Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Banitsa in the Maelstrom of the Wars 1903-1949

ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА - Part 04

Par Atanas Katinovski-Goche · Partie 11 sur 17 · Environ 13 minutes

Lire en English

- Pyne Џогоманов, Пеце Алушев, Наце Panos, Лазо Веланов, Лазо Ѓергев, Ило Наце Manros, Ѓ орги Абов, Ѓорги Дајков - коман-дир на вод, Блаже Дајков, Горги Алушев - командир на вод, Кирче Малинов, Ѓорги Илиев, Нанче Џогов, Кало Џогов, Tpudo Мали-нов - пол. комесар, Благоја Малинов, Тане Јовчев, Лазо Лаков, Ванчо Катин, Блаже Гошев, Дичо Тошев, Лазо Рапов, Кочо Хри-сафов -пол. комесар, Леко Хрисафов - пол. комесар, Пандо Дајков, Пеце Мангов, Ило Мангов, Наце Ристо Малинов, Дине Неден - ко-мандир на вод, Лазо Калпаков, Доре Јанин, Круше Катин, Кочо Panos, Кице Baces и Лазо Кирев. | Исто така, Bo Св. Петка им ce приклучив на македонските единици и јас, Атанас Катиновски-Гоче, а во тоа време бев окру-жен инструктор Ha ЕПОН за Леринско и член на ОК 3a ЕПОНИ CO®. Наредив сите количества прехранбени производи склади-" рани на Буф и Кавказ за потребите на ЕЛАС да се пренесат во Св.

Петка и да се искористат за потребите на македонските единици.

Во тоа време, како инструктор Ha ЕЛАС, имав забрана да давам што било на македонските единици и да се пропагирам дека се пре- давници. Јас се придружив на македонските единици, а за тоа го известив и Танас, секретар на ОК на КПГ, праќајки му писмо со следнава содржина:

„Другар Танас!

Ве известувам дека денес се приклучив кон Леринскиот македонски баталјон на чело со Гоце, кој е повлечен од редовите ва ЕЛАС и се наоѓа во Св. Петка, поради намерата ja биде рас-формиран и разоружан од страна на ЕЛАС. Моето место е во ре- довите и на страна на македонското раководство на СОФ и СНОВ, а јас, како чесен Македонец, целиот свој млад живот го посветив на борбата за ослободување на поробениот македонски народ уште од првите денови на Револуцијата во 1941 год. Изгледа напразно беше мојата борба 1 борбата на целиот македонски народ кој ма-совно учествуваше во НОВ, во редовите на ЕЛАС, односно СНОВ и даде десетици илјади жртви во борбата за ослободување на зем-јата од окупаторот и домашните предавници. Со тоа сметавме дека и ние ќе извојуваме победа за својот народ, национална независ-ност и право за самоопределување, но, за жал, КПГ и нејзиното раководство погрешно ја водат политиката спрема македонското прашање и учесниците во НОВ и СОФ, која е штетна за севкуп-ното ослободително движење на Грција. Така, лошо водената подитика доведе до раздор меѓу раководството на СОФ и СНОВ и раководството на КПГ, EAM и ЕЛАС, a КПГ треба да сноси исто-риска одговорност пред грчкото население и македонскиот народ.

Таквата политичка одговорност е поголема во случај на неуспех на КПГ да извојува победа слобода и да го доведе народот и ра-ботничката класа на власт. Кон таквите ставови и ПОЛИТИКИ ЛИЧНО и вие се приклучивте кога јавно на советувањето со инструктори на OK на КПГ, ЕАМИ ЕПОН пред некој ден го оклеветивте и TO обвинивте раководството на COP И СНОВ за расцепот и издвоју-вањето на македонските единици од редовите на ЕЛАС нарекувајќи ги предавници, контрареволуционери и охрановци-комитаџии. Ба-равте и од нас пред населението во Леринско да ја застапуваме таа политика, што за нас Македонците не е прифатливо и е навредли- во. Примете ја на знаење мојата оставка на должноста инструктор на ОК на ЕПОН. Во редовите на македонските единици ќе ја продолжам борбата до конечното ослободување на мојот поробен македонски народ, Со поздрав, Гоче Положај, 13 октомври 1944 година“ Тодор Кочевски-Виктор од Баница, окружен инструктор на ЕПОН и член на ОК на ЕПОН и СОФ им се приклучи на македон-ските единици во Битола.

На Баничката чета у се приклучи и Ѓорги Турунџев со сво-јата партизанска група која беше повлечена од Живојно, Битол-ско, поради настанатите несогласувања со ЕЛАС и EAM.

Постоеше налог од ЕЛАС жив или мртов да се фати Ѓорги Турунџов, стар револуционер и раководител на СОФ во Erejcka Македонија.

Други борци, членови на македонските единици ОД:

с. Горничево:

Пеце Ромев - комесар на чета Трајче Боглев Блаже Тоцев Дине Коров с. Церове:

Ило Чеганлиев Стефо Аџиев Трифко Annes Ило Киндев с. Крушоради:

Коста Џингов Алексо Џингов Јане Донев Толе Петиев с. Екшисо Трифко Попов - зам. командир Ило Турунџов Маихаил Кирков Трајко Аџиев Блаже Аџиев Kune Аџиев Стефо Робев

120 Пеце Ѓегов Коле Тоцев Леонида Груев с. Забрдени:

Ниче Кирков Јордан Ташоминов Горги Ташоминов Ристо Филин с. Воштарени:

Панде Чоков Тане Ашлаков Тане Каркачев Тане Пашков Панде Пурчев с. Пешошница:

Коста Папајопуло

-Авгеринос Киро Колевски Васил Костов Горги Костов

¢. Патале: ¢. Сетина:

Сотир Порпулов Алексо Мундуров Блаже Алилемов Ване Ајтов Стојан Ѓатов Јордан Васов Васил Ципов Коста Враготеров Ило Чорњаков И Воденскиот баталјон пред да биде расформиран премина ва југословенска почва и пристигна во Битола. Леринско-костур-скиот и Воденскиот баталјон и Баничката чета ја продолжија бор-бата учествувајќи во ослободувањето на Битола, Ресен, Охрид и Струга и по завршените операции се вратија во Битола.

формирање на Првата егејско-македонска народноослободителна ударна бригада На 17 ноември 1944 год од Леринско-костурскиот и Воден-скиот баталјон беше формирана Првата егејско-македонска бри-гада со командантот Илија Димовски-Гоце и комесарот Махаил Ќерамитчиев.

Баничката чета влезе во составот на Вториот баталјон, а за командант беше назначен Лефтер Олевски, за комесар Бошко, а за политички инструктор, јас, Атанас Катиновски-Гоче. Подоцна бев и офицер на баталјонот ОЗНА.

Со цел да се отфрлат клеветите на ЕЛАС искажани на 10 октомври 1944 год. против борците на македонскиот баталјон „Гоце“ и против македонскиот кадар, раководството на македон-ските единици реши да испрати одред на чело со Атанас Коравеши да се врати во Леринско и Костурско и на народот да му ја каже ви-стината за одвојувањето на македонските единици од ЕЛАС, како и да го подигне моралот на народот. Во раководството на одредот, покрај Коравеши, бевме и политичкиот комесар Перо и јас.

Одредот тргна од с. Драгош преку планината Пелистер, меѓу селата Буф и Герман кон с. Желино каде што пристигна околу плад-не CO развиорено македонско знаме. Припадниците на Националната милиција кои беа во селото веднаш го напуштија кога дознаа дека доаѓаат македонски единици. На сред село се насобра сето население и му се обрати Атанас Коровеши, а од младината им се обратив јас.

Ја кажавме вистината дека не треба да потпаѓаат под ничие влијание и да прифаќаат клевети. Во вечерните часови одредот продолжи кон с. Рула и с. В мбел и се зголеми со нови борци кои се приклучија од с. Желино. Беше одржан говор и во с. Рула, а во В"мбел населението свечено не пречека. Дознавме дека единиците на ЕЛАС подготвуваат акции против нашиот одред. Штабот одржа состанок и испрати ку-рир до баталјонот „Гоце“ да се произнесе за новонастанатата CUTY- ација. Одредот беше стациониран три дена во с. В"мбел чекајќи од- говор, но не доби и четвртиот ден во утринските часови тргна кон с. Смрдеш. По говорите, тргна кон с. Габреш, но на околу 1-2 км од селото, на падините на Малимади, врз нас беше отворен оган од сето можно оружје, така што командантот на одредот веднаш даде наред-ба борците да заземат положба во стрелци, но да не отвораат оган.

Додека се договаравме, еден куршум го погоди политичкиот ин-структор Перо кој падна мртов пред нозете на членовите на Штабот на одредот. Коровеши нареди да се одговори на огнот на ЕЛАС и борбата траеше повеќе од два часа. Ние бевме малкумина и слабо вооружени, но по некое време артилериското оружје и минофрла:

чите на ЕЛАС почнаа да ги гаѓаат своите редови и положби, се слушаа гласови од грчките партизани дека луѓето на топовите и ми-нофрлачите се комитаџии и им помагаат на своите. Паниката во pe-довите на ЕЛАС ја искористивме со наредбата на Коровеши да нападнеме на јуриш и борците од ЕЛАС почнаа да бегаат оставајќи многу повредени и ранети зад нив. По наредбата, одредот се повлече на почетните позиции и беше известено раководството на СНОФ во с. Смрдеш за смртта на пол. инструктор Перо. Населението дојде да го земе телото за погреб и сите му оддадоа признание и почест, Одредот го продолжи својот пат кон Дамбени, родното ме-сто на Лазар Трповски и во вечерните часови пристигна свечено пречекан од жителите. Наредниот ден, по одморот, говорот и чи-стењето, заминавме кон с. ЈЈабаница, преминавме на албанска те-риторија и преку Подградец се вративме во Битола.

По формирањето Ha Erejckara ударна бригада, таа тргна кон Кичево и се стационира во Гостиварско. Вториот баталјон во кој беа и баничани се стационира во с. Врапчиште, 1 остиварско, каде што изврши повеќе акции за чистење на теренот од балисти- те. Во таква акција кај с. Јомница, Ѓургевишта и Калишта во бор- ба со балистите загинаа двајца борци од првата чета на Вториот баталјон. На овој терен бригадата остана повеќе од 3 месеци и во април 1945 год. преку Скопје се врати во Битола и се расформира.

Сите борци од бригадата влегоа во составот на КНОЈ (Корпус за народна одбрана на Југославија) - Осма дивизија во прва, втора и трета бригада.

Баничаните од Вториот баталјон на Црвата ударна бригада влегоа во составот на пограничните единици на Првата бригада на Осмата дивизија на КНОЈ во ЈНА. Политичката комисија за Erejeka Македонија со седиште во Битола ја формира првата воена единица ија испрати во Леринско да го заштити населението од теророт од монархофашистите. Членови на единицата беа и Лефтер Олевски и Ристо Коленцев - раководители. Другите борци остапаа во JHA се до повикотна КПГ и НОФ во есента 1946 год. и во почетокот Ha 1947 год. кога започна борбата против владините сили и постигнатата спогодба меѓу политичката комисија на КПГ и изигрувањето Ha наводно потпишаните спогодби со пребеганата влада, односно по констатираното предавство од одделни кадри на ЦК на КШ 3a от-стапките направени на владата и предавањето на власта во соглас-ност со договорот во Козерта - Италија и Јибанскиот договор.

Баничани меѓу првите се приклучија во редовите Ha TAT По преминувањето на Баничката чета во Македонија, во Баница се формира друга баничка чета со околу 70 баничани под раководство на командирот Димитар Кочевски кои, не знаејќи ги предавствата од ЕЛАС, учествуваа во ЕЛАС, а против македон-ските единици, особено во Сорович и Кајлари.

Активноста на СОФ во с. Баница по ослободувањето од Германците Познато е дека Движењето на СОФ донесе заклучок за отворање македонски училишта и за таа цел беа одржани курсеви за учители, а беа изготвени и азбука и прирачници. Есента 1944 год. започнаа подготовките за отворање на училиштата, а некои почнаа да работат: с. Герман, Буф. Атанас Бабуловски, поранешен учител од Баница, ги изврши подготовките за отворање училиште во селото. Расцепот меѓу EAM и СОФ, негирањето на македон-ското битие и формирањето на Славомакедонска народноосло-бодителна војска, СНОВ, на територијата на Егејска Македонија го спречија отворањето на училиштата. Покрај забраната за мај-чиниот јазик, дојде и до проговувања на семејствата на борците кои влегоа во Првата егејска ударна бригада. Во 1945 год. гркома-ните ја презедоа власта во Баница, а и во сите села и кон семејства-та на партизаните се однесуваа грубо, без да им ја доделат помош- та од УПРА идр.

Младината, иако не доби училиште на мајчин јазик, ја про-должи македонската култура во селото. На сцена ја постави дра-мата „Македонска крвава свадба“ организирана од Павле Мангов и Циле Рикалов, а главните улоги ги толкуваа Sone Рикалов како Цвета (машко) и Геле Кочев како Ага.

Се прикажуваа и македонски скечеви и беа рецитирани македонски песни на повеќе настани во селото.

На 7 ноември 1944 година, во чест на годишнината од Ок-томвриската револуција во СССР и победата над фашизмот, се одржа голем митинг и прослава. Колона со социјалистички транс-паренти за братство и рамноправност меѓу народите парадираше низ улиците на Баница. На митингот говореше Дине Робев, ин-структор на ОК на КПГ за Леринско, истакнувајќи го придонесот на Црвената армија во војната и социјализмот во светот. Со песни и ора заврши целиот ден.

HOO u Месниот одбор на Црвениот крст во почетокот Ha ноември 1944 год. отворија детска градинка за деца на претшкол-ска возраст во Баница со бесплатна исхрана. Беа опфатени околу 200 деца на возраст од 4 до 7 години, а за победните семејства до 9 години. Детската градинка беше сместена во куќата на Јосиф Јанин, бивша жандармериска станица, и работеше од 7 до 17 часот.

Градинката работеше до втората половина на 1945 година, до воспоставувањето на монархофашистичката власт во селото.

До доаѓањето Ha монархофашистите во Баница сложно се вршеа сите потребни активности за есенската сеидба, набавката на дрва за огрев за зимата и се друго во што учествуваа сите, млади и стари.

По декемвриските судири во Атина и постигнатата спогодба меѓу раководството на КПГ, ЕЛАС и EAM и привремената влада, ce расформираа воените единици, оружјето беше предадено и бор-ците се вратија дома. Така заврши славната епопеја во виорот на НОВ и Револуцијата од 1941 год., но без уживање од придобивките на победата. Демнеше нова покрвава и подолга војна против еди-ниците Ha емигрантската влада и предавничките единици и сора-ботници Ha окупаторот потпомогнати од англиската војска и меѓу-народниот империјализам.

Причини за неуспехот на НОД Со оглед на личното учество и мислење и релативно голе-миот број материјали што можев да ги користам, постојат след- ниве причини:

Погрешните стратегиски концепти на раководството на КПГ за водење борба во периодот на НОВ против Германците и домашните предавници што доведе до реставрација на стариот режим.

Формирање на заеднички воен штаб со единиците на ЕДЕС за кој се знаеше дека соработува со окупаторот (домашните пре-давници и нивна рехабилитација).

Отстапките што ги направија раководствата Ha КПГ, ЕЛАС и на ЕАМ со Либанскиот договор, а тоа е предавство на народот бидејќи објективно им овозможија на англиската реакција и еми-грантската влада и домашната реакција по законски пат да дојде до власта.

Согласноста на КПГ со одлука на владата на Папандреу од 24 ноември 1944 год. за формирање единствена армија, а разоружу-вањето на единиците на ЕЛАС, армија која имаше 90 000 борци, и го лиши народот од неговата заштита и придобивките од HOB.

Не го искористи расположението на народот на манифеста-цијата во Атина и Циреја на 3 декември 1944 год. и дозволи да би-дат нападнати од владината полиција и убиени 30 лица, преку 100 ранети, како и игнорирање на други протести на работничкото движење.

Повлекувањето на единиците на ЕЛАС од Атина и Циреја.

Тие требаше да се активираат во борбата на ЕЛАС во блиската и подалечната околина против англиската војска и владините сили.

Прифаќање на примирјето и склучена спогодба на 14 јануари 1945 год. меѓу ЕЛАС и англискиот претставник, генерал Скоби, и отстапување на империјалистичките сили и домашна реакција, место продолжување на борбата до конечна победа. | Склучување спогодба во Bapxusa на 12 февруари 1945 год. и то-тално уништување на движењето, капитулација и предавство на нар-одот и придобивките на цародното востание од 1941 до 1944 година.

Постојат и други причини кои придонесоа да завладее поли-тичка нестабилност во земјата и да избијат на површина дури H такви елементи кои соработувале со фашистичките окупатори, со што земјата беше доведена Ha работ на нова граѓанска војна.