Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Testimonials 2001

ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА - Part 07

Par Панде Петровски · Partie 8 sur 19 · Environ 19 minutes

Lire en English

Целосно беа затворени патните правци: од Скопjе - Сингелиќ -Арачиново; од хотелот “Белви” кон Арачиново и од Куманово кон Арачиново. Селото можеа да го напуштат само негови жители - цивили по сопствена желба. Хотелот “Белви” служеше како истурено командно место, а вистинското командно место беше во с. Чоjлиjа. Во хотелот”Белви” МВР, неколку дена пред операциjата, на четврт кат постави современа опрема за набљудување и снимање, така што, самото село и околината се надгледуваа непрекинато 24 часа. Сите одбранбени точки во Арачиново и надвор од него беа набљудувани. Два дена пред операциjата се уверивме дека ДТГ, во однос на одбраната, главните сопствени сили ги групира на источната страна, односно нападот го очекуваа од правецот на Куманово. Самото село беше подготвено за одбрана во групен систем на приодите кон него, а внатрешно, вдолж улиците, имаа подготвено отпорни уредени точки оставено оружjе и мунициjа за брзо поседнување и давање на отпор. Имаа распоредено неколку минофрлачи во с. Маjнце и с. Орланци. Надвор од Арачиново тие села беа погодни за заштита на минофрлачите. Во самото село немаше повеќе од 200 - 250 терористи, но истите добро го организираа селото за одбрана, ангажираjќи дел од жителите за помошни логистички работи. Односно Арачиново беше организирано за кружна одбрана со групен ситем - групите беа 8 - 10 терористи (одделение), користеjќи ги предностите на тврдите обjекти во селото, вдолж патиштата кои влегуваа внатре в село - улиците - посебно кон централниот дел на самото село. Нaјверојaтнo не им беше целта ДТГ да се одбрани селото, туку да издржат што повеќе од три дена, кое подоцна се потврди таа намера, односно да се создадат услови НАТО -директно да се вклучи во самата операциjа.

Ha 21. 6. 2001 г. во 4,30 часот отпочна нападот со артилериска подготовка на однапред утврдени цели, а со хеликоптерите се напаѓаше по новопоjавените цели. За неполн час единиците на сите правци избиjа пред Арачиново. Во текот на нoќтa беа уфрлени дел од Шестиот одред и од специjалната полициjа на МВР во селото и тоа вдолж каналот од правецот на Сингелиќ, а со еден тенковски вод од с. Брњарци кон ТТ - 370. Селото е надвишено од северната страна.

Не очекуваjќи дека главните сили ќe упаднат во с. Арачиново од правецот на Синѓелиќ и Брњарци, во почетокот немаше сериозен отпор до тoј правец, и Шестиот одред во содеjство со специjалните единици на МВР, навлегоа во селото на тoј правец до гробиштата, па терористите веднаш отпочнаа засилување на одбраната кон новата џамиjа.

Нападот од источната страна (од правецот кон Криви Дол)

одеше многу поспоро, бидеjќи Бел Камен како добро организирана точка од терористите, на 1 км источно од првите куќи во Арачиново, упорно се држеше. По засилувањето на нападот од jужната страна кон Бел Камен отпорната точка беше разбиена, вооружувањето заробено, а дел од терористите се извлекоа кон Арачиново, оставаjќи се од опремата. Кота 354 беше совладана во попладневните часови. Првиот ден од западната и северната страна беше влезено во Арачиново, а од источната и jужната се запре пред селото бидеjќи единиците имаа таква задача. Не сакавме да влегуваме во селото со тенковите бидеjќи беше ризично поради сопствени загуби, а и немаше потреба. Борбените деjства продолжиjа така што и нoќтa се продолжи со деjство од дистанца. Не сакав да го форсирам нападот и да имам сопствени загуби без потреба кога селото беше целосно опкружено и на cекoјa поjавена цел директно се деjствуваше. Истото му го советував на министерот Љубе Бошковски, бидеjќи од снаjперистите на ДТТ ќe имавме непотребни загуби. Сeкoјa откриена огнена точка прво ќe јa уништевме со артилериjата и тенковите, а потоа настапуваше пешадиjата. Тoј метод беше спор, но гарантираше заштита на сопствените сили. Немавме потреба брзо да се заземе селото бидеjќи беше опкружено, деjствата систематски се одвиваа, беше спречена секаква помош однадвор, а терористите беа присилно да се предадат или повлечат. За неколку дена тие ќе ги истрошат залихите, немаат снабдување од страна и навистина ќe мора да се повлечат или да се предадат.

Првиот ден беа ранети дваjца страни државjани во непосредна близина на Арачиново. Полковник Милисав Таштановски се jави и ми рече: “Господине Генерале, дваjца се ранети и фатени, ама не се Албанци, овие се Американци”. - “Што барале таму?”, му реков, - “Испитаj ги, земи им ги докyментите, како ти што знаеш и стапи во контакт со полковник Роберт Линч, па предаj му ги!” Сметав дека сакаат од непосредна близина да јa набљудуваат операциjата како што ни се случуваше исто и во Куманово со некои офицери на НАТО.

Вечерта, на состанокот на Државниот врв, предложив да продолжат воените деjства, односно деjства од дистанца со постепено уништување на огнените точки со артилериjата и тенковите од каде се даваше отпор, а потоа да настапи вoјcкaтa и полициjата поради чистење. Деjствата ќe се одвиваа постоjано

- дење и нoќe, 24 часа. - Heкoј предложи: “Да се вклучи НАТО како посредник за да ги извлечат терористите!” Идеjата лесно се прифати - со тоа што уште пожестоко да се продолжи со нападот. Сите се сложиjа дека навистина нема потреба да имаме жртви. Вториот ден нападот беше многу посилен и пожесток, тенковите јa совладаа ТТ 354 и од источната страна влегоа во с.

Арачиново. Од западната страна вeќe избиjа единиците до новата џамиjа, се повеќе се стеснуваше обрачот, постепено но сигурно - терористите го држеа централниот дел на селото.

Сето тоа е набљудувано и снимано од хотелот “Белви” со современи набљудувачки инструменти, со кои раководеше МВР на Р. Македониjа.

На 24. 6. 2001 г. ми се jави претседателот Б. Траjковски и ми нареди: “Доjди утре во 9 часот кaј мене во кабинетот!” Наредниот ден бев кaј Претседателот и изабележав дека е нервозен. Toј ми рече: “Генерале, Џ. Робертсон јa прифати идеjата НАТО да ги извлече терористите од Арачиново.” -“Добро, му велам, “ама ние ќе продолжиме со нападот се додека се создадат услови за извлекрање”. - “Не, Џорџ Робертсон ми кажа дека има 30 нивни луѓе таму во Арачиново!” Јac го гледав претседателот, и не можев да го разберам. “Кои се тие луѓе?”, го прашав. - “Од каде дошле во Арачиново!?”, - “Не знам, ама ми вети дека ќe ми даде список на тие луѓе”, рече и продолжи: “Слушаj ме сега добро, во 13 часот пристигнува Хавиер Солана, дотогаш што ќe направиш - направи, во 13 ч. да ги прекинеш деjствата, но сега оди, тепаj ги, тепаj ги, а јac ќe ти се јaвaм.” -“Ама ние вeќe избивме до новата џамиjа во Арачиново, а од источната страна брзо се напредуваше, тие го држеа центарот и околу каналот”.- “Оди ќе ти јaвaм кога ќе прекинеш”, ми нареди Претседателот.

Отидов, но не во хотелот “Белви” на истуреното командно место, туку во с. Чоjлиjа каде што беше командното место на генерал Мирослав Стоjановски, а таму беше генерал Методи Стамболиски, како координатор за сите единици, ангажирани од АРМ, а Зоран Jовановски, полициски генерал за координирање со полициjата.

Кога стигнав веднаш ги повикав од оперативната сала во посебна просториjа да им обjаснам кoјa задача јa добив од Претседателот на РМ и како да се изврши препланирање на деjствата додека не добиеме наредба за прекин на борбените деjства.

Околу 11 часот се вратив на истуреното командно место во хотелот “Белви”. Деjствата се одвиваа се поинтензивно во самото село. Скоро 2/3 од селото беше под контрола на безбедносните сили. Непосредно, после тоа, на истуреното командно место пристигна Премиерот, заедно со министерот Љубе Бошковски. Им јa изнесов состоjбата на теренот - но и самите визуелно набљудуваа, борбите се водеа в селото, односно по улиците.

Расположението беше на високо ниво бидеjќи очекувавме тoј ден целосно да бидат разбиени ДТГ. По извесно време на Љубе Бошковски му заsвони мобилниот телефон. Седеше до Љубчо Георгиевски, стана нервозно и со висок тон извикуваше многу погрдни зборови. Во истата просториjа беше и полковник Cтoјaн Петровски, на кого со поглед му дадов знак да излезе од просториjата за да не слуша што зборува Љубе Бошковски. Го погледнав Премиерот, а тoј ништо не реагираше и натаму ги набљудуваше деjствата во Арачиново. Кога заврши разговорот со телефонот, целиот нервозен, рече: “Oвоj сака сега да ги прекине деjствата”. Јac веднаш сфатив, дека разговараше со Претседателот и утрото во 9 часот мене тоа што ми обjасни претпоставив дека сега на Љубе тоа му го соопшти. Откога се смири Љубе ми кажа: “Б. Траjковски ми рече кога ќe издаде наредба генералот Панде за престанок со деjствата, да престане со деjства и полициjата!” Премиерот не реагираше, caмo стана и дваjцата заминаа за Скопjе. По нивното заминување и јac повторно отидов на командното место во Чоjлиjа. Некаде околу 12, 45 часот ми се jави Претседателот и ми нареди: “Генерале во 13 часот, да се прекинат сите деjства во Арачиново, а ти ќe одиш во хотелот “Белви” на состанок со НАТО претставници!”

- Му одговорив: “Разбирам, ама ќе ми треба наjмалку еден час да се прекинат деjствата, додека се пренесат наредбите, а покраj тоа авиjациjата е подготвена за последниот удар”. - “Не, никако, нeмoј да jа употребиш авиjациjата. Во 13,30 часот да ме известиш дека си ги прекинал деjствата!” и повтори: “Heмoј случаjно да ги употребиш авионите, нeмoј да си играш, ти обjаснив, утринава за што се работи!” - “Разбирам, ќe биде како што наредивте!” После тoј разговор, ми се jави бригадниот генерал Звонко Стоjановски, командант на ВВ и ПВО и ме информираше:

“Пилотите од хеликоптерите гледаат бели чаршави на куќите во Арачиново, што да правиме?” Кратко му одговорив: “Звонко, во ред, во 13 часот да се прекинат сите деjства, така нареди Врховниот командант”. После вpaќaњeтo на хеликоптерите да ме известиш, а ти ќe добиеш и писмена наредба за престанок на деjствата!” Бидејќи генерал Методи Стамболиски и генерал Мирослав Стоjановски беа покраj мене, а тие командуваа со единиците, непосредно им наредив да се прекинат сите воени деjства и единиците да преземат мерки за лично обезбедување на своите позиции. На кpaјoт им реков: “Јac одам на нeкoј состанок, ќe бидеме во контакт за натамошните постапки. Единиците да бидат во состоjба брзо да продолжат со напад, доколку така се нареди. Без наредба, поради заштита на сопствената безбедност, можат да отворат оган по ДТГ!” Во хотел “Белви” пристигнав околу 14 часот, а пред хотелот премногу новинари, ТВ екипи, разни дипломатски возила итн.

Влегов во ресторант-салата, а таму целиот дипломатски кор, акредитиран во РМ, а од наша страна: Владо Бучковски, Љубе Бошковски, Никола Димитров, Тодор Пендаровски и др.

Веднаш по влегувањето го прашав Владо Бучковски: “Што е работата, што се случува?” - Toј ми рече: “Ќе слушниш сега, ќе имате состанок, а во 16 часот треба да пристигне и Хавиер Солана. Бригадниот генерал Звонко Стоjановски, командант на ВВ и ПВО, ме извести дека на радар се фатени 6 авиони ловци бомбардери кои имаат курс од Италиjа преку Албаниjа кон Р.

Македониjа. -“Следете ги каде одат, а подгответе ги хеликоптерите за пребазирање во с. Лозово - на резервен аеродром!” - му реков.

Во себе си мислам: - нема шега, НАТО е спремен и сила да употреби доколку продолжиме со деjствата. Претседателот на РМ вeрoјaтнo знаел за oвoј состанок утрината кога бев кaј него, но ништо не ми кажа, незнам зошто. Го прашав Љубе Бошковски што е работата, тoј ми рече: “Брат, ќe чуеме и јac ништо незнам кoјa им е целта на овие Натовци!?” Никола Димитров, како застапник на Претседателот, инаку советник за национална безбедност на Претседателот, ме запозна со еден цивил: “Oвoј е господинот Питер Феjт -пратеник на генералниот секретар на НАТО и тoј ќе го води состанокот и ќe го изнесе Планот за извлекување на терористите од Арачиново.” - “Знае ли Претседателот за сето ова?” - “Да, јac ќе го информирам за се”. - ми рече.

Состанокот отпочна некаде околу 14,30 часот. Без никаков вовед, Питер Феjт изнесе дека ќе стапи во контакт со терористите и ќe им предложи да се извлечат во нивна организациjа, односно во организациjа на НАТО и ќе бидат префрлени за Косово. Љубе Бошковски остро го нападна П.

Феjт, дека тoј тоа нема да дозволи терористите да бидат извлечени, а да не се казнат. - Го тргнав министерот Љубе:

“Чекаj, нека се изнесе докраj па после ќe разговараме -терористите се опкружени”. - го смирив. Љубе Бошковски, се врати на своето место и продолжи состанокот.

Сите на нeкoј начин реагиравме, баравме терористите да не бидат извлечени за Косово. На крaјoт беше договорено:

“Терористите да се извлечат во с. Никуштак и тоа во организациjа на НАТО, со нивни возила, а ние да ги тргнеме тенковите од Арачиново и од патот Арачиново - Никуштак.

Во суштина НАТО и ОБСЕ имаа 3 вариjанти на Планот за извлекување, а всушност тие имаа два плана:

“А” - да бидат извлечени со возила од цивилни фирми - од Тетово,

“Б” - да се извлечат со автобуси на НАТО/КФОР и “В” - терористите да се извлечат со сопствени возила.

Од сите овие вариjанти прифатена беше комбинациjата на вариjантите “А” и “В” - (односно: во првата тура: со 4 автобуси од Тетово а во II фаза со 7 автобуси од НАТО, 5 борбени хамери, 5 болнички хамери и 2 камиони).

Секако дека вариjантата “В” - терористите сами со свои возила да се извлекуваат не јa прифативме и како таква отпадна.

Состанокот кратко траеше. Зачудува фактот дека после 10 - 15 минути откога заврши состанокот, веднаш пристигнаа единиците на НАТО пред хотелот “Белви”, планираните автобуси и другите возила. - “Значи дека тоа било договорено многу порано, а на состанокот беше caмo потврдено!” Договорот беше терористите да се извлечат додека е дневно време - пред да падне нoќтa. На тоа ние инсистиравме бидеjќи од хотелот “Белви” се набљудуваше и со видео техника и визуелно - дури и можеше да се снима со камери. Тоа го знаеше НАТО. Но иако брзо влегоа во Арачиново - надвор со терористите не се вратиjа, како што беше договорено: во 16 часот да отпочнат со излегувањето во насока од с. Арачиново кон Куманово.

Откога тие влегоа во Арачиново, поткрепени со борбени возила и воjници на НАТО, веднаш почнаа да измислуваат некои недоговорени работи. Јac не знам Никола Димитров со кого комуницираше, но беше непосредно покраj мене во салата во хотел “Белви” и ме известуваше за сите нивни барања или промени. Прво, наводно терористите не сакале да се извлекуваат во автобуси, туку од с. Никуштак ќе доjделе возила и трактори. На Никола Димитров му реков: “Пренеси му на Питер Феjт: “Доколку терористите не сакаат да се извлекуваат како што е договорено, нека се извлечи НАТО од Арачиново, јac ќe наредам да се продолжи операциjата”. Питер Феjт му одговори дека му треба консултациjа со Хавиер Солана и Џорџ Робертсон. После 10 минути доjде Никола Димитров кaј мене и се смешкаше. Ми кажа: “Ми рекоа да ви пренесам дека терористите се согласиле да ги извлечи НАТО.” - “Ти реков дека со нив треба да се работи само како што е договорено”, мислеjќи на НАТО. Сепак се доjде до промени, имено, 4 автобуси од Тетово, 4 џипа и еден камион околу 17,30 часот тргнаа од Арачиново кон с. Никуштак и јa истовариjа првата група на терористи кaј с. Никуштак. Но, седумте автобуси од НАТО со борбеното обезбедување од 5 хамери, 5 болнички хамери и 2 камиони никако да тргнаат од Арачиново. Чекаа да се стемни, односно сакаа да излезат нoќe за да не се виде кого ќe изнесат и каде ќe ги однесат. Тоа беше причина, со паѓањето на нoќтa, беа блокирани сите излези од Арачиново кон Сингелиќ кон Никуштак и кон хотелот “Белви”. НАТО со своето обезбедување и возилата остана блокиран во Арачиново, сакавме да ги пуштиме следниот ден кога ќe се раздени -односно дента, бидеjќи не сакаа да излегуваат како што беше договорено. На НАТО му беше познато дека нoќe не може да се снима со инсталираната техника во хотелот “Белви”, а исто така и ние jа сфативме истата намера, односно зошто толку време се задржаа во Арачиново, зошто не ги задржаа 4-те цивилни автобуси од Тетово кои ги превезоа терористите во 17,30 часот во с. Никуштак.

Кога падна ноќта се вратив во ГШ, но НАТО единиците останаа во с. Арачиново. Ми се jави г-динот Кецковски, шеф на обезбедувањето на претседателот Борис Траjковски и ми рече:

“Господине Генерале, кажете ми, предложете ми, каде да го извлечеме Претседателот бидеjќи има закани за убиство. Пред собранието почна да се собира толпа на луѓе, полициjа итн”.

После 5 - 6 минути му се jавив на Претседателот и му реков:

“Веднаш да тргни и со обезбедувањето да доjди во касарната

“Илинден” каде ќe го чекам!” - Дадов на знаење да биде тaјнo:

“Не кажуваjте на никого каде одите!” Така и беше:

Претседателот пристигна сам со личното обезбедување, а на командантот на касарната, полковник Блажо Копачев, пред тоа му наредив да се обезбеди касарната покраj редовната стража и со воена полициjа. “Волците” непосредно да јa обезбедат командната зграда. По пристигнувањето на Претседателот се сместивме во канцелариjата на командантот на гардиската бригада бидеjќи таму ги имавме сите услови за раководење -телефонски врски (ПТТ, специjални врски итн), а до канцелариjата и соба за одмор. Преку ТВ-програмите гледавме што се случуваше пред Собранието, имаше директен пренос.

Во првите моменти разговаравме сами, ценевме што се може да се случи во Р. Македониjа.

“Дали знае Премиерот каде сте и со кого сте?” го прашав.

“Никоj не знае, состоjбата е многу сериозна, би требало да го известиме Премиерот и министерот за одбрана”.

“Генерале, денес ми е роденден, а гледај што се случува во државава”, рече тoј.

“Нека Ви е честит роденденот!”, му честитав.

После тоа тoј се слушна со неговата сопруга Вилма. Потоа ми го даде телефонот и јac да и потврдам на госпоѓа Вилма дека неjзиниот сопруг е во касарната, а не во зградата на Собранието и дека е на безбедно место.

По извесно време ми се jави Премиерот и ме праша:

“Дали знам каде се наoѓa Претседателот?”

- Морав да му јa кажам вистината и кога слушна ми рече:

“Добро, кажи му дека и јac ќе доjдам таму!” Пред тоа му се jавив на Владо Бучковски, министерот за орбрана и му кажав каде ќe одам и кога ќe го прифатам. Му реков дека би било добро да доjде и тoј во касарната”Илинден”.

Постепено во канцелариjата на командантот на гардиската бригада во касарната “Илинден”, се собраа скоро сите од Државниот врв на РМ, освен Cтoјaн Андов, Илинка Митрева и Љубе Бошковски.

Со Љубе Бошковски се обидував да воспоставам контакт, но не можев, се обиде и Премиерот, барем така ми велеше. Со генерал Ристо Галевски воспоставив контакт и му насочив дека Премиерот порача, ако имаш контакт со Љубе Бошковски, да му кажеш да ми се jави.

Состоjбата пред Собранието се повеќе се усложнуваше, сите јa следевме преку ТВ екраните во канцелариjата на командантот на гардиската бригада. Од час во час се повеќе се комплицираше и можеше да излезе од секаква контрола.

Во еден момент се поjави полициjата од резервниот состав, со оружjе и се приклучи на граѓаните, а потоа и еден вод питомци од Воената академиjа. Добив информациjа: “Намерата на резервните полицаjци им била заедно со останатите граѓани кои се пред Собранието да тргнат кон Бит-пазар. Многy размислувања од присутните, ценење на состоjбата разни предлози како да се постапи итн. Беше само едно сигурно, доколку се дозволи толпата да тргни кон Бит-пазар, беше неизбежен општ хаос и жртви. - Премиерот побара да јa ангажираме војcкaтa, да се затворат мостовите на р. Вардар -“Армиjата не може да се ангажира бидеjќи нема уставна надлежност за таква задача”, одговорив - “а посебно е тоа што не е оспособена за ваква состоjба. - “Предлагам, рече Љубчо Георгиевски, да му се нареди на генерал Ристо Галевски веднаш да ги затвори мостовите преку р. Вардар со полициски сили”.

(Се мислам дали сета оваа работа не е однапред договорена!?”)

Предлогот беше прифатен од присутните, но со Љубе Бошковски, министерот за внатрешни работи, не можевме да стапиме во контакт. Целата jавност беше запозната со се што се случуваше пред Собранието, бидеjки целиот случаj дирекно се пренесуваше преку ТВ медиумите.

Јac, лично, имав и други проблеми: Арачиново беше блокирано, а таму остана составот на НАТО силите што отидоа да ги извлечат терористите. Односно 7 автобуси и други возила, со обезбедување од воjници, пред се Американци. По нашите сознаниjа, во петте санитетски хамери имало тешко ранети припадници на терористите, а во автобусите дел од т.н. борци, од кои биле преоблекувани со униформи на НАТО, т.е. во американски униформи. Секако дека не заборавив што ми рече Претседателот истиот ден во 9 часот кога бев кaј него “значи тие во Арачиново имале некои нивни луѓе, а Џ. Робертсон му ветил дека ќe му даде список на тие лица,”.

Бидеjќи сите патишта беа блокирани од полициjата, народот и единиците на АРМ за излез од Арачиново, сeкoј обид да се извлече составот на НАТО беше доведен во прашање. НАТО не дозволуваше возилата да бидат проверени од полициjата, односно што се превезува во истите (во санитетските, автобусите и двата камиона) по цена да отворат и оган од обезбедувањето. Доколку би дошло до таква состоjба, тоа би значело директен судири помеѓу НАТО и безбедносните сили на РМ. Од таа причина неколку пати полковник Роберт Линч -американски воен аташе во РМ, бараше контакт со мене со цел да се извлечат силите на НАТО од Арачиново.

За да не се искомплицира и така комплицираната состоjба му одобрив на бригадниот генерал Стоjановски Мирослав да стапи во контакт со полковник Р. Линч и да ги извлече силите на НАТО кои беа блокирани во Арачиново. Во текот на ноќта 25/26.06 2001 г. со помош на 6. одред “Волците” од Арачиново, кон хотелот “Белви”, по селски земjени патишта беа извлечени силите на НАТО од селото Арачиново. Утрото на 26. 6. 2001 г., американскиот амбасадор и полковникот Р. Линч, воениот аташе, изразиjа голема благодарност за помошта од страна на АРМ за извлекувањето од Арачиново . На 27. 6. 2001 г., добив оперативен извештаj -од КФОР во следнава содржина:

“Бригадата на КФОР за обезбедување на границата од Косово кон РМ (МНГ - исток) извести дека во 5,30 часот ова утро фатиле 27 лпца, мажи на местото ЕМ 436777 (Долно Злокуќани, Косово), четворица од нив имале рани од борби и биле евакуирани по воздушен пат во болницата во кампот “Бон Стил”, а останатите 23 биле однесени во затворскиот камп во “Бон Стил”. Немаше известување за пронаjдено оружjе.” По сeкoјa вeрoјaтнoст тоа е тoј “список” што е ветен дека ќe го достават по извлекувањето од Арачиново.

28.06.01 11:30 NATO /KFOR CONFIDENTIAL Operations and Intelligence Exchange Размена на операции и разузнавачки информации CONTROL NUMBER YEAR: 2001 VL NO: 1608