Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

House on the Lake

Front Matter - Part 06

Partie 6 sur 10 · Environ 21 minutes

Lire en English

Независно од тоа, судијата набрзина го заврши претресот. Не закажа ново рочиште.

Пресуди во корист на соседот.

Решавајќи по нашата жалба, второстепениот суд го врати предметот на повторно решавање во првостепениот суд.

Тогаш побаравме да се повика комисија со овластени вештаци од Скопје, да ја утврди фактичката состојба, да увиди дека меѓу нашата куќа и куќата на соседот нема растојание ни десет сантиметри, па затоа, не постои можност со седумдесет и пет сантиметри да влеземе кон неговата, (односно во неговата)

куќа. Благодарение на записникот што комисијата го достави, откако изврши увид на лице место, од кој се гледаше апсурдноста на барањето на соседот, судијата во Охрид не се осмели да досуди повторно во негова корист.

Во тоа време разбрав дека во законодавствата на некои земји постоеле казни за лицата кои покренуваат беспредметни тужбени барања. Ако и кај нас постоеја такви законски одредби, ќе требаше да бидат казнети, покрај соседот, не мал број судии, претседатели на судови, вештаци, сведоци.

Секогаш кога имав и најмалку слободно време доаѓав до езерото. Седнував на каменот на кејот или шетав на брегот, многупати и до центарот на градот, што се наоѓаше недалеку од нашата куќа. Најчесто да се восхитувам на залезите на сонцето, на огромните уметнички пејсажи, распнати меѓу небото, планините и водите на езерото, што може да ги наслика само тој невиден маѓесник природата. Така обземена од овие приквечерни убавини, не бев го забележала еден пријател кој ми се беше приближил, и станав свесна за неговото присуство дури кога гласно го изговори моето име.

- Добро што те видов, - рече. - Сакав да те прашам дали си во тек дека интензивно се работи на новиот урбанистички план, на овој дел од градот во кој се наоѓа и твојата куќа. Куќата може да биде оставена онаква каква што е. Трае дури трае. А ако ја урне Општината, тоа што си го инвестирала во нејзиното реновирање, бидејќи било во време пред да се усвои планот, нема да ти се признае. Што е уште пострашно, ако куќата не влезе во планот, еден ден може да останеш и без куќата.

Тоа сознание ми беше страшно. Неподносливо. Толку жртви за неа, толку соништа по неа и како тоа одеднаш, некој администратор да ја избрише, да ја пречкрта! Добив нервна криза. Тоа не може да биде. Се претворив во око и уво. Кој е тој фактор!? Чиј збор ќе одлучи?! Чиј став дефинитивно ќе ја реши судбината на куќата?! Мојата со неа?! Му се заблагодарив на пријателот и брзо се разделив од него упатувајќисе кон дома.

Најпрво разбрав кој тим на стручни лица го работи Предлог--планот, во која институција.Решив превентивно да делувам.

Само по два дена влегувам во долг ходник, во зграда, таму каде што ми посочија дека ќе се решава најважното во врска со Планот. Во мала просторија седи секретарката. Ситна, насмеана, непосредна. Веднаш, по зборувањето разбрав дека е од мојот роден град. Каква среќа! Кажав која мака ме донесе тука.

— Не бери гајле, — ми рече.- Главниот инженер архитект, кој работи на планот, е исто наш човек.

Го зеде телефонот на локалот, ме најави, кажа и поради што сум дојдена, и откако ме упати веднаш отидов во неговата канцеларија... Уште штом се поздравивме, сфатив дека избегнува да се сретне со мојот поглед. Го замолив, ако е тоа можно, да види кој е статусот на мојата куќа на планот што се подготвува, ако е веќе решен.

Тој, „нашиот човек“, како што го нарече секретарката, го отвори планот и со прстот покажа на Проект-планот, и ми кажа дека куќата е оставена status quo, односно дека е внесена во планот со постоечкиот објект. Откако го препрашав што значи тоа, ми објасни дека не е предвидено нејзино трајно опстанување. Веднаш му реков дека тоа не може така да остане и дека, ако зависи од него, го молам да настојува да влезе трајно во планот. Според неговото однесување кон мене, разбрав дека моите први соседи веќе стигнале и до него, и ми стана јасно дека е поткупен.

Кога се вратив кај секретарката, за малку ќе заплачев. Таа, штом ме виде, веднаш разбра што ми одговорил нашиот сограѓанин. Брзо потоа ми рече:

- Кети договорам да зборуваш со генералниот. Тој е оној што дефинитивно ќе реши. Сега неколку дена ќе биде на пат. Еве ти телефон, јави ми се в понеделник.

Кој друг да барам? Да молам?!

Во понеделникот се јавив кај секретарката да ја прашам дали ми договорила кај „главниот“. Друг женски глас ми одговори дека секретарката е на боледување. И така неколку дена. Сето тоа ми изгледаше некако сомнително. Петтиот ден отидов лично да се уверам.

Влегов во канцеларијата каде што беше работната маса на секретарката. Немаше никој. Се поврткав малку, излегов во ходникот и само што сакав да побарам некого во другите канцеларии, од една од нив излезе човек доста помлад од мене, со куса коса и кожноцрно кусо палто.

- Барате некого? - рече.

Му кажав:

- Секретарката.

- Лично таа ви треба, или?...

— He, - реков,- требаше да ми договори средба со директорот.

- Вие го знаете директорот? - праша.

— He, него знам, - одговорив збунето.

- Јас сум директорот, - рече, се поднасмеа и ми ja отвори вратата на неговата канцеларија, поканувајќи ме да влезам.

Тргнав по него уште повеќе збунета. Седнав на столицата до долгата работна маса.

- Имате многу книги од македонски писатели, - реков, забележувајќи ги наредените книги на полицата зад него. - Да знаев, и јас ќе ви донесев два од моите последни романи. Му ro кажав своето име и презиме.

Тој не рече дека не ме познава и дека не слушнал за мене, но натамошниот едночасовен разговор беше за литературата, посебно таа на писателите од Македонија, од кои некои му биле и лични пријатели. Откако разбра дека сум и новинар, почна да ми раскажува за настани од минатото од историско значење, за кои не бев слушнала.

Тогаш ме праша зошто сум сакала да дојдам кај него.

Во разговорот со овој човек се почувствував како да сме одамнешни познаници. Му кажав дека животната желба, како на писател, на поет, ми била да имам макар и најмала куќа покрај езерото. И таа желба конечно ми се остварила.

- Можеби како награда - од некоја виша сила, — се пошегував, — бидејќи со семејството, без исклучок, секоја година летуваме во Охрид.

- И cera, во штое проблемот? - праша заинтересирано.

- Видов дека вашите инженери мојата куќа не ја ставиле во планот.

- Сигурни ли сте? Кого го прашавте?

— Вашиот инженер Виктор Николоски.

Преку локалниот телефон го повика да дојде со планот. Кога влезе и ме виде, Виктор делуваше како затекнат во нечесна работа. Директорот го отвори планот. Со мала помош, моја и на инженерот, ја пронајде куќата.

— Како токму на поетесава сте и ja избришале куќата? - рече. — Таа ќе ни пишува песни за убавините на езерото и на градот?!

Не гледам дека сте имале објективна причина да го направите тоа.

Зеде фломастер и ја обележа куќата со назнака како на тие другите околу неа, кои се вклопуваат во новиот план, со можност за надградба.

Инженерот отвори уста нешто да каже, но директорот го пресече, велејќи му дека може да си оди. Тој го прибра планот и излезе од канцеларијата.

Имав желба да рипнам, да го испрегрнам тој, до пред малку за мене непознат човек. Му се заблагодарив и му ветив наскоро да дојдам и да му донесам од сите мои издадени книги. Тоа наскоро и го направив. Беше вистинско задоволство да се разговара со тој човек, познавач на многу настани од минатото и сегашноста, за кои зборуваше со аналитичност и многу сликовито.

Донесувањето на планот се провлече доста долго. Некаде пред да тргне неговата дефинитивна верзија на согласност кај републичките органи, наслушнав дека некој подметнал верзија во која повторно е избришана и мојата куќа од планот, односно дека е оставена таква каква што е. И не само мојата. Некои од луѓето коментираа дека таква била судбината на куќите чии сопственици не пикнале пари во џебовите на инженерите ангажирани на изработка на планот.

Уште утредента отидов кај началникот за урбанизам Наум Филиповски во Собранието на Градот, да се распрашам. Се познававме. Штом влегов кај него, њубезно ми рече дека сега ќе оди во Заводот за урбанизам на состанок.

— Дојди со мене, па ќе се увериме на лице место, — ми предложи. - Причекај ме кај секретарката, да завршам уште некои телефонски разговори, па ќе одиме заедно, да се информираме.

Не пречекаа со кафе. Го познавав и директорот на Заводот за урбанизам. Му кажав за што бев дојдена. Тој веднаш, како само пред некоја минута некој да му зборувал за мојата куќа, рече дека, за жал, не е вклопена во планот.

- Нее точно, - велам, - јас со свои очи видов дека беше ставена во Планот.

— Кој знае во која верзија било тоа, - додаде тој и се обиде да се апстрахира од моето присуство, давајќи ми на тој начин до знаење дека состанокот само што не започнал. Но, јас бев упорна.

- Сакам да го видам дефинитивниот план, - инсистирав.

Тогаш директорот испрати некого да ја повика инженерката Светлана Наумоска, за да ја донесе дефинитивната верзија на Планот, која наводно е готова за испраќање на одобрување во Министер ството во Скопје. Но jac видов дека истовремено Ја зеде и слушалката од локалниот телефон, на кој нешто некому дообјаснуваше. И јас сфатив дека се договара со некого, за која верзија се работи, односно која верзија од планот треба да биде донесена.

Набрзо дојде инженерката, со која не се познавав, а не знаев дали разбра и која сум. Го рашири Планот, а директорот побара од неа, со категоричен тон, да потврди дека мојата куќа не е влезена во Планот, кажувајќи го моето име и презиме.

Не знам зошто, дали по нејзиниот чеден израз на лицето, или по погледот во нејзините очи, си по мислив: „Таа жена не може да лаже“. По некоја интуиција така чувствував, бев убедена во тоа.

Беше кревка млада жена. Чекав да проговори како да чекам пресуда...

- Еве ја куќата на Виолета, директоре, можеме да ја израдуваме, бидејќи е вклопена во Планот, - рече. - Таа влезе во Планот, - повтори.

- Колешке, имате грешка, - брзо и нервозно реагираше директорот.

— He, директоре, вие сте ja помешале со една друга поранешна верзија на Планот. А да, се сетив како беше. Постоеше една друга верзија на Планот во која некој куќата на Виолета се обидел да ja избрише, иако таа била внесена во Планот што дојде од овластената институција која го изготвуваше.

Директорот налутено погледна кон инженерката Светлана. Тој очигледно веруваше дека инженерката ќе ја донесе другата верзија од Планот, за која тој некому од вработените му се јавуваше на локалниот телефон. Веројатно тие што Ја испратија не ги беа разбрале неговите дополнителни инструкции што им ги кажа по локалниот телефон.

Тој и началникот се погледнаа збунети. Им се провали договорот. И едниот и другиот не ни погледнаа во Планот.

Знаеја дека е така како што кажа инженерката. И пак неодминливото прашање... Дали беа поткупени?! Што ли добиле во замена?!

- Е па тогаш добро, тогаш добро, - промрморија и двајцата.

- Благодарам, - реков, обраќајќи се кон инженерката. Се поздравив и си заминав. Среќата ми се беше насмевнала.

Таа жена инженер навистина покажа храброст и големина на човек. За мене и до ден денес остана таква. Со ништо не ја бев задолжила.

Кога се вратив во Скопје, отидов со свои очи да видам дали во Планот на Урб. 2, што е испратен и усвоен од Министерството, стои и мојата куќа. Дали во меѓувреме некој повторно не ја избришал. Таму запознав една од најсериозните и најработливите жени, истовремено врвни стручњаци во градежната област. Го отвори планот откако и раскажав за сите заткулисни игри во врска со мојата куќа во Охрид и сите мои патила.

— Не грижете ce, - рече, - сее во ред. И тоа, 3a цртана е како идна двокатна куќа како што се сите околни, па и на тој соседот за кого зборувате, веднаш зад вас, дадено му е право да изгради двокатна куќа.

И се заблагодарив и веднаш знаев дека ќе станеме пријателки.

Натаму се случи една работа која не беше за верување.

Урбанистите решиле сите куќи во моето непосредно соседство да се градат со приземје и два ката, па дури и поткровје... Тоа право го добив и Јас.

Мојот непосреден сосед прв крена еден кат над приземјето од неговата куќа. Но, бидејќи бевме скоро лепенка со постоечките куќи, во одобрениот проект не му беше дозволено да отвори про зорци кон нашата куќа на неговиот новоизграден кат. Со оглед дека и ние добивме дозвола за надградба, со градењето на HH1HOT KT 611 My Fil 3TBOHJII Hpo3opw4Te, aKo TOj, Ha9BOP 04 rLaaHoT, 611 FH oTBopililI.

Почнав со прибирање на документи за надградба според новиот Урбанистички план. Ми се чинеше дека тоа ќе оди полесно, и дека најтешкото помина. Всушност, тие документи беа потребни и за внесување на сопственоста врз куќата на мое име во судските интабулациони книги.

Најпрво отидов во Катастарот. Влегувам кај директорот на Катастарот, бидејќи ми кажаа некои луѓе дека се е во негови раце. Штом го видов, сфатив дека е оној истиот кој испрати вештак со наредба да даде лажна изјава пред судот, при лажниот спор за зидот. Уште не дочека да објаснам за што сум дошла, за која куќа се работи, каде се наоѓа, категорично ми изјави дека куќата не претставува засебна градежна целина и не фигурира како посебна куќа во катастарот.

Револтирано реков:

- Тоа нее вистина! Тогаш, врз основа на што куќата е внесена во Урбанистичкиот план, ако не претставува посебна градежна целина?!

— Toa не ме интересира, - ладнокрвно изјави и продолжи да разговара со друга странка, која во меѓувреме влезе во канцеларијата. Јас сепак продолжив:

- Ама Toa нее точно. Задолжете некој од вашите службеници да го провери тоа.

— Нема зошто некого да задолжувам. Така е ка ко што ти велам.

Сфаќам, тука директорот е закон. Сепак се решив да влезам кај еден од службениците во соседната канцеларија. Само што сакав да го поставам прашањето, со надеж дека ќе успеам да го натерам да види во огромните катастарски тефтери, го препознав вештакот што сведочеше лажно. Во истиот момент дотрча и директорот, сигурно прет постави дека ќе влезам во собата на вработените од неговата служба. Јас без збор излегов.

Ми стана јасно со кого имам работа.

Се вратив во Скопје. Некој од познатите, кој по минал низ тие маки, и тоа во Охрид, ми даде идеја да одам кај директорот на Републичкиот катастар.

Отидов. Ме прими многу њубезно. Откако му кажав за што се работи, повика еден од службениците. Тој донесе огромен специфичен тефтер. Со малку напор, заедно со службеникот, а и со моја помош, ја најдовме мојата куќа. Сосем регуларно впишана како посебна градежна целина. Колку бев среќна, како сега некој да ми ја подари. Му се заблагодарив. Ме испрати со зборовите:

- ЏПоздрави го директорот на Катастарот во Охрид од генералниот на Катастарот на Републиката и речи му подобро да погледнат во тефтерите, во кои куќата си има и место и број.

Сметаше дека нема да има потреба, само за да се утврди тоа, да испраќа службеник од републичката институција. Но, ако тој не постапи професионално, ми рече - да му кажам, да му се Јави нему лично по телефон.

Одам во Охрид повторно во Катастарот. Влегувам пак кај директорот. Тој - со двајца гости и полуиспразнето шише со пијалок пред нив, на малото масиче. Тогаш почна комичната ситуација.

— Што дојде пак? - вели грубо. - Гледаш, имам гости!

— Не пречи, велам. Дојдов да те поздравам од генералниот директор на Републичкиот катастар од Скопје. - И му го кажав сето тоа што ми го рече неговиот директор, од збор до збор.

Тој, и да беше поднапиен, веднаш се отрезни и ме покани да седнам. Им се извини на гостите, по што тие сфатија дека треба да си заминат. Почна да ми се обраќа час со вие, час по име и презиме.

- Ila не требало да одите дури кај него, да го вознемирувате.

Ние овде ќе го решевме прашањето. Ке погледневме малку повнимателно. Седете тука, причекајте.

Зборуваше понизно и ги трлкаше рацете. Си мислев, кој знае колку луѓе се молеле пред него, губеле денови и денови за правата кои ги имале, а тој ги оневозможил да си ги остварат.

Не можев да тврдам дека земал мито и колку. Но, знаев дека скоро секој човек барем еднаш имал потреба да тропне на оваа врата и да застане пред ова зацрвенето блазирано лице.

Излегувајќи од канцеларијата, ме замоли да причекам, дури ми предложи кафе.

- Не, благодарам, - реков.

По десетина минути се врати и мрморејќи, изрече:

- Ете, така е кога работиш со неспособни службеници - ќе те стават во ваква ситуација, да направиш крупна грешка! И после, кој е виновен - директорот! Замислете, куќата е заведена како самостојна во катастарот, и тоа уште пред повеќе десетици години, а тие мои слепци ми даваат сосем погрешен податок.

Но ете, - со божемно задоволство продолжи тој, повишувајќи го гласот, - фала му на бога, грешката ќе биде благовремено исправена!

- Сега веднаш, - продолжи подмижувајќи со очите со изразени отоци, - документот ќе го изработи задолжениот службеник, на кој веќе му реков дека ќе биде казнет за пропустот што претходно го направил. И да знаете дека навистина ќе биде казнет. Ете гледате, тој и такви како него не доведуваат нас претпоставените во заблуда, а потоа ние ги сносиме последиците.

Наскоро влезе еден од вработените службеници и донесе документ и му го поднесе на потпис. Пред тој да излезе, началникот ја продолжи фарсата, го крена прстот кон него со закана и му рече:

— Друг пат, убаво очите да си ги отвораш, ако сакаш да си го сочуваш работното место.

Службеникот со наведната глава излезе. Си мислев дека многу работи би сакал да му одговори, па дури и да го испцуе. Кој знае колку му беше одбивен. Откако го потпиша документот, началникот ми го предаде со изнасилена насмевка на лицето и ми подаде рака, уште еднаш понизно извинувајќи ми се.

Една препрека помалку. Во документот стоеја катастарските податоци од куќата. Клучот за регулирање на натамошните работи во врска со судската заверка на купопродажниот договор.

Уште пред да заглавам со катастарот, поднесов барање во Управа за јавни приходи, каде требаше да ја платам сумата за данокот на промет на недвижнини.

Службеникот на шалтерот, покрај купопродажни от договор и записникот од комисијата за процена на вредноста на куќата, ми побара и документ од Катастарот. Тој веќе го имав, и заедно со другите документи отидов да ги однесам и да побарам решение за износот на сумата што треба да ја платам и сметка за уплатата со која да ја платам сумата. Но веднаш сфатив дека и тука беа стасале пипците на црниот пајак. Истиот службник ми рече дека дактилографката е болна и нема кој да го отчука решението. Неколку дена истиот одговор. Кога пак отидов службеникот ми објасни дека решението е отчукано, но началникот е на пат, а тој мора да го потпише. Друг ден - кај началникот има состанок и не може да влези за потпис, а потоа ќе замине на друг состанок во Собрание. И, така со денови.

Еден ден на службеникот налутено му реков:

- Значи, не сакате да земете пари!

Дури неколкупати го замолував да влезам кај началникот.

Постојано најразлични одговори, дека не може да ме прими.

Се решив да влезам кај началникот на препад. Се шеткав кај неговата канцеларија и, кога секретарката отиде да ги мие филџаните за кафе, влегов без најава. Уште од првите реченици сфатив дека и тој е во мрежата на пајакот. Тој ме пресече веднаш кога почнав да го запознавам со проблемот. Рече дека материјалот се уште не дошол кај него. Дека тој ќе провери дали се комплетирани документите и ќе ме известат писмено кога треба да дојдам по решението или, уште подобро, да оставам адреса на која да ми го достават.

— Ho, jac сум вработена и не живеам постојано тука, - реков.

Ладнокрвино одговори, дури со израз на нетрпели вост:

- Оставете адреса на местото на постојано живеење.

Сфатив дека комуникацијата со тој, во вистинска смисла на зборот, корумпиран службеник, е завршена и излегов. Слушнав дека на висок тон ја укори секретарката дека дозволила да влезам кај него, со што уште повеќе ме увери дека моите претпоставки се точни...

Поминаа денови и недели, ни трага од решението. На секое мое Јавување по телефон, лаконски ми одговараше женски глас:

— Кога ќе биде готово, ќе го добиете.

Размислував како да излезам од овој ќорсокак.

Се распрашував по луѓето во градот, кој може да му влијае на началникот, како негов пријател или како негов претпоставен, од кого зависи неговата кариера. Немав друг избор. По извесно време дојдов до името и презимето на една влијателна личност, во Охрид, па и пошироко, во Републиката, која не би смеел да не ја послуша. По некоја случајност, таа видна личност и познат научник беше блиска на професорскиот тим во институцијата во која имав блиски пријатели... Набрзо бев нејзина гостинка и ja запознав со бесмислената ситуација во која се најдовме CO купувањето на куќата. Таа се вчудоневиде, посебно од однесувањето токму на овој началник, кој всушност ja закочува целата постапка. Изреволтирана, го зеде телефонот и му се Јави.

Забележав дека неговиот телефон го знае напамет. Му ги рече следниве неколку реченици:

— Нагости мие дојдена од Скопје една пријателка, која ми се пожали дека со месеци чека за документ кој твоите службеници треба да и го издадат, за да плати данок за пренесување на сопственост на куќата што ја купила. Утре ќе дојде по решението кое со недели го чека, односно чека да ја изврши својата законска обврска, да плати данок за да го завери купопродажниот договор за куќата. Во колку часот да дојде?

Од другата страна на телефонот молк.

— Ме разбра, нели?! Ke и кажам да дојде во единаесет часот.

Здраво.

Молчев збунета. Колку ми се допадна начинот на кој му се обрати! Таа со право беше заслужен граѓанин на овој прекрасен град.

Само рече:

- Луѓето последниве години толку се изменија, што и најблиските пријатели, па и роднини не можеш да си ги препознаеш. Дали опседнатоста со големи пари и бескрупулозноста да се дојде до нив ќе стане составен дел на нашите животи, не знам. Можеби затоа што долго се живеело во голема сиромаштија. Но, очигледно влијанието на Западот во тој поглед е огромно. Ширум му ја отворивме вратата...

Нивните стратези, за да тргнеме со побрзи чекори кон нивниот начин на живеење, имаат разработено невиден систем. Се што доаѓа оттаму е добро смислена пропаганда. Да не зборуваме за голем дел од филмовите што ни ги даваат за мали пари, шунд литературата. Одамна пли аме во брод без компас. А колку малку време помина од застрашувачките крвопролевања во име на други идеали, што требаше да заживеат во нашите животи, заедно со слободата.

Боже, колку малку ja познавав оваа жена и одеднаш колку ми стана блиска. Моите размислувања беа кажувани преку нејзината уста. По извесно време, се разделив од неа како од драг пријател. И таква ми беше до крајот на животот. Сите средби со неа ми значеа многу. После секоја, се враќав со ново душевно збогатување.

Утредента, точно во |1 часот, се јавив на шалтерот на Управата.

Од зад стаклото ме пречека непријателски поглед на службеничката. Само што и го кажав името и презимето, ми рече:

- Началникот го потпиша решението, но треба да го потпише и еден од референтите. Дојдете утре, инаку ќе мора доста да чекате. Тие се на терен, не се знае кога ќе се вратат.

- Ке причекам, - реков.

Слегов долу, имаше трафика. Накупив весници и се сместив на една од столиците. Седев скоро два часа. Испрочитав од весниците, и тоа што ме интересираше и тоа што не ме интересираше. Влегуваа и излегуваа и вработени и странки. Не ги познавав тие што би требало да го потпишат решението и не знаев дали веќе дошле или излегле.

Кон два часот, се приближив кон шалтерот. Се наведнав кон малиот отвор, зад кој стоеше лицето на намуртената службеничка.

— Ке влезам кај началникот, - изговорив категорично.

- Нема што да барате кај началникот, - рече грубо.

— Тогаш кажете кој службеник треба да го потпише решението, за да го заведете и ми го дадете, - реков и направив еден чекор во правец на канцеларијата на началникот.

Тогаш таа повика еден од службениците, кој очигледно во целото ова време бил тука, и му кажа за што се работи, но тој рече дека нему началникот ништо не му наредил, и поради тоа нема да потпише. Тогаш јас револтирано, без да ја слушам неа или секретарката што трчаше по мене, влегов кај началникот.

Началникот, штом ме виде, без да гледа во мене, рече:

- Решението ви е потпишано. Одете кај службеничката на шалтерот.

- Да, - реков, - но таа не може да ми го даде, бидејќи никој од вашите службеници не сака да го стави ВТОриот потпис.

Началникот изгледаше како да му е незгодно от како ги слушна овие мои зборови, но не бев сигурна дали токму тој така им рекол на службениците, односно дали е во договор со нив.

Лицето му беше слабо, испиено, скоро безизразно. Но, очигледно немаше каде. По локалот повика некој од нив. По малку време влезе тој истиот, кој одби да го потпише решението без наредба на началникот, како што рече пред малку.