Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

БАНИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА - Part 01

Од Atanas Katinovski-Goche · Дел 12 од 17 · Околу 20 минути

Читај на English

БАНИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА

1945-1949 ГОДИНА Положбата и условите за работа по Спогодбата во Баркиза Од ослободувањето на земјата, есента 1944 год., се до април 1945 год, сите организации (КПГ, СОФ, АФЖ, ЕПОН) и други извршни органи на Народноослободителниот одбор на Баница, функционираа и ги извршуваа своите задачи и обновата и изград- бата на земјата.

Вознемирувањето на населението настапи по крвавите пас-тани во Атина и Пиреја во декември 1944 год. бидејќи голем број баничаци се наоѓаа во редовите на ЕЛАС и дејствуваа во целата земја. Тие стрепеа за своите блиски и далечни роднини. Постоеше и страв за пошироки воени дејства низ земјата што беше и оправ- дано. Судирите беа од таков карактер што имаа далекосежни по- следици, а тие беа меѓу ЕЛАС и окупаторските сојузнички англи-ски војски кои беа стационирани насекаде.

Населението со загриженост ги следеше сите настани и OT-crak на раководството Ha КСШ при спогодувањето со емигрант“ ската влада во текот на 1944/45 год., Дибанскиот договор, по претходно потпишување од советувањето на Плака, договорот во Казерта и Варкиза и не им се веруваше дека КИТ го предаде дви-жењето и ги загуби придобивките од НОВ и револуција бидејќи EJIAC беше господар на ситуацијата во целата земја и со него стоеше сиот народ во огромно мнозинство во земјата.

Грчката реакционерна десница која по потпишувањето на Договорот во Варкиза ја имаше во свои раце легитимната влада во Грција, беше свесна дека не ја осигурува својата власт, а од неј-зините натамошни дејствувања ќе зависи колку ќе успее да го задуши демократското движење во Грција и да ја зацврсти власта.

Требаше да мисли на скорашните парламентарни избори и плебис-IIHT, за или против кралот. Буржоазијата беше свесна дека во текот на војната се разви масовно движење против фашизмот и домаш-ните предавници и не се решаваше на слободни парламентарни из-бори, се додека не осигури такви услови и избори кои ќе ја задо-волат формалната страна и ќе у обезбедат на владата легитимни права - законска влада.

За таа цел беше потребно да се задуши движењето Ha EAM, да се зацврсти и консолидира новата власт, да се направи свој држа-вен и административен апарат, своја вооружена воена и полициска сила, Бидејќи немаше на кого да се потпре, ги рехабилитира соработ-ниците на окупаторот и домашните предавници и им овозможи да продолжат со теророт против народот и демократското движење за да го заплашат народот и владата да добие свои приврзаници, а ма-совниот терор најмногу беше против македонскиот народ.

За спроведување на горенаведените мерки, буржоазијата имаше сестрана материјална, морална и воена помош од англис-ките окупаторски сили, а организацијата на грчката армија и поли-ција им беше доверена на англиски офицери.

Разоружувањето na единиците na ЕЛАС Согласно со постигнатата спогодба и со потпишувањето на Договорот во Варкиза на 12.2.1945 година, веднаш започна демо-билизацијата на борците на ЕЛАС и разоружувањето заврши до 15.3.1945 година. Сите баничани членови на ЕЛАС се вратија дома.

По иницијатива на секретарот на Окружниот комитет на КИ за Леринско, со цел да се засолни извесно количество оружје предадено од борците и од магацинските резерви со кои распола-гаше ЕЛАС во Лерин, беше наложено на општинскиот комитет во Баница да организира преземање на ова оружје и складирање во подземните рударски ходници во баничките јагленокопи. Под раководство на секретарот на комитетот, Блаже Забрцки, и чле-нови на партијата, со нивните запрежни возила беа ангажирани:

Глигор Ќосев, Славе Неделков, Дине Шишарев, Славе Костов, Дине Кочев, Kune Попов, Поле Калдпаков, Џоле Jlakos, Методи Апчев, Ѓорѓи Мангов, Коле Депин, Глигор Перов и др. Од мага-цините во Лерин подигнаа 20 камиони разно воено оружје кое бе-ше скриено во рудникот за јаглен во Баница, а околу 200 000 зрна муниција за пушки беше предадена на партијата во с. Крушоради која беше преземена од Толе Цетков и Коста Џенго. Исто така, беа складирани и околу 5 камиони машинско масло. Ова оружје во текот на 1945 и 1946 год, беше поделено на борците Ha ДАТ (Демо-кратска армија на Грција).

Покрај теророт што ја зафати целата земја од терористички вооружени групи, сега почна и легален терор од самите органи на власта кој растеше со зацврстувањето на власта од центарот коп други делови на земјата. Во почетокот Ha 1945 год. бројот на уапсе-ните, затворените и интернираните борци секојдневно се повеќе растеше. Се водеше еднострана граѓанска војна бидејќи населени- ето беше голорако и немаше можност да им се спротивстави на вооружепџите банди. Протестите на LIK на EAM до командата на сојузничките сиди и владата не помагаа, напротив THE TH поттикну-ваа и ги поддржуваа во теророт. Народот почна масовно да демон-стрира во сите поголеми и помали градови. Организацијата на овие протестни митинзи беше под контрола на организацијата на EAM и на нив говореа нивни претставцици.

Организиран масовен протестен митинг во Лерин На 15 март 1945 год. беше организиран и одржан масовен протестен митиџг во Дерин со присуство на над 15 000 луѓе од Jie- ринскиот округ.

Учеството Ha баничани беше масовно. Англиските војски и жандармеријата информирани за митингот ги блокирале сите при- оди со барикади на улиците не дозволувајќи им на демонстрантите да влезат во градот.

Демонстрантите се вооружија со стапови, ШТИЦИ, КОЛЦИ Of градините на предградието на Лерин и насобраа камења и на даден знак за јуриш преку барикадите на непријателот, влегоа во градот, а англиските војски не се осудија да отворат оган, а не им дозволија и на жандармите да го сторат тоа. Демонстрантите се упатија на плоштадот Емонија пред хотелот Балканија. Преку 15 000 лица во еден глас пееја: „И ние сме деца на мајката земја и ние имаме право да живееме“. Се слушаа пароли: „Сакаме народна власт, човечки права, слободно и демократско управување, спокоен и мирен жи-вот, без терор од воени злосторници и соработници на окупаторот и да им се суди од народот“. Исто така, се извикуваа пароли за пов-лекување на англиските војски: „Да живее КПГ, да живее ЕАМ“.

Митингот го отвори и почесен говор одржа претседателот на Окружниот народноослободителен одбор и градоначалник, Мичо Велаки, родум од Баница. Говореа претставници на ЕАМ, Ставро Кочев од Баница, и претседателот на СОФ за Егејска Ма-кедонија и Ригас. Од името на КПГ говореше секретарот Танос Фуркиотис.

Сите говорници ги осудија теророт, насилствата и безреди-јата што се прават и бараа владата да ги спречи, бараа ослободу-вање на уапсените политички кадри и симпатизери и симпатизери на КПГ, EAM, СОФ и др: невини лица и да прифатат одговорност сторителите на теророт, воспоставување демократска власт, чис-тење на редовите на војската, полицијата и единиците за безбедност од сите соработници со окупаторот и профашистички настроени лица од режимот на Метаксас. Извикуваа пароли: „Да живее КПГ, ЕАМ, СОФ“, „Долу реакционерна влада“, „Надвор од земјата на сојузничките војски“ и други.

Сојузната воена команда, следејќи го расположението на масата, се плашеше да не се упати во Деринскиот затвор каде што беа затворени повеќе соработници со окупаторот и воени злостор- ници, затвор што го чуваа единици на Народната милиција на ЕЛАС.

Затоа испрати свои единици кои го блокираа затворот, ги разо-ружа припадниците на Народната милиција и ги затвори заедно со злосторниците, па затворот го предаде на жандармеријата. Подоц-на припадниците на Народната милиција беа изведени пред суд и осудени од воените судови на владата и сите беа испратени во кон-центрационите логори на пустите острови во Егејско Море, раска-жува Илија Костовски од с. Буковиќ, Леринско. Не е потребен коментар, нели?

Во попладневните часови демонстрациите завршија и луѓе-то се вратија во своите домови по селата.

По овој протестен митинг започна уште поголем терор.

Вооружени банди, жандармерија, единици ва специјалните сили за безбедност и др. груци и поединци го возпемируваа голоракото Ha-селение, во домовите, на нивите и каде било напаѓајќи ги, претепу-вајќи ги, ограбувајќи ги, силувајќи ги жените и палејќи ги домовите, а тоа особено се однесуваше ва македонското население за кое не се избираа средства за тотално истребување и кое беше нарекувано „ПајБовулгари и охрапа“. Голем број луѓе беа уапсени и без судење осудени и испраќани во логорите па смртта во Егејско Море.

Населецието од Баница беше информирано за теророт во земјата преку печатот на демократските организации и партијата, како и лични контакти со др. села во Леринско, стравуваше и оче-куваше еден ден тоа да се случи и во Баница, меѓутоа до почетокот на мај 1945 год. никој не се осудуваше да дојде во Баница, односно се додека монархофашистите не ја презедоа и зацврстија власта.

За тоа време во селото мирно течеа сите активности од страна на организациите.

По повод националниот грчки празник 25 Март - ослободу-вањето од турското ропство и добивањето независност, во Баница беше организирана голема парада и одржан голем MHTHHT на кој зборуваа претседателот на Народноослободителниот одбор Мице Лаев, претседателот на МО на СОФ, Нуне Васев и во името на KITT говореше Димитар Кочевски. Сите говорници покрај значењето на овој празник, зборуваа и за револуцијата и за текот на НОБ 1941/1944 год., го осудија теророт и бараа од владата да преземе мерки да го спречи тоа, како и за демократизацијата на земјата и формирање на народна демократска власт со учество на сите де-мократски партии кои учествуваа во НОВ.

Блаже Забрцки, секретар на МК на КПГ за Баница, по одр-жувањето на 9. Пленум на LIK на КПГ од 5 до 10 април 1945 год.

во Атина според добиеното упатство информираше дека сите по-литички кадри треба да поминат во илегалство и да се засолнат во соседните братски социјалистички земји за да се избегне нивно апсење, а на теренот да останат само оние кои не се многу комро- митирани.

Ова важеше и за кадрите на сите други општествено-по- литички организации.

Секретарот свика седница на МК на КПГ и на дневен ред се најде извршувањето на упатството и донесување заклучок кои кадри од Баница треба да останат на теренот, а кои да заминат во соседните држави. Според заклучокот, следниве лица требаше да заминат во Југославија:

- Блаже Забрцки - секретар на МК на КПГ

- Мице Лаев - претседател на НО одбор

- Дине Робев - општествено-политички работник и инструк- тор на ОК на КПГ со седиште во Баница

- Ристо Васев - општествено-политички работник и инструк- тор на ОК на КПГ со седиште во Баница

- Мице Неделков - општествено-политички работник и ре- онски инструктор на КПГ

- Павле Мангов - општествено-политички работник

- Ристо Васев - општествено-политички работник и инструк- тор на ОК на КПГ со седиште во Баница

- Кице Апчев - општествено-политички работник и ин- структор на ОК на КПГ со седиште во Баница

- Стате Боглев - општествено-политички работник

- Софика Џугоманова - општествено-политички работник и инструктор на АФЖ На седницата беше извршен избор на нов секретар на пар-тијата, Џоле Рапов, дотогашен заменик на секретарот. За негов за-меник беше избран Ставро Павлев, a за трет член - Цавле Малинов.

Сите кадри преминаа во Битола, а некои подоцна заминаа за Булкес по налог на КГ.

На теренот од баничките кадри, членови на окружните ра-ководства на организациите во Деринско, останаа: Мичо Велаки, Ставро Кочев, Вангел Кујчев, Тодор Кочевски-Виктор, Димитар Кочевски и др. кои илегално се движеа и ги извршуваа задачите на своите комитети и органи на организациите.

Терор во село Баница Стравувањето на населението се оствари. Во почетокот на мај 1945 год. на Велигден, во селото пристигнаа големи единици жандармерија и го блокираа. Населението, кое прославуваше со музичките групи на Крише Пандев и Крише Јанчев, ro затекнаа на средсело и штом ги виде единиците, почна да се разотидува.

Жандармеријата го спречи да си оди и го заобиколи од сите страни.

На музикантите им нареди да ја свират грчката химна, царското оро и сите да заиграат. Населението остана мирно и никој не сака-ше да го игра ова оро. Почнаа на сила да ги фаќаат луѓето на оро, да ги влечкаат за јакните и да пцујат „,пПаБовулгари, автономисти“ и друго. Населението на сила го проби кордонот жандарми и се упати кон домовите. Почна општ претрес по домовите, малтрети-рање, грабеж. До вечерта жандармеријата се стационира во воени-те касарни во селото каде што остана засекогаш.

Во втората половина на мај 1945 год. во Баница пристигнаа 160 покани на дица за да се јават на суд, а обвинението беше дека се за самостојна Македонија и со тоа го подриваат државниот по- редок во земјата. Настана општа паника бидејќи поканетите беа угледни и авторитетни лида и учесници во НОД и повеќето или беа повлечени во илегала во баничките планини или ја имаа пре-минато границата и се наоѓаа во соседните земји. Од поканетите решија да се јават 40 лица пред судот. Обвинителниот акт ги мал-третираше дека се автономисти и дека со својата дејност го потко-пуваат државниот поредок. Сите се бранеа, а некои ангажираа адвокати и докажуваа дека тоа се само измислици и провокации и некои во очи им рекоа дека сето тоа е вперено против македон-скиот народ со цел малтретирање и истребување. Од судеците 40 лица, без никаква докажана вина, беа осудени 17 лица на долго-годишна робија и веднаш беа испратени на островите во Егејско Море: Ристо Попалев, Нуне Васев, Доре Малинов, Леко Абов, Kune Јанчев, Макили Мангов, Блаже Крстен, Коле Танев, Борис Дуцев, Дине Шишарев, Крише Кочев, Ило Ребеткин, Филип Не-делков, Борис Бабулов (воен инвалид од Грчко-турската војна 1919-1922), Крише Робев, Циле Јанев и Ило Абов.

Населението заплашено од нови апсења и судови, почна да го напушта селото и околу 200 лица преминаа во Југославија, а цели семејства го напуштија родниот крај што беше трагедија за Баница. Некои селани се плашеа од репресалиите на монархофа- шистите и He спиеја дома туку по полето, по планините.

Од осудените 17 лица, Доре Малинов и Филип Неделков беа испратени во Ајастрати, а другите осудени во други логори Bo Erej-ско Море. Доре Малинов во логорот им подлегна на раните од из-мачувањата и тепањето од стражарите. Мачен и тепан беше и ста-риот револуционер Филип Неделков и доведен до работ на смртта беше испратен во селото, односно ослободен. Декарската и дома-шна нега не му ги залекува раните и по две недели им подлегна.

Умре во кругот на семејството.

Поради големиот терор и издадениот налог за апсење на.

Лазо Panos, секретар на МК на КПГ за Баница, тој се повлече во илегала и премина во Југославија. За нов секретар на МК на КПГ

.

во мај беше избран Павле Малинов, члец на комитетот и заменик на секретарот, а за трет член беше избран Крише Мице Рапов кој ја продолжи партиската активност во строга илегала, Од кадрите во Баница, членови на окружните раководства na КПГ, EAM ина EITOH, како илегалци на теренот во Леринско останаа Вангел Којчев, Димитар Кочевски, Ставро Кочев и Тео-дор Кочевски-Виктор кои ја продолжија активноста и покрај теророт.

Формирање на Земјоделската партија на Грција Поради строгата илегалност на KIT" и тешките услови за работа, ОК na КПГ за Леринско издаде налог сите членови на Партијата да се зачленат во Земјоделската партија и во нивните редови да ја одвиваат својата политичка активност покрај дејству-вањето во редовите на организацијата ЕАМ и во секое село да се формира огранок на земјоделската организацијата. Во април 1945 год. во Баница беше одржан конститутивен состанок и беше из- бран Одбор на земјоделска организација од 5 члена: Крише Ро-бев, Крише Јанчев, Ѓорѓи Џугоманов, Славе Костов и Методи Гасков.

Според раскажувањата на Ѓорѓи Џугоманов, во с. Неокази

- Деринско беше одржан состанок со делегати од сите селски и градски организации, a под раководство на КТ за Леринско. При-суствуваа и членот на OK на КПГ Воријас и две други лица на кои не им ги знае имињата. Од Баница како делегати беа присутни Ѓорѓи Џугоманов и Славе Костов, членови ца МО ца Земјоделска-та партија. На состанокот беа разработени тактиката и методата на работа на членовите на КПГ во оваа организација и надвор од Hea, во други организации меѓу масата и војската.

Формирање партизански групи и одреди Во почетокот на мај, по победата над фашизмот, дојде до расформирање на Првата егејско-македонска ударна бригада и сите борци влегоа во составот на Осмиот корпус на КНОЈ (Корпус за народна одбрана на Југославија).

По формирањето на бригадата во:1944 год. истовремено во Битола се одржа конференција со делегати од сите делови на Кгеј-ска Македонија и беше избрано политичко тело од 29 члена, на чело со комисија од 10 члева (Политичка комисија) што требаше да ја продолжи активноста на СОФ која имаше задача да стапи во кон-такт со КП за решавање на спорот за македонското национално прашање и признавање на легитимните права на македонскиот народ со право на самоопределување.

Политичката комисија на една своја седница одржана во април 1945 год. ја разгледа политичката и воена ситуација во Гр-ција, особено во Егејска Македонија, и констатира дека овој дел од земјата е крајно загрижувачки. Масовно истребувачкиот терор предизвика емиграција на мирното македонско население во со-седните социјалистички држави, а отпорот на прогресивното насе-ление во тој дел се зголеми.

Со цел да се заштити населението од теророт на монархо-фашистите и разбојничките банди, населението организира само-одбрана формирајќи селски стражи и вооружени групи и одреди кои се грижеа за самозаштита и навремено известување во случај на опасност.

Политичката комисија, со цел да го организира населението за самозаштита и одбрана на легитимните права на Македонците, ги обедини постојните организации на СОФ од времето на НОВ 1941/44 год. кои беа доста разбиени If деморализирани поради но-вата ситуација на теренот и на 25 април 1945 год. реши да формира нова организација и да го добие името НОФ -Народноослободите-лен фронт на Егејска Македонија, што треба да се смета како продолжение на активноста на СНОФ. Значи НОФ се појави не само како организација и организатор на борбата на македонскиот народ, против националниот и класниот непријател олицетворен во владејачкиот атински режим во Грција, туку и како антитеза на опортувистичката погрешна политика на раководството Ha КПГ во однос на македонското национално прашање. Организацијата на НОФ со своите цели и задачи уживаше голем авторитет во Ere-jcka Македонија. Едновремено беа определени и други кадри кои веднаш заминаа да ги формираат организациите на НОФ и да го обединат населението, а тоа беа: Ристо Коленцев, Вера Фотева-Болева, Ѓорѓи Турунџов, Тане Наумовски, Мичо Велаки, Тодор Кочев-Виктор и други. Ристо Коленцев и Лефтер Олевски добија задача да ги обединат сите вооружени групи и одреди како 1 поед-инци во партизански единици под раководство на НОФ. Од рас-формраната Прва егејска ударна бригада, голем број борци се јавија доброволно да заминат во Егејска Македонија и да се борат за легитимни права. Во првата организирана воена единица на НОФ влегоа околу 100 борци под команда на Лефтер Олевски и Ристо Коленцев. Голем број борци беа од Баница, и тоа: Ѓорѓи Алушев, Блаже Ташев, Дине Ташев, Дине Недин, Русе Џугоманов, Пеце Алу-шев, Дазо ВејБанов, Ѓорѓи Абов, Лазо Гергев, Лазо Лаков, Ванчо Катин, Блаже Тошев, Кочо Хрисафов, Ило Мангов, JTazo Калпа-ков, Ило Неце Мангов и други.

Меѓу наведените, како политички и воени раководители од Баница кои заминаа на теренот беа: Јефтер Олевски - командант на баталјон, Мичо Велакин -политички комесар на бригадата ипси-лантис, по чин потполковник и претседател на Окружниот народ-ноослободителен одбор за Леринско, Тодор Кочевски-Биктор -yen на ОК и инструктор Ha ЕПОН за Леринско и Вангел Кујчев -командант на националната милиција при Главниот штаб на ЕЛАС.

Мичо Велаки ја основа Првата партизанска база во месно-ста Ракијата во атарот на Баница која располагаше само со едно радио. Мичо Велакин со др. политички кадри од Баница: Ставро Кочев, Вангел Кујчев, Тодор Кочевски-Виктор, сите членови на окружното раководство на Лерин, први почнаа да организираат отпорот на населението против теророт на монархофашистите и други окружни воени формации и поединци, помагачи на Сојузни-те сиди стационирани во Леринско.

Ваквата воена активност на НОФ во Леринско и Костурско беше во спротивност со заклучоците на 11. Пленум на ЦК на КПГ одржан од 5 до 10 април 1945 год. во Атина, кога Арис Волухиотис беше осуден за таквата постапка, односно одби да го предаде opy-жјето и со околу 100 борција продолжи герилската борба 3a осло- бодување. Захаријадис ја нарече оваа постапка малодушност и дезертерство и рече дека Партијата нема да дозволи на некој свој член да ја продолжи оружената борба, а постапката ќе биде ocy-дена и Ke ce преземат мерки. Taxa и беше. Арис Валухиотис Ha 25 јуни 1945 год беше најден мртов на планината Пинд. На овој пле-нум беше критикувано и македонското раководстсво на КП Грци-ја и дејствувањето на НОФ кое беше попречувано. | Во јули 1945 год. беше одржан Пленум на ЦК на КПГ на кој Захаријадис поднесе извештај и ги анализира причините за неуспе-хот на ЕЛАС, што главно ја оправда политичката линија на пар-тијата и грешките ги препиша на поединци и на надворешните фактори на англискиот империјализам. И натаму беше против вооружена борба против монархофашистите и се залагаше за по-литичка борба, за вклучување на власта - каква грешка. На 12.2.1945 год. во Варкиза беше потпишана спогодба, а до јули, кога се одржуваше овој пленум, 10 000 бивши припадници и симпатиз-ери на ЕЛАС и членови на КПЕ се наоѓаа по затворите, а илјадни-ци вооружени лица се наоѓаа по планините низ земјата или беа преминати во соседните социјалистички земји избегнувајќи го ап-сењето на монархофашистите и по нив беа издадени потерници.

Во овој период на брутален начин беше извршена реставрација на бившата профашистичка власт. Распоредени се голем број жан-дармериски и владини сили кои не избираа средства и начин да ја постигнат целта и власта на свои луѓе, да ги мобилизираат сите сомнителни и мрачни лица, соработници на окупаторот и профа-шистички расположени, окрвавени со народна крв без оглед на на-родност и вероисповед. Ги прифати сите пребегани воени зло-сторници и предавници од соседните социјалистички земји (Дра-жичевци, Лотиќевци, Домобрани, Балисти) кои успеаја да го одбегнат апсењето и да им суди народот како на воени злосторни-ци направени во своите земји.

Во текот на јули 1945 год. во близина на село К отори, Ле-ринско, во една воена акција беше ранет Ставро Koues, ПОЛИТИЧКИ инструктор на ЕАМ во Леринско и беше префрлен во битолската болница на лекување.

Во август 1945 год. по налог и влијание на КПГ, 3a Булкес-Војводина, заминаа политичките кадри Димитар Кочевски и рБан-гел Кујчев од Баница заедно со други од регионот и се приклучија кон ставовите на KII Грција.

Активноста на младинската организација ETOH во Баница Активноста на ЕПОН во почетокот на 1945 год. се одвива-ше во нормални услови се до крајот на април 1945 година. Млади-ната со доброволна работа и самопомош ја изврши пролетната сеидба и им помогна на сите домаќинства што немаа работна рака или запрежен добиток. Дојдоа до израз единството и солидарноста на жителите на Баница.

Во овој период во раководството на организацијата беа:

- Мице Џугоманов - претседател;

- Tene Кочев, Павле Танев, Лена Крише Робева, Tene Ап- чев, Павле Апчев и Павле Димитров - членови.

Со доаѓањето Ha жандармериските формации и стациони-рање во Баница и апсењето на политичките кадри, младината се вознемири. Беа уапсени и членови на младинската организација, a Од 160 покани за на суд, голем број беа за младинците. ЕПОН почна да стагнира и да ја намалува активноста. Голем број млад-инци пребегаа во Југославија, а други заминаа в планина и започ-наа вооружен отпор против теророт на монархофашистичката власт, а подоцна се приклучија кон партизанските одреди на НОФ, под раководство на Лефтер Олевски.

Формирање на НОФ во Баница Во почетокот на мај 1945 год., по враќањето на политички македонски кадри од соседните социјалистички држави, меѓу први-те села во кои се формираше организацијата НОФ беше Баница.

Дотогашното раководство на СОФ поради прогоните беше расту-рено во соседните земји, по затворите на монархофашистите или по планините. На поканата за основање на организацијата НОФ во Баница се одзва сето население. На состанокот Gea изнесени 1 прифатени целите и задачите на организацијата. На крајот беше избран МО на НОФ во кој влегоа следниве лица:

- Блаже Крстин - претседател:

- Ристо Васев, Наце Басев, Павле Џугоманов и Цеце Танев

- членови.