Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА - Part 01

Од Atanas Katinovski-Goche · Дел 8 од 17 · Околу 20 минути

Читај на English

ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА

1940-1941 ГОДИНА.

Општата мобилизација и учеството па баничани во војната По окупацијата на Албанија од страна на Италија, Грција ја увиде опасноста од Италија и тогаш грчкиот генералштаб набрзи-на презеде некои мерки.

Набрзина летото и есента 1940 год. беше извршена општа мо-билизација во Грција, и тоа во егејскиот дел на Македонија, која ги опфати генерациите што служеа војска од 1911 до 1940 год, ОДНОСНО 30 генерации со помината воена обврска, а во стара Грција ги оп-фати генерациите кои служеле војска од 1931 до 1940 година, однос-но 10 генерации. Каква неправда, повторно беа жртвувани македон-скиот народ и други народи што живееја во егејскиот дел на Македо-нија, главно населението дојдено и доселено од Мала Азија - Маџири.

Италијанската фашистичка војска ја нападна Г рција на 28 октомври 1940 год во утринските часови со осум добро вооружени дивизии со околу 100 000 војници, а грчката војска со две дивизии со околу 35 000 војници му се спротивстави на непријателот распо-реден на околу 200 км фронт.

Со општата мобилизација извршена во 1940 год. и лицата Кои служеа редовен кадровски рок, од Баница беа опфатени околу 450 војници и сите беа распоредени во првите борбени линии на фронтот во 28-та бригада на 9-тата дивизија.

Брзиот и ненадеен напад на италијанската фашистичка вој-ска И нанесе големи загуби ча грчката армија и постигна почетни визија, т.н. челична дивизија, го сопре непријателот, изврши прекон-центрација на своите единици и 28-30 бригада организираа против-напад, го вратија непријателот на почетните позиции кој во пани-Ka се повлекуваше и ги напушташе албанските градови и села, пред налетот на грчката армија, во чии единици претежно беа Македонци.

Загинати и заробени баничани во војната Во таа борба го дадоа животот многу Македонци, меѓу кои и 5 млади момчиња од Баница, и тоа: Мице Глигор Танев - иштелек-туалец; Глигор Тего Минчев - рударски работник; Мице Дафо Печинов - рударски работник; Стојче Наце Зисков - рударски pa-ботник и Павле Леко Алушев - рударски работник. Италијанската војска во првите налети зароби повеќе грчки војници, меѓу кои и 14 лица од Баница: Киро Леко Минчев, Стефо Леко Дајков, Кице Ѓеле Гепев, Блаже Лазо Ташев, Тасе Геле Петков, Ѓорѓи Ване Илиев, Глигор Мице Ќосев, Дине Mune Мангов, Гоне Мице Делев, Пеце Кире Киров, Пеце Кире Киров, Пеце Минде Јанчев, Кине Горги Васев, Блаже Ване Кочев и Ѓорѓи Стефо Рапов.

Сите заробени грчки војници беа одведени во воените ло-гори во Италија, а меѓу нив и баничани. По завршувањето Ha вој-ната и окупацијата од страна на Германија, пролетта 1941 год.

бугарската амбасада во Рим ги зеде сите Македонци од воените логори како бугарски граѓани и ги однесе во Софија. Со nus pasro-вараа највисоките бугарски воени и цивилни лица за ослободител-ната мисија на бугарската армија во Македонија и за присоедину-вањето кои мајка Бугарија.Потоа ги пуштија каде што сакаат да одат, па и во родниот крај. Сите баничани по ослободувањето во Софија се вратија во родниот крај, во Баница.

Бапичани во прогонство, учесници на грчко-италијанскиот фронт Успехот и напредувањето на грчката армија траеше многу кратко, а за тоа време беа постигнати задоволителни воени успе- си. Беа освоени градовите Корча, Аргирекастро и др. помали гра- дови и села. Меѓутоа италијанската војска се прегрупира, беа извршени измени во командниот кадар и беше добиено засилување, така што на фронтот се концетрираа околу 600 000 војници, 7600 борбени авиони и преку 15 000 камиони и други транспортни сред- ства. Напредувањето на грчката армија беше запрено. Почна про- тивнападот на италијанската војска, а грчката армија не можеше да ги издржи силните налети на војската и постојаното бомбарди-рање така што почна да отстапува на јужниот фронт. За неуспехот на грчката армија не беше причина само многубројниот неприја-тел, туку и многу други фактори како, на пример, исцрпеноста и премрзнатоста на војската која непрекинато водеше неколку ме-сеци борби, без редовен дотур на храна, муниција, облека и воена опрема, а за тоа време потребите ги задоволуваше од заробените резерви од непријателот при отстапувањето. За ваквиот пресврт на фронтот, врховната команда на чело со кралот, ги обвини Ма- кедонците. Кралот нареди околу 450-500 војници, подофицери и офицери од македонско потекло, по избор на бригадните и батал-јонските раководства од 28-та и 30-та бригада (сомнителни лица)

да се повлечат од овие единици и под изговор на замена и повле-кување на одмор беа повлечени, разоружени и префрлени во заднината.

Меѓу овие Македонци беа и 30 баничани. Беа качени во ка-миони и однесени на Пелопонез, потоа назад вратени и префрлени во логорот на островот Тасос. По навлегувањето на Германците, : сите му беа предадени на Гестапо. Ги качија на товарни бродови за да ги однесат преку Средоземното Море во Германија. Меѓутоа, бродовите пристигнаа во Пиреја, а некои во Коринтскиот Залив каде што беа нападнати од сојузната борбена авијација. Некои од затворениците во Пиреја ја искористиле паниката и напуштањето на бродот, влегле во градот и се изгубиле по улиците, а меѓу нив имало и баничани кои веднаш тргнале кон родниот крај и по на-порното патување се вратија во селото. Многумина од бегалците биле погодени од митралезите на авионите кои ниско летале, а многу се удавиле кога скокале од бродот кој бил запален од авија-цијата бидејќи не знаеле да пливаат. „Загубите биле големи и само мал број успеале да се спасат препливувајќи го каналот. Во кана-лот пливале стотици трупови, водата била крвава, тоа била ужасна и грозна ситуација“ - го завршува своето искажување Ќерамитчиев.

Македонците од егејскиот дел на Македонија беа во првите борбени позиции, без доволно храна, облека, муниција и друга вое-ца опрема. Значи, тие биле жртвувани за големото дело Ha грчки-от народ, а грчката Прва армија беше далеку од фронтот и живе-еше на висока нога, распоредена во македонските села. Македон-скиот народ даде свој значаен придонес во борбата против заед-ничкиот непријател - фашизмот.

БАНИЦА ВО ВРЕМЕТО | HA BTOPATA CBETCKA BOJHA И НАРОДНАТА РЕВОЛУЦИЈА 1941-1944 ГОДИНА Одбрана на земјата и капитулација Баница, поради воено-стратегискиот карактер на место-положбата, секогаш беше запоседнато од војски, а во непосредна близица беа подготвени одбранбени позиции кои во март беа за-поседнати од англиски војски, во должина од десетина километри југоисточно од планината Божанија. Полето го минираа од селото до меѓународниот пат Баница-К ожани и се до планината Синак со по десетина редови полски мини. Првата грчка армија која беше стационирана во Баница и околните села од Леринскиот округ, од есента 1940 год. чувана како резерва на Албанскиот фронт, се повлече во заднината спрема Сорович и Острво. Населението на Баница се евакуира во рударските јами на баничките Јагленокоци на оддалеченост од 3 до 5 км во Дервенот и Бездоед, на неколку стотини метри под земја, а над нив беа утврдувањата на Англича- ните. Дејствата на положбите околу Баница почнаа на 10 април

1941 год. и траеја само еден ден, бидејќи очекуваниот непријател, Германците, не дојдоа од Битола туку дојдоа од Солун. Англича-ните беа нападнати од заднина, па цела англиска дивизија беше це-лосно уништена во самите ровови на спиење, затекната од не-пријателот со нападот од заднината. Офицери на Хитлер облечени како виши офицери на генералштабот на англиската војска извр-шиле инспекција и си заминале. Доцна биле откриени. Веднаш io стивнувањето на воените дејства, селаните од Баница се вратија во селото, ги отворија сите воени складови што постоеја и ги раз- грабаа. Исто така, неколку композиции со прехранбени производи кои се затекнаа Ha железничката станица Дерин-Солун беа огра-бени и однесени по домовите кои почнаа да се обновуваат.

Расфрленото оружје од сите видови и воената опрема села-ните си ги зедоа и се вооружија.

Обновување на месната власт По повлекувањето на грчкиот државен апарат пред нападот на агресорот, во Егејска Македонија првите два месеца од окупа-цијата не постоеше организирана власт. Поради тоа селаните од Бацица, а по иницијатива на КТЈГ, на крајот од 1941 год. свикаа општ собор во училиштето и со јавно гласање беше избраца месна власт, и тоа: Дазо Кочев - претседател; [lune Робев -h секретар;

Стојан Катронов, Гире Бабулев, Ило Абов, Дазо Весев и Леко Абов - членови.

Новоизбраниот совет на месната власт уште истата вечер изврши конституирање и поделба на должностите и издаде апел со кој се повикува месното население Ha ред и мир и сите свои потреби секој ќе ги бара и ќе ги остварува преку нив. Се забранува секакво пукање, прекршителите ќе бидат казнети, а оружјето одземено.

За изборот на советот на месната власт беа известени гер-мански власти во Дерин кои дадоа согласност. Од населението беа формирани редовни месни стражи и патроли кои деноноќно дежураа, а беа назначени и селските полјаци.

ПОЈАВА НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНОТО ДВИЖЕЊЕ И ОСНОВАЊЕ ОРГАНИЗАЦИИ Основање на младинската организација ОКНЕ Бидејќи повеќето партиски кадри беа во интернација, извес-но време се чекаше на нивното враќање за реорганизација на пар-тијата во нови услови. Се пристапи кон организирање на млади-ната, на која прво сметаше партијата. Голем број младинци и по-рано беа активни со прибирањето „црвена помош“ и активно учествуваа во револуционерните синдикати во рудникот за лигнит со кој партијата раководеше. Така на 15 мај 1941 год. во куќата на Дазо Весов беше свикан првиот собир на напредната младина, а беа присутни околу 36 младинци. Уводен збор зеде Вангел Којчев кој зборуваше за значењето на организацијата и за задачите што и престојат на Комунистичката младина, а тоа е долга и крвава борба до конечната победа над фашизмот, дека Советскиот сојуз и Интернационалата на КП е на наша страна и треба е да се за-почне со подготовки за борба и удари на непријателот преку саб-отажи, акции, диверзии.

Потоа беше извршен прием во членството на сите младинци во редовите на ОКНЕ (Органосис комунистикон неон Елада) -Организација на комунистичката младина на Грција, со заклет-вата: JAC, corr , CE заколнувам дека Ke ce борам 3a правда и слобода Ha својот поробен народ и нема да ги жалам својата сила и младост, а и животот да го положам за слободата. Ако ја пре-кршам оваа заклетва, да бидам прогонет и убиен одмојот народ.

Потоа се приоѓаше кон масата, се бакнуваа два вкрстени војнички ножа и пиштол. По завршувањето на церемонијата следуваше избор на месен комитет во чиј состав влегоа; Гане Павлов - секре-тар; Атанас Катиновски - заменик-секретар; Годор Кочев, Павле Павлев Павле Димитров,Русе Џугоманов и Мице Џугоманов - членови.

На крајот беа донесени заклучоци за активности и задачи што требаше да се преземат, меѓу кои беа:

- Прво, веднаш да се пристапи.и да се организираат и други младинци кои беа 530 до 600 во Баница и секој окнеовец беше задолжен да создаде своја ќелија од 3 до 5 или повеќе младинци со кои ќе работи на идеолошка и политичка подготовка.

- Второ, веднаш да се организира прибирање оружје и друга воена опрема од теренот и од семејствата кои сметаат дека нема да можат да го чуваат или самите да го понудат по апелот издаден од партијата.

- Трето, веднаш да се започне со обука на ракување со оруж- је и со воени вежби. За таа цел, Димитар Кочев беше задолжен да ја спроведе обуката со младината и да формира воени единици и ударни групи. Првата обука со членовите на OKHE беше изврше-Ha во куќата на Мице Џугоманов: запознавање со пиштол, пушка и пушкомитралез, а наредниот ден е извршено гаѓање со спомена-тите оружја во местото Урниците на Cote Гасков во Божанија ка-де што беше направен полигон за обука и стрелање, а подоцна обуката се вршеше во месноста наречена „Долги ораници“ и „Ји- вајца“. oe Оружје што беше собрано од населението беше складирано во тунелите на јагленокопите во с. Баница.

Обновување na KIII во Бавица По враќањето на партиските кадри од интернација, на 20 мај 1941 год. партиската организација одржа состанок во куќата на Мичо Велаки. На состанокот беа изнесени воено-политичката по- ложба и новонастанатата ситуација со окупаторот, како и подел-бата на Грција на три воени окупациски зони во кои западниот дел беше под Италија, североисточниот дел под Бугарија, а преостана-тиот дел, централна и западна Македонија каде што живееше по-големиот дел од македонското население, над 200 000 жители, оставено под јурисдикција на грчката квинслишка влада Ha гене-рал Чолаконглу која се викаше „Единики политија“ (грчка држав-на управа) и беше под непосредна контрола на Германците. Се зборуваше за ситуацијата во светот, како и за активноста и зада-чите што и претстојат на Комунистичката парија. Другарот Мичо Велакин детелно ги информира присутните за сите настани и за-дачи што престојат, како и 3a изборот на месен комитет на ОКНЕ и поставените задачи пред младината.

Потоа беше формиран месен комитет на Комунистичката партија во кој влегоа:

- Вангел Кујчев - рударски работник, секретар;

- Мичо Ведакин - интелектуалец-трговец, член;

- Вангел Заврцки - рударски работник, член;

- Павле Мангов - рударски работник, член;

- Макиле Евгин - рударски работник, член;

- Дафо Дафов - земјоделец, член;

- Ѓорѓи Janus - трговец, член.

На крајот беа донесени заклучоци за натамошната актив-ност на членовите и за нивно омасовување за работа со младината, организирање движење за формирање народен фронт на жените, формирање воен штаб кој ќе раководи и формира резервни воени единици и ќе ги врши сите воени подготовки за борбени дејства, поврзување на организацијата од Баница со соседните села, реор-ганизирање на партиската организација ва рудниците за јаглен, а исто така револуционерните синдикати и раководствата да се по-полнат со нови сили. Беше поддржан изборот на месна власт беше заклучено на следниот состанок да се разгледаат проблемите што се јавуваат со спроведувањето на мерките, редот и мирот, обновата во селото и во општината и друго. Тоа беше сторено во текот на јуни 1941 година.

Во почетокот на јули 1941 година, партиската организација во Баница ја посети другарот Лазо Трповски, член на LIK на КПГ.

Состанокот се одржа во куќата на Вангел Забрцки, а присуствуваа секретарот на месниот комитет Ваџгел Kojues, членот Вангел За-брцки и Ставре Кочев. Другарот Трпковски беше информиран за мерките и активностите што беа преземени дотогаш, како и за подготовките за вооружено востание. Грпковски ги извести за по-ложбата во редовите на партијата и за заклучоците на 6 Пленум na ЦККПГ одржан на 1 јули 1941 год. кога е донесена резолуција и КПГ испрати повик до грчкиот народ да се обедини во единствен народен фронт за ослободување на земјата и за задачите кои сто-јат пред партијата во поматамошниот период, како и за ставот во врска со македонското прашање.

Отпор против реставрацијата па стариот административен грчки апарат Во почетокот на јули 1941 год. жандармериска формација од 100 лица со два камиона пристигна во Баница со цел да се ста-ционира во касарните во селото. Дежурците стражи ја запреа фор-мацијата на влезот на селото во месноста Тамбулките и веднаш го известија населението со договорениот знак, со биење на црквена-та камбана и за неколку минути почнаа да пристигнуваат селаните со пушки во рацете и со др. предмети: секири, вили и кој што ќе нај- де. Се собраа над 500 селани, а некои од нив испалија истрели во воздух ставајќи на знаење дека не ги сакаме и дека не ни се пот- ребни. Чувствувањето ца опасноста ги натера да ги свртат возила- та и веднаш да се вратат во Лерин од каде што беа испратени.

Следниот ден окупаторските власти го повикаа претседателот на месниот совет, Лазо Кочев, да се јави во Лерин. Тој ce јави и му ce заканија и го посоветуваа да ги убеди селаните дека таа формација е распоредена во Баница и треба да се стационира во селото. Кочев ги убедувал дека нема потреба од грчките жандарми и нивната ре-ставрација, туку дека народот сака германски единици кои ќе би-дат добро примени. Му било дадено рок од три дена во кој Ke ja Из-вести германската Команда за исходот. Претседателот, по враќа-њето, го свика Советот на месната власт и го извести за ситуаци-јата, но Советот не го поддржа ставот на германската команда и зазеде став дека по секоја ценца треба да се спречи стационирање на грчката жандармерија. Таа, пак, не чекајќи одговор од месната власт, следниот ден со два два камиона од Јерин се упати кон Ба-ница и околу 10 часот пристигна на влезот во селото каде беше зап- рена. Стотици селани веднаш отворија оган врз камионите кои по вторпат се повлекоа заминувајќи KOH железничката станида на Баница каде што се стационираа. Претседателот повторно замина за Лерин за да ги информира Германците дека не ги сакаат грчки-те формации и ги изнесол причините за тоа. Германците се за-каниле доколку не се дозволи стационирање на жандармериските формации во Баница, тоа ќе биде изгорено, населението убиено и дека без шега е издадена наредба на две артилериски бригади да се постават на крстопатот до с. Росен кои во даден момент ќе деј- ствуваат. Претседателот го истерале од канцелариите и тој попат- но се уверил дека биле поставени две батерии од 10 артилериски орудија вперени кон Баница. Селаните се согласија да не прават проблем, но сакаа грчките жандарми да останат на железничката станица. Така не мислеа окупациските власти во Лерин кои на 29 Јули 1941 год. во попладневните часови двата камиона со грчките жандарми во придружба на германски полициски моторизирани единици ги однесоа до касарните. Народот извикуваше пароли:

„Не ги сакаме грчките Метаксасови тирани и шпиони“ и погрдни зборови упатени кон квинслишката власт и жандармерија. Претсе-дателот на Советот, Лазо Кочев, со трчање го пристигна населе-нието на околу 200 метри од касарната, го запре и го запозна со заканата од Германците дека ако им се случи нешто на жандар-мите и не се дозволи нивно стационирање во касарните во Баница, селото ќе биде до темел уништено со целокупното население кое се вразуми и се врати во домовите. Една група младинци под рако-водство на Димитар Кочевски, со учество на Лазо Ѓорѓев, Атанас Катииновски, Ѓорѓи Дајков, Павле Павлев, Блаже Катронов, Михаил Хариши и Стојан Робев, околу 21 часот ги нападна касарните упо-требувајќи каписли од полски мини и дефанзивни рачни бомби со цел да ги исплаши жандармите за да го напуштат селото. За оваа акција диверзантската група беше укорена бидејќи беше без знаење на организацијата. Нападот траеше речиси половина час додека не дојдоа селските стражи кои наредија да престане нападот.

На 30 јули 1941 год. околу полноќ селските стражи забеле-жаа движење на германски единици кон селото од сите правци, придружени со тенкови и др. моторни возила, а во близина на село-то се истовараат и ro заобиколуваат. Советот на месната власт, по консултацијата, даде налог да се извести населението со вообичае-ниот знак, биење на камбаната, и тоа да се повлекува кон планина-та Божанија во непосредна близина на селото. Тоа беше сторено и без паника населението почна да ги напушта домовите во раните утрински часови. Германските војски кои имаа поставено обрач околу селото, ги враќаа назад во селото. Околу 4 часот германска-та војска влезе во селото оставајќи ги тенковите на крстопатите и сред село. Точно во 7 часот пристигна со блиндирана кола командан-тот на окупациските сили за леринскиот округ во придружба на други високи германски офицери и квинслишки преведувачи. Пови-кан беше претседателот на Советот на месната власт и му беше на-редено да го извести населението сите машки лица над 14-годишна возраст да дојдат во собирниот центар во кругот на „Св. Димитрија“, кај споменикот, во рок од 30 минути. Кој ќе се затече надвор од со-бирниот центар по овој рок, ќе биде стрелан на самото место.

Населението мирно ја прифати наредбата и во определено време сите беа во собирниот центар кој беше опколен со војска вооружена до заби и се очекуваше најлошото бидејќи таму имаше над 1000 лица. Се пренесе лелек меѓу жените и децата на сите страни.

Командантот на Леринскиот округ одржа говор со закану-вање и величење на германската фашистичка сила и дека мора секој да се покорува на наредбите од Рајхот, а секој што нема да биде покорен, ќе биде стрелан јавно со своето семејство и куќата ќе му биде запалена. Нареди секој да го предаде оружјето што го има и ќе биде пуштен дома без санкции. Квинслишките преведу-вачи сето тоа му го преведуваа на населението на македонски јазик, а од своја страна се закануваа и тврдеа дека биле одредени да го одржуваат редот и мирот во селото. Почна општ претрес по куќите кој траеше два дена и се што му одговараше на непријателот (зла-то, ѓердани, валута) беше однесено, а никој не смееше да каже што му е однесено од страв од други репресалии.

Во логорот каде што беше собрано населението, најмногу беше мачен Геле Цетков.

Измачувањата траеја два дена и една ноќ. Населението без леб и без вода паѓаше од жешкото јулско сонце и уште повеќе беше тепано поради тоа. На први август околу 13 часот командан-тот повика околу 28 лица кои мораа да излезат од логорот пред оградата на „Св. Димитрија“ и ги качија во камионот. Потоа даде наредба војската да се повлече кон Лерин, а другото население да ce ослободи.Како заложници беа земени следниве лица: Дине Да-ков, Фоте Олев; Kune Мангов; Kone Малинов; Борис Малинов;

Ило Дајков; Цеце Малинов; Глигор Попдимитров; Леко Абов;

Славе Катин; Мице Baces; Ило Јанин, Мице Мангов; Дине Кочо-ров; Тасе Кочев; Наце Васев Е Царот; Kano Lloros; Гире Бабуло;

Ристо Ilonanes; Цандо Којчев; Мице Лаев; Дине Кирев; Ило Да-фов; Кице Апчев; Ѓорѓи Попдимитров, Стојан Катронов; Толе Мангов; Sune Џугоманов.

Исто така, германската окупациска власт изрече казна од 300 000 драхми за дадениот отпор и направените трошоци што ја платија баничани. Вечерта беше одржана седница на Советот на месната власт и беа донесени заклучоци населението да престане да употребува огнено оружје на слави, веднаш беше определена група членови на советот и угледни селани да појдат во Лерин кај некои влијателни личности и поранешни пратеници на парламен-тот, а особено кај Драгумис, да молат за ослободување на залож-ниците, а ако треба да фатат адвокати во случај да се отвори суд-ска постапка против сите нив или против поединци.

На втори август одредените лица отпатуваа во Лерин и ги посетија сите што на кекој начин можеа да помогнат кај герман-ската власт за ослободување на заложниците. Дел од лицата што ги посетија се дистанцираа и не сакаа да имаат работа со герман-ската власт, а некои ветиле дека ќе направат се што е во нивна моќ за да се ослободат заложниците.

Организираниот притисок на Советот на месната власт и населението, германската власт го сметаше за организиран бунт против неа и затоа реши четвртиот ден да испрати воена единица да уапси уште четири лица како заложници, и тоа: Дине Робев, Коле Стаматов-К овачот, Ристо Репов-Ежо и Kune Koues.

Овие лица храбро се држеа во Леринскиот затвор и ги под-несуваа сите тортури, измачувања и закани. Гри лица успеаја да по-бегнат искористувајќи ја небудноста на стражата, и тоа: Фоте Олев, Кало Џогов и Ѓорѓи Попдимитров и заминаа за Бугарија. Така го принудија непријателот по еден месед мачење да ослободат 30 лица, освен Славе Катин осуден на долгогодишна робија и испратен во Едикуле во Солун. Дине Лаков, кому му беше најдена пушката во градината иако одбиваше да признае дека е негова, беше изведен пред суд и осуден на смрт со стрелање. Пресудата беше извршена на 29.8.1941 год. заедно со други родоњуби од Леринскиот округ.

Убиството Ha [Tune Даков беше закана за населението, HO ги сплоти во организирана активност, подготвувања на востание и масовно приклучување кон НОВ. Падна првата жртва, загина еден револу-ционер, синдикален рударски и партиски работник.

По налог на КП на Баница, ОКНЕ се вклучи во акција за прибирање оружје и демонтирање на полските мини кои беа во осум до десет реда во должина од околу 7 километри. Под рако-водство Ha минерите Димитар Кочевски и Павле Кочев од Баница и други искусни минери, меѓу кои беа Павле Павлев, Кице Апчев, Мире Бабулев, Наце Олев, Славе Катин, Ило Катин, Тане Пав-лчев, Блаже Ташев и Атанас Катимовски во април и мај 1941 год.

беа демонтирани околу 20 000 мини и пренесени и складирани во дворот на Павле Кочев. При организираното вадење на мините учествуваа и лица од околните села. Мините претставуваа опасност за населението и тие сметаа дека ги извадиле сите, но, за жал, сепак некоја мина останала на полињата и ги демнеше своите жртви.