Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5. АПЛИКАЦИИ - Part 02

Par Татјана Пеливанова · Partie 4 sur 14 · Environ 7 minutes

Lire en English

Авторот го следи и животниот пат на Донка - Калешата. Пред нашите очи таа е типичен претставник на македонската девојка. Калешата е симбол на храбра девојка, чија плетенка долга, црна, тешка и бујна била гордост на целиот баталјон. Во неа е опишана бунтовната младост, чувството на личното достоинство, желбата за живот водена низ песните што ги пеела и е претставник на сите млади девојки кои невестинските кошули ги замениле со војнички.

Наковски низ емотивни слики кои читателот нема да го остават рамнодушен ги доловува тогашните состојби во Прењес и судбините на жените, мајките, вдовиците претставени преку ликовите на Крстовица, Ристана, ..., кои не ги губат само оние кои се на фронт, туку ги губат и своите деца, оние одведените и оние кои остануваат со нив, оние кои виорот на војната, раселувањето, им носи болест и немоќ да ги спасат. Пред нивните очи полека гасне животот на дете: „ Снеможено е, кутрото, и веќе цел месец не стана од рогозина.... Не јади...“ 54 Тешка е судбината на Костовица, која е претставник на македонската жена од Егејскиот дел на Македонија,

53 Исто, стр.93

54 Исто, стр.81 чие дете се топи пред нејзините очи, со матен поглед закован во гредите. „ Покрај свежо покриениот гроб стуткана седи Костовица и ги пали свеќите чии пламенчиња треперат во нејзината дланка...“55 Таква била судбината на жените од костурскиот крај на Егејска Македонија, секој ден редење, запустување и болка. Секој ден со очи полни исчекување, со чувства мајчински, раскинати, скршени, растревожени.

Во овој роман личностите се претставени во сета своја автентичност, со длабоки и доживотни лузни и длабоко исполнети со тага. За напуштањето и тагата кон родната земја, Јасмина Мојсиева-Гушева, ќе напише:

„ Независно дали напуштањето на родната земја настанува поради прогон или доброволно, во нивните души секогаш се чувствува една тивка тага. Таа не мора секогаш да биде обична носталгија по одредено место или минато време. Може да се јави како внатрешен презир на осаменоста, тежина поради сознанието за неприпадноста кон средината или едноставно притисок поради сопствената празнина. Во нејзиното појавување нема одредени правила“.56 Четврт елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е заедничкиот код на Македонците, „ традиционалното што се именува како симбол“57, а тоа е славење имендени и слави на традиционалните македонски православни празници: Илинден, Ѓурѓовден, Митровден, Пречиста, Спасовден, Успение на Пресвета Богородица, Крстовден, Цветници, искажување на вистинската верба во Бога преку молење пред иконата на Богородица, палење свеќи и раздавање храна за покој на душите на мртвите со што се покажува трогателниот автентизам на животот и обичаите. Како вреден доказ за битот на Македонецот се македонските ора и македонски народни песни: Берачето, Чие е она девојче, Народе македонски, Црнеј горо. Целта на авторот е низ страниците на анализираното дело да го сочува и најмалиот детаљ за вистината и трагиката на тоа време.

Стилот и јазикот се зависни од творечката индивидуалност на авторот (локален јазик и литературен). Во неговото искажување се гледа способност на изразување. Авторот во делото користи македонски литературен јазик, но делото е збогатено и со костурски говор за да ја долови автентичноста на местото и јазикот:

55 Исто, стр.84

56 Јасмина Мојсиева-Гушева: Имагинарни татковини. - Rijec, 2006, бр.3, стр.158 57 Види: Венко Андоновски: Абдукција на теоријата. - Скопје, Галикул, 2011, стр. 176 јаска, чужо, лавае, д`мбја, од де си, де ош, зве, р`ка, одајка, пулеше, осунатје, втаса, в`лчица, п`то, лаф, влегу, урва, ена, разбервам, људје, с`нце, поминае, ними, нешчо, опитвам, з`мби, ами ка, по`тпчи, се ума, нашчо, балзосам, Госпу, моља, дојду, о јаска ж`лната, ношја, ојду, реку, сполај. Во романот среќаваме и клетви: „ И тие од оган да не куртулат и господ да даде очи мајчини да не видат“.58 Со ова се докажува автентичноста, постоењето, но и скромноста на Македонците од Егејскиот дел на Македонија кои се искажуваат на јазик, ( просто)

неисполитизиран, обичен, што не им пречи најизразито да си ја искажат маката, тагата, стравовите, очекувањата, надежта, но и на свој начин да осудат, да пресудат.

За да ја долови автентичноста на времето и просторот, авторот во делото користи и изрази на грчки јазик: Та подја му! ( Моите нозе!) Охи! ( Не!), Ипограпце атиме!

(Потпиши подлецу!), Кало педи! Паликари! ( Добро момче! Јунак!), скопос, (стражар), графиото-канцеларија, каталавес, асфалија - полиција, паљопедо, педја, ексо, и изрази на романски јазик: „Шти ромасанешти? Кунте кјама?“ Во делото се забележуваат сензибилни доживувања: емоции и рефлексии, преку кои би рекле идеално ја изразува литературата на фактот изнесена во делото.

Симболиката на насловот авторот ја поврзува со судбината на колективот, а исто така романот е облагороден и со следниве симболи: црната шамија - ја симболизира жалта и жалењето кон изгубените, каменот - родната земја, иконата, зборот, говорот, изнесени во делото се симбол на траење, опстојување на нацијата и молитвата - лично верско доживување во чија основа лежи навраќање со мислата кон Бога или кон друг предмет на култ во состојба на обожување и восхит.

Романот „ Постела за чемерните“ е споменик на сведоштво за луѓето кои поминале и ја доживеале воената бура, кои лично без своја вина се судриле со нејзината грозотија.

Елементите на литературата на фактот носат најмногу знаења за животот што се потврдува со содржината на анализираното дело. Овој роман на Наковски открива конкретна, вистинита слика за раздомените, кои секој ден не ја губеле надежта дека ќе се вратат во родните краишта, исполнети со спомените и со 58 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр. 172 празнина во душите, делејќи ја истата судбина со другите и делејќи ги деновите на осама.

За ова авторот Петре Наковски во интервјуто за весникот „Македонија денес“ ќе рече: „ Со овој роман само правам обид да го најдам клучот кон нивните души.

Кога насилно е замолкната слободната мисла, тогаш се јавува гласот на душата. Тој копа и длаби во времето и го открива, носи знаења и црпејќи од длабочините на битот ја открива вистината за себе и за другите“.59 Поврзано со претходното Димитар Солев во рецензијата за романот „Постела за чемерните“ ќе напише:

„ При ова, треба да се одбележи дека Петре Наковски е очигледен приврзаник на литературата на фактите. Тенденција во современата раскажувачка култура, која бара нова рамнотежа меѓу фактографијата и имагинацијата. Поаѓајќи од животниот податок, кој има карактер на документ или на факт, таа си ја дозволува слободата нив да ги реди, да ги преплетува, да ги вкрстува, да ги комбинира - се` околу основната идеја. Но, и во литературата на фактите, фактот е повод, а авторот е творец“...

„Што се однесува до идејата, таа е симболично кажана и во самиот наслов, а и на неколку други изричити или метафорични места: „ Нашинците, Македонците, имаат повеќе татковини или барем се бијат под туѓи знамиња“ (Нуме).60 Романот завршува со сцена што тешко се одболува и редок ќе биде читателот кој ќе здржи солза. Имено, традиционалниот адет „раздавање за душа“, е претставен преку Крстовица, која на деветтиот ден од смртта на нејзиниот син собира од стрништето пченица за да им раздава на луѓето, но била обвинета дека ја украла. Таа понижена, осрамотена, чемерна, собира сливи дивјачки и наместо вековниот адет „раздавање пченица за покој на мртвите“, таа раздава диви сливи молејќи: „ - Земете, добри луѓе, каснете, каснете за душата на Ристо, син ми....“61 Ама тука не завршува македонскиот чемер, надоаѓа тешката 1949 носејќи ја големата измама.

59 Види: Македонија денес, 4 ноември 2003, стр. 15 60 Види: рецензија на Димитар Солев за романот Постела за чемерните од Петре Наковски, Скопје, Култура, 1983 год.

61 Петре Наковски: Постела за чемерните. - Скопје: Култура, 1985, стр.185 Овој роман носи и порака за идните генерации, им остава аманет да го проучуваат и пренесуваат и на идните генерации, тоа што било да се памети и да не се заборави, да се запише на хартија за трајно да остане незаборавено.

Сметаме дека современите Македонци кои живеат во сосема нови времиња и услови би требало да извлечат заклучок од овој трагичен дел од Македонија со една единствена цел: никогаш да не се повтори.