Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

БАНИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА - Part 04

Par Atanas Katinovski-Goche · Partie 15 sur 17 · Environ 20 minutes

Lire en English

Па местото на несреќата веднаш пристигнаа воени единици стационирани во Баница на чело со злогласниот командант Дели- гјанис. Во близина на несреќата беа забележани двајца селани, Кице Јанчев и Гире Гасков, кои работеа како патари на патот, и веднаш беа стрелани со пиштол в глава како одмазда за загинатите партизани. Злосторството остана неказнето за сторителите.

Партизанските единици на ДАГ во текот на 1947 год. пове-ќецати го напаѓаа воениот гарнизон во Баница, по не можеа да го освојат бидејќи непријателот имаше изградено бункери и други фортификациони објекти, добро забарикадирани и утврдени. По секој напад на гарнизонот, злогласниот командир Делигјанис се нафрлаше на мирното население кое се состоеше од жени, деца и изнемоштени старци затоа што младите и способни или беа во ДАГ или во концентрационите логори на монархофашистите.

Тој и неговите војници вршеа претрес по куќите ограбувај-ќи се што е вредно и зад себе оставаа претепани домаќини обви-нети дека се соработници на ДАГ.

Главниот одбор на НОФ ја раководи борбата Во овој период партизанските дејства имаа масовен карак-тер во Егејска Македонија, а тука беа вклучени и Маџирите (досе-леници од други народности на тој простор). Монархофашистите од Атина, во соработка со империјалистичките сили Англија и Аме-рика, во специјалните мерки на војување предвидоа и изградија во-ена стратегија за физичко истребување на македонскиот народ со менување на етнолошкиот состав доселувајќи други национално-сти меѓу Македонците. | Bo текот Ha граѓанската војна, Македонците BO редовите Ha ДАГ претставуваа половина од ефективата на партизанските еди-ници или 6-7 проценти од вкупното македонско население, а тој процент меѓу Грците се движеше само 0,40 ( податоци од книгата „Македонците во Граѓанската војна на Грција“ од Наум Пеев 1968, ИНИ Скопје). Во критичниот период на војната во текот на 1947 год. македонските партизани ги испратија своите жени, мајки и деца да учествуваат во изградбата на фортификациони објекти на Вичо и Грамос под најтешки услови за работа во време на најже-стоките воени операции и борби на Вичо и Грамос и оваа област (според кажувањата на генералниот секретар на КПГ Захарија- ДИС) ја направија бастион на слободата и гробница на илјадници монархофашистички владини војници.

Селото Баница, како носител на активноста на движењето, покрај најголемиот број борци во редовите на ДАГ во Леринскиот округ, сега имаше и поголем број раководни кадри, имено: Вангел Кујчев беше командант на Националната милиција на Грција и член на Главниот штаб на ДАГ; Kune Кочев-член на Главниот штаб и на владата одговорен за правата на народностите и малцин-ствата и претседател на Главниот одбор на ХОФ, Тодор Кочев-Виктор-претседател на НОМС за Егејска Македонија; Мичо Вела-ќин по чин потполковник и комесар на бригада; Лефтер Олевски -командант на баталјон; Софика Џугоманова-член на Поверенство- то на АФЖ за ЛДеринскиот округ; а членови и инструктори Ha Ок-ружниот комитет на КПГ за Леринско беа Дине Робев, Тоне Лулов, Димитар Кочев и мноу други воени и политички раководители кои беа организатори на Народноослободителното движење и носители на активноста во сиот период на Граѓанската вој на.

Одлуки за демократското уредување на Грција Главниот штаб на ДАГ на 10 август 1947 година ги донесе првите статутарни акти за организирање на народната власт, народ-ните судови, за аграрната реформа и за школството.

На 17 август 1947 година радиостаницата на ДАТ го пренесе Прогласот на врховниот командант на демократската армија, гене-рал Маркос, за прогласување на Грчка слободна и независна репу- блика. Главниот штаб ќе ги преземе сите потребни законски и извршни мерки кои ќе ги поднесе на одобрување на Народното со-брацие штом тоа ќе биде свикано.

Главниот штаб донесе одлука за која може да се рече дека беше од големо значење. Беше удрен темелот на народната власт на слободната територија. Со оваа одлука се исправаа грешките на ра-ководството на LIK на КПГ во времето од 1941 до 1945 година во поглед на националното малцинство, а имено во член 5 стоеше: „На-ционалните малцинства имаат еднакво граѓанско и политичко право да ја негуваат и развиваат својата национална култура, јазик, вероис-повед, националната просвета HTH. , а натаму се предвидуваа и санкции за казнување на секоја дискриминација на лица поради нивната нацио-нална припадност, вера или раса И нивното политичко убедување, Вез основа на горната одлука, во ноември 1947 година во се-ло Гремен, Леринско, беше отворен и првиот курс за македонски учители. На слободната територија на подрачјата Ha Кајмакчалан и Вичо за неколку месеци беа отворени 87 македонски училишта кои ги посетуваа околу десет илјади ученици (повеќе на стр. 140 во книгата Генерал Маркос од Драган Клакиќ).

При Главниот штаб на ДАГ постоеше офицерска воена школа, а беа организирани подофицерски курсеви за оспособу-вање кадри уште кон крајот на септември 1947 година. Во школата за офицери се образоваа повеќе македонски кадри кои подоци?

беа поставени на разни воени и политички должности.

Офицерската школа при Главниот штаб вна ДАГ ја завршија следниве борци од село Баница:

- Ѓеле Методи Апчев - го доби чинот капетан;

- Борис Наце Ones - ro доби чинот поручник;

- Дазо Ило Дафов -го доби чинот поручник.

Покрај наведените лица кои завршиле офицерска школа при ДАГ, имаше голем број борци од село Баница кои зазедоа ви-соки воени позиции, кои израснаа во текот на револуцијата на се-којдневните борби за слобода и командуваа вод, чета, баталјон и бригади во редовите на ДАГ.

Во текот на граѓанската војна од лицата што завршија офи-церска Школа и други раководни кадри, животот го загубија:

- Дине Типе Робев, инструктор и член на Окружниот коми- тет Ha КТ. |

- Ѓеле Методи Апчев, командир на чета по чин капетан;

- Мице Филип Неделков, комесар на баталјон по чин капетан; | |

- Блаже Лазо Ташев, командир на чета до чин поручник;

- Бориц Наце Олев, командир на вод по чин поручник;

- Дазо Ило Дафов, командир на вод по чин поручник;

- Ило Наце Мангов, делегат на вод;

- Дазо Циле Даков, командир на чета (димиритис);

- Блаже Методи Катронов, командир на вод (димиритис);

- Дазо Тане Гергев, командир на вод (димиритис).

Формирање на Привремена влада На 23 декември 1947 година на Грамос беше формирана Привремена влада на Грција чии функционери беа комунисти, ос-вен министерот за народно здравје, Петрос Кокалис. За претседа-тел на Владата беше поставен генерал Маркос.

Владата ги постави следниве цели и задачи:

- мобилизација на народните маси;

- јакнење на вародната власт на слободната територија;

- реорганизација на народноослободителните одбори, Ha- .

родните судови и државниот апарат и да се постават во духот и прин-ципите на Народноослободителната борба, . национализација на странските претпријатија, големите банки и тешката индустрија;

- спроведување на аграрна реформа.

Меѓутоа во составот на Привремената влада немаше вклу-чено претставници на левите партии кои му припаѓаа на ЕАМ, како и од редовите на НОФ - македонски кадри, кои ја сочинуваа ударната сила на ДАГ со учество на околу 50 % од борците, Како противудар на преземените мерки од страна на ДАГиЦК ва КПГ на слободната територија, монархофашистичката влада во Атина на 31 декември 1947 година објави Закон под број 509 за мерките за безбедност на државата, државниот апарат и заштита на граѓан-ските слободи. Bea распуштени КИТ, EAM x другите демократски партии и ставени надвор од Законот.

На 7 јануари 1948 година Владата во Атина донесе Одлука за чистење на државниот апарат од членовите на ДАГ и другите сомнителни демократски лица и отпуштање од државната служба.

Владата ги забрани сите демократски весници и весникот КПГ „Ризоспатис“.

Спроведе општа акција и се нафрли најмногу против маке-донскиот народ кој без судење го испраќаше во концентрационите логори во Грција.

Одржување па Првиот конгрес на НОФ Во околности на сериозни слабости на движењето и ОДНОСИ-те меѓу КИТ и НОФ и сенародното учество на македонскиот на-род, беа создадени услови за свикување на конгрес на НОФ на 13 јануари 1948 година, на кој беа донесени Програмата и Статутот на организацијата. До тој момент во редовите на ДАГ имаше 10 147 Македонци од кои 9477 мажи и 670 жени.

Во раководниот кадар на НОФ немаше родова поделеност Mery борците. Организацијата издаваше и свој печат: „Непокорен“ -весник на Главниот одбор на НОФ; „Победа“ - весник на Воденски-от округ, „Зора“- весник на Леринскиот округ и „Единство“- весник на Костурскиот округ.

Првиот конгрес на НОФ даде нов поттик и одигра големо влијание врз вооружената борба на македонскиот народ во заед-HUIITBOTO со грчкиот народ. Непосредно по конгресот беа моби-лизирани нови борци - членови на НОФ во редовите на ДАГ и нивниот број се зголеми на над 20 000 и секојдневно се зголему- ваше тој број.

Пролетната офанзива - операција „Висина“ По неуспехот на владините сили во есенската офанзива, со помош на американските и англиските воени советници и пристиг-натите нови вооружувања и воени авиони, проширувањето на пристаништата и изградбата на нови аеродроми, особено во егеј-скиот дел на Македонија, започна нова пролетна офанзива во февруари 1948 година насловена операција „Висина“. Во оваа опе-рација беа користени специјални методи на војување. Имено, насе-лението од реоните каде што се одвиваа воените дејства во текот на борбите се префрлаше во специјални логори надвор од овие деј-ства, а го чуваа специјални одреди на полицијата и жандармерија- та. На тој начин населението беше оневозможено да им укажува помош и поддршка на партизанските единици.

Дополнителна мерка беше заштитата на поголемите об-јекти во заднината од диверзии и саботажа, а им беше доверена на одреди на националната града. Исто така, беа формирани и спе-цијални чети оспособени за водење борби во планинските под- рачја.

Специјалните методи на војување беа изум на офицерите на разузнавачката служба на ЦИА, кои практично беа команданти и командуваа со владините воени единици.

Операцијата „Висина“ започна на 25 февруари 1948 година во реонот на планинскиот масив Мурана во Епир против единиците на ДАГ. Меѓутоа, единиците на монархофашистичката влада на-идоа на голем отпор, претрпеа неуспех со загуба на голем број вој-ници и воена опрема. Беа натерани да се вратат Ha почетните по- ЗИЦИИ.

Владините сили подготвија нова операција - „,Каравги“. Опе-рацијата започна на 16 јуни 1948 година и беше нападнат Грамос.

Според своите размери, оваа операција беше многу посеопфатна, како по површина, така и по учеството на поголеми воени едини-ци, кои беа реорганизирани и под команда на нови генерали, бидеј-ќи неколку генерали по неуспехот во операцијата „Висина“ беа сменети и на нивните места по советот на офицерите на САД беа поставени нови лица.

На планината Грамос во тоа време престојуваа околу 11 000 борци на ДАГ. Во периодот од 15 март до 20 август 1948 година на планината Грамос единиците на ДАГ ископаа околу 150 км фор-тификациони утврдени линии и други утврдени огнени точки и земјени дрвени OyHKepH, кои беа запоседнати од борците на ДАГ.

Владините сили, со поддршка на авијацијата и артилеријата, на фронт долг преку 250 км тргнаа кон позициите на единиците на ДАГ. Жестоките борби траеја пет дена. Храбрите борци на TAT ги издржаа сите налети на непријателот, а потоа со контранапади го принудија со тешки загуби да се врати на почетните позиции. Уште еден неуспех на владините сили.

Во овие борби во операциите „Висина“ i „Каравги“ во редови-те на ДАГ учествуваа над 400 борци и команден кадар од село Бани- ца. Во борбите на Грамос, во периодот од 16) Јули до 5 август 1948 година загинаа Bane Пандо Великин, Тане Геле Јовчев, Коле Лазо Мади-нов, Димо Нуне Танев, а на планината Синачко - Лазо Борис Генев.

Ha 21 август 1948 година при пробивањето на обрачот на непријателот, во единиците на ДАГ на Малимади загинаа првобо-рецот и прочуен комесар на баталјонот по чин капетан (лахагос)

Mune Филип Неделков, Ило Неце Мангов - делегат на вод, Лазо Тане Гергев - командир на вод по чин поручник, а тешко беше ра-нет Стојан Циле Робев и беше префрлен во болницата во Корча каде што им подлегна на раните. Во село Смрдеш загина Блаже : Дазе Ташев, командир на чета по чин поручник. Во борбите во се-ло Загоричани, Леринско, беше тешко ранет Цеце Киро Малинов, а во воената болница во Бапчур им подлегна на раните.

Лазо Блаже Кирев, курир на 28. бригада на ДАГ и долгого-дишен искусен борец, во близината на село Екшисо, Леринско, падна во непријателска заседа и во борбите со бурантарите беше заробен. По спроведената истрага, малтретирање и употреба на специјални методи за признавање, Дазо храбро ги издржа сите ма-чења и беше јавно стрелан во селото Екшисо, со цел да биде запла- шено населението. | Поради погрешната политика на КПГ, голем број членови на партијата и бивши борци на ЕЛАС беа мобилизирани во ре-довите на владините сили, меѓу кои и околу 10 лица од село Баница.

На општиот позив на ЦК на КПГ за преминување на овие војници во редовите на ДАГ, на повеќе од нив им успеа да преминат во ре-довите на ДАГ со сета своја воена опрема, а други таква можност немаа, беа под присмотра на владините офицери. Во борбите на Грамос, борејќи се со владините сили против ДАГ, загинаа пора-нешните борци на ЕЛАС Дина Лазо Диманин и Деко Мице Ничов родум од Баница. Според раскажувањето на преживеаните војни-ци во редовите на владините сили, спомнатите лица при обидот да преминат во редовите на ДАГ биле забележани и биле стрелани на самото место од нивните старешини. Владините единици во пр-вите редови и на мртвите стражи ги испраќале војниците со маке-донско потекло, па поради тоа и загубите на овие војници биле големи. Тоа е правено свесно и злонамерно со цел да го истребат македонското население.

Мерки за заштита Ha децата Операциите на владините сили на слободната територија, под контрола на единиците на ДАГ, ја доведоа во прашање зашти-тата на недолжното население, во прв ред жени и деца, дојдени на слободната територија од подрачјата со контрола на владините сили кои им ги опустошиле домовите и ги протерале од нив. Има-ше голем број бегалци и од селата во Деринско и Костурско. Тие учествуваа во подигнувањето голем број фортификациони објек- ти на Вичо и Грамос.

Генерал Маркос во своите сеќавања вели:

„Денес во Грција 50 илјади луѓе се наоѓаат во затворите и концентрационите логори. До денес се убиени или стрелани 7 плја-ди лица. Околу 700 000 лица, мажи, жени и деца се истерани од сво-ите домови и одведени во градовите, каде што ги уништуваат гла-дот, болеста и студот. Непрекинатите воздушни напади на слобод-ната територија ги убиваат недолжните жители, во прв ред жени и деца. Мајките во ослободените краишта, не можејќи да се ПОМИ-рат со судбината на своите деца, побараа од нашата влада да им по-могне да ги засолнат децата на сигурно место. По таквите барања на родителите, ние се обративме до добротворните организации, во прв ред до Црвениот крст во соседните земји, и наидовме на при-фаќање од тие организации.

Доброволните организации на демократските жени прифа-тија да се грижат за тие невини жртви на нечовечната политика на атинската влада.

Така, 10 000 грчки деца, со согласност и по иницијатива на своите родители, беа префрлени во странство. Мајките сами ги водеа своите деца до граница. Bo секое село жените избираа свои ВОДИЧИ кои ќе ги придружуваат децата. Имаше случаи Kora мајки-те се пробиваа низ непријателските редови и заседи за да ги испра-тат децата до граница“.

Смевата на генерал Маркус Привремената влада со закон од 27.8.1948 година го смени генерал Маркос од должностите врховен командант и формира Врховен воен совет за раководење и командување со единиците на ДАГ. На 15.11.1948 година, Маркос беше разрешен од сите долж-ности и исклучен од Политбирото на КПГ. Беше извршена peop-ганизација на единиците на ДАГ, се формираа големи воени фор-мации - дивизии и армии. Многу воени и политички старешини, меѓу кои и Македонци, беа сменети, некои ставени на располага-ње, а некои уапсени и испратени во затвор во Албанија, што нега-тивно се одрази на борците. Ниеден Македонец не влезе во Врхов-ниот воен совет иако половина борци беа наши.

Кон крајот на 1948 година, борбите стивнуваа и партизаните се одмораа подготвувајќи се за новите акции во почетокот на 1949 година.

Нова тактика на војување Со усвоената нова тактика на војување, единиците на ДАГ се подготвуваа за акции од големи размери и напад на градови како Лерин, Воден, Негуш.

Владините сили напаѓаа на територијата на Вичо, па Врхов-ниот воен совет донесе одлука единиците да заземат неколку по- зиции за одбрана.

„Тоа значеше да се фрлат во кланица партизаните, особено за заземање на котата Буковиќ во Костурскиот округ. Стотина борци паднаа за таа кота и и за Лерин, Воден, Негуш. Резултатите беа трагични за ДАГ, а заземените градови Негуш и Карпениси не можевме да ги задржиме“ - се сеќава генерал Маркос.

Во ослободените градови активистите на ДАГ се обидуваа да мобилизираат нови луѓе, но не успеаја во тој потфат заради ro-лемите жртви во борбите. Toa беше деморализаторско, а новодој-дените млади неискусни младинци масовно гинеа, Ha 15 јануари 1949 година, по повеќедневни борби и со големи жртви, партизаните влегоа во Дерин. Поради загубите веднаш го напуштија градот и се вратија во своите бази. Во борбите за Лерин загина најмладата баничка партизанка во HAL, Фана Дина Робева.

Единиците на ДАГ кои учествуваа во нападот на Негуш, не успевајќи да го заземат, се повлекоа кон Вичо и Кајмакчалан.

Ноќта меѓу 18 и 19 јануари 1949 година паднаа во стапица кај села-та Спанци и Негован, Леринско. Претрпеа масовни загуби меѓу кои беше и првоборецот од Баница, |Тавле Gun Мангов. И пок-рај големите загуби, раководството на ЦК на KI овие акции ги сметаше за успех.

Монархофашистичките сили, охрабрени од делумните ус-песи, во почетокот на 1949 година решија да ги исчистат Румелија и Тесалија од единиците на ДАГ.

Реорганизација на Брховниот воен совет и Привремената влада Во новонастанатата тешка ситуација за партизаните, ЈТолит-бирото на ЦК на KIT" беше принудено да му подаде рака на рако-водството на Главниот одбор на НОФ и да му отстапи место во При-времената демократска влада, Главниот штаб на ДАГ и Врховниот воен совет. Во март 1949 година им беа дадени високи политички, партиски и воени позиции Ha првоборците и членовите на ПОФ, претставници на македонскиот народ од егејскиот дел на Маке- донија. Борецот Паскал Митревски беше наименуван за министер во Владата, Вангел Кујчев од Баница за член на Врховниот воен совет и командант на Народната милиција, Кице Кочев од Баница беше наименуван за главен директор на Управата за национални малцинства, а Тодор Кочев-Виктор од Баница беше одговорен за мла-дината на главниот штаб Ha ДАГ. Ова беше посебна чест за нашите борци. Во сите единици од чета до главен штаб беше воведена функција помошник-политички комесар од редовите на македон-ските борци. Минчо Фотев беше наименуван за ПОМОШНИК-ПОЛИТИ-чки комесар при Главниот штаб за прашања на македонските борци во единиците на ДАГ, а Пандо Вајен за командант на 18 бригада и подоцна за командант на 18 дивизија. За негов политички комесар беше наименуван Ѓорѓи Василко. За командант на 10. дивизија беше ваимевнуван Лако Попдимитров, а за командант на 103. бригада Ахи-леја Полијано. Многу други, меѓу кои и Атанас Гушевски и Мичо Велакин од Баница, беа политички комесари на бригадите на ДАГ.

За команданти на определени воени подрачја беа именувани:

- Цанде Шиперков - командант на Штабот на ДАТ за обла- ста Вичо; Б

- Џоџо Урдин - член на Главниот штаб на ДАГ и командант на западниот и централниот дел на Егејска Македонија.

Многу македонски воени старешини го дадоа животот за слободата на својот народ. | ЕЈ Одржување на Вториот конгрес на НОФ ..:

Па Првиот пленум на Главниот одбор на НОФ одржан во ав-густ 1948 година, беа суспендирани претседателот и секретарот на НОФ и беа назначени други лица. Постоеја недоразбирања во одно-сите меѓу НОФ и КПГ придружени со обвинувања за време и по крајот ва војната. КПГ сметаше дека ce тие виновни за поразот на војната.

Главниот одбор на НОФ на 3 февруари 1949 година го одр-жа 2 Пленум на Вичо. Присуствуваше и генералниот секретар на КПГ, Захаријадис, кој во својот говор рече дека за учеството во борбата, македонскиот народ ќе има свои придобивки на нацио-нален, политички општествен, културен и економски план. Тој прокламираше и народна демократска држава на балканските на-роди како остварување по долгогодишните војни. Ова беше изне-сено и преку радиостаницата „Слободна Грција“ што наиде на отпор кај владата во Атина. Главниот одбор на НОФ во весникот „Прост ти Ники“ ги демантираше прогласите за ширење на един-ствена македонска држава која би се приклучила кон трета земја.

Вистината е дека Вториот конгрес на НОФ кој се одржа кон крајот на март 1949 година е воен конгрес за натамошно војување и по победата организирање на демократско општество. Присуст-вуваа над 700 делегати од сите краишта на Егејска Македонија.

Присуствуваа генералниот секретар на KIII, Захаријадис и гене-ралот Карагиоргис како претставник на Главниот штаб. И двајца-та во говорите му оддадоа високо признание на македонскиот на-род за учеството во борбата. Во прокламацијата од Конгресот се вели: "Македонскиот народ со неговата борба и жртви во досегаш-ните придобивки го прокламираа своето решение да се бори за на-ционален и општествен живот онака како што тој сака“.

Конгресот се одржуваше во напната атмосфера и неповол-на воена позиција на ДАГ. Во овој период беше формирана и Ко-мунистичката организација за Егејска Македонија КОЕМ која не ги даде очекуваните резултати затоа што беше оружје во рацете на КПГ. Беше потврдена позицијата на претседателот на Главниот одбор на НОФ Кице Кочев и на секретарот Вангел К ојчев, и двај-цата од Баница, кон останаа на функцијата до крајот на војната и повлекувањето на ДАГ во НСР Албанија. Таму беа расформирани од страна на раководството на КПГ.

Во емиграција подоцна беше формирана организацијата „Илинден“, но за кратко време. Македонците во емиграција во исто-чноевропските земји беа лишени од своите организации.

ЗАВРШНИ ОПЕРАЦИИ И ПОВЛЕКУВАЊЕ ВО АЛБАНИЈА Операција - одбрана на Вичо Во операциите и борбата за Траќа во источна Македонија во Јули 1949 година дејствуваше 132. бригада на ДАГ. Bo борбите со вла-дините сили кај селата Тралкино и Мандраџик загина Ѓеле Методи Апчев, командир на чета, по чин поручник, родум од Баница.

На 4 јули 1949 година владините сили во составот на три пе-шадиски бригади со поддршка на артилерија и авијација започнаа општ напад врз единиците на ДАГ на планината Кајмакчалан. Пар-тизаните возвратија со голем отпор, но поради претходните големи загуби беа принудени по четири дена да се повлечат на планините Каракамен и Пајак, a болните и ранетите борци беа пре фрлени пре-ку граница, во Југославија. Почна трагедијата и пропаста на ДАГ.

Владините сили, по заземањето на оваа територија, вршеа подготовки за општ напад на слободната територија на планината Вичо и во западна Македонија.

На 9 август 1949 година во 5 часот почна општа офанзива и решавачка битка за Вичо. Започна со авионски напад врз единици-те на ДАГ по целиот планински масив, од југословенската граница, од с. By се до меѓународниот пат Соровиќ-Костур најуги до албан-ската граница. Авионите летаа во групи во борбен распоред од аеро-дромите во Лерин, Рупиштас и Кожани.

Единиците на ДАТ за одбрана на слободната територија беа поделени на сектори.

Првиот сектор беше во реонот на грчко-југословенската граница од Буф-Псодери-Бела Вода и го бранеше 14. бригада.

Вториот сектор од Лунџер до Лисец го бранеше 10. дивизија.

Ри Лунџер го бранеа една чета и еден баталјон од 14. бригада и еден баталјон од 102. бригада. Полената ја бранеа еден баталјон од 18.

бригада, еден баталјон кај Смора-Кула и Штрково и еден баталјон .

кај Бреза-Глава и Тора. Резервните единици ги сочинуваше една чета од 18. бригада.

Потсекторот Боро-Јамата го бранеа еден позицисхи батал-јон, една чета, три борбени коли, два пешадиски топа и три против- тенковски топови.

Планината Дисец ја бранеа еден баталјон од 102. бригада со два ридски топ еден противтенковски топ од 75 мм и три против- авионски топови.

На третиот сектор што го поседуваше 10 дивизија на про-сторот од котата 1226 Чучера до Франковица беше распоредена 103.