Главно јадење
Кукурец
Велигденска специјалност од јагнешка џигерица завиткана во цревца и бавно печена во земјен сад.
Рецепт од Туѓино Јабано
- Подготовка
- 1 ч
- Готвење
- 2 ч 30 мин
- Вкупно
- 3 ч 30 мин
- Пост
- Мрсно
Потребни продукти 10 состојки
Начин на приготвување
- Изнутрицата исплакнете ја во неколку води, па обварете ја во посолена вода околу 20 минути и оставете ја да се излади. Цревата превртете ги и исплакнете ги повеќепати; ова е најдолгиот дел и нема пократок пат.
- Исечете ја оладената изнутрица на ситни коцки од околу еден сантиметар.
- Динстајте го ситно исецканиот кромид во маслото додека не омекне, додајте ја изнутрицата и држете ја десетина минути.
- Тргнете од оган, вмешајте го црвениот пипер, па додајте го измиениот ориз, сецканиот магдонос, копарот, младиот кромид, сол и бибер. Оризот останува суров.
- Обликувајте ја смесата во дебела ролна и завиткајте ја цврсто со цревата, како да намотувате конец, преклопувајќи по секој круг за да не се отвори при печењето.
- Ставете го кукурецот во земјен сад, налејте два прста вода, покријте и печете на 170 °C околу два саата.
- Откријте за последните триесет минути за да порумени. Се сече на дебели парчиња и се служи топол, со кисело млеко и млад кромид.
Ако не можете да го најдете
Замени што работат надвор од Македонија.
- Јагнешки црева
- Свински црева за колбаси од месарница; поширок се и полесни за работа.
- Јагнешка изнутрица
- Само џигерица и срце, ако белите дробови не ви се допаѓаат; вкусот е поблаг.
- Земјен сад
- Длабок керамички сад со капак или леан лонец.