Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

БАНИЦА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПЕВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1913 -. 1918 )

Par Atanas Katinovski-Goche · Partie 6 sur 17 · Environ 7 minutes

Lire en English

БАНИЦА ВО ВРЕМЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ И ПЕВАТА СВЕТСКА ВОЈНА (1913 -. 1918 )

Учеството на баничани во овие војни Првата балканска војна е објавена на 4 (17), односно на 5 (18)

октомври 1912 година, кога сојузничките војски - српската, бугар-ската, грчката и црногорската војска - и нанесоа тешки загуби на турската војска, поради што Турција беше принудена да бара при-мирје (4 декември 1912) и овие последни битки се водеа во атарот на селото Баница. Војната со Турција правно беше завршена co склучениот Лондонски мировен договор од 17 (30) мај 1913, со кој територијата на европскиот дел на Турција им се отстапуваше на сојузниците без притоа да се одредат нејзините граници. Договор-от за мир од 1913 година меѓу балканските сојузници, таканаре-чениот „Букурешки договор“, ја доведе Македонија во нова по-ложба, при што беше поделена и анектирана од Бугарија, Србија и Грција, а таа поделеност засекогаш требаше да ja спречи бор-бата на македонскиот народ за остварување на своето право за самоопределување и за сопствен државно-правен развој. Меѓутоа, настанаа меѓусебни недоразбирања која од нив да задржи и заземе поголем дел од Македонија.

Во 1913 год. Србија и Грција склучуваат сојуз и на 29 јуни 1913 год. И објавуваат војна на Бугарија. Taka започнува Втората балканска војна, a причината е поделба Ha Македонија. Регуларна-та грчка војска пристигнува во Лерин и Леринско и ги запоседнува сите военостратегиски места, особено во Баница. Гешката економ-ска и политичка ситуација станува уште потешка.

Грчката војска врши присилна мобилизација по македонските села и ги пополнува своите воени единици. Од Баница се мобилизи-рани 25 лица и испратени во посебни центри за обука. Ги обучувале набрзина, а потоа ги испраќале на фронтот против Бугарите.

Во 1915 год. Македонците почнале масовно да дезертираат од грчката војска и да бегаат во Бугарија. Тие што бегале во Срби-ја биле уапсени и враќани на грчката власт, ги изведувале пред воениот суд и ги стрелале.

Од грчките андарти, веќе регуларна војска , успеале да де-зертираат и да пребегнат во Бугарија следниве баничани: Лазо Гогов, Кице Гогов, Панде Перов, Панде Алушев, Лазо Џугоманов, Тоне Рапов, Кире Јанин, Пандо Малинов, Ристо Кочев, Ило Не-делков и Кице Чорлинов.

Сите баничани што избегале во Бугарија останале таму да живеат. Се плашеле да се вратат во родниот крај бидејќи знаеле дека ги чека воен суд. Во 1920 год. Ило Неделков и Кице Чорли-нов се вратиле од Бугарија во Баница. Грчката власт, сега дефини-тивен окупатор на овој дел од Македонија, не презема санкции против овие лица, односно ги амнестира и ги ослободува од одгов-орност и дезертерство.

Од 1915 до 1918 год. во леринскиот крај на сојузниците, Гр-ците и Србите, им се приклучуваат и Французите. Во Баница пора-ди стратегиската положба се сместил францускиот оперативен воен штаб. Во близина на селото наречено Падините била изгра-дена голема воена француска болница во која биле прифаќани сите болни и ранети од фронтот.

Грчката власт не мирувала, а помагана од некои гркомани (Македонци кои од лични интереси преминале на грчка страна)

правела се за да го задуши македонското револуционерно движе-ње во Баница. Ги издавала чесните македонски револуционери и илинденци кај францускиот оперативен воен штаб кој ги сослушу-вал, ги мачел, тепал и ги затворал во воен затвор, а ги интернирал и во француските затвори во Франција. Во 1915 год. биле интерни- рани следниве лица: Цеце Хрисафов, Коле Малинов, Мице Хриса-фов, поп Филип Попов, Филип Дафов, Лазо Дафов, Мице Гогов, Ди-не Абов, Наце Зисков, Филип Абов, Нунче Абов и Васил Зисков.

Сите наведени лица во Франција биле изведени пред воен суд. Васил Зисков бил осуден на смрт и стрелан, а другите биле осу- дени на временски долгогодишни казни. Сите биле обвинети за подривање на воениот поредок и предавство во корист на другата странска земја, бидејќи биле наклеветени дека работеле за Буга- рија. Сите биле членови на ВМРО, учесници во Илинденското во- стание и членови Ha револуционерши комитети, значи чесни Маке-донци кои се бореле за слободата на својот народ и за назависност на Македонија.

Во француските затвори условите за живот биле многу тешки. Принудната работа траела од 15 до 18 часа дневно, а за сит- ни грешки и недисциплина биле сурово казнувани и тепани. Суро-воста и мачењата на затворските органи не ги преживеале Наумче Абов и Филип Абов. Умреле во затворите на Франција. 3a нивна-та смрт француската власт воопшто не ги известила нивните се-мејства во Баница кои од денот ца апсењата во 1915 год. не знаеле ништо за нивната судбина и ги сметале за мртви бидејќи од затво-рите не им било дозволено да се јавуваат на своите семејства.

Кога завршила Првата светска војна, THE што преживеале во затворите биле пуштени на слобода и се вратиле дома. Тогаш семејствата дознале за смртната пресуда на Васил Зисков и за смрт-та на Џаумче Абов и Филип Абов. Преживеаните робијаши раска-жувале за страдањата што ги преживеале во затворите на смртта поради што никој не можел да гл препознае. Биле коски и кожа и изгледале како старци од 100 години, во робијашки алишта co сто-тици крпи на нив. За да останат живи, им требала долгогодишна посебна нега и лекување на раните што ги имале.

Пролетта 1915 година во бугарската војска стапил само еден баничанец, Ѓорѓи Јанчев кој се борел на страната на Бугарија па Кајмакчалан. Есента истата година Ѓорѓи се вратил на 15- дневно отсуство во Баница и од непознати причини не се вратил во редовите на бугарската војска. Бугарската војска го уапсила Ѓор-fu Јанчев, го спровела како дезертер и во близина на Битола го убила под изговор дека се обидел да избега. Зад себе ја оставил жена си Магда и двата сина, Наце и Крише. Ова злосторство на бугарските војници остана неказнето.

Баница во оперативната воена зона на фронтот Карактеристично е дека во периодот од 1912 година, од поч-нувањето на Балканските војни, до крајот на Првата светска војна, целото работоспособно население од Баница и од околните села насилно било мобилизирано и учествувало во работите за изград-ба на военостратегиски патишта, утврдување и копање на ровови, складишта, болници и др. воени објекти. Ги мобилизирале со свои-те запрежни коли за дотур на муниција, храна и др. воена опрема на фронтот, а оттаму ги преземале тешко ранетите војници и офи-цери и ги пренесувале до француската болница во околината на Баница. Масовно учествувале и мажи и жени кога ги закопувале загинатите сојузнички војници и офицери на фронтот.

Во овој период сите воени дејства се одвивале во непосред-на близина на селото или во самото село. Поради стратегиската положба, Баница често преминувала од едни раце во други. За тоа време населението било евакуирано во подалечните села на југ, од Сорович до Кожани и на север до Воштарани и Живојно. Селото било неколкупату разурнато, палено и повторно обновувано и из-градено на истото место. Имало настојувања да го раселат населе-нието по другите села во Јеринскиот округ и им пречеле при об-новување на селото со изговор дека очекуваат нови воени дејства и нови разурнувања. Селаните не се предавале. По завршувањето на воените дејства веднаш го обновувале и граделе куќи и др. по-мошни простории. ITocroena голема солидарност и заемна помош при обнова на селото.

Се појавиле и многу заразни болести кај војската кои се пренесувале на населението. И покрај лекарската помош од фран-цуската болница, многу селани умреле од тифус и други заболува-ња, а често и по неколку членови од семејствата.

Баница во времето по Првата светска војна По завршувањето на војната и поделбата на Македонија на три дела, Баница останала на грчка територија. Имајќи ја предвид револуционерната дејност на ова село во периодот од 1892 до 1919 година, за населението настапиле тешки денови. Почнале прогон-ства против семејствата на учесниците во Илинденското востание, особено на оние што избегале во Бугарија. Тие семејства биле принудени да го напуштат родното место и да им се придружат на своите членови во Бугарија или во Србија. Селото во последните воени дејства во 1918 год. било разурнато и запалено до темел и обновата почнала без помош од новата грчка власт. Настанал општ глад бидејќи целата реколта била одземена од воените власти за потребите на војската. Населението немало семе ни за да посее и во наредниот период да обезбеди жито. Се трошеле последните бели пари за црни дни, оделе по пазарите и по високи цени купу-вале жито, што звачи цветала црната берза. Селаните барале заем и за една ока (1200 грама) давале 2 до 3 оки од новата реколта од наредната година. Така почнал новиот макотрпен живот на насе- лението. Илјадници хектари шуми биле опустошени, исечени и изгорени за потребите на војската во атарот на Баница, па и гра-дежниот материјал станал проблем. Многу шуми што биле униш-тени до денес не се обновени.