Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА СЕЛАТА ВО ОПШТИНАТА БАНИЦА - Part 04
Во овој период околиските војводи Sone Ѓерѓев и Тане Кан-чев-Грозниот побарале од турските власти да се уапси андартинот Капетан Ставро Кочев од село Баница поради злосторствата на-правени над македонскиот народ, за убивање на голоракото насе-ление, особено жени и деца. Турската власт во август |908 година издала палог и го уапсила грчкиот андартин, капетан Ставро Ко- чев, Македонец, кој работел за грчки и свои интереси. Турскиот воен суд по спроведената истрага го осудила злосторникот на дожи-вотна робија. По неколку дена андартинот, капетан Ставро Кочев, на мистериозен начин бил пуштен од затвор, под изговор дека избегал со поткуп на некои од турските чувари и заминал во САД.
По смртта на баничките војводи, била извршена реоргани-зација на комитските чети, и тоа:
: искусниот комита и стар илинденец Ило Которкин бил избран од четата и поставен за војвода на местото Ha 50ле Ѓерѓев;
г цетата на Наце Катин ја презел Ристо Пејо Јовчев и бил назначен за војвода,
» Мице Јанин-Мискарот од новиот прилив на комити фор-мирал трета чета и станал војвода. Се раскажува дека оваа чета порано ја водел и бил војвода Ѓорѓи Јанев-Дујо, кој поради убиство бил осуден на робија и испратен на издржување на казната.
Сиве овие чети биле составени од бацичани и дејствувале BO Леринскиот округ, борејќи се со андартите и Турците.
Војводата Ристо Јовчев на 1 јуни 1910 ropuna водел голема битка со непријателот. Со него биле комитите Дине Ничев и Soe Луманов. Сардисани, воделе огорчена борба co падмоќниот непри- јател се додека војводата Ристо Јовчев не бил смртно погоден.
Комитите Дине Ничов и Sone Луманов биле заробени од грчките андарти и со часови сослушувани и мачени за да ги кажат имињата на другарите, но не ги предале. Биле стрелани со извикот: „Смрт или слобода“.
По загинувањето на војводата Ристо Јовчев, комитите се поделиле и се приклучиле кон четата на Ило Которкин и Мице Ја- нин-Мискарот.
За да го заплашат населението во Баница во мај 1911 година група андарти на капетан Ставро го убиле коџобашијата (претсе-дател на месната власт) Стате Стојан Ташев, родум од Баница, стар револуционер, претставник на Македонската православна црква во Лерин. Го викале архимандрит (учител на старословенски јазик).
Учествувал на повеќе советувања и собири на ВМРО, член на Мес-ниот револуционерен комитет во Баница и член на Окружниот револуционерен комитет во Битолскиот вилает. Андартите нему му препишуваат дека бил еден од организаторите на движењето на ВМРО во Баница и Леринско, што е точно. Учествувал во многу акции што ги организирале и воделе комитите против андартите кои го обвинувале дека бил учесник и во акцијата за уништување и палење на грчките црковни и други книги во Баница на 24 јуди 1907 година. Тие го обвинувале и 3a убиството Ha ene Ничов, Кире Кочев и Трајко Куртов сите од Баница, обвинети од комитите за пре-давство и стрелани. Во овој период се убиени од андартите старите револуционери и илинденци: Филип Шушарев и Коле Неделков од Баница.
Поради засилената активност на андартите, во летото 1911 година населението и месната власт во село Баница побарале по-себна заштита од турската власт, па Изет-паша испратил еден ба-талјон турска војска која крстарела по полето и обезбедувала населението да го пожнее житото и веднаш да го донесе дома бидеј -ќи им го палеле андартите.
Во 1911 година андартите ги клеветеле угледните личности и револуционерите - илинденци кај турската власт дека не се задо-волни од Отоманското Царство и дека подготвуваат востание против турскиот поредок. Турската власт испратила војска, го бло-кирала селото Баница и ги уапсила следните лица: Мице Хриса-вов, Пецо Хрисавов - Врагов, Леко Боглев, Тине Дајков, Ристо Пе-ров, Коле Јанин, Петко Џугоманов и Перо Попов.
Биле спроведени во битолските зандани, изведени на суд и осудени на долгогодишна робија. Ослободени се по доаѓањето на српската војска во Битола, во ноември 1912 година. Во Баница е убиен стариот револуционер и илинденец, татко на војводата Леко Џорлев, Ѓорѓи (I иче) Џорлев. Според тврдењето на грчките ан-дарти, го убил Дине Кочев осветувајќи го својот татко убиен од војводата Леко Џорлев. Иако имало очевидци кои знаеле кој е убиецот, пред турските иследни органи никој не сакал да каже стравувајќи од освета, Теророт во Баница продолжил. Комитските чети се распаѓа-ле и не можеле да му пружат помош на народот. Многу семејства биле принудени да се ориентираат кон грчката црква и своите деца да ги праќаат во грчкото училиште кое било отворено есента 1912 година. Училиштата со настава на старословенски јазик ги затво- риле и андартите ги запалиле сите книги. Комитските чети се дви-желе по територијата под контрола на српските војски. Тие биле се помалку бидејќи голем број паднале под влијание на врховистите и преминале во нивните редови. Веднаш биле упатувани во Бугарија да ce превоспитаат и да спроведат посебна обука и повторноти вра-Kane вооружени во Македонија. Тие биле убедени дека без пПоМмоШ-та на Бугарија, Македонија не може да се ослободи и затоа ќе тре-ба сите комитски чети да се придружат кон регуларните бугарски војски кои ќе помогнат за ослободувањето на Македонија.
Во летото 1912 год. 35 000 турски војници под команда на Џавид-паша тргнале од Битола кон Сорович. Во тој период постоел балкански сојуз меѓу Грција, Србија и Бугарија за борба против Турците и Отоманската Империја која се распаѓала. Во Баничко-церовската клисура турските војски ги пречекала Петтата грчка дивизија, а од север српската војска и тука се развила крвава борба во која изгубила турската војска. Населението од Баница било ева-куирано на разни страни. По победата на сојузничките сили во оваа борба населението се вратило дома, но селото било опустошено и изгорено. Околу 600 семејства останале без покрив над главата.
Воените дејства продолжиле по еден месец, по прегрупира-њето на турските војски и добиените засилувања од териториите од кои се повлекувале од север по налетот на српските војски. На-селението неколкупати се повлекувало и го напуштало селото и тоа траело до ноември 1912 год. кога конечно Турците се повлекле и народот се ослободи од турската власт. Турција потпиша спогод-ба и се повлече од Балканот. Населението се вратило во своите домови и веднаш започнало со обнова и изградба на урнатите куќи покажувајќи солидарност.Сите куќи ги граделе колективно.
Во периодот кога се одвивале меѓувоените дејства меѓу со-јузничката војска и турските војски во втората половина од 1912 година андартите покажале голема активност, а комитите се пов-лекле на териториите под контрола на српските војски.
Баничката чета на Ило Которкин и Мице Јанев-Мискарот, бидејќи немале услови да опстанат во реонот на село Баница, се повлекле во Воштарени, каде што биле српските војски, а подоцна во Живојно. По налог на ВМРО, а веројатно тука биле вмешани врховистите, четите се расформирале и комитите можеле да одат каде што сакаат, или дома иди за Србија или за Бугарија. Пове-ќето комити уште малку се задржале во Воштарени и Живојно и се вратиле во Баница. Војводата Ило Которкин и комитите Дине Неделков, Мице Зисков и Ило Дајков заминале за Битола и тука останале да живеат. Војводата Mune Јанев-Мискарот и група ко-мити заминале за Бугарија. Ова бил крајот и ликвидацијата на цо-следните банички комитски чети.
Комитата Ило Дајков од Битола во 1920 година се врати во с. Баница каде што ја продолжи својата активност. За време на грч- кото владеење беше прогонуван и затворани. Учествуваше во НОБ 1941 -- 1944 година и на чело на колоната ги предводеше своите се-лани HA големата прослава по повод ослободувањето ца градот Лерин во 1944 година. Во 1945 со своето домаќинство се пресели и остана во Битола каде што доживеа длабока старост и почина во 1955 година Беше погребан со сите почести на илинденец.
Војводата Ило Которкин останува во Битола до 1926 година кога една ноќ заедно со некој Героски од село Ајтос - Леринско преминува преку граница, доаѓаат во Лерин и фрлаат бомба во хотелот „Диетнес“ каде што живееле воени и други грчки функцио- нери. Предизвикана е голема материјална штета, a имало и жртви.
Вечерта се враќа во Битола и оттука заминува за Софија - Бугари- ја. Умре во длабока старост во Бугарија.
Комитите Дине Неделков и Мице Зисков си ги повлекоа своите домаќинства од Баница во Битола и таму живееја и умреа во длабока старост, користејќи ги благодатите на СР Македонија ка-ко илинденци со обезбедени илинденски пензии.
Веднаш по ослободувањето од Турците, во декември 1912 година во Баница пристигнува кадетан Ставро со група андарти.
Го претепува селскиот учител Ilana Констандинов, роден во Ост-рово - Воденско и забранува настава во училиштето на старосло- венски јазик.
Отвора грчко училиште и наредува сите деца да ги праќаат на училиште. За учител на училиштето го вазначуваат Стефо Дафо Koues од Баница кој завршил богословија па Св. Гора.
Попот Стамболиев, родум од Скопје, добива наредба да ro надушти селото и уште истата вечер андартите поп Стамболиев ro бесат во пеговиот дом и прогласуваат дека се самоубил.
Во 1913 година околискиот војвода Чакаларов од Костур-ско со чета од 60 комити, војводата Ристо Попов од Позивишта со 12 комити и други 8 војводи и комити преминуваат од територи-јата под команда Ha српската војска на територијата под контрола на грчките војски и андартите. Целта на комитите им било да го подигнат моралот на населението во Деринско и Костурско, а исто-времено да го заштитат од нападите на андартите. Четите ги сочи-нувале искусни и храбри комити, а биле и добро вооружени.
Успешни биле во многу битки со андартите што ги раково-дел поручникот на регуларните грчки војски, Костандинос Варфис.
Братоубиствената војна продолжувала затоа што многу Македонци се приклучиле во андартските чети, меѓу кои и: Богле Колеров, Мице Робев, Васил Робев и Ило Ристо Рапов, сите од Баница. Богле Колеров, раководителна една од групите, во една битка бил ранет и им подлегцал на раните, а смртоносните куршуми во него ги истре-лал комитата Ило од Долно Врбени.
Авдартот Гоне (Borne) Колеров особено го величеле грчките власти. Подлегнал на раните од сонародниците на 7 јули 1913 година.
За судбина на војводата Ристо Попов и неговата чета, ни-што не се знае. Се претпоставува дека била расформирана, а ко-митите заминале за Србија или Бугарија. Според друга верзија, војводата Ристо Попов со својата чета и другите војводи, по секој-дневните битки со андартите, продолжиле кон планината Радуш и во близина на планината Кисењак во атарот на Екшисо се судриле со друга група грчки андарти и тука загинал. Местото каде што е загинат и месноста се вика гробот Попов, што се смета за поверо- достојно. | Пред него или, пак, истовремено настрадал и војводата Ча-каларов, кој со својата чета се упатил на зборното место Синак, на средба со војводата Ристо Попов. Продолжиле заедно, но некој овчар кој ги видел, слегол во селото Врталом и ги известил грчки-те андарти стационирани во ова село.
Тргнала голема потера која ги пристигнала на планината Кисењак над селото Екшисо, каде што биле улогорени да одморат по напорните борби и долгиот засилен марш. Изненадени од грч-ките андарти и регуларните грчки војски, кои биле многубројни, биле опколени, разбиени и убиени. Само мал број комити остана-ле живи и тие биле заробени или тешко ранети. Во оваа борба за-гина и прочуениот легендарен околиски војвода Чакаларов. Со сво-ите верни комити, го положи својот живот за слободата на маке-донскиот народ и независна Македонија. Ранетите комити биле стрелани од андартите кои имале и големи загуби и ранети. Спо-ред раскажувањето на некои илинденци, имало повеќе од триста загинати и околу двесте ранети андарти и војници. Борбата била жестока и траела 48 часови и се одвивала повеќе гради во гради човек на човек. На мал простор имало над петстотини мртви тела и река крв течела по долините и висовите на оваа планина.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/banica/5 на 29 октомври 2026