Front Matter - Part 01
Преспа во Пламен и Чад Коста Мундушев Преспа во Пламен и Чад Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
************ March 28, 2017
************ СОДРЖИНА МЕСТО ПРЕДГОВОР .....................................................................6 Мала Преспа: поделбата, I св. војна и иселувањето ...........12 ПРЕСПА ПО ПОДЕЛБАТА......................................................13 ПРВАТА БАЛКАНСКА ВОЈНА И ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ..............................................................................13 ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА..............................................................15 ГРЧКО-ТУРСКА ВОЈНА 1919-1922 ГОДИНА, РАЗМЕНА НА МАЛЦИНСТВА НА ДВЕТЕ ЗАВОЈУВАНИ СТРАНИ.............18 ЗАСИЛЕНА АСИМИЛАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ..............19 БРЗ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО МАЛА ПРЕСПА И ГОЛЕМ ОТПОР НА НАСЕЛЕНИЕТО ПРОТИВ АСИМИЛАЦИЈАТА.23 ВО ГРЦИЈА СЕ ПРОГЛАСУВА ДИКТАТУРА .........................25 ИТАЛИЈАНСКАТА ОКУПАЦИЈА НА АЛБАНИЈА ТЕШКО ЈА ПОГОДУВА ПРЕСПА...................................................................30 МАЛА ПРЕСПА ВО ДЕНОВИТЕ НА II СВЕТСКА ВОЈНА31 ИТАЛИЈА И ОБЈАВУВА ВОЈНА НА ГРЦИЈА .........................31 ГРЦИЈА ПОД ОКУПАЦИЈА НА ГЕРМАНИЈА.........................39 МАКЕДОНЦИТЕ СЕГА УШТЕ ПОВЕКЕ ЈА ПОДИГНУВААТ СЛОБОДАРСКАТА СВЕСТ.........................................................39 МАЛА ПРЕСПА ПОД ИТАЛИЈАНСКА ОКУПАЦИЈА ...........42 ФОРМИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПАРТИЗАНСКИ ГРУПИ И ОДРЕДИ..........................................................................................45 БУГАРИТЕ И НИВНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ВО ПРЕСПА ........50 МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА БРИГАДА ПО ВТОРПАТ ПРЕСТОЈУВА ВО МАЛА ПРЕСПА............................................52 МАЛА ПРЕСПА ЈА НАПАЃААТ БАЛИСТИТЕ ОД АЛБАНИЈА.....................................................................................52 ФОРМИРАЊЕ НА ПОГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ОДРЕДИ ...53 ВО С. ГЕРМАН СЕ СПРЕМА КУРС ЗА МАКЕДОНСКИ УЧИТЕЛИ.......................................................................................53 ГРЧКОТО РАКОВОДСТВО НА ОТПОРОТ ГО ЛИКВИДИРА МАКЕДОНСКОТО ПАРТИЗАНСКО ДВИЖЕЊЕ.....................54 ДОГОВОРОТ НА ВАРКИЗА, ПОРАЗ НА ДВИЖЕЊЕТО ВО ГРЦИЈА...........................................................................................54 ГРАЃАНСКАТА БОЈНА ВО МАЛА ПРЕСПА ДОАЃА МОНАРХОФАШИСТИЧКА ВОЈСКА, СПРОВЕДУВА ГОЛЕМ ТЕРОР СО АПСЕЊЕ И УБИВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО .......54 СО ПОЈАВАТА НА ВООРУЖЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРУПИ ТЕРОРОТ СЕ ЗАСИЛУВА ...........................................................59 КОМИСИЈА НА ОН ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ПОЛОЖБАТА ВО ГРЦИЈА...........................................................................................61 МАЛА ПРЕСПА СЛОБОДНА ТЕРИТОРИЈА НА ПАРТИЗАНИТЕ.............................................................................65 МОБИЛИЗАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА РЕДОВИТЕ НА ДАГ И ДРУГИ ПОМОШНИ РАБОТИ ........................................65 ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЗАНСКА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА67 МОНАРХОФАШИСТИЧКИ АВИОНИ ГО БОМБАРДИРААТ УЧИЛИШТЕТО СО МАКЕДОНСКА НАСТАВА ВО С.
ГЕРМАН .........................................................................................68 ВЛАДИНАТА ВОЈСКА ЈА НАПАЃА ДАГ НА ГРАМОС........71 ИНФОРМБИРОВСКА РЕЗОЛУЦИЈА ПРОТИВ ЈУГОСЛАВИЈА. ИЗГРАДБА НА ОДБРАНБЕНА ЛИНИЈА НА БЕЛА ВОДА ...................................................................................72 МОБИЛИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ ЗА РЕДОВИТЕ НА ДАГ......74 ЕДИНИЦИТЕ НА ДАГ НАПАЃААТ НА ЛЕРИН .....................75 ВОЕНИОТ СУД НА ДАГ ВО С. ГЕРМАН ИМ ИЗРЕКУВА СМРТНИ КАЗНИ НА ЛУЃЕ КОИ САКАА ДА ПРЕБЕГААТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА .......................................................................77 ФОРМИРАЊЕ НА КОМУНИСТИЧКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (КОЕМ) И СПРОВЕДУВАЊЕ ШИРОКА КЛЕВЕТНИЧКА АКЦИЈА ПРОТИВ ЈУГОСЛАВИЈА ОД СТРАНА НА КПГ ..........................................................................78 МОНАРХОФАШИСТИЧКИ ЕДИНИЦИ ЈА НАПАЃААТ ДАГ НА ВИЧО ПЛАНИНА. ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ДАГ И НАСЕЛЕНИЕТО СПРЕМА АЛБАНИЈА ....................................80 ВО АЛБАНИЈА ..............................................................................89 ИСЕЛУВАЊЕ.............................................................................95 ПАТУВАЊЕ СО БРОД ВО НР ПОЛСКА ...................................95 НА ПОЛСКАТА ЗЕМЈА ...............................................................97 ПРЕСПА ВО ПЛАМЕН...............................................................105 Преспа во легендите и под ропство....................................108 ЛЕГЕНДИ .................................................................................109 КАКО ПРЕСПА ГО ДОБИЛА СВОЕТО ИМЕ .........................109 ПРЕСПА СЕ ВИКАЛА РЕКА.....................................................113 СПОМЕНИ ОД ЦАРОТ САМУИЛ ВО ПРЕСПА ....................119 МАЛА ПРЕСПА ПОД ТУРСКО РОПСТВО.........................125
- Записи – ......................................................................................125 Записи од Мала Преспа .......................................................143 ДАФИНА ..................................................................................144 ДИНКА......................................................................................175 ЗА АФТОРОТ...........................................................................195 СЕГАШНОСТ И ИДНИНА ВО СТОПАНСКИОТ РАСТЕЖ НА ПРЕСПА.............................................................................196 ПРЕСПАТЕКС .............................................................................196 АГРОПЛОД ..................................................................................197 ИПОЗ “ПРЕСПА” ........................................................................199 ИЗВОРИ И ЛИТЕРАТУРА .....................................................201 КРАТЕНКИ...............................................................................203 МЕСТО ПРЕДГОВОР Делото “Преспа во пламен и чад” е труд на повеќегодишни напори и желби да се напише нешто со што на еден начин ќе претставува монографски приказ на оној дел од Преспа, јужниот, што инаку е познат и како Долна Преспа, и од кој сега поголемиот дел се наоѓа во составот на Грција. Авторот на ова дело, Коста Мундушев е роден во овој дел на Преспа, во село Роби. Неговата неискажана љубов кон родниот крај е она што му даваше енергија да се зафати со пишување на една куса историја за Долна Преспа која инаку по својата природна, географска и етничка основа претставува составен дел на котлината Преспа.
Покрај љубовта кон родниот крај, Коста Мундушев во себе и со себе ја носеше желбата да каже нешто за макотрпната историја на тој дел на Преспа, за борбите и страдањата на македонското население од овој крај против оние кои многу векови наназад го држеле потиснат македонскиот народ, против другите потисници што доаѓале и се менувале, за неисполнетата желба на ова население како составен дел на македонскиот народ да се живее во вистинска слобода; за многуте сопинања и страдања што му беа наметнувани на тој човек, за надежите и горките разочарувања...
Коста Мундушев пишува само за еден дел на Преспа, јужниот.
Но, Преспа не може да се гледа распарчена, туку како една целост. Токму затоа, овде сакаме на читателот, што сака да се запознае со еден дел од историјата на едно парче македонска земја, да му дадеме и мали – основни податоци за цела Преспа, за нејзините легенди и нејзината стварност.
Котлината Преспа е поделена на Горна и Долна Преспа. Денес Горна Преспа и еден мал дел од Долна Преспа, со поголемиот дел на Преспанското Езеро, и припаѓаат на општината Ресен, составен дел на СР Македонија, односно пошироко на СФРЈ.
Долна Преспа со помал дел од Преспанското Езеро, и Малото Езеро, влегуваат во составот на Грција и Албанија. Оваа трагична положба резултира од распарчувањето и делбата на Македонија што беше извршена по Балканските војни и Првата светска војна.
Од исток, север и запад Преспа е заградена со планинските масиви на Баба со врвот Пелистер, Бигла со Црни и Головрв и огранките на планината Галичица. Јужниот дел на Преспа го зафаќа Преспанското Езеро, наречено уште и Големо Езеро, и Малото Езеро.
Делот околу Ресен, заедно со рамнината околу селата Царев Двор, Дрмени и Бела Црква е најплодниот дел од оваа котлина.
Преспа е крај каде и од селата и од градот Ресен почнало многу рано да се оди на печалба. Во XIX и почетокот на XX век Преспани како печалбари можеле да се најдат на работа во прекуокеанските земји на Америка и Австралија, како и во некои долови од Србија, Бугарија, Романија, Турција (Цариград), Франција и други места.
Во близината на Ресен, кај месноста Макази, се вкрстуваат западномакедонскиот со јужномакедонскиот и епирскиот пат, кои до Балканските војни биле многу употребувани карвански патишта. Сега, по нивните траси, покрај самото Езеро, се протегаат убави асфалтни патишта, попатно, поврзувајќи ги околните села и туристичките населби – Асамати, Претор и Крани од источната и Сирхан, Отешево, Царина и Стење – од западната страна.
Низ Преспанската Котлина се наоѓаат остатоци на античкиот пат Виа Игнациа, изграден за време на римското владеење.
Во седмиот век, при конечното населување на јужно-словенските племиња во Македонија, во Преспа се населиле припадници од племенскиот сојуз на Брсјаците. Со словенизирањето на делови од староседелците, населението во Преспа во основа претставувало компактна македонска словенска маса.
Дури за време на турското – османлиското ропство, во Преспата, во градот Ресен и плодородните села јужно од него, се доселило турско население. Во XVIII век турските феудалци, од албанско потекло, почнале да населуваат и албанско население.
Ресен, како градска населба прераснал кон почетокот на XIX век.
Во Самуилово време се споменува, покрај Преспанското Езеро, градот Преспа, престолнина на средновековната македонска држава. Во X и XI век, во времето на владеењето на Самуила, Гаврил Радомир и Јован Владислав, првата престолнина на првата македонска држава била во градот Преспа. Овој град бил седиште и на највисокиот црковен великодостоинственик во Самуиловото царство – архиепископот на Автокефалната македонска црква, чие седиште подоцна станува Охрид.
Во Долна Преспа е пронајден еден од најстарите пишувани споменици на словенски јазик, надгробната плоча на Самуиловите родители, поставена во 993 година. Преспа обилува и со други средновековни културно-историски споменици. Така, кај селото Курбиново, се наоѓа црквата, чија градба потекнува од 1191 година, Сливничкиот манастир итн.
Преспа спаѓа во оној дел од Македонија каде рано се појавил отпорот против османлиското ропство и феудалната експлоатација. Меѓу основачите на ТМОРО се наоѓал и ресенчанецот д-р Христо Татарчев, нејзин прв претседател.
Ресенско спаѓало во редот на најподготвените реони за Илинденското востание каде дејствувал познатиот околиски војвода Славејко Арсов. Во многу делови на Преспа имало помали или поголеми борби и судрувања меѓу востаниците и трускиот аскер. При задушувањето на востанието башибозукот и аскерот сурово се пресметале со народот вршејќи колежи и масовни насилства во збеговите. Многу села биле изгорени, а населението оставено без покрив над главата. Меѓу двете светски војни главно занимање на населението во сега веќе распарчената Преспа било земјоделството и сточарството, а еден дел Преспани продолжиле да ја бараат среќата во печалба.
Во Горна Преспа почнале да се јавуваат и никулците на работничкото движење, посебно од 1920 г., кога на изборите во доста села народот во своето огромно мнозинство гласал во црвената кутија, т.е. за кандидатите на КПЈ. Повеќемина Преспани, како доброволци, на повик на КПЈ, зеле учество во Шпанската граѓанска војна во борбите против Франковиот фашизам.
Партиски и скоевски организации во Преспа се среќаваат уште во 1936, а посебно по 1938 година. Меѓу најзаслужните за ширењето на прогресивните идеи спаѓа поетот и студент Мите Богоевски.
За време на фашистичката окупација Преспа доживеа ново распарчување. Северниот дел со градот Ресен бил ставен под бугарска, а делот јужно од Ресен под италијанска фашистичка окупација и приклучен кон таканаречената Голема Албанија, во која на италијанскиот окупатор му помагале и албанските фашистички служби.
Уште во 1941 година комунистите во Преспа ги започнале подготовките, а потоа и борбата против фашистичките окупатори. Пролетта 1942 година во Преспа беа формирани првите партизански групи. На 6 јули 1942 бил формиран Битолско-преспанскиот партизански одред “Даме Груев”.
Паралелно со борбата се формирале и органи на народната власт.
На 2 август 1943 година во преспанското село Отешево се одржа познатото Преспанско советување, на кое присуствувале членови на ЦК КПМ и на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, чии одлуки имале огромно значење за натамошниот разгор на востанието во Македонија.
Голем број Преспани беа директни припадници на повеќе единици на НОВ на Македонија. Ресен и Преспа своето ослободување го дочекаа на 11 септември 1944 година.
Од горниот дел на Преспа во единиците на НОВ и партизанските одреди имаше 1902 Преспани-борци. Од нив, носители на “Партизанска споменица 1941” се 29. Поетот Мите Богоевски, организатор на востанието во Преспа, е нејзин народен херој. Во борбата за слободата на татковината животите ги дадоа 128 Преспани. Во македонската историја, како истакнати партизански команданти и раководители што потекнуваат од Преспа, вечно ќе останат запишани – Науме Веслиевски – Овчарот, Мите Трповски – Војводата, Цветко Узуновски – Абас и мнозина други.
Во изминативе 44 години слободен живот, градот Ресен и Општината доживеаја невиден прогрес во својата историја и тоа во сите сфери на општествениот, стопанскиот и културниот живот. Бурниот напредок особено последниве дваесетина години многу го изменија ликот на Преспа. Така, постарите печалбари – Преспани што доаѓаат во родниот крај просто не можат да го препознаат – а за напредокот се искажуваат со солзи-радосници и топли пофални зборови.
Наспроти ваквиот животен пат и растеж на Горна Преспа, нејзиниот јужен дел остана откинат од својата матица, под туѓа власт, во составот на Грција и Албанија. И овој дел на Преспа, заедно со останатото македонско население од Егејскиот дел на Македонија, зеде мошне активно учество во Антифашистичката војна. Македонскиот историчар и публицист д-р Ристо Кирјазовски, наведува податоци дека “повеќе од 25.000 Македонци се бореа во редовите на активниот и резервниот ЕЛАС, а повеќе од 14.000 борци во ДАГ, околу 6.000 во нејзините помошни служби, што претставува повеќе од една третина од вкупните борбени сили на ДАГ. Исто така, од околу 58.000 жртви на Граѓанската војна, 25.000 беа Македонци.
Доколку се има предвид соодносот на вкупното македонско и грчко население тогаш може лесно да се сфати какво беше искуството и придонесот на Македонците во заедничката борба, а во тој дел и на Македонците – Преспани од Долна Преспа.
Меѓутоа, македонскиот народ од Егејскиот дел на Македонија не успеа во своите стремежи за национално и социјално ослободување.
Книгата на Коста Мундушев, на своевиден начин, ги опишува борбите, стремежите и страдањата на Македонците – Преспани од Долна Преспа, сега во Грција.
Сакајќи ова видување на авторот, кое, на своевиден начин претставува прилог кон историјата за цела Преспа, да стане достапно за читање и запознавање од сите Преспани – од цела Преспа, во земјата и надвор, Општински от одбор на СЗБ од НОВ Ресен се потруди и вложи посебни напори за печатење на овој труд.
Секако дека ниту авторот, ниту издавачот со него не претендираат дека е се искажано за историјата на Долна Преспа. Впрочем, тој затоа и го носи насловот “Преспа во пламен и чад”. Тоа значи дека е тоа едно кажување, едно видување, низ сопствените доживувања на авторот и неговата генерација, но не и се. За историјата на Преспа и на Македонија се кажува и има можност да се каже уште многу повеќе. Ова нека биде така и сфатено.
Издавачот и Редакцискиот одбор и низ овие пишувани зборови ја користат можноста да им ја искажат јавната благодарност на сите оние што помогнаа да се отпечати овој труд. Тоа се:
Републичката заедница за научноистражувачка дејност Скопје, Републичката заедница за култура, Македонија-Табак – Скопје, и стопанските организации на општината Ресен.
Ѓорѓи Танковски и Трајко Огненовски Мала Преспа: поделбата, I св. војна и иселувањето ПРЕСПА ПО ПОДЕЛБАТА ПРВАТА БАЛКАНСКА ВОЈНА И ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА Првата балканска војна се приближуваше кон својот крај.
Српската војска се наоѓаше во Битола, грчката пред Лерин, и на 27 октомври 1912 година српски топовски гранати експлодираа над Ѓавато, еден од главните премини за отстапување на турскиот аскер од Битола кон Албанија. Тој од Битола се повлекуваше.
По патот за Наколец и Роби, како и по песочниот пат спрема двете езера за Перово Кула и Албанија, се наполни со турски аскери. Како патот на преминот Ѓавато српските војници веќе го зазедоа, Турците беа присилени да се повлекуваат преку премините Брајчино и Герман, и во месноста Мочарта над Герман, српски војници се судрија со турските аскери. Во овој судир загинаа двајца српски војници, чии гробови беа сочувани, едниот се викал Стефан Доброволецот.
Турскиот аскер ја напушти Битола и Ресен, и за време на повлекувањето на населението од Преспа му нанесе големи зулуми. Со себе собираше волови, овци и се друго што ќе му паднеше прирака. Вршел пљачки и насилства.
На 28 октомври во Лерин влезе една чета на грчката војска, а на другиот ден во Лерин пристигна и српска војска.
На 19 октомври, српската војска ја имаше заземено цела Преспа и се запре на ридот Калуѓерица и на Превал на самиот влез за Преспа, над селата Оровник, Рудари и Попли. По неколку дена на оваа линија пристигна и грчка војска. А со тоа всушност беше запечатена судбината на македонското население од овој крај, кое и до денеска остана под туѓо ропство.
Трите балкански земји го ослободија Балканот од Турција и Македонија ја поделија на три дела, а подоцна и на четири. Во првите месеци на Првата балканска војна, М. Преспа остана под српска управа и привремената граница со Грците беше на Превал, на самиот влез во Мала Преспа.
Турците, за неколкувековното владеење на Балканот и во Преспа зад нив имаа оставено големи сенки и траги на злодела со голем број жртви, насила грабнати девојки и одземени имоти од македонското население. Она малу муслиманско, претежно шиптарско население, кое сега по отстапувањето на турскиот аскер остана во некои од селата на Преспа беше исплашено, и сметаше дека Македонците земената од нив крв ќе бараат да си ја земат назад. До такви пресметки не дојде поради високата свест на месното македонско население.
Есента 1913 година границата со Југославија се пренесе на Маркова Нога. Српската војска се повлече од осумнаесетте села кои сега се наоѓаа под грчка управа и и ги отстапи на Грција, и во овој дел на Преспа дојде грчка војска. Преспа, мал дел на Македонија, се подели да два дела. Еден дел и припадна на Југославија, а другиот со 32 села и припаднаа на Грција, од кој подоцна, во 1923 година, 14 села кои се наоѓаат на Југозападна Преспа се приклучија кон Албанија. Тоа се селата: Глобочани со 320 жители, Горна Горица со 136 жители, Долна Горица со 210 жители, Туминец, Церје, Стење, Шулин со 70 жители, Пустец со 463 жители, Леска со 103 жители, Зрноско со 100 жители, Конско, Ракицко, Заградец и Шуец. Овие села влегуваа во составот на околијата Лерин.
По поделбата на Преспа, од која еден дел и припадна на Грција, се прекинаа врските со селата Сливница, Арвати, Крани, Штрбово, Брајчино, Љубојно, Наколец и Долно Дупени, кои заедно со останатите села од М. Преспа административно уште од поодамна, од времето на турското владеење, потпаѓаа под селото Герман, и не само тоа, туку овие села беа родбински поврзани и носеа иста носија.
Осумнаесетте села кои се приклучени кон Грција, тоа беше и продолжение на маките кои се редеа едни за други се до големата катастрофа во август 1949 година, кога ова население беше присилено масовно да го напушти својот крај.
Секојдневниот притисок и терор кој Грците го вршеа над Македонците во М. Преспа продолжи.
Новите завојувачи, Грците, се запреа на Маркова Нога, и преминот во другиот дел од Преспа го забранија. Пристапот на населението на 2 км од граничната линија беше забранет.
Грчките владејачки кругови знаеја дека во новоосвоената територија од Македонија, населението кое живее во неа е македонско. Знаеја дека од другата страна од границата луѓето се исти како и овие во новоосвоената територија, дека и овие и тие преку граница се Македонци, и меѓусебно се родбински поврзани. Тие не беа сигурни дека оваа територија засекогаш ќе биде нивна. И поради сигурност почнаа со планирано асимилирање на населението. Од кога ги пресекоа врските со населението од другата страна на границата, спроведоа широка акција за протерување на месното население во Бугарија и Србија, ама во тоа немаа успех. Сосема мал и воопшто незначителен беше бројот на иселените. Во продолжение, во црквите го забранија пеењето на словенски и воведоа грчки јазик. На дотогашните Македонци свештеници им рекоа дека можат да бидат само грчки свештеници, во спротивно не ќе можат да бидат свештеници, ќе треба да се иселат. По селата поставија свои учители, кои отпочнаа со настава на грчки јазик.
Иконите во црквите и манастирите кои беа словенски ги отстранија и ги заменија со грчки, и исто така и фреските сликани на ѕидовите со словенско писмо ги малтерисаа, а гробовите ги изгребаа.
ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА Во Првата светска војна, 1914-1919 год., Преспа стана боиште каде противничките војски си ги одмеруваа силите. Во Преспа се отвори голем фронт. Бугарско-германската војска стигна кај сегашната југословенско-грчка граница на Маркова Нога и зазеде положај од тумбата Горица, ридовите Св. Илија и Сливје над Роби и Герман, до планината Балтан. Тука тие ископаа ровови и направија јака одбранбена линија. Сојузничките војски во состав од Французи, Срби, Руси, а подоцна и Грци, дојде во Преспа и зазеде положај на тумбата Печкоец и ридот Леската над Медово, Роби и Герман. Овие три села останаа во неутрална зона, каде и едните и другите вршеа напади, се водеа борби. Со доаѓањето на бугарската и германската војска, грчките пограничари се повлекоа од М. Преспа. Со нив се повлекоа и учителите и целата грчка администрација. Во црквите пак се пееше на славјански јазик. Бугарските војници, штом пристигнаа во Преспа, почнаа присилно да собираат овци, кози, како и голем дел од говедата. На манастирот “Св. Јован Преспански” на тумбата Горица до Роби, на ѕидот на влезната врата, по кажување од постари селани од Роби, беше соѕидана надгробната плоча на царот Самуил. Оваа плоча со векови беше чувана во олтарот на црквата “Пречиста” во Роби. Селаните од Роби во 1870 година, со обновата на овој манастир, ја соѕидаа плочата, која за преспанското население била вистинска легенда. Таму на денот на Св. Јован, на панаѓурот, се собирал народ од селата, луѓето плочата имале можност да ја видат.
Бугарските војници, кои се задржаа на тумбата, ја видоа плочата, ја откорнаа од ѕидот, и заедно со други надгробни споменици од времето на Самуил, кои се чувале во црквите “Св. Герман” од Герман и “Пречиста” од Роби, ги товарија и ги однесоа во Бугарија.
На денот на св. Аил 1917 год. во црквата “Св. Аил” на островот Аил имаше панаѓур и поради празникот, на островот во црквата беше надојден многу народ од селата од Преспа. Од карши островот на тумбата Граишта, Французите и Србите имаа артилериска батерија. Француски и српски војници ги забележаа луѓето, и со топовски гранати за време од половина час ја урнаа црквата. Урнаа уште некои куќи во Аил, а од насобраните луѓе имаше убиени и ранети. Подоцна ова злосторство го оправдаа дека наводно на островот се истовариле бугарски војници и поради тоа што на островот Бугарите не можеа да дојдат поради преминот на мостот Перово, по кој требаше да минат го држеа Французите и Србите. Населението овој акт го сметаше за намерен.
Сојузничката војска, мажите од Преспа присилно ги земаше и ги пушташе насила со колите за пренос на воена опрема и храна за војската. Ги држеше по неколку месеци. Еден дел од мажите ги пушти на кршење камења за изградба на патиштата и работеа заедно со разоружените руски војници. Најдобрите ниви од полето беа земени и засадени зеленчук за војската. Во француската војска имаше војници од нивните колонии претежно од Африка. Меѓу нив имаше и такви кои имаа ниско однесување, нарочно спрема жените. Тие се обидуваа дури сосила да ги фатат, и да ги силуваат. Населението од Преспа беше присилено сето ова да го поднесува и да го трпи.
Сојузничката војска припремаше силен напад на Бугарите и Германците. Штабот што оперираше со овој фронт донесе одлука, селата Герман, Роби и Медово да ги евакуира и во текот на една ноќ ги пресели во селата Желево и Ошчима, зад Преспа, и тука останаа повеќе од 2 месеци. За ова време сојузниците со неколку напади успеаја да ги исфрлат од овие позиции и фронтот се помери на ридот над Крани и планината Пелистер.
Евакуираното население кога се врати во своите домови, покуќнината ја најде разнесена. На овој фронт имаше и еден полк руски војници, чии штаб беше во Роби. Со Октомвриската револуција во Русија во октомври 1917 год. овие војници беа разоружани, задржани како заробеници и пуштени на присилна работа на изградба патишта по ридовите и планините од Преспа за овој фронт.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/prespa-vo-plamen-i-chad/1 le 29 octobre 2026