажам тоа што сакав тогаш да ти го кажам.

Што гледам бре луѓе? Што е оваа делба или таа е уште една разделба на Егеjска Македониjа? Зошто Темпо и други сега се занимаваат со нашите работи? Се чувствувам многу омаловажен како Македонец, многу сум засрамен... Кога застанувам со некоj колега офицер од титовата армиjа, се чувтсвувам згазен, не од неговите нозе, туку од jугословенската политика. Едно време Темпо ни зборуваше за обединета македониjа, сега за обединета Македониjа само во рамките на Jугославиjа?

Знаеш што? Не е сè точно, она што ни го зборуваше Рочко! Ама сега... - и одмавна со рака. назад немало, па што ќе биде, нека биде!

Што мислиш, како ќе заврши нашата приказна? Не сум пророк за да кажам како ќе заврши, велам - како што почнавме, лошо ќе заврши; значи, досега игравме спрема свирката на Грците, а отсега вероjатно ќе играме спрема свирката на Jугословените.

Но треба да знаеме дека со нашето одење, Грците добиваат и им се дава поголема шанса во иднина да се борат за уништување и на Вардарска Македониjа.

Раковски му рече:

- Ни jас; сега не можам ништо да сторам...

Во Битола, обаjцата беа кооптирани во составот на Политичката комисиjа за Егеjска Македониjа. Jас, како член на неjзиниот Секретариjат.

Еднаш, Џоџо на Раковски му рекол:

- Титовите раководители не признаа, но не знам, дали македонската историjата ќе ни признае што толку лесно го напуштивме родниот краj и молкум го прифативме кормиларот коj одамна го има насукано бродот на коj сме натоварени.

Даскалот рече:

Многу од нас, како и каj Џоџо имаше едно отворено прашање кое стално се прашувавме, но одговор не наjдовме:

КОJА МУ БЕШЕ ЦЕЛТА НА ТЕМПО ШТО ГИ ПОВИКА БАТАЛJОНИТЕ (КОСТУРСКИОТ, ЛЕРИНСКИОТ И ВОДЕНСКИОТ ) ВО JУГОСЛАВИJА!?

(Зошто раселување на Македонците!?)

И по логиката сега коj е вистинскиот поборник за човековите права: оноj што се повикува на меѓунардниот закон за да го оправда стоењето настрана додека се врши геноцид во нековиот краj или оноj што опстоjува на родното огниште и е спремен да му се спротивстави?

Но, Џоџо се плашеше да не му речат: “Секоj оноj што не се согласува со нас или се ништожни или провокатори.” Наредбите на тугите богови:

(Чепкање по воените архиви):

Преглед на настани:

4 октовмри 1944 година Радиограма од Светозар Вукмановиќ - Темпо до ВШ на НОБ и ПОJ за неправилниот став и однос на грчкото раководство на отпорот спрема Македонците од егеjскиот дел на Македониjа.

Радиограма бр. 35.

Грците повторно настоjуваат да ги разбиjат Македонците во Грциjа. Им забрануваат и со оружjе им пречат да мобилизираат нови борци во македонските единици. Смениjа Македонци од раководни места и поставиjа Грци. Апсат раководители, убиваат невини луѓе, забрануваат песни за Тито и други наши песни.

Ги советуваме Македонците да преминат каj нас и да не дозволат да ги разбиjат и да ги апсат. Ќе примиме и некои раководни другари, авторитетни Македонци и ќе формираме делегациjа со доказен материjал за ГШ на Македониjа.

Темпо.

5 октомври 1944 година.

Радиограма од Александар Ранковиќ до Светозар - Темпо со коjа наредува да не праќаат единици на НОВ и ПОJ на Jугославиjа во Егеjска Македониjа.

Радиограма бр. 3.

За сите да не праќате единици во Грциjа. Доставете конкретни податоци за да вложиме протест каj претставникот на Грциjа (Преставник на ГШ на ЕЛАС и на ПЕЕА во ВШ на НОВ на Jугославиjа беше Андреас Џимас.)

6 октомври 1944 година.

Радиграма од Светозар Вукмановиќ - Темпо до ВШ на НОВ и ПОJ, со коjа известува за репресиите на ЕЛАС врз Македонците од егеjскиот дел на Македониjа.

Радиграма бр. 43.

Поради тоа што повторно започна масовен терор на грчките партизани врз македонските единици во Грциjа, го проучивме прашањето за испраќање на наши единци во Грциjа со цел да се борат против Германците и заради заштита на нашето население.

Темпо.

* * * На 7. 11. 1944 година говорот на Темпо.

Право на самоопределение како што каза генерал ТЕМПО, преставителот на Маршал ТИТО во говорот му на народниот митинг во гр. Битола на 7. 11. 44 година по случаj прославата на големата руска револуциjа, тоj рече:

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИМА ПРАВО КАКО СЕКОJ ДРУГ НАРОД НА СВОЕТО САМООПРЕДЕЛЕНИЕ. НИКОJ НЕМА ПРАВО ДА МУ ПРЕЧИ НА ТОА И ДА ГО ДЕЛИ БЕЗ НЕГОВАТА ВОЛJА. НИЕ ГО ЗАСЛУЖИВМЕ ТОА ПРАВО СО ТРИГОДИШНАТА ВОJНА, НИЕ ГО ИЗВОJУВАВМЕ НАШЕТО ПРАВО. Ние, браќа Македонци, не бараме поjке от колку заслуживме. Сакаме сами да си jа решиме судбината и да пожнееме плодоjте што ги посеавме, со нашите успеси и што ги павадивме со нашата крв.

Смрт на фашизмот - Слобода на народот 1944 година. Од време на политичката комисиjа на Македонците под Грциjа.

Даскалот уште ме гледа и размислува со начулено уше.

Му реков:

- Што мислите, дали Светозар Вукмановик - Темпо jа кажуваше вистината и толку многу беше загрижен за нас Македонците од овоj наш краj?

Даскалот рече:

- Не. Темпо беше чувар на кралска Jугославиjа и ништо повеќе.

Тоj, постапуваше итро и вршеше “третман на историските лузни.” Тоа го правеше со одредена цел, се додека не ги намами баталjоните да преминат во Jугославиjа. Потоа ги оформи во брагада и ги натера да се борат против арнаутските балисти.

Сето тоа беше со умисла; проблемите да ги премости каj нас Македонците под Грциjа и да извлечи еден голем потенциjал на Македонци кои пожртвувано се бореа за правата на своjот народ и тие денеска ќе оставаа силен впечаток пред светот и меѓународните институции, дека ние Македонците постоиме во Грциjа… Во тоа време ние Македонците како да заборавивме на нашите разнебитувања, поделбите и кавгите со соседите.

Во тоа време македонскиот народ бил поделен во четири суверени држави кои имале различни политички системи и сите тие соседи беа и останаа со отворени волчjи усти спрема Македонците; настроени како лешинари да го распарчат македонското постоење, но ни “братските” комунистички партии (КПБ, КПJ и КПГ), не беа толку недоветни да не подржуваат за да одделат дел од своjата проширена државна териториjа, со македонски дел. Суратот на агресиjа каj сите беше препознатлив. Во битието на секоj еден од нив и понатаму им беше целта: за посегање и доминациjа и за можна анекциjа на дел или целина од македонската национална териториjа како клучна точка на Балканот. Ние не сме биле зацелени од тие политички уjдурми, од тие политички премрежиња и болести.

Токму тогаш наjсилна беше македонската агониjа на распаѓањето, на себеуништувањето. Од сите страни Македонците беа ставени на разни искушениjа. Напати дури и здивот ни беше одземен, постоjано бевме на нишан ставени.

Поделени и идеолошки разделени.

Сите тие работи имаа историски синдромичен карактер во корените на нашато далечно минато, проблемите и кавгите не разнебитуваа, особено кога требаше да jа откриеме правостоjноста на битието и битисувањето.

Нашето битие и нашето постоење низ историjата по делбата на Македониjа, никогаш немало потреба од делби, преселби и кавги. Ако не ни се случуваа такви намамувања, Грците, дали тоа го сакаа или не, тоа ќе беше реалност и овоj пустош, денеска ќе го немаше... Но, тоа беа туѓи потреби и интереси, а ние грешевме.

Темпо, тоа го потврди и самиот; на 16 октомври 1945 година во предизборниот говор во Куманово како кандидат на Кумановската околиjа се спротиставил на сите оние кои обединувањето на Македониjа го гледале надвор од рамките на Jугославиjа или обединета Македониjа под покровителство на големите сили. Според Темпо, сите оние кои jа поддржувале таа идеjа биле истите оние личности кои биле одговорни за бугарската окупациjа на Македониjа 1941-1944 години.

Денес, историчарите по многу анализи констатираа дека “преселбите на двата баталjона, кои ги вклучувале наjзрелите и добро познати македонски комунистички лидери од Егеjска Македониjа, не претставувала отфрлање на грчката политичка левица. Тоа бил повеќе еден обид од нивна страна да ги принудат КПГ и ЕАМ, ЕЛАС да ги прифатат нивните национални права”. Или, како што обjаснувале лидерите на Леринско - костурскиот македонски баталjон во писмото упатено до ЦК на ЕАМ и ГШ на ЕЛАС:

“Ние не избегавме за да станеме слуги на фашизмот... не избегавме зашто сме неприjатели на народот... како што вие не обвинувате... ние избегавме затоа што сме борци Македонци, затоа што сакаме да се бориме протиф фашизмот... во братска антифашистичка борба... и со безброjните жртви што ги дадовме... да ни се признаат... демографските принципи на соjузничката антифашистичка борба, националните права на нашиот народ и неговата слобода... Сакаме да доjдеме таму во нашите земjи и да се бориме рамо до рамо со вас, да ви помогнеме во вашата борба... обединети и братски. Сигурни сме дека ЕЛАС и ЕАМ... со приjателски дух... ќе дадат правилно решение”.

Меѓутоа, неопходно е да се потенцира дека, со формирањето на Политичката комисиjа на чии работни состаноци претседаваше преставник на ЦК на КПМ раководеа Пекар, Минчев, како и на Првата егеjска ударна бригада, македонскот националноослободително движење од егеjскиот дел на Македониjа поминало под раководството на Комунистистичка партиjа на Jогославиjа (КПJ), каде што се организираа во бригада во составот на НОВ и ПО на Македониjа -Jугославенската народна армиjа (JНА).

Односно: “Македонските единици на ЕЛАС беа прифатени од КПМ/КПJ. Фактички, НОД (националноослободителното движење) од овоj дел на Македониjа мина под раководството на КПМ/КПJ” Значи, македонскиот фактор го нема, и се е во склад со политиката на КПJ коjа имала огромно влиjание врз македонските комунисти во Вардарскиот дел на Македониjа...

Значи, во ваквиот еволутивен историски процес, се роди и македонското движење со проjугословенска ориентациjа и го официjализира ставот:

Обединета и независна Македониjа НЕ!, туку обединување и на другите делови на Македониjа (Пиринска и Егеjска Македониjа) во рамките на Jугоцславиjа (кон маjката земjа).

Значи, Вардарскиот дел да се прогласи за “Пиемонт„ на обединувањето во составот на СФРJ. Таквиот став покасно го става во прамата и НОФ (организирана и оформена 1945 година од КПМ/КПJ) и се вели:

Организирање на борбата на македонскиот народ за премостување на вештачкиот jаз помеѓу Македонците од сите делови на Македониjа, а особено со Македонците од НР Македониjа коjшто претставува “Пиемонт” за целосно ослободување и обединување на македонскиот народ.

Му реков:

- Значи, таквата смислена проганда, сите тие наши луѓе кои им поверуваа на jугословенската комунистичка партиjа, останаа доживотно одродени.

Ми рече:

- Да. Но имаше и такви кои ситуациjата ги натера да станат поголеми jугословани и од Темпо.

По заминувањето на баталjоните во Jугославиjа ЕАМ-овската власт раководена од КПГ почна силна пропаганда против сите оние кои имаа пребегано и реакциjата беше страотна; почнаа да ги затвараат роднините нивни во специjални логори во кои од порано беа затворани и Грци “националисти”, како и некои “соработници” на окупаторот.

Даскалот извади еден пожолтен лист на коj имаше датум 18 октомври 1944 година и ми рече:

- Паскале, jас ќе ти прочитам неколку работи кои ги изнесоа нашите пребегани во Вардарска Македониjа, а се претставени како Народна делегациjа од Грчка Македониjа: Паскал Митревски - раководител на македонското движење во Костурско, Михаил Керанитчиев - народен претседател од Костурско, Ламбро Чолаков - работник, член на делегациjата, од Костурско.

Преглед: на партиски белелшки и записници кои дават увид во протерувањето на македонците: Комунисти, еласити, еамити и комити во Jугославиjа.

Доверливо изложение: до ГШ. на ПОВ и ПО на Вардарска Македониjа. (Архив на Македониjа)