Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5.3. „ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА“ - Part 01

Par Татјана Пеливанова · Partie 7 sur 14 · Environ 19 minutes

Lire en English

5.3. „ГОЛЕМАТА УДОЛНИЦА“

„Се` додека во огништето тлее жарче и додека од него се откинува искра и се` додека под прстите ја чувствуваш топлата спуза, се` дотогаш тоа е дел од животот.

Ако го снема жарчето, тогаш огништето станува само украс или останува во паметењето како далечен детски спомен...“92 Романот „ Големата удолница“ на Петре Наковски е своевидна хроника и споменик на сведоштво за луѓето кои живееле и ја доживеале воената бура за време на Граѓанската војна во Грција. Објавен е 2003 година и претставува продолжение на романот „ И каменот е земја“. Романот ја следи животната агонија, горчината и грубата вистина за македонската сепаленица изразена низ судбината на ликовите кои се жртвуваат во името на слободата, националното и индивидуалното достоинство.

Зошто насловот гласи „Големата удолница“?

Слика 8. Насловна страница на романот „Големата удолница“ 92 Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр.64 Во врска со ова прашање, академик Гане Тодоровски ќе напише дека тоа е:

...„една страотна алегорија за историскиот наш пат прудолу - паѓање ли ни е во некоја метафорична бездна или е тоа само грд привид на историски преплашен народ кому никој од се` срце не му подал рака на прикрепа, барем досега?“93 Насловот „ Големата удолница“ ја носи вистината и го дава одговорот кој е сосема спротивен на идеалот и на пораката на песната која Македонците ја пееле додека оделе на фронт:

„Во борба, во борба, во борба, македонски народе, За света народна слобода, Со песни и радост се мре-е-е ...“94 Идеалот изразен во песната со зборовите: македонски народе во борба за народна слобода бил изгубен, бидејќи на местото на тој идеал за ослободување на Македонецот, КПГ ја исфрлила паролата: „ДАГ се бори против англоамериканскиот империјализам“. Таквата промена на идеалот, идејата за народни, национални права и ослободување пропаднала, отишла удолу, што значи дека за Македонците таа борба била изгубена. Целата надеж изразена во овој стих била изгубена и оттука и насловот на романот е „ Големата удолница“ како симбол на изгубениот идеал, стремеж и надеж.

Дејството во романот е сместено во дел од Костурско и во регионот Северен Пинд познат под името Грамос во една временска рамка од август 1947 до август 1948 година и е книжевен хронотоп, ја прикажува суштинската поврзаност на временските и просторните врски, бидејќи „ значењето на времето и просторот се најсилни застапници на стварноста“95 низ кои авторот прави реконструкција на минатото преку сведоштвата на ликовите, кои веруваат дека по извојуваната победа ќе ги извојуваат и национални права. Романот е литература за Граѓанската војна, 93 Стожер, јануари-март 2004, стр. 42 94 Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 7 95 Венко Андоновски: Структура на македонскиот реалистичен роман. - Скопје: Детска радост,

1997, стр.147 литература за уништување на човековата психа, литература за особините на борците на ДАГ, момчиња и девојчиња, а најмногу литература за учеството на македонската жена во Граѓанската војна.

Низ фактите изнесени во романот се следи хронолошката композиција на текот на настаните и постепено не` воведува во времето, во воените настани и ги следи судбините на македонските девојки и момчиња, пред се` од костурскиот крај.

Во содржинското јадро се обработуваат следните настани:

• Мобилизација (со измама) на девојките и нивна подготовка за војување.

• Храброста на девојките и момчињата кои се на фронт и на цивилното население во позадинските, логистички активности на Граѓанската војна.

• Заемниот сомнежот на главните комунистички личности во врска со начинот за водење на оруженото движење и борбената тактика на ДАГ.

Наковски, романот го започнува со опис на вистински настан каде во селата од костурскиот крај со измама, активистки на АФЖ мобилизираат девојки од 16 до 20 години, ветувајќи им дека во слободен Грамос имало многу волна што треба да се извлачи, испреди и потоа да се плетат фанели, чорапи, ракавици и слично за потребите на борците на ДАГ. Убедливи се зборовите на АФЖ-итските активистки:

„ Есен греј, чупи, по неа ќе дој зимата. Студој, дождој, снегој. На нашите братја - борци, им требаат фанели, чорапи, нараквици. Кој ќе му дај, ако не ние, нимните сестри? Ние дење и ношја треба да плетиме“.96 Низ мрежата на бесрамни прелаги се носеле на фронт малолетници за да завршат во околности недостојни за човек. Младинките биле прелажани и однесени на фронт на Грамос, а наместо фурки и вретена им дале оружје и со што започнал воениот егзирцир, при што на строг начин политичките комесари ги обучувале, строго напомнувајќи дека: „Пушката треба да е чиста секогаш, ... душата - може да ти е нечиста, ама пушката, мора да е чиста“.97 Биле однесени на фронт каде се соочиле со сите тешкотии што ги наметнува војната, биле турнати во воениот тајфун, фрлени во рововите каде се бореле рамо до рамо со другите борци.

96 Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 5

97 Исто, стр.18 Во сето тоа, во тој идеал немало милост за млади мечти, немало совест, немало љубов, се` е уништување. И токму ова треба да се вгнезди во поединечното и колективното паметење. Не само што им била убиена радоста, мечтите, туку им биле внесувани такви чувства меѓу кои чувството на надеж дека се борат за нешто возвишено, и во име на таа возвишеност тие го жртвувале својот живот. Ова дело не` запознава и со тоа што значи војна и низ автентичните описи на авторот пред очите ни се јавува кошмарот на злото.

Слика 9. Млади девојки борци на ДАГ Учеството на младината, а особено на македонските девојки и нивната улога во реализација на воените цели на ДАГ на фронтот мошне сликовито и драматично се следи низ страниците на романот „Големата удолница“. Храброста на девојките и момчињата е прикажана со автентични описи кои авторот ги внел во својот роман низ сведоштва на лица кои се директни учесници на фронтот. Нив ги охрабрува топлината на семејниот дом и народните македонски песни што ги пееле во рововите за време на прекините во борбата. Во врска со ова типично е искажувањето на еден висок воен командант кој им се обраќа на борците со следните зборови: „ - Убави се вашите песни ... Фаќаат за грло, за срце, ама не се за ова време. Сега ова треба да се пее: „Врондај о Олимбос, ќе стравти и Ѓона...“98 Иако тие млади, премрзнати во рововите се обидувале моралот да го подигнат низ сеќавањата кон родната куќа, кон топлиот дом, сепак топлото потсетување на 98 Исто стр.156 (превод: Бучи Олимп и болска Ѓона...)

куќата било казниво со стражарење во тешки зимски услови. Огнот и огништето -како дома, присутни биле и во воената земјанка. Сеќавањата за нив ги топлеле и ги враќале во родниот дом. При оваа симболика авторот се носи со желба надежта така да трае како што симболизира домот, огнот, семејната среќа. Но војната се` уништува, брише...

Во земјанките се потсетувале за домот и најкарактеристични се исказите на Циљка, чии сеќавања воедно се и сведоштва за топлиот дом во Крчишта: „ Јас од мала, си спомнувам, како велеше дедо: одешчем, плачешчем... Дедо читаше од Светото писмо, а јас повторував... Оче наш, иже еси на небесјах... и се молеше пред иконата на Богородица и се прекрстуваше... Ама еден ден дома влезе Дина, сосетката. Устата и беше зборлива, па кажи тука, кажи таму, стаса зборот до кај што не треба... По десетина дена дојдоа корофилаци и со нив ги поведоа дедо и тате... ги пратија сургун“.99 „ Дома за Циљка пред се` беа баба и дедо, помалите сестрички и братчето... Дома беа и полните амбари... Дома беа гребените за влачење и фурката и чикрикот и разбојот... Дома беше и старата исчадена икона на Богородица...“100 Ова било спротивно на комунистичкиот идеал. Во такви услови и однесување, моралот добиен во семејното воспитување станал обезвреден.

Величината и храброста на македонските девојки се гледа и во описите во кои авторот ги вкрстува судбинските патеки на младите девојки кои биле принудно мобилизирани во редовите на ДАГ и во тешки климатски услови, најчесто гладни, жедни, истоштени од маршеви, неспиење, се пример за храброст, јунаштво и посветеност. Македонските борци на ДАГ заедно со своите грчки соборци покажале високо чувство и решителност во извршување на борбените задачи. Посебно се истакнале македонските борци на фронтот Свети Илија-Горуша-Круша-Гупата, каде борбите траеле од 16 јуни до 20 август 1948 година, за што генерал Зафиропулос во својата книга „ Антибандитската војна 1945-1949“, напишал: „ Во текот на борбите беа доведени единци од Славомакедонци, чии борци се одликуваа со цврстината и моќта во духот и телото“. 101 Борбеноста на борците на ДАГ посебно е опишана во

99 Исто, стр.122

100 Исто, стр.183-186 101 Види: Зафиропулос: Антибандитската војна 1945-1949, стр. 394 деветтото поглавје во романот „ Големата удолница“, каде е карактеристично искажувањето на борецот Јани кој на следниот начин ја прикажува посветеноста на борците: „- Изгинаа сите, го нема веќе ридот... сега врвот е понизок за педа или две“.102 Борбите на Грамос кои траеле 70 деноноќија го мобилизирале целото население, а жителите на селата кои се нашле во непосредна близина на фронтот биле евакуирани и преселени во Албанија. Нивната судбина ја проследивме во романот „ Постела за чемерните“. Долготрајните борби на Грамос биле наречени епопеја, за што авторот преку ликот на Јани ќе рече: „ На вечна стража останаа на Копанче, Свети Илија, Котелце, Гупата и Горуша, на Бел Камен и Круша тие, вчера безобразно храбро и пред раѓање ветени за крунисување пред олтар... Осакатените борови ко солза точат смола. Од лисјето подгорени ветерот плети венци и ги постелува врз земјата што гори... А пламењето на Грамос би требало да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал... Камбаните да бијат и кандилата да светат додека светот светува, додека векот векува...103 Оттука го добиваме и одговорот на прашањето: Дали Македонците во Егејска Македонија во Граѓанската војна влегоа како комунисти, т.е. како дисциплинирани членови на КПГ или влегувајќи во војната бараа нешто друго за разлика од тоа што со себе го носи комунистичката идеја?

Сево ова нужно читателот го тера и на идните генерации да им ја пренесува пораката104 за вистината за се` што се случило и е опишано, и при ова сакаме да потсетиме на една мисла искажана од полскиот поет Адам Мицкиевич: „ Ако заборавам за Нив, Ти Боже на небото заборави ме мене“.

Во романот „Големата удолница“, авторот сликовито ги опишува ликовите на Маркос и Захаријадис кои имале различно мислење за водењето на движењето.

Целта на авторот во романот е да го претстави целото зло што војната им го наметна на Македонците и во врска со ова изобилуваат описите на „ сцени и хроники на суровост, безочност, понижувања, предавства во историското касапење што прокомунистичките грчки генерали и тогашните комунистички земји им ги 102 Види: Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 215-217 103 Исто, стр.216-217 104 Венко Андоновски: Абдукција на теоријата. - Скопје: Галикул, 2011, стр. 204 наместија на Македонците од Егејска Македонија кои мечтаеле по својата татковина и по својот олтар на афтоќефалноста“.105 Овој воен роман кој е предмет на нашата анализа содржи низа елементи на литературата на фактот низ кои ја дознаваме вистината за времето, настаните, луѓето и нивните ставови.

Прв елемент со кој се потврдува дека делото има елементи од литературата на фактот е автентичноста на просторот, имињата на населените места, топонимите. Во романот авторот користи невообичаено точна топографија, ги употребува македонските имиња на:

Села: Крчишта, Д`мбени, Пиљкати, Брезница, Слимница, Косинец, Лобаница, Смрдеш, Јановени, Калевишта, Мирославица, Тухули, Четирок, Нестрам, Косинец, Долно Папратско, Желегоже, Котелце Чука, Граче, Света Ана, Лудово, Езерец, Вишени, Трстика, Света Недела, Попли, Блаца, Поздивишта, Аетомилица и Грамошта - влашки села, Калевишта, Дреново, Нивици, Стење, Псодери, Ревани, Шак, Раби, Медово, Пероо, Винени, Статица, Клештина, Раково, Герман, Булкес, село во Србија

106 , Свети Илија – манастир.

Градови: Сукт- гратче во Албанија близу Драч, Коница, Ќутеза – град во Албанија, и Рупишта, Костур, Солун.

Свети Ахил – остров на Малото Преспанското Езеро.

Планини: Грамос, Вичо, Пинд, Краставец, Фламбуро, Чарно, Алевица, Амуда, Николер, Долна Арена, Мали Мади, Морава Планина, Копанче, Чука, Бигла, Врба, Иван Планина, Сињачка, Горуша, Круша, Копанче, Сува Гора, Врба, Арена, (Горна и Долна) Бела Вода, Гупата, Бел Камен, Лунѕер, Врба, Фалцата, Лисец, Кулкутурија, Јамата - име на планински рид, Баро и Рото.

Топоними: Корештата, Бел Камен, Костурско Поле, Стара Ливада, Беј Бунар, Шекарица, Превал, Полената, Голината, Мисодагиста.

Реки: Бистрица, Морава, Новоселска Река.

105 Види: Рецензија од Бранко Цветковски, за Големата удолница, Петре Наковски, Скопје:

Макавеј, 2003

106 Види: Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 205 Иако денес сите овие села, планини, топоними, реки, грчката држава со закон ги има погрчено, односно ги има преименувано со грчки имиња, читателот од романот ги дознава вистинските имиња на местата во Егејска Македонија со што му се дава можност да го збогати своето знаење за минатото, за историјата и што би требало да биде сочувано во олтарот на националната меморија.

Втор елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е временската рамка и настаните што се случувале во тој временски период.

Авторот во романот прецизно и хронолошки ги изнесува настаните што се случувале и оставиле траен белег врз судбината на Македонците. Тој пишува за реални факти и ги изнесува случувањата од животот на одделни личности и општествени групи кои се клучни за расветлување на судбинските превирања и текови на Македонците од Егејска Македонија.

За време на војната, есента 1947 година ООН во Грција испратила меѓународна анкетна комисија со цел на терен и преку разговори со борците на ДАГ и цивилното население да ги согледа причини за избувнување на Граѓанската војна и инволвираноста на СССР и Источниот блок посебно на соседните земји: Југославија, Албанија, Бугарија.

Американскиот новинар кој самостојно тргнува во потрага на причините за избувнување на војната во подолгиот разговор со бабичката дознава многу вистини за македонските состојби и во писмото до нејзиниот син, што никогаш нема да го прими го изразува восхитот кон македонската земја, кон македонската жена и нејзината приврзаност кон земјата и домот. Истовремено тој го изразува и своето чувство на протест против одлуката на американскиот конгрес кој на Грција, во името на Трумановата доктрина и доделила 300 милиони воена помош“.107 За цело време на траењето на борбите запишано е дека додека грчката национална војска се борела со најсовремено американско оружје, ДАГ користела пешадиско оружје од Втората светска војна и за кое населението од Преспа, како и од голем дел села од Костурско било ангажирано ноќе терајќи 300-400 коњи и мазги 107 Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 60 товарени со оружје за потребите на борците на ДАГ и секоја ноќ поминувале 50 километри пат до Грамос.

Во романот изнесени се настојувањата на ООН за потврдување на кој начин соседните земји ја помагале комунистичката страна. Исто така точен е и записот дека на страната на ДАГ се бореле 11 илјади борци од македонско потекло, додека целото цивилно население како логистичка поддршка беше вклучено во војната.108 Во рамките на општата пропаганда НОФ и АФЖ под паролата „ Сите на оружје-се` за победата“ постојано ги повикувале селаните од Костурско и Леринско да дадат духовна и материјална поддршка на борците на ДАГ да издржат во тешките борби што се воделе на Грамос. Во врска со ова какрактеристично е писмото што селаните од преспанското село Герман го испратиле до борците на ДАГ.109 Во романот наоѓаме пример на сомневање од страна на некои борци на ДАГ, во целисходноста на борбата изразено со следните зборови: „Партизанштината, вели, за нас Грците не е добра. Таа е добра за Славомакедонците, бидејќи ним им се брани јазикот...“ 110 Сите наведени датуми во романот се точни:

- 16 јуни 1948 година во пет и половина наутро на целиот Пинд од стотици батерии почнала артилериската подготовка на владината војска.111

- Почнала битката за Грамос која траела 70 денови и ноќи.

- За првпат во војните употребени се напалм бомби од американско потекло со дозвола и наредба на американскиот генерал Ван Флит.112 Точен е описот на борбите што се воделе на одделни позиции на фронтот како:

- 2 август 1948 паднал Клефтис – клучната позиција на фронтот. За важноста на оваа битка пишува и Драган Клјакиќ во својата книга „ Изгубената победа на Генерал Маркос“. Во врска со ова карактеристична е цитираната телеграма што генерал Маркос ја испратил до бранителите на овој рид. „ Преземањето на Клефтис 108 Види: Nikos Kiricis: Dimokratikos Stratos Eladas Vasiki statmi tu agona. - Atina: Sinhroni epohi, 2003 109 Види: Егејска Македонија во НОБ, том бр. 5, Архив на РМ 110 Види: Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр.227 111 Види: Драган Клјакиќ: Изгубената победа на генерал Маркос. -Белград: Народна книга, 1987, стр.133 и 138

112 Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр.247 не` исполнува со ентузијазам. Сега треба да го држите до крај по секоја цена. Во вашите раце се наоѓа клучот на целиот јужен фронт. Продолжете ја одбраната со истата херојска самопожртвуваност. Повторно ви велам, Клефтис да се држи до крај бидејќи тој е градите на Грамос или неговата тупаница“.113

- 18 август 1948, при донесување одлука114 за напуштање на Грамос, во текот на планирањето на маршрутата, во романот „ Големата удолница“ има карактеристичен опис на заемно обвинување за неуспесите помеѓу Захаријадис и Маркос115. Авторот тоа го прави врз основа на напишани и објавени документи116 во историски книги посветени на Граѓанската војна во Грција.

- 20 спрема 21 август 1948, донесена одлука за повлекување на борците на ДАГ од Грамос, во реонот на Вичо.117 Слика 9. Позициите на ДАГ и на владината војска (фронтот во реонот на Вичо и на Мали Мади) Легенда: црвените линии ги претставуваат позициите на ДАГ, сините линии - позициите на владината војска, зелената - линија на фронтот

113 Исто, стр. 253

114 Види: Драган Клјакиќ: Изгубената победа на генерал Маркос. -Белград: Народна книга, 1987, стр.133 и 137

115 Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 271 116 Види: Gorgi D. Kaculi: Istoria tu Komunistiku Komatos Eladas, tomos ST, 1946-1949, Atina: Nea Sinora 117 Види: Драган Клјакиќ: Изгубената победа на генерал Маркос. -Белград: Народна книга, 1987, стр.

За да ја долови автентичноста на битките, авторот Петре Наковски внел прецизни воени позиции кои се однесуваат на борбениот сектор на чии коти се одвивале најтешките и одлучувачки борби. На пример, котите: Клефтис 254, Амуда

- Николер - Петрепелени - Буф, Голио - Каменик - Тамбури, кота 1957, фронт Буф - Амуда - Алевица, кота 1435, кота 1017.

Во романот исто така, наведувањето на имиња на логори, како и на историски личности и воени и политички организации ја потврдуваат тезата за литературата на фактот.

Во романот наоѓаме автентични имиња на ликови: Ван Флит - американски генерал, Захаријадис, Тито, Сталин, Димитров, Кардељ, Ранковиќ, Маркс, Метаксас, Зафиропулос, Велухиотис, Сарафис, Кикицас, Барѕотас, Гусас, Вландас, Вендирис.

Воени и политички организации: КПГ, ЕЛАС, ДАГ, АФЖ, НОФ, ОЗНА, УДБА, Егејска бригада.

Во романот носечки ликови се женските актанти, учеснички во воените дејствија на Грамос: Циљка (Василка), Мита, Цана, Јана, Зоја, Тинка, Лефтера, Ленка, Марика, Велика, пример на храброст, јунаштво, и посветеност и машките актанти, како: Митре, Коле, Јани, Иљо, Стојан, Аргир, Кољо, Трајко, Ване, Васил -македонски борци во ДАГ. Низ овие ликови е претставен најобичниот, малиот, народен човек, преку чии судбини е претставена судбината на колективот. Авторот ги открива психолошките длабочини на овие ликови кои се носители на мачни судбини, прогонети, разделени, меѓутоа продолжуваат да траат во и низ времето.

Во романот Наковски дава слика и на обичниот селанец претставен преку ликовите на: дедо Киро, баба Киревица, поп Васил, Ѓорѓевица, Ѓорѓи, Крстовица. И во овој роман се јавуваат ликовите на Кузе и Лазо - членови на народната власт и Вера која има клучна улога во мобилизацијата на македонското население, агитацијата и пропагандата и нејзините настојувања за уништување на македонскиот бит преку пропагирање и внесување на комунистичките идеали кои биле практикувани во СССР и источноевропските земји - исти ликови кои се спомнуваат и во романот „И каменот е земја“.

При градењето на ликовите авторот поаѓа од конкретни животни ситуации, драматика, сведоштва на ликовите и, е доследен на вистината. Наковски е неуморен истражувач во разоткривањето на трагичноста на судбините на овој дел од македонската нација.

Трет елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот се вистинските ликови на: Лазо, Кузе, Горѓи, Фимка - мојата баба, Циљка

- мојата тета, вистински ликови чии сведоштва се документ за личните падови, за трагичната судбина на растурените семејства, за радоста на повторната средба, за човечко достоинство и издржливост, оптоварена со низа судбини.

Авторот преку судбината на Циљка ја прикажува реалната трагика која ја носи војната. Ги открива и психолошките длабочини во ликот на Фимка, чиј крик не е осамен, туку е и крик на колективот. Овој роман ја прикажува и вечна промена на генерациите како своевидна потврда за неуништивоста.

И во овој роман авторот се навраќа на собирањето и одведувањето на децата.

Во врска со ова карактеристично е прашањето на Циљка и одговорот на мајка и` Фимка: „- Дома, мајко, како е дома?... Нема дома, ќерко, нема... Се` е изгорено, ќерко, пепел сторено... А дечките? Дечките, мајко?...И нив ги собраа... Што? Кој ги собра? Ами доаѓаа од НОФТ и од АФЖ и ни велеа дека ќе почнат големи борби, дека местото ќе гори... ќе фрлаат бумби и жив оган, така што се` ќе изгори. А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун... Затоа велеа, треба да ги дајме децата од две до четиринаесет години. Ами како ги даде мори мајко?... Како ли ги дадов? Зарем ги дадов? Те дадов тебе, ги дадов ли Ристо и Ташко?...Ја прашува ли некој мајката кога треба да се дава? Ве собраа...ги собраа...“118 Четврт елемент со кој се потврдува дека делото има елементи на литература на фактот е заеднички код на Македонците, „традиционалното што се именува како симбол“119, претставен преку автентичниот опис на македонската облека: моминска руба со сребрени пафти, пари од разни времиња и вез рачно везен со црвен конец на бело платно; македонските ора и македонски народни песни: Невестинско, Бајрачето, Море чупи костурчанки, Не русај прусај; македонските јадења: пита со пресул, со 118 Види: Петре Наковски: Големата удолница. - Скопје: Макавеј, 2003, стр. 188 119 Види: Венко Андоновски: Абдукција на теоријата. - Скопје: Галикул, 2011, стр. 176 праз, со кастици, со кромид и свинско печено, со урда и праз120, стар начин на предење волна; одбележување на традиционалните македонски празници, како:

Велигден, Ѓурѓовден; славење имендени и слави, како: Митровден и Голема Богородица, молење пред иконата на Богородица, кажување молитви, молење во неделите и празниците, чување невестинска руба во сандаци, обичај да се облекуваат друшките за свадба, пречекување гости со слатко и вода. Сево ова останува како вреден доказ за битот на Македонецот. Особено големото значење произлегува од фактот колку е поедноставно толку повеќе претставува извор на факти, реалност земена од делничниот живот, знаење за луѓето и времето во кое живеат.