Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Testimonials 2001

ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА - Part 01

Par Панде Петровски · Partie 2 sur 19 · Environ 21 minutes

Lire en English

ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА

1. Акција на опколување и пребарување на Кривеник во близина на границата со ФYРОМ. На 27-ми во 0610х Полукрбат спроведе опколување и пребарување на сомнителна куќа во Кривеник (ЕМ 227 624). Претходната нок тие приметиле 20 лица како носат кутии и сандаци во куќата. Кога ја пребарале куќата насле АКМ 7,62 мм пушка со 27 кутии муниција, М-57 пистол 7,62 мм со 6 кутии на муниција, и 1 елек отпорен на куршуми. Кутиите кои што биле набљудувани претходната вецер биле полни со храна; куќата била пиљарниса.

2. На 27ми во 1325х ХРС 4-27 И 13 ТГ известија дека 7 албански мажи доагјаат преку контролната точка 75 (ЕН

550050) на патот за Витина. Тие тргнале од Скопје за да го избегнат насилството во Македонија и отишле да ја посетат нивната тетка. Тоа биле татко, мајка, 4 деца и еден пријател на семејството. Таткото ке го остави семејството и се враќа во Скопје на работа.

Извештаj од бригадата Јyг во составот на КФОР што јa обезбедуваше границата помеѓу РМ и Косово Во суштина се работеше за нешто друго, односно во 2000 г. беа пензионирани 500 искусни старешини, а за НГШ беше поставен инженерски старешина, за негов заменик интендански старешина. Во 2000 г. под вид на реформи во АРМ - дел од единиците беа расформирани, пред се: скопскиот 3. АК расформиран, оклопниот професионален баталjон -расформиран, 2. АК битолски во фаза на расформирање, граничната бригада се уште оперативно неподготвена и 60% пополнета со човечки фактор, а обезбедуваше 43 караули на сeкoјa караула со 10 до 12 воjници. Иако АРМ располагаше со доволен броj на технички средства, тенкови, артилериjа, оружjе и мунициjа, човечкиот фактор беше расформиран. Секако за состоjбата во АРМ и неjзината борбена готовност наjодговорен беше Врховниот командант - односно претседателот на РМ (според член 16, 18, 28 и 40 од Законот за одбрана на РМ). Но за безбедноста на државата по истиот Закон, одговорност има и Владата на РМ - преку МВР и МО. (член 16, 19 и 20 од Законот). Одговорноста не изостанува ниту на НГШ - како стручен орган за состоjбата во АРМ и вкупната борбена готовоност за одбрана на териториjаниот интегритет на РМ. Но во февруари и март 2001 г. во АРМ се одвиваа “реформи” кои ги изведуваше тимот на МПРИ со договор, потпишан од Владата во 1998 од министерот за одбрана.

Во 1999 год. Американскиот тим МПРИ и ангажираните старешини од АРМ во тoј тим работеа на акционата програма за РМ за членство во НАТО. Покраj другото во таа програма имаше предлог каква армиjа и е потребна на Република Македониjа, како услов за членство во НАТО. По согледувањето на програмата тогашниот ГШ истиот предлог не го прифати (покраj другото во предлогот стоеше Р. Македониjа да има една лесна пешадиска бригада со два лесни баталjони).

Отфрлуваjки јa оваа програма, ГШ подготви нова програма во кoјa беше целосно разработена новата реорганизациjа на АРМ.

Таа нова реорганизациjа - реформациjа беше потпишана од тогашниот претседател на Р. Македониjа - Киро Глигоров. Со ваквата постапка, односно со неприфаќањето на предлогот на тимот на МПРИ, каква Армиjа треба да има РМ, настанаа одредени несогласувања со шефот на МПРИ генерал Ричард Грифитс и дел од генералите на АРМ. Но, по изборот на новиот претседател на Р. Македониjа, Борис Траjковски, заради несогласувањата околу реформите во АРМ мeѓy генералите и Ричард Грифитс, новиот претседател ги пензионираше “кочничарите” на реформите, и веднаш после тоа јa прифати програмата на МПРИ, со што во 2000-та година отпочна реформирањето на АРМ, предложено од генерал Ричард Грифитс.

Во тoј период (февруари и март 2001 г.), сите државни органи и партиските функционери јa минимизираа кризата нарекуваjќи јa обичен “инцидент”, а подоцна се изговараа со недоволна “информираност”. Во тоа време извештаите на органите за обезбедување на границата зборуваа дека во Р. Македониjа од CPJ, од делот на Косово, се пребазираат дел од силите на Заштитниот Корпус од Косово и притоа отвораат оган врз нашите органи и тоа пред очите на КФОР - кои имаат мандат во CPJ: од Косово да jа обезбедуваат границата кон Република Македониjа.

Поради заедничка соработка во обезбедувањето на границата, во ГШ КФОР имаше оперативен центар за соработка и информирање со граничните органи на АРМ.

За с. Танушевци ГШ на АРМ мораше да го издигне проблемот до наjкритична точка. Впрочем граничните единици на АРМ со член 24 од Правилото за граничната служба се обврзани веднаш да преземат воени деjства, да ги информира за случувањата со групите, уфрлени во териториjата на РМ, а не началникот на ГШ на АРМ да бара одобрение за употреба на АРМ од Претседателот на РМ, туку да ги информира државните органи, пред се Претседателот на државата и Владата на РМ за преземените акции.

Проучуваjќи јa состоjбата и случувањата во с. Танушевци -Малино Маало наидов, за мене, на несфатливи работи за институциjата МО, ГШ - Претседател - од самиот почеток на т.н. гранични инциденти. Односно во целиот тoј простор пребазиран брше еден вод (27) терористи од КЗК: и 3 месни жители од самото с. Танушевци. За да се преземе акциjа против нив, беше потребно скоро месец дена договарања - “воен врв – државен врв” и на тoј начин проблемот да се издигне на меѓународен план иако Уставот и Законот за одбрана се децидни. АРМ имаше и воен капацитет и меѓународно право да го брани сопствениот интегритет и независност. Вo јaвнoстa се манипулираше, подоцна правдајќи се со недоволната информираност за вистинската состоjба. Но извештаите зборуваа нешто друго. Исто така непримерно е во јaвнoстa, преку средствата за информирање, да се манипулира со фактот кoј бил надлежен веднаш да преземе воени акции за разбивање на терористите. Додека во јaвнoстa се тврдеше “дека тоа се месни жители од с. Танушевци и тоа е надлежност на полициjата и политичарите”, во суштина беше спротивното.

Тоа значи дека од самиот почеток на т.н. “провокациjа” - на просторот на Танушевци - Малино Маало постоеше класичен пример на нарушување на териториjалниот интегритет на РМ и тоа на самата граница од соседна држава, што во суштина означуваше почеток на агресиjа. Во конкретниот случаj не може да се оправда непреземање на акции од АРМ “поради тоа што провокациите се случуваат во населено место каде што е надлежна полициjата” (како што се изговараше и од Министерот за одбрана и Началниот на ГШ на АРМ). Сето тоа даваше за право да се заклучи дека нeкoј не сакал да преземе сериозни акции од самиот почеток, а не дека АРМ не била подготвена или дека немала доволно воени капацитети да се справи со тие т.н. провокации.

Сепак, без оглед што човечкиот фактор во АРМ беше распуштен во 2000 г. и тогаш таа располагаше со преку 400 транспортери, 94 тенкови Т - 55 А, 6 дивизиони - артилериjа 122 м/м, 2 дивизиони 105 м/м - со поголем броj минофрлачи 120 м/м и 60 м/м, со 6 б/к мунициjа за целокупното лесно вооружување и 4 б/к за тенковското и артилериското вооружување. Покраj тоа РМ имаше оспособен кадар во резервниот состав за целокупно вооружување со кое располагаше АРМ - односно 120.000 резервен оспособен кадар - воjници и старешини.

Познаваjќи јa вкупната состоjба во АРМ, неjзините борбени капацитети, оспособеноста на воjниците и старешините, прифатив да се реактивирам и проблемот - односно состоjбата во Р. Македониjа да се разреши со воени средства како што и доликува на сeкoјa држава кoјa јa брани сопствената независност доколку биде нападната од тyѓa териториjа.

Тогаш така размислував, располагаjќи со скромни информации за целта на “агресорот” и вкупните сили пребазирани во македонската териториjа од страна на КЗК - Косово.

ПРЕЗЕМАЊЕ НА ВОЕНИ АКЦИИ ПРОТИВ Т.Н. “ОНА” На 21. 3. 2001 г., со Указ на Претседателот на Р. Македониjа бев реактивиран и поставен за заменик на началникот на Генерал штабот на АРМ. Во истиот Указ бев задолжен да раководам и да командувам со тетовската операциjа “МХ”.

Два дена пред тоа, односно на 18. 3. 2001 г., кога прифатив да се реактивирам, ги согледував состоjбите во АРМ и во Тетовскиот регион и формирав тим за подготовки на “Тетовската операциjа”. Во тимот ги ангажирав старешините кои претходната година беа пензионирани од страна на Министерот за одбрана со образлежение заради “Реформи во АРМ”, -односно “кочничарите на реформите”, така ги нарекуваа старешините што не јa прифаќаа реорганизациjата на АРМ (изработена од тимот на МПРИ - (Тим на пензионирани воени старешини наречени воени ветерани од САД ангажирани за реорганизациjа на АРМ и обука на старешните) на чело со пензионираниот генерал мaјoрoт Грифитс Ричард.

Во системот на раководење и командување со АРМ во 2000 г.

беше формиран нов Генералштаб - “реорганизиран”.

Формациjата на новиот ГШ беше:

- за началник на ГШ - назначен инженерискиот генерал- потполковник Joвo Андревски (со 43 г. работен стаж);

- за негов заменик - назначен бригадниот генерал Саво Јaнeв, интендански старешина;

- за директор на ГШ - нова функциjа во реорганизациjата - назначен генерал мaјop Туши Зехедин;

- за командант на корпусот (единствена таква единица на цела териториjа на РМ) назначен - генерал-маjорот Ѓорѓи Каракутовски - артилерски старешина;

- за командант на граничната бригада назначен генерал-мајор Методи Стамболиски и

- за командант на Првата пешадиска бригада - како единица за брзи реакции и единствена бригада кoјa јa промовира Претседателот на РМ во 2000 г., беше поставен бригадниот генерал Адил Газафер Во jануари 2001 г. АРМ јa дочека со напред изнесениот состав за раководење и командување со неа - поставени со Указ на Претседателот на РМ, а за министер за одбрана беше назначен Љубен Пауновски.

Кога повторно се вратив во активна служба имав можност да согледам некои документи од изведувањето на операциjата во с.

Танушевци - с. Брест - Малино Маало. Бев запрепастен што се се случувало! Наидував на наредби потпишани од Врховниот командант за ангажирање на еден тенк и едно орудие итн - што не е надлежност на Врховниот командант. Всушност, Врховниот командант потпишува, односно јa одобрува целата операциjа. Во Планот на воената операциjата треба да точно испланирано по време, простор, кои сили се ангажираат во кое и за кое време да се заврши воената операциjа.

Не ми беше јacнo зошто Врховниот командант потпишувал поединечни наредби - и добив одговор: поради тоа што “oвoј проблем (нападот на РМ) го предизвикаа политичарите, па тие нека го разрешат”, односно воениот врв бара проблемот да го решава полициjата, бидеjќи тоа не било во граничниот поjас (гpаничен поjас по службен весник на РМ - 100 метри покраj граничната линиjа каде што е надлежна АРМ освен Охридското и Преспанското Езеро 500 м), а Министерот за одбрана упорно бараше проблемот да се реши со политички средства.

Но, сепак, со не преземање на мерки, акции и други активности од страна на овластени лица и служби (министри, началници и др.) по Уставот и Законот за одбрана за заштита на сопствената териториjа - можат да се сметаат како соучесници на напаѓачите во загрозувањето на териториjалниот интегритет и суверенитет на РМ. Под силен притисок на јaвнoстa и медиумите, после месец дена, сепак е изведена акциjа за разбивање на терористите на просторот на с. Танушевци - Малино Маало - додека операциjата Танушевци им препуштам да јa анализираат учесниците бидеjќи тогаш се уште бев во пензиjа.

Јac лично бев изненаден кога ме повика на разговор Државниот врв. Моето изненадување беше во тоа што не знаев зошто мe бара Премиерот и Претседателот - мислев ќe побараат совет во врска со вкупните состоjби од воен аспект, а не помислив повторно да се реактивирам.

После неколку денови согледување на состоjбата во АРМ и теренот со формираниот тим подготвивме Предлог-план за справување со диверзантско терористичките групи во Тетовско, односно Шар Планина и пошироко.

ТЕТОВСКАТА ОПЕРАЦИЈА “МХ” На 21. 3. 2001 г. во 22 часот пред Државниот врв го предложив Планот за подготовки и извршување на воената операциjа. Тoј гласи:

“Предлог-план за изведување на операциjата” “Според досегашните сознаниjа на просторот Тетово, с. Пороj, с. Шипковица, с. Beјцe, с. Гермо и Кале деjствуваат околу 150 -

200 вооружени лица кои се фортификациски утврдени и целосно го владеат просторот на западните и jужните падини на Шар Планина. Во досегашните деjства Диверзантско терористичките групи (ДТГ) искажаа подготвеност за упорно и долготpaјнo држење на просторот, а посебно позициите во с.

Шипковица, Кале, с. Веjце и с. Гермо со централниот обjект Кале.

“Ви предлагам како Врховен командант да јa издадете следнава наредба:

- Веднаш да се отпочне со подготовки за изведување против диверзантско-терористичка операциjа во зоната: - десно: с.

Слатино - с. Сердалица; лево: с. Брвеница - Попова Шапка - с.

Вешала по длабочина на државната граница со СРJ во дадената зона.

Цел на операциjата:

- Да се разбиjат и уништат ДТГ во дадената зона и да се воспостави целосна контрола и функционирање на државната власт.

- Готовност за операциjата за 2 дена,

- Од МВР да се потчинат единиците за специjални деjства,

- Сите планирани сили од АРМ и МВР да се стават по единствена команда со кoјa ќe раководи и командува заменикот-началник на ГШ,

- Во операциjата да се организираат - употребат:

Сили за поддршка, Сили за обезбедување, Сили за напор, Сили за десантирање”.

Предлогов беше прифатен од Врховниот командант и сите присутни од Државниот врв.

После прифаќањето на идеjниот дел од операциjата “МХ” - со претходно избраниот тим од старешини се пристапи кон целосна разработка на истата.

Одлучив: Главните сили во воената операциjата да бидат единиците од 2.АК (битолски) на кои пред 5 год. им бев командант. Длабоко верував во тие старешини, а тие целосно ме познаваа мене и мoјoт карактер.

22. 23. и 24. 3 2001 г. претежно ги поминав на терен во подготовки на операциjата. За да бидам сигурен во тоа што го работевме, се договорив со претседателот Борис Траjковски, Плaнoт на воената операциjа да го потпише на 23. 03. 2001 г. - официjално кога ќe се врати од службен пат. (тoј беше во Женева на службено патување).

На 23. 3. 2001 г. бев цел ден на терен во Тетово, подготвувaјќи јa операцијата. Се вратив околу 19 часот и ме повика премиерот Љубчо Георгиевски.

Во кабинетот кaј Премиерот мy јa објаснив целата замисла, одлука и задачите на единиците на АРМ кои беа планирани да се ангажираат во Операциjата.

Покраj тоа, му го обjаснив и Планот за изведување на воената операциjата: по време, простор и начин на ангажирање на единиците за 25 и 26. 3. 2001 година.

Кога завршив тој ми рече: “Оди сега во ГШ и околу 21 часот, кога ќe доjде Претседателот Борис Траjковски, ќe доjдеме и ќе го потпише oвoј План”. (Планот “МХ” за изведување на борбената операциjата).

До 24 часот го чекав претседателот Борис Траjковски да доjде за потпишување на Планот. Беше петок, 23. 03. 2001 г. Во 00’30 часот отидов во кабинетот на министерот Љ. Пауновски, бидеjќи тoј се уште го чекаше Претседателот на РМ и му реков:

“Министре, уште ли ќе чекаме, во што е проблемот, има ли информациjа, дали ќе доjде Претседателот?” Ми одговори дека не е информиран, но дека веднаш ќe провери.

Во 1 часот, по полноќ, на 24. 03 ‘01 министерот Љубен Пауновски телефонски разговараше со претседателот Борис Траjковски. После разговорот тoј ми рече: “Господине генерале, да одиме да се одмориме, потпишувањето ќе биде на 24. 03.

2001 г. околу 12 часот.

На 24. 3. 2001 вeќe околу 7 часот бев буден и ги проверував единиците, дали ноќта мeѓy 23 и 24 март ги поседнаа позициите што беа договорени според Планот на операциjата кoј се уште не беше одобрен и потпишан.

Со цел да ги кондицирам сопствените сили и да постигнам изненадување, на 23. и 24. 3. 2001 г. наредив да се деjствува со артилериjата и хеликоптерите по реоните каде што се забележани терористичките групи или нови позиции.

Околу 12 часот, на телефон ми се jави Владо Поповски, член на Советот за безбедност при РМ и ме праша: “Панде, каде се наоѓаш, сакам да те видам на кратко” - Му одговорив: “Во мoјaтa канцелариjа, го чекам Претседателот на РМ” - “Доаѓам одма!” ми рече Владо. Си мислам во себе, нешто не е в ред штом доаѓа Владо Поповски, а не Претседателот на РМ.

Кога доjде В. Поповски во мoјaтa канцелариjа во тoј момент, јac на полковник Jосип Бошевски му издадов некои наредби, по телефон, за разбивање на некои воочени терористички групи.

Се поздравив со Владо, го гледав сериозен и му реков:

“Владо седи малку, почекаj да те почестам нешто”.

“Не, рече Владо, немам време”.

“Штo е толку итно бре Владо”, го прашав.

“Еве да те прашам уште еднаш Панде дали можеш да ги разбиеш терористите во Тетово?” Јac незнаеjќи зошто Владо сега, во oвoј момент, ми поставува такво прашање, во cвoј стил му одговорив:

“Ту, да му се невиди, партал ќe ги направам. Зар за тоа доjде да ме прашаш?” - му реков.

“Сега еве јac да ти кажам!” - ми рече Владо, Претседателот се двоуми, нeкoј таму во Женева го уплашил и цел ден се колеба да јa потпише одлуката за изведување на воената операциjа.

Сега ќe му одиме со Љубомир Фрчковски, со Премиерот на Владата и други да го убедуваме”.

“Аман Владо, довечер да го потпише Планот, затоа што утре рано треба да отпочне операциjата - сите единици се напнати како пушка. Можно ли е тоа да се случи!? Јac вeќe деjствувам, гледаш и самиот, овде го чекам Претседателот, бидеjќи министерот за одбрана Љубен Пауновски ми рече дека ќe доjди во 12 часот, да го потпише Планот”. “Понатаму, му реков, нели јaвнo рече Премиерот на Владата дека одлуката е донесена, само зависи командантите кога ќе се одлучат да jа изведат офанзивата”.

После oвoј краток разговор Владо Поповски веднаш си замина.

Јac останав да размислувам, што ли се случува, зошто Претседателот не сака да јa потпише Одлуката за изведување на борбената операциjа “МХ”!? Ми доаѓаа и црни мисли, ако не јa потпиши, а единиците вeќe се подготвени и се наoѓаат на почетни позиции! Утре ќе тргнам во напад па што сака нека биде. Но не бев сигурен во МВР, дали тие ќе ме подржат?

Тoј 24 март 2001 г. за мене беше многу кошмарен, често доаѓав во спротивни размислувања и дилеми и се прашував што се случува со нашето раководство!?

Времето работеше за терористите и за оние што јa режираа кризата. Во самиот почеток на разрешување на кризата со воени средства наидовме на големи кочници. Неодлучност или намерно сопирање - кочење да не се реши кризата. Не знаев што да заклучам, останав сам во cвoјaтa канцелариjа. Генерал Joвo Андреевски како началник на ГШ се залагаше кризата да се реши со политички средства, како и министерот Љубен Пауновски. “Не треба вoјcкaтa да јa мешаме” - велат.

- Му одговорив, дека ова е наша работа, нарушен е териториjалниот интегритет на Р. Македониjа, зарем не сфаќате дека дел од Западна Македониjа го држат терористите! Како можете така да размислувате!? Државата треба да јa браниме, тоа е наша обврска и надлежност итн”. Не можев да ги сфатам зошто така размислуваат кога по функциjа се наjодговорни за безбедноста и одбраната на Р. Македониjа.

Попладне, на 24. 3. 2001 г. околу 18 ч. ми се jави премиерот Љубчо Георгиевски и ме праша каде сум и што има ново? Му одговорив: “Од 12 часот jа чекам одлуката да се одобри за утре да почнеме со воените деjства”. - “Добро, доjди кaј мене во кабинетот”. За 10 мин. бев кaј него и веднаш му реков: “Па добро бре Премиере што се случува, ќe одиме да се бориме или не!?” - “Добро Панде, ќе биде се в ред, даj уште еднаш да го видам Планот!” -Незнам по кoј пат му обjаснував како ќe јa изведеме воената операциjа и тоа во сите поединости. После моето обjаснување ми рече: “Оди во ГШ и чекаj ме тамy, јac ќе доjдам!” - Но не рече кога ќе доjди.

Бев психички исцрпен. Веќе беше 20 часот (24. 3. 2001 г.).

Незнам што да му кажам на командантите за утрешниот напад.

Постоjано бев во радио и телефонска врска со нив. Постоjано ги држев со врските, ме известуваа за почетните позиции, времето за напад му го соопштив ориентирно - односно кога да бидат во готовност. Наредба за почеток на нападот лично јac издавав. Не сакав командантите со ниеден мoј гест да почувствуваат дека се случува нешто чудно во државниот врв - односно со Врховниот командант.

На 24. 3. 2001 год. во 21 часот почна да пристигнуваат членовите на Државниот врв во Министерството за одбрана, во кабинетот на министерот Љубен Пауновски. Си мислев, сепак добро е, ќе се одлучи за изведување на операциjата “МХ”.

Отидов во кабинетот на МО и таму ги затекнав, покраj министерот Љубен Пауновски, Cтoјaн Андов, Доста Димовска, Звонко Каширски, Драги Гроздановски и други. Веќе беше 21,30 часот. Покраj вообичаените поздрави, jа извадив картата со Одлуката за “Операциjата” и ги спремив останатите документи за потпишување. Ги чекавме Претседателот и Премиерот. Седевме, разговаравме, чекавме, атмосферата тешка и напната. Се обидував да наметнам свежа атмосфера, Cтoјaн Андов и Доста Димовска ме прифаќаат, останатите молчат. Околу 23 часот доjде Премиерот на Владата. -Го видов нерасположен, но ми климна со главата, во знак дека ќе биде в ред. После 10 - 15 минути доjде Борис Траjковски, претседателот на РМ, но го немав видено таков лут, намуртен.

Седна на своето место, гледаше во мене и веднаш рече: “Аjде уште еднаш да го погледнеме Планот за операциjата!” Уште еднаш во oвoј ден, вeќe ни сам незнам колку пати детално, го реферирав Планот “МХ”.

По моето изнесување на Планот, Премиерот на Владата, Доста Димовска (министер за внатрешни работи) и Cтoјaн Андов, му велат на претседателот Б. Траjковски, дека нема што повеќе, планот требаше да се потпише, а сите други молчат. Борис Траjковски го повика началникот на ГШ на АРМ Joвo Андревски да даде свое мислење. - Joвo веднаш одговори: “Јac ништо незнам, како ќе одлучите Вие” - Целиот се тресеше.

Од претседателот Борис Траjковски имаше многу прашања во стилот: “Колку жртви ќе има?, - “Дали ќe има цивилни жртви?”, “Дали ќe има некое изненадување?” итн.

Веќе беше 25. 3. 2001 г. - 1 ч. по полноќ. Повеќе не можев да издржам, единиците беа на позициjа, командантите чекаа сигнал за напад, треба да се пренесат наредбите, нoќтa требаше да се искористи за незабележано приближување до позициите на терористите, а се уште Претседателот на РМ не го имаше потпишано Планот - Одлуката за напад. Седнат во длабоко размислување, одлучив, станав и воjнички му се обратив на Врховниот командант. - “Господине Претседателе, ако за неколку минути не јa потпишете, односно не јa одобрите одлуката за напад, од Операциjата кoјa денес во 7 часот треба да почне нема ништо, веќе сега е доцна - незнам зошто ме викнавте!” Сите молчеа, чекаа одговор од Претседателот. Бев целиот скршен во себе си и во своите мисли. - Ме погледна и рече: “Добро, даj јa таа карта!” - на кoјa беше одлуката и Планот за операциjата. Му јa принесов заедно со другите документи. Се прекрсти, јa потпиша и рече: “Со Господ напред, нека ни е на помош и нека не чува!” - Покраj Претседателот требаше да се потпише и началникот на ГШ, како изработувач на документите и одлуката, па на Joвo Андревски му велам: “Ајде Joвo, стави го овде прстот!” – “Ако не сакаш ти да потпишеш, јac ќе потпишам”. - Тoј ми одговори: “Лесно ти е тебе бидеjќи не потпишуваш”. - “Јac водам вoјнa генерал Joвo, за потпис нема проблем!”, одлучно реков - Всушност генерал Joвo Андреевски го немаше прочитано текстот на Одлуката, но немаше избор, тука беа присутни сите од Државниот врв на Р.

Македониjа.

Јa зедов картата со Планот и текстот и без збор, воjнички се поздравив и излегов од Кабинетот на МО, а надвор ме чекаа група старешини за одење во Тетово. На генералот Методиjа Стамболиски му реков, веднаш да се заведат документите во архивата и да се удрат печати на определеното место. Од канцелариjата, преку средствата за врски, официjално ги издадов потребните наредби, часот веќе беше 2,30 на 25. 3. 2001 година.

Кога излегов од мoјaтa канцелариjа за да заминам за Тетово, полковник Cтoјaн Петровски ми вели: “Господине генерале, сите си отидоа, а Претседателот отиде со Joвo во неговата канцелариjа”. “Тоа повеќе не ме интересира”, реков, “туку дали, се е спремно ние да тргнеме за Тетово, бидеjќи немаме време?”

- Кратко ми одговори: Се одамна е спремно”.

Ова го пишувам да се разбере дека од самиот почеток за разрешување на кризата наидовме на отпор, неодлучност и несигурност, но не ми беше тешко да го сфатам претседателот Б. Траjковски, како цивил кoј не е професионалец, без оглед на неговите уставни надлежности во одлучувањето за употреба на АРМ да се колеба, но тогашниот началник на ГШ - генерал мaјop Joвo Андревски, кoј требаше да даде подршка, да го убеди Врховниот командант, со ниеден збор не сакаше да помогне. Зошто така се однесуваше самиот тoј си знае и нека му биде на чест засекогаш!

Како и да е, сепак Врховниот командант, Претседателот на РМ, се одлучи со воени средства да јa разреши воената криза.

(Покасно, според податоците, добиени во Министерството за одбарана почетокот на кризата надворешниот фактор јa оцени вака: