Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Mincho Fotev and the National Liberation Movement of the Macedonian People from Greek Occupied Macedonia (1941-1949)

Дел II НОД НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА (1941-1949) - Part 11

Par Д-р Михајло Миноски · Partie 13 sur 21 · Environ 18 minutes

Lire en English

Вршеле притисок на раководството на НОФ да не се обединува со КПГ, но да прифати само “компромисна соработка со КПГ, ЕАМ и ДАГ”. Се застапувале за самостојност на НОД.

Испраќањето на македонските борци од ГШ на ДАГ да се борат на територијата во Средна и Јужна Грција за засилување на оружената борба, го сметале за планирана акција на КПГ “да ги уништи македонските борци, а со тоа да ги поткопа позициите на НОД”. Барале да се формираат македонски воени единици и да се борат само на територијата на егејскиот дел на Македонија. (Фотев кој припаѓал на мнозинската струја во раководството на НОФ, предводена од Паскал Митревски и бил доследен приврзаник на обединувањето на НОФ и КПГ нивното барање за самостојност на македонските едицици што ќе дејствувале исклучително на националната територијата во егејскиот дел на Македонија го сметал за авантуризам со оглед на надмоќноста на грчката монархистичка армија, “не воделе сметка што ќе се случело ако монархистичката армија ги протерувала македонски единици, тие каде ќе се повлекувале?” (На истото место, 48.)) Таа опонентска група, која Фотев секогаш ја нарекувал сепаратистичка, дејствувала за обезбедување на превласт во раководството на НОФ. (Фотев:

“Главните носители на сепаратистичките идеи уште пред обединувањето на НОФ со КПГ на разни начини, дури и со завера, се обидувале да превладеат и да застанат на кормилото на НОФ.” (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 48.)) Нејзиното дејствување било интензивирано со влегувањето во раководството на Лазо Дамовски-Ошенски, (Ошенски бил примен во раководството на НОФ по смртта на Атанас Коровешовски. (На истото место.)) соработник и близок пријател на Керамитчиев на кого му била доверена функцијата секретар на Главниот одбор на протераните бегалци од егејскиот дел на Македонија. Користејќи ја функцијата, го дискредитирал раководството на НОФ пред ЦК на КПМ.

(Фотев пишува дека тој “злоупотребувајќи ја својата функција почнал да дејствува разбивачки меѓу македонските бегалци, го напаѓал раководството на НОФ дури и пред ЦК на КПМ.” (На истото место.)) Фотев пишува дека “биле замешани и некои дисиденти од НОДЕМ, главно врховистички елементи”. (М.

Фотев, Развојниот пат на НОФ, 48.)

Македонското партиско и државно раководство не дозволило опструирање на Спогодбата за раководната улога на КПГ и дејствувањето од позиција за самостојност на НОД на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. ЦК на КПМ, побарал свикување на Главниот одбор на НОФ. На состанокот одржан во март 1946 година, присуствувал функционерот на ЦК на КПМ за врска со ГО на НОФ Димитар Алексиевски-Пекар. Тој ја соопштил одлуката на Лазар Колишевски за отстранување на Ошенски од раководството и НОФ. (Фотев: “Пекар на состанокот рече: По решението на ЦК на КПМ и лично на другарот Лазар Колишевски, од раководството и од организацијата на НОФ да се исклучи Лазо Дамовски-Ошенски како класен непријател.” (На истото место,

48.))

Со отстранувањето на Ошенски не било запрено дејствувањето на опонентската група предводена од Керамитчиев. (Тој и натаму одржувал врски со Ошенски. За тоа “бил критикуван од Партиското поверенство и лично од Димитар Алексиевски-Пекар”. (На истото место, 48.)) За преземање на раководењето со НОФ Керамитчиев, според тврдењето на Фотев, се ставил на услуга во Покраинскиот комитет на КПГ за егејскиот дел на Македонија и Тракија, со чија согласност свикал состанок на Активот на НОФ (сеновски актив). На состанокот одржан, на 20 мај 1947 година, поддржан од претставниците на ПК на КПГ, издејствувал разрешување на Главниот одбор, по што Активот избрал Координативно биро на НОФ под негово раководство.

(М. Фотев, Развојниот пат наНОФ, 48-49.) По преземањето и раководењето со НОФ сите дотогашни раководители на НОФ и НОД кои не се солидаризирале “ги прогласиле за непријатели и предавници на македонскиот народ и како такви ги прогонувале.” (На истото место, 49 и 56.) Раководството на КПГ ги поддржувало и одржувало внатрешните поделби во НОФ и НОД, како негов примарен интерес.

До промена на соодносот на силите дошло на Првиот конгрес на НОФ, во јануари 1948 година, кога било укинато Координативното биро и во новото раководство на НОФ приврзаниците на Керамитчиев ја загубиле превласта. Тие на Првиот пленум на Централниот совет на НОФ, настапувале “како типична фракционерска група”, дејствувале агресивно за остранување на раководителите на НОФ, во прв ред на Паскал Митревски како најавторитетна личност. Пред членството ги дискредитирале со обвинувања за гркоманство, а пред највисоките раководители на КПГ дека биле агенти на Југославија и работеле против КПГ. (Фотев: “...на Јанис Јоанидис и на генералниот секретар на КПГ Никос им велеа дека се агенти на Југославија, дека ја изневеруваат КПГ. Од друга страна, пред Македонците ги обвинуваа дека се гркомани и антијугословенски елементи. “ (На истото место, 49.)) Според Фотев тие отишле дотаму што подготвувале атентат за ликвидирање на Паскал Митревски. (Фотев: “Има основани сомневања дека Михаил Керамитчиев и дисидентите на НОФ го обработија Тане Николов да изврши атентат над Паскал Митревски”. (На истото место,49.)) По дефинитивниот пораз на Пленумот на Централниот совет на НОФ, водечките личности на таа струја со Керамитчиев дезертирале од НОФ, НОД и ДАГ и преминале во НРМ. Во Скопје продолжиле со клевети да ги дискредитираат раководителите на НОФ, обвинувајќи ги дека биле “гркомани, неплатени наемници на КПГ, антијугословенски елементи, предавници на македонскиот народ”. (Hа истото место, 49.)

Следувале и други кадровски измени. За помошник политички комесар во ГШ на ДАГ, бил поставен Вангел Кочев. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 58.) Секретарот на Главниот одбор на АФЖ Евдокија Балева-Вера, на 15 октомври 1948 година, била избрана за прв потпретседател на Централниот совет на Сегрчката демократска унија на жените, а за членови на советот биле избрани: Марика Елкова, (М. Елкова, од с. П’тели, Леринско. Емигрирала во Полска, а оттаму дошла со семејсгвото во НРМ, во Скопје.) Махи Пилаева, (Била секретар на АФЖ за Леринскиот округ. Емигрирала во Чехословачка во Брно, а оттаму со сопругот Грк се вратила во Атина.) Андонија Филипова (А. Филипова, од с. Крчиште. Од АФЖ била делегирана во земјоделската партија АКЕ. Емигрирала во СССР во Ташкент, оттаму со семејството дошла во НРМ, во Скопје.) и Афродите Љаку-Гечу, Македонки активистки на АФЖ. (На истото место, 58.)

Вториот конгрес на НОФ Крајно неповолната ситуација, настаната со големата надмоќност на силите на монархистичката влада, на фронтот на воените дејствија што се воделе главно на територијата на егејскиот дел на Македонија, го присилиле раководството на КПГ да преземе мерки и да ја запре кризата во раководењето со НОФ. За натамошната силна поддршка на ДАГ од македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија, раководството на КПГ морало да го менува ставот спрема македонското национално прашање. На V Пленум на ЦК на КПГ, одржан на 31 јануари 1949 година, на македонскиот народ наместо национална рамноправност “му било признато правото на самоопределување”. Меѓутоа, само по неколку дена раководството на КПГ се повлекло, декларирало создавање “слободна македонска држава во рамките на балканска федерација”. (На истото место, 51.)

Декларирањето, интегрално било решавање на македонското национално прашање во рамките на балканската федерација, во време на прекинати односи на КПГ со КПЈ и опасно заострените односи на Југославија со Советскиот Сојуз, Бугарија и со сите други источноевропски држави, претставувало груба манипулација за целите на антијугословенската политика и атак на македонската национална држава НР Македонија. Тој став “имал антијугословенски односно антимакедонски карактер” затоа не било консултирано раковоството на НОФ, ниту била информирана организацијата. Кога тоа било обзнането

“организацијата на НОФ реагирала”. (Како реагира, Фотев не наведува. (На истото место.))

Ситуацијата во Грција го присилила раководството на КПГ одново да прави отстапки за да ги нормализира односите со македонската национална организација. Одобрило одржување на пленум на НОФ. На 3 февруари 1949 година се одржал Втор пленум на Централниот совет на НОФ. Пленумот усвоил одлука година за свикување на втор конгрес на НОФ, а како датум за одржувањето на конгресот одреден е 25 март 1949. (М.

Фотев, Развојниот пат на НОФ, 51.)

Непосредно пред одржувањето на конгресот на НОФ, на 20 март 1949 година, било одржано советување на политичките комесари на ДАГ. На советувањето реферат поднесол политичкиот секретар на Главниот штаб во кој ја претставил xеројската борба на македонските борци и офицерите на ДАГ.

Говорел и за неправилностите, за шовинистичкиот однос на грчките политички секретари спрема нив. (Тој меѓу другото истакнал: “Славомакедонските борци и офицери се од најдобрите борци на ДАГ. Тие се бореа и се борат јуначки. Тој херојски народ даде се од себе. Ги жртвува своите деца, својот имот, своите куќи. Секоја куќа има по еден ранет или загинат.

Во единиците на ДАГ на Вичо Планина 20-50% од борците се Славомакедонци...” (На истото место, 53.)) Генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис лично одлучил за враќање на суспендираните раководители меѓу кои и Митревски во раководството на НОФ. (И попитичкиот секретар на Главниот штаб на ДАГ на советувањето со воено-политичкиот актив одржан во с. Рудари, Преспанско, за Паскал Митревски “најпофално се изразиле, дека тој како борец и политички комесар на бригадата на ДАГ имал примерно држење и покажал вонредна борбеност и раководна способност”. Високо мислење искажал и воениот министер на Привремената демократска влада на Грција Мичо со зборовите: “Јас лично го видов во тешките борби што заедно ги водевме со Паскал Митревски за ослободување на Воден и Његуш. Паскал се покажа како храбар борец и воено-политички раководител”. (На истото место, 50-51.)) Захаријадис вината за нивното отстранување ја префрлил на Јанис Јоанидис, Леонидас Стрингос и другите раководители на КПГ кои “одржувале врски и раководеле со НОФ”. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 50.) Ги суспендирал од должноста да одржуваат врски со НОФ, а тој лично да го преземе раководењето со македонската организација. (На истото место, 61.)

Секретарот на Централниот совет на НОФ, Вангел Којчев не бил кадарен да го подготви политичкиот извештај за конгресот.

На барање од Захаријадис извештајот го напишал Паскал Митревски. Во извештајот била претставена интегрално, ослободителната борба на македонскиот народ во трите делови на Македонија и придобивките од НОБ како и создавањето на македонската национална држава НР Македонија. (На истото место, 51-52.) Захаријадис наредбодавно побарал од Митревски да го исфрли од рефератот за да не се чита делот од текстот за успехот на националноослободителната борба и создавањето на македонската држава во вардарскиот дел на Македонија. (Фотев пишува дека барањето го образложил како следува: “Денес кога КП на СССР и сите комунистички партии и владите на социјалистичките земји ја осудуваат политиката на КПЈ, односно на Југословенската влада, ние не можеме на трибините на конгресот на НОФ да зборуваме за револуционерните придобивки на КПЈ и за народите на Југославија, како и за правилно решавање на македонското национално прашање во Југославија”. (На истото место, 52.)) Митревски се спротивставил со предочување дека ја претставил историската релност. (Паскал: “Во рефератот станува збор за очевидни и непобитни историски факти. Станува збор за ослободителните борби на македонскиот народ, за неговите националноослободителните стремежи, за неговите нациоцални права и придобивки. Затоа сметам дека наведеното во рефератот не треба да се отфрли, мора слободно и отворено да се каже на конгресот. Од друга страна, отфрлањето, односно игнорирањето на тие историски вистини ќе доведе до отворен судир со националната и политичката свест на македонските борци и воопшто на македонскиот народ во егејскиот дел на Македонија”. (На истото место, 52.)) Захаријадис ставил вето.

(Тој притоа изјавил: “Фактите се факти. Но, факт е и тоа дека КПЈ скршна од социјалистичкиот пат и денес претставува сериозен проблем за светското комунистичко движење, според тоа ние не можеме од трибините на конгресот на НОФ да зборуваме за револуционерните придобивки на Југославија кога Информбирото на комунистичките и работничките партии, како и сите комунистички партии ја осудуваат нејзината политика”.

(На истото место, 52.))

Конгресот се одржал на утврдениот датум, на 25 март 1949 година, во црквата во с. Нивица, со учество на околу 700 претставници од кои околу 300 делегати од организациите со право на глас, членови на Централниот совет, околу 100 делегати од Македонците-борци во ДАГ, другите биле посматрачи и гости од сите краишта од егејскиот дел на Македонија (“од ослободените и од поробените населени места, како и борци од сите фронтови; од Вичо, Грамос, Кајмакчалан и Пајак Планина”). На конгресот присуствувале повеќе делегации: на КПГ, предводена од генералниот секретар Никос Захаријадис, на Земјоделската партија на Грција, предводена од Јанис Вурнас, на Привремената демократска влада на Грција и Главниот штаб на ДАГ, предводена од министерот генерал Костас Гифтодимос-Караѓоргис, (Во поздравниот говор меѓу другото рекол: “Малку се места на земјата што се оросени со толку крв како што е македонската земја. Малку се народите што стенкале и толку се мачеле под јаремите на ропството како што е македонскиот народ. Педесет години како македонскиот народ упорно се бори со саможртвување за негово самоопределување”. (На истото место, 53.)) на Демократската младина на Грција, на Кооперативниот сојуз на Грција, на Демократската унија на жените на Грција, (Таа на Првата конференција на Унијата на жените за учеството на македонските жени во антифашистичката и антимонархистичката борба рекла: “Во нашата голема борба одделно место заземаат славомакедонките, жени-херои на славомакедонскиот народ кои со години беа измачувани од фашистичката тиранија, уште со поголемо зло и бес ги прогонуваа фашистите во новата окупација. Меѓутоа, Славомакедонската жена стои гордо и се бори организирано во Антифашистичкиот фронт на жените. Прва во целата земја пронижена од непријателските куршуми на новата окупација падна Ирина Гинова-Мирка”. (На истото место, 53.)) на турското малцинство во Грција и делегација “на таканареченото Македонско друштво во Бугарија предводена од Ристо (Христо Калајџиев од Ениџе - Вардар, егејски дел на Македонија, роден на 28 август 1886. Револуционер комунист, член на БКП, член на Извршното биро на ЦК на БКП, раководна личниост на ВМРО (Об.) во пиринскиот дел на Македонија, во Втората светска војна бил интерниран во логор (1942-1943), по војната бил претседател на Сојузот на македонските културно-просветни друштва во Бугарија. Починал во Софија на 26 април 1964 година.) Калајџиев”. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 54.) Делегацијата на Народниот фронт на НР Македонија не допатувала. (Фотев забележал дека не му било познато зошто не присуствувала. (На истото место.))

Конгресот го отворила Евдокија Балева-Вера. На почетокот од работата со едноминутно молчење им била оддадена почит на загинатите борци и жртвите од грчкиот монархистички режим.

Генералниот секретар на КПГ, во поздравниот говор се обидел конгресот на НОФ “да го претвори во антијугословенска трибина, со цел да создаде јаз меѓу македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија и НР Македонија”. (На истото место.) Вршел “севозможен притисок на раководството на НОФ да го прифати новиот политички курс на КПГ, за македонското национално прашање” и со тоа да го доведе “до отворен судир со НР Македонија, односно со Југославија.” (На истото место, 52.) Раководството на организацијата имало силна поддршка “од македонските борци, комунистите и од широките народни маси,” покажало потребна цврстина и решмтелно се спротивставувало. Планот на Захаријадис за инструментализирање на НОФ за антијугословенската и антимакедонската политика на КПГ пропаднал. На конгресот било зачувано и зацврстено националното и организационото единство и била потврдена раководната позиција на НОФ, во оружената борба на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија, заедно со грчкиот народ. Македонците кои ја напуштиле организацијата и фронтот биле прогласени за дезертери од националната оружена борба. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 54.)

Жестока реакција предизвикал претставникот на “таканареченото Македонското друштво” (Се однесува за Сојузот на македонските друштва во Бугарија.) од Бугарија кој во својот поздравен говор “отворено, со непријателски тон” ги нападнал државните раководства на Југославија и на НР Македонија. Повеќето делегати “во знак на протест ја напуштиле конгресната сала”. По завршувањето на конгресот, делегатите од Бугарија биле предупредени да не се мешаат и да не даваат сугестии за односите на НОФ со НР Македонија. (Им било кажано: “Ние водиме борба за живот и смрт, нема зошто да се расправаме со нашите браќа, со оние кои најмногу ја помагаат нашата оружена борба. Ние како Македонци не можеме да се бориме за национална слобода, а да ја напаѓаме создадената Македонска народна република. Тоа за нас би било апсурд”. (На истото место, 54-55.))

Конгресот со тајно гласање избрал нов Централен совет, од 51 член и 22 кандидати. Централниот совет се конституирал и избрал Претседателство од 5 члена. За претседател бил избран Паскал Митревски, потпретседател Евдокија Балева-Вера, секретар Михаил Маљов, а за членови Вангел Којчев и Павле Раковски. На истата седница на Централниот совет бил избран и Извршен комитет од 11 члена и 3 кандидати. Во Извршниот комитет биле избрани: Паскал Митревски, Евдокија Балева-Вера, Михаил Маљов, Павле Раковски, Вангел Којчев, Минчо Фотев, Ставро Кочев, Крсто Мангов, Вангел Ничев, Уранија Пировска-Јурукова и Ташко Гушевски-Маки. За кандидати биле избрани: Ламбро Чолаков, Доне Сикавица и Прико Димитар. Биле избрани и претставници на НОФ во Привремената демократска влада на Грција: Паскал Митревски за министер, Ставро Кочев за директор на Дирекцијата за националните малцинства, Крсто Мангов за претставник на народноослободителите одбори, а Доне Сикавица за македонско образование на Привремената демократска влада на Грција. На предлог од Претседателството Централниот совет донесол одлука за обновување на младинската организација НОМС. За нејзино реализирање бил задолжен Минчо Фотев, во соработка со поранешните младински раководители: Тодор Кочев-Виктор, Ташко Хаџијанев, (Ташко Хаџијанев од гр.

Воден. Бил член на Окружниот одбор на НОМС за Воденско, член на Обласниот комитет на ЕПОН за Македонија и Тракија, член на Извршниот комитет на Централниот совет на НОФ. Со другите раководители на НОФ во 1949 година обвинет од раководството на КПК за агент на Тито, бил упсен од безбедносните органи на ДАГ, спроведен во затворите во Албанија а оттаму во СССР, во Москва бил осуден на 8 години затвор и спроведен во концентрационен логор. Во 1955 година бил ослободен и рехабилитиран.) Ѓоко Петричевски и Петро Аспровски. (На истото место, 55.)

Конгресот ја усвоил и акционата програма за претстојните задачи на Централниот совет на организацијата:

1. Консолидирање во редовите на НОФ и АФЖ, засилување на акционата способност;

2. Обновување на младинската организација на НОМС.

3. НОФ, АФЖ и НОМС максимално да се ангажираат и да го мобилизираат борбениот потенцијал на македонскиот народ, особено во населените места кои се под контрола на монархофашистичката армија.

4. Чување и јакнење на морално-политичкото, организационото и националното единство на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија.

5. НОФ да стане вистински политички носител на народната власт.

6. НОФ да ја оживотвори националната рамноправност на македонскиот народ во сите области на општествено-политичкиот, економскиот и културниот живот на земјата.

7. Централниот совет да се застапи за воспоставување вистински рамноправни односи со Привремената демократска влада и Главниот штаб на ДАГ и конструктивна соработка со сите партии и општествено политички организации на Грција кои активно учествуваат во оружената борба на ДАГ. (М.

Фотев, Развојниот пат на НОФ, 55-56.)

Извршниот комитет на Централниот совет се состанал, неколку дена по оддржувањето на конгресот, и ги определил должностите на своите членови: претседателот на Централниот совет, Паскал Митревски бил задолжен да воспостави и одржува врски со раководните тела на политичките партии и организации учеснички во оружената антимонархистичка борба за конструктивна соработка на рамноправна основа; секретарот на ЦС, Михаил Маљов за организационо-кадровските прашања во НОФ; Ставро Кочев и Крсто Мангов за локалната народна власт; Доне Сикавица за основното образование на македонските деца; Вангел Којчев за проблемите на македонските борци во ДАГ; Павле Раковски за агитпроп и одговорен за весникот “Непокорен”; Евдокија Балева-Вера за АФЖ; Уранија Јурукова за костурската окружна организација на АФЖ; Вангел Ничев за организацијата на НОФ во источниот дел на Егејска Македонија (Серско и Драмско), Минчо Фотев за обновување на младинската организација, бил одреден и за претседател на Главниот одбор на НОМС, како и да раководи со костурската и леринската окружна организација на НОФ. (На истото место, 57.)

По Вториот конгрес на НОФ, раководството се ангажирало на “мобилизирање до максимум” на борбениот потенцијал на македонскиот народ во оружената борба и во заднинските единици за поддршка на ДАГ за целосно и дослелно остварување на рамноправноста на македонскиот народ со грчкиот народ. (На истото место.) Македонските помошни единици на ДАГ биле зголемени, така што нивниот броен состав нараснал на преку 4.000 припадници (Македонци и Македонки). (На истото место.) Во заднината на фронтот со грчката монархистичка армија во западниот и во централниот регион од егејскиот дел на Македонија бил зголемен бројот на македонските борбени диверзантски групи и на “слободните стрелци” кои ги засилиле акциите, поддржувани од месните организации на НОФ во градовите и селата: Лерин, Хрупишта, Сорович, Екшису, Ајтос, Зелениче, Мокрени, Бабишта, Загоричани, Куманичево, Личишта, Горенци, Макровјани, Госно, Желин, Нестрам и др. Како слободни стрелци дејствувале околу 150 македонски борци. (На истото место, 57.)

Со масовното учество и придонесот на македонскиот народ во оружената борба, раководството на КПГ, било ставено во положба да го менува својот однос спрема НОФ, спрема македонските политички кадри и борците во ДАГ. При реорганизацијата и проширувањето на Привремената демократска влада на Грција претседателот на Централниот совет на НОФ Паскал Митревски бил избран за министер за исхрана, членот на Централниот совет Ставро Кочев за директор на Дирекцијата по прашањата за националните малцинства на владата, а другите двајца членови на Советот:

Крсто Мангов и Доне Сикавица за владини претставници. За член на Воениот совет на ДАГ, чијшто претседател бил генералниот секретар на КПГ Захаријадис, бил избран членот на Претседателството на Централниот совет на НОФ, Вангел Којчев. Во Главниот штаб на ДАГ за помошник политички комесар бил поставен членот на Извршниот комитет на Централниот совет на НОФ, Минчо Фотев. Во штабовите на сите единици на ДАГ: баталјони, бригади и дивизии со македонски борци, Македонците биле поставувани за помошници на политичките комесари. Многу од Македонците и Македонките, борци во ДАГ биле поставувани на воено-политички функции и унапредувани. (На истото место, 58-59.)

Привремената влада на Грција и Главниот штаб на ДАГ “ја озакониле националната рамноправност на македонскиот народ” со законски и други правни акти. (М. Фотев, Развојниот пат на НОФ, 59.)