Front Matter - Part 02
Едноставно, едно попладне, набргу после ручекот, видов дека забрзано влезе во собата со шкафот каде беа сместени неговите алишта. Сфатив по неговите движења дека си пакува некои од неговите работи, за кои веројатно сметаше дека му се неопходни... Потоа само за момент застана на излезната врата со куфери во рацете, и од тоа тивко што го проговори едвај разбрав дека некое време сака да живее сам... и излезе од станот. Од прозорецот здогледав како ги става двата куфера, во кои ги собра неговите работи, во багажникот на такси-колата која очигледно во меѓувреме ја имаше повикано, а потоа и самиот влегува во неа.
Не можев да се помрднам од местото. Имав чувство дека ќе се шлогирам... Како да поверувам... Зарем Митко би можел такво нешто да направи?... Да не напушти мене и децата? И тоа така одеднаш, без збор, без објаснување.
Не стигнав ни да го прашам каде оди. Си мислев, ќе се врати од првата уличка.
Но, тоа не се случи...
Лежев будна, сама во брачното легло, кое го делевме многу години. Се обидував да сфатам што беше тоа што го натера на ваква непромислена постапка. Купувањето на куќата во Охрид, не ми се веруваше дека е вистинската причина. [1a и тоа дека не знаеше за парите што јас ги имав заштедено... Секој сопруг би се воодушевил од штедливоста на својата жена... А и, не ги дадов тие пари за било што, туку за куќа - каква е, таква е, куќа е. На самиот брег на неговото омилено езеро!
Во главата ми се плеткаа најразлични мисли... Дали е можно да имал некоја друга жена со која се поврзал?... Па ете, сега го искористи моментот да ме напушти. Си најде причина...
Подоцна вечерта, кога децата ме прашаа каде е татко им, им кажав дека замина на подолг службен пат. И самата сакав да верувам дека по из весно време ќе се врати. Подобро да не разберат веднаш што се случуваше. Митко често одеше на повеќедневни службени патувања, така што за извесно време ќе можат да ја прифатат оваа моја лага. Работата во Заводот за осигурување на лица и имоти, во кој работеше, беше поврзана со вакви негови подолги патувања.
Мачни тешки денови. Од се најмногу ме притискаше неизвесноста. Зарем не бев заслужила било што да ми објасни, да поразговара со мене, што и да беше се случило со него, во неговиот живот? Па дури и да е во прашање некоја друга жена.
И на тие години, на средна возраст, човек, било да е маж или жена, може да засака некого, некоја друга личност, и да не може да се спротивстави на тие свои чувства. Овој начин кој тој го избра, да си замине од дома без ниту еден збор, ме натера да ja преиспитам секоја своја постапка, па и негова. Ho не наоѓав ништо такво, толку непремостливо, за да дојде до ваков ненадеен раскин.
На двете деца дома им стануваше се појасно дека нешто кријам во врска со отсуството на нивниот татко. Ќе мора да им ја кажам вистината. Не се мали да ги залажувам. Но, и jac самата не ја знаев се уште вистинската причина за ваквиот негов чекор.
По извесно време решив да и се доверам на една своја пријателка, што работеше со мажот ми. Ја прашав дали тој доаѓа редовно на работа и дали некој од вработените знае за тоа што се случи меѓу мене и Митко. Пријателката се изненади. Не само што не знаеше самата таа, туку ни било кој во фирмата, бидејќи неговото однесување било со сем вообичаено. Редовно си доаѓал на работа, си ги вршел нормално работните обврски, често патувал службено. Не изгледал нешто посебно не расположен.
За да разберам каде живее мажот ми, се решив на една, можеби малку понижувачка, постапка. [lapkupana со колата, на едно доволно оддалечено место, за да не може Митко да ме види, го проследив каде ќе оди откако излезе од работа. Бидејќи возеше велосипед, Митко не ме забележа. Не ме виде ни кога дојде до една голема куќа, ни кога влезе во неа, откако го остави и го заклучи велосипедот на посебното место за велосипеди пред зградата.
Откако влезе во зградата, почекав малку и дојдов до истиот влез. Во приземјето имаше четири влезни врати, очигледно на четирите стана. Се колебав, но сепак позвонив на првата врата од левата страна. Излезе повозрасен човек, со проседа коса и наочари со дебели стакла, зад кои едвај се на 5ираа неговите светлосини очи.
- Извинете, - му се обратив, - пред малку во зградата влезе еден човек кој ми заличе на еден мој пријател, кого го барам...
да не сте вие домар на куќата?
— Да, да, Јас сум домарот, - одговори тој, разгледувајќи ме внимателно, како да сакаше од лицето да ja прочита причината за моето доаѓање.
- Дали пред извесно време не се има вселено не кој човек во вашиот влез? - прашав тивко.
- Да, неодамна еден господин го изнајми наместениот стан што се издаваше, станот број се дум на вториот кат, - одговори домарот.
Ke прашав дали човекот се вселил сам или со некоја жена, но веднаш сфатив дека тоа не би било во ред. Се заблагодарив и тргнав да си одам. По брзав, за да не дојдам во искушение да се искачам по скалите и да тргнам кон станот во кој се вселил Митко. Немаше сомневање дека тука живее. Домарот, чие њубопитство беше очигледно предизвикано, стоеше пред влезот се додека не си заминав со колата.
Следниот ден вечерта стоев недалеку од зградата, обидувајќи се да разберам кои се прозорците на неговиот стан. Не помина многу време, кога ја здогледав силуетата на мажот ми зад една од завесите на вториот кат. Ни во еден момент не се сомневав дека е тој. Ги напрегав очите да видам дали нема да се мерне зад завесите и некоја друга силуета, на некоја жена. Се поуспокоив, зашто таква немаше, освен ако не е легната или седната, така што не може да се види.
При повторната средба, пријателката Нена ме наговараше да му се јавам по телефон и да барам да се сретнеме, да поразговараме. Или да и дозволам таа, како негова колешка, да се обиде да ни договори состанок, а ако тој смета дека е потребно, и таа, пријателката, ќе дојде. Јас се согласив. Мора на било каков начин нешто да разберам.
Попладнето Нена ми кажа дека одбил, не сака да се сретне со мене. Нена ме убедуваше да дојдам кај него на работа, но јас не се решавав. Се чувствував многу повредена.
Наскоро ќе мора да поразговарам и со децата... Беше дури чудно што го немаа сретнато во градот. Или пак знаат дека татко им е заминат од дома. Знаат, а молчат.
Се враќав од работа депримирана, разочарана, се уште не верувајќи што ми се случува. Одеднаш почувствував дека некој ми го обгрна десното рамо. Нагло се свртев... Беше еден пријател на мојот татко, па и мој, иако повозрасен. Психијатар по пр фесија.
— Што си се замислила? Ми делуваш преморено...
Иако прозборе со шеговит тон, сфатив дека е загрижен.
— Сакав да те побарам, во врска со твоето момче.
Се изненадив и прегласно прашав:
- Што во врска со него?
— Тој разговор, Виолета, не е за на улица. Утре, во кое време сакаш, наврати кај мене во кабинет, - со некој неприроден и натаму шеговит тон ме покани.
- Сега кај одиш? - го прашав. Не би се вратил поради мене в кабинет? Не можам да чекам до утре.
Докторот малку се колебаше, но се согласи.
- Тогаш, да одиме, - рече њубезно, сфаќајќи колку сум вознемирена.
Во кабинетот немаше никој. Докторот ме покани да седнам.
Дури и чистачката си беше отидена. ,,Што сака да ми каже во врска со мажот ми, и тоа баш тој? Што може тој да знае за него?
Од каде би знаел?“ Целото тело ми трепереше... „Нешто лошо да не му се случило?!“
— Ке пиеме по едно машко кафе?
- Да, - прифатив. - Сега баш добро би ми дошло.
— Ако не ме изневерило сеќавањето, ти пиеше кафе со половина лажиче шеќер.
- Не ми северува колку добра меморија имаш.
— За жал, тоа не е секогаш добро, посебно во мојата професија.
Ти работиш во банка, така беше? Ти завидувам. Таму си кај парите.
— Што ќе ми завидуваш? Јас сум таму правник, а парите се на банката, да не се мои? - се пошегував.
- Кафето е готово. Повели...
— Според докторскиот кодекс некои работи можеби и не би требало да ти ги кажам, посебно некои од подалечното минато.
Но јас, бидејќи многу години сте заедно со Митко, ќе го прекршам. Митко, твојот сопруг, уште на шест-седумнаесет години беше мој пациент. Toa беа некои оптоварености, некое чувство дека е потценуван од страна на неговата доста постара сестра, па и од татко му, а дека неговата мајка не го зема во заштита... Па во неговата глава се таложело некое чувство, како сите тие тројцата да се беа сојузиле против него. Тивок, мирен по природа, за разлика од сестра му. Никогаш не му се спротивставувал на татко си, на неговата честопати груба надмоќ, пред се физичка, и се повлекувал во себе. Почнал да заостанува со учењето, а наставникот, кој очигледно не бил и добар педагог, исто така почнал да го понижува пред другите ученици. Дури, одвреме навреме и физички да го малтретира, за некои, како тој подоцна што ми раскажуваше, негови самоволија. Како последица на сите овие работи, а и поради многу честото отсуство на татко му од дома, неговото задржување по кафеаните со различни друштва, и машки и
:НОХо "РТеПИГОТО ре ГенохрЕ 2Шоо ои Ре Гожон охем гонжичпопон аопаз “То аоЈјмоп 2тенКадооЕ рХоОПОП 2 оаа оТоПоП рс НЧеЖрИСИ 99 оН И "тоОТоОаИЖ оЧ 22ПоЌ РП Кур 1, РН ШОНЛО КОП АК ох РУОП И 120НБИП РЕГ КЛОНИ ИО РХОГ НоОПООЌ 90 “товАон епрИГен По 001. о1, имГеченеоп “окоаав оти он у "оЛиоаа, ен рж И ЕП ош опИО НИШОд 99 ан ро, ипедо|Ј “ототении ен Тре тепиан КК ро ноПоОЌ а90 ОН "оти2 По охоноп норне зрГ“толЏооки тонпопегс аохехон охрм “Иимо21о11оот и похоен ил ио 2Р( “исиам олино тон вс "оч12Г9И99 оТоОЈКАГ о9 и отонпо 09 И ХОБИГО 994 "еНТОо РАП Ко Че тоЕН 99 2 “оОТоН рЕ тИЖЕКО 29 РП Ишоа Ил Р1ОУ "ПГрернЕн омоаоп КУПЕ хеп оКИТеаа 99 | оно Гом итепохоноп ош. гроп очиноноП Го Ј, "ит2онооаАТоОП ов 9 ИМ ОТеНЕОП “ОрЧ КЈОИ ИБАГО 29 О1Ш РНЧО “ИООНПО ИНТЕР 123 2ЧИШРЕ| го091. ноХ онрнКоонпо оншетоо отонотон шитефиап ОТ РЃ ОНОЗЖГОП ШПОЖОК РП Ррс “ро 01922 ШОРНС ОТ РН ОНПОХПО2Н 9 рХоП ЧрТоИо ХРПОО ОН "“ИЖПОШПТО ЗН РП Клони2АП ор -гора и топонои тоГочо рнижоап о.г ом тодотмој?
""рДиП КАТ РП Театкп
01 1 оШрин “иПТопрару оЧ РОЖАТРЕ 01 2Х АРМ РС "Топртооп е рм. чеачКГотоен имГапио “инаепо.тепо р90 ик 21ИиаоЈУН гијооноТераолло ичтопохи2П 21иоа2 ПО ИПОООоО 29 РП РНЛОИОП К ЌКЈоНИ ХОП Ттоимо1 НП КОТО он отоноП2 "оШПох оч иштанре о1 “Шон рТеррО и оп охеу “оиненосрдоо отомотошкхеФ "Теаот. Гол. ТО ЗБапиеИ 99 ОХРХОН “ИЧОХОП РН ШОКОП 09 И Р ИПоО2ОИ охоноп ото, ете(ипедо |, "“ижКапиап 99 Ки онГеБќио Кожоо и оТоаШшиИкиИБвЌ ПО ЗПРаЌТоОПЕИ Р1ОХ ЧРУОБОГ 01 НОГ НОП И "оЈоН 09 ирДраотераоп ГП и Иехиаоп о1 ГП ИипоКРЕ 2 “оЈоН 09 и иџојеиИап оиџазо Ро ШоРНЕ “АК ОЖТРЛ, ОЖТИЈ|Ј РН онрЕ“ЌоОНПО РЧО По нопќниајТ КР) "РТР0092 ОН РЖОГ РЕАЌЕЌИУРЕ 29 РП “ОТОЈПШИНИВЌ ОН оТИЧОЗРЕ ПО РЕЌНЕТООБИ РГ ГРНБОП (ОЈ. ТОИ РО “ИЖХоНоЖ
- Сето тоа за кое зборуваш му припаѓа на далечното минато.
Било, па поминало. Но ова сега, што е ова сега?! На што личи?!
Брак како и сите, со добри и лоши страни. Ако нешто толку му дотежнало, нека кажел, нека се спротивставел. Нека се побунел.
А вака, на овој начин, што? Да ме потресе и мене и децата!
- Работите не се толку едноставни. Тоа ти е слична состојба како со бактериите што се притајуваат во човечкиот организам.
Никогаш не може да се предвиди кога ќе се активираат. Колку што разбрав од разговорите со него деновиве, непосреден повод за неговата сегашна, во извесна смисла неконтролирана состојба, е купувањето на куќата во Охрид.
После оваа реченица на лекарот, сакав веднаш да реагирам, но го оставив да продолжи.
- Мажот TH неја сака таа куќа. A ти не си го ни прашала дали се согласува да се купи куќата. Воопшто, си го игнорирала.
Сосема сама си ja донесла одлуката за купување на куќата. Од друга страна, страшно го изненадило и го револтирало што си криела пари од него. Како да му се срушила сета доверба во тебе. Дали навистина... да ја купиш куќата, сосем сама си одлучила?! Секој ден, кога доаѓаше кај мене, разговорот го почнуваше со овие зборови: Кој сум јас во нашата брачна заедница? Никој и ништо!
- Токму така рече?
- Искрено речено, и jac, кога би бил на негово место, така би се чувствувал.
Гледав во докторот и револтирано реков:
- Многу брзо се сетил! Самиот тој, уште од почетокот на заедничкиот живот, така се постави. Ми ги даваше скоро сите пари од платата, но и решавањето на сите проблеми. Знаеше дека ќе го направам најдоброто. И го правев. Како да имав дарба за практичните работи. Купував сама и најситни и најкрупни нешта. Изгледаше пресреќен дека не мора за ништо да се ангажира, да мисли, да се грижи. Се беше посветил, сите овие изминати години, на своите сопствени задоволства, уживаше во својот сопствен мир. Дури и грижата за децата како да не спаѓаше во неговите обврски.
- Верувам дека е така, познавајќи го. Toa му е наследено по малку и од татко му. Иако беа во постојана конфронтација со него, нешто и од него наследил. Но, купувањето на куќа е многу крупна работа, ќе се согласиш. Не е важно, мала или голема, нова или стара. Од друга страна, и него не го оправдувам — зошто веднаш не реагирал! Уште штом си почнала да зборуваш за купувањето на куќа во Охрид, требало да се спротивстави, ако не сакал да се купи.
Лекарот шеткаше по собата како да се решава дали да додаде уште нешто.
- Има тука и една друга работа, која ти, претпоставувам, не ја знаеш, не ти кажал сигурно за тоа, за средбата со сестра му и зет му в град, во старата чаршија. Toa било уште пред да ro напушти вашиот дом. Кога ми раскажа при посетите кај мене деновиве и за таа средба, заклучив дека проблемот во врска со купувањето на куќата излегол уште повеќе на површина после разговорот со сестра му и мажот на сестра му.
Тој, откако се сретнал со нив, седнале на кафе муабет.
- Жена ми купи куќа во Охрид, - им се пофалил на сестрата и зетот.
- Како тоа Виолета купила! - свикале во еден глас.
- Таа сама реши, Јас не бев ни за ни против, - им одговорил.
— Таков си беше отсекогаш, - рекла сестра му, — токму таков, мала вода!
- А од кадеи сена Виолета толку пари, да не добила некое наследство? Опасна е таа снајка ми, - продолжила сестрата, па и зетот, потсмевајќи се.
- Штедела, без да знам jac! - рекол Митко. - A жена ми ме знае што мека душа сум, ако ме фати друштвото некаде по пат, со платата в џеб - отиде половина плата во кафеана! Со право по нешто подзакривала.
- Ајде бре! Што не уштедам Јас, туку ги броиме парите да ни стасаат од први до другиот први, - додала сестра му.
— Настанало мачно молчење, после кое Митко веднаш си заминал, - заврши лекарот.
— Кога доаѓаше следните денови кај мене, — продолжи лекарот,
- во изразот на неговото лице ви довдека страда и дека тоа што се случува со него, не е добро. Неколку дена по средбата со сестра му, многу се измачувал. Почнал да пребарува во вашиот заеднички живот недостатоци, погрешни работи. Не спиел по цели ноќи. Ја замразил купената куќа во Охрид и станот во Скопје. Се му изгледало одбивно. И тогаш решил да замине.
Можеби, било кој друг така да изреагирал на веста за купената куќа како сестра му и зетот, и токму тоа, дека ти си ја купила, немало толку да го погоди. Но ваквиот коментар на сестра му како да го вратил во времето на траумите од пубертетските години. Се придодало ова новото, што уште повеќе кај него го засилило комплексот на помала вредност... на понижен, овој пат од саканиот човек...
- Тоа е идиотизам од нивна страна, - извикав револтирано, - ќе умрат од завист, од JbyOomopa, посебно таа, золва ми. Од неа, и ти самиот рече, а и од татко му, Митко беше станат толку преосетлив, да не речам искомплексиран!
Биолета се обидуваше да ги поврзе во својата глава сите тие работи за кои зборуваше лекарот. Но од тоа не и стануваше полесно. Напротив, нешто уште пострашно ја притискаше во градите. Ја обземаше некаков нов, не познат страв од тоа што ќе следува по натаму. Дали Митко ќе успее да го надмине тој негов комплекс, кој очигледно го носи од домашната средина, од мала возраст, а таа, ете, на некаков начин, без да е свесна за тоа - тешко го повредила. Што ако комплексот го совлада и ако трајно го растури нивниот брак?! Се исплаши од помислата дека ќе мора сама, без него, да го продолжи животот, да ги подига децата и да ги ре шава сите други проблеми!
Молчев некое време, воздивнав, па реков:
- Ете до kaze ja дотеравме! Затоа човек не треба премногу да сака некои нешта и, откако ќе ги добие, не е добро да се прерадува... Фала богу што никој од фамилијата не знае што се случува кај нас дома... бидејќи тој со работата многу често патуваше, се уште успевам да ги прикријам работите.
Докторот на испраќање ме посоветува да бидам стрплива, рече се надева дека овие терапии што тој ги применува, дека ќе помогнат. Да не брзам да се сретнам со него. Да почекам, самиот тој да се среди. На децата да им кажам дека татко им е лут, бидејќи не сакал да се купи куќата во Охрид, а јас сепак сум Ја купила.
Наближуваше времето за одморите. Децата не сакаа да одат никаде, најмалку во Охрид. И тие веќе знаеја дека татко им не си доаѓа дома поради купената куќа во Охрид, а им беше и здодеало таму да летуваат секоја година. Не се осмелив да ги прашам каде сакаат да одат за време на летниот распуст...
Сепак, пред одморите решив да одам во Охрид. Сама. За првпат откако беше купена куќата. И да не беа вакви затегнати односите меѓу мене и мажот ми, сама ќе ги вршев работите што претстоеја... Но, овој пат тоа беше присутно на поинаков начин.
...Bo Охрид требаше многу работи да се досредат со документите околу купопродажбата. За среќа, уште пред да тргнам за Охрид ми помагаше еден колега од мојата генерација, адвокат, кој таму живееше.
Откако привршивме некои работи и оформивме документ со кој бев воведена во владение на куќата, адвокатот ми рече:
— Ке одиме во канцеларијата каде што работи твојот прв сосед.
И тој е правник. Секретар е во Судот. Се надевам дека, ако не друго, ќе испиеме по едно кафе. Можеби и го знаеш. Пријатно ме изненади што и првиот сосед е наш колега.
Влеговме во канцеларијата. Од зад работната маса стана висок, слабичок човек, њубопитно гледајќи во мене.
— Трајане, дојдов дате запознаам со нашата колешка, а сега и твоја прва сосетка.
Непознатиот за мене, а очигледно и Јас за него, се уште не разбираше за каква колешка се работи, ниту за која сосетка.
Тогаш, адвокатот што ме доведе појасни дека сме студирале заедно, а дека jac тукушто сум ja купила малата куќа, која што беше скоро залепена со едниот зид до зидот на неговата куќа.
Одеднаш тој потскокна. Како змија да го каснала. И, иако светлината во канцеларијата беше слаба, можеше да се забележи на неговото лице жолт, па црвен, па пак жолт, дури зелен бран од лутина. Јас инстинктивно се повлеков кон вратата, а тој процеди низ заби:
— Тоа не може да биде! Во таа куќа никој не може да живее! Не смее никој да Ја купи!
Мојот колега и пријател што ме придружуваше се најде во незгодна ситуација. Беше вчудоневиден. Остана без зборови.
Потоа се прибра и рече:
— Но, зошто? Што ти значи тоа?! Ајде да зборуваме отворено.
Цела година тебе те молеа да ја купиш! Те чекаа! Жената двапати доаѓаше од Белград. Седеше среде зиме в хотел. Јас, иако нејзин застапник, успеав да ја убедам, специјално, само за тебе да ја спушти цената на една третина! Но, ти упорно не сакаше да ја купиш! Велеше дека не ти треба. Дека за твоето мало семејство имаш голема куќа... И... сега, што ти значи ова?!
Настана молк.
- Сега се е готово. Договорот потпишан, парите исплатени.
Можеш само да си ги расипеш односите со новите соседи, -продолжи налутено пријателот, адвокатот, што ме доведе...
- Море какви соседи, од тоа нема ништо! - беше упорен соседот и тргна кон нас, како да сакаше да ни каже дека веднаш треба да излеземе од неговата канцеларија.
Ние ce погледнавме и брзо ja напуштивме канцеларијата.
Колегата како за првпат да го виде во вакво издание мојот иден непосреден сосед. Просто не знаеше како да реагира.
-Ќе му помине, - рече, — a зошто не ja купи куќата за таа минимална цена, која нему како на прв сосед му ja понуди Милена, не верувам дека и самиот знае. Сигурно мислеше дека нема да се продаде. Со нејзиното постепено оштетување, што одамна го има започнато, преку своите врски, веројатно се надеваше дека ќе биде прогласена за куќа на паѓање. Тогаш, надлежните органи ќе донесат одлука, од безбедносни причини куќата да се урне. На тој начин, тој нема да даде ни пара за неа, а неговата куќа ќе излезе во прв ред, со поглед на езерото.
- Значи вистина било, дека откако куќата беше огласена 3a продавање, - зборуваше адвокатот со кој бев дошла, - дека сите купци ги заплашувал и ги одвраќал, но јас не сакав да верувам во тоа. Многу ме разочара, навистина многу ме разочара! Од овој момент натаму, заборавиго.
Јас не можев да поверувам дека еден образуван возрасен човек, па уште и правник, може да постапи така пред личност која првпат ја гледа.
Во крајна линија, секој со свој двор и своја порта! Тој само може да загуби со ваков некоректен однос. Секој сосед, па и било кој човек во животот може би ќе ти затреба. Доста е едно пријателско ,,добро утро“ или „добар ден“ да си речеш. Ho ете, тој почеток не ветуваше нешто добро.
- Жено, дури сега работата со куќава пред нас е за никаде! Од еден се откачивме, ама со овие новиве купци ситуацијата ќе биде многу по лоша. Маж и жена и зет - тројца школувани, - и рече Трајан на жената штом си дојде од работа, уште пред да ги собуе чевлите и да го соблече палтото.
- Па и на сето згора, оној колегана Јован, божем пријатели, ја донесе госпоѓата дури в канцеларија. Таа што ја прекупила куќата 00 претходниот Kyney, да ми ја претстави. Ми идеше за гуша да го фатам!
- Јован? Да не можеш да поверуваш. Зарем так во нешто од него? - свика неговата жена.
- Па уште пред неа вели: ,, Koj ти е крив што ти не ја купи...
Милена те чекаше цела година, па дури и цената ти ја намали за една третина од таа за која ја продаваше на други купци.
Тебе, како на прв комшија. A ти цело време одговараше дека не ти треба, дека семејството не ти е големо, а за нас тројцата, велеше, и оваа куќа што ја имам, ми е преголема“. Ете така, co овие зборови!
— He mu ce верува! И сето moa го зборуваше пред неа?! - Жена му вртеше со главата и почна да колне.
- Јас дури сум жив, нивна нога нема да стапне во таа куќа.
Никогаш! Никогаш! - зборуваше тој, со широко ококорени очи.
- Море каква нога. Таа куќа, кога-тогаш може да биде само наша, - потврдуваше жена му, пот скокнувајќи околу него.
Набрзо дојде и синот. Откако му кажа татко му дека други луѓе ја прекупиле куќата од претходниот купец, почна да се кара со него и со мајка му.
— Којвие крив? Сите ве убедуваа да ја купите, а вие ce правевте најпаметни. Ве лажеше паметот дека ќе ја добиете без пари, без да дадете ни еден денар. Е сега ќе кукате. Доцна!
Сите тројца молчеа...
- Го пропуштивте возот, - продолжи синот по кратко време.
- И сега што, ќе се тепаме ли со секој што ќе се јави на вратата на таа куќа? А фала богу и нашава куќерина не е мала! Сакам да ве замолам повеќе да He се занимавате со таа куќа. Ми дојдовте преку главата со неа!...
По тие зборови што ги изрече налутено, синот се качи на горниот кат. Но, нервозата не му помина. Мајка му и татко му не сфаќаат дека сите пријатели и роднини нив ги осудуваат, а и него, другарите од соседството, со кои растел од дете, го гледаат попреку. Не сакаше да се оддалечи од нив поради оваа фиксидеја на неговите родители.
Слезе пак долу кај нив. Татко му му ја раскажа средбата со новата сопственичка на куќата, правничка, која ја донесе кај него во канцеларијата неговиот колега.
- Сево врска со купопродажбата на куќата било завршено, платено, и таа била воведена во нејзино владение.
- Фала богу, барем отсега ќе се смирите, - додаде синот.
- Напротив, - свикаа во еден глас мајка му и татко му. - Дури сега ќе видат кој е поголем правник!
- Што сакате, правете, само мене не мешајтеме. Очигледно не ви доаѓа паметот! Се чудат сите комшии со вас, па и роднини и пријатели. Баш како правник да те прашам - дали може некој насила да присвои нешто што не е негово, а при сето, и сопствениците на куќата се живи? Нивно право е кому и кога ќе ја продадат куќата!
- Види го ти него, го слушаш ли жено, тој ме поучува што е тоа право! А не гледа дека ние сета оваа работа ја правиме за него, за кого друг?!
- Мене не ми треба, ако ова го правите за мене, веднаш откажете се!
По тие зборови тој ја напушти куќата.
— Неблагодарен! Се што досега сме печелеле е за него, а moj — не ми треба!
Кога со помош на соседот Никола го отклучив катанецот и Ја отворив влезната врата од куќата, имаше и што да видам! Влага, тежок мирис на дотраена мушама, која беше послана врз подните, скапани од влага дрвени штици. Од сите страни дупки на покривот од изместени ќерамиди, кои очигледно беа стари најмалку стотина години. Беа провиснале искинати жици од струја. Водовод ни и одводни цевки никаде немаше. Од задниот
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/house-on-the-lake-mac/2 le 29 octobre 2026