Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Tragedy and Wrath (In the Shadows of Exile)

ОД ИСТИОТ АВТОР

By Стојан Кочов · Part 18 of 18 · About 5 minutes

Read in English

ОД ИСТИОТ АВТОР

1. СРЕДБА - раскази “Студенски збор” - Скопје, 1989

2. ЕДНА МРТВА ВОЈСКА - поезија “Македонска гнига” - Скпје, 1992

3. (САМО) ЖРТВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОД ГРЦИЈА -критички огледи “Матица Македонска” - Скопје, 1994

4. МРТВОТО ЛИЦЕ НА ВОЈНАТА - поезија “Мекадонско Сонце” - Скопје, 1996

5. \ОР\И ПЕЈКОВ - МАКЕДОНСКИ ВОИН НИЗ ИСТОРИЈАТА НА ДАГ(1945 -1949) – монографија “Академик” - Скопје, 1996.

6. ТАЛКАЧИ - роман “Матица Македонска”, Скопје, 1997

7. НОВА ГОДИНА ВО ЗЕМЈАНКИТЕ НА ГРАМОС роман

“Матица Македонска”, Скопје, 1998

8. КАЗНА БЕЗ ВИНА - роман “Мисла”, Скопје, 2000

9. ВО ПРЕСРЕТ НА СУДБИНАТА – раскази “Огледало”, Скопје, 1998

10. ИДЕОЛО[КИОТ АКТИВИЗАМ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРИЦИЈА-критички огледи. “Матица Македонка”, Скопје.

11. ГРОБАРОТ ОД ЛЕРИН - роман “Детска радост”, Скопје.

12. ЕСЕИ И ЛИТЕРАТУРНИ ТОЛКУВАЊА-критички огледи.”Матица македонска”

13. БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ - Историски критички огледи,

2004

14. БАЛКАНСКА САГА - роман

15. ЈАМКА-роман “Матица македонска” 2009

16. ВРАЌАЊЕ НА ПОТОМЦИТЕ - роман

17. ГОЛЕМОТО ВРАЌАЊЕ НА ТАЛКАЧИТЕ – Роман

“Современост”, 2006

18. МАКЕОНЦИТЕ НИЗ ПЕКОЛОТ НА ЦРВЕНОТО ГУБИЛИ[ТЕ - Критички огледи. “Матица македонска”, 2007

19. ВОИНОТ И МАРГАРИТА - Роман “Матица македонска”,

2008

20. БИТКИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НИЗ ТУГИТЕ ИДЕОЛОГИИ.

21. ЕДНОГОДИШНО МОЛЧРЊЕ (1913- 2013)

Дел од творештвото на авторот е објавен во поранешната југословенск книжевна периодика, како и во турски и грчки литературни списанија За раскази и песни наградуван е на разни конкурси.

РЕЦЕНЗИИ За расказите :

1.

Стојан Кочов (1930), поет, раскажувач и вљубеник во историското минато (Поблиското) на својот народ. Веднаш треба да се истакне дека токму овој автор стана меѓу првите против поделбата на егејци, вардарци, пиринци, што ни е наметната од други, а која сме ја прифатиле и сме ја држеле со децении. Тој авторов револт, тоа несогласување со ставовите и мислењата на другите за нас, сега на своевиден начин суштествува и во најновите негови книги.

Колку што е присутно самото сознание за воените бури на една проклета, наметната и за нас уништувачка војна (во која никој и никогаш не може ниту да замисли дека ќе има победоносен завршеток), исто толку е импресивно и сознанието на човекот (во случајов писателот) за настаните и животот што дојдоа потоа, по војната 1946-1949 година во Македонија под Грција.

Преку ретроспекција авторот настојува (во тоа и целосно успева) да реконструира нешто од изминатиот живот, од воените ужаси и стравотни патила по тоа. И секаде како да се чувствува грижата на совеста на човекот кој без своја волја се најде сред тие воени виорни денови за време на ДАГ, потоа пустењето на нашиот народ од јужните краишта на татковината, слепата младешка верба дека ќе се војува, и се војува, за националното ослободување (а се војуваше за националното истребување на македонскиот народ од родната грутка), без да се знае за вистинската намера не само на раководството на ДАГ и на грчкиот монархофашистички режим, туку и на оние кои од Москва, Белград и другите комунистички центри ја потсилуваа попустата војна во тој несреќен дел на Македонија.

Што се однесува за расказите на Стојан КОЧОВ, тие се пишувани со силна љубов и со чувство на еден вид оддолжување кон луѓето за кои говори авторот. Пишувани со единствена желба да останат сведоштво кое ќе обвинува, бидејќи расказите говорат за трагиката на нашите луѓе од егејскиот дел на Македонија, за тешката и зла судбина на обесправените и понижените...

Литературен критичар Доне Пановски

2.

“...Расказите на Стојан КОЧОВ, се проткаени со едно таготно-горчливо сознание за трагичните судбини на Македонците под Грција. Расказите нудат широк спектар од теми и толку фабули колку што постојат луѓе...” Ѓорги Сталев

3.

Македонскиот читател веќе педесет години е во секојдневен допир со болната и единствена, според длабочината и траењето, трагика на своите сонародници од јужните македонски краишта, насилно распрснати низ целиот свет и неповратно одделени од своите родни огништа. Оваа беспримерна неправда врз дел од нашиот народ многу малку наоѓа местто во свеста на пошироката јавност во земјите на Европа и на Северна Америка, кои носат и голем дел од вината за доживеаната трагика и човечки страдања, безмалку, на сите наши луѓе од Македонија под Грција.

За жал, оваа македонска трагика и кај пошироката македонска јавност во нашата слободна држава се прима со една значајна доза на оладеност и рамнодушност, не толку заради неинформираност, колку поради, треба да се каже, тешко разбирливото држење на дистанца, не на обичниот наш човек, туку на службените македонски согледби, во еден веќе педестгодишен тек.

Расказите “Коба” од Стојан Кочов, како и другите негови досега објавени раскази и романи, не само што ја збогатуваат богатата литература со тематика од преболната и единствената јужномакедонска трагика, туку нудејќи една продлабочена анализа на бројни одделни човечки судбини, земени од животните патишта и патила на конкретни, а не измислени личности, даваат една заокружена слика на педесетгодишните страдања на еден голем дел од македонскиот народ, кои сеуште трајат, без изгледи да завршат.

Една општа карактеристика, што авторот ненаметливо ја нуди на читателот, е показот дека Македонецот и најсилните, најсвирепите и најтрагичните удари на судбината ги прифаќа со еден стоицизам, со една исправеност и смиреност, чувајќи ја својата болка, во себе и за себе, и не негувајќи гнев и омраза против никого, па дури и против непосредните виновници за неговата трагика. Впрочем, овој свој стоицизам, смиреност и мирољубивост македонскиот народ го потврдува, постојано, преку своето вкупно уметничко творештво, но и преку своето политичко битие и делување.

Расказите на Стојан Кочов нудат забележливи вредности и во едноставноста на стилскиот пристап, прочистеноста на јазикот и јасноста и едноставноста на реченицата. Со сите свои вредности, овие раскази, бездруго, заслужуваат да допрат до најширокиот круг македонски читатели.

Никола Кичевски