Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949
ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА - Part 02
Први жртви на мините Во мај 1941 год. од недемонтираните мини во лозјето настра-да семејството на Коле Кочев. Синот Мице и ќерката Лена го за-губија животот, а синот Тасе беше опериран и преживеа. Целото село беше на закопот на младите луѓе. Семејството засекогаш ос-тана ожалостено и натажено по саканите син и ќерка.
По неколку дена се случи уште една несреќа. Младиот овчар Зафир Абов роден во 1922 год. во Баница, пасејќи го стадото овци на своето домаќинство во месноста Нерезите, нагази на полска мина и ос-тана на место мртов од силната експлозија. ОКНЕ изгуби млади луѓе.
Реквизити на жито и други производи Се приближуваше жетвата на ситните посеви, а населени-ето страхуваше да не има уште останати мини во минското поле.
Советот на месната власт неколкупати се обрати до окупациската власт во Лерин и бараше да испрати специјални единици со специ-јални направи и да го испитаат теренот, но окупаторите се оглуши-ја на барањето и пред и по несреќите во селото.
На населението му се закануваа две опасности, да згазат на останата мина, а од друга страна да го пожнеат житото и да им би-де одземено делумно или во целост. Германската власт издаде на-редба дека никој не смее да го врши житото, дека тие ќе донесат вршалки и ќе определат места за собирање Ha снопјето. Многу производители, подучени од месната власт, ноќе ги собираа пчен-ките и го чукаа житото закопувајќи го во плевните и на други ме- ста. Следниот ден ја заоруваа нивата садејќи ситно жито и отстра- нувајќи ги остатоците од пченката.
Поради недостиг од семе, есенската сеидба 1941/42 год. пот-фрли за преку 40-50% кај белите жита. Секој имаше само 3a пот-ребите на своето домаќинство.
Следната година селаните организирано настапија пред оку-пациските власти дека немаат приноси за нив, а окупаторите и сами согледувајќи ги приносите се согласија, но поставија нов ус-лов: да им се обезбедат 10 тони месо. Месната власт успеа да собе-ре само 5-6 тони месо затоа што сточарството не беше доста раз-виено и им го предаде на окупаторите. Тоа беше прва и единствена испорачка на окупаторите.
Обпова на македонскиот јазик во црквата и прославата на Илинден Населението од Баница огорчено од долгогодишното роп-ство под грчката власт, а особено од Метаксасовата диктатура, сметаше дека е дојдено времето да расчисти со грчката власт, да се приклучи кон повикот за народноослободителна борба за еко-номска, социјална и национална слобода и во заедница со грчкиот народ да извојува слобода каде што македонскиот народ ќе си ГО вајде своето место и ќе добие целосна национална слобода. За да преминат во практична примена за раскинување на туторството на грчката власт, а особено на црковната власт, Советот на месна-та власт и Месниот комитет на Комунистичката партија на сед- ница во Јуни 1941 год. допесоа заклучок во иднина во црквата ,,CB.
Ѓорѓија“ молитвите и мисите да се одржуваат на македонски јазик, со користење на старословенските книги и евангелието што го зачувал поп Филип Попов.
На 20 јули 1941 год. на Илинден (по новиот календар) во „Св. Ѓорѓија“ поп Филип ја одржа првата миса на македонски ја- зик. Тој пред молитвата одржа пригоден говор изнесувајќи ги нас- таните и историскиот развој на македонската црква и борбата за признавање од страна на Цатријаршијата и Егзархијата.
Секретарот на Месниот комитет, Дине Робев, ја истакна ис-ториската важност на тој ден и борбата за национални права на народот и слобода на вероисповед на мајчин јазик. Тој направи осврт на Илинденското востание и жртвите на народот за слобо-дата, а го спомена и периодот Ha дејствувањето на грчките ан-дарти, Балканските војни и Првата светска војна. На крајот се осврна на окупацијата на Грција, страдањата на македонскиот Онарод и асимилацијата до истребување на македонските cena, Го повика народот да ја продолжи борбата до конечно национално ослободување и да не наседнува на бугарски или грчки провокации кои сакаат да предизвикаат братоубиствена борба.
Формирање на воени штабови и резервни воени единици Месниот комитет на KIT во Баница на седницата одржана во септември донесе заклучок да се формира воен штаб со задача да раководи со оспособување ца населението, особено на младите за ракување со оружје. Во состав на Воениот штаб влегоа: Доре Јанин - командант, Борис Малинов и Крише Кочев - членови.
Штабот почна да работи веднаш. Ја устрои воената евиден-ција во рок од еден месец во која беа опфатени сите младинки над 16 години кои не беа омажени.
Ha 16 јануари 1942 год. на Пленум на ЦК на КПГ беше из-вршена анализа на работата на воените штабови на теренот, беа извршени воени подготовки, организација на партизанските еди-ници и нивниот резервен состав и се укажа потреба од формирање Национална народноослободителна војска која ќе ги обедини сите партизански единици во Грција. Беше формирана ЕЛАС - Етникос лајкос апелефтеритикос стратос и се утврдија целите и задачите:
- Борба за ослободување на земјата од странските завојувачи;
- Заштита на поробениот народ и неговата слобода;
- Обезбедување Ha поредокот до спроведување на слободни избори во кои народот ќе може слободно да ја изрази својата волја.
Горните цели се задачи што ќе ги постигне ЕЛАС со коор-дивирани дејства со партизански војувања, со постепено HapacHy-вање BO сенародна војска против окупаторот и неговите соработ-ници, на непрекинати воени напади врз непријателот до уништува-ње, проширување на слободната територија во земјата и претвора-ње на воеца база Ha ЕЛАС и пренесување ца воените борбени деј-ства Ha главните центри и основните комуникации на окупаторот.
На 2 maj 1943 год. на заедничко советување Ha LIK ва EAM и Главниот штаб на ЕЛАС e формирана Врховна команда на ЕЛАС. За главен командант беше пазначен полковникот Стефанос Серафис.
Формирање на оргапизацијата КАМ Ha 7 Пленум на ЦК на КИТ одржан на 27 септември 1941 год.
беше формирана организацијата ЕАМ - Етникос аполефтеритион метопо (Народноослободителен фронт) во чиј состав влегоа KIIT, Земјоделската, Социјалистичката il Народно-демократската пар-тија, Организацијата за национална солидарност и претставници на научниот и културниот живот на Грција. Подоцна cram и напред-ниот дел ца Либералната партија. Со формирањето на ЕАМ се извр-ши обединување на постојните организации. Се формира и Цен-TpajieH воен комитет - Врховен воен штаб, кој во декември 1941 год.
ја разработи организацијата и партизанската тактика за војување.
Во почетокот на октомври 1941 год. во Баница беше форми-рана организација на EAM и беше извршен избор на месен одбор.
Во ЕАМ беа вклучени сите возрасни лица беа разлика на полот, кои сакаат да се борат за национална слобода.
Ha 18 октомври 1941:година во просториите на училиштето беше одржана основачка конференција на организацијата EAM на која присуствуваа над 200 лица. По усвојувањето на дневниот ред, реферат за целите и задачите на ЕАМ поднесе секретарот на Месниот комитет на КПГ за Баница, Вангел Кујчев. Неговото излагање беше проследено со аплауз. , Потоа беше избран Месен одбор на EAM во кој влегоа:
Нуне Васев - претседател; | Методи Анчев - секретар;
Методи Гасков - член;
Мице Тошев - член;
Sone Васев - член;
Доре Јанев - член;
‘Tone Лулов - член.
Организацијата на EAM во с. Баница беше меѓу првите и беше една од најатрактивните во Леринскиот округ.
Терор и апсења од окупаторот
} та Поради активноста што ја покажаа сите организации во Баница, со цел да го заплаши паселението, германската власт Ha 30 јануари 1942 година го блокираше селото, ги собра селаните во "Св. Димитрија“ и започна прво со говори и заканувања дека знае се и дека треба граѓаните да се откажат од секаква активност, да бидат покорни, па ништо лошо нема да им се случи. Имаше и по-вик секој што има какво и да е оружје или воена опрема да ги пре-даде, односно донесе на сред село. Цародот остана мирен и никој не се одзва на повикот, а ниту заканувањата не го поколебаа. Со нив и нивните слуги контактираше само претседателот на месната власт, другарот Лазо Кочев, во кој народот имаше целосна довер-ба и сите негови постапки во целина ги поддржуваше. Почна уште еден општ претресшо куќите од страна на специјалните СС-трупи.
Во претресот на гумното на Панде Катин (Кочев) беше нај-ден еден облог од мина. На повикот излезе од стројот и ги одведе право кон складот заради тоа што мислел дека го нашле. Беше не- доразбирање. Германците беа вчудовидени како свесно и безбедно беа складирани толку големи количества динамит, облоги и капи-сли од 20 илјади мини. На прашањето зошто му се толку мини, Пав-ле без трема одговори дека за време на служењето војска во грчката армија бил минер, дека ги собрал од полето со намера да ги употреби за вадење камења, и правење ралници и други земјоделски алати за куќни потреби. Но, во тоа никој не му поверува. Уште тука почнаа да го тепаат и да бараат да каже кој го организирал прибирањето на мините и нивното складирање, но попусто го тепаа. Павле Кочев oc-тана на својот исказ и не ги предаде другите учесници во демонти-рањето на мините. Германците товарија три камиони динамит.
Вечерта при напуштањето на селото со себе Германците ги одведоа Павле Кочев, Панде Катин, Коце Вешов и Мице Мангов во Дерин, а потоа во солунскиот затвор „Павле Мела“.
Павле Кочев и Коце Вешов во Солун беа осудени на смрт и стрелани на крајот на јануари 1942 година. Со нивното погубување, Баница загуби двајца револуционери и борци за ослободување на Македонија и македонскиот народ. [Tanne Катин и Мице Мангов беа осудени на временски казни и останаа во логорот до есента 1944 го-дина кога го напуштија Германците и се вратија во своите домови.
Реорганизација на младинската организација OKHE На 15 февруари 1942 година е извршен нов избор на месен комитет на ОЕНЕ (Организацијата на комунистичката младина ва Грција) во следниот состав:
Атанас Катиновски - секретар, Павле Павлев - заменик-секретар;
Лазо Гергев - член;
Ѓорги Дајков - член;
Ставро Павлов - член;
Киро Џугоманов - член;
Наце P. Малинов - член;
Ѓеле Кочев - член;
Павле Димитров - член.
Во овој период во Организацијата членуваа над 80 младинци и беа поделени во маалски организации на чие чело стоеше како раководител еден член на Месниот комитет.
На состанокот за дотогашната активност на организацијата, како и за целите и задачите што претстоеја пред организацијата, извештај поднесе Атанас Катиновски, секретар на Месниот коми- тет на ОКНЕ.
Формирање Народен суд и неговата активност Бидејќи се појавија извесни прекршоци и некои имотни не-согласувања во селото, месниот одбор на ЕАМ донесе одлука да се формира Народен суд кој ќе ги решава сите спорови на мирен начин и доколку не може да постигне меѓусебно разбирање помеѓу странките, тогаш ќе донесува одлуки кои ќе бидат задолжителни за двете странки, односно за сите учесници во спорот. Во март 1942 година беше избран првиот народен суд во Баница во состав:
Крише Рапов - претседател;
Ристо Ничев - заверувач-записничар;
Глигор Попдимитров - член;
Ѓорѓи Џугоманов - член;
Блаже Неделков - член.
Народниот суд имаше доста работа и достојно ги репрезен-тираше судството и извршната власт за сето време на неговото постоење до пролетта 1945 година.
Овој суд донесе две историски одлуки. Имено, во април 1944 година донесе одлука за конфискација на рудникот за јаглен во село Баница и во село Крушоради и назначи раководител за воде-ње на производствениот процес, и тоа:
- во рудникот за јаглен во с. Баница беше назначен Стате Bornes, стар револуционер и прекален член на Партијата;
- во рудникот за јаглен во село Крушоради беше назначен Вангел Којчев, прекален првоборец и организатор на движењето.
Одлуката им беше соопштена на дотогашните претприема-чи и од нив беше побарано да го предадат сиот подвижен и непод-вижен имот на рудниците и дека е прогласен за народен и народот ќе управува со него и ќе ги користи благодатите од рудниците.
Дотогашниот претприемач Елефтерис Палис во рудникот за јаглен во село Баница, одби да го предаде имотот и се закави дека ќе употреби оружје, меѓутоа вечерта со своето семејство го напушти рудникот и замина за Атина.
Рудникот во село Баница, беше нападнат од една диверзант-ска група под раководство на Лефтер Олевски и Димитар Кочев-ски и учествуваа 15 младинци од село Баница. Нападот беше из-вршен во третата декада на април 1943 година и беа запленети големи количества прехранбени артикли, линамит, каписли, ќеби-ња, платно и друго. Прехранбените производи му беа поделени на населението во село Баница, еден камион жито во с. Горничево, два камипона во с. Неговац и еден во с. Забрдени.
Од април 1944 година до почетокот на 1945 година овие руд-ници работеа како народни, општествени рудници и му служеа на движењето. Германските окупациски власти воошто He се обидоа да ги повратат овие рудници имајќи предвид дека не можат да ги одржат и да ги експлоатираат.
Во април 1943 година, исто така, беше донесена одлука и уништена сета полициска и друга архива од поранешниот грчки режим во Баница за да не падне во рацете на германските власти.
Формирање на организацијата на АФЖ Бидејќи голем број жени учествуваа во сите организации во септември 1942 год. беше формирана посебна организација за жените АФЖ со избор Ha местен одбор и две маалски организации. Во одборот беа избрани: Митра Забрска - претседател и Менка Џуго-мановал, Грозда Костова, Гина Лакова, Софија Џугоманова - членови.
Во маалската организација на левата страна од поројот во раководството влегоа: Жана Апчија - претседател и Марика Јанчева, Магда Јанчева и Маца Катина - членови.
Во организацијата на десната страна од поројот во раковод- ството влегоа:
Марија Којчева - претседател и ЈБуба Олевска и Лена Ташева - членови.
При изборот на раководствата беа поднесувани кратки излагања па членовите Ha EAM од местен одбор, кои ги изнесуваа целите и задачите што И престојат на Организацијата.
Жените рамноправно учествуваа во сите активности на теренот, а особено во подготовките за прибирање облека, храна, санитетски матер-ијали и лекови, курирска должност, разместување на пристигнатите пар-тизани, лекување на ранетите, перење, чистење, крпење на алишта и друго.
Формирање на оргапизацијата ETA Во февруари 1943 год. беше формирана Организацијата за заштита на партизаните, а особено на партизанските единици ЕЛАС, како и 3a населението на ослободените и полуослободеци-те територии и прибирање информации за потребите Ha движе- њето. Во избраниот Местен одбор за претседател беше назначен Пандо Џугоманов, а за членови: Ѓорѓи Калпаков, Циле Хрисафов, Павле Малинов, Славе Костов и Пеце Малинов.
За целите и задачите на организацијата на состанокот зборуваше претседателот на МК па ЕАМ, другарот Нуне Васев.
Акции и диверзии на резервниот состав Во март 1943 год. една диверзантска група на чело со Леф-тер Олевски ја нападна жандармериската станица и ги разоружа сите жандарми во с. Воштарани - Деринско.
Во изведување акција во април 1943 год. во рудникот за јаг-лен Bo Бапица, под раководство на Лефтер Олевски и Димитар Кочевски, учествуваа следниве борци од Баница; Русе Џугоманов, Киро Џугоманов, Ѓорѓи Дајков, Блаѓе Дајков, Атанас Катинов-ски-Гоче, Блаже Котронов, Sone Гергев, Михаил Хариши, Мице Педелков, Кирче Малинов, Kone Малинов, Нанче Џогов, Тане Јовчев и Лазо Попдимитров.
Сите беа членови на ОКНЕ, а од нив шестмина загинаа во текот на НОВ во редовите на ЕЛАС или ДАТ за слобода на својот народ.
Организацијата на ЕАМ постоеше во секое село, а во Бани-ца целокупното население беше опфатено со активности во рам-ките на организациите со желба за економска, социјална и национална слобода на македонскиот народ. Високиот степен на организираност бараше и нови форми на управување, а Баница, иако на крстопат по кој минуваа непријателските сили, прет-ставуваше полуслободна територија бидејќи во неа слободно се движеа сите партизански групи без страв да преноќат затоа што селските стражи беа секогаш будни и добро организирани.
Формирање на HOO (народноослободителни одбори)
H HHBHATA активност Ha слободната територија, a по налог Ha EAM, ce роди нова власт и никнуваа народноослободителни одбори како месна власт по селата, а во Баница, со тајно гласање на над 300 присутни на ЕАМ, беше формиран во февруари 1943 година. Во одборот влегоа следниве лица: Мице Дазарев - претседател, Вангел Забрцки -пот-претседател, Наце Јанчев, Методи Апчев и Нуне Васев - членови.
На конференцијата присуствуваа Петар Пињаев и Ѓорѓи Турунџев, членови на окружното раководство на ЕАМ, а за уло-гата и значењето на новата власт зборуваше Петар Пињаев.
Советот на месната власт одигра голема улога во натамош-ната борба со непријателот, домашните предавници и бугарските провокатори од типот на Калчев и други кои се трудеа селото да го вооружат и да го свртат против HOO. Баница беше пример 3a борба против сите провокации, од каде и да доаѓаат, и на него се огледуваа сите други села во Леринскиот округ. При секое најаву-вање на Калчев во Баница, KIT и други организации го повлекуваа населението во планина, а диверзантските групи им поставуваа заседи, кои агентот Калчев ги одбегна неколкупати. Германските груци нагазуваа на мините поставени по јавните патишта наменети за Калчев, па тие го плаќаа цехот.
Пролетта 1943 год. во селото беше избран Местен комитет на КШ во чиј состав беа: Tone Лулов - секретар, Вангел Забрцки
- заменик, Muue Неделков и Мице Јаев - членови.
Пролетта 1944 год. секретарот Тоне Лулов беше поставен за реонски инструктор на КПГ во баничкиот реон кој опфаќаше 15 села, а на негово место беше избран дотогашниот заменик-секретар на МК, а другите членови останаа исти.
Секој ден се примаа нови членови во КПГ со желба што повеќе да придонесат во борбата за ослободување од окупаторот и домашните предавници. Кон крајот на 1944 год. во редовите на Партијата членуваа околу 120 лица.
По налог на резервниот состав на ЕЛАС, на 20 мај под ра-ководство на Димитар Кочев и Лефтер Олевски беше организи-ран напад на композицијата на линијата Лерин-Солун на железни-чката станица во Баница, за ослободување на политичкиот зат-вореник и првоборец Хараламбос Хараламбидис, со псевдоним Атанатос, кој по ослободувањето живееше во градот Острава во Чехословачка. Акцијата беше изведена успешно. Двајца парти- зани се уфрлија во локомотивата, а други двајца ги откачија пред- ните два вагона во кои беше затвореникот, ги оддалечија од ста-ницата и на погодно место беа нападнати од организираната заседа и совладани. Беа убиени четворица Германци, тешко ранет грчки шпион, запленето доста оружје и воена опрема.
Затвореникот беше ослободен и поведен во правец на планината Синак, кон Вичо. | Во акцијата покрај горните лица учествуваа и Павел Павлев, Тане Павлев, Атанас Катиновски, Лазо Гергев, Блаже Коптронов, Павле Димитров, Лео Ничев, Ѓорѓи Абов, Ѓорѓи Дајков и Русе Џу- гоманов.
Во јуни 1943 год. германските полициски сили и војската до-Јдоа во Баница и фатија околу 50 младинци под изговор дека ќе ги ангажираат во борба против партизаните во Албанија. Во логорот заградени со бодликава жица, ги чуваше стража. Меѓу фатените и спроведените од Баница беше и секретарот на МК на ОКНЕ, Павле Павлев и членот Тодор Кочев. Организираа бегство уште истата вечер. Ја пресекле бодликавата жица на слабоосветлениот логор и еден по еден се губеле во темнината.
Павле Павлев и Тодор Кочев се повлекоа во илегалство и беа поставени за окружни инструктори на ЕПОН во Леринско.
Павле Павлев, под псевдонимот Димко, го покриваше реонот на Серовиќ и Кајлари, а Тодор Кочев под псевдонимот Виктор беше во преспанскиот регион. Во Битола се врати Атанас Катиновски и беше поставен за инструктор на ЕПОН во Леринскиот округ под псевдонимот ['oue. Двајцата последни ја преживеаја војната, а Дим-ко загина пролетта 1944 година, враќајќи се од конференција на СОФ за Деринскиот округ, одржава во Бел Камен во април 1944 год. Паднал во заседа на Германците и комитаџиите од с. Прокопа- на и по двочасовна нерамноправна борба со последната рачна бомба извршил самоубиство за да не падне жив во рацете на непријателот.
Ново раководство на младинската организација ЕПОН Ha 30 јуни 1943 год. откако дотогашниот секретар на ОКНЕ, сега ЕПОН - Етники панадлајки органисис Неон (Национално-ослободителна организација на младината) Павле Павлов замина во илегалство, се одржа состанок на МК и за секретар беше из-бран Русе Џогоманов, а за негов заменик Киро Џугоманов. Беа коптирани два нови члена, a МК, покрај гореизбраните, го сочину-ваа и членовите: Ѓорѓи Дајков, Ставре Павлев, Нице Џугоманов, Павле Димитров, Хариши Михали Геле Кочев и Блаже Котронов.
Овој состав раководеше се до крајот на 1944 год. со мини-мални измени и дополнувања по стапувањето на некои членови на ЕЛАС.
Одржан голем протестен митинг во Дерин Во август 1943 год. во Лерин беше организиран масовен протест на кој учествуваа над 15 000 демонстранти од Леринскиот округ и самиот град Дерин. Имаше околу 80 Баничани кои дојдоа со еден автобус и со камиони. Со црни знамиња - транспаренти со напишани пароли, демонстрираа по улиците на Лерин против одзе-мањето на реколтата на земјоделските производи, теророт и ска-потијата, барајќи минимум производи за егзистенција на населе- нието. На крајот му беше предадена петиција на градоначалникот на квинслишката грчка власт со која беше барано да се ослободат политичките затвореници. Овие демонстрации брзо се пренесоа и во други градови на Егејска Македонија.
Формирање на организацијата на СОФ Врз основа на притисокот на Македонците од егејскиот дел на Македонија и поставеното македонско прашање на седницата на Покраинскиот комитет на КИТ во јуни 1941 год., Пленумот на ЦК на КПГ одржан на 1 јули 1941, како и контактите и разгово- рите со Светозар Вукмановиќ-Темпо и членот на ЦК на КПМ Цветко Узунов, КП Грција дозволи да се формира Славомакедон-ски народноослободителен фронт СНОФ во Егејска Македонија.
По иницијатива на политичкиот секретар на ОК на КПГ за Лерин-ско, другарот Танос, во местото Боздовец во атарот на с. Баница, беа повикани одредени македонски кадри во почетокот на септември 1943 год. и тука беше извршен избор на окружно раководство на СОФ - Славомакедонски ослободителен фронт за Деринско.
На состанокот присуствуваа Киро Цилаев, Ѓорѓи Турунџев и Трифко Поповски од Екшисо, Кице Кочев, Вангел Кујчев и Ван-гел Забрцки од Баница, Тодор и Тане од Котори, Панде од Ново-ани и др. Овие кадри беа и јадрото на движењето на отпорот во Леринско. Беше извршен избор на окружно раководство на СОФ, и тоа: Киро Цилаев за политички секретар, Ѓорѓи Турунџов 3a ор-ганизациски секретар и Кице Кочев одговорен за агит-проп (аги-тација и пропаганда). Овие лица го претставуваа првото раковод-ство на СОФ за Деринскиот округ.
Донесена е одлука да се извршат избори на месни раковод-ства на СОФ на сите македонски села.
Кон крајот на септември 1943 год. во Баница беше избран првиот Местен одбор на СОФ во Леринско во кој влегоа следниве лица: Мице Даев - претседател, Методи Апчев, Дазо Koues, Kone Ones, Kune Koues, Нуне Bacon и Ило Абов - членови.
Ha конференцијата Ha Koja беше извршен избор Ha раковод-ство, воведен реферат за целите и задачите Ha CO® поднесе Ван-гел Којчев, реонски инструктор за ОК ва КП во баничкиот регион во кој членуваа околу 600 лица.
Формирање на Баничкиот партизански одред Во октомври 1943 год. беше формиран и првиот посебен Банички партизански одред на чело со командантот Дефтер Олев-ски од Баница. Во составот на одредот влегоа следниве Баничани:
- Ѓорѓи Ило Дајков
- Кочо Ралов
- Методи Васев
- Ило Васев
- Ило Мангов
- Ѓорѓи Абов
- Лазо Ѓерѓев
- Пеце Алушев
- Дине Диманин
- Soe Лаков
- Sone Калпаков
- Гонче Делев
- Михали Хариши
- Андон Хариши
- Наце Ристо Малинов
- Тане Јовчев
- Димитар Кочевски
- Блаже Дајков
- Лазо Вењанов
- Jlexo Ничев
- Ванчо Катин
- Дазо Попдимитров Покрај овие 25 баничани, во одредот се приклучија еден горничевец, петмина од с. Церово, четворица од с. Екшисо и шест-мина од Воштарани или вкупно, одредот имаше 4) борец во орга-низираната борба против окупаторот и домашните предавници.
Одредот беше добро вооружен.
Положбата на HOB во егејскиот дел на Македонија Движењето на отпорот во 1943 година беше организирано на висок степен на подготвеност. Партизаните имаа можност да сместат, буквално да скријат, една цела бригада во некое село и таа да биде сигурна и покрај сите непријателски потери и војски.
Никој не би не предал. Но, ние по никоја цена не сакавме да го 0C-тавиме на мира непријателот.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/banica/9 le 29 octobre 2026