Чорби и супи Посно
Чорба од печурки
Есенска чорба од шумски печурки и компир, што се готви кога вргањот ќе слезе од планините.
Рецепт од Туѓино Јабано
- Подготовка
- 20 мин
- Готвење
- 35 мин
- Вкупно
- 55 мин
- Пост
- Посно
Потребни продукти 13 состојки
Начин на приготвување
- Избришете ги печурките со влажна крпа, не потопувајте ги во вода — се напојуваат и потоа не сакаат да порумените. Исечете ги на дебели парчиња.
- Загрејте го маслото во широк сад и пржете ги печурките на посилен оган, отпрвин без да ги мешате, додека не ја пуштат водата и таа не испари, околу десет минути. Извадете ги настрана.
- Намалете го огнот и динстајте ги кромидот и зелената пиперка осум до десет минути, а лукот додајте го во последната минута.
- Додајте го изренданиот домат и оставете да се крчка додека не се згусне и маслото повторно не се појави, околу пет минути.
- Тргнете од оган, вмешајте ги брашното и алевата пиперка, вратете на оган и постепено наливајте ја водата. Додајте ги компирите, сувата лута пиперка и сол.
- Варете дваесет минути додека компирите не омекнат, потоа вратете ги печурките заедно со сокот што го пуштиле и варете уште пет до десет минути.
- Тргнете од оган, додајте магдонос и црн пипер и оставете да отстои десет минути. По одмор е подобра.
Ако не можете да го најдете
Замени што работат надвор од Македонија.
- Свеж вргањ
- 25 г сушен вргањ, натопен, плус 400 г кафеави шампињони; додајте ја и водата од натопување.
- Домашна алева пиперка
- Унгарска слатка пиперка, не чадена.
- Сува лута македонска пиперка
- Прстофат лушпи од чили.