Refugee Children from Aegean Macedonia in Yugoslavia
БРАБОТЕН ПЕРСОНАЛ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ДЕТСКИТЕ ДОМОВИ ВО БЕЛА ЦРКВА, ОД 1948 Д - Part 03
Нашето опстојување низ историјата, за нас Македонците, никогаш не може да претставува остар, строг, прецизно лимитиран почеток! Ние сме како и сите околу нас еден круг во кој, секој процес на нашето формирање претставува точка која се надоврзува на претходната. Во таа смисла и создавањето на нашата самостојна и независна држава, не може да се поима како нешто оттргнато, одделено од нашето вчера и од нашиот историски континуитет; нешто кое е ослободено од сите влијанија и текови на минатото. Со други зборови нашето денес, не е фантомски скок преку историјата, туку суптилно и макотрпно надградување едно врз друго на настани и потомства, кои се вградувале во конечната цел...
Сакал некој или не, тука, во Македонија, се прави резиме на блаканската историја.
Каков е нашиот историски опит на еден друг народ, еврејскиот, на пример, кој има слична и во многу што истоветна историска судбина како и нашата; на што нè поучува нашето и на што нивното историско искуство? Оваа споредба, уверен сум, може да ни биде драгоцена припомош.
Имено Халперн Лејви, еврејскиот поет на ноќта и на апокалипсата, после своите прогони во Сибир и ужасната социјална беда во која живее работејќи како сликар и поет во Њујорк, цени дека треба да се прави прецизна дистинкција помеѓу поимите егзил и дијаспора. Поимот дијаспора вели Лејвик, ја маскира суштината доколку се поистоветува со смислата на прогонот. Лејбик цени дека: кој и да е Евреин, кој независно од која причина не живее во Израел, во земјата од која бил протеран неговиот народ, - тој Евреин живее во прогон! Круна на тој прогон се Америка и Австралија.
Кога станува збор и за нашите македонски состојби денес, независно колку радикалистички се чини овој претходен став, не би имале многу причини тој став да не го прифатиме. Тоа би значело дека секој Македонец, кој независно од која и да е причина не живее во Македонија, во земјата од која бил прогонет неговиот народ, - тој Македонец живее во прогон круна на тој прогон се Австралија, Америка и Канада.
Една ваква теза, сама по себе сугерира своја надополна:
Македонецот во најактивна форма во себе ја носи судбината на севкупната македонска историја независно од каде живее, тој копнее да ѝ се врати на својата татковина, Македонија. Оној кој свесно го отфрла овој и ваков копнеж, тој свесно постапно ја губи и есенцијалноста на својата национална биографија, која во својата суштина е и неговата лична биографија. Тој, на таков начин ја отфрла најносечката карактеристика на својата отелотвореност.
Сакале ние или не, станува сосема јасно дека на Балканот нема веќе ниту простор ниту време за нови национални и великодржавни прегрупирања. Но има и простор и време за да бидат вратени насилно одземените национални и човечки права; има и простор и време за демократија. И уште повеќе, во Македонија и низ нејзината судбина, се прави резиме на севкупната балканска историја и демократија.
Така доаѓаме и до наредната, логично изведена суштина според која и Македонецот кој не се чувствува дека е во прогон, на еден начин, ја губи есенцијалноста да бидеМакедонец!
Едновремено Македонецот во Македонија кој тврди секој Македонец надвор од Македонија дека веќе нема никаква фундаментална врска со татковина и тој ја губи есенцијалноста и смислата на Македонец. Со други зборови: позната теза на поделби на големи и мали или инфериорни Македонци!
Поточно: облик на национален канибализам...
Сум гледал наши луѓе кои само што ќе стапнат во татковината како се веднат и ја бакнуваат земјата на своите предци; како ги милуваат коските на своите татковци и мајки... Ах, тие млади луѓе, си помислувам, кои повеќе од себеси ја љубат татковината на нивните предци...
Точно е дека Македонецот во Македонија би требало да биде посреќен да живее во поголем духовен мир со себеси и со својот дом! Тоа би била основната причина нему да му се завидува и да се копнее по еден таков дом во татковината!
Точно тоа на Македонецот од Македонија не му дава за право да живее со арогантната претпоставка дека тој е етички подостоен од брата му во – прогон!
Но, точно и тоа дека Македонецот во Македонија денес е на мртва стража, чувајќи ја татковината. Неговата татковина денес наспроти сиот привид е во најнеизвесна и најделикатна историска ситуација: таа или ќе биде држава на Македонците – или без трага ќе ичезне во бруталноста на големите програми за делби и – пределби! Големи надежи при сето ова дава поддршка на македонската независност колку од Америка – толку и од Русија. Денес е совршено јасно дека постоењето на нашиот народ е врзано со постоењето на Македонија! Почвата е нешто многу повеќе од плодовите кои созреваат на таа почва.
Мооже без секој Македонец, но не може без Македонија!
Зошто да не канонизираме своја македонска библија?
Она кое од поодамна сè повеќе се потврдува како неопходност, е нашата национална програма. Во ниеден миг не смее да се испушти од вид дека сме мала земја и уште – колонизирана, во која сите дојденици кои живеат во неа имаат свој национални држави за разлика од нас, Македонците на кои Македонија ни е сè: и лулка и гробница! Само по себе се разбира дека на Европа и на светот ѝ е неопходна Македонија со посебноста на нејзината национална и културна традиција, со посебноста на книжевните врвови остварени во македонскиот јазик, со посебноста на нејзината демократска визија за иднината на Балканот и на светот. Македонија на Европа и на светот не им треба како политички галиматијас со недефинирана и обезличена национална визија. За да ги сочуваме, барем, остатоците од Македонија, неопходна е таа национална програма по која пекаме со децении и векови.
Македонија е големо историско искуство. Земја која поттикнува високи медитации зашто ретки се народите кои настрадале и кои сите страдања ги надживеале на толку достоинствен начин како што тоа го надживеа нашиот, македонски народ! Низ сопствената археологија шетаме низ безбројни епохи: која од која позагадочна и подраматична! Зошто да не канонизираме своја, македонска библија?
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/refugee-detsa-begaltsi-e-book-macedonian/19 on October 29, 2026