Front Matter - Part 04
Следното неопходно прашање, канализационата цевка, се реши на сличен начин. Притоа, требаше да го прекопаме целото задно дворче, додека ја најдовме одводната цевка од големата куќа, за да се приклучиме на неа.
Соседот и сосетката неколкупати се обидуваа да го спречат тоа копање, со викање, со кавги, со заплашувања на мајсторите кои ги бевме ангажирале, но не успеаја.
Фидот, кој го имаа наполу срушено соседите, кој се граничеше со нивниот, докрај го совидавме. Керамидите ги прередивме во присуство на седум-осум наши пријатели, за да ги оневозможиме соседите, заради присуството на повеќе луѓе, да прават и натаму проблеми. Така куќата стануваше до некаде куќа за престојување и за одмор. А веќе се навлезе во вториот месец од летото.
Тукушто вратена од Охрид и среќна, бидејќи куќата доста се реновира, им раскажував на децата дека сега таа има сосем друг изглед, дека луѓе под застануваат за да се уверат дека е таа истата куќа. Тие со њубопитство ме слушаа и се радуваа заедно со мене.
Доцна вечерта, пред да си легнеме, синот ми рече малку уплашено:
- Мамо, тато мене и на сестра ми ни предложи да одиме со него на летување во Грција, петнаесет дена. Ке не пуштиш, нели?
Не знаев и самата како се воздржав да не се развикам.
Колкупцати го молев Митко, наместо во Охрид, да одиме на летување во Грција или на било кое друго место, на море. Тој не сакаше ни да слушне. Што е ова сега, за инает ли ми го прави?! Но во моментот сфатив - не е криво детето! Во ново настаната ситуација децата бараат од мене согласност да одат на одмор со својот татко. И секако треба да ја добијат.
— A кога да одите? - реков.
— Cera в петок, - одговори син ми.
Тогаш дојде и ќерка ми од спалната и, како да е виновна, праша:
— Мамо, нема да се лутиш ако одиме?
— Не, зошто да се лутам. Знам дека ви е здодеано секоја година да летувате во Охрид, а јас таму имам уште многу работи да завршам. Таман ќе биде готово додека да се вратите. [1a од Грција, право во Охрид.
И двете деца почнаа радосно да ме гушкаат. Нај прво, веројатно, ослободени од тоа што не им се налутив, а потоа, зашто за првпат ќе одат на море. А и тоа што ги пуштам со татко им на летување.
Бев свесна, немав право да ги задржам. Истовремено бев среќна дека тие одвреме навреме се сретнуваа со него, дека не се отуѓија од татко им. Тој им даваше и пари, онолку колку беше во можност, кои тие секогаш ги носеа дома, ми ги даваа мене, сфаќајќи дека треба да ги трошиме за заеднички потреби.
Децата во петокот заминаа со такси кон Железничката станица, каде требаше да се најдат со татко им и да отпатуваат на одмор.
Откако ги испратив и влегов назад во станот, тој ми се виде сосем празен. За првпат откако Митко си замина, заплакав.
„Животот е многу суров“, си мислев, „ни за една најпосакувана работа што ќе ти се случи тој не те остава докрај да се изра дуваш!“ На моменти ми се чинеше дека ова што се случуваше во мојот живот е нешто што им се случува на некои други луѓе, а не мене... дека на ваква постапка Митко, после толку години среден заеднички живот, не би се решил. Но ете, неочекувано, ни во најлошата фантазија што не би помислила, дојде тоа лошото и кај нас. Ќе се врати ли претходниот хармоничен живот - не знаев. Ми беше жал и за децата. Во најубавите години - вака растргнати меѓу мене и татко им, поради што?
Причината е бесмислена... Нешто што е прекрасно -испревртено е во неговата глава во нешто сосема спротивно на тоа. Ништо друго не ми преостануваше, освен да се надевам.
Таа надеж и ме одржуваше. Во тоа ми помагаше и пријателот, психијатарот.
Сите најблиски од семејството, кои разбраа за овие случувања во нашиот семеен живот, а и многу од пријателите, не можеа да поверуваат. Некои се обидуваа да го убедат Митко да се врати дома, но очигледно тој уште не беше подготвен за тоа.
Неговите сестра и зет ни еднаш не кренаа телефон што било да прашаат. И јас не им се Јавив. Знаев дека никогаш нема да им простам.
При секоја средба со психијатарот, тој ме уверуваше дека е блиску времето кога Митко ќе ни се врати, мене и на децата.
Но, тоа... веќе многу продолжуваше. На моменти како да почнав да губам надеж. Грч ме фаќаше во целото тело при помислата — што ако тоа никогаш не се случи. Повеќепати му предлагав на психијатарот да договори да се сретнеме со Митко во негово присуство, но тој сметаше дека Митко се уште не е подготвен за таква средба.
- Јас ќе оценам дали дошол моментот за тоа, - одговараше психијатарот.
— Ho ти не сфаќаш дека колку повеќе ja одлагаме таа средба, имам чувство дека тој се повеќе се од далечува од мене, - му велев.
И покрај тоа, психијатарот остануваше на својот став. Јас понекогаш размислував дека треба да го пресретнам кога ќе излезе од работа, но се плашев да не го изнервирам повеќе со таквата постапка. Можеби најважно од се беше тоа што тој не се оддалечи од децата. Со секој месец тие стану ваа се позрели.
Ни во еден момент не ме обвинија мене за тешката ситуација во која сите се најдовме. Редовно одеа на средби со татко им и не по малку го сакаа, отколку кога беше дома.
За жал, и по последната средба со нејзиниот пријател, психијатарот, Виолета не се понадева дека работите ќе се средат во блиска иднина. И самиот тој, како што рече, не очекувал дека ваквата ситуација толку ќе се одолжи.
Виолета не беше сигурна дека постапува добро што го слуша психијатарот, кој ја посоветува да не му се јавува на Митко извесно време и да не бара да поразговара за се што се случи - поради кое тој беше повреден. Можеби ќе можеше да го убеди дека во ниту еден момент не помисли дека со оваа своја постапка во врска со купувањето на куќата, без да дочека тој да потврди дека се согласува, толку ќе го навреди. Тој сигурно се сеќава дека таа самата ги купуваше и првата и втората кола! Тој едвај чекаше таа, наместо него, да се ангажира околу крупните набавки. Велеше дека не го бидува за таквите работи. Можеби ќе може да сфати дека најмалку се работи за тоа, дека го понижи на тој начин, туку веруваше дека ќе биде пресреќен, бидејќи и самиот тој е вњубен во Охрид. А во врска со парите... таа не ги криеше со зла намера. Тој ќе мора да признае дека, ако знаел за нив, досега кој знае колкупати ќе биле потрошени, а факт е дека живееја пристоен живот, за ништо не оскудеваа.
Следниот пат кога ќе оди кај лекарот, сето ова ќе му го изложи и можеби самиот тој ќе го смени мислењето. Од друга страна, оваа нејзина пасивност можеби на Митко ќе му се чини де ка таа признава оти тој е во право. А што ако си помисли дека е рамнодушна кон фактот дека тој си отишол од дома, дека престанала да го сака?!
Пред неколку дена, кога заедно со децата ги подготвувавме патните торби за одмор во Грција, јас, неочекувано и за самата себе, ги прашав:
- Дали вие двајцата некогаш сте помислиле дека веќе не го сакам татко ви?
Синот и ќерката најпрво се погледнаа меѓу себе, а потоа веднаш се нафрлија врз мене и со гушкање извикуваа:
— Не мамо, никогаш!
Тоа го направив потсвесно, како да верував дека, бидејќи ќе бидат подолго време сами со татко им, можеби ќе можат да му влијаат. Да го уверат дека можеме да живееме како порано, заедно, како семејство. Иако тоа не им го кажав отворено, си мислев дека децата ја сфатија мојата порака. Не знам зошто се понадевав дека од одморот од Грција децата ќе си дојдат заедно со татко им дома, дека тие ќе го убедат. Но, тоа не се случи.
Митко не си дојде дома.
Тоа лето, за првпат, воопшто не дојде во Охрид. Што да им кажам на најблиските пријатели? Немаше друг излез, смислив лага: има проблеми со кичмата и лекарите му наредија да лежи!
Јас и децата моравме да се навикнуваме да живееме сами.
Синот и ќерката, по враќањето од Грција, веднаш посакаа да дојдат со мене во Охрид. Можеби им беше жал дека во сето ова време одам таму сама.
Отпатувавме по неколку дена. Кога дојдовме и застанавме пред куќата, на ќерката и синот не им се веруваше колку таа беше изменета.
- Како да нее истата куќа! - извикаа во еден глас.
- Мамо, колку си успеала, и покрај сите пречки, да ја дотераш!
Веќе може да се живее во неа...
Другиот ден почнаа да му се Јавуваат на татко им, да го викаат да дојде да ја види куќата, се фотографираа пред неа и му испраќаа фотографии...
Но, Митко не дојде.
Враќањето на Митко дома се случи неочекувано, исто како и неговото заминување. Едноставно едно попладне, во приквечерината, пред куќата застана такси-кола од која излезе Митко, возачот го отвори багажникот и му ги подаде куферите што беа сместени во него. Потоа слушнав како влезе во дворот, ja отклучи влезната врата и влегувајќи, ги остави куферите во претсобјето. Прилегнав на каучот во дневната соба и не се помрднав, преправајќи се дека спијам. Срцето силно ми тупкаше и со голема брзина решавав како да реагирам. Митко влезе на прсти, тивко, кога виде дека спијам ги премести куферите во спалната. По извесно време слушнав како се тушира во купатилото и сфатив дека си дојде дома.
Наскоро дојдоа децата.
Јас го искористив тоа, правејќи се дека ме разбудиле. Тие се однесуваа како возрасни и не покажаа никакво изненадување, како татко им да се вратил од службен пат. Почнаа да му раскажуваат по кој предмет во училиштето како поминале, какви биле наставниците, кои им се плановите за натамошното школување. Се обидував да не се сретнам со неговиот поглед, а и тој исто така. Прет поставував дека го одбрал овој начин на смирување посоветуван од лекарот, нашиот заеднички пријател.
— Koj ke помага за поставување на масата за вечера, - собрав сили да проговорам, - а кој ќе прави салата?
Децата се стрчаа во кујна и почнаа да носат чинии, виБушки и ножеви, чаши, а Митко влезе во кујната да прави салата, која редовно ја правеше пред јадење. Ќерка ми пушти програма на телевизија. Имаше реклами за тоа каде да се помине одморот.
- Тато, - рече ќерка ми, - оваа година нема да се противиме, како други години, ако речеш дека ќе летуваме во Охрид! Ем нема да даваме пари!
Сите се насмеавме. Почна убава музика на програмата, како да ja порачавме.
Следните денови сите се обидувавме да го продолжиме живеењето како разделбата да не се случила...
...Иако бев подготвена, со последното телефонско јавување на психијатарот, во целото ова време откако се врати Митко, се осеќав како во некој вртлог.
...Пред неколку дена, кога го слушнав гласот на психијатарот по телефон, се исплашив. Подолго време не бевме се чуле. Си помислив нешто лошо да не се случило со Митко. Но, тој тогаш всушност ми најави...
- Имам добри вести за тебе, драга Виолета. Пред малку кајмене помина Митко, ненадејно. Спиел непрекинато многу часови.
Кога се разбудил, излегол од дома. Толку бил отсутен, што за малку ќе го изгазела некоја кола, која со голема брзина поминала покрај него. Помислувајќи си што ќе му се случело ако не отскокнел брзо настрана, кога се прибрал од овој шок, седнал на некој тротоар, и целиот негов изминат живот како на филмска лента му поминал пред очи. Кога дојде кај мене сиот задишан, од врата ги кажа овие зборови... „Можеби и Виолета многу погреши, но јас премногу жестоко ја казнив. И неа, и децата. Се плашам дека враќање нема. Не верувам дека Виолета ќе ми прости.“ После овие негови зборови, што ги кажа на еден здив, долго мислев што да му одговорам. Тогаш реков... „Ако таа се уште те сака, и ти неа, мислам, простувањето само од себе ќе дојде...“ Неговото лице се поразведри. Пред било што да додадам, излезе од ординацијата. Што ќе одлучи сепак не знам...
Јас молчев. Врската се исклучи... Јавувањето на лекарот го слушнале децата... возбудени, тие веднаш почнаа да ме гушкаат. Потоа се растрчаа да суредуваат по станот.
...Зарем на лекарите наградата е само во парите? Пак имавме семејство...
"РНОП (ОП КО он о1ШК РХоОП ИпзИИ и хеп ини “оиноцАЈаН 09 ариКхово БГ и Хеадивнаон 99 2рГрхоп рите 2 имГопоч он “ИГРА иЈќаП оп и енопиИто 9 РХОП НИПоИИОП и") "оШеион ЕГрозн "еноБЌИУЕЕ 9ШоОО РТРУЖКУ "ПИДХО Ре нениире 2ЌОоо1аР ТоИЧАП 09 “РТООРа ргенаоОжкио 09 “итАвеес имГопиЧ гран
03 1Хетном он ГрП (ОП еп охехин аожок он он “ЧеДинаон 22 Ктонуј "еЕКЕЌИ9 99 ош ноене 2Н "нофокол оп иеГиооп РГрп ненопоќ он зеГ инозрв оХоНОП ро1 2ПоО|1 "епечКќлинчоц РГ он “РнопГОП 9 ОП РЕ и еНОП ГОГ 9 ехо рпИНЕГИАП 99 РГом Гом ртехТретодлоз он “опраќтон си и опреиКлопе онеГоТ зо оЈХЈГ "топоТеТо2Т оа ен е1омТетоамоо Ге ин иААП овоа РП рГОЖОИ он ош 92 рХОП РДинофокол.
ии ене(Оиуј “езекв РАП ОП “ОН "оАТЌЕН 1о2РЕ 190491 ОН ОТоИНРДОО?)
оа РЕШОП ото “опиИаоЧаотот озиадо 92 о1Ш охеу “ик РА1297)
"ОТОНПГРИПОП идкп чечктепоТТ "иепо еп чожои он и оШо.) он етооРА РрнооОЖКИо РНЖОШТОЗН 09 РНЕЖА ПЕЕ Ч90 2рГ "оТоИнНоШоа ом ОТ РП ПИАХО он еаЌтепто генЕ(Џаи|Ј ик гДат292 “оТоаТк “но Гој, гонраЌлопеи грн нерчКТепо тепОРЕ 29 Ки итепкииоч оене Гом “ИЧОТ оо, инБИХОМ 91ИЖоИРАГ он охруј "ено иа оп отоинотоа оп еп ГоГ е оинидоноТоОП 97) "епКосон ен хикоси Гол он иенхеоѓи 01 он РГ нежапеовн 22 Гечпо "ево.
“РНШКИ2 01 ТО ИрЕЌАочоп РП аожои 2Н "РТемКУ ен онрДинР2 ОНОЈ оТОП ре динодоопо 2 И е пита и пгиџзикера аШшоо ГО |, јИБАИО 99 И ОПКЕ РОЈ. “ООН Гом отехрДчен отонпопо иа го(жодоГеах онзважоап гол. “тотов9 оч оноа12НИПо “ОНООПКЕ вол еиЌПАтен ОТ Ќиетен и ЕГО ио он РГоХ “еУКУ РЕГР ОЖРИ “ера. ОН ЕАитооННИ 99 РП РОГОЖ Ре ИТООРа 99 рМОП ЗДдоосБА рп ро "гаќалКи еходитоп 09 “оЈХП инечќеврдооГен и олинпичГен по нопо атоо Гол. “е(ипНнАф оп оро 2Н "онтодочпен 99 Поп “ПопЛеи Теоопоп ги РП рд2ат, “ине.геат и и1оиалт 21И2 ТрраќниИииоП опех “отоДого оп шенпон “е(иник ргевап ен 9 имГапио “епеи ОХРИ “ОУ БЛ, ХОП 1оГРА 1 ен отаинедоо") оч моно Р|ипнАф оп тоиаота иепоОЌ от чеаќПИоо 99 оН2Ќ и ОНоОИЗИП И "РТеУКУ рН онрДиаоноа онпрЏзнолоп ре анрТро Ч0О20НПОП рЈН22Н Тропна влезната врата. Истрчав. Веднаш, по изразот на нејзиното лице, сакав да разберам дали го зела решението. Не ми беше ни важно, во тој момент, зошто задоцнила. Тогаш ми го подаде решението, велејќи - најпосле успеавме!
- Имај трпение, сега ќе ти раскажам што маки видов ова претпладне и зошто досега се задржав. Идам право од Собранието!
- Сакаш да кажеш дека цело претпладне го помина таму? — реков недоверчиво.
— Да, вели. Се досега. Не сум јадела ништо од сабајле, нити нешто сум се напила, ни вода, - рече таа уморно, замавнувајќи со главата.
— Навистина! - свикав. - Дај прво нешто касни, напиј се нешто.
После ќе раскажуваш.
Додека Мирјана јадеше, јас го читав решението. Откако го прочитав, почнав да ја прегрнувам сестра ми и радосно да подрипнувам по куќата.
Мирјана почна да ми раскажува за она што се случувало во целото тоа претпладне. Претседателот неколкупати по локалниот телефон на секретарката и порачувал да чека, дека решението е готово, отчукано и ќе ми биде дадено. Но, тоа не се случувало. Тоа чекање продолжило неколку часа. Таа била повикана кај секретарката и седела кај неа сите тие часови.
Претседателот, при секое излегување и поминување низ канцеларијата на секретарката, се препотувал, изгледал нервозен, лут, бидејќи му било непријатно поради нешто, а што било тоа, Мирјана не можела да разбере. Но, не и рекол да си оди, или можеби утре да дојде по решението. Таа сфаќала дека и тој настојувал токму тој ден да и го предаде, но не знаела зошто не го прави тоа.
Секретарката се обидувала во завиткана форма да и објасни дека решението треба да го потпише уште еден од инженерите, овластен за тоа, но тие сите се јавиле дека мораат да одат некаде на терен... А кога ќе се вратат - и самата не знаела или не сакала да и кажск.
— Изгледа дека намерно избегале, буквално како да исчезнале, откако разбрале за што ги бара претседателот, - со тивок глас и објаснувала секретарката.
- Се приближуваше крајот на работното време, - раскажуваше натаму Мирјана. - Претседателот ја подотвори вратата од својата канцеларија и скоро во лутина и бес, и кажа на секретарката да ја викне инженерката... Но, јас не го запаметив нејзиното име и презиме. Уште, и рече на секретарката да не и кажува на инженерката зошто ја вика. Секретарката излезе и набрзо се врати со една друга жена, веројатно инженерката. Таа влезе кај претседателот. По кратко време се слушна од кај претседателот: „Ти наредувам да го ставиш потписот тука! Тоа е твоја службена обврска!“ Потоа, покусо молчење, вратата брзо се отвори и од неа излета инженерката.
На повик на локалното SBOHYE, веднаш влезе кај претседателот секретарката, го зеде решението и ми го подаде, додавајќи:
„Кажете и на сестрави, на Виолета, дека не ми се веруваше дека толку пипци има пуштено вашиот непријател. Може ли толку зло да има во душата на луѓето? Но ете, има и добри луѓе.“
- Разбрав дека претседателот не сакаше да сфатиме колку тие луѓе околу него имаат негативно во себе и дека и него се обидуваат да го совладаат, дека му се спротивставуваат, не оставајќи го да постапува според својата совест, драга моја сестро.
Битката засега беше добиена. Или барем така изгледаше.
Верувањето на соседот дека со притисоци и најразлични малтретирања ќе не натера да се откажеме од куќата, мислев дека ќе му го сведеме на минимум.
Но, и тој не се откажа од притисоците, заедно со неговата жена.
Од заканите, од штетите што при секоја можност која ќе им се укажеше, ни ги правеа.
Најмногу се плашев мажите да не изгубат трпение и да не дојде до физички конфликт. Се правев тоа да не се случи. Најчесто конфликтните ситуации гледав сама да ги решавам, без нив.
Повикував надлежни луѓе од власта. И тие ми помагаа.
Една од таквите случки беше кога работник се беше качил на покривот на куќата да ги прередува ќерамидите. Јас бев влегла внатре во куќата. Одеднаш слушнав како соседот, правникот, силно му вика на работникот да престане со работа и да слезе од покривот. Јас веднаш се најдов во дворот. Го видов соседот како истрча во својот двор со закана, како да има намера да се врати со пиштол... Тогаш го повикав работникот да слезе од покривот. Во меѓувреме, соседот истрча со копач во раката и се обиде да го уплаши работникот и да го принуди да прекине со работа.
Полицијата што ја повикав веднаш стигна, како да беа некаде во близина. Полицајците божемно сакаа да го приведат, но брзо се договорија - друг пат да се воздржува од на силно однесување.
Неговата жена, пак, при секое поминување крај мене извикуваше погрдни зборови, а понекогаш и плукаше кон мене.
Дури еднаш и уличарски го исплази јазикот, бидејќи стоеше на прозорецот на нејзината куќа и веруваше дека тоа нема никој да го види. Стануваше забавно!
Тоа лето беше дојдена и Милена. Само на неколку дена.
Требало да отпатува во странство, во Шведска, кај својата ќерка. Ќерката беше таму мажена. Колку повеќе ja запознавав, толку повеќе ја засакував таа жена на приближно мои години.
Иако останата млада без сопругот, кој неодамна беше починал, а ќерката се отселила во странство, на целото нејзино лице имаше постојана блага насмевка. Природно русата коса и стоеше како ореол околу главата и сосема одговараше на нејзините подвижни, немирни сини очи. Се смееше гласно, грлато, и ги засмеваше и другите околу неа. Кој би рекол дека има обврска да се грижи за две возрасни жени во Белград, мајката и свекрвата. Истовремено беше вработена во една од нај моќните авиокомпании, извршувајќи најодговорни работи.
Милена дојде да ја разгледа и нашата мала куќа, во која воопшто не била никогаш. И се допадна како ја бевме реновирале. Тогаш ме замоли при реновирањето на куќата да не Ја затвораме вратата кон заедничкиот заден двор, бидејќи друга врата за излегување натаму нема. Не ќе можеме да излегуваме ако за тоа има било каква потреба, пред се за одржување на покривите. Тоа што ја послушав беше многу корисно, бидејќи иако не голем, задниот двор беше неопходен и за малата и за големата куќа.
На старата, небаш мала, дрвена врата, која се наоѓаше на задниот дел од куќата, кон дворот, имаше невообичаен, огромен, старински потемнет клуч, кој зборуваше за тоа дека куќата е градена пред околу стотина години.
Големата куќа на Милена, заедно со малата, била изградена уште додека владееле османлиите во Македонија. Ја градел турски валија од Битола, за да престојува во најубавиот град на Македонија, во Охрид, кога ќе посака, сам или со при дружба.
Куќата беше со огромна стара дрвена порта, со влез од кај езерото. При влезот, скалата се ширеше кон двете страни симетрично до чардакот. Од двете страни на чардакот се наоѓаа дрвени високи врати на четирите огромни одаи и три други врати, две од двете бањи и една од просторијата за остава.
Таваните на собите беа обложени со дрво, на средината со дрвен орнамент. На горниот кат се доаѓаше по дрвени скали.
Таму ги имаше истите соби. На средината, таванот, над прет собјето, беше во форма на кубе, на кое беа вградени десетици застаклени отвори, како прозорчиња кон небото. На сите соби, и на долниот и на горниот кат, патосите им беа од дрво.
Малата куќа била за послугата. А од неа постоела и директна влезна врата кон големата куќа, преку која, без да се излегува во дворот, можело да поминуваат слугите. Вратата во меѓувреме некој ја за5идал. Влезната врата на малата куќа исто така беше многу стара, а на прозорците имаше железни шипки, што ги наместил занаетчијата кој тука живеел со своето семејство, како заштита.
Еден критичен ден, мајстори работеа на поправки на задниот зид, каде се наоѓаше старата врата која решивме да ја замениме со помала и по модерна и за која требаше помал рам. Голем дел од 5идот мораше да се презида. За тоа дека добивме решение за погенерално реновирање, никој од соседите не знаеше.
Тукушто се совида рамот за вратата, од задниот двор дотрчаа соседот и неговата жена, и со раце почнаа да го туркаат рамот.
Јас и мајсторите стоевме вчудоневидени и кога почнавме да им викаме да не го прават тоа. Гогаш дотрча мажот ми Митко, се уште сонлив, кој спиеше во големата куќа и кого го разбудило викање то. Штом ги здогледа соседите како го туркаат тукушто совиданиот рам за вратата и дел од циглите околу него кон внатрешноста на собата, грабна една од огромните цигли и јас сфатив дека ќе ја фрли врз нив, ако во тој момент едниот од мајсторите не му ги фатеше рацете.
Насилниците побегнаа назад во дворот. Самите ќе си ги искршеа нозете низ растурените цигли. Од тој ден како да станаа попретпазливи во искажување на својата агресивност.
За да се реализира реновирањето што ни беше дадено со решението, моравме да спроведеме силно осветлување за време на ноќите и по некој од нас да останува буден, односно да биде дежурен. Ако треба и да спие во дворот на полско креветче, за да не се сруши созиданото. Заличуваше како реновирањето да се одвиваше во време на окупацијата во годините од Втората светска војна.
Со некои од работниците соседите зборуваа во наше отсуство, без да знаеме, па jac и другите од семејството немаше ни да разбереме, ни да сфатиме дека ги убедиле да Ја напуштат работата. А не ретко и ги заплашувале, ги уценувале со животот. И тие напуштаа.
Откако го добивме решението за погенерални по правки и официјално, секојдневно по нешто се реновираше, се поправаше. Еден ден бев останала сама со мајсторите. Во недела. Требаше да ги извадат старите ќерамиди и куќата да се препокрие со нови. Уште не беа извадиле десетина од ќерамидите, некаде кон девет часот претпладне, во дворот на куќата влезе непознат човек. Оздола под панталоните му се гледаа пижамите. Тој се претстави како претседател на Општинскиот суд во Охрид. Јас, бидејќи лично не го познавав претседателот на судот, си помислив дека нешто не е во ред со овој човек. Тој веднаш почна да ми се заканува, мене, но и на мајсторите. Дури им нареди веднаш да прекинат со работењето.
Рече дека има спорен зид, тој што е од страната на соседот, и затоа не смее да се поправа било што од куќата. Со други зборови, куќата што ја купивме била со три зида, ако четвртиот е на соседот, и според тоа покривот на куќата стои на три зида!
Па, поради ова има тужба од соседот и е донесено решение од страна на судот, со кое се забрануваат секакви на тамошни градежни дејствија.
Јас најпрво бев збунета, но брзо се прибрав и му реков дека ниту сум известена дека е покренато такво тужбено барање од соседот, ниту пак сум примила решение за привремено запирање на градежните работи, односно поправките. Но, тој се правеше дека не го слушна тоа што јас го зборував, па и натаму продолжи на работниците и мене да ни прети на висок тон.
Тогаш налутено му реков:
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/house-on-the-lake-mac/4 le 29 octobre 2026