1. ORIGINATOR KFOR - - Part 01
1. ORIGINATOR: KFOR -
1. БАРАТЕЛ КФОР TIME SUBMITTED 1045, 28 Jun 01 с. Топљана Маало (јужно од д ВРЕМЕ НА ПОДНЕСУВАЊЕ 1045, 28 јуни 01 д злокукане Косово Time of Rwsponse:
Време на Одговор:
NCCC LOG NUMBER: 1608 НЦКС Број: 1608
2. SUBJECT: Apprehension of 27 men
2. ПРЕДМЕТ: Фаќање ан 27 лица
3. EXCHANGED OPERATIONS or INTELLIGENCE:
MNB(E) reported that at 0530 this morning, they apprehended 27 military aged males at EM 436777. Four of them had combat related wounds and were air evacuated to CBS Hospital. The other 23 men are now being taken to Bondsteel Detention Camp. There were no reports of any weapons found.
3. РАЗМЕНЕТИ ОПЕРАЦИИ или РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ:
МНБ(ИСТОК) ИЗВЕСТИ ДЕКА ВО 0530 ЧАСОТ ОВА УТРО ФАТИЛЕ 27 ЛИЦА НА ВОЗРАСТ НА ВОЈНИЦИ, МАЖИ, НА ЕМ 436777. ЧЕТВОРИЦА ОД НИВ ИМАА РАНИ ОД БОРБА И СЕ ЕВАКУИРАНИ ПО ВОЗДУШЕН ПАТ ДО БОЛНИЦАТА ВО КАМПОТ БОНДСТИЛ. ОСТАНАТИТЕ 23 ЛИЦА СЕ ОДНЕСЕНИ ДО ЗАТВОРСКИОТ КАМП ВО БОНДСТИЛ.
НЕМАШЕ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОНАЈДЕНО ОРУЖЈЕ.
4. DISSEMINATED TO: The MOD
4. ДИСЕМИНАЦИЈА ДО: МО
5. REMARKS/ACTION TAKEN:
Фото-копие од извештаjот на КФОР за извлекување на 27 лица.
Се претпоставува дека се тие 30 лица за кои беше заинтересиран Генералниот секретар на НАТО, а во разговорот со Б. Трaјкoвcки му ветил дека ќe им ги даде имињата.
Се надевам дека еден ден албанската страна за Арачиново ќe јa опише cвoјaтa голгота во тие денови, во интерес на историjата.
Сепак, на сите случувања, понижувања, притисоци итн “Планерот и режисерот” на кризата во РМ успеа набрзо да се потпише прекин на огнот и да се седне на маса за политички договор и затоа Арачиново беше измислено како би се прекинале воените деjства и на поинаков начин да се решава кризата, по цена на сите понижувања на Р. Македониjа и на неjзините безбедносните сили кои храбро го бранеа неjзиниот интегритет и државност.
СОСТОJБИ ПОСЛЕ ВОЕНАТА ОПЕРАЦИJА ВО АРАЧИНОВО
“Арачиново”, беше потребно да се случи - со цел воената криза да се решава со политички средства. Со таа цел, покраj другото, од Владата беше формирано Координационото тело. За работењето и придонесот во разрешувањето на воената криза на ова тело, немам намера да пишувам бидеjќи има стенограми за секоја седница, на која беа донесени и конкретни заклучоци.
Координативното тело имаше мандат да врши проценки на состојбата, анализи и да предлага конкретни решенија на Владата и Претседателот на државата. Беше замислено да функционира нешто слично како и во СРЈ - заради решавање на проблемите со Косово.
Координационото тело требаше да ја олесни работата на Претседателот на државата и на Владата на РМ - кои имаа и други ангажмани. Ова тело целосно беше замислено да придонесе во разрешувањето на сите проблеми. Покрај тоа активно да се вклучи и албанскиот фактор од широката коалиција, а не само Државниот врв - како што функционираше пред Арачиново.
Меѓународните фактори даваа големо значење на работењето на оваа тело во разрешување на кризата со политички средства.
Од формирањето на ова тело, после неколку седници се покажа дека тоа тешко ќе функционира во решавањето на некои побитни прашања во врска со воената криза. Но сепак, тоа тело имаше голем придонес во расчистувањето и санирањето на просторот каде што се водеа пред тоа воени дејства, како во:
Тетовско, Кумановско, а посебно во с. Арачиново. Дел од министрите, посебно од партијата ВМРО-ДПМНЕ не беа редовно присутни, а некои и го бојкотираа тоа тело нарекувајќи го “Клуб за дебатирање”. Но, сепак, Координациното тело ги разрешуваше сите, пред се технички, па и политички проблеми во разрешување на воената криза.
Покрај Координационото тело беше формиран и Кризен штаб во кој се слеваа сите информации во секое време, во текот на 24 часа. Раководителот на Кризниот штаб воедно беше и член на Координатционото тело - односно беше формиран Центар за менаџмент и кризи, а носител на тој орган беше Министерството за одбрана. Во Центарот членуваа личности скоро од сите министерства кои беа именувани во Координационото тело.
После случајот во Арачиново во РМ, покрај сите акредитирани меѓународни претставници и институции од НАТО, ОБСЕ и др
- остана и Питер Фејт, личен претставник на Генералниот секретар на НАТО, кој ги координираше сите активности помеѓу безбедносните сили на РМ и т.н. ОНА и тоа директно со посредување. Истата личност посредуваше во Косово, односно во распуштањето на т.н. Армија за ослободување на Прешевската долина: Прешево, Медвеџе и Бујановац. Питер Фејт дирктно контактираше пред се со Претседателот на РМ и настапуваше доста арогантно, па дури дрско и ултимативно што ми беше многу чудно. Во една прилика пред целиот македонски Државен врв го прашав: “Господине Фејт, Вие да не сте командант на т.н. ОНА, што со толкава сигурност тврдите!?” - а се работеше за прекин на огнот. Господинот Питер Фејт секојдневно беше во контакт со Претседателот, и со сите нас, и со Али Ахмети, и секако и со Генералниот секретар на НАТО.
Иницијативата за завршување на воената криза со политички средства - со цел: “за завршување на кризата која го нарушуваше мирољубивиот демократски развој на РМ и која, воедно, претставуваше директна закана на регионалната стабилност” - доведе до потпишување на спогодбата за безусловен прекин на огнот. Покрај другото П. Фејт имаше испратено писмо до Илија Филиповски, потпретседател во Владата на РМ. (Писмото е цитирано подолу во истава книга).
Лично не бев ангажиран за прифаќање или неприфаќање на условите и барањата од страна на посредникот Питер Фејт. На
5. 7. 2001 г. дојде до потпишување на договорот од првото барање во писмото: “Траен прекин на огнот; почитуван од сите страни!” Не ми беше познато кој го составил текстот на писмото за траен прекин на огнот, но мене и генерал Ристо Галевски не повикаа истото за да го потпишеме, иако не бевме членови на Владата на Р. Македонија.
Прифативме обврски - односно Владата на РМ одлучи во целост да се почитуваат обврските од Спогодбата, секако од двете страни, со посредство на пратеникот Питер Фејт.
Во спогодбата, покрај другото, се прецизира дека прекинот на огнот се однесуваше на сите оружја, вклучувајќи го поставувањето на мини и други импровизирани експлозивни направи, како и задржување на позициите на безбедностните сили без користење на прекинот на огнот за промена или за подобрување на тие позиции. Но, сепак, Спогодбата даваше за право употреба на неопходна и пропорционална сила, потребна само за самоодбрана и одбрана на другите или од престоен напад во мерка “во мека ограничена по степен, интензитет и траење, неопходно за одбрана и ништо повеќе”.
Секако дека сите обврски на двете страни беа пред се обврски пред НАТО.
По потпишувањето на спогодбата, терористичките групи, пред се во Тетовско, отпочнаа со провокации и обид за проширување на територијата, посебно на просторот каде беа чисто македонски села или мешани села со Албанци и Македонци.
Одбираа простор во оние подрачја каде се наоѓаа полициски сили од МВР пред потпишувањето на Спогодбата за прекин на огнот.
Патот Тетово - Порој - Јажинце го обезбедуваа полициски сили, распоредени и тоа во с. Лешок: 20 полицајци во с.Теарце: 70, во с. Вратница; 120, во с. Јажинце: 25, во с. Јегуновце: 100 полицајци, во с. Ратае: 50, во с. Желче: 70 полицајци во полициските но и резервните полициски станици и на 5 полициски пункта со по 15 полицајци во моментот на потпишувањето на спогодбата на 5. 7. 2001 г.
Покрај овој простор, МВР ги обезбедуваше сите јавни патишта, непречено движење Скопје - Тетово - Гостивар - Маврово - Дебар, односно на просториите што не беа опфатени со воените дејства до 5. 6. 2001 година.
Според извештаите од потчинтетите единици на АРМ: единици на ДТГ претежно беа во следните места.
Групата терористи што беше извлечена од с. Арачиново беше стационирана во с. Никуштак, с. Виштуца, с. Ропалце, а ранетите во с. Грушино. Во ова подрачје не беа изведувани воени дејства во текот на мај и јуни 2001, додека терористите беа разместени после договорот со НАТО за извлекување од с.
Арачиново. На просторот на с. Никуштак отпочнале да организираат одбрана пред селото. Месните жители во с.
Никуштак не се согласиле со постапките на т.н. ОНА, па терористите почнале да им се светат, така што, на 27. 6. 2001 г.
запалиле 10 куќи и отпочнала меѓусебна пресметка во с.
Никуштак која траела од 14,30 до 18 часот. За да се смири состојбата претставниците на Mеѓyнародната заедница преслекле околу 30 најзакоравени терористи во униформи на КФОР и заедно со 4 тешко ранети ги извлекле од тој простор (Извештај од командантот ОТГ - 1)
На 28. 6. 2001 г., со помош на меѓународниот Црвен Крст сите полесно ранети од с. Арачиново кои без наше знаење беа сместени во с. Грушино и потоа беа извлечени и одведени во непознат правец.
За ова извлекување на ранетите, господин Франсоа, шеф на Црвениот Крст во РМ, објасни дека, тој имал такво одобрение од Координативното тело за справување со криза и од министерот за труд и социјална политика при Владата на РМ.
По судирот на мешатаните од с. Никуштак со терористите, истите на 29. 6. 2001 г., се повлекоа северно од с. Никуштак.
Односно извлечените терористи од Арачиново не биле прифатени во ниедно село во Кумановско каде пред тоа не беа изведувани воени дејства, па сите терористи во Кумановскиот простор, претежно биле разместени во с. Матејче, Отља, Липково, Слупчане и Ваксинце.
Целиот Липковски регион беше под контрола на АРМ, посебно патот Арачиново - Никуштак - Умин Дол - Куманово. Секакво движење по овој пат беше под строга контрола на АРМ, како и сите патни правци од с. Матејче - Отља - Липково - Слупчане - с. Ваксинце кои изведуваа кон границата за Косово преку Скопска Црна Гора беа затворени. Така што во Карадачкиот регион терористите останаа само во неколку села, без перспектива за било какви дејства или подобрување. На тој простор бригадниот генерал Мирослав Стојановски со единиците за борба против тероризам и останатите единици од Првиот армиски корпус кои претходно беа распоредени, ја презеде командата за натамошни дејства.
Во Тетовскиот регион каде што беа распоредени единиците од Вториот корпус: Попова Шапка, Шар Планина, Гостивар, Стража, Дебар, Струга и превојот Стража - Кичево беа под целосна контрола и не дозволуваа било какви провокации или проширувања на т.н. ОНА.
На картата се гледа дека патот Тетово - Јажинце го обезбедува полицијата, а не АРМ со полициските станици и резервните полициски пунктови.
АРМ, пред потпишувањето на спогодбата за прекин на огнот, во својот состав имаше 18.468 припадници - човечки фактор, 54 тенкови со оспособени послуги, 40 хаубици 122 м/м, 10 лесни ракетни лансери 128 м/м со послуги, повеќе цевни фрлачи на ракети 128мм, 4, оклопни транспортери 135 со послуги, хеликоптери “МИ - 24 - 8”, “МИ - 8 - 4”; “МИ - 17”.
Според расположените податоци пред потпишувањето на Спогодбата за прекин на огнот, т.н. ОНА во тоа време беше полуразбиена, без резерви и редовно снабдување со слабо вооружување, претежно лесно пешадиско оружје, со слабо оспособени новорегрутирани припадници - односно во сите т.н.
бригади располагаа во: 111. бригада со 50 - 100 борци, 112.
бригада со 350 - 500 борци, 113. бригада со 300 - 400 борци,
114. бригада со 175 - 225 борци, таканаречените специјални единици со 40 - 50 борци, односно со бројната состојба вкупно од 915 - 1775 припадници, распоредени од Куманово до Скопје и од Тетово до Дебар. Со Генералштабот на т.н. ОНА распореден во Призрен раководеше Г’зим Острени, а Али Ахмети “Абаз”- политички директор.
Од господинот Питер Фејт беше испратено писмо до Владата на РМ, што претставуваше одговор на барањето на Борис Трајковски, претседателот на РМ. Заради увид врз содржината на писмото го пренесуваме во целосност:
...
“Како одговор на писмото на претседателот Б. Tрајковски од 14 јyни 2001, со кое се бараше помош од НАТО за разоружување на етничките албански вооружени групи, имам чест да Ве информирам дека Етничките албански вооружени групи дадоа обврска за нивно разоружување, што ќе претставува еден од елементите на САС (Северно атлански совет) НАТО да обезбеди помош за оваа цел во тесна координација со вашите власти. Властите на РМ ќе бидат известени за деталниот воен план за собирање на оружјето, изработен од командантот на наменските сили “Жетва”, отакако САС ќе одлучи да овласти разместување на силите. Како што знаете предусловите за ваквото разместување се следниве:
- Траен прекин на огнот почитуван од сите страни;
- Општ политички договор меѓy главните политички партии;
- Договор со властите на РМ за статусот на наменските сили Жетва и услови по кои наменските сили “Жетва” ќе ја спроведат својата мисија;
- План претставен од НАТО, а прифатен од Владата на РМ кои ги определува модалитетите и временскиот простор за предавањето на оружјето, вклучувајќи и експлицитна согласност на етничките албански вооружени групи за нивна подготвеност да го предадат целосно своето оружје”.
Мисијата на наменските сили “Жетва” ќе има за задача да спроведе ограничени операции во РМ со цел да го собере и отстрани оружјето и муницијата од разоружените етнички албански групи како дел од процесот на разрешување на кризата во земјата. Силите ќе бидат ангажирани во ограничен временски период при што самата операција на собирање на орyжјето нема да надмине 30 дена. Тие ќе бидат мултинационални сили со големина на бригада.
Како што знаете, правните советници од НАТО и од ваша страна, работат на официјален договор кој ќе го дефинира статусот на наменските сили “Жетва” и персоналот на тие сили, вклучувајќи и договор за бараната поддришка на земјата домаќин. Наменските сили “Жетва” се овластени да употребат сила во самоодбрана за заштита на силите и за спроведување на мисијата, вклучувајќи ја и можноста да приведуваат лица кои ќе го попречуваат спроведувањето на мисијата како што е тука прикажана.
Наменските сили “Жетва” ќе извршат пасивно собирање на оружјето од Етничките албански вооружени групи и ќе го координираат движењието и уништувањето на оружјето и муницијата. Собраната муниција и експлозинви средства ќе бидат уништени во земјата. Собраното оружје ќе биде отстрането и уништено во трета земја, освен ако командата на наменските сили “Жетва” смета дека тоа не е безбедно.
Претставници на РМ ќе бидат поканети од командата на наменските сили “Жетва” да ја набљудуваат операцијата.
Прво. Оние членови на воорушените групи кои ќе го предадат своето оружје и муниција нема да бидат приведени, освен во одредени случаи заради преземање на мерки за заштита на силите или самоодбрана или за ефикасно спроведување на мисијата.
При извршувањето на својата мисија, наменските сили “Жетва” ќе воспостават ангажмани за поврзување со вашите централни и локални власти со цел да се овозможи создавање координација и да се обезбеди целосна транспарентност при извршувањето на операцијата. За време на операцијата за собирање на оружје државните безбедносни сили нема да бидат присутни во тие области кои ќе бидат одредени како локација за собирање на оружјето. Претставниците на РМ, овластени од командата на наменските сили, “Жетва” ќе бидат поканети да ја набљудуваат операцијата.
Поканети сте да ја прифатите одговорноста за безбедност и слобода на движењето на НАТО силите и на меѓyнародниот персонал вклучен во процесот на разоружување во РМ и да ги преземете сите можни мерки за минимизирање на ризикот на нивната безбедност надвор од локациите за собирање на оружјето и да прифатите такви времени дислокации на своите безбедносни сили или нивни ограничувања какви што ќе ги одреди НАTО за да може да го реализира разоружувањето.
Сметам дека постојат голем број мерки кои вашата Влада мора да ги преземе за да биде успешна операцијата. Прво, како мерка за градење на доверба од вас се бара да прекинете со сите воени воздушни операции за време на операцијата, со исклучок на оние кои се вршат за редовните логистички потреби на безбедносните сили на РМ и за евакуација на жртви во вонредна состојба, кои ќе се извршат во координација со командата на наменските сили “Жетва”. Понатаму, од Вас се бара да го повлечете тешкото вооружување и вонредно разместените сили во гарнизоните за време на собирањето на оружјето од етничките албански групи, истовремено водејќи сметка за барањата за заштитата на безбедносните сили на РМ.
Второ, како што е предвидено со Планот и Програмата, со цел да се надмине кризата, треба да им се дадат можности на припадниците на етничките албански вооружени групи за реинтеграција во опшеството, вклучувајќи и адекватна амнестија.
Трето, по завршувањето на операцијата државните безбедносни сили, со учество на етничките албански полицајци, ќе ги извршуваат нормалните мирновременски обврски за спроведување на Законот во сите делови на земјата, без спротивставување или попречување. Притоа спроведување, безбедносните сили строго ќе се придржуваат кон меѓyнародните хуманитарни стандарди и општите принципи на човечките права и ќе прифатат набљудување од страна на ОБСЕ и ЕУМ. Вашите власти да обезбедат да не дејствуваат никакви нерегуларни сили вооружени цивилни групи во кризните региони.
Би бил благодарен доколку добијам Ваше писмено потврдување дека содржината на ова писмоја сочинува основата за спроведување ан операцијата.” Со почит, Питер Фејт, Личен претставник на Генералниот секретар на НАТО Писмото секако беше прифатено во целост, вклучувајќи ја реинтеграцијата и амнестијата од страната на Владата на РМ, но како реагираше другата страна, односно т.н. ОНА - т.е.
политичкиот директор на организацијата Али “Абаз” Ахмети и Г’зим Острени како началник на Генералштабот на ОНА.
Во еден извештај, во почетокот на јуни 2001, покрај другото стои: “Во 18,12 часот Али Ахмети и Г’зим Острени го информирале командантот “Илир” (кој се наоѓал на Шар Планина)” дека т.н. ОНА од моментот на своето создавање досега имала најдобри резултати на политички план, затоа што успеале да ја збунат целата меѓународна заедница со потпишувањето на договор помеѓу ПДП, ДПА, Европската Унија, НАТО и македонските политички партии како прв чекор до започнувањето на преговорите на Македонците со претставниците на т.н. ОНА... “Според Ахмети, Тахир Н., заедно со лицето од ПКК во текот на денешниот ден ќе пристигне во Куманово бидејќи очекуваат некои политичари да одат во Косово на разговор”...
Видливо е дека Арачиново беше измислено поради прекинување на воените дејства, а состојбата натаму да се решава политички, вклучувајќи ја меѓународната заедница, посебно НАТО, иако тогаш безбедносните сили на РМ беа во највисок степен на подготвеност одкога почна воената криза, а т.н. ОНА, беше во тешка состојба за понатамошно опстојување и водење на вооружената борба. Тогаш т.н. ОНА немаше повеќе од 750 - 1500 припадници - слабо вооружени. Запад тоа многу добро го знаеше. АРМ имаше околу 20 000 борци, респективно вооружување, поддршка од некои пријателски земји и тоа не само политички туку и во воена опрема и вооружување. И во такви околности доаѓа до потпишувае на спогодбата за безусловен прекин на огнот како прв потег за натамошно политичко разрешување на воената криза. Доколку не би се постапило како што “предлагаше” “Режисерот” на воената криза- тогаш се што беше преземено во претходните 4 месеци:
воени дејства, вклучувајќи ги и жртвите на “Етничките албански вооружени групи” би било залудно. Веројатно така размислуваше “Режисерот” на воената криза во Р. Македонија.
Спогодбата за безусловен прекин на огнот ја потпишаа двајиа генерали од РМ - началникот на Генералштабот и командантот на полицијата во име на Владата на РМ, иако не беа членови на Владата и не учествува во претходните разговори, а од другата страна Питер Фејт - личен пратеник на Генералниот секретар на НАТО, се разбира, со писмено барање од Претседателот на РМ, испратено пред операцијата во Арачиново, односно како што стои во одговорот на писмото од страна на Питер Фејт испратено до Владата на РМ: “Како одговор на писмото на претседателот Трајковски од 14 јуни 2001 г. со кое се бараше помош од НАТО за разоружување на Етничките албански вооружени групи”.
Содржината на писмото од Борис Трајковски не ми беше позната, но сосема беше јасен одговорот на тоа писмо од претставникот на НАТО - Питер Фејт.
Секако дека од сите услови, поставени за разоружување на “Етничките албански вооружени групи” прво беше спогодба за прекин на огнот.
Во таа спогодба, условно наречена, испратена до г-дин Питер Фејт, а потпишана од мене и генералот Ристо Галевски, пишувана во форма на писмо, искажано е следново:
“Почитуван г-дин Питер Фејт, Имам чест да ве изестам за следново:
Подготвени за завршување на кризата која го нарушува мирољубивиот демократски развој на РМ и која, воедно, претставува директна закана за регионалната стабилност.
Верувајќи дека безусловниот прекин на огнот чии што услови се потврдени подолу, претставува конкретен чекор кон поширока цел да се разреши кризата.
Поздравувајќи ја намерата на НАТО, да помага во разоружувањето и распуштањето на вооружените “Етнички албански групи” и одобрувајќи го присуството на мисијата на НАТО за оваа цел, и предусловите за нејзиното распоредување, и давање помош во процесот на разоружување, а особено:
-дека мора да се постигне генерален, безусловен и постојан прекин на огнот и
-дека мора да се оствари доволен прогрес во дијалогот помеѓу политичките партии, како што е дефинирано од страна на НАТО и ЕУ.
Потврдувајќи ја својата посветеност кон имплементирање без одлагање на планот за градење на мерки на доверба Владата на РМ одлучи како што следува:
1. Безусловно да ги почитува и ќе се придржува кон прекинот на огнот и ќе се воздржува од сите воени дејства, употреба на сила и незаконски дејства против етничките албански вооружени групи;
2. Го признава и да се придржува кон дополнителниот Протокол на Женевската Конвенција (Протокол II) од 12 август 1949 г. во врска со Заштитата на жртви во меѓународен конфликт;
3. Прекинот на огнот се однесува на сите безбедносни сили во АРМ. Владата на РМ ќе обезбеди одредбите од овој документ исто така да се применат кон било кој нерегуларни сили и вооружени цивилни групи;
4. Под вооружени сили се сметаат сите страни групи и поединци кои го прифаќаат авторитетот и командата на Владата на РМ, вклучувајќи ги регуларните сили, полициските сили, граничната полиција, армиските и полициските резерви, воена полиција, разузнавачките служби, македонското министерство за внатрешни работи и локалната специјална полиција за антитероризам и полиција за одржување на јавниот ред и мир:
5. Бара да се обезбеди меѓународни набљудувачи;
6. Одредбите од прекинот на огнот ќе стапат во сила од 00.01 часот на 6 јули 2001 г.
7. МОДАЛИТЕТИ а) Прекинот на огнот се однесува на сите оружја, вклучувајќи го и поставувањето на мини или др. импровизирани направи.
б) Владата на РМ ги презема сите можни мерки за да осигура безбедност и слобода во движењето на целиот персонал на меѓународната заедница.
в) Тие ќе ја задржат сегашната позиција на нивните вооружени сили, освен онаму каде што ќе се постигнат натамошните аранжмани со кои се овозможува локално дезангажирање или онаму каде што владините сили се упатени да се вратат во касарните. Нема да го користат прекинот на огнот за подобрување на нивните позиции.
8 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ а) По стапување на прекинот на огнот, силите за спроведување на Законот се обврзуваат да дејствуваат без пристрасност и потполно да ги применуваат заканите на РМ, без каква било етничка, верска или расна предрасуда.
б) Ни една од наведените одредби за прекинот на огнот нема да бидат толкувани како губење на неотуѓивото право на самоодбрана - самоодбрана значи употреба на толкава неопходна и пропорционална сила потребна за одбрана на себе си и другите од напад или од престоен напад. Секаква употреба на сила мора да биде ограничена на степен, интензитет и траење, неопходни за самоодбрана и не повеќе. Одмаздата не е самоодбрана и ќе претствува прекршување на прекинот на огнот.
Началник на ГШ Генерал-потполковник, Панде Петровски с.р.
Генерал, Ристо Галевски Прекинот на огнот беше договорен и потпишан на 5. 7. 2001, односно 10 дена по прекинувањето и изведување на операција во Арачиново и извлекувањето на терористите од страна на НАТО. Значи, многу брзо и експедитивно!...
На 30 минути пред потпишувањето (5. 7. 2001) бевме повикани:
јас (генерал Петровски) и генерал Ристо Галевски да го потпишеме. Кој го составувал тоа писмо (или спогодба за прекин на огнот) не ми беше познато, меѓyтоа, може да се констатира од содржината дека ги опфаќа сите барања кои Питер Фејт им ги доставил со писмо до Владата на Р.
Македонија.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/9 le 29 octobre 2026