Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949
БАНИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА - Part 05
бригада. Од Риботина до Грека беше 105. бригада. Офицерската школа беше распоредена во Бесфина и две чети во В мбел. Артиле-ријата во резерва ја сочинуваа шест ридски, шест полски и шест противтенковски топови.
Командниото место на командантите на единиците од Вичо и Врховниот воен совет се наоѓаа во село Винени, Преспа.
Еден баталјон од 18. бригада кој ја бранеше височинката По-лената на кота 1683 на 10 август 1949 година нападнат од владините сили храбро и пожртвувано се бореше за живот или смрт 17 часови би-дејќи оваа кота беше важна стратегиска точка. Бранејќи ја оваа важна стратегиска точка сите бранители загинаа, а преживеаја само три борци за даја опишат оваа крвава борба. Борците се бореа до последен куршум.
Во составот на овој баталјон се бореа и борците од село Ба-вица кои ги дадоа своите животи, и Toa: Михаил Дине Павлов и Бла-же Методи Катронов-командир на вод по чин поручник со завршена воена офицерска школа при Главниот штаб на Даг.
Ha 11 август 1949 година во борбите за одбрана на височин-ката Дисец заедно со повеќе борци загина Дазо Ило Дафов-коман-дир на вод, по чин поручник, со завршена офицерска школа при Главниот штаб на ДАТ.
Во борбите со монархофашистите, кај село Ржби, Преспа, загина првоборецот Кице Апчев од Баница. За овие борби капетан Вангелис Парахристу-Фармакос, разузнавачки офицер на Главниот штаб вели:
„Знаев дека е дојден часот да стапиме сите на првата борбена линија. Примив чета од 134 прекалени партизани и ги поведов преку ЏПсодери и Бела Вода кон с. Герман. Паднавме во човечка кланица.
Сите современи средства на една армија освен атомска бомба се на-фрлија на нас во утринските часови на 14 август. Луѓето се намалуваа и останаа живи околу 40. Сакавме со засилен марш да стигнеме до Африка (територија меѓу Голема и Мала Преспа и албанската гра-ница). Кај кулата два тенка ни го попречија патот, еден заврши во езерото, а другиот се вклешти на мостот како огнена топка-бункер.
Тоа беше огнен ужас за нас. Не можевме напред, зад другите единици.
Наредив пробив наназад, што исто така беше убиствено. Се обидовме да се приближиме до југословенската граница спротивно од наред-бите на Врховниот воен совет и Захаријадис. За тоа следуваше казна „Предавање во рацете на грчките воени власти“, но како разузнавач знаев дека е тоа лага и омраза на Захаријадис контаа земја. Во форма на потковица, ние 40-ина преживеани партизани тргнавме кон с. Гер- ман. Тие 6 км беа најдолгиот пат во мојот живот. Петнаесетте часа искушение и невидениот масакар заменет од огнено оружје со ба-јонети и ножеви беа пеколни за сите нас. Тоа беше колеж, кланица чиј страв и ден-денес го носам со себе, глетки кои не ми даваат мир ни денес по триесет години.
Се собравме кај трската на брегот меѓу Голема и Мала Пре-спа, растурени и ранети борци, вџашени од смртта. Кај месноста Маркова Нога дојдоа уште 170 борци и 23 ранети од разбиените еди-ници на ДАГ. Непријателот не ни даваше мир. Над нас летаа ави-они „Дагласи“ кои исфрлија околу 1000 падобранци. Морничаво се спротивставивме на десантот падобранци. Многумина од нив уште во воздух ги убивме. Кога стасавме пред југословенската граница, на-летавме на гранична патрола и караула. Тие веднаш ги прифатија ранетите и ги испратија во санитетски прифатилишта“.
Општата офанзива на владините сили за уништување на единиците на ДАГ започна на 9 август 1949 година, на планината Вичо, а заврши на 17 август 1949 година со успех на монархофаши- стите. Последните партизански единици беа протерани преку гра- ницата со Албанија. Тоа беше крајот на операциите и борбите за планината Вичо. На бојното поле останаа околу 800 мртви парти-зани, а 600 беа заробени, и тоа само во преспанскиот регион.
Другите единици на ДАГ (10. и 11. дивизија) по катастро-фалниот пораз на Вичо, беа префрлени на. планината Грамос.
Според раскажувањата на преживеаните борци и стареши-ни, решавачката битка се водеше на 14 август 1949 година на Кула-та, меѓу големото и малото езеро во Преспа, за преминување на владините сили преку мостот кон Мала Преспа.
Борбата за одбрана на Грамос По поразот на единиците на ДАГ на планината Вичо, на 20 август 1949 година Цолитбирото на ЦК на КПГ одржа седница Ha која беше извршена анализа за неуспехот на одбраната на Вичо.
Во меѓусебните обвинувања, посебно беше обвинето рако-водството на 11. дивизија дека биле лошо распоредени партизани-те и лошо била водена битката. Беа извршени кадровски промени во командниот состав и беше заклучено да не се повторат грешки-те од Вичо во одбраната на планината Грамос.
Ha 24 август 1949 година беше јасно дека владините сили вр-шат подготовки за напад. На 24 август 1949 година беа извршени пробни напади на одделни сектори Ha Грамос со цел да ги испитаат пулсот и позициите на ДАГ. Општата офанзива започна на 26 ав-густ 1949 година со напад од сите страни и сите раеположливи сред-ства на владините сили од земја и Off воздух. .
Во овие битки загинаа сите партизани на првоборецот од Баница Борис Тасе Олев, поручник и командант на вод. Пожртву-вано се бореа 24 часа трудејќи се по секоја цена да ги задржат по- зициите на височинката што имаше стратегиско значење, но под притисок на владините единици и воздушната поддршка, авионски-те бомби, не успеаја. И Олев беше жртва меѓу своите соборци. Ви-сочинката Горица беше освоена.
Со големи жртви партизанските единици беа принудени да се повлечат кон територијата на НСР Албанија. Тоа беше крај на одбраната на Грамос и пропаст на единиците на ДАГ. На 29 август сите партизански единици беа повлечени, оставајќи зад себе ил-јадници загинати борци и заробени партизани.
Коминике на Главниот штаб па JAT Главниот штаб на ДАГ вечерта меѓу 29 и 30 август 1949 го-дина издаде коминике дека единиците на ДАГ се повлекоа од грчка-та територија бидејќи ги извршија задачите за џанесување загуби на непријателот.
Тоа беше крај на Граѓанската војна што ја водеа КПГ, КАМ, НОФ и прославената демократска армија на Грција - TAT, На Шестиот пленум на ЦК на КПГ во октомври 1949 година во HCP Албанија беше анализирана настанатата ситуација и оцен-ката на работата на Политбирото ца ЦК на KIIT", а донесената од-лука за повлекување на единиците на ДАГ во НСР Албанија беше оценета како правилна и навремена.
Па 15 октомври 1949 година привремената демократска вла-да издаде Прокламација со закана на монархофашистичката влада.
По поразот на ДАГ и повлекувањето во НСР Албанија, за македонскиот народ од егејскиот дел настапија тешки денови, со искушенија и страдања. Илјадници семејства се повлекуваа и ги напуштаа своите домови од слободната и полуслободната тери-торија што ја напуштија единиците на ДАГ со цел да ги спасат своите голи животи и премивуваа во соседните братски социјали-стички земји, особено во Југославија. Се смета дека околу 35 000 Ма-кедонци ги напуштија своите домови и преминаа во Југославија, односно во СР Македонија.
ПОЛОЖБАТА НА СЕЛО БАНИЦА ПО BOJHATA Баница по завршувањето на Граѓанската војва Македонците кои останаа по виорот на пустошењето на мо-нархофашистите, ги чекаа нови искушенја, судски постапки и про-гонства во пустите острови на смртта во Егејското Море. Од нив се бараше покајување и одрекување на идеалите на КПГ, ЕАМи НОФ и ветување дека во иднина ќе бидат лојални граѓани и ќе ги бранат придобивките на монархофашистичката влада.
Опустошените села и куќи, населението не беше во состојба само да ги обнови, а никаква помош немаше од владата, па настапи состојба на општ глад и болести меѓу населението. Започна општа миграција во прекуокеанските земји Америка, Канада и Австрали-ја, а помал број и во западна Европа.
Селото Баница, покрај сто и педесетте семејства што преми-наа во Југославија, сега масовно го напуштија повеќе илјади лица и заминаа за Канада и Австралија и од 1950 до 1953 година селото ce ис- празни. Останаа само неколку семејства од помладата генераци- ја. Останатото население беше од старата генерација која имаше повеќе од 60 години и или не сакаше да го напушти родниот крај иди немаше каде да оди, па се помири со судбината и остана и по-натаму да живее таму.
Прогонствата и судските постапки спрема баничани секогаш беа со посебна острина п суровост од страна на владините сили.
Секоја петта куќа беше затворена и оставена на забот на вре-мето и по неколку години се раслаѓаше во целост. Се гледаа само урнатини од куќи со трева и грмушки.
Борците ва ДАГ евакуирани во ИЕСЗ Од единицата на ДАГ, следниве лица се повлекоа во НСР Албанија, а оттука во источноевропските земји:
Во СССР Лефтер Олевски - подоцна се врати BO J угославија Ѓорѓи Зигоманов - се врати во Југославија Тане Ѓерѓев - умре во СССР Сократи Тане Ѓерѓев - остана да живее во СССР Лазо Нове - се врати во родниот крај, Грција Лазо Калпаков - се врати во Југославија Ванчо Ѓиче Катин - умре во СССР Теодор Ристо Малинов - замина за Канада Лазо Рикалов - загина во сообраќајна несреќа во СССР Стојче Ѓенев - се удави капејќи се во река во СССР Ило Ѓенев - се врати во Југославија Фана Шишерова - се врати во Југославија Наце Јанчев - се врати во Југославија Славе Џогов - се врати во Југославија Андра Олева - се врати во Југославија Нуна Јовчева - се врати во Југославија Пандо Танев - замина за Канада Глигор Ќосев - се врати во Југославија Лена Глигор Ќосева - се врати во Југославија Ленче Мице Мангова - се врати во родниот крај, Грција Народна Република Полска
1. Методи Апчев - се врати во Македонија
2. Дине Ушката - се врати во Македонија
3. Дине Минчев - се врати во родниот крај, Егејска Македонија
4. Киро Џугоманов - се врати во Македонија
5. Панде Џугоманов - се врати во Македонија
6. Ѓорѓи Дајков - се врати во Македонија
1, Тасе Неделков - замина за Канада
8. Вангел Кујчев - умре во Полска
9. Марина Кујчева - се врати во Македонија со децата Коле, Трифко, Ѓорѓи и Хрисула
10. Ташко Вангел Кујчев - живее во Полска
11. Вена Мице Неделкова - замина во Канада
12. Методи Васев - се врати во Македонија
13. Марика Попова - се врати во родниот крај, Егејска Македонија
14. Лазо Васев - се врати во Македонија
15. Методи Катронов - умре во Полска
16. Ило Филип Мангов - се врати во Македонија
17. Славе Костов - се врати во Македонија
18. Пандо Славе Костов - се врати во Македонија
19. Дика Тренде Малинова - се врати во Македонија
20. Ѓорѓи Олев - живее во Полска |
21. Ташко Доре Малинов - ce врати Bo Македонија Народна Република Романија
1. Кице Филип Кочев - замина за Бугарија
2. Атанас Доре Малинов - се врати BO Македонија Република Чехословачка
1. Теодор Наце Кочевски-Виктор - се врати во Македонија
2. Нуне Абов - се врати во Македонија
3. Слава Кочева - се врати во Македонија
4. Мице Великин - со жената Софика и со семејството остана во Чехословачка
5. Борис Абов - остана во Чехословачка
6. Борис Ило Сариев - остана во Чехословачка
7, Ристо Васев - замина за Бугарија Република Унгарија |
1. Кочо Хрисафов - ce врати Bo Македонија Република Бугарија
1. Кочо Јовчев - остана во Бугарија
2. Дине Тошов - остана во Бугарија
3. Ташко Алтин - остана во Бугарија Борци од ДАГ кои успеаја да го избегнат повлекувањето во Албанија и преминаа во Југославија се следниве: Вангел Забрцки, Стојче Ѓенев, Мице Лаев, Трендо Малинов, Лазо Абов, Кине Јанев-Папарусев, Блаже Неделков и Методи I'ackoE.
Другите борци од ДАГ, по подолго криење во планините, се вратија во своите домови во Баница.
Организирање на Баничките средби Џовеќе од 200 семејства од Баница кои живеат во повеќе градови во Македонија за првпат на 9 јуни 1974 година организираа Баничка средба. Беа поканети и баничани од прекуокеанските зем- ји. Беше поднесен и реферат за учеството на Баничани во НОВ и во Граѓанската војна во Грција, како и за обнова на земјата. Сред-бата се одржува традиционално.
Репатријација на баничани од источноевропските земји По потпишувањето на Белградската декларација меѓу СФРЈ и CCCP Bo 1956 година, беа создадени услови за враќање на Маке-донците од егејскиот дел на Македонија кои беа повлечени од ра-ководството на КПГ и ДАГ, учесници во НОДЕМ. Сите наши Ма-кедонци поведоа постапка за враќање во Република Македонија, во местата каде што HM се наоѓаа другите членови на семејствата.
Во 1956 година пристигна првата група од Ташкент, СССР, речиси сите првоборци. И од другите источни држави почнаа да се враќа-ат поголемиот број борци.
Сеќавањето на Лефтер Олевски за транспортот од Албавија во СССР:
„Не натоварија на товарни бродови во пристаништата во Албанија и преку Средоземно Море и Босфорот стигнавме Ha пристаниште во СССР, а потоа со воз до Ташкент, каде што бевме сместени во прифатни центри-логори, задржувајќи ја организа-ционата воена формација од редовите на ДАТ. По карантин од 15 дена почнавме да работиме по фабриките одејќи во строј од чета или баталјон. Така и се враќавме од работа.
Од личниот доход заработен во фабриките секој борец одво-јуваше половина од сумата за потребите на КПГ и функционерите кои не работеа. Борците од грчка националност беа испратени на воени и политички школи, а Македонците го немаа тоа право. Тие стекнаа квалификација со практична работа на своите места. Бо-рецот Ило Ѓепев самоиницијативно се запиша и заврши за машин-ски инженер. До расцеп во редовите на КПГ дојде по одржувањето на 20. Конгрес на КП на СССР во 1955 година, кога Политбирото на КПГ не ги прифати одлуките на СССР и застана на страна со Кина и Албанија, Ha позициите на сталинизмот. Дојде и до крвави прес-метки меѓу борците на ДАГ.
Македонските борци - HOJEM, веднаш побараа репатрија-ција во Југославија и се обратија до конзуларните претставништва.“ По враќањето во Југославија им се придружија на семејства-та или беа распоредени по градовите каде што имаа обезбедено работа според стручната подготовка стекната во СССР. Во Маке-донија беа поблиску до родниот крај, кој по либерализацијата на Грција почнаа да го посетуваат.
Голготата на Македонците од Егејска Македонија се уште трае.
ОД ПОЕТСКОТО ТВОРЕШТВО HA АТАНАС КАТИНОВСКИ-ГОЧЕ Младиот рударски работник Атанас Kaiiunoscku ѓ0 oititiea својот тежок животи во јагленокоите со својата песна напишана во вечернише часови под светлоста на карбишние ламби:
ЌУМУРОКОПАЧИ Работници мили на целиот свет Браќа мои дигнете се смело против врагот Тој бездушен крвав скот | Co нашите млади снаги CO нашата врела пот Покажете ја својата сила!
Ќумурокопачи, напред со дигнати раце Со силен огин срцата тага ни вие Лицата наши бледи и болеста во душата ни се крие И таа пуста беда не се трпи Да престане нашата мака.
Ќумурокопачи сите во строј Да се скинат пранги тешки Да нема повеќе гладпи на светот Да нема повеќе страдни, сиромаси бедни И да нема живот скотски.
Ќумурокопачи свестете се ЏПотта наша вреда се пие Нашата снага болест ја вени Нашите жили се кинат И тоа ден за ден мрачно се минат.
Ќумурокопачи кои, дигнете се смело Против врагот животот наш што го труе Палати за себе дигнуе И бездушно крвта ни ја пие Маченици напред со целата наша снага За да биде вечна слободата.
За да му се оддолжам на својот друѓар и соборец Димко кој херојски заѓина, ја испеав Џеснаша:
ЕПИТАФ О, мајко моја, родители драги, Погледнете какво време одбрав Јас да загинам на бојното поле Сега кога никнува трева од земја Kora дрвјата развиваат и цутат, A темјавушките околу мене шират мирис.
О, сестро моја, пријателу и другар, Погледни какво време одбрав Jac да паднам за слободата Сега кога качунките никнуваат Природата цела се разбудува Трендафилите цутат и шират мирис.
О, свршенице (армасана) драга њубов моја, Погледни какво време одбрав Јас да паднам во нерамен бој Cera кога снегот се топи Кога ситна роса цел ден BpHH, Ливадското цвеќе мирис шири.
О, мајко, сестро, армасана њубов моја, Немојте да плачете за мене и мојата младост, Немојте да роните дробни солзи Јавете на моите другари верни Јас паднав за слободата на народот ‘3a слободата на мајка Македонија.
Посвешена на Павле Павелев:
ABEP Убава и тивка пролетна вечер На небо јасна полна месечина грее Бледо на земјата патот го свети, A, партизан Гоче кон село Баница ura.
Село мое мило замолчано Во длабоки сништа заспало Дали селани маки сонуваат Или полиња родни со златни жита.
Кучиња затрајале во глува доба Жива душа по улица нема Наеднаш некаде чукање се слуша И некоја порта чкрипејќи се отвори.
Што ќе биде, што абер се носи Кај Павлови во оваа глува доба Лред први петлој да запеат Пред први кучиња да залаат.
Дали нешто се случило Дали некој помош бара Или некој од далеку иде И добар абер на нив носи.
Пред портите партизан стои Шмајзер на рамо нарамил Фишеклии околу појас запашал На капа звезда петокрака.
Облаци се темни зададоа Облаци темни и крвави А мојот глас некако чуден и жален зошто ваков овој пушти глас.
Од каде идат овие крвави облаци Од Вичо планина, село Прокопана Тоа пусто крваво боиште Каде цел ден борба водеше.
Наеднаш лелек се пренесе Гробна тишина село Баница облеа Абер на Павлови донесе Павле Павлев-Димко загина.
Димко загина в ден пролетен Во борба со клети тирани Германици и домашни предавници Во борба за правда и слобода.
О, мајко немој да плачеш Немој да рониш крвави солзи Кога си таков син мајко родила За Македонија живот мајко положил.
За Лазо Кочев, прекален борец, ја uclieas песната:
РУДАР Другар, во несреќно време си се родил, Немирно детство си поминал ти, Очите на мајка ти секогаш Беа полни со бисерна влага Ти секогаш ја чувствуваше Нејзината неиздржлива мајчина болка.
Другар, си се родил да бидеш роб Да аргатуваш во баничките рудници Суровите голи ридишта Во својата пазува кријат Испреплетени наслаги на јаглен Со твојата млада снага подземје да ориш.
Другар, си се родил за другарување Соборци твои рудари да поведеш во борба за праведен човечки од за слобода и правда на народот свој раскинување на аргатски пранги тешки слободно знаме секогаш да се вее.
Другар, во баничките рудници Рудари испиени, болни, остарени Немошми се враќаат во домови свои младост и здравје загубивме сите работевме до исцрпување на сета сила, а плодовите од работата друг ги прибира.
Другар, како рудар си се калел Со работничка свест смело си се борел Во првите опасни и крвави борбени редови Народ верен македонски со себе поведе Во борба против клети фашисти За света народна слобода.
Другар, твојата борба е прекината Од домашни предавници и бугарски фашисти Во темни битолски зандани те фрлија Плуска камшикот по голиот грб твој Силен и цврст како карпа, рударски џин Чувствуваш крвава неиздржлива болка.
Другар, очите ти се вперени во таванот гнасен „Со поглед на омраза и пригушен гнев Не, вие не можете да ме сломите И ставате под вашиот фашистички јарем . Варвари бездушни, зверови бесни.
Другар, ноќта бавно мина За оние што ја сакаат зората и дневното утро Со тешки страдања и силни крвави болки Со мислите далеку во родниот топол дом Знаеше што те чека штом ќе се раздени Милост не бараше, ниту помош или спас.
Другар, пред судот.исправен стоиш Како Големиот камен, карпата в планина наша Со очите вперени во срамниот џелатски суд „Силните не знаат за човекова правда Судиите судат по волјата своја Не прашуваат дали си прав или крив, Но слобода гласеше пресудата твоја.
Другар, незадоволството на џелатите твои Камен тежок на срцата им падна На лицата им се забележува омраза и гнев На сакаат да те испуштат од канџите свои Смрт ти пожелуваат, тоа не го кријат Како да го сторат, планови кројат.
Другар, утрото штом сонцето се дигна на исток Џелати бугарски со кола те земаат Од топлиот дом на пријателот твој Фашисти на граница бесправно минат Во росна зелена непокосена ливада 5верски в грб ти пукаат и те убиваат.
Другар, во Баница, твојот дом в Леринско Веста страшна брзо се пренесе Лазо Кочев го убија фашисти клети Народе, застанете и помен му дајте на другарот свој Тој загина за слобода и народна правда, За слобода на мајка Македонија.
Мојата песна 3a Ones Леко Наце:
ПОМЕН Над Ајтос се темна магла зададе Во борба стапи чета партизани Да побие домашни клети предавници Да го развие знамето за слобода и правда.
Над Ајтос се темна магла зададе Во борба стапи чета партизани По мрачна дождлива ноќ шепот се слуша Од човек до човек абер се устен носи.
Над Ајтос се темна магла зададе Во борба стапи чета партизани Храбар борец Наце Олин падна За слобода и социјална правда.
Над Ајтос се темна магла зададе Во борба стапи чета партизани Молкнете, молкнете браќа и сестри мои Помен му дајте на верниот другар свој. :
Над Ајтос се темна магла зададе Во борба стапи чета партизани Село Баница голема жал и бол го зафати Помен му дават, нека му е вечна слава.
Јас, Ataanac Кагдиновски-Гоче, 3a да ja поштикнам младата генерација да го следи Gatto на овој Првоборец, напишав ќесна за мојот соборец [lune Робев:
ПОМЕН Молкнете, молкнете баничани браќа мои Селани, стари и млади за миг застанете .
Помен на другарот дајте му HAIN, Денес Bo xepojcka борба загина Дине Робев наш водач мил и драг Загина за слобода на Македонија.
Молкнете, молкнете баничани браќа мои Селани, стари и млади за миг застанете Душмани зверски трупот го носат По леринските улици по земја го влечат Народ слободарски да заплашат Борбата народна да ја задушат.
Баничани браќа мои, збијте ги редовите свои Удрете на тиранот, крвникот наш.
Осветете го Дине Робев наш И сите други паднати борци од град | Педесетина и повеќе Ha број | Во борбата за слобода"на Македонија.
:198 Песна 09 авторои 3a бишкаа:
ОДЛУЧЕН БОЈ Бој се води горе на Кулата Одлучен бој се води за живот и смрт Заглушна врева и грмеж на сите страни се слуша Од Бесфина до Герман, сета Преспа грми Ниско летачки ловечки авиони Насекаде в поле и село човечка смрт сеат.
Бој се води горе на Кулата Одлучен бој се води за живот и смрт.
Јунаци на бојното поле храбро се борат Грмежите, митралезите, бомбите замолкнаа, Светкаат само бајонети, ножеви и сабји, Лелек на сите страни човечки се слуша.
Бој се води горе на Кулата Одлучен бој се води за живот и смрт Јуришаат партизани во последна надеж Загинаа осумстотини јунаци партизани Го положија својот живот млад За слобода на својот народ.
Песна од asitiopoit:
ГРАМОС Јунаци славни за лути бој се спремаат На висовите на славна Грамос планина Каде алово знаме слободно се вее.
Јунаци славни збијте ги редовите свои Најдете го Грамос, легендарната тврдина наша Бранете ја оваа земја натопена со пот и крв.
Јунаци славни лути бој водат еден спрема десет Ноќе и дење нерамноправна крвава борба се води На монархофашистите последен удар се дава.
Јунаци славни, болни и тешко ранети партизани Јуришаат во борбен строј осакатени Од оружје што побрзо да дојдат и в борба да стапат.
Јунаци славни партизани пожртвувано се борат Своите млади животи во борба ги даваат за слободата на својот поробен народ.
Монархофашистите јуришаат желни за крв, безброј за туѓи интереси на бојното поле гинат се стрела секој заробен или ранет партизан.
Јунаци славни, уморни, боси и гладни Со битката на славен Вичо и Грамос Завршува епопејата на славните партизани.
Јунаци славни од Вичо и Грамос планина Не ги издржаа налетите на клети тирани Потече крвава скавна река Бистрица.
Јунаци славни, во борбен строј отстапуваат Ги напуштаат последните упоришта свои, Зад себе оставаат многу свои мили и драги, Со себе носат ранети и болни партизани.
Тунаци уморни, боси и гладни партизани, За трагедијата на славна Грамос планина Не сте вие народни дејци криви.
Тунаци славни од Вичо и Грамос планина Против вас се борат империјалистички сили И домашен фашистички окрвавен Џган.
Тунаци славни од Вичо и Грамос планина Сплотете ги редовите борбени свои Во туѓина чувајте го братството свое Клет монархофашизам мора да падне Во земјата наша повторно слободно знаме ќе се вее.
Преглед на протераните од Баница кои заради теророт на монархофашистите на Грција во периодот од 1945 година до денес го напуштија родниот крај
1. Јане Сариев со семејстото: сопруга Лена, син Миле и ќерки Ники и Виолета
2. Лазо Малинов-Капидан
3. Сотир Гасков
4. Коле Вењанов
5. Глигор Подимитров
6. Доре Малинов со семејството: сопруга Фима, синови Ташко и Атанас и ќерка Тријада
7. Кочо Малинов
8. Блаже Мангов
9. Мице ЈЛаев со семејството: сопруга Менка, син Лефтер и ќерка Рина
10. Блаже Тошев со семејството: сопруга Фроса, СИНОВИ Ѓорѓи и Лечо
1. Кице Џогов со семејството: сопруга Цила, ќерки: Калипса, Фроса, Менка и Вангелица
12. Ана Мангова со ќерките: Василка, Роза, Кики, Менка, и Тина
13. Лефтер Олевски со семејството: сопруга ЈБуба, ќерка Тула, син Коле и мајка Петра
14. Русе Џугоманов со семејството: Софика Џугоманова сопруга „Син, Пеце и ќерка Маре
15. Пандо Кујчев со семејството: сопруга Прона, син Леко и ќерки Марика и Авгула
16. Дине Тошев со семејството: сопруга Лена, ќерка Ники
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/banica/16 le 29 octobre 2026