ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА - Part 06
Во суштина неколкупати се обидував да ги дефинирам целите пред Државниот врв, но не бев сфатен. Лично сметав тогаш и сега, дека воената криза беше договорена, строго контролирана, подржана однадвор, а планирана со знаење на политички структури кои беа тогаш на власт во РМ. Подоцна, во текот на политичките преговори, во однос на Рамковниот договор, тоа се потврди, односно кoј ги застапуваше во преговорите интересите на т.н. ОНА.
Целото сценарио околу воената криза, уште од почетокот, им беше познато на одредени личности во владеачката гарнитура.
Нив не им беше битен начинот на разрешување на кризата, многу поважно им беше како да се направи состојба кoјa ќе ги оправда нивните политички подвизи пред македонскиот народ.
Но, кога веќе се отпочна решавањето на воената криза со сериозни воени средства и кога постоеше “опасност” дека брзо ќе бидат разбиени “етничките албански вооружани групи” - се активираа некои западни земји тоа да го спречат - а завршницата да биде со политички договор. Покрај другите активности за контрола на кризата беше и формирањето на широката коалиција кoјa имаше за цел да дојде до политичко разрешување на воената криза.
Бидејќи Тетовскиот и Кумановскиот простор беа под целосна контрола на безбедносните сили на РМ, а во кумановско терористите беа целосно разбиени - емитираа некаква сила само да јa задржат тензијата како божем важен воен фактор. Имено се уште не беа направени воени услови од страна на т.н. ОНА, како оправдување пред јaвнoстa да се прекинат воените дејства, а кризата да се реши со политички средства. Требаше да се измисли нешто посериозно, односно некoјa операција каде што т.н. ОНА ќе “доминира” врз безбедносните сили на РМ и кризата ќе продолжи да се решава со политички средства.
Извлекувањето на цивилното население од Кумановскиот простор беше во завршна фаза, а терористите беа разбиени. Во Тетовско терористите со месеци не се појавуваа, бидејќи немаа услуви за дејство заради присуството на АРМ.
Набрзо се измисли начинот како да се ислеат Македонците од шарпланинските села и во тоа брзо се успеја. Отпочна медиумска кампања “како Армијата не јa подржува полицијата”, “како полицијата е недоволно вооружена со оклопни транспортери и артилерија”; “како треба полицијата да јa преземе командата за изведување на воени дејства”, “да се формираат специјални единици во МBР итн”.
Покрај другото, во тoј период, без знаење на МО и АРМ увезени беа 30 000 “калашникови” од Р. Бугарија, сместени во складовите на АРМ во Кочани, а подоцна беа делени на населението, пред се во Тетовско. Сето тоа беше почеток на остварување општ хаос со цел целата криза во РМ да излезе од контрола.
АРАЧИНОВО - ОБИД ДА СЕ РЕШИ КРИЗАТА СО ПОЛИТИЧКИ СРЕДСТВА На 3. 6. 2001 г., во с. Матејче бев ранет и од тој ден до 12. 6.
2001 год. бев отсутен од теренот, односно од Кумановскиот простор, поради лекување во Воената болница во Скопје. После три дена ми се јави претседателот Борис Трајковски и ме праша, покрај другото, што мислам за Арачиново. Му одговорив дека нeмам точни податоци кој се наоѓа во Арачиново, но она што го пласираат преку ТВ и др. медиуми е повеќе од претерано - односно пропаганда, а имено дека во “Арачиново има околу 4 000 терористи и дека тие се подготвувале за некаков напад”. Кратко му одговорив дека тоа е пропаганда и дека во цела Македонија нема повеќе од 1 000 -1 500 и дека најверојатно се дел од ДТГ кои се извлекоа од Карадачкиот простор бидејќи таму немаа перспектива. Му реков: “Арачиново од воен аспект не претставува закана бидејќи истото е блокирано”.
На 12. 6. 2001 г., излегов од Воената болница и отидов во ГШ на АРМ. По согледувањето на состојбата издадов задачи, сепак да се отпочне со одредени подготовки за евентуално ангажирање на единиците на АРМ во Арачиново.
Не можев да проникнам која би била целта во Арачиново да се предизвика криза. Арачиново е до Скопје и аеродромот Петровец, а на Петровец се сместени силите на НАТО!
Арачиново уште во мај 2001 г. беше полуопкружено со силите на АРМ и полициските сили. Не претставува никаква закана во ниеден аспект за натамошните дејства. Во март, април, мај и јуни 2001 г. никаква акција - офанзива, операци не изврши т.н.
ОНА со кои би ја покажала cвојата силина и подготвеност.
Напротив, за цело време ги провоциравме да се јават, како би стапиле во борба, а нив ги немаше.
Сепак тоа е некој блеф - за да се сврти вниманието од Тетовскиот и Кумановскиот простор. Во Гостивар, Дебар па и Кичево најавyваа некакво востание, а ДТГ никаде не се појавија, освен една мала група во с. Рибница која беше брзо разбиена. Што сега со Арачиново и тоа во Скопје каде што знаат сите дека на овој простор имаме силни безбедносни сили.
Сите претходни проверки покажуваа дека има некоја група на ДТГ - извлечена од Кумановско и некои дојдени од Прешевската долина. Сето тоа не можеше да се вклопи во целиот воен систем и во состојбата во Р. Македонија.
Полицијата, сепак, целосно го блокира Арачиново - не можеше да се случи ни влез ни излез во Арачиново, а селото е погодно за надворешна контрола, во однос на движењето надвор од него. Сите дезинформации доаѓаа од македонските медиуми во однос на бројот на присутните терористи во Арачиново. Во дезинформациите медиумите се натпреваруваа кој повеќе ќе каже - секако сите тие средства за информирање добиваа податоци од некого кој имаше за цел да се издигне проблемот до највисока точка, односно ако не се изврши операција во Арачиново Македонија пропаѓа. Во суштина Арачиново беше само пресврт на “Режисерот” на воената криза, да се присили македонската страна на политички преговори, односно да се прекинат воените дејства и да се седне на маса за разговор. На другите простори: Тетовско, Кумановско со таквата идеја очигледно не се успеа.
На состаноците истакнував дека Арачиново не значи ништо посебно од воен аспект, ние треба да ја довршиме работата во Кумановско. Но на ниво на Државен врв премиерот Љубчо Георгиевски застапуваше друг став: “Не треба да дозволиме пред Скопје да ни прогласат слободна територија”. Hаcтојyвав да објаснам дека Арачиново не преставува проблем бидејќи е блокирано со полициски и воени сили - односно имавме распоредно единици од АРМ на просторот Никуштак, Умин Дол, с. Грушино, а во с. Мојанци, с. Орланци, с. Брњарци полициски сили - тоа од воен аспект значи пошироко опкружување околу Арачиново, а непосредно влезот и излезот го контролираше полицијата без посебни проблеми.
На 14. 6. 2001 г. имав средба со Заменикот на здружениот Генералштаб на САД. Tој, покрај другото, ги изнесе ставовите дека САД многу е загрижен за состојбата во РМ со констатација: “Р. Македонија има апсолутна поддршка за територијалниот интегритет” - рече и додаде, “ние сакаме оваа состојба да се реши политички, а не со воени средства, да се даде шанса на политичкиот дијалог како во Прешевската долина....” - Понатаму тој ми говораше: “Вие треба да употребувате пропорционална сила, а не да се уништуваат селата за да се убијат неколку бунтовници”, па продолжи:
“Оваа недела и наредниот период ќе го свртиме вниманието кон РМ, со поголем интензитет ќе ја затвориме границата од Косово, ќе ги зголемиме од 11 чети на 19, подржани со хеликоптери за набљудување... итн”. Заменикот нагласи:
“Нашето мислење и на НАТО е промена во однос на вкупната состојба во РМ и начинот на решевање на кризата”.
Веднаш сфатив дека Арачиново ќе биде пресвртница во решавањето на кризата во Р. Македонија.
По формирањето на Владата со широка коалиција се формира и Координативно тело за справување со кризата - нешто слично како на Косово. Веќе на 15. 6. 2001 г. Координационото тело закажа состанок. На чело на тоа тело беше Илија Филиповски, потпретседател на Владата на РМ, а членови беа: Владо Бучковски, министерот за одбрана; Љубен Бошковски, министер за внатрешни работи; Бедредин Ибраими, министер за труд и социјална политика, Иџет Мемети, министер за правда; Никола Груевски, министер за финансии; д-р Петар Милошевски, министер за здравство; Илинка Митрева, министер за надворешни работи, началникот на Генералштабот
- односно јаc (Панде Петровски). По потреба, зависно од проблематиката, Илија Филиповски можеше да повикува и други експерти од другите министерства.
На 15. 6. 2001 г., Координативното тело имаше состанок. На тој состанок очекував да се разгледа состојбата во Арачиново и да се подготват некои предлози во врска со решавање на критичната состојба во ова село. На cоcтанокот беше покренато прашањето зошто се дели оружје на жителите во Тетовско - т.е.
на жителите од селата со македонско население, како и испраќањето хуманитерен конвој во Липковскиот регион... итн.
Сепак, формираното тело при Владата на РМ во кое беа присутни и два министри од албанска националност беше прилика и политички да се разјаснат некои активности од страна на т.н. ОНА. Во cекој случај имаше позитивна улога, пред се, во санирањето на целиот простор каде што се водеа оружани дејства. Подоцна дел од министрите од ВМРО -ДПМНЕ истото тело го напуштија, нарекувајќи го “клуб за дебатирање”.
Пратејќи ја целата состојба во РМ - по моето доаѓање од Воена болница, издадов задачи на моите сработници да се подготви предлог, доколку дојде до операција во Арачиново, на кој начин истата да се изведе и кога најбрзо борбената операција може да се отпочне. Веднаш да се изврши вкупна проценка на силите на т.н. ОНА и можностите на тие сили за натамошните дејства, состојбата на АРМ и можност за употреба - односно водење на вооружена борба. Да се оцени улогата на НАТО во натамошните дејства; однесувањето на вооружените сили на соседните земји доколку преземеме конечна офанзива за разбивање на т.н. ОНА. Во суштина и намерата ми беше со една ваква анализа да предложам конечна офанзива при крајот на јуни 2001 г. и целосно разбивање на “албанските вооружени терористички групи” во Р. Македонија.
Во извештајот, покрај другото, пишува: Редовите на т.н. ОНА се составени од македонски Албанци и искусни борци од Косово и од Албанија. Се проценува дека преку 150 поранешни членови на ОВПМБ се придружиле на ОНА после 25. 5. 2001 г.
ОНА се повеќе се труди да ги прошири жариштата на поединечни точки бидејќи не биле во состојба да држат фронт од Тетово до Куманово, ниту можат набрзо тоа да го направат.
Не се во состојба да направат синхронизирана акција против АРМ. Али Ахмети, политички директор на т.н. ОНА, имал проблеми да ги контролира локалните команданти и во почетокот на мај 2001 г., го назначил Г’зим Острени како општ командант на т.н. ОНА со цел да ја подобри командата и контролата врз организацијата.” Понатаму пишува: “Назначените т.н. бригади во шематскиот приказ беа почетни, со мала бројна состојба, со регрутирани волонтери кои треба да се обучуваат, да градат засолништа, да се опремуваат итн.” Во тоа време т.н. ОНА немаше ниту кадар, ниту можности од логистички аспект да продолжи борба со поголем интензитет.
Во Кумановско сите резерви и беа исцрпени и немаше можност за продолжување на дејствата. Таканаречената нивна 114 бригада со околу 250 борци, зајакнати со меѓународни професионалци и платеници, постепено се концентрираше во Арачиново. Во Кумановско не можеше да опстани ниту нивната
113 бригада т.н. “Исмет Јашари” која беше во Карадачкиот простор - беше разбиена и функционираше во мали групи во селата од по 10 - 15 терористи.
Од аспект на јачината силите од ДТГ во Арачиново и околината не претставуваа никаква закана за напад на Скопје, како тоа што го пласираа некои македонски служби и министри.
На 16. 6. 2001 г. имавме многу дезинформации, пласирани од “пријателски служби” кои ги изнесуваше Горан Митевски, директорот на Агенцијата за контраразузнавање во МВР пред Државниот врв. Покрај другото, на истоименатиот состанок тој изнесе: “во наредните денови една бригада ќе се префрлела од Албанија и ќе извршела напад на караулите Стрезимир и Радика; и ќе се дигнело востание во Дебарско - Гостиварскиот реон”. Ниту се појави таа бригада, ниту беше извршен напад.
Една мала група терористи се појави во реонот на с. Рибница (Кораб) и истиот ден беше разбиена со единиците на 2.АК и протерана во Р. Албанија.
Пред случајот со Арачиново, состојбата на просторот Кумановско - Карадачки реон, беше релативно мирна - а меѓyнародната заедница секојдневно вршеше притисок да не се дејствува, туку да се доставува хуманитарна помош на “населението”. Со денови “борците” на бригадите 113. и 114, не се јавyваа, беа втопени меѓy жителите во селата, држајќи ги во заложништво.
Тетовскиот простор - Шар Планина беше целосно под контрола
- без никакви движења.
Патот Тетово - Гостивар - Кичево и Гостивар - Дебар како и просторот Торбешки мост, беа обезбедени од единиците на
2АК. Тогаш АРМ во своите редови имаше околу 20.000 војници и старешини распоредени во Струга - Дебар - Гостивар - Тетово
- Скопје - Куманово. Имаше респективна авијација, 8 артилериски дивизиони 122 м/м, системот “Град 128”, околу 60 тенкови со оспособени послуги и искуство во борбените дејства итн. Појавата на терористите во Арачиново не претставуваше никаков фактор, бидејќи пред појавата на терористи во тоа село беше формирана Команда за одбрана на град Скопје - која на
16. 6. 2001 г., во cвојот состав имаше 3.300 мобилизирани борци, опремени со лично вооружување, артилерија и една тенковска чета и др. Затоа не можеше да се случи изненадување
- однсоно некаков напад на Скопје. Тогаш сите витални објекти околу Скопје беа обезбедувани.
При сите овие моменти и проценки не можев да ја оценам вистинската намера на НАТО, иако декларативно таа беше јаcна како и улогата на меѓународната заедница. Бев сигурен во едно и ако пропагандата пласираше “напад на аеродромот Петровец и диверзански дејства” - дека тоа нема да се случи бидејќи на аеродромот се сместени силите на НАТО во РМ, а тие строго ги контролираа терористите, (воено и политички)
пред се поради сопствена заштита и поради некои “други” цели.
Тогаш, по сето тоа, сепак, заклучив: - т.н. ОНА во РМ не претставуваше сериозна закана од воен аспект, доколку не беше подржана од некоја друга држава или некои меѓународни фактори - за што требаше да се ангажираат државно -политичките фактори во РМ. Но без обзир на мојот заклучок, претседателот Борис Трајковски, уште на 14. 6. 2001 г., испратил писмо до Генералниот секретар на НАТО од кој побарал помош во разрешување на кризата - за што јаc дознав дури на 05. 7. 2001 г.
Исто така тогаш беше пласирана една теза од некои западни држави: “како АРМ не е во состојба да ги разбие ‘вооружените етнички албански групи’, бидејќи не е доволно оспособена и не располага со софистицирани средства”. Оваа пропаганда имаше за цел да ја спречи одлуката за конечна завршна офанзива на целиот простор - а тие “пријателски земји” добро знаеја со што “располага АРМ, а со што т.н. ОНА”. Исто така добро им беше познат начинот на кој ги изведовме борбените дејства. Тие “пријатели”отворено презедоа и политички притисок кон Украина, поради тоа што испорачуваше на РМ дел од воената опрема.
Bеројатно, покрај другото и затоа мораа да го измислат Арачиново и да ја “прикажат” АРМ дека со воени средства не може да се справи со ДТГ, па да се седне и политички да се реши случајот, а пред тоа да се прекинат сите воени дејства. Во таквата намера му помогнаа и внатрешно политичките структури, а и медиумите, несвесно прикажувајќи ја нереално cоcтојбата.
На 17. 6. 2001 г. се држеше состанок на Државниот врв. Покрај другото, Зоран Верушевски зеде збор, инаку многу искусен разузнувач, стабилен и реален во своите изнесувања, односно знаеше “да ги види дрвјата од шумата” - народски кажано. На состанокот, секако од свои извори, изнесе: “кај терористите има голема нервоза, недоверба во нивното раководство бидејќи ги изгубиле териториите, немале оружје од поголем калибар, имале многу загуби, а ништо не се решавало за подобрување...” и продолжи: “Во сите реони била издадена наредба за концентрација во Арачиново, а на другите простори да имитираат присуство...” Сето ова потврдува дека во јуни т.н.
“Етнички албански вооружени групи” беа пред колапс и не успеаја да седнат на маса за политички договор. Проблемот беше во тоа што треба пред македонскиот народ да се оправда прекинот на огнот и политички да се разговара, а за тоа треба добар повод, причина - да се понижи Македонската армија и да се прикаже како да не може сама да го реши роблемот. Затоа е измислено Арачиново. Ова го потврдуваше и фактот што претседателот Б. Трајковски на состанокот на Државниот врв, пред сите нас присутни, изјави: “Џорџ Робертсон ни даде само два дена време доколку се одлучиме за операција”. За два дена кога би оделе од кyќа до куќа, не можат да се проверат преку 2000 куќи колку од прилика имаше Арачиново - тоа е град кој е урбан, не се оcвојyва лесно и зошто да се оcвојyва - “беше прогласена слободна територија” - од кого и како ќе функционира ако таа т.н. “слободна територија” е изолирана и опкружена со наши сили од сите страни!?
Во тие денови, пред операцијата на Арачиново, имав повеќе средби и тоа: со генерал Пуц, командантот на КФОР од Косово, со генерал Ланге командант во Р. Македонија, со полковник Конан Кен, претставник на НАТО, со cвојата екипа поради Планот на Претседателот за разрешување на кризата. На сите тие разговори, претставниците на НАТО - КФОР имаа заеднички став во разговорите: “да се прекинат воените дејства и кризата политички да се резреши”.
На 18. 6. 2001 г., на состанокот на Координациовното тело за справување со кризата, настана тешка состојба. Основното прашање беше: Претседателот на Координационото тело треба да му предложи на претседателот на државата Борис Трајковски решение за Арачиново.
На тој состанок зедов збор и кратко истакнав:
“Арачиново како село од воен аспект не претставува ништо посебно, од политички аспект веројатно многу му значи на некого. Доколку се нареди од Врховниот командант да се изведе операција АРМ тоа ќе го стори. Мислам, не сум овластен ниту јаc ниту ова тело, да донесува било какви одлyки за начинот за разрешување со Арачиново” (од Записникот на Координационото тело). Илија Филиповски, претседател на Координационото тело, ја истакна сета сложеност за “проблемот Арачиново” и што треба да му предложиме на Претседателот на Р. Македонија.
Претставниците - министри од албанската националност (министерот за труд и социјална политика и министерот за правда) предлагаа “во правец на мирно разрешување на кризата со помош на меѓународни организации да се реши кризата, а медиумска кампања да се воздржи” итн. Некои министри од македонскиот блок го поддржуваа, односно кога предложија:
“лидерите на албанските партии да ги убедат терористите мирно да се повлечат од Арачиново”. На тој состанок во натамошните дискусии имаше предлози и размислувања, извлекувањето на терористите да биде со помош на ОБСЕ и меѓународната заедница секако доколку т.н. ОНА тоа би го прифатила.
Тогаш си размислував: “Зошто се водат вакви дискусии, па ДТГ не би се ни појавиле во Арачиново, доколку некој не му наредил поради остварување на некои цели, а сега ние дискутираме. Тие што наредиле да ги убедуваат терористите без борба - мирно да се повлечат; нема никаква логика дека тие сакаат борба”.
Согледувајќи ја целата состојба, дали ќе има операција или не, поради подготовки на единиците на 19. 6. 2001 г., дадов насоки за разработка на истата со готовост во подготовката на 21. 06.
2001 г., односно да се прецизираат силите за напад, да се изврши извидување, снимање итн.
На ниво на Државен врв, мислењата во однос на разрешување на Арачиново, беа различни. Имено, присутните министри и лидерот на СДСМ имаа став за организирање предупредувачки дејства, а присутните од ВМРО - ДПМНЕ бараа да се изведе тотална борбена операција. Со часови и часови беше анализирана состојбата и начинот на кој да се тргнат терористите од Арачиново, а притоа да нема непотребни жртви бидејќи и нема баш некоја причина за тоа, а сепак да се покаже дека сме сериозна држава во разрешување на таквите проблеми.
“Арачиново, со многу жители кои останаа во селото, со повеќе од 2000 куќи, претставува добро упориште, или ќе организираме операција како што треба или да не почнуваме”, му реков на присутните, ние немаме доволно специјализирани единици за борба во населено место, но затоа имаме доста јаки сили за борба од дистанца, според однесувањето на терористите и ние ќе се однесуваме, доколку дадат силен отпор, темпото ќе го засилиме се додека не се предадат. Односно ценам дека терористите во Арачиново немаат некои резерви за долготрајна борба. Ќе ги опкружиме, ќе ги блокираме и дејствата ќе бидат од час во час се посилни”.
“Самото с. Арачиново е погодно за ваков начин на дејства.
Селото е на чист простор, не бара претходни дејства за да се дојде до него, а и на таков начин не би имале многу жртви, но сепак ќе им одржиме лекција оти сме сериозни”.
Тогаш Претседателот на РМ истакна дека за операцијата имаме ограничено време од два дена. Не го сфатив зошто само два дена, ние ќе одлучиме колку дена - односно додека не се предадат - “Толку ни даде Џ. Робертсон”, вели Б. Трајковски.
Претседателот на РМ, сепак, се одлучи на едно решение -мислам реално, односно ми изгледаше реално - да ја почнеме операцијата и да ги вклучиме меѓународните фактори за посредство”. Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски беше апсолутно против таквото решение...
Сепак Претседателот на РМ беше свесен дека ќе има многу жртви на двете страни доколку би оделе на оcвојyвање куќа по кyќа - но не ни беше тоа целта. “Од кого да ги ослободуваме куќите кога во нив живеат нивните сопственици!” На крајот дојдовме до компромис: да се испланира борбената операција и доколку не се најде политичко решение да се оди на комбинација: воено - политичко решение. За мене како професионалец тоа значеше “и топло и ладно”. Таква беше задачата и нема повеќе што да се дискутира. Во изведување на борбената операција сфатив дека било однапред договорено со НАТО. После вториот ден да влезе НАТО во Арачиново и да ги извлече териториите што и така се постапи. Ако така беше договорено не требаше да се случат такви рушења!
Меѓyнародната заедница после сето тоа го плати, а непотребните жртви, никој не можеше да ги плати.
Како гласеше одлуката за нападот?
Одлука:
Во наредните денови да се подготви и изведе операција со цел:
блокирање, разбивање и уништување на ДТГ од кружна основа:
Никуштански орман; с. Орланци; с. Бучинци; с. Ајватовци -живинарските фарми Белимбегово - с. Страчинци. Главните сили да се ангажираат на правецот: с. Мршевци - с. Арачиново, а помошните на Никуштански Орман - Арачиново. Со посебната единица за борба против тероризам, во содејство со единиците од Првиот армиски корпус, Командата на одбрана на град Скопје, (КОГ) и единицте од МВР, со подршка на артилеријата и ВВ (Военото воздухопловство) и ПВО (Противвоената одбрана); да се блокира, а потоа да пристапи кон уништување на истите и да се создадат услови за чистење на селото, со што треба да се создадат можности за функционирање на власта. (Ст. дов. бр. 07 - 35/272 од 21. 6.
2001г.)
За извршување на оваа задача да се ангажираат:
- Посебните единици за борба против тероризам,
-2. хауб. баталјон 122 м/м,
- 3 одделенија ПЦФ (Повеќе цевни фрлачи на ракети) од 128 м/м,
- 1 батерија мф 120 м/м,
- 1 тенковска чета од КОГ - Скопје,
-Баталјонот на воена полиција и извидувачкиот батаљон со дел од единиците.
Единиците од 12. пешадиска бригада да го обезбедат аеродромот Петровец и да ги затворат правците кои од Пчиња водат кон Петровец.
Просторот северно од Арачиново, с. Мојанци, с. Гофа - Брнарци го обезбедува полицијата во содејство со 16. пешадиска бригада и дел на силите на Првата пешадиска бригада.
Патот Арачиново - Куманово да го обезбедуваат единиците на Првиот армиски корпус.
Со сите единици за обезбедување е направен поширок прстен на 5 дена пред операцијата, а силите за напад да се доведат ноќта меѓy 21/22. 6 2001 по следното:
- На патот Сингелиќ - Арачиново северно од патот напад врши специјалната полиција од МВР и тенковски вод од КОГ, јужно од патот Шестиот одред со една тенковска чета; на правецот Бел Камен - Арачиново напад вршат единиците за борба против тероризам; - од јужната страна ТТ - 241 низ Гладно Поле, напад врши Прва тенковска чета без Првиот вод кој беше ангажиран за содејство со посебната единица од МВР.
ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИJАТА - “АРАЧИНОВО” Селото Арачиново повеќе денови беше под блокада од страна на полициjата од три правци, а од АРМ во поширокиот прстен.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/7 le 29 octobre 2026