Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА СЕЛАТА ВО ОПШТИНАТА БАНИЦА - Part 01

Par Atanas Katinovski-Goche · Partie 2 sur 17 · Environ 20 minutes

Lire en English

ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА СЕЛАТА ВО ОПШТИНАТА БАНИЦА:

Горничево - Кели На 7 км североисточно од с. Баница во пазувите на планина-та Ниџе (Кајмакчалан), на самиот меѓународен пат од Солун за Лерин и на надморска височина од 940 м, се наоѓа македонското село Горничево. Според пописот од 1913 година, тука живееле 1103 жители Македонци, во 1920 година 983 жители, во 1928 година 1095 жители, а во 1940 година 1577 жители. По Граѓанската војна од 1946 до 1949 година, во Југославија преминале повеќе семејства со OKO-лу 220 члена, а во Бугарија 10 семејства, како и околу 30 борци во источноевропските земји, поради што е намален бројот на жите- лите. Според пописот во 1951 година, Горничево имало 1336 жи- тели, во 1961 година 1680 жители, а во 1971 година, поради масов-ното иселување во прекуокеанските земји, во селото останале само 1069 жители. Населението се занимава со земјоделство и сто- чарство.

Железничка станица Баница - Статмос Вевис Мала населба во непосредна близина на с. Баница, односно на железничката станица на ова село, оддалечена околу 1 км, по-дигната по 1920 година како нова населба изградена од грчките власти. Во 48 приземни станбени згради се населени исто толку домаќинства, доселени од Мала Азија во 1923 година. Население-то на село Баница не сакало да ги прими овие луѓе во самото село.

Според пописот од 1923 година, овде живееле 151 жител, во 1940 год. 203 жители, Bo 1951 год. 198 жители, во 1940 год. 203 жители, во 1951 год. 198 жители, во 1961 год. 134 жители, а во 1971 год. само

110 жители.

Забрдени - Лофи Северно од Баница во подножјето на Кајмакчалан, на пади-ните под името Велибор се наоѓа селото Забрдени. Секогаш било чисто македонско и како такво до денес не претрпело никакви ет-нички промени. Во пописите од грчките власти се регистрирани следниве бројки: 1913 година - 358 жители, 1920 година - 306 жите-ли, 1928 година - 418 жители, 1940 година - 516 жители, 195) година

- 514 жители, 1961 - 541 жител и 1971 година - 443 жители. Намалу- вањето на населението се должи на емигрирањето во прекуокеан- ските земји.

Церово Ha 4 км југоисточно од Баница, на падините на еден разгра-нок на Кајмакчалан и на надморска височина од 840 м се наоѓа с. Церово, кое е чисто македонско и до денес нема претрпено ни- какви етнички промени. Според пописот од 1913 година, селото имало 402 жители, во 1920 година -399 жители, во 1928 година - 492 жители, во 1940 година - 620 жители, во 1951 година - 636 жители, во 1961 година - 468 жители, а во 1971 година - 261 жител.

Росен - Ситарја Западно од селото Баница, во непосредна близина на глав-ната раскрсница на меѓународниот пат Лерин-Солун, односно Ле-рив-Кожани-Атина и железничката линија Лерин-Солун, во Лерин-ското Поле лежи селото Росен. Селото е чисто македонско до денес. Во 1913 година, според пописот, имало 552 житела, во 1920 год. - 488 жители, во 1928 год. - 590 жители, во 1940 год. - 805 жители, во 1951 год. - 805 жители, во 1961 год. -847 жители, а Bo 1971год. - 714 жители. Во граѓанската војна селото го напуштиле 8 домаќинства и неколку поединци кои преминале во тогашна Југославија, де- нешна Македонија.

Banya како културен и просветен центар Баница е познато како село што има многу цркви, а најста-рата црква била „Св. Тетка“, најголема и најубава собирна црква во Леринскиот округ, со убави иконостаси и икони на старословенски јазик, со голема уметничка вредност, а била лоцирана во источниот дел ва дворот на сегашното основно училиште во селото. Турските војски ја ограбиле и ја запалиле во првата половина на 19 век. Во 1900 година почнала да се собира помош за обновување на оваа црк-ва, за што дал согласност и Изет-паша и материјално го помогнал иницијативниот одбор. Членовите на одборот се поврзале со Грч-ката патријаршија и во 1905 година започнале да ја градат и да ја опремуваат како грчка црква. Војводите Наце Катин и 5оле Ѓерѓев во јуни 1907 година, пред да ја осветат оваа црква, ја разурнале.

Црквата „Св. Никола“ изградена во XI век е зачувана до де-нешно време и се наоѓа на северниот дел од селото. Taa претставува ремек-дело на старословенската внатрешна декорација во резба, иконописи и икони. Црквата, била изгорена од грчките андарти пред Балканските војни, а обновена во периодот 1932-1935 година со иконостаси и икони од грчко потекло. Црквата „Св. Илија“, изгра-дена некаде во ХТУ-ХУ век, исто така била неколкупати горена и обновувана, HO до денес се зачувани старословенските иконописи кои претставуваат посебна културна вредност. Црквата „Св. Дими-трија“ била изградена некаде во XIV век во центарот на селото и неколкупати била запалувана, ограбувана и пак обновувана. При крајот на XIX век била ограбена и запалена и повеќе не е обновена.

Денес на оваа локација грчките власти изградиле административ-на зграда на општинската управа, а е подигнат и споменик на пад-натите војници во Мала Азија во Грчко-турската војна 1919-1922 година, родум од село Баница.

Во западниот дел на селото на таканареченото место „Гум-бето“ постоела црквата „Св. Ѓорѓија“, што ја ограбиле ија запалиле Турците при освојувањето на Балканот, а потоа не е обновена.

Сепак, во чест на оваа црква, селаните го прогласиле Ѓурѓовден за селски празник кој го чествуваат секоја година. Денешната собор-на црква „Св. Ѓорѓија“ почнала да се гради во 1864 година и е една од најубавите соборни цркви во Леринскиот округ. До 1919 година богословија и миса се вршеле на старословенски и на македонски јазик. Црквата била осветена во 1920 година од грчкиот патријарх и оттогаш во неа се употребува грчкиот јазик.

Во 19 век Баница имала свој претставник во Преспанско-охридската македонска архепископија - свештеното лице Русе Дине Кочев, кој со својот авторитет и почитуваност како од населени- ето, така и од турските власти, придол за зачувување на македон-ската црква и христијанската вера, месните обичаи и единството меѓу населението, не само во Баница, туку и во Леринскиот округ.

Успеал да ја заштити македонската црква од влијанијата на Грч-ката патријаршија и Бугарската егзархија.

Во почетокот на втората половина од ХХ век, монахот Гера-сим, родум од с. Трије - Леринско, се вратил од Света Гора и започ-нал голема акција за изградба на цркви и манастири во Jlepun-скиот округ иза отворање македонски училишта на народен црков-HOCJIOBEHCKH јазик. Населението учествувало со работна сила и парична помош за изградба на црквите и училиштата.

Во 1865 година во Баница било изградено првото училиште кое есента ги примило првите ученици со настава Ha црковносло-венски јазик, а било масовно посетувано и од возрасните, желни да се описменат. Првиот учител бил Типе Боглев кој се школувал во Софија, Петроград и во Цариград. Друг учител бил Стете Сто-јан Ташев доста образован и омилен меѓу населението. Тој бил и коџобашија - претседател на општината, а потоа се посветил па свештеничкиот позив и бил претставник на Леринската еписко-пија со звање архимандрит. Уживал голема доверба меѓу населе-нието во целиот Лерински округ. Македонското училиште CO из-весни прекини работело се до 1919 година, а во 1920 година е пов-торно отворено како редовно и задолжително училиште во кое имало и забавиште за деца ца предучилишна возраст.

Во овој период Грчката патријаршија и Бугарската егзар-хија вршеле притисок да го земат училиштето под своја контрола и да наметнат учење на грчки или па бугарски јазик. И едните и другите одлично соработувале со турските власти и добиле дозво-ла за свои училишта во Баница. По 1903 година постоеле две пара-лелни училишта. Извесен период по Илинденското востание и зголеменото влијание на врховистите во редовите на ВМРО и кај населението, имало македонско училиште со извесно бугарско вли-јание кое било масовно посетувано.

Во големата битка во 1912 год. што се одиграла во непо-средна близина на с. Баница, кога учествувале преку 30 000 турски војници кои тргнале од Битола кон Сорович и биле пречекани во Баничко-церовската клисура од страна на сојузничките сили, цело-то село било до темел запалено. Во наредниот период 1912-1919 год.

наставата се одвивала во црквите или во приватните куќи приспо-собени за таа цел. По 1920 година кога училиштето беше обнове-но, просечно во сите одделенија учеа околу 400-500 ученика, а во една генерација од 60 до 80 ученика.

За време на Метаксасовата диктатура од 1936 до 1940 год.

беше забранет говорот на мајчин јазик, се организираа вечерни учи-лишта за учење на грчкиот говорен јазик со задолжителна посета на сите машки и женски лида до 65-годишна возраст кои не завр-шиле шестгодишно училиште во периодот од 1920 до 1936 година.

Лицата кои се спротиставуваа да ја посетуваат наставата беа спроведувани со хорофилаци (полицајци) во училиштето и се пове-дуваше постапка за казнување. По физичкото и психичкото малтре-тирање на селаните во полициските станици, тие мораа да платат големи парични казни заради давањето отпор кон грчкото училиште.

Генерациите родени од 1910 до 1928 година завршија шест-годишно основно образование, а генерациите од 1929 до 1933 год.

завршија само по неколку одделенија бидејќи есента 1940 год.

училиштата беа затворени поради почетокот на Грчко-италијан- ската војна.

Во овој период Баница имаше мал број ученици кои завр-шиле средно училиште-гимназија или друга стручна подготовка, а уште помалку беа тие што завршиле ВИШО ИЛИ ВИСОКО образование.

Средно училиште завршија следниве лица: Блаже Малинов, Кочо и Леко Хрисафов, Грифо Малинов - гимназија, Тасе-Анастас Бабуловски -учителска школа.

Домаќинско училиште завршија: Пандора Павлова-К очевска, Ката Хрисафова-Малинова, Лена Џугоманова и Марина Џугоманова.

Воено-техничко вишо училиште заврши Димитар Кочевски.

Високо образование имаа: Ставре Кочев - правен факултет, Мице Ташев -правен факултет, Накиле Колеров - правен факултет, Глигор Данев и Борис Џугоманов - економски факултет и Мичо Валаќи - трговска академија.

Богословија на Света Гора имаа завршено поп Филип и поп Стефо. Сите генерации родени од 1916 година наваму имаа заврше- но шесто одделение - основно училиште. Гимназијата траеше уште

4 години.

Причините за тоа што мал број лица го продолжуваа шко-лувањето треба да ги бараме во националниот карактер на поли-тиката на грчкиот режим KOH македонското население. На факул-тет можеа да се запишат само децата на Македонците лојални на владејачкиот режим. На второ место се материјалвата страна и економските можности ва родителите.

По окупацијата на грчката власт во 1919 година за македон-скиот народ настана период на тешки економски услови, особено со населувањето на околу 650 000 илјади Маџири, доселеници од Мала Азија, на територијата на Македонија. Извршена е експропријација на големите површини плодна земја околу Баница и е доделеца на 48 семејства стационирани на самата железничка станица каде што беше изградена нова населба. Почнаа прогонства против сите илин-денски дејци ц учесници во Илинденската епопеја и многу лица беа принудени да емигрираат во соседните или во прекуокеашските зем- ju. Во светската економската криза од 1929 до 1934 година, многу ли- ца беа отпуштени од работа, па не можеа на своите семејства да им испраќаат пари и многу баничани кои имаа свои луѓе BO прекуокеан-ските земји осиромашија. Беа отпуштени и работници од рудникот за јаглен во Бацица. Откупните цени на замјоделските производи беа многу ниски и населението падна во голема беда. Многу деца не можеа да си купат ни основни работи за задолжителното основно образовацие (учебници, тетратки), а од власта немаа никаква помош.

Баница имаше два noma со богословско образование во Све-та Гора и тие одиграа просветна и друга дејност за зачувување на традициите, јазикот, обичаите и се друго како Македонци. Овие свештени лица ги поднесоа сите страдања заедно со населението.

Училиштето имаше школска управа на чело со диевтиндис

- директор, во која покрај два просветни работника, професори, влегуваа и две лица определени од општинскиот совет на власта.

Наставата се одвиваше по системот на наставни предмета.

Во училиштетото работеа 12 просветни работници: еден учител и една учителка, Анастас Бабуловски и Лепа Џугоманова, родум од с. Баница и по народност Македонци, а сите други профе-сори беа по националност Грци.

Секоја година во повисоките класови се организираа екс-курзии за сите ученици на своја сметка по системот на размена на посета на некое училиште од друго место и бевме прифаќани од другарчињата и кај нив престојувавме два до три дена, а потоа тие ни доаѓаа во посета. Карактеристично е дека овие посети и сора-ботката со други училишта беа од Стара Грција и бевме прифа-ќани од грчки семејства, а ни доаѓаа исто така грчки деца. Значи овие екскурзии имаа повеќе асимилаторски карактер и погрчу-вање на Македончињата. Една група ученици во 1937 год. пре-стојуваше во младинскиот логор во Коринт и овој престој беше искористен од петтоколонашите и метаксовите фашистички фа-ланги за обука и идеолошко и политичко образование на млади-ната во духот на фашистичкиот режим. Кога се вратија учениците, беа крајно разочарани бидејќи биле третирани како граѓани од втор ред и биле доста малтретирани и омаловажувани од грчката школска младина и од раководството на самиот логор.

Во училиштето постоеше развиено физичко воспитување во редовната настава и беа застапени многу спортски гранки кои се вежбаа на големиот стадион, а постоеја уште две помали играли- шта. Баница имаше спортски фудбалски клуб „Павле Меа“ кој беше основан уште од 1924 год. и во него се натпреваруваа повеќе генерации младинци. Клубот се натпреваруваше во Северната зона на Грција п заземаше високи пласмани во лигата. Постоеја уште два тима, кои се натпреваруваа во Окружната леринска зона. Мла-дината беше многу заинтересирана за фудбалот и за атлетиката и за-тоа овие друштва беа и многу масовни.

Баница сите селски слави, верски празници и други просла-ви ги прославуваше со организирање музика и оро на сред село.

На Василица младината се преоблекуваше во разни витешки и ста-ри македонски носии и други карневалски облеки и се собираше на одредено место од каде што тргнуваше со песна и музика со запрежна коњска кола за собирање подароци. Ја посетуваше се-која куќа и домаќинство и од нив младите беа дарувани според можностите, почнувајќи од парче свинско месо, сланина, домаш-ни колбаси (луканци), жито, брашно, грав и пари, а за тоа во секој двор се одигруваше оро и се пееја македонски песни се до забра-ната во 1936 година. Подоцна само се свиреа ора и музика од дру-жините na Кришо [omer и Крише Јанчев ин така до вечерта ce до-дека не се поминеа сите куќи. Се подготвуваше заедничка вечера за сите седани.

Исто така, на поклади (Прочка) младината организираше голема веселба. Бидејќи девојките не сакаа да учествуваат, момче се преоблекуваше во невестинска руба и со два девера одеше в црк-ва, невестата му бацуваше рака на секого и за тоа беше добро на-градувана co пари, секој според можностите. Потоа продолжува-ше по куќите од селото.

Мало стопанство (занаетчиство), трговија, угостителство и индустрија Баница, како голема селска населба, има развиено мало стопанство, трговија и угостителство.

За задоволување на секојдневните потреби на населението во 1940 година, беа застапени следниве занаетчиски дејности:

- шивачи: Доре Јацин, Панде Којчев и Богле Катин,;

- бербери: Глигор Попдимитров и Lune Хрисафов;

- чевлари: Ристо Попалев, Коче Јовчев и Давидо Janus;

- фурнаџија: Јанко Малинов,

- ковачи: Ристо Педев, Атанас Хариши и Коле Вежњанов;

- трговски дуќани со мешовита стока имаа: Коле Малинов, Борис Хрисафов, Мице Малинов, Стамати Михелис, Васил Прос-ков, Коле Јанин, Мице Лаев, Толе Мангов, Киро Џугоманов, Леко Павлев и Вангел Воденецот,;

- угостителски дуќани-кафеани имаа: Доре Малинов, Борис Рабулов, Михали Михелис и Ставре Panos;

- фотографски дуќан имаше Глигор Попдимитров;

- касапници и месарници имаа: Коле Катин, Геле Вачков, Кине Попрусев, Гире Бабулов, Дине Павлов и Кице Павлов;

- такси-камионџии: Мице Васев, Миланче Павлов, Давидо Јанин, Кочо Бабулов и Борис Capues;- автобуски превозници: Ми-ланче Павлов што сообраќаше на релација Баница-Лерин, banu-ца-Сорович, Баница-Кајлари и обратно, а по потреба за организи-рани групи во сите правци;

- таксисти: Миланче Павлев и Давид Папарусев,

- мелници на машински погон со два, односно три воденички камења, што вршеа услуги на населението имаа: Пеце Врагов и браќата Хрисафови (Пеце, Борис и Циле);

- варници имаа: Миланче Павлев, Кице Мангов, Jlexo Абов, Глигор Данев, Кочо Бабулов, Панде Великин, Стево Сариев, Ми-це Робев со синовите и други;

- откуп и промет со жито вршеше: Пеце Врагов-Туџарот.

Имаше и голем број подвижни трговци кои со своите за-прежни коњски коли и камиони можеа да се видат како продавачи на вар, грозје, вино, ракија, јаглен, бостан и др. земјоделски и сто-чарски производи на пазарот во Лерин, Сорович, Кајлари, Кожани, Воден, па и во Солун.

Во Баница постоеше организиран пазар и секоја среда се одржуваше пазарен ден. Развиен беше и пазарот со добиток, т.н.

„сточен пазар“.

Во Баница беше развиен кооперативниот однос и поголем број индивидуални производители членуваа во Синтирисмос (Со-јуз на замјоделски производители) преку кој се снабдуваа со ре-проматеријали, вештачко ѓубре, приплоден добиток и др. Своите замјоделски и сточарски производи ги пласираа преку овој сојуз кој им обезбедуваше и агросовети.

Во втората половина Ha XIX век положбата на трговијата во Баница се изменила, особено по изградбата на железничките линии во неколку правци. Во 1873 година била изградена линијата Скопје-Солун и Солун-Истанбул, Bo 1894 година Скопје-Битола, а во 1906 година Битола-Солун. Тие поминуваат во непосредна бли-зина на Баница. Оттогаш карваните на камили и друг добиток се намалиле и постепено исчезнале, но Баница со железничката лини-ја се развила уште повеќе. Трговијата со вар и откривањето голе-ми слоеви на јаглен го раздвижиле местото. Експлоатацијата на јаглен почнала во 1908 година, а производството се зголемило со изградбата на теснолинејката од рудникот до товарната станица на железничкиот колосек во местото „Барата“, каде што дневно се пренесувале по неколку илјади тони јаглен во сите правци. Прво се вработиле околу сто работници, потоа тој број се удвоил, а ПодоЦ-на имаше трипати повеќе вработено во однос на почетокот што претставуваше голем економски успех.

Имотно-правишите односи во Баница по заминувањето на Турците По младотурската револуција, беговите свесни за својата немоќ почнале да ја продаваат неплодната земја задржувајќи ги плодните реони. Продажбата ја вршеле преку своите застапници кои често ги изигрувале неписмените селани. Купеното земјиште не го воведувале во посед преку тапии и други документи што ва-желе тогаш. Тоа го правеле само на притисок од посвесните селани.

Само тие добиле тапии од турските власти, но честите пожари, војни и други непогоди често ги уништувале сите документи за докажување на сопственоста, поради што им бил оспоруван имо-тот, а некогаш и препродаван.

Напомнувам дека, бидејќи се уште не се расчистени имотно-правните односи меѓу Грција и Турција, и денес се вршат такви уцени и се препродаваат веќе еднаш купените земјишта. Виорот на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1941-1949 година однесе голем број документи за докажување на сопстве- носта. Ќе наведам еден пример кој се случи лично во моето се- мејство. Имавме дворно место од околу 2400 му“, во местото наре- чено „Балдунка“, кое моето семејство од дедо - прадедо, долго Bpe-ме го користело како гумно за вршење. Во 1934 година се јави застапникот на интересите на Синан-бег во с. Баница и побара да докажеме дека сме сопственици на тоа место со тапија. Според неговата евиденција и таписките книги што се водеа во Окружни-от надлежен орган (геодетска управа), ова место беше бегово. Баба ми, која тогаш имаше 60 години, му докажуваше дека повеќе од 40 години местото е на покојниот Наце Катин и за тоа може да по-сведочи секој селанец. Тоа не помогна бидејќи сите тапии биле изгорени 1912 година во селскиот пожар. Посредникот определил сума од 3600 драхми доколку во определен рок не ги исплатиме за да не воведе во посед, а местото ќе го даде на лицитација и ќе го про-даде Ha тој што ќе плати по највисоко постигнатата цена на лици- тацијата. Немавме друг избор, ја продадовме стоката што ја имавме дома: околу 40 овци, 2 вола, една крава и еден коњ и ја дадовме заштедата што ни ја праќаше татко ми Лазо Катин од Канада, Џовторно 3600 драхми си ја плативме земјата и добивме тапија.

Џокрај жртвите на македонскиот народ во војните што следуваа, беа опустошени цели села и населени места, а насилствата од стра-на на монархофашистичкиот повоен режим во Грција го принудија населението да го напушти својот роден крај и да емигрира во со-седните земји. Моето семејство, без мене, во 1847 годика емигрира кај татко ми во Канада. Баба ми умре во 1942 година. Во 1941/42 зад нас остана станбена зграда куќа, приземје и спрат, изградена во 1941/42 година. Старата куќа беше уништена од бомбардирањата.

Во 1950-1953 год. се јави друг застапник на Синан-бег и се обрати до вујко ми Ристо Малинов кој ја користеше куќата за чу-вање добиточна храна, барајќи да ја докаже сопственоста Ha ова земјиште, затоа што според неговата евиденција, ова земјиште било бегово. Моите родители од Канада не можеа да докажат дека се сопственици, бидејќи беа протерани од грчките власти заедно со многу партизански семејства и беа уништени сите документи и слики што ги нашле во куќата. На лицитација вујко ми ја купи И доби нова тапија. Во 1970 год. татко ми дојде во посета на родниот крај и вујко ми му раскажа за се што се случи и му понуди доколку сака, да му го отстапи овој имот. Татко ми се согласи, му ја надо-мести платената сума за откуп вна ова земјиште и татко ми стана сопственик. Не е потребен коментар, значи едно исто земјиште беше двапати платено на застапниците на Синан-бег не сметајќи ја првата продажба извршена во времето на турската империја.

Вакви случаи имаше безброј. Многу домаќинства по неколкупати купуваа едно исто земјиште од застапниците на Синан-бег, а сето тоа се случуваше со благослов на грчките власти, т.е. тоа беше дел од притисокот и политиката на грчките власти врз македонското население да го принуди да го напушти родниот крај и да замине во прекуокеанските земји. Поинаку не би можело да се протолкува, бидејќи органите за водење на катастарски книги располагаа со докази за сопственост, меѓутоа кога некој ќе се јавеше да бара, ќе му речеа дека не постои во книгите како сопственик, а и добар дел од книгите се уништени за време на војната.

Карактеристично е да се спомене дека грчката влада донесе закон врз чија основа на сите учесници во граѓанската војна кои емигрираа во социјалистичките земји им беа одземени државјан-ството и целокупниот подвижен и неподвижен имот. ЈЈод ударот на овој закон паднаа повеќе десетици домаќинства од село Баница чии членови беа надвор од Грција. Грчките власти се обидоа да доселат колонисти од Стара Грција, но кога тие домаќинства се населија и дознаа чии се имотите во Баница, веднаш го напуштија селото и си заминаа, а други не дојдоа.

Пошта, телефон, телеграф Поштенските врски се до 1920 година во селото се одржу-вале преку луѓе-аберџии, кое им било главно занимање, кои оделе од град до град, од село до село и земале писма или усни пораки и пари и ги пренесувале до сопственикот за кого биле наменети. Во Баница уште за време на турската империја постоела пошта и платено лице за оваа намена.

Поштенската служба - пошта, телеграф и телефон - била организирана во 1920 година и сместена во училишната зграда. Од 1924 година како поштар се вработи Коле Колеров кој ги вршеше сите поштенско-телефонски и телеграфски услуги и секојдневно Ja прифаќаше и ја испраќаше поштата и др. пратки од железнич-ката станица Баница, пристигната со патничките возови кои се движеја на линијата Лерин-Солун и обратно. Тој имаше многу ра-бота поради 500 печалбари во странство и 60-80 лица кои служеа воен рок. Бидејќи беше државен службеник, се сметаше за грко-ман и правеше ситни услуги на власта и полицијата, а и тој самиот велеше дека е Грк иако не беше.

Осветление Баница повеќе личеше на гратче отколку на село поради што месната власт размислувала за осветлување со појавата на електричната енергија. Сопственикот на рудникот за јаглен во Баница, Митренџо, подготвил проект за изградба на ТЕЦ во 1928 година поради што бил затворен, а имотот му бил конфискуван.

Советот на општинската управа во Баница во 1933 година изготви проект за осветлување на улиците со ламби на бутан-гас.