Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5.4. „ГОЛЕМАТА ИЗМАМА“ - Part 02

Par Татјана Пеливанова · Partie 10 sur 14 · Environ 4 minutes

Lire en English

„ Особено пленува раскажувачкото мајсторство на Наковски, кое се испреплетува со впечатливи дијалози и најпотресни случувања. Во тоа му помага мелозвучниот јазик и богатата лексика. Тој во епската грамада свесно внесува делови од костурскиот говор, со цел да ја сочува автентичноста, а преку тоа и белегот на идентитетот“.146 Авторот покрај македонскиот литературен јазик употребува и зборови од костурскиот народен говор, како: јастие, веленце, пљачки, виду, да ви виме фустаните, ваѓа, чупи, косма, червен, келку, умо, туа, ка шо ме пулиш, огно, лаф, шчукаа, опитвае, ош, годињето, гробишча, ојдое, кинее, кршее, палее, греојте, свите, з`мби, греде, дадоме, чрнина, падинва.

Во романот среќаваме и клетви: „... се исп`ндие, селото изгоре... го изгорее, оган да ги изгори“147, „... ги учите да уморве, рофја да ве умори!“, „Па тие дури ниту тонѕина не пораснае, а ги собрате ... лошото да ве собери!“148 За да ја долови автентичноста на просторот, на времето и на приликите авторот во романот користи и грчки и руски зборови и изрази: Ексо! Аврио сто тмима сас та ертун и нафтергатес, Ма ден те ксеруме, Кератадес та та матете, Оморфа, поли оморфа трагудја, Вот, смотри, миленкии, линија дороги никуда не ведет.

Анализираното дело е облагородено со симболика: црна шамија симболизира тага, солза - болка, тага, молитва - лично верско доживување во чија основа лежи навраќање со мислата кон Бога или кон друг предмет на култ во состојба на обожување и восхит, тишина - осаменост, испокршена лулка - напуштеност, иконата, зборот, говорот, дабот изнесени во делото се симбол на траење, опстојување на нацијата.

Завршницата на романот е на бреговите на Малото и Големото Преспанско Езеро. Додека во цела Грција се славела победата над комунистите, на големото преспанско гробје, белобрад поп, стоел на земјата ишарана од гасениците на тенковите и булдожерите и со растреперен и скршен глас шепотел:

146 Рецензија од Трајан Петровски на романот „Големата измама“ од Петре Наковски од промоцијата на романот во Битола на 14.12.2007 година 147 Петре Наковски: Големата измама. - Скопје: Макавеј, 2007, стр. 36

148 Исто, стр.186

„- Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небеско. Блажени се оние кои плачат, оти ќе се утешат. Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат... Блажени се оние кои ги исполнуваат заповедите Негови, за да имаат право на живот и да влезат во градот низ портите. А надвор се кучињата, врачевите, блудниците, крвниците, идолопоклониците и секој кој сака да лаже и лаже

...“149 Во исто време Ѓорѓи го спасува детето што го нашол во трските крај брегот на езерото и носејќи го на раце и држејќи го во своите прегратки „...тргна низ огромната гробница и кога само миг, без да го прекине растреперениот чекор, погледна кон небото, тогаш му се пристори дека и ѕвездите патуваат со него“.

Романот завршува со вековната молитва и традиционалното биење на селската црковна камбана - трипати за покој на душите:

„ Трипати и цела ноќ дам-дам-дам... ѕвони за секого по трипати во Имја Отца и Сина и Свјатаго Духа, АМИН...“150 По прочитот на анализираниот роман отворено останува прашањето: што добија и што изгубија Македонците со своето масовно учество во Граѓанската војна?

Авторот не дава одговор. Одговорот би требало да го даде читателот и нему му останува да пресуди и да процени што е добиено и што е изгубено. Што ги мотивирало Македонците масовно да влезат во Граѓанската војна која по половина век од нејзиното завршување е оценета како голема авантура по завршувањето на Втората светска војна во која големите сили ги договориле своите стратешки и политички интереси.

Нашето внимание посветено на романот „Големата измама“ би го завршиле со оценката на писателот Трајан Петровски:

149 Исто, стр. 381

150 Исто, стр. 384

„ Ретко кој автор располага со толкав заграб на судбинската материја и со такво чувство за објективна просудба... Ништо така силно не врзува како напишаното. Токму затоа Петре Наковски пишува со знајба, со посветеност на вистината и успева да ни подари вредно романескно четиво за македонските тревоги...“ 151 Вреди уште еднаш да се повтори прашањето што на крајот од првото поглавје од романот „Големата измама“ го поставува Горѓи кога се враќа од гробишта:

„- Кој и зошто сево ова ни го стори?“152 151 Рецензија од Трајан Петровски на романот „Големата измама“ од Петре Наковски од промоцијата на романот во Битола на 14.12.2007 година 152 Петре Наковски: Големата измама. - Скопје: Макавеј, 2007, стр. 39