Front Matter - Part 08
Овие луѓе сите имаа свои куќи и свои постели, имаа ниви, лозја и полни амбари со жита, како и каци со сирење. Беа работни и послушни. Тие луѓе сега немаат нити куќа нити кошара, и се останати на отворено небо, а по нив како бесни од сите страни ги убиваат и ги бркаат, луѓе кои во себе немаат човечки чувства а имаат голема сила. Ги убива бурата која не знае да одбира.
На другиот ден, 19 август, беше сончево и топло. На брегот од езерото на должина од 2 км искиснатите алишта се спростреа да се сушат. Истиот ден се издаде наредба сите лица кои со нив доведоа жива стока, да ја предадат на албанските власти.
Воловите и добитокот луѓето ги одведоа во игралиштето од градот, и тука ги предадоа на албанските власти. Некои луѓе ги гледав како ги бакнуваат своите волови и коњи и од нив не можат да се одделат како од челнови од фамилијата.
На 20 август, колона околу 5000 души мажи, жени и стотина дечиња со камиони бевме пренесени во градот Елбасан. Пред големата болница, која беше во близина на градот, и во широката орница со див багрем несреќните луѓе од пресечената колона останавме 7 дена, и тука на припекот од сонцето се печевме како компири под сач.
На единствената чешма чекавме во долги редици за да земеме вода за пиење. За перење на алиштата вода тешко можеше да се добие и алиштата ги држевме неиспрани. Секое утро станувавме рано и чекавме исто по долги редици за чај и истото го правевме за ручек и вечера. Јадењето што го земавме од казанот ретко кој го јадеше па го фрлаа во отпадок.
Во големата болница во која лежеа болни имаше и партизани и ги имаше многу. Уште наредниот ден мнозина од колоната си ги најдоа своите деца, некој без нога, некој без рака, без око и повеќето со тешки рани. Во многу соби од болницата лежеа млади деца, девојки и жени кои не можеа да се помрднат од постелата. Луѓето од пресечената колона кои дојдоа тука, своите деца си ги најдоа искасапени и од нив дознаа и за оние кои засекогаш останаа по ридовите во борбите на Грамос, Вич, Превал, Преспа и мостот на Перово, и го завршија својот живот во најубавите години, а на своите мајки, татковци, жени и сестри, ете тука на сувата орница со ретките и диви багреми, под жешкото сонце им ги донесоа црните абери и ги завиткаа со црни шамии. На сите страни од орницата се слушаше плач, се кубеа коси. Орницата личеше на гробница без гробови.
Оваа положба, која настана на орницата, никој не можеше да ја смири. Како ќе ја смири, кога луѓето научиле за своите дека се убиени, ранети и заробени од монархофашистите, и ќе им бидат досудеци смртни казни. Некои своите деца во болницата си ги најдоа осакатени. Како ќе живеат овие деца, кој ќе се грижи за нив? А внучињата, каде се тие? Ја преминаа границата и никој не кажува каде се. Ами куќите, бавчите, нивите, лозјата, покуќнината и тие самите каде ќе се задомат? Кој правел куќи за нив и со кого ќе живеат. Луѓето почнаа сами себеси да не се сакаат. Им се чинеше дека се страшила и не сакаа да се погледнат себеси. Не сакаа да ги гледаат нити оние околу нив.
Се мразеа себеси, мразеа се што ќе им излегуваше пред нив. Не сакаа да јадат, не сакаа да пијат.
Се разнесоа гласови дека ќе одиме во НР Полска. Овие гласови не ја изменија положбата. Каде е Полска? Што бараме ние да одиме толку далеку? Ни ги убивте децата, ни ги запустивте фамилиите, куќите и стоката, и сега ќе не носите во Полска. На нашите имоти и куќи и на нашето место носите Грци. Со овие зборови беше пречекан претставникот на привремената влада, кој дојде на орницата за да ја смири настанатата положба и да не извести дека ќе не носат во НР Полска. Претставникот, сакајќи да ја ублажи положбата, рече: Таму, во НР Полска, ќе си ги најдите внучињата и децата што беа ранети, а сега се лекуваат во полските болници. Таму фамилиите ќе се соберат и заедно ќе живејат. На крајот тој рече дека Полска е голема и богата држава, има развиено и голема индустрија. Вие ќе живеете во градови и ќе работите во фабрики. Вашите деца ќе се школуваат и ќе можат да завршат разни занаети, средни и високи школи. Со неговата изјава дека во НР Полска луѓето ќе ги сретнат преостанатите и преживеаните од своите фамилии и заедно ќе се состанат, стиснатите срца на изгорените луѓе малку попуштија.
ИСЕЛУВАЊЕ ПАТУВАЊЕ СО БРОД ВО НР ПОЛСКА На 27 август 1949 год., попладнето, во двориштето од болницата дојдоа камиони, и со нив се пренесовме во пристаништето Драч. Како камионите пристигнаа во пристаништето, ние веднаш влегувавме во бродот. На скалите од бродот беше застанат Барба Трајко со неколку свои луѓе и во ноќта во секого ѕиркаа, младите и здравите ги враќаа назад.
Кликата на Захаријадис по овој неуспех и пораз спремаше нови групи од млади и здрави партизани и партизанки, и пак ги пушти во планините од Егејска Македонија, да гинат.
На 28 август взори полскиот брод “Кошчушко” го напушти албанското пристаниште Драч и заплови во сините води од Јадранското Море за НР Полска.
Бродот “Кошчушко” со себе носеше измачени, ожалостени, искасепени луѓе, кои со нив носеа само лоши спомени од завојувачкиот однос на сите сорти Грци управители, вклучувајќи ги комунистите на чело со Захаријадис, кој и во оваа борба го спречи народот од М. Преспа да премине на југословенската граница и да се спаси, и свесно им овозможи на монархофашистите да ги искасапат Македонците и да ги искорени од нивното место, каде со векови живееле. Народот го товари во бродот “Кошчушко”, а тој остана да бара виновници за неговите лични неуспеси. Се зафати со Македонија и Југославија и еден број од кадрите на македонското раководство ги затвори и ги казни, божем како главни виновници за овој неуспех.
Со влегувањето во бродот, секој бараше подобро и поудобно место. Во овој брод немаше лоши и добри места, сите беа исти, бродот беше товарен и сите ние се сместивме на душемето.
Веднаш по отпловувањето не посети капетанот на бродот. Тој ни рече дека му е голема чест што со неговиот брод носи борци
– херои на комунизмот и на интернационализмот, какви ретко ги има во светот. Се извини што не носи со таков ненаменет брод за луѓе и рече дека ќе стори се што е во негова моќ патувањето да ни биде добро и удобно. Во исто време една медицинска сестра со 2 морнари врвеа по напласканите на душемето луѓе и ги прашуваа дали некој бил болен. Болните морнарите ги носеа во амбулантата од бродот и тука лекарот им даваше помош. Двајца морнари ја зедоа Дора со девојчето и ја сместија во засебна кабина, тука имаше лекарска помош и богата храна, и дадоа нова облека за бебето и за неа. На бродот имаше многу ранети, за нив се грижеше екипа од лекари кои постојано беа над нив. За време ручекот и вечерата сите одевме во ресторанот од бродот, и тука се држеше извесен ред и дисциплина. Бродот пловеше пополека и по 12 дена стигнавме во полското пристаниште Гдиња.
Поголемиот дел од луѓето за првпат гледаа море и острови, како и за прв пат патуваа со брод, па сакаа да гледаат и само да гледаат. Времето беше убаво, морето мирно, над бродот постојано надлетуваа авиони и го следеа. Нам ни беше забрането дење да излегуваме на палубата, ние не ја почитувавме наредбата и на палубата секогаш имаше луѓе.
Со надежта дека во Полска ќе се сретнеме со членови од своите семејства, со менување на амбиентот, на природата, луѓето малку се расположија. Ова расположение беше кратко. Со навлегувањето на бродот во африканските води сонцето пак се испречи пред нас. Луѓето што патутваа со бродот за првпат се сретнуваа со толку високи горештини. Најмногу страдаа жените поради тоа што на нив носеа дебели шајачни облеки. Тие ги соблекоа волнените облеки, и на нив ги оставија само белите и долги кошули, а мажите ги оставија само панталоните. Пот од нас течеше како река и такви какви бевме личевме на некои племе од Африка.
Гибралтарот го минавме ноќе и штом влеговме во водите од Антлантикот пред нас се појави голема бура со дожд и силен ветар. Температурата спадна со околу 20 степени и ние смрзнавме од студ. Тогаш пак ги облековме дебелите и волнени облеки. За да биде лошото уште поголемо, бурата која го имаше зафатено ова подрачје стануваше посилна и посилна. Високите бранови пред бродот се креваа како ридови, бродот одеше нагоре надолу и си мислиш дека бродот ќе го голтне морето.
Многу од жените почнаа да повраќаат. Колку брановите стануваа повисоки бродот повеќе играше, и толку повеќе луѓето повраќаа. Каналот Ламанш го минавме и тогаш на бродот умре Наум Пласков од Герман. Полјаците му направија обред каков е ред во бродот и го спуштија во водите од морето.
Во текот на пловењето на бродот се родија 2 деца. Персоналот од бродот и капетанот беа пресреќни.
НА ПОЛСКАТА ЗЕМЈА Во полските води бродот пристигна на 9 септември 1949 год. и навечерта се укотви во пристаништето Гдиња. За време на излегувањето од бродот, морнарите им помагаа на старите мажи и жени да слезат по скалите, ранетите ги спуштаа со дигалки. Возот со кој ќе заминеме во внатрешноста на Полска беше поставен на колосекот до пристаништето. Како што излегувавме од бродот веднаш влегувавме во возот. Околу возот чуваше војска. Полските граѓани кои се обидуваа да влезат во возот, војниците ги спречуваа и ние во возот се сместивме без некои потешкотии.
Првата средба со Полјаците на полска земја не ќе може да се доискаже. Пречекот на искреното пријателство и соучество за нашите жртви, како и за нашето прогонување од нашата земја, нашата болка од изгорените души ја пренесоа кај нив и се погрижија да направат се за да ни олеснат. Со тргнувањето на возот од железничката станица, еден Полјак во години помина кај сите нас и се ракуваше со нас. Ни велеше Добре дојдове во Полска. Деца, од оние кои во април 1948 год. преку Југославија беа дојдени во Полска и сега се наоѓаа во домови, Полјаците се погрижија на овој пречек да бидат тука. Од овие деца во секој вагон имаше по неколку и за целото патување со возот не служеа со храна и пијачка. Овие деца беа и првата радост за сите нас, а најмногу за нивните родители што тука ги сретнаа.
На другиот ден возот пристигна во градот Вроцлав. Сите станавме на прозорците и го гледавме градот во кој пред војната живееја неколку стотини илјади жители и беше еден од најубавите градови во Европа, а сега целиот со разурнати згради и затрупани улици. Еден Полјак ни објасни дека во времето на војната со Германците Полска многу настрада. Таа во германските крематориуми изгуби околу 7.500.000 луѓе, претежно млади мажи и жени, а сега градовите останаа разурнати и разорени. Ние уште веднаш ги засакавме Полјаците, заради тоа што и тие беа измачени и искасапени како нас. Лазор Секулов од Роби, кој знаеше по некој полски збор од Америка, на Полјакот му рече: Нас не мачеа Труците, Германците, Италијаните и Бугарите, ама најмногу Грците.
Полјакот, штом слушна дека најмногу не мачеле Грците, возбудено праша: Зар вие не сте Грци? – Не, одврати Лазор. – Ние сме Македонци. – Па вие сте славјански народ, како нас, рече Полјакот и го гушна Лазора. Раководството на КПГ и движењето дури на неколку илјади км оддалечени од Македонија не преставуваше Грци.
По дводневно патување со возот, во близина на градот Катовице, пристигнавме до мала железничка станица, од каде со автобуси бевме пренесени до одморалиштето Менџегуже.
Во Менџегуже Полјаците не пречекаа и веднаш не сместија во убави и удобни хотели во малата живописна планина со густа и борова шума, на самата чехословачка граница. Истиот ден ни ги заменија старите облеки со нови. Во хотелот “Модилас”, најголемиот хотел на одморалиштето, ги сместија селата Герман и Роби, а во помалите другите села. По неколку дена хотелите ги добија имињата од селата од М. Преспа.
Првите недели и месеци најмногу работа имаа поштарите. По стотина писма од разни земји од светот и Полска тие ги носеа по хотелите. Луѓето беа расфрлени по разни земји, и само со писма ја ублажуваа болката. Во почетокот за Југославија писма не можеше да се пушти, поради тоа што луѓето на Захаријадис вршеа проверка и контрола пред поштата и поштенските сандачиња и писмата за Југославија ги враќаа назад. Првите писма за Југославија се испратија преку персоналот од хотелите. Полските раководители, кои управуваа со емигрантите, штом го открија овој престап презедоа строги мерки и писмата за Југославија се испраќаа редовно.
Во хотелските ресторани се редеа трпези по трипати на ден, како на свадба. На јадењата приготвувани на полски начин луѓето многу бргу се свикнаа, ама на осаменоста не можеа да се привикнат. Тие секој ден чекаа писма, секој ден пуштаа писма по разни земји и држави по светот и секое писмо го топеа со солзи. Секој ден чекаа одобрение да заминат кај некој од својата потесна фамилија. Разбеснетата клика на Захаријадис и во Менџегуже побара да најде виновници за неговиот личен неуспех во Граѓанската војна во Грција. Отпрвин отпочна од македонските кадри и голем број од нив отстрани од КПГ.
Некои ги стави и во затвор, како што беше Тане Наумов, Коста Кирков и други. Останатите ги присили да дадат изјави против Југославија и заклетва дека ќе му бидат верни. Оние кои најклеветнички се изјаснија против Југославија и нему му изразија голема доверба, нив ги нарече деца на Захаријадис и ги испрати во разни школи каде завршија високо образование.
Другите ги направи слуги, за да го мачат и тука македонското население кое го донесе неколку илјади километри од својот крај. А оние кои не дадоа никакви изјави тие се сметаа исто како што ги сметаше Цаксирас, Гизас и Сарандопулос.
Во Менџегуже останавме 6 месеци и на 20 март 1950 год. го напутштивме одморалиштето. Бевме преместени во совхозите на работа. Го напуштивме одморалиштето во кое Полјаците широко ги отворија своите прегратки и во најсудбоносните моменти не примија и за целото време не сметаа како свои пријатели, своја крв и свои гости.
За сето тоа Македонците кои беа прифатени во Полска на полскиот народ му се задолжија. Му се задолжија и затоа што за време на Граѓанската војна во Грција тие ја помагаа ДАГ. Во полските болници се лекуваа борци на ДАГ, од кои и Македонци. Македонски деца беа прифатени во неколку домови во Полска, каде се школуваа и завршија средно и високо образование. Во разни школи беа прифатени и други деца кои беа борци на ДАГ и исто и тие завршија средно и високо образование, како и разни занаети во фабриките во кои работеа.
За времето на сталинизмот, Захаријадис побара од раководството на Полска да му одобри формирање на логори, и таму да ги испрати непослушните. Полското раководство тоа не го стори и сето тоа е одраз на еден народ кој не сметаше за свои луѓе и кај него не зеде да ни помогне и да не заштити.
ПАДНАТИ БОРЦИ ОД МАЛА ПРЕСПА ВО ТЕКОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА 1941-1949 ГОД. (* Имињата во списокот се земени од Архивот на ИНИ – Скопје.)
ГЕРМАН Серафим Ѓаков Герман Гроздановски Ламбро Петков Митре Питроповски Илија Љаов Крстин Влашки Коте Голчев Вангел Влашки Мијале Поповски Атанас Влашки Ристо Никовски Стефо Мечкаров Герман Љаов Митре Колев Вангел Љаов Илија Нединкин Трајко Јанков Атанас Никовски Стојан Љангов Павле Ѓаков Ристо Геров Вангел Ѓаков Вангел Геровски Васил Ѓаков Стојан Кољачков Митре Сараѓилов Елена Кољачкова Петре Јоанов Спасе Кољачков Доне Димовски Коте Т. Петков Герман Долгиот Јоше Никин Митре Маџев Симо Секулов Васил Маџев Герман Врлевски Трифун Нушев Илија Кузманов Никола Бошев Богоја Нушев Стојан Бошев Митре Љангов Наум Јанкулов Гоче Дојчиновски Никола Поповски Пандо Дупчинов Алексо Поповски Елена Дурлова Богоја Лелифанов Коте Дурлов Никола Четелев Гоче Арнаутовски Цветко Четелев Митре Пајков Богоја Дојчиновски Германија Пајкова Кире Грежљов Танас Киринков Доне Кајчовски Митре Топалов Гоче Кипрев Митре Вељајнчин Стојан Кипрев Богоја Мучкаров Митре Маџев Јоше Топалов Коте Џуклев Петре Боглев Трајко Сиваков Стојан Петкашинов Алексо Ушлинов Ламбро Куфалов Васил Кајчовски Сандра Куфалова Вангел К. Ушлинов Танас Пајков Јана Дурлова Ристо Т. Асејнчаров Јоше В. Дамовски Божин Асејнчаров Илија Л. Пајков Танас Гроздановски Тронда Геровска Ристо Т. Гроздановски Ефтим Гаштов Василка Куфалова Вангел Ѓаков Танас Русев Дора Карловска Ахилеа Влашки Павле Шапков Вангел Кајчовски Од бомбардирањето на селото Стоја Петкова Стефо Вељајнчин Ристосија Гинова СЕЛО РОБИ (* Во списоков недостигаат имињата на загинатите 13 души од с. Медово.)
Фоте Попфотев Гоче Попфотев Герман Видинов Андреа Проданов Васил Мијалчев Доне Заровски Сотир Заровски Никола Николов Фоте Видинов Јоше Поповски Јоше Марков Тодор Ѓаковски Методија Ѓаковски Борис Демиров Вангел Демиров Вангел Попнаумов Сократ Попнаумов Цветко Мундушев Павле Секулов Фоте Бечков Митре Бечков Васил Бакушов Гоче Георгиев Босилко Георгиев Лазор Проданов Трајан Георгиев Тронда Попнаумова СЕЛО СТРКОВО Пандо Костовски Васил Костовски Јане Костовски Горги Гроздановски Ставре Темелковски Гоше Ристовски Алексо Костадиновски Сотир Ристовски Јане В. Ристовски Митре Ристовски Трајко Ристовски Стефана Стефановска Михаил Миневски Ристосија Костовска СЕЛО ПОПЛИ Јанкула Петровски Ристо Петровски Стојан Поповски Коле Кочовски Доста Филипова Павле Беговски Трајко Тутуновски Фоте Каранфиловски Васил Стерјовски Стојан Томовски Ристо Миовски Стојан Димовски Митре Геровски Сотира Трајковска Трајкојца Диманова СЕЛО РУДАРИ Гоче Крстевски Костадинка Костевска Коста Крстевски Никола Калевски Петре Геровски Вангел Димовски Митре Христовски Фоте Христовски Илија Христовски Вангел Христовски Пандо Михаиловски Спиро Вангеловски Јоше Геровски Вангел Геровски Гоче Каруловски Павле Каруловски Јани Михаиловски Ристо Н. Калевски Вангел Митревски Спиро Фотевски Јоше Фотевски Фоте Фотевски Наум Богоевски Никола Георгиевски Васил Георгиевски Ристо Георгиевски Ставре Калевски Наум Мијалов СЕЛО БУКОИК Ристо Мечкаровски Доне Мечкаровски Вангел Мечкаровски Танас Секуловски Ристо Секуловски Митре Секуловски Васил Ташковски Митре Ташковски СЕЛО БЕСФИНА Киро Гроздановски Ристо Фотевски Анастас Ангеловски Јованче Ничовски Коста Ѓорѓовски Ило Крстевски Спиро Скендеровски Јани Скендеровски Ѓорги Скендеровски Петре Дуковски Спиро Каповски Горги Чолаковски Лазо Чолаковски Стојан Поповски Коле Кировски Васил Паунин Ристо Скендеровски Митре Л. Скендеровски Стефана Којева Ристана Калковска Севда Ничовска Стојна Ванова Гана Ничовска Трајко Р. Поповски Тоде Р. Поповски СЕЛО ЛОК Пандо Стефановски Петре Новачевски Мијал Новачевски Јоже Нашулов Стојо Димитровски Крстин Петревски Митре Петревски Герман Цветковски Видин Спировски Доне Христовски Спиро Ангеловски Коле Апостоловски Велика Апостолова Симо Трајковски Атанас Николовски Јосиф Николовски Трифун Петревски СЕЛО ДРЕНОВО Илија Иловски Стојан Атанасовски Васил Кировски Васил Сотировски Стојана Костовска Софија Богданова Никола Иловски Киро Иловски Леко Иловски Михаило Иловски СЕЛО ГРАЖДЕНО Филип К. Костовски Елена Петревска Коста Трајанов Борис Г. Дробитски Јоше Божинов Герман К. Јанетому Вангел Митрев Марко Л. Василевски Сандра Стојанова Наке Ј. Кочовски Мијал Р. Калиновски Киро Н. Кочовски Филип Д. Кочовски Софија Котева Тома Д. Трајковски Фоте К. Несторовски Леко С. Трајковски Зугра Котева Митре С. Огненовски Крсто Г. Несторовски Лазо Филипов Борис Ј. Кочовски Борис К. Цветковски Митре Н. Кочовски Петре Р. Ристевски Транда С. Кочовска Илија В. Ристевски Тране Ф. Трајковски Мијал Ј. Ристевски Вангел С. Трајковски Танас Д. Ристевски Васил Д. Доневски Борис Крстинов Климе Гелев Лефтерија Трајанова Фоте С. Маркојчин Мијал Божинов Фотија Г. Ристевска Крсто Л. Секуловски Ристо М. Ристевски Коте С. Ралевски Јоше С. Ристевски Алексо Калинов Гоче Ф. Ристевски С. ТРНАА (*Во списокот недостигаат имињата на загинатите борци од селата: Оровник, Орово, Дробитишта, Нивици, Аил, заради немање податоци во ИНИ;од Винени немаше учество – населението се Просфиги (бегалци).)
Коце Куманов Павле Павлев Христо Митровски Христо Пандовски ПРЕСПА ВО ПЛАМЕН Патнику што минуваш во нашиот крај Запри се кај нас и качи се на тумбата Брце Види го селото Герман Види ги и другите села И ќе ти прокрвари твоето срце О, патнику мој! Зошто дојде сега?
Зошто не дојде порано?
Да видеше Црниче со луѓе преполнето Да видеше луѓе распеани, луѓе насмеани О, патнику мој! Зошто не дојде порано?
Да видеше свадби дваесет да чуеше тапани дваесет Да видеше невести дваесет Невести со роса утринска капени Со мајско руво накитени Несреќен патнику! Зошто дојде сега?
Дојде да видиш жита несобрани сена некосени Куќи разурнати место разорано Да видиш четиринаесет јунаци во еден гроб Седум момчиња во исти гроб Да видиш многу гробови гроб до гроб Види: во четиринаесет куќи кукавици кукаат Куќи кои родија четиринаесет јунаци Види села со куќи затворени Секоја куќа јунак Сите луѓе јунаци О! патнику!
Си ја видел ли довојката Германија Ранета и облеана во крв Неа ја влечат по улиците на Лерин Проклети маченички затвори Со железни врати и прозори Во Орово и Герман, Попли и Лок Види ги и ќе ти се згрози Во нив јунаци мачеа За нив многу мајки плачеа Ѕидови со трупови од мачени луѓе ѕидани Ѕидови со крв и солзи премачкани Патнику што дојде тука Погледни подалеку И види ги седумте високи борови Тие не се борови Тие се седум млади македонски јунаци Кои сложно лежат во еден гроб Погледни и во полето И види ги житата несобрани, сената некосени Нема луѓе аргати Нема кој да бери жита Нема кој да коси сено Патнику мили На Перово облак голем се дигна Пламен висок се вивна Татнеж силен се слуша Оди таму да видиш Таму се браќата мои Со душман се фатија гуша до гуша Момче младо!
На Перово не можам да одам!
Таму се води голема борба Бомби трештат мајки за синови врештат Пламени јазици високо се дигат Земја се тресе и гори Местото смрди на барут Момче младо!
На Перово не можам да одам!
Таму на реката мостот е урнат И реката никој не може да ја мине Таму многу народ гине Смртта побеснета се живо коси И со себе многу народ носи Во песокот претаат ранети луѓе На песокот лежат мртви луѓе Во Езерото се фрлаат луѓе Од луѓе тече крв Од оган земјата и водата гори Целиот езерски брег црвен се стори Земјата се покри со пламени чад О, момче младо таму не можам да одам!
О, патнику мој! Зашто дојде сега?
Зошто не дојде порано?
Да видеше Црниче со луѓе преполнето Да видеше луѓе насмеани, луѓе распеани О, патнику мој! Зошто дојде порано?
Преспа во легендите и под ропство ЛЕГЕНДИ КАКО ПРЕСПА ГО ДОБИЛА СВОЕТО ИМЕ Според раскажувањето на старите Преспани, на денешната површина на Преспанските Езера било плодно поле, со многу села и градот Преспа. Тогаш постоело мало езерце кое се простирало на тромеѓата на југословенско-грчко-албанската граница. Над брегот од малото езерце, во близината на островот Свети Петар, бил градот Преспа. Овој град својот крај го нашол по силен земјотрес што го зафатил овој крај. За името на градот Преспа постои и легенда, во која се вели дека тој бил многу убав, со големи згради и богата со дуќани чаршија. Трговците тргувале со многу градови од светот и на градот му носеле големо богатство и висока култура.
Во градот Преспа живеел богат трговец кој имал ќерка- единачка. Девојката била на 15-16-годишна возраст, со убави очи, руса коса и со достојна става. Нејзината убава носија и раскошен накит ја правеле уште попривлечна, така што секој што ќе ја видел веднаш го запленувала. Таа била гордост како на своите родители, така и на целиот град. Меѓутоа, кога нејзините родители биле најбогати и најсреќни, се случило најлошото – ќерката единачка умрела.
Смртта на младата и убава девојка ги потресла родителите и сите граѓани од градот. Нејзе и бил приреден величествен закоп, на кој присуствувало целото население на градот.
Умрената била облечена во скапоцена свилена облека, со многу накити од злато и сребро кои целата ја обвиваа во сјај.
Привлечени од ова несекојдневно богатство, двајцата гробари се договориле вечерта да ја откопаат мртвата девојка и да ги земат сите скапоцености. Штом градот бил во сон дошле на гробот, ја исфрлиле земјата и ја извадиле девојката од него.
Бидејќи минало доста време и почнала веќе да пука зора, а тие се уште ја немале свршено работата, го посипале гробот, девојката ја скриле во црквата и набрзина ја слекле. Девојката на гушата носела златна амајлија, која гробарите се обиделе да ја извадат но не можеле тоа да го сторат, па се откажале од неа и си заминале, носејќи ги со себе ограбените работи. Меѓутоа, тие се договориле вечерта повторно да дојдат и да ја погребат.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/prespa-vo-plamen-i-chad/8 le 29 octobre 2026