Front Matter - Part 08
Истата таа инженерка, дури и откако ја изградија куќата и живееја неколку години во неа, се обиде да ја елиминира како постоечка во еден од наредните урбанистички планови за нивната Урбана 2, кој се работеше во фирма во Гостивар?! - Замислете, Планот на крајбрежјето на Охрид -во Гостивар! Зошто баш таму?!
За среќа Виолета разбра дека јавно ќе биде изложен Нацртот на новиот Предлог-план во Општината. Исто така, дека ќе има и јавна расправа. Како да имаше претчувство, зеде неколку фотографии од куќата и целата документација во врска со нејзината градба. Заедно со еден нејзин сосед отидоа во салата за јавна расправа. Таа претходно со неверување виде дека нејзината куќа не е нацртана во Планот, што беше изложен во ходникот. Само што влегоа во просторијата каде што ќе се водеше расправата, ја здогледа истата инженерка, седната на столица до масата. Таа ја отвори расправата, а покрај неа, како што и кажа соседот, стоеше овластениот инженер од Гостивар, кој требаше да објаснува одредени измени во Планот и да одговара на прашања од присутните граѓани.
Во првите кои поставуваа прашања беше и Виолета. Таа веднаш излезе со фотографијата на нејзината куќа, покажувајќи ја пред сите присутни и рече дека претходно, на изложениот Предлогнацрт план во ходникот, видела дека ја нема нејзината куќа, и дека не верува оти случајно е пропуштена.
- Оваа моја куќа ја изградив со уредни документи, односно решение за дозвола за градба и со платени сите потребни комуналии, што евеги тука, ги донесов, - рече Виолета.
Инженерот се сврте назад и се обиде да ја најде нејзината трокатна куќа на закачениот на зидот зад него Предлог-план. Кога виде дека ја нема, се обрати кон инженерката. Таа се направи како да не знае како дошло до тоа, па едвај изусти дека сигурно е направен некој превид.
Инженерот ја успокојуваше Виолета, велејќи дека веднаш грешката ќе се исправи и и се извинуваше. Лицето на инженерката природно беше толку црно, што и да поцрвенеше немаше да се забележи. Но таа немаше ни малку совест, ни малку срам, што и да беше сосем бело, на него црвенило немаше да се појави.
Наскоро Виолета се увери дека куќата се врати на своето место во Планот, во контакт лично со инженерот од Гостивар. Извесно време се колебаше дали да истражува кој и поради што, односно со што беше поткупен да го направи тоа скандалозно дело, но се откажа. Тоа беше и нејзин последен контакт со оваа жена, чија злоба не можеа да ја скријат ни нејзините шарени очи.
...Во куќата веќе не можеше да се престојува. Секоја вечер, откако ќе заминеа мајсторите, одев на спиење кај блиските пријатели, кај кои се осеќав како дома. Нивното гостопримство и пред се големо пријателство, ме топлеше и ме храбреше во сите овие неверојатни, дури и за мене самата, зафати. Кога дојдоа постудени денови, секогаш ме дочекуваа со топла соба и не ретко топло јадење.
Дојде денот и за поставување на првата плоча. Тој ден сите се чувствувавме посебно возбудени. Главниот мајстор повика многу искусен армирач од блиското село, за поставување на арматурата за плочата. Набрзо како со разбој да се исткаја тепих од метални шипки. Не можев да и се изнагледам на вештината на неговите раце.
За истурање на бетонот за плочата мајсторот повика уште неколку работници. Бетонот се мешаше во полутечна смеса, се полнеше во железни колички и по даските што беа поставени косо од земјата се носеше до таму каде што требаше да биде поставена плочата и се истураше врз оплатата од заковани даски врз кои се наредија железните шипки. Таму горе двајца од работниците со даски ја рамнеа истурената бетонска маса. За неколку часа се беше готово. Го направивме и обичајот да се постават маси и да се даде ручек, пред се, на мајсторите. Во подготвувањето на оваа, посебно за мене и за целото семејство вистинска свеченост, многу ни помогнаа и најблиските многугодишни пријатели на мојот син, кои живееја во Охрид.
Тие беа секогаш тука со својот добар збор и совет и практична помош.
За да биде добра плочата, требаше да стои со целата оплата и потпори извесно време и да се полева со вода, да не испука бетонот.
Но, поминаа петнаесет дена, а од мајсторите ни трага ни глас.
Не доаѓаа ниту на градбата во Лагадин кај сестра ми и зетот.
Сите обиди да ги добиеме по телефон останаа без успех.
Тогаш еден пријател му кажа на зетот дека работат на куќата на еден иселеник во Австралија во едно од блиските села. Со кола отидовме во селото, ја најдовме куќата, и кога се приближивме и излеговме од колата, брзо слегоја од градбата и дотрчаа, видливо посрамотени. Најстариот мајстор се обиде да се оправда и да му објасни на зет ми дека многу ги молел сопственикот на куќата бидејќи ќе заминувал во Австралија, па гледал да ја заврши куќата пред да отпатува.
- А да си признаеме, и добро ќе ни плати, - на крајот рече мајсторот.
На зетот му помина малку лутината и му одговори:
— Ако ми се Јавевте иако ми кажевте за целава оваа работа, jac сам ќе ве пуштев, ќе ви дадев согласност. А не да ме оставите да висам секој ден на врата, да ве чекам, па дури и по телефон да не се јавувате.
- Е, за тоа, криви сме, газда.
- Колку дена уште имате овде работа?
— Уште една недела.
— Значи, да ве чекам, сигурно доаѓате.
— Повеќе од сигурно.
По една недела од таа средба дојдоа кај мене да ги доземат парите што им ги должев и да ги извадат даските и потпорите на плочата. Кажаа де а ќе продолжат да работат кај зет ми и сестра ми во Лагадин, додека да се покрие куќата, но не можат да ми ветат дека ќе продолжат со работа и кај мене, потоа.
Синовите наводно настојувале да одат да работат сите тројца во странство.
Најважното заврши. Градењето на куќата тргна. Но што натаму? Да се продолжи и како да се продолжи?
Да прекинеме со градбата?! Но, куќата ти била нешто само по себе голема обврска. Кога ќе почнеш да ја градиш, како таа да те зема во своја власт, те врзува и не те припушта дури не ја доградиш. Така се градеше со пари за кои плаќавме огромни камати, со кредити, но не се откажавме. Ја покривме. Куќата имаше покрив. Имаше и врати и прозорци. Задолжувањето на семејството ги надмина сите реални можности. Синот и ќерката, покрај редовната работа, работеа и дење и ноќе, а нивниот труд, иако во областа на културната сфера, беше макотрпен.
Бидејќи претходните мајстори дефинитивно ми откажаа, најдов друга група - татко и три сина. Во тоа време, пред дваесетина години, не беше лесно да се најдат добро обучени мајстори. Тоа најчесто беа луѓе кои од генерација во генерација го наследувале градежниот занает, па го научувале кој колку можел. Повеќето од нив, луѓе од селата. Мајсторот се договори со мене да продолжи со градбата и на лист хартија потпишавме колку пари ќе треба да му платам за да го изградат другиот кат со бетонските столбови и втората плоча. Тој предложи паралелно да се 5идаат и зидовите. Ми напиша кој материјал да го набавам и колку. Бидејќи веќе ги знаев повеќето од стовариштата за градежен материјал, тоа не ми беше тешко.
Купената роба ја носеа до куќата и ја истоваруваа.
Уште при зидањето на првиот зид, кој беше долг единаесет метри, бев задоволна од работата на мајсторот. Откако ќе совидаше неколку реда од циглите по целата должина, излегуваше надвор да види дали е добро тоа што го сработил.
Секој ден работеше скоро цело време со едниот син, кој не беше полнолетен. Тој ги носеше тешките цигли, по една од левата и десната мишка до првиот кат, качувајќи се по провизорно искованата дрвена скала. Јас го укорував татко му дека тоа е претешко за момчето, но тој само кратко одговараше:
— Нека се учи. Да види како се заработува лебот.
Циглите ги имав купено, прва класа, од едно стовариште каде што го набавував скоро целиот градежен материјал.
Сопственикот толку стекна до верба во мене, што не ретко ми даваше и на почек, а ми даваше и најквалитетни материјали.
Можеби ме сожалуваше како жена што сама сум се зафатила со таква макотрпна работа.
Градењето на столбовите веќе одеше полесно, бидејќи се надоврзуваа на претходните, и соседите не можеа да ни прават пречки. Кога и тие беа готови и помина потребното време да се исуши бетонот истурен во нив, мајсторот почна да го 5ида и предниот зид, со поглед кон езерото. Тоа беше покомплицирано, бидејќи поголемиот дел од 5идот беше планирано да биде од дрвени рамови и стакло, а на делот од влезната врата да се остави отвор за прозорец, како и на 5идот од бочната страна на зградата, од кој прозорец ќе има поглед кон малата улица.
Откако сето тоа беше завршено, мајсторот најави дека по три дена ќе ja прави втората плоча. Јас, кога ги постави потпорите за плочата и искова даски, како подготовка за армирање, му кажав дека ќе го повикам истиот тој армирач, кој работеше на армирање на првата плоча. На тоа мајсторот не реагираше сосем отворено, но изрази некое незадоволство, како да сметаше дека сам може да ја заврши таа работа. Но јас со тоа не се согласив, само му реков дека сама ќе го платам армирачот, и на тоа заврши разговорот.
Отидов во селото каде живееше армирачот и го убедив да дојде да работи и на оваа, вторава плоча. Тој, иако се колебаше, дојде, и пак бев спокојна во врска со армирањето.
Дојде и денот за поставување на плочата. Со моето неискуство, не можев да оценам колку мајсторот е подготвен за оваа не лесна работа. Но тој искористи една огромна талпа, што јас ја имав купено порано, на барање на претходните мајстори, ја прицврсти и на неа постави макара по која ќе врви сајла, на која ќе се врзува железна количка. Таа претходно ќе ja полнат работниците со смесата од цемент, веќе подготвена во мешалицата, што веќе ја имаше донесено со комбе. Потоа ќе се крева и ќе се истура врз арматурата. Таа дигалка што ja движеше сајлата работеше на струја, колку што разбрав.
Синот на мајсторот и уште еден работник стоеја долу покрај електричната мешалица. Ја полнеа со потребниот песок и цемент, и кога ќе беше смесата готова ја полнеа количката, ја врзуваа со јажето на кое имаше прицврстено даска како подлога за количката. Таа ја пречекуваше мајсторот и ја истураше на местото, каде полека се формираше плочата. Но не помина многу време, нешто во апаратурата горе куршлузираше и работата мораше да прекине. Некој дел однесоа на поправка, па по извесно време го вратија и продолжи работата.
Облачноста на небото стануваше се поголема.
Почна да врне. Набрзо се јавија и грмежи. Дождот стануваше се посилен. На моменти, како да паѓаа и громови во непосредна близина. Мајсторите искиснаа до гола кожа. По такво невреме истрчав кон една од комшиките, во дуќанчето што се наоѓаше наблизу.
- Цвета, - реков, - се става плоча на куќата, мајсториве искиснаа до гола кожа. Да не имаш некоја празна од најлонските големи вреќи, па да исечеме отвори колку да спровнат глава и да извадат раце, те молам. Гревота се луѓето.
Цвета, добродушната моја комшика и пријателка, крена раменици и рече:
- Барем една нема празна.
Со трчање по невремето се вратив до куќата. И поради тоа и поради опасноста од громови го убедував мајсторот да прекинат со работа, на кое тој дури грубо ми одговори дека е непишан закон, кога се поставува плоча, не смее да се прекине со работата.
Не поминаа ни петнаесетина минути, еве ти ja Цвета дотрча, носејќи три големи вреќи, веќе беше ги пресекла како што реков Јас кога бев кај неа им ги подадовме на мајсторите, каква-таква заштита.
— Не бев мирна откако дојде. Си мислев што ќе прави KyTpa жена по ова време, кај ќе бара најлонски ќеси, па изнајдов празни кутии и помали кеси, ја испретурив робата, се снајдов некако, а еве донесов и помали ќеси за на главите.
Ја испрегрнав Цвета и чувствував дека се додека има вакви добри луѓе, човек не останува сам.
Откако замина Цвета, уште повеќе се зголеми па Ѓѓањето на громови, или мене така ми се чинеше, но мајсторот не ме слушаше кога настојував да ја прекинат работата, дури викаше дека ова е добро за самата плоча, која требаше да стои водена некое време, пред да се извади оплатата и потпорите, а и после секојдневно треба да се потура со вода. Не само што јас се плашев, туку постоеше реална опасност по животот на тие луѓе.
Не беше уште престанал дождот кога заминаа мајсторите. Во тоа малку време додека ја заклучив влезната врата и портата во дворот, толку силно заврна, што едвај успеав да истрчам до блискиот ресторан. Буквално влетав внатре, а од моето палто и коса течеше толку вода, како да сум пропаднала во езерото со се алишта и кондури. Кога ме виде сопственичката на ресторанот Рада, се растрча околу мене, викајќи:
— Леле жено, леле комшике, ќе се разболиш. Веднаш слекувај го палтото и фрли го на радијаторот, вади ги кондурите, чорапите и стапни боса на мермерот, оздола е пуштено парното, топол е.
Грабна две големи крпи, ми ја бришеше косата и ми Ја триеше главата да ми се затопли. Потоа со сува крпа ми ја завитка главата. Некако си дојдов на себеси. Се приближи и Бранко, нејзиниот сопруг. И тој ме искара но, и самиот градежник, знаеше какви се непредвидливи работи се случуваат кога се гради куќа. Брзо потоа, откако им кажал на келнерите, тие сварија чај... Па уште еден. Останав тука до доцните часови, и пред да затворат, веќе со исушените алишта и кондури, со такси заминав кај пријателите каде што спиев. И таму, иако доцна, и тие мои драги луѓе ме дочекаа будни и во затоплена соба.
Како би можела да ја заборавам добрината на овие луѓе, од овие мои блиски семејства... Ме топлеше, не само тоа што ми помогнаа да исушам се што беше водено на мене, ме стоплија, а другите ме дочекаа на нозе, загрижени зошто уште ме нема во ова невреме, но повеќе од се ме топлеше нивната добрина, нивната човештина. Јас нив не одамна ги запознав, но брзо ме приближи кон нив нивната племенитост, што зрачеше од нивните очи, од секое делче на нивното лице. Нивната работливост, нивната неуморност во работењето, нивната њубов кон работата што ja работеа, ме исполнуваше со почит кон нив.
ОСТ гео оШшоо зн |очп тоинп2зап и г “Доап копот ри рУКУ РАрто ер. Тре рЖоП аорне он ОН "етеГоИ По еТетооп оШшк оШоо РТРЖКУЈ
"РОН ОЧ ИЈШКП ИТ РГ ОНООНПО “РТРУКУ ПО 91ИЕоБАИУ ОП И И РП педоџ Гол. “итноиКуоп инГотооподов отиз попич ит гло "ИПИНКЕИ БИ ИОЖОН 99 РХОП ГоГ2ИИ граЌаочоп И зн Го, “еТемки По оТИи“оБАИУ ТРЕ ИТ РП ихБИНОЕТ2ПОО алиншанРдоп ен ртенинкод Гом оо шето |, "Т20Нои12пПО2 РННИН епенето РТемКУ и еунео Кхоап инотешиои д1иеп “НеШтиптоп пио онтоконкоп Ќуоап тодоно топ “етеноп опидоноЛоп еј техонпе ХХоа|Т "опропоќ и Ро оФ| "оЈИУхБИНОЧТоПО2 09 1ЈХРЕТНОМ ноЈмодИП оч 1епГоп еп охем теедииаофни 99 рп Ки. “опепоап 99 еп РТемКу рхро ОНИоОЖОО Гом “ртрнинпоа рН Терхедоо 99 Аи он РП геаКтаовноооп ил потеГиап ГожоН "пиахо он “отодаса ГеЃДзоп “омки рДето рчрпоац 29 РХОГ опрДОЕРА “ипатипоад о1иоа2 1р1900п ИТ РП ре НЕ Тео ПО ОНПО оЧ “оО120 ОТОоНПОа оп е(ишетоон ргенеГоТ 2 И “ТРРЕАГОЖШ ИТ РП оГрХРО оХоЧ ИОМ “РПОП иа 023 “ОН "еЕпЕенаат, ки оОдооОП ететоора "ии Ддолшки Р120Г ои хопнИаП “от2о и охвит иа.
онжодоГФачх он 1недол22д копот он имГеаќику "отоЧТоГоТиИТоОоЛК оа ТРеТооРа РП оГрНЕОЦ РОТО|| "ИдРЕП РМЌ2 рН2ЗЧЕИ ТРПОЈШРЕ РН И Тр ора РП о2Гропоќ “РТООРа рмБиеиИф рол и о120Б “РНПАТОХРИ
0) "ИЧоО2Ќ оприон оп99 ооНПОа оч Гом ре “Ттониж Чеоопоп имГеаро “ени.1Х1. оч оГеникРрЕ ИНИПОТ ИГРИ ЕН ПО РГРД и оУнеДЧ "РОД гр. он те. теиоп Хи он егежку ен онечрпоап отонпеќаноно РЕ ОПИ12Р1Ч0 01 О1Ш рНИНПОД НОП "ОПРеПоаЦ 99 РП оЖОоК РУХОП ЗпоПоИИ зн и 2ИЈ Р “рГЕТеПОАП етромку ее и “ичЧежат инкопроп оч и оти “опижеОо 99 “РТеУКУ опипоиоРН РЕГ отипотипоа по иох “иа1299 иа. “отихвиноат2По") "инипоЈ ени1о029ИдИТав Кигеи ен “Гохин ипиноаа12ПО2 оТиншонРраоп по онрочиж о2Шекон вон оч и овап онеГеат оп по отоо ргепоп РЕ | "ото осо ГоЃаоп имКу ижоа 1 зтиТет2Ген ПО еНПо опипкУ ро ЕГетед и очнеда Бидејќи беше само на неколку стотини метри подалеку од мојата куќа, и исто така близу до езерото, често поминував крај неа.
Веднаш до дрвената куќа се наоѓаше цврсто градена двокатна куќа, на аголот каде се поминуваше кон улицата по која се одвиваше сообраќајот, кон центарот на градот. Приземјето на куќата беше обложено со камен. Во неа живееше една возрасна жена, а нејзините две сестри беа мажени со Срби и живееја во Белград. Оваа жена, после претрпена тешка сообраќајка, делуваше во извесна мера како непресметлива. Но никогаш никој не беше сигурен дали таа се преправа, за да ги користи паричните средства за инвалидитетот. Во различни ситуации оставаше различен впечаток. Убаво се облекуваше, дури и со скапа облека, правеше фризури кај најскапите фризери, ја посетуваа различни луѓе. Дури успеа и да се омажи за еден воен пензионер.
Нејзините сестри со семејствата доаѓаа во летните месеци на одмор, бидејќи куќата што беа ја наследиле од родителите, со меѓусебен договор, им беше поделена на три сопственички делови, еден вид како еднособни станови.
Новите соседи го изменија целиот нејзин жибот, бидејќи во меѓувреме беше починал и мажот и, и беше пак сама во таа голема двокатна куќа.
Откако разбрав за новите сопственици на старата дрвена куќа, Бранко и Рада, поминувајќи по неколку дена покрај неа, забележав дека целата беше обоена со дебел слој мрсна кафена и темнозелена боја. Наскоро малото куќарче од камен, кое постоеше на предниот дел од дворот, се видоизмени. На предниот негов дел беше поставено стакло со дрвени рамови и тоа беше набрзо оспособено за подготвување и продавање на сендвичи. Толку многу заинтересирани млади луѓе се јавија да ги купуваат, така што мајката и двете ќерки не можеа да престасаат да ги услужат. Набрзо во продавничето вниманието на минувачите, посебно на децата, го привлекоа и сладоледи, со најразлични бои и вкусови.
Веднаш потоа дворот беше покриен со големи плочи и околу плочите во големи саксии најразнобојни цвеќиња. Набргу на него беа распоредени маси и столици. Почна да се служи кафе, сокови, пијалоци. По некој ден забележав тенка декоративна настрешница од платно, за да штити од сонцето, кое во летните месеци премногу силно грееше. Кој не би сакал да се освежи, тука покрај самото езеро, да приседне на кафе и ладни сокови и пијалок.
Секојдневно, се повеќе се уверував дека ова семејство живее во вистинска хармонија и совршена организација. Дури и за најмалото осумгодишно синче имаше работа. Ги собираше чашите и чиничињата од масите и ги забришуваше, внимателно и педантно, масите. Еден ден, пиејќи кафе во ресторанот кога го пофалив, малиот ми кажа дека за оваа работа добива и хонорар од родителите. Имав резерва за овој третман на децата од родителите, бидејќи сите беа ученици, но кога разбрав дека сите три се истовремено и одлични ученици, го сменив тоа мое мислење.
Постепено во ова кафуле, кое очигледно прераснуваше во ресторант, почна да се служи и храна. Тоа привлече уште повеќе луѓе и во текот на целиот ден и до доцните вечерни часови. Се вработија неколку келнери, готвачи, хигиеничари, сметководители. Со квалитетот на тоа што тука се подготвуваше, и како се послужуваше, стана едно од најпривлечните места во градот.
Децата веќе поминуваа во повисоките класови на школувањето, требаше повеќе да се учи. Но бидејќи секојдневно се подобруваше материјалната состојба на родителите, тие беа ослободувани од обврските дома, освен ако и самите не сакаа да помогнат во слободното време.
Дојде и времето кога двете девојчиња заминаа на студии, едната во странство, другата во Скопје. Остана синот, кој беше ученик.
Во тој период им помогнаа и некои крупни настани, нешто што подолго време се насетуваше, посебно по смртта на претседателот на државата, Тито. Се распадна државата Југославија на деловите што ja сочинуваа. Нај прво се одделија двете најсеверни републики, Хрватска и Словенија. И како по инерција, сите останати. Некои на мирен начин, некои со вооружена меѓусебна борба, со жртви. На крај, за наша среќа, без воен судир со било која од републиките и покраините, и нашата држава Македонија стана посебна самостојна република. Тоа се оствари на мирен начин, со изразена слободна волја на граѓаните на референдум. Киро Глигоров, кој беше во врвовите на власта на ниво на Југославија, даде голем придонес да не дојде до крвопролевање, туку осамостојувањето да заврши со договор. Се изместија многу крупни нешта во нашите животи. Се поставија граници меѓу новите мали држави, што порано ги немаше.
При првата можност слободно да се патува, до патуваа од Србија двете сестри на сосетката на новите сопственици на старата куќа. Тие се исплашија од новите граници меѓу Србија и Македонија и опасноста во иднина да се загуби можноста за користење на нивната куќа, па дури и сопственоста. А и воопшто за преминување на границите. При тоа доаѓање едната од нив му го продададе својот дел, апартман од куќата, на Бранко. Токму тој, со прозорците од кои имаше поглед кон езерото.
Не помина многу време, Бранко и Рада, од апартманот, кој очигледно не беше мал, со преградување оспособија неколку помали апартманчиња и почнаа да ги издаваат на туристи.
Претежно странци.
Како што можеше и да се очекува, наскоро и втората сестра, која живееше во Белград, им го продаде својот дел, апартман, на Бранко и Рада. Така тие станаа сопственици на двата дела од таа куќа. И тој дел беше преадаптиран за издавање. Остана само Фиме во својот апартман, во третината од куќата, кој имаше посебен влез од другата улица, што не минуваше покрај езерото.
Со осамостојувањето на Македонија како посебна држава, со свои граници, сестрата која остана и натаму да живее во куќата се почувствува уште повеќе сама, понезаштитена и новите соседи и станаа второ семејство. Посебно што и здравјето со стареењето и попушташе. Добро и дојде и редовната исхрана во ресторанот, така да се каже во нејзиниот двор. Така и поминуваа неколкуте години пред крајот на животот. По нејзината смрт, наследниците им го продадоа на Бранко и Рада и третиот апартман од куќата.
Дури не беше и за верување дека така ќе се сложат коцките на животните судбини на овие семејства.
Влегувањето во ризици во животот некогаш може да биде исплатливо и да ти се врати со голема повратна добивка.
Некогаш може многу да загубиеш. Но паметната инвестиција која ја направи семејството на Бранко и Рада, сметајќи на сопствената умешност, креативност, а пред се неуморна енергија, придонесоа на брегот на езерото, каде се наоѓаа старата и поновата куќа, да изградат огромен трикатен хотел со ресторант.
Сите деца им завршија факултети, со посебни професии што си ги одбраа, но се уште им помагаат на родителите, работејќи во оваа прекрасна градба покрај езерото, веќе и со сопствени семејства. Тука се вработија и многу други луѓе. Во неа уживаат не мал број гости, домашни и од сите страни на светот.
Кога одев да ги посетам долгогодишните пријатели во чија куќа летувавме четиринаесет години, минував покрај хотелот и се радував на се ново во него. А таа куќа беше непосредно до хотелот. Сопственичката Невена, која секоја година не дочекуваше со исчистени, средени соби, постелнината блескаво бела, испеглана, ми беше како блиска роднина. Ние секогаш кога доаѓавме на летување, сакавме да бидеме во приземјето, бидејќи само ние престојувавме во него.
Ниту една од собите што ги издаваше на туристи не остануваше празна, ни еден ден преку летото. Вредна, пргава, постојано насмеана, педесетина пати на ден се качуваше и слегуваше по скалите на горниот кат. Сите требаше да бидат услужени. За сите имаше по некој убав збор. Дури и от кога ја оспособивме нашата куќа, не можев да не наминам кај неа да испиеме макар по едно кафе, на масичката во нејзиниот секогаш грижливо измиен поплочан двор. Гостопримството и дружењубивоста на Невена се пренесе и кај нејзините деца и внуци. Потекнуваше од видно семејство. Нејзиниот брат беше еден од најстарите познати фотографи во градот, а во семејството повеќето од помладите беа се здобиле со високо образование. Нејзината ќерка, која живееше во Скопје, беше една од најблагородните и најнеобичните жени што ги бев запознала. Сама изгради куќа во Нерези. Немаше човек во селото, па и во околните села, што не ја почитуваше и не ја сакаше. Во годините на осамата наслика повеќе пејсажи. Велеше, - нешто да остане по мене — како да знаеше дека нема долго да живее.
А сега, пак за мојата куќа.
Кога се ослободи од оплатата и втората плоча, а беа извадени и потпорите, заминав за Скопје. По неколку дена ми се јави по телефон мајсторот, и вели:
- Газдарице, има преостанат материјал, зошто да оди фира, да ги направам и другите столбови за нагоре.
- Слушај мајсторе, знаеш дека немам воопшто пари, нема да можам да ти платам. А и уште не сме решиле кога и што ќе правиме натаму. Децата ќе ме караат.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/house-on-the-lake-mac/8 le 29 octobre 2026