Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Testimonials 2001

ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА - Part 04

Par Панде Петровски · Partie 5 sur 19 · Environ 21 minutes

Lire en English

На тој простор единствена комуникација од Куманово преку Скопска Црна Гора е сообраќајницата: Куманово - с. Лопате - с.

Слупчане - с. Извор - с. Белановце. Уште во првата операција којa е изведена на тој простор (29. 3. 2001), знаејќи јa важноста на таа сообраќајница, истата северно од с. Слупчане во реонот на с. Алашевце, беа поседнати со дел од силите од АРМ (тенкови, пешадија и артилерија) северно од с. Алашевце со силите од ОТГ-1 кои беа надлежни за обезбедување на просторот Малино Маало - Белановац. Така што од север кон југ веќе беше направен полу круг кон сите села вдолж старата сообраќајница од с. Лојане - с. Матејче.

Доколку би извеле операција, нападот требаше да се реализира југ- север и да се спојат силите кои се на позиција (ОТГ-1).

Секако дека посебна тежина во операцијата би било тоа што на целиот простор живеат од 20 000 - 25 000 жители и што со нив?

Според податоците со кои располагавме биле измешани по 20 -25 терористи во секое село на Липковската општина. Меѓy нив с. Слупчане претставуваше карактеристично упориште:

За АРМ не претставуваа проблем ДТГ - туку проблем беше цивилното население: т.е. што да се прави со него, каде да се сели, бидејќи би имало голем број цивилни жртви доколку се дејствува при такви околности.

Од меѓународната заеднца имавме голем притисок за да не се презема сериозна акција бидејќи имало голем број цивили кои би биле главна жртва. Во суштина, тоа му беше промена на начинот на дејствата на ДТГ, бидјеќи во претходните дејства беа разбиени насекаде каде што се нaоѓa надвор од населените места. Терористите почнаа да навлегуваат во селата, да ги ставаат цивлите во улога на заложници и да прогласуваат “слободна територија”. Таа појава беше поврзана со формирањето на заедничка команда на ОНА и ОВПБМ во Гнилане на почетокот на м. мaј 2001 г.

(Според добиениот пишан материјал и покрај другото се вели “Во почетокот на мaј 2001 година во Гнилане формирана е заедничка команда на ОНА и ОВПБМ поради координацијата на акциите во целиот пpостоp. Резервниот штаб се нaоѓa во Липково и на тој состанок било заклучено:

1. “ОНА” треба да ги поврзе сите терористички групи.

2. Да обезбеди создавање слободна територија, слична на копнената зона за безбедност во Србија (КЗБ).

3. Да формира свои органи кои би се вклучиле во преговорите за идниот статус на Р. Македонија.

4. За овие задачи ќе добие засилување од Косово и тоа од Центрите за обука во Призрен и Витина (400-500), а во Центрите за обука во с. Јyнaк и с. Папрачане има на обука 900 луѓе кои се планираат кон границата на со Р. Македонија и кон границата со Косово и Србија, а доброволците ќе бидат испратени во т.н. “ОНА” и “ОВПМБ”.

5. Пред 25.05.2001 “ОВПМБ” планирала: единиците од КЗБ

(Косовска заштитна зона за безбедност на Јужна Србија) сектор Б, по влегyвањето на српските сили да извршат извлекување во два правца:

Прв правец за Косово, Втор правец за северна Македонија.

...“Меѓународната заедница (САД, Европската Унија и НАТО) и понатаму со координирани активности ќе ги држи настаните во Р. Македонија под контрола, дозволувајќи ограничени акции на безбедносните сили на Р. Македонија со едновремен притисок на Владата на Р. Македонија за давање на што поголеми отстапки на Албанците”.

...“Меѓународната заедница нема да дозволи тесна, посебно воена соработка на Р. Македонија со СРЈ во противставувањето со албанскиот екстремизам заради држење на СРЈ под контрола и да го спреди влијанието на Русија на овој простор.

Сепак се одлучивме да планираме операции, пред се како предупредувачки, дека сме сериозни доколку не го предадат заробениот војник кој се наоѓаше во с. Ваксинце.

Замислата на операцијата беше: Да се изведе воена операција во зоната и тоа десно: с. Лојане - караула Стража; лево: с. Матејче

- с. Стрима; главните сили да се ангажираат на правецот: с.

Опае - с. Лопате - с. Оризаре - с. Слупчане - с. Алашевце, а помошните с. Ваксинце - с. Стража.

Целта на операцијата беше да се изврши продор помеѓу Слупчане и Липково, да се спојат со силите во с. Алашевце и сите села по стариот пат да се изолираат за меѓусебно комуницирање, а во втора фаза да се изврши чистење од ДТГ во самите села.

Плано во целост беше прифатен со напомена пред отпочнување на операцијата да се објави проглас преку сите средства за информирање за иселувањето на населението од слеата.

Според прогласот, беше даден и ултиматум во с. Ваксинце - да биде предаден заробениот војник. Поради сериозноста на состојбата, бидејќи не беше предаден заробениот војник, после назначеното време изведени се предупредувачки дејства во с.

Ваксинце на 3. 5. 2001 г. Дејствата беа надвор од самото село -по одредени борбени позиции.

Тоа се уште беше подготовка за престојната воена операција, односно претходните борбени дејства беа предупредувачки како би се иселило населението од сите тие села. На ниво на Државниот врв - договорено беше да не се изведи класична борбена операција поради големиот број на жители во селата.

Секако дека ДТГ се криеја меѓy населението, а жителите од селата им беа заложници и не смеејa да ги напуштат селата.

Мал број на граѓани, претежно жени и деца ги напуштија селата и од нивните изјави дознавме дека во нивните села има вооружени лица кои зборувале на чуден јазик и тие морале да платат одредена сума на пари за да бидат пуштени да го напуштат селото итн. Покрај тоа добивме и други информации -дека жителите во тие села биле малтретирани, ограбувани, дури имaло и силувања.

Го вклучивме меѓународниот Црвен Крст да помогне во извлекувањето на жителите, но тоа остана без резултати.

Повеќе не можевме да чекаме, одлуката за операцијата беше одобрена од Претседателот на РМ - да се отпочне на 8. 5. 2001 г. Вечерта на 7. 5. 2001 г. ми се јави Звонко Каширски - директор за Јaвнa безбедност во МВР и ми рече: “Господине Генерале, ме повикаа во Англиската амбасада и ми покажаа снимка на видеокасета за целиот простор пред с. Оризари, с.

Слупчане и с. Ваксинце и има што да видите”. - “Дојди во ГШ и донеси јa!”, му реков.

Околу 20 часот (7 мaј 2001 г.) дојде Звонко Каширски и во канцеларијата на началникот на ГШ јa пуштивме видеокасетата што јa донесе. Бевме јас, Јово Андревски и Звонко Каширски.

Веднаш по вклучување на касетата го познав теренот: на касетата беа снимени сите села однапред и одзади - месноста и патиштата - претежно с. Отља, с. Слупчане и с. Ваксинце.

Беше страшно да се гледа - на целиот терен беа поставени најсовремени противтенковски пречки, мински полиња, ровови итн. На Звонко Каширски му реков: “Ако навистина е вака на теренот како што е овде прикажано, значи НАТО ги поставил.

Тие единствено располагаат со ова што го видовме - не сум сигурен дека терористите го поставиле”. Јово Андревски како стручњак по инженерија вели: “Ова е сигурно поставено, условите се поволни бидејќи има жито. Не можев да тврдам дека не е така, но за овие денови нашите сили нешто би откриле од сето ова што го видовме на касетата”. После дискусиите и коментарите, замолив никого да не го известуваат за оваа видеокасета, а Звонко Каширски ми рече: “Генерал Панде, моите сите јa видоа”. - “Кој се тие сите?”, прашав. -“Генерал Ристо Галевски, Зоран Јовановски и др”, ми одговори.

Одејќи во својaтa канцеларија, размислував: утре треба да се тргне во напад, ако ова што го видовме на видеокасетата е вистина, ќе имаме многy жртви. На снимката видов дека патот кој поминува низ с. Слупчане до излезот од селото, односно до игралиштето, целосно е миниран со противтенковски мини.

Размислував дали да му се јaвaм на претседателот Борис Трајковски, да го информирам и да барам одложување на операцијата, но се предомислив: како да барам одложување, што ќе им кажам на командантите, утре во 6 часот требаше да отпочне непадот. Веpојaтно претседателот Б. Трајковски веднаш би го прифатил мојот предлог за одложување на операцијата. Цела ноќ не спиев, неколкупати се слушнав со командантите и ги прашував за состојбата, за теренот, да не воочиле (забележале) нешто на правците каде што треба да одиме во напад итн. Секогаш добивав негативен одговор, само ми рекоа дека пред с. Слупчане имале ископано длабок ров и го покриле со железна табла за да можат самите тие да преминат преку него кога ќе имаат потреба.

На 8. 3. 2001 г., веќе во 5 часот бев на командното место во Куманово.

После реферирањето од командантите за состојбата и подготвеноста, се повлеков од оперативната сала на моето место. Денот беше врнежлив, а над с. Слупчане и с. Ваксинце имаше магла. По Планот на операцијата беше планиран десант со хеликоптери северно од с. Ваксинце со цел да се затвори евентуалното извлекување на ДТГ кон с. Стража и на тој начин целосно да се затвори поширокиот прстен. Поради маглата не можевме да десантираме, го искористив тоа и се консултирав со претседателот Трајковски, односно побарав одложување за 2 часа додека се дигне маглата. Борис Трајковски беше разбран човек, само ми рече: “Генерале, ти кога ќе одлучиш тргај, ама известиме”.

За видеокасетата на никого не кажав, но го повикав Ѓорѓи Каракутовски, му соопштив дека нападот го одлагаме за 2 часа и му дадов дополнителни задачи за артилериска подготовка и тоа по патот низ с. Слупчане во траење од 1 час и на тој начин, доколку има поставено противтенковски мини, ќе бидат активирани.

Во артилериската подготовка наредив да учествуваат артилеријата 105 м/м, 122 м/м и повеќецевни фрлачи 128 м/м како и минофрлачи 120 м/м. Огнениот тепих да почне од слупчански бунар - с. Слупчане, по патот до игралиштето. Не му кажав зошто тоа го барам, само му напоменав, бидејќи тенковите одат на тој правец, случајно патот да не е миниран.

Во 7 часот повторно дојде Ѓ. Каракутовски кaј мене и ми донесе телеграма, испратена од НГШ. Јово Андревски - ми рече:

“Господине генерале, видете што пишува во телеграмава:

наредбодавно на мене и на Ѓ. Каракутовски ни забранува дејство по селата и забранува било какви цивилни жртви за што го чини одговорен генералот Панде Петровски и генералот Ѓорѓи Каракутовски”. Во потписот на телеграмата стои:

Началник на ГШ Генерал потполковник Панде Петровски, а потписот на Јово Андревски!!

На Ѓорѓи Каракутовски му кажав: “Јaс знам дека сум заменик на началникот на ГШ, а не началник!” Се насмеавме и му реков:

“Оди работи си јa работата, само оној што го одобрил Планот може да нареди поинаку - мислејќи на Претседателот на РМ, а не началникот на ГШ - кој и не е целосно запознат со истиот, гледаш дури и моето име го ставил, а тој се потпишал”.

Во 7, 30 часот го повикав полковник Стојaн Петровски, началник на Г-2, началник за разузнување во ГШ на АРМ и полковник С. Зенговски, командант на специјалните сили во АРМ.

Веднаш ги прашав: “Дали Вие како професионалци имате сознанија што се има поставено во предниот кpaј, односно пред селата Ваксинце, Слупчане и Оризари?”. Двајцата ми одговорија дека досега е откриен ров пред с. Слупчане и дека кога сакаат да поминат преку ровот треба да стават лим како мост.

Тогаш и на двајцата им кажав: “Сношти видов видеокасета којa јa подметна англиската разузнавачка служба, кажете ми дали да тргнеме во напад или не?” -Двајцата молчеа и ме гледаа. -“Кажете нешто!” - повторив, “Што молчите, дали има вистина во сето ова. Доколку има вистина, Вие ми сте одговорни”.

Времето темно и облачно, врне дожд, но гледав од кaј Скопска Црна Гора се расчистува. Веќе е 7,55 часот. Им наредив:

“Господа, одиме во напад по Планот со одложување од 2 часа наназад!” Слеговме во оперативната сала за да издадам наредба за почеток на нападот.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА “МХ - 2” Артилериската подготовка отпочна, во 8 часот по однапред планирани цели за деминирање на просторот.

Единиците тргнаа во напад: со една механизирана чета која требаше да нападне бочно и да обезбеди побрз продор на главните сили, да изврши силен напад за време на артилериската подготовка на правецот од с. Љубодраг кон с.

Лопате и с. Оризаре, а со 1 една тенковска чета и една механизирана чета напад на с. Ваксинце, а с. Лојане е блокирано со една механизирана чета зајакната со тенковски вод.

Покрај единиците на АРМ во операцијата учевствуваа 480 полицајци на целиот простор во готовност за чистење на селата и обезбедување на патните правци. Од СВР Куманово 27 полицајци ја обезбедуваа браната на Липковското Езеро, а во с.

Матејче, редовна полициска станица која го контролираше патот од Скопје односно од с. Арачиново - Матејче и од Липково - Матејче.

Нападот отпочна со силен удар од сите правци кон определените села, а посебно на правецот с. Опае - село Оризаре - село Слупчане.

За цело време очекував командантите да ме известат дека наишле на мински полиња или противтенковски пречки, но од тоа немаше ништо - нападот се одвиваше како што беше планиран. Поради временските услови, сепак не беше извршено десантирање, но затоа борбените хеликоптери вклучени се за дејство по ДТГ кои се извлекуваа северно од с. Ваксинце и с.

Слупчане, односно по Кодра Мала и Слупчанска Река.

Во 10 часот, заедно со полковник Благоја Марковски, Стојче Зенговски и со своето обезбедување, отидовме на предниот крај

- односно 1 км пред с. Слупчане - к. 376. Призорите што го видов и доживеав таму од правецот на с. Оризаре и с. Слупчане ми оставија траума. Од тие села се слушаа страшни викотници, пискотници, плач и др. лелеци. Се уште врнеше дожд и по кратко време се вративме на командното место.

Во 12 часот веќе единиците избија пред самото с. Слупчане, с.

Оризаре, с. Ваксинце, а патот с. Ваксинце - с. Слупчане и с.

Оризаре беше пресечен и селата беа одделени помеѓу себе со единиците од АРМ. Тенковите избија кон месноста Благун од источната страна на с. Слупчане. Единиците од с. Алашевце во зафатот на патот Алашевце - Слупчане отпочнаа напад и избија северно од Слупчане кај боровата шума. Секакво извлекување во ваква состојба би било залудно. Селата Опае, Лопате и Лојане беа освоени, а селата Оризаре и Слупчане опкружени.

Сообраќајната врска беше пресечена на целиот простор помеѓу овие села.

Околу 13 часот на командното место во Куманово пристигна премиерот Љубчо Георгиевски.

Во оперативната сала го информирав за состојбата - односно како се извршува Планот на операцијата. Беше расположен поради успехот на единиците на фронтот и вкупните воени дејства. Покрај тоа и лично ги набљудуваше воените дејства кон с. Слупчане и с. Ваксинце. Од командното место целиот простор беше прегледен посебно дел од фронтот с. Ваксинце - с. Слупчане и просторот помеѓу нив.

Според добиените извештаи од командантите, од личниот увид и извештаите од МВР кај ДТГ во селата се создала општа паника и бегство. Се сеќавам како Звонко Каширски целиот радосен викаше: “Еј, сите овие бегаат по шумите, а некои кон Куманово!” Во еден момент, еден од групата на премиерот Љубчо Георгиевски му го даде мобилнот телефон. Премиерот разговараше и потоа ми рече: “Генерал Панде мора да застанеме!” - Го гледав и му реков: “Како да застанеме?!” - “Да ги прекинеме дејствата”, рече Премиерот. - “Затворете го телефонот!”, му реков, - “Како тоа да застанеме кога сега треба да ја завршам операцијата - што е тоа!?” Излезе премиерот Љубчо Георгиевски од канцеларијата каде што бевме и по 5 - 10 минути се врати и ми рече: “Ми се јави Доста Димовска, а на Доста и се јавил Арбен Џафери и и рекол:

“Што сме правеле ние, таму имало многу жртви, и тоа цивили -жени, деца итн”. Го гледав и веднаш се сетив што се слушав на предниот крај кога почна нападот - но му одговорив: “Јас можам да прекинам само ако Врховниот командант ми нареди”.

Премиерот Љ. Георгиевски со својата група замина за Скопје, а ние ги продолживме дејствата. После 10 минути ми се јави претседателот Борис Трајковски и ми рече: “Генерале, што работите вие таму?” - Јас, знаејќи дека е информиран, му одговарив: “Па играме бал господине Претседателе!!” - Tој ми рече: “Знаеш ли ти дека ми се јавија неколку државници и дека има многу цивилни жртви на тој простор, веднаш да прекинете и да ги вратите единиците каде што беа!” - Јас само му одговорив: “Разбирам господине Претседателе, но јас немам такви податоци, знам само дека терористичките банди се во општа паника”.

Во оперативната сала пред сите старешини ја пренесов наредбата што ја добив и им реков дека овој момент од Врховниот командант добив наредба, преку телефон, да ги прекинеме сите воени дејства и да се повлечат единиците на почетните позиции.

Во повлекувањето треба да одиме плански и тоа не на почетните позиции, единиците ќе ги задржат позициите што ги постигнаа и тоа: с. Лојане - с. Ваксинце - Слупчански бунар - с.

Оризаре. - селата Опае, Лопате, Ржановце да се воспостви полициска контрола и истите да се исчистат од ДТГ. По освојyвањето на овие позиции да се преземат сите безбедносни мерки за одбрана и заштита на единиците.

Во текот на повлекувањето направени беа одредени грешки, но тоа беше брзо исправено, односно беше освоена линијата Ваксинце - Слупчански бунар - с. Оризаре ТТ - 349. Северно од оваа линија наредив да се контролираат правците Слупчане -Руѓинце и Ваксинце - Стража. Старешините ме гледаа но не поставија ни едно прашање. Не знаев што си мислеа, но во секој случај им беше криво затоа што ја прекинавме операцијата. На крајот само им реков: “Ние сме војска и мора да ги извршуваме наредбите на Врховниот командант - коментари не се потребни”.

Мојот став, мислење и било што, во такви моменти не се битни

- дали навистина има или нема жртви на другата страна не знаев со сигурност, но во секој случај битно беше тоа што операцијата беше прекината, а задачата не беше завршена во целост. Само дел од Планот на операцијата беше извршен. Но, сепак не можев да се ослободам од она што го доживеав, присуствувајќи во првата борбена линија: плач, лелекања, пиштења и многу чудни викотници и гласови. Сето тоа веројатно беше од страв.

Подоцна ќе се обелодени причината зошто е прекината Операцијата во Кумановско. Имено, некои странски разузнавачки служби се обидоа пред да отпочне Операцијата да не заплашат и воопшто да не отпочнуваме со воени дејства.

Кога во тоа не успеа најдоа начин и метод да ја прекинат операцијата бидејќи во сите тие дејства тој ден немаше ни една цивилна жртва, што беше подоцна констатирано.

Со прекинувањето на Кумановската операција после 6 часа дејства, односно во 14 часот, единиците кои продреа преку патот с. Слупчане - с. Отља - с. Матејче, сообраќајницата с.

Слупчане - Ваксинце остана пресечена (не ги повлековме единиците: така што Ваксинце беше целосно опкружено освен северната страна).

Во Карадачкиот реон, после прекинувањето на операцијата настана “и топло - и ладно”. Се вмешаа меѓународните хуманитарни организации за извлекување на цивилите, ранетите и болните. Секој ден се тактизираше со прекин на било какви дејства и влегување во окружените села од меѓународниот Црвен Крст.

Во сите села, освен во с. Лојане имаше заложници од 2 500 -3000 жители кои беа држени од терористите како нивна заштита. АРМ не можеше да продолжи со воени дејства во назначените села, не и дозволуваа за нема масовни “цивилни жртви”.

Присутен ми беше фактот дека после 25. 5. 2001 год. дел од ДТГ од Прешевската долина ќе се прелее во Р. Македонија и тогаш уште посложено ќе биде истите да се разбијат.

Добивме информација дека во напуштените окна во стариот рудник Хром, североисточно од с. Ваксинце се држат заложници од страна на терористите и тоа пред се жени и деца, а дел од цивилите биле во визбите од селото Ваксинце. Една група од околу 150 - 200 жени и деца бараа да бидат прифатени од наша страна кои се наоѓаа во рудничката колонија помеѓу с.

Ваксинце и с. Лојане - што беше прифатено.

Добивме застрашувачки информации од Липково: “околу џамијата во Липково собрани биле повеќе од 5 - 6 000 цивили и бараа иселување во Косово, но да не бидат контролирани од нашите органи, туку од КФОР”. – “Терористите ќе бидат облечени во цивилна облека, вооружани и ќе се вклопат во толпата цивили и по допирот со нашите безбедносни сили, ќе отворат оган како би ги предизвикале нашите безбедносни сили да нанесат жртви на цивилното население”.

Преку Црвениот Крст побараа 3 - 4 дена прекин на огнот да се организираат и така организирано да отпочне извлекувањето на цивилите преку Скопска Црна Гора за Косово, или со автобуси од КФОР по патот: Матејче - Скопје - Генерал Јанковиќ за Приштина и притоа да нема право никој да врши контрола, освен КФОР. Немале доверба во нашите безбедносни сили.

На ниво на Државниот врв беше дискутирано таквото барање, односно начинот на извлекување на цивилите. Предложено беше извлекувањето да се врши, а префрлањето за Косово да го веши КФОР со тоа што нашите безбедносни сили би ги проверувале автобусите и со ескорт би ги следеле до граничниот премин Генерал Јанковиќ. Тој предлог беше одбиен од ДТГ. Тие бараа да се префрлат во Косово пешки преку Скопска Црна Гора. Сето тоа им беше тактизирање како би добиле во време и како би се одржале на тој простор до 25. 5.

2001 г.

Хуманитарните организации (Имаше информации дека хуманитарната организација “Ел Хилал”, посебно силна во Арачиново, ги снабдуваше терористите со секакви потреби, дека во таа смисла дејствуваше и во Косово и во Македонија, соработyвајќи со дел од силите на Меѓународната заедница на теренот.) влегуваа во опкружените села, а што пренесуваа никој немаше право да контролира, а при излегувањето од селата контролирани се од полицијата. Секое влегување во селата извлекуваа по 15 - 20 цивили претежно жени и деца.

На безбедносните сили им беа “врзани” рацете за преземање некоја сериозна акција во опкружените села, а беше дозволено “дејство само по легитимни цели” - а легитимни цели надвор од селата немаше. Терористите беа во самите села заедно со цивилите. Со денови ги провоциравме да се јават, да би стапиле во борба, а нив ги немаше надвор од селата.

Новата тактика на терористите “држење во заложништво цивили во самите села” им успеваше во однос на добивање во време, секако со помош на хуманитарните организации кои масовно се вклучуваа на целиот простор како не би дошло до “масовна катастрофа” поради епидемија и недостаток на декови, храна и други потребности.

ОПЕРАЦИЈА “ВАКЦИНЦЕ” Во настанатата состојба немавме избор туку требаше да се промени начинот на дејствувањата, односно промена на тактичките постапки со цел, пред се, извлекување на населението.

Одлучив да се обидеме село по село да се чисти, односно да се извлекуваат цивилите и тоа со примена на воени дејства и притисок. Лојане беше крaјнo село до границата со CPЈ. Во тоа село не дејствувавме внатре во населбата, туку само во позициите надвор од него. Од тоа село уште првиот ден на операцијата околу 3.500 жители ги пуштивме да одат во с.

Миратовци во - CPЈ и за цело време на тој простор немавме проблеми со терористите. Во селото останаа десетина старци, а селото беше под целосна контрола и во истото воопшто не се дејствуваше.

Следното село беше с. Ваксинце. За Ваксинце испланиравме операција, но без знаење на Државниот врв. Идејата ми беше тaјнo, без дејство на артилеријата и хеликоптерите со брз продор со тенковите и транспортерите преку Рудничка колонија да го опкружеме селото од северната страна бидејќи од сите други страни беше опкружено. Истовремено со 3 (три) тима од Шестиот одред да десантираат во рудникот Хром поради извлекување на цивилите каде што беа во заложништво. На останатите правци да се отпочне со дејства нa дистанца и демонстративен напад, без влегување во селата.

Планот го разработив во делови и отпочнав лично да ги подготвувам единиците за напад. Тенковите, што требаше да извршат напад, ги повлековме во касарната за да се подготвуваат, а со командирите и послугите без тенкови да се вратат на теренот - тактика “пешки како во тенкот”. (Тактика “пешки како во тенкот” е подготовка на тенковските послуги за престојниот напад - тактичко увежбување на членовите на тенковски послуги.) Кога ќe се одлучи за изведување на операцијата, поради тaјноcт, тенковите за напад ќе тргнат од касарната во Куманово и директно, без артилериска подршка, да влезат во селото Ваксинце и да го опколат од северо-источната страна. Планот го потпиша Cтoјaн Андов, бидејќи претседателот Борис Трајковски беше надвор до РМ. Тoј потприша без никакви проблеми и прашања, само за датумот и времето на изведувањето оcтaнa јac да одлучам.

На Ѓорѓи Каракутовски му реков дека oвoј План е одобрен, но јac ќe одлучам дали воопшто ќe се реализира и кога, а можно е да не се реализира, но ние ќe ги подготвиме воените единици.