Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

НАСТАНИТЕ МЕГУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ (1919-1941)

Par Atanas Katinovski-Goche · Partie 7 sur 17 · Environ 17 minutes

Lire en English

НАСТАНИТЕ МЕГУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ (1919-1941)

При распределбата на Македонија со Букурешкиот дого-вор, Грција го доби јужниот, приморскиот дел од Македонија со површина од 35 169 квадратни километри и 1 042 059 жители, од кои 329 371 Македонци, 314 854 Турци, 266 755 Г pun, 68 206 Евреи и др. народности (Албанци, Цигани и др.)

Мировните договори по Првата светска војна ја санкциони-раа поделбата na Македонија, меѓутоа силите- победнички на 10 август 1920 год. заклучија договор со Грција и наметнаа задол-женија за заштита на негрчките народности во Грција. Големата грчка енциклопедија од 1934 год., том X на страницата 620 ги изне-сува обврските на Грција што произлегуваат од тој договор.

а) Рамноправност во однос на др. народи што се однесува на заштитата на животот, слободата, граѓанските и политички права;

б) Слободна употреба, освен на грчкиот, и на туѓите јазици како во приватниот така и во јавниот живот;

в) Секој народ што живее во Грција да има право на свои хуманитарни организации, цркви и училишта;

г) Владата на односната држава да им обезбеди основно шко- лување на нивниот јазик, не забранувајќи им го и задолжителното образование на грчки јазик.

За спроведување на овој договор, грчката влада во 1925 год.

донесе одлука да пристапи кон исполнување на обврските спрема другите националности и конкретно спрема Македонците. За таа цел формира и комисија да изготви буквар за македонските основ-ни училишта. Издавачката куќа „Сакелариу“ во Атина 1925 годи-на го издаде „Абецедарот“ на македонски јазик, на латиница. Вед- Halll потоа тој е запленет, а со тоа е откажано и воведувањето на „Абецедарот“ Bo учидиштата на Егејска Македонија.

Грците не ги извршуваат своите преземени обврски за пра-вата на Македонците и се обидуваат да уништат секаков белег кој потсетува на македонскиот карактер на Егејска Македонија.

Во ноември 1926 год. е донесен Закон за измена Ha имињата на населените места (cea и градови), како и топографските нази-ви на реките, планините и др. Тој закон е објавен во службениот весник на грчката влада „Ефимерис тис кивернисеос“ број 332 од 24 ноември 1926 година, а во истиот весник број 346 се објавени новите грчки имиња. Едновремено локалните власти донесоа свои прописи 11 ги заменија имињата и презимињата на сите Македонци со грчки и им дадоа лични исправи со новите имиња и презимиња кои официјално ги воведоа во своите матични книги Ha родеците.

Македонскиот народ, незадоволен од поделбата на Маке-донија, веднаш со појавата на некои социјалистички движења и партипи се приклучи кон овие движења во борбата за екопомски, социјадни и национални права. Со победата на социјалистичката револуција во Русија и појавата на КПГ, напредната интелигенција и работничката класа постепено почна да се приклучува KOH оваа партија која со својата програма за работа им го отвораше патот коп борбата за екопомска, социјална и национална правда и сло-бода ва сите народи и малцинства против ропството и угнетува-њето и отворена борба против капитализмот и империјализмот.

Во овој период се формираа разни политички партии - од либерално-демократски до крајно десничарски. Дел од бапичани ce приклучија коп партијата на крал Константин и Народната партија (Дајко Koma), а повеќето коп Венизелис(Филелефтеро Koma) кои со својата програма беа полиберални џ демократски настроени.

Во 1920 год. при спроведувањето на предизборната агита-ција за првите избори во Грција по окупацијата на егејскиот дел од Македонија од грчката власт, некои од приврзаниците на Benn-зелисовата партија биле уапсени, спроведени во Лерин, изведени пред суд и осудени на една и пол година затвор: Динката Катин, Деко Катим и Толе Кочев, а ца две години: Мице Робев и Мице Ka- тин. Првите казната ја издржувале во леринскиот затвор, а другите во затворот во Солун.

Во 1922 год. еден празничен ден населението отишло на ми-са во црквата „Св. Ѓорѓиј а“ и дошло до тепачка меѓу македонското население и грчките жандарми кои сакале насила да влезат и биле спречени од Леко Дуков и Стојче Чорлинов и претепани од селан- ите. Коџобашијата Мице Хрисафов-Туџарот за постапката на жандармеријата се жалел во Лерин и побарал да ги преместат од Баница што било и сторено.

Учеството на баничани во Грчко-турската војна 1919-1922 Во периодот меѓу двете светски војни баничани не миру- вале. По избивањето на војната меѓу Турција и Грција во 1919 год.

грчките власти извршиле мобилизација и од Баница 100 лица биле упатени на фронтот во Мала Азија. Оттаму живи не се вратија 21 лице, млади македонски момчиња, кои ги дадоа своите животи за Грција:

- Методи Џетре Малинов - земјоделец,

- Димитар Н. Луманов - земјоделец,

- Лазо Леко Боглев - земјоделец,

- Стефо Tero Луманов - земјоделец,

- Методи Дафо-Џугоманов - земјоделец,

- Глигор Филип Починов - земјоделец,

- Марко 5але Пенџов - земјоделец,

- Трајан I'. Ничев - земјоделец,

- Геле Кочев - земјоделец,

- Хариши Коле Луманов - земјоделец,

- Мице Стефе Дуков - земјоделец,

- Васил с. Џугоманов - рударски работник,

- Ставре Ф, Васев - рударски работник,

- Наум М. Пенџов -земјоделец,

- Фоте Дине Малинов - земјоделец,

- Санде Шишаров - кафеанџија,

- Панде Деко Куртов - рударски работник,

- Ѓорѓи Наце ЦПечинов - трговец,

- Тасе Филип [Tonos - земјоделец,

- Панде Васев - земјоделец.

Поголем број војници останаа инвалиди. Жртвите ќе беа поголеми, но на повикот за општа мобилизација многумина не се јавија, се скрија, а некои пребегаа преку граница во Србија и Буга- рија. Се уште немаше уредна документација, па можеа да си го дозводат TOA.

На паднатите војници во Мала Азија од Грчко-турската војна, грчката власт 1935/1936 година им подигна споменик на сретсело во месноста св. Димитрија. Кругот го уредија co алеи од зеленило и дрвја и го оградија.

На родителите на паднатите борци и воените инвалиди им беа определени фамилијарни инвадидски пензии кои беа симболични.

Односите Mer у паселепието H грчката власт Во овој период беа вршени масовни грабежи, претепувања, силувања, палења и убивања од страна на андартите на што бани-чани се спротивставија со оружје, формирајќи свои цивилни стра-жи и редари кои дежураа и дење и ноќе како во селото, така и во селскиот атар.

Во селото беа спроведени месни избори и за претседател на месниот совет беше избран Наце Кочев-Кајчето, образована и авторитетна личност. По завршувањето на Грчко-турската војна, постигната е спогодба за размена на населението од грчко, однос-но турско потекло и секој си го врати своето население.

Грчката влада направи распоред каде ќе биде сместено населението што го врати од Турција, а целта беше што повеќе население да се распореди во егејскиот дел, меѓу кои и Баница кое е чисто македонско. Планот на владата беше да се населат 40 грч-ки семејства меѓу македонското население, кое се побуни и побара од претседателот и советот на месната власт да преземе се за да не дојде до населување ца овие семејства во Баница. Македонците се заканија дека ќе дојде до непредвидени последици и притоа беше упатена петиција до владата и нивниот претседател Венизелос.

Владата, гледајќи ја упорноста и револуционерното расположение на наседението, реши за овие семејства да подигне нова населба и да ги насели на железничката станица во Баница, 4 км оддалечена Од селото. Успеаја во нивната цел.

Миграциите Ha населението Со отворањето на патот за Америка од 1926 до 1930 година, голем број од мажите заминаа во оваа држава, но не се знае точни-от број. Се претпоставува дека повеќе од 150 лица заминале преку океанот за Америка и за нив немаше враќање. Поголемиот број подоцна си ги зедоа и семејствата и блиските, а меѓу 1930 и 1939 год.

многумина заминаа за Австралија.

Активноста на работничката класа во рудникот за јаглен Германскиот претприемач Митренџо и Кораки од с. Костец -Костурско го унапредиле производството и подготвиле изградба на фабрика за коксирање на јагленот и изградба на термоелектри-чна централа за осветлување на леринските села и на Лерин, но кога дознала за тоа грчката власт, ги спречила и им ги конфиску-вала сите пристигнати машини, а нив ги осудила на долгогодишен затвор за криење данок на промет. Потоа рудникот го презела не-која англиска компанија во 1930 год. Таа почнала со експлоатација на јаглен, но избил пожар во подземните копови и компанијата го напуштила рудникот во 1933 година. Браќата Хрисафови од Бани-ца го презеле рудникот и го користеле до 1935 година. Овие прет- приемачи им исплатувале дневници за работа од 12 до 15 часови од 30 до 32 драхми во натура преку своите продавници со мешана стока во селото, со што ги принудиле работниците да купуваат стока со повисоки цени од другите продавници во селото. Од 1935 година рудникот го презеле браќата Ѓорѓи и Лефтериос Палис од Атина по народност Грци и го експлоатирале до пролетта 1944 год, кога врз основа на Одлуката Ha Народниот суд во Баница е конфискуван и прогласен за општествено добро и даден на управување на органи-зацијата ЕТА (Комитет за снабдување на партизаните). Директор бил Стате Боглев, а надзорници Стојче Генев, Нуне Танев и Тоне Лулов, за секоја смена по еден. Планот за експлоатација и други одлуки ги донесувале колективно директорот и сите надзорници. За овој период дневниот коп изнесувал од 120 до 150 тони јаглен кој ce продавал за жито и работниците биле исплатувани во натура со жито, се до пролетта 1945 год. кога се врати Пали Лефтерис и ro презеде рудникот. Поради тешките услови за работа и ниските при-мања што ги добиваа, работниците мораа да бидат добро организи-рани и да се борат за своите економски, социјални и други права, како и за подобрување на условите за работа. Повремено стапуваа во штрајк кој траеше од неколку часа до неколку дена, како што беше во 1934 и 1939 год. кога штрајкот се претвори во политички судир меѓу работниците и работодавачите кои ангажираа жандар-мерија за да ги спасува јамите и опремата за која работниците се закануваа дека Ke ја уништат, а јамите ќе ги минираат.

Основањето ва Комунистичката партија во Баница Првата партиска ќелија на КПТ во Баница се појави во 1928 год. во состав: Кице Кочев, Crate Боглев, Нуне Васев и Дине Качо- ров, како и Ѓ орѓес Давидис од населбата на железничката станица „Статмос Вевис“. Со ќелијата раководеше Кице Кочев.

Имајќи предвид дека Баница секогаш имала револуционер-на и борбена традиција во изминатиот период како поразвиена работничка класа со околу 400 работници вработени во рудникот за јаглен во Баница, брзо почна да се зголемува членството на Ко-мунистичката партија - КП, така што во 1932 год. имаше 8 члена и 23 кандидати на Партијата, а во 1934 год. бројот се зголеми на 26 членови и преку 30 кандидати за членови на КП, а во 1938 год. на 37 членови и 40 кандидати. Карактеристично е да се спомене дека „Црвена помош“ за партијата плаќаа повеќето вработени во руд-никот за јаглен во Баница, Преглед на членови на партијата по години на приемот пред војната:

Според раскажувањето на Тоне Лулов, Кице Кочев е член на КПГ од 1925 година, уште од студентските денови.

Од 1928 година: Стате Боглев, Дине Качоров и Нуне Baces.

Од 1932 година: Вангел Кујчев, Вангел Забрцки, Мице Велики и Блаже Кочев.

Од 1934 година: Циле Циноков, Ило Абов, Дине Робев, Лазо Кочев, Лефтер Олевски, Трајко Ќимов, Дине Мангов, Ѓорѓи Калпаков, Крише Робев, Кире Јанин, Киде Апчев, Мице Недел-ков, Наце Јанчев, Методи Васев, Лиде Зисков, Блаже Рикалов, Пеце Малинов, Славе Неделков и Раден.

Од 1938 година: Павле Мангов, Славе Неделков, Ѓорѓи Ја-нин, Макиле Евгин, Славе Катин, [Jado Tacos, Коле Депин-Олев, Kune Чорлинов, Методи Апчев, Крише Јанчев и Тоне Лулдов.

Поради настаните по изборите во 1936 год. и воведувањето на диктатурата на Метаксас, партијата помина во илегалство и стагнираше. Партијата се организира во помали групи и ќедии, а на чело на секоја група иди ќелија стоеше раководител.

Значајно е да споменеме дека пролетта 1936 год. беше из-бран и Секретаријат на КПГ во рудникот за јаглен во чиј состав влегоа: Лефтер Олевски - секретар, Блаже Рикаков - член; Лиде Зисков - член и Методи Baces - член. Организацијата во рудникот имаше над 30 членови и 20 кандидати за членови на партијата, а црвена помош даваа повеќето вработени во рудникот. Во рудни- кот постоеше силна синдикална организација која се реоргани-зира и избра ново раководство пролетта 1936 година во состав:

Методи Апчев - претседател; Нуне Танев - секретар; Kune Апчев

- член; Дазо Васев - член; Гане Гергев - член; Вангел Куичев - член;

Дине Робев Пчлец и Дазо Кочев - член.

Покрај Секретаријатот во рудникот постоеја неколку под-ружници што ги раководеа секретари, значи горните членови на Секретаријатот вршеа и должност на секретари Ha подружници.

Во рудникот работеа 400 работници и службеници.

Прва прослава на празникот на трудот - Први мај била орга-низирана во 1931 год. во месноста Долги Орници, а организатори биле Крише Павлев, Славе Катин, Кице Катин и Кице Кочев. Во наредните денови почнале да ги повикуваат и да ги сослушуваат работниците во жандармериската станица барајќи од нив да кажат дали КПГ е организатор на прославата. Сите биле категорични дека тоа бил излет и заеднички ручек на работциците и дека нема-ло политички карактер. Поради немање докази, биле ослободени.

Во овие бурни времиња и политички настани во Европа, а особено во Грција, КПГ во декември 1935 год. го одржа својот 6 Конгрес, кога е укажано на опасноста која у се заканува на Грција, особено од фашистичка Италија. На овој конгрес КПТ изврши анализа за дотогашната работа и ja утврди натамошната програма за работа и дејствување на Партијата.

На овој конгрес 3a секретар Ha КПТ е избран Никос Захари-дијас кој на 6. пленум на ЦК на КПГ одржан во 1934 год. беше избран за раководител на КИТ.

Диктатурата на Метаксас На 4 август 1936 година, Метаксас заведе диктатура, го замени уставот, ја ликвидира демократската слобода, ја укина сло-бодата на печатот, ги стави вон закон сите политички партии и синдикатот го потчини на својата администрација. Почна отворе- но и брутално да се пресметува со граѓанската демократска снага, а посебно со македонското население и напредните македонски кадри.

За македонскиот народ дојдоа црни денови. Десетици илјади Македонци беа подложени на испитувања и проговувања од поли-цијата и службата за безбедност. Владиниот терор не можеше да го исплаши слободарскиот грчки и македонски народ, тие ја де-монстрираа својата решеност да И се спротивстават HA диктату-рата, секој на свој начин. Тоа особено дојде до израз при воведу-вањето на задолжителната настава за учење на грчкиот народ за возрасните меѓу македонското население. Во Баница тој отдор беше забележителен. Потоа почнаа отпорот и штрајкот на рудар-ските работници, кога работниците во борбата за своите барања ги поддржаа и месното население од сите околни села, партиите и антифашистичките организирани сили во Деринскиот округ.

Забраната да се зборува македонски јазик, да се пеат песни и играат ора и друго, македонски обичаи и навики, тешко го пого-ди македонскиот народ. Беа организирани вечерни школи за воз-расното население кое немаше завршено шестгодишно образо-вание да го изучува грчкиот јазик. Населението од Баница даваше отпор со тоа што не ја посетуваше вечерната настава, не се при-Држуваше коп законот и натаму сите зборуваа македонски јазик.

Ако некој беше фатен да зборува на македонски, што беше честа појава бидејќи полицијата прислушуваше пред прозорците на ку-ќите, беше измачуван и тепан во жандармериската станица, тој пак си го кажуваше старото македонско име, а не новото што му го даде грчката власт. На прашањата при сослушувањето, пак, ба-раа да им се поставуваат прашања на мекедонски јазик бидејќи не го разбираат грчкиот јазик и одговараа на македонски. Тие ги обв-ивнуваа и ги изнесуваа на суд, пред судот зборуваа македонски и судот беше должен да обезбеди преведувач -- толкувач, бидејќи судиите не го познаваа македонскиот јазик. Осудените без приго-вор ја прифаќаа секоја казна и ja плаќаа. Имаше случаи кога на судиите им префрлале дека судат за пари и со својата политика сакаат да ги погрчат Македонците. Ние сме Македонци и Маке-донци ќе останеме - велеа повеќето.

Прогонот и теророт на грчката власт На Велигден 1936 година полицијата и органите за безбед-ност на Метаксасовата влада во село Баница уапсија пет членови на КПГ кои беа испратени во Ајѓострати, пустите острови во Ere-јското Море. Тоа беа: Кице Кочев - член на Секретаријатот на Месната организација и член на Окружниот комитет на КТ за Леринскиот округ; Дине Робев - член на Секретаријатот на синди-калната организација во рудникот за јаглен во Баница; Кице Мангов

- трговец; Стате Боглев - активен член на КТ и crap револуцио- нер; Мице Васев - активен член, возач со приватен камион.

Летото 1936 год. прогласувајќи ги криви за својата актив-вост, а со тоа и поткопување на државата и режимот беа уапсени:

Мице Мангов -рударски работник и Пеце Врагов-Хрисафов - соп-ственик на мелница за жито.

Овие лица беа одведени на концентрационен логор Фале-гандро во Егејско Море.

Есента 1936 година почнаа нови апсења и тоа траеше се до есента 1940 година, a од селото беа уапсени и одведени BO прогон-ство во разни концентрациони логори во Егејско Море следниве лица: Коле Малинов -трговец, Борис Малинов - трговец, Доре Ма-линов - мелничар со сопствена мелница, Jla3o Малинов и неговите 4 браќа, Леко Абов - трговец, Глигор Подимитров - бербер и фо-тограф, Циле Рисафов - трговец, Борис Рисафов, Гире Бабулов -касап, Ристо Попалев - чевлар, Пандо Кујчев - шивач, Циле Цини-Kes - рударски работник и член на Секретаријатот на КПГ во Ба-ница, Kone Јанин - трговец, crap илинденец, Кице Џогов - ма-шински плетач, Славе Костов - рударски работник, Филип Недел-ков - земјоделец, Стојче Чорлинов - земјоделец, Давид Јанин - трговец, Пандо Великин - трговец, Ристо Ничов - рударски работ-ник, Ило Дајков - земјоделец, револуционер-илинденец.

Илјадници други Македонци и од другите села од Леринско И од цела Erejcka Македонија беа одведени во прогонство на ос-тровите Ајастрати, Хиос и Макронисо, а нејзините синови беа мобилизирани и испратени на границата со Албанија, кои подоцна учествуваа во војната меѓу Грција и Италија од октомври 1940 год.

до 20 април 1941 година.

Во предвечерјето на Грчко-италијанската војна беше извр-шена општа мобилизација на 30-годишни лица кои испратени на фронтот. Производствениот процес во многу фабрики и рудници беше прекинат или сведен на минимум само за оние работници кои не ги опфати мобилизацијата. Грчката влада најде решение и доне-се наредба да се изврши мобилизација на помлади работници, меѓу 16 и 19 години, како и постари генерации што це беа опфатени со мобилизацијата. Под ударот на оваа наредба, заслужните пензио- нери беа повторно активирани, а беше опфатен и поголем број младинци кои беа испратени во рудникот за лигнит во баничките јагленокопи и во крушорачките јагленокопи со цел да го продол-жат процесот на производство. Од овие младинци беа формирани првите организации на ОКНЕ (Организација на комунистичката младина на Грција). На 15 мај 1941 год. беше извршен избор на Месен комитет на младинската организација, а подоцна момчињата станаа видни организатори и младински раководни кадри во Лерин-скиот округ. Меѓу нив бевме јас, Атанас Катиновски-Гоче; Павле Павлев-Димко; Тодор Кочевски-Виктор и многу други. Тие го по-сеаја виорот на револуцијата и со неа раководеа во текот на чети-ригодишната ослободителна борба, а другарот Димко го положи и својот млад живот за слободата на својот народ.

Принудната работа во рудниците траеше од септември 1940 до април 1941 година, до окупацијата од страна на Германија.

Во предвечерјето на Втората светска војна, Метаксасовата диктатура во Грција достигна кулминација - со суспендирање на Уставот и растурање на сите политички партии, а некои нивни раководители и повеќе офицери со демократски убедувања ги при-твори и ги испрати во интернација. Со посебна суровост се прес-метуваа со комунистите и сите Македонци. Покрај дискримина-торската политика, асимилацијата и физичкото и моралното измачување на македонскиот народ, луѓето на режимот системат-ски ги уништуваа и последните македонски словенски споменици (стари цркви, училишта, натписи надгробни плочи) и се друго што можело да сведочи за македонското национално минато. Дури се одеше до таму да му се забранува на населението да носи народна македонска носија, а да не зборуваме за фолклорот, народните песни и ора и други обичаи п традиции кои со векови се пренесува-ле од колено на колено, од генерација на генерација. Македонецот немаше право да биде во државна служба како чиновник, ниту во полицијата и во армијата како офицер. Taa привилегија ја корис-теа само оние „македономахи“ гркомани KOU за време на андарт-ството, 1904-1913 година, се бореле на страната и во редовите па андартите, а тоа беа само по неколкумина во секој округ. Тие беа презирани од македонскиот народ како предавници, а тоа се пока-жа и 3a време на окупацијата кога се ставија во служба на страната на германскиот окудатор.

Наспроти вехуманиот однос на режимот, страдањата и по-нижувањата, македонскиот народ во целина покажа политичка зрелост кон прашањето на одбраната на земјата (иако тие беа непризнаени), па, сепак, одбраната ја сметаа за свој долг и под ра-ководство на Комунистичката партија учествуваа во борбата про-тив фашистичкиот агресор - Италија, а подоцна и против Германи- ја. Според тоа, слободно можеме да речеме дека за Македонците антифашистичката борба започна на 28 октомври 1940 година би-дејќи на грчко-италијанскиот фронт беа претежно Македонци и грчки доселеници од Мала Азија.