Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Literature of Fact in Petre Nakovski's Novels (Master's Thesis)

5.2. „И КАМЕНОТ Е ЗЕМЈА“ - Part 02

Par Татјана Пеливанова · Partie 6 sur 14 · Environ 2 minutes

Lire en English

Нејзиното големо значење произлегува од фактот колку е посовесно, толку повеќе претставува извор на историски факти, реалности земени од животот, знаење за луѓето, мотивацијата на нивните ставови, односи, чинови, психа, и време во кое живеат и дејствуваат.

Уште два настани од романот го задржуваат нашето внимание со својата голема симболика.

87 Исто, стр.84

88 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.144

89 Исто, стр. 174

90 температура на пораката - Види: Венко Андоновски: Структура на македонскиот реалистичен роман. - Скопје: Детска радост, 1997, стр. 126 Прво: Поп Васил одредени историски настани ги запишува на страниците на Светото писмо. Зошто? Затоа што тоа е трајно и преку записот на неговите страници фиксирана е вистината.

Второ: Во епилогот, невообичаено голем впечаток остава молбата на старата осамена Крстовица, која живее во осаменото село Крчишта:

„.. на свите да му кажиш дека уште јаска остана о селто... Да а чува земата, да паља свешчи о црквата и да му кажиш дека само од мојот оџак чад чади и ношја само од моето пенџере се пули светлина од Вишомо, од Стените, од Телок, од Борово, од Претсело... за да не им се чини на зверојте дека тука нема живот...“91 Ова не е само порака, туку и симбол за тоа дека во тој крај и покрај сите несреќи животот се` уште тече...

91 Петре Наковски: И каменот е земја. - Скопје: Огледало, 1988, стр.180