A Century of Silence (1913-2013)
ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА ГРЧКАТА СТРАТЕГИJА СПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ - РЕЧЕНО ВО ГРЧКАТА - Part 05
“Кога по окупациjата на германците грчката власт jа напушти Македониjа и Грциjа и отиде во Каиро, ние Македонците сметавме дека се ослободивме од една сурова власт”. Но не беше така. Грчката офицери набргу се понудиjа за соработк со Германците, на кои им служеше. Се врати грчката полициjа коjа почна повторно да го малтретира македонскиот народ, клеветеjќи го на Германците како комунисти. Може да се каже дека поголемиот дел од македонскиот народ jа имаше изгубено довербата во сè што е грчко. Постарите Македонци говореа:
“По поделата на Македониjа, каj Македонецот се измешаа од три вида на патриотизам. Сите jа наведнавме главата, се помиривме со заменетото робство од турско во грчко, но се надевавме дека Грците се христиjани и ќе бидат подобри од Турците... Jас си припомнувам, кога ги прашувавме нашите дедовци; зошто останале да живеат под грчкото робство, тие одговараа: “Ова е нашата татковина од памтивек, та и оваа стихиjа ќе помине како и се што поминало, и турците беа, па си отидоа!” Џони рече:
- Памтам кога дедо и баба ни раскажувале за животот и борбата во турско и кога ќе ги прашавме зошто се боеревте бабо? ќе ни одговореа: “За каурско, за христиjанско, арно ама ние Македонците сме биле осудени од Господ да се мачиме и да му служиме на чуждинците, а некои тогаш се потурчиле, други се погржиле, трети побугариле…” Крсто, ти не знам дали знаеш ама ЕЛАС - овците во Костурско, Леринско и Воденско, беа пресретнати со страв и неповерение.
Се крена голема врева и никоj неможеше да го обjасни одбивното настроење на селаните. И страшно брзо се ширеа гласовите кога некоj ќе се соочеше со андартите и ќе препознаваше некого што го познавал и запаметил од она време на И. Метаксас пред 1940 година. Малите групи андарти сега беа составени од поранешните офицери, полицииски началници и жандармеристи од соборена грчка власт. Тие сега уживаа во овоj нов начин на казнување со отсекување на главата. Тоа го нарекуваа “Смрт во пустина” (да се заколи орач на нива, а ѕегварот да остани впрегнат да талка по стопанот низ пресната ораната земjа).
Грчката власт тоа го оправдуваше и велеше: “Одвреме -навреме треба да се предизвикува страв каj оние каj кои разумот не помага; но, ни лутењето не е корисно.” Едно е вистина дека, такви злосторства преземаа особено спрема потомниците на Илинденските комити. Комитите беа борци за ослободување од турското робство, а сега во четириесеттите години сите тие луѓе се прогласени како борци против грчкото робство.
Крапов рече:
- Постепено се поjавуваа сè поголеми напади на видни македонски семеjства, посакуваjќи да ги деградират и ограбат.
Ги повикуваа со погрдни зборови; извикуваjќи: “Излези, илинденско куче!”. Што постепено Македонците остануваа со дилема дали да се потчината на КПГ и ЕАМ или да се заштитат сами и да се борат за своите права.
Нас Македонците не карактеризира длабокиот локален патриотизам. Селото е еден ентитет како што е и фамилиjата и нивната полузависност коjа љубоморно jа чуваат. Оваа самодоверба и локална лоjалност е природна последица на една наша променлива историjа. Ние носиме длабоко вродено чувство, имено лоjалноста кон духот на Македониjа.
Собири биле организирани и во градовите Лерин и Воден. Сега сите тие потомци на Илинденците се обружаа и решиjа да се одбранат од сите досегашни злосторници и со тоа им се чинеше дека “македонските денови на ропството се завршени.” Во тоа време наjмногу луѓе отидоа комити а еласитите побрзаа да ги наклеветат и да ги наречат: “Фашисти”, “предавници”, “Охранити” и што е наjгрдо да велат за нив. Потоа jавно на организирани митинзи држеа долги и политички говори, им се мешаа умиштата, тепаа, разбиваа дуќани и куќи. Комитите со кренати раце кон небото, го повикуваа народот во одбрана.
Викаа: Браќа, да се збратимиме! Браќа, да се збратимиме!
Народе македонски, до кога ќе трпиш! Тоа е наше исконско право да го браниме татковото огниште и своjот народ, а не да бегаме. Господе, ги истрпивме Турците петсто години, сега ни ги донесе просфигите (маџирите), стопати полоши. Господе, душа немаме, душа си ни дал, луѓе сме до кога ќе треба да лееме македонска крв!? Нjапосле се измориjа, видоа дека правдата задоцнува да доjде, затворите се полнеа со чесни костурски селани.
Ова не се кажува на добро, велеа старите и непомина време, се наоружаа комитите со едни долги италjански малихерки и повеќе не им даваа да влегуваат во селата. Влегуваа во двобои и имаа наврено неколку на штикови. Се создаде еден страв и повеќе ниту намислуваа да грабнат некоjа жена или девоjка.
Така полека комитите си jа вратиjа среќата и животот во селата.
И како се развиваа работите, почнаа да си упатуваат ужасни клетви и се повикуваа на борби за живот или смрт. После тоа народните пеjачи одеа по имотните селани; се собираа во големите гостински соби и ги пееjа со растегнатото пеење сите македонски песни и ора.
Се зборуваше дека просфигите (маџирите) им завидуваа токму на тие песни и ора, дури велеа дека токму таа завист беше една од наjглавните причини да соберат голема воjска и посакуваа да ги изгорат и да ги изгонат и да останат да господарат со сèто богатство што го нудеше оваа македонска земjа.
* * * Да му обjасниш некому дека Македонците навикнале да се делат на два логора кои меѓусебно се мразат е невозможно.
Сега поделените Македонци си го менуваат името: Комунисти и Комити, ама омразата спрема комунистите си остана како да се со андартите - грчки, а комитите како - бугаромани.
Масовно се скршени луѓе, масовно се замолчани слободари, шкршен им е ‘рбетот на огромен броj следбеници на Илинденци, создадени се послушни членови на КПГ,понизни фамили на комитите, така од тугинците, беше создадено братоjадството меѓу Македонците...
Омразата, беше наследена и сега се наследуваше од генерациjа во генерациjа - дури и кога сите станавме талкачи. Крвта што се лиеше во тоа време, се разделуваше со граници непроодливи луѓе и семеjства и поданици за партиска врхушка да остане на власт. Дури да неможеше да се ожени со девоjка од спротивното семеjство.
Во тие години по поделата на Македониjа, Македонецот чиниш се научи да манипулира и со моќта на говорот и со моќта на молчењето.
Крапов рече:
Ете, како со итрината на Грците и Англичаните македонското население од Македониjа под Грциjа, го поделиjа за време на Втората светска воjна и станаа заложници на туѓи мегаломански интереси и цели:
(а) приврзаници на ЕАМ (во нивна славомакедонска верзиjа jа организира позната како СНОФ, од кои наjголемиот дел по ликвидирањето на СНОФ, покажаа покасно големи симпатии кон jугословенските партизани, (во суштина создавањето на СНОФ беше задоволителен чин, за повеќето радикални елементи во македонското раководство, кои биле во наjтесен контакт со Вардарска Македониjа) и (б) оние словенски села кои примиjа оружjе од Италjаните, локално познати како комитски села. Присутен е ПАНСЛОВЕНСКИОТ аспект коj што беше многу реален меѓу македонското население.
Снофитите можеа да влегуваат во тие села и беа убедени дека кога сакаат да ги повикаат комитите, тоа можат да ги убедат и да преминат на нивна страна во македонската воjаска СНОВ. И Титовите партизани можат да влегуваат и излегуваат од комитските села сосема слободно, што се должи пре сè на многу полибералниот став на Тито, а додека ЕЛАС води стрикно националистичка политика и секогаш македонските единици ги командуваат Грци. Каj Грците постои страв од МАКЕДОСКОТО воскреснување и тие ценат дека тоа би било жестоко спречено кои би востанале како еден од цела Грциjа за да го задушат. Практично барањето на СОЛУН ќе предизвика каj ГРЦИТЕ бес. Резултатот би бил краjно крвава воjна од коjа ништо добро нема да произлезе.
Токму формирањето на “Костурските Комити” беше повод за страшните критики што им беа изречени на секретарите во реоните на Македониjа - северна Грциjа на Пленумот на ЦК на КПГ. Тие, наводно, дозволиле да им се изгубат од контрола наjзакоравените неприjатели и душмани на грчкиот народ. Тие, наводно го искористиле моментот и се наоружале од окупаторот и посакувале да ги остварат своите гнасни цели;
врските со луѓето (окупаторите) од туѓиот свет и им станале поблиски од колку со нас комунистите. Нас комунистите не преставуваат како неприjатели на славомакедонскиот народ и на славjанскиот свет. Веста стигнала дури до врвот на Кремељ.
А сега, наша партиска задача е да се успее нивната будност, да се проjави грижа и внимање спрема нив, оти од ништо ќе направиме светски проблем.
Во високиот врв беа поканети и комунистите славомакедонци на кои им се знаеше потеклото од дедо прадедо или биле синови на Македономахи и патриоти - оддани и на тоj пленум им рекле:
“Добро, комитите нека се занесуваат со таквите надежи, ние ги имаме славомакедонските комунисти кои се верни на партиjата и во редовите на ЕЛАС. Задачата што ви е доверена е исклучиво одговорна. Добиените партиски задачи, вие комунистите, заедно со салвомакедонците комунисти што што се верни во редовите на ЕЛАС, треба да ги исполните до краj.” На советувањето каj капетаниос на групата дивизии Маркос Вафиjадис и секретарот на Партиjата се договориjа за следното:
а) На славомакедонците им се дава право да формираат славомакедонски одреди во составот на ЕЛАС.
На славомакедонците им е дозволено да формираат своjа организациjа и наместо да членуваат во ЕАМ, тие сега ќе jа имат организациjата СНОФ (Славjаномакедонски народноослободителен фронт).
Со овоj процес ќе почне примамата на комитите се до нивната ликвидациjа. Против сите неприjатели и на активистите и на прикриените и на потенциjалните што сакааа “Обединета Македониjа”.
Така почна братоjадството, итро (со партиски трикови) и полека.
Еден ден, со измама беа совладани комитите во сите костурски села. Беа собрани во еден логор на планината Вичо: измачени, изгребани, преврзани, непреврзани, со засушена крв, со отворени рани, а некои кои знае зошто, само со долна облека, други боси, се разбира, сите гладни и уплашени. Страв од андарскиот нож; по некоj во денот или ноќта исчезнуваше.
Триста комити биле убиени во групни егзекуции, а стотина биле ловени по планините; Вичо, Полjаната, Лисец, Рунѕел сè до Пелистер како животни. Еласитите кажувале дека ги убивале комитите со истрел во глава за да бидат сигурни дека се мртви, но наjавтентично кажувале тие кои останале живи кои се скриле под телата на мртвите.
Никоj да не се сомнева во тоа дека мамката не ќе предизвика успех, а гневот ќе им се промени спрема нас. Нивната свест, ќе им се сврти кон нивното сонувано задоволство што никогаш нема да им успее сонот за обединета Македониjа. За гневот не е потребно да се потикне, тоj треба да има слободен пат да истрча, оти тоj е нагон, а нагонот секогаш е во согласност со душата.
Радиограма од Христос Мосхос до групата дивизии на ЕЛАС од Македониjа со коjа известува за дезертирање од ЕЛАС и за преминот на Воденскиот македонски баталjон во вардарскиот дел на Македониjа.
Бр. ЕП 162 Паjак, многу итно.
До групата дивизии на ЕЛАС од Македониjа.
На 14 октомври 1944 година единица на славомакедонските партизани (Воденскиот баталjон) на Каjмакчалан без наше знаење пребегаа во Србиjа (вардарска Македонниjа). Во српска Македониjа испративме делегат да преговара за неjзиното враќање. Веруваме дека е заведена од кадри на македонските партизани.
17 октомври 1944 година.
Петрос (Христос Мосхос)
Кон средината на септември 1944 година, македонското политичко и воено раководство (од вардарска Македониjа), во согласност со одлуките на Првото заседание на АСНОМ, презеде сериозни мерки за ослободување и обединување на Македониjа.
На 23 септември 1944 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ испратил директиви до командантите на Леринскиот Костурскиот и Воденскиот баталjон со следната содржина:
“Да се изврши широка регрутациjа на борци од редовите на Македонците. Оружjе, мунициjа и друг воен материjал ќе добиете од ГШ на НОВ и ПОМ. Да се подготвите за операции против Германците во егеjскиот дел на Македониjа и Грциjа во кои ќе учествуваат и единиците на НОВ и ПОМ”.
За неколку дена Леринско - костурскиот баталjон броел 1,500 борци и старешини, а Воденскиот македонски баталjон 575 борци и старешени. Но КПГ и ЕЛАС се обиделе да ги расформираат македонските баталjони затоа што, наводно, имале информации дека тие подготвувале напад на Солун.
Поради тоа повторно се заостриле односите меѓу КПГ и КПJ, а на 4 октомври 1944 година, Светозар Вукмановиќ - Темпо (си одигрува улогата) го известил ВШ и ПОJ дека ги известил македонските единици во составот на ЕЛАС да не се сложат да бидат расформирани и да се префрлат во вардарскиот дел на македониjа. Ноќта на 4 спроти 5 октомври и 14 октомври баталjоните беа префрлени во вардарска Македониjа.
Реакциите од ЕЛАС Комесарот на одредот “Вичо” се држеше надуено, намуртен молчеше. Низ дамарите, чиниш, отров му тече таква омраза, никогаш порано немаше сетено. Никогаш не ми беше симпатичен овоj човек; осамен, суров, тапоглав. Со него владее некаква мрачна и нечовечка сила. Устата jа држи затворена, но усните постоjано му мрдаат. Ме погледна намќоресто и рече:
- Капетаниос Маркос, ќе им се одмазди, ако ги фати ќе ги ликвидира. А тие, заслужуваат да им се суди за предавство. Тоj вели: “Славофоните морале да знаат: - Не тие ами Грците одлучуваат што ќе биде со нив.” Му реков:
- Значи, Маркос не познава и не сака да знае дека во оваа борба нема ни трага од Правото на окупираните и угнетемите -Самоопределување, ни трага од малцинскито право - Рамноправност.
Комесарот jа отвораше и jа затвараше устата како да не можеше да го срочи своjот гнев. Почна да петелчи, сè уште ококорен во мене.
Тоj ме праша:
- Даскале, ти што мислиш: постапиjа ли тие правилно? Нели тие го прекршиjа своето ветување, дека ќе им бидат предани на КПГ и на Елас, па дури и се обврзаа со заклетва како ЕЛАСИТИ: “Се колнам дека ќе се борам до последната капка на моjата крв за потполното ослободување, стабилноста и независноста на Грциjа. За зачувување на интегритетот на грчкиот народ и воспоставување поредок и ред на основните човечки права. За оваа цел ќе се починам на деjствиjата и решениjата од наредбите на ПЕЕА (Политички комитет за национално ослободување на Грциjа) и ќе ги извршувам совесно и дисциплинирано, сите наредби и упатства од претпоставените и ќе jа одбегнувам секоjа постапка што ќе ме прави недоверлив како личност и како борец спрема грчкиот народ.” Му реков:
- Комесаре, ти велиш дека КШГ не е задоволна од однесувањето на македонскиот народ. Јас, тоа одамна го гледам и одамна решив во себеси дека “ Гакви како вас комунисти, не се луѓе кои не мислат за македонскиот народ". Но, прашањето за нас Македонците е друго. На тие што не напуштија им велам:
Татковината на секоја личност треба да му биде најсветото, највозвишеното, тоа треба да ни биде првата грижа од раѓањето па се до смртта. На татковината му бевме и сме потребни како вода во пустина, ако не сакаме да се претвориме во пустина.
Зошто му беше потребно Ha Пејов (Чакаларов) и другите од групата, ова бегство?
Комесарот рече:
- Тие се соработници на фашистите; на Италјаните и на Бугарите.
Во себеси си велам “ Апостоле, бори се сам со себе; ако сакаш да го победиш гневот," тогаш тој не може да те победи. Веќе почнуваш да победуваш ако успееш гневот да остане скриен, ако не му дозволиш да излезе...
Се се сврте неумоливо. А што ќе правиме ние што останавме во редовите на ЕЛАС и КШТ?
Неможев да не му одговорам и да ја кажам вистината зашто тие мои другари отидоа во Титовата армија токму поради неправдата, гневот не можеа да го совладат.
Му реков:
-Размислуваш на примитивен начин, раководен и заслепен од грчкиот шовенизам И полн си CO злобни идеи.
Тие луѓе што ги обвинуваш, немаат никаква соработка и ниту влијаела италјанската или бугарската пропаганда. Напротив, тие протестираа спрема договорот од ЏПлака (29 февруари 1944 година) во кој се предвидува продолжување на преговорите меѓу КИ -ЕАМ, од една страна, и граѓанските партии и владата во бегство, од друга, за целосно политичко единство во Грциjа.
Покраj другите отстапки КПГ донела одлука за расформирање на СНОФ и СНОВ кое што се случи во април 1944 година и како резултат на оваа група борци и активисти, предводени од Чакаларо Наум Пеjов на 6 маj 1944 година се одделиле од ЕЛАС и повеле решителна борба за повлекување на донесената одлука. Причината за тоа лежела, пред сè, во мерките што ги презела грчката влада на националното единство (ПЕЕА) кои не давале никаква перспектива за решавање на македонското прашање.
Командантот Атанатос (колонистот) ме праша:
- Мислите поради овие причини го одрекнаа учеството во нашите редови?
Му реков:
- Токму затоа. Ние Македонците сега се гледаме себеси како вратени во времето на Метаксас, пред воената состоjба. Дури и единственото наше безрезервно верување во КПГ, не разочара.
За нас Македонците во Грциjа иднината не изгледа светла, но моjот непоколеблив став, ние треба да останеме тука на коренот. Но, сега во состоjбата во коjа живееме и со нашата лоjалност бевме како на сираче кон очув.
Едно утро слушаме радио Лондон, емитуваша извештаj од капетан Еванс, Хачисон Патрик.
Написот беше посветен на македонското ослободително движење во областа на Флорина и Касториjа, и забележува:
Во октомври 1944 година на ГОЧЕ (Илиjа Димовски) како КАПЕТАНИОС и практично командант на Вториот баталjон на ЕЛАС- овиот 28 полк, му беше наредено од ЕЛАС да замине за ВЕРМИОН (Дурла), тоj одговорил ‘не’, ние сме МАКЕДОНЦИ и нашето место е во МАКЕДОНИJА, но тоj, jас верувам дека Вермион е помалку СЛОВЕНСКИ отколку областа ВИЧО, каде ГОЧЕВИОТ баталjон тогаш беше стациониран и каде тоj прво го пополни него; и родното место на ГОЧЕ е ВИЧО. Тоj тогаш се побуни и замина за ПРЕСПА, подоцна за МОНАСТИР (Битола) и неговиот баталjот беше со него.
На овоj баталjон му се придружи и командантот на одредот “Лазо Трповски” Чакаларо (Наум Пеjов), тоj со оружjе заробено од Германците се бори против андартите, се изjасни дека неговата цел е независна МАКЕДОНИJА, а не голема БУГАРИJА. Имаше и вероjатно има големо влиjание на селата во близината на неговото село Габреш. Неговата чета беше нападната и растурена од единиците на ЕЛАС во средината на летото.
Се истакнува дека ПЕJОВ бил комунист од пред воjната, но тоj бил разочаран од односот на КПГ и ЕЛАС спрема Македонското прашање. Тоj уште во маj со група свои соборци заминал за ПРЕСПА во ГШ на НОВ и НОМ во селото Шулин со цел да праша дали можат сите Македонци што се во редовите на ЕЛАС да поминат во редовите на Титовата армиjа.
ДЕJАН го примил и му дал засолниште, но осрто бил прекорен од ТИТО. ПЕJО беше вратен назад од Титовите партизани, некои велат лично од ТИТО, во ЕЛАС коj го прати под амнестиjа во баталjонот на ГОЧЕ. Кога ГОЧЕ се побуни во октомври ПЕJОВ му се придружи се до МАНАСТИРИ (Битола)
и го подржа во сите акции.
На 17 октомври 1944 година.
Со еден глас сите ние Костурчани, меѓу себе, со скриен поглед си го признаваме гревот со зборовите: “За нашето напуштање на родината, ниту Бог нема да ни прости” Таа ноќ во секоjа куќа се зборуваше за Грците. Селаните си го споменуваа андарското време: колежите, грабежите и многуте застрашувачки работи што се случувале. Тогаш, во андарското, никоj не можеше да го обjасни бесот на Критjанските андарти (козократци, гологасци, колачи (секоj со обесено- околу врат, кесе полно жолтици), доjдени од сувите острови, на чело со владиката Каравангелис и Павлос Мелас, иаку уште бевме под турско.
Даскалот рече:
- Коренот на злото е запечатен во нас. Немоќта е сокриена во нас. Но пред сопствениот народ, кога и каде и да е ќе благослови и ќе проколнува. Сега и по 55 години, секоj од нас може да знае: Коj е достоен да стои пред Бога.
Многу туѓи луѓе, многу несигурни луѓе; со излитени селански идеолошки тези не заведуваа во едно глобално село:
СОВЕТИЗАЦИJА НА БАЛКАНОТ. Еве, влегоа во нашите села, заедно со нив и туѓи проганди и сè тргна според селските идеолози - како да е цел свет е наша татковина. Не можевме да го видиме и она што ни беше пред нашиот нос. Простите и недвосмислени факти ги избегнувавме иаку во некоj дел од своjот ум сме биле свесни за нив:Бранеjќи jа комунистичката идеологиjа, го изгубивме за навек идентитетот и дедовите огништа. Нашата судбина е наша судбина и мораше да jа земеме во сопствени раце, оти сурово е кога луѓето не сакаакт ами да господараат со своjата судбина, тогаш како што вели нашиот народ судбината загосподарува со нив.
Помеѓу нас имаше и такви кои можеа долго време да jа преферират лагата пред вистината и додека не се случи промената на свеста, луѓето ги толкуваа наопаку поjавните манифестации на лагата и вистината. Така, на пример, каj нас глупоста стануваше мудрост, предавството и поданството, хероизам. Уживањето во болката на своjот народ претставуваше наjвисока форма на етичка издржливост, додека повикот да се прекине со илузиите и лагите се третираше како предавство на реалниот живот. Тогаш помеѓу нас Македонците, многу глумеа во улога на Бог страдалник, употребуваjќи излитени фрази, обично почнуваjќи со револуционерни цитати;
наjчесто за минатото, додека иднината jа остава на историjата.
Имаше многу, кои што jа имаа поданички продадено своjата душа. На кого од нив, повеќе или помалку, можевме сигурно да се потпреме, токму го повеќето пак измамени по Граѓанската воjа, а од тие луѓе ни станаа надгледувачи:дали сме ги исполнуваме jугословенските постапки спрема Егеjците!?
* * * Грците jа населуваат Македониjа со Азиjадци, а ние раселуваме со Македонци.
По ова што се случи во костурско и леринско, на 10 окотмври 1944 година, во Саракиново се поjави емисарот на Темпо, Рочко од Ваташа. Селаните го претставуваа како големец од онаа Македониjа зад Кожув планина.
Рочко, откако доjде во контакт со раководителите на баталjонот; Павле Раковски - Гоче и Ѓорги Урдов - Џоџо им зборувал внимателно. По малку дипломатски. Во круг, та на околу. Тоj не беше сигурен како ќе реагираат.
Рочко рече:
- Ние сме загрижени за судината на македонскиот баталjон и воопшто за нашето ослободително движење. Ние знаеме дека односите со другарите Грци воопшто не ви се добри. Тие отворено зедоа курс антипартиски и антимакедонски. Нема веќе ништо од партиска линиjа за рамноправност. СНОФ го распуштиjа и воопшто забраниjа организирање на Македонците. Забраниjа прифаќање нови доброволци во Баталjонот, односно создавање на македонска револуционерна воена сила. Тие и Баталjонот од ден на ден се очекува да го распуштат.
Jас сум ополномоштен и ви jа носам директивата:
а) Баталjонот се става под команда на Главниот штаб на македонската НОВ и се прогласува како 21-а Бригада на македонската НОВ, б) Баталjонот веднаш да тргне и да се префрли на териториjата на вардарска Македониjа, каде ќе се организира и комплетно вооружи, в) Баталjонот, откако ќе се врати во своjот терен, да организира општо востание на Македонците...
Џоџо го гледа право во очи и нема ни малку сочувство, тој е не знае да се замисли во ситуациjа на други, индефернтен е спрема сите кои го окружуваат и не не е во состоjба да слуша.
Прашањето беше чувствително и очекуваше да му рече:
“Еj, не будали се! Пази што зборуваш!” Раковски со израз на сомнение заниша со главата. Рочко знаеше што значи тоj поглед, недоверба.
Џоџо беше амбициозен. Тоj до вчера примаше директиви и слепо ги извршуваше, без да размислува, не тукутака го издигнале до член на покраинското Биро за Македониjа и Тракиjа и организационен секретар на Окружниот комитет на КПГ за Воденско. Тоj, без директива, не ќе направеше ни чекор, камо ли цел баталjон да го префрли таjно во дел на Македониjа
- териториjа на друга партиjа.
Џоџо праша:
- Зошто сето ова го барате да остани во таjност? Револуции не се прават со таjност.
Рочко замолкна, незнаеjќи што да одговори.
Раковски го прекина молкот и рече:
Џоџо, да прифатиме. Ако правиме револуциjа, тогаш да правиме, а не онаа да се базираме на онаа наредба “Не примаjте доброволци!...” Замисли, ќе се вратиме натоварени со оружjе и ќе дигнеме општо востание! Само по некоj ден, ќе имаме една, две бригади, а може и цела дивизиjа. Ако се прифатиме за револуциjа нашиот народ ќе стане масовно. и токму тогаш ќе ги разбиеме сите смислени ограничувања на провокаторите. Ќе се прочуе и ќе се афирмира... ако не прифатиме, нема да има ништо од сето тоа. СНОФ го распуштиjа, ќе го распуштат и Батлjонот и никому ништо. Нашиот народ ќе го нема никаде. А знеш дека и комунистите ни збор не сакаат да чуjат за некакви наши права. Тие велат: “Вас ве немаше, вас ве нема!”.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/ednovekovno-molchenie-1913-2013-e-book-macedonian-fi/10 на 29 октомври 2026