Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Refugee Children from Aegean Macedonia in Yugoslavia

ШЕСТИ ДЕЛ ДЕТСКИ ДОМОВИ И ПРИФАТИЛИШТА ВО НР МАКЕДОНИЈА - Part 02

By Мишо Китаноски и Ѓиорги Доневски · Part 14 of 20 · About 20 minutes

Read in English

По доаѓањето децата бегалци штитеници беа распоредени и сместени во два скопски дома, и тоа: во домот “Кузман Јосифовски Питу” биле сместени 77 машки деца до 14 години, 52 женски деца и 5 младинци постари од 14 години. Во домот-интернат на средното индустриско училиште биле сместени 86 машки и 28 женски деца и младинци и младинки. Но, за жал, и покрај одличниот прием на децата бегалци штитеници, тие и во Скопје продолжиле со предизвикувањето немири, притоа гласно искажувајќи го своето незадоволство со барање за нивно испраќање во источноевропските земји.

За да се надмине оваа состојба во октомври 1949 година, од оваа група се одделени 29 женски деца и младинки, 2 деца бегалци и 4 младинци од грчка националност, значи вкупно 35 и со трите жени Гркинки се испратени во домот во Куманово.

Тие во овој дом останале до 22 август 1950 година, по што повторно ќе бидат преместени и сместени во детскиот дом во Чуруг, АП Војводина.

Во средината на октомври 1949 година, исто така, е формирана нова група од 136 грчки деца и младинци и младинки и однесени во детскиот дом во Боговоѓа, во НР Србија. Од нив 84 биле машки и 52 женски деца бегалци. Тие во детскиот дом во Боговоѓа останале до 3 март 1950 година, по што ќе бидат преместени во детскиот дом во Ковиљ, кај Нови Сад.

Штитениците од двата скопски дома од исти причини се преместувани како и оние од Куманово.

Меѓутоа, треба да се истакне дека во Скопје останаа 77 младинци и младинки од македонска националност, кои увидоа дека грчката и источноевропската пропаганда ја искривуваат сликата за животот во домовите и воопшто за грижата што ја пројавувала тогашната народна власт во републиките во кои беа сместени и во Југославија во целина. Тие се изјаснија дека сакаат да си го продолжат своето образование, а некои од нив пак, да се стекнат со занаети во Скопје.

Ваквата определба на македонските деца бегалци ја прифатиле и 65 младинци и младинки сместени во детскиот дом во Цриквеница, во НР Хрватска и побарале да дојдат во Скопје и да го продолжат своето школување. Но, треба да се истакне дека на 25 ноември 1949 година, извршено е и спојување на 3 младинци и 2 младинки со нивните родители, додека 2 младинци биле сместени во Инвалидски дом, а 2 во интернатот на Учителската школа во Скопје.

Да го кажеме и тоа дека на крајот од 1949 година во Скопје беа донесени од НР Хрватска и НР Словенија 102 младинци, 30 младинки или вкупно 132, кои биле сместени во интернатите на училиштата во стопанството.

Така, во домот “Кузман Јосифовски-Питу” во Скопје виле сместени следните младинци:

Герман А. Анѓелковски - П’пли, Гоче М. Атанасов - Р’би, Васил Атаносов – Личишта, Насе Белимов – Крушоради, Ристо М. Бекиров – Тушин, Геле К. Белчев – Мокрен, Панајот П. Бешлиев – Сакулево, Левко М. Благов – Патели, Петре Г. Бојчев – Струпино, Фоти З. Булгуров – Жељин, Минела Н. Велјанов – Баница, Васил Н. Гелев - П’пли, Насе С. Грачев – Долно Котори, Никола Н. Грозданов и Коле С. Данчов – Герман, Васил К. Делевски – Буковик, Ристо Н. Ѕерѕев – Потарос, Ѓорѓи М. Делјанов – Бапчор, Лазо П. Даневски – Крушороди, Митар П. Дуков – Мокрени, Алексо Ц. Дурловски – Герман, Ване В. Златанов – Јаворјани, Ристо Ј. Јанчев, Петре Г. Капуличев – Неред, Дане Е. Караданов – Нивице, Ристо Ф. Колев – Буф, Коста Ф. Колев – Буф, Трајко К. Костов – Буковик, Лазо П. Колчев – Чеган, Крсто Т. Кркачев – Овчарани, Ристо К. Левендов – Бобиште, Ване К. Манчов – Долно Котори, Васил Г. Маџев – Герман, Алексо Б. Маџев – Вандово, Кољо А, Нуив - П’пли, Атанас С. Миленцов – Бапчор, Стефан Д. Мишков – Лобаница, Ване К. Манчев – Долно Котори, Леонидо Касков – Езерец, Коле Н. Нинков – Мокрени, Стојан В. Мишилов – Лог, Јорго Л. Пандов – Кономлати, Васил П. Панков - Д’мбени, Вангел Ф. Пановски – Нивице, Фоте К. Петков – Медово, Вангел М. Питропов – Герман, Герман Н. Поповски – Нивице, Вангел С. Поповски – Герман, Ване Т. Рестанов – Корнишор, Коле Ј. Русев – Сетина, Ставре С. Рушев – Горенци, Васил Л. Сларкин – Нерет, Михајло Д. Скипа – Аетос, Митре Р. Соломонов – Статица, Ламбро К. Чалдарев – Кондоропи, Ване М. Чапканов – Нисја, Коле К. Џимлев – Герман, Коле М. Шапев – Мокрени и Пандо Г. Шушев – Патели.

Во Графичката школа во Скопје биле:

Коља С. Безов – Жупаниште, Ристо В. Влашки – Герман, Јани А. Вранчев – Негочани, Коле Н. Грамов – Крушоради, Ристо Г. Кајчевски – Герман, Јорги В. Кимов – Нерет, Јани В. Корнов – Чеган, Спиро А. Лазаровски – Руља, Васил Т. Лаовски – Герман, Христо Н. Маљевски – Герман, Михајло Л. Маџев – Герман, Коле М. Мечкаров – Герман, Киро К. Миланков – Долно Котори, Кото Н. Рајков – Герман, Ташо К. Пановски - В’мбел Јани С. Пановски - В’мбел, Кице В. Салдаров – Кондоропи, Сотир Д. Стојанов – Руља, Георги Г. Тануров – Бахово, Кузе Ф. Тргачев – Буф и Вангел В. Џуклев – Герман.

Во Електростопанство:

Георги Г. Андоновски – Крчиште, Аргир М. Барков – Сребрено, Георги В. Барков – Сребрено, Спасо Н. Делов – Жупаниште, Гоче Т. Димитров – Жељин, Ристо П. Дросов - Д’мбени, Наум И. Жундовски - Д’мбени, Павле Ј. Карачов - Д’мбени, Коле Т. Кичевски – В’мбел, Коловски Гиро – Жупаниште, Васил Р. Масев – Сребрено, Васил А. Пандов – Коломлати, Васил С. Расчаров – Кономлати, Иљо Н. Саров - Д’мбени, Насе Р. Таревски - В’мбел и Јорго Л. Терсијев - Д’мбени.

Во текстилната школа “Кузман Јосифовски Питу” учеле:

Василка М. Апчева – Баница, Љуба С. Безова – Жупаниште, Василка П. Боглева – Герман, Јордана Н. Кајчовска – Герман, Катерина А. Карамичова – Изглибе, Цвета И. Менчева – Герман, Софија Т. Радева – Бахово, Архонда Ф. Скуманова – Буф, Панајота Б. Тамбова – Косинец, Анда В. Темелкова – Герман, Ангелина Х. Хаџиева – Повар, Томанија А. Цветкова – Буф и Јана А. Чопова – Струпино.

Во училиштето “Вера Циривири-Трена” учеле:

Христа В. Богданова – Бапчор, Дора С. Вангелова – Крчишта, Ставрула Л. Вориози – Крчишта, Невенка Н. Дачева – Страичино, Благојка И. Мангелова – Апоскеп, Ива И. Менчева – Герман, Трајанка Л. Миовска - П’пли, Хриса Ј. Наковска – Крчишта, Димана Т. Панова – Жупаниште, Мара М. Папатерпова – Несторион, Донка Т. Сакулова – Буковик, Лета Х. Стасина – Жупаниште, Катина К. Фирбова – Теолиште и Вангелија К. Џогова – Баница.

Во домот “11 Октомври” се:

Дора Н. Машинска - В’мбел и Ставрула Т. Трифуновска – Крчишта.

Во Инвалидскиот дом се:

Јоше К. Мечкаров – Буковик и Вангел Н. Поповски – Герман.

Во Учителската школа се:

Вангел Ц. Лелифанов – Герман и Георги В. Мангов – Жупаниште.

Во Шумскиот техникум учеле:

Васил К. Адамулов – Лудово, Мито Ј. Кунелов – Ѓановени и Иван К. Теновски – Крчишта.

На 25 ноември 1950 година на родителите им се предадени:

Димитар В. Сапунџиев – Воден, Петре Р. Бакушев - Р’би Митра Д. Јолева – Кожарско, Гена К. Мусманова - Д’мбени и Мице Г. Поповски – Ковулево.

Во учебната 1954/55 година од НР Србија односно АП Војводина, поточно од детските домови во Бела Црква со цел да го продолжат своето образование и учење занает во Скопје се испратени следните младинки:

Во домот “11 Октомври”:

Кала Коле Аргирова, родена 1938 – Ошчима, Вангелија Танас Албажова, родена 1938 – Медово, Филарети Андрија Афкова, 1936 – Лудово, Петре Бекировски, Дора Петре Георгова, 1939 – Рудари, Атинка Крсте Георгијева, 1939 – Рудари, Атинка Павле Ѓамова, 1939 – Трсје, Донка Коста Дамулева, 1936 – Лудово, Санти Алекса Дамовска, 1939 – Габреш, Павле Коце Делков, 1939 – Долно Котори, Санти Ристо Кочева, 1940 - Р’би, Алексо Кајчевски, Лика Стефе Кировска, 1937 – Желево, Ники Алексо Константинова, 1938 – Штрково, Софија Маркулева, Василка Ристо Матина, 1936 – Лаген, Софија Ристе Попова, 1937 - Р’би, Сондра Трајко Поповска, 1938 - Р’би, Тона Георги Попова, 1937 – Трсје, Сондра Пајкова, Афродита Крсте Стојанова, 1939 – Медово, Вангел Стојановски, Ксантипи Стилова, Софија Танас Трајкова, 1936 – Лаген, Велика Стеге Цанева, 1936 – Зеленичево и Ники Цецова.

Во Занаетчиско-градежното училиште учеле:

Гоче Васил Будовски, роден 1938 – Желево, Миќо Георги Влахов, 1939 - Д’мбени, Крсте Стерија Влахов, 1939 - Д’мбени, Јани Коцо Вавица, 1940 – Керасиес, Миќо Лека Дамовски, 1939 – Медово, Васил Дупјакотис, Михаил Кајчевски, Лефтер Калков, Ахилеас Каридис, Георгиос Каридис, Вангел Киријазопулос, Лазарос Ксантопулос, Емилиос Каридис, Павлос Лазаридис, Коста Ристе Лумбуровски, 1937 – Желево, Козмас Маропулос, Лазо Ристе Марковски, 1938 - Д’мбени, Иво Таша Митанов, 1938 – Желево, Пандиљ Ставре Миланков, 1940 – Долно Котори, Гоче Крсте Миланков, 1938 – Долно Котори, Ѕоѕи Ничопулос, Ристо Петре Николов, 1938 - Р’би, Иво Фоте Пандов, 1936 – Трсје, Ристо Панде Пандов, 1936 – Трсје, Лазарос Пантелејмон, Василиос Панајотидис, Костас Пападопулос, Димитар Рашев, Вангел Ристе Стерјов, 1938 – Медово, Периклија Никола Топалов, 1939 – Герман, Емилиос Фотијадис и Лазар Иван Шопов, 1940 – Горно Котори.

По згриѓувањето на децата бегалци, младинците и младинките од Егејска Македонија во Скопје, направен е напор некои од нив што дошле од детските домови во Бела Црква да го продолжат своето образование во Гимназијата и во Учителската школа “Браќа Миладиновци” во Битола. Тие во исто време биле сместени во Интернатото на Учителската школа.

Во Учителската школа во Битола се школувале:

Уранија Маџева, Менка Пајкова, Василка Барова, Танча Јанковска, Тона Пандова, Олга Петкова, Вангелија Стерјова и Павлина Стефова.

Во битолската Гимназија своето школување го продожиле:

Герман Пајков, Вангел Бабинкостов и Фани Палевски.

ДЕТСКИ ДОМ ВО СТРУГА Уште еден детски дом за децата бегалци од Егејска Македонија бил отворен во НР Македонија. Овој пат тоа бил детскиот дом во Струга. И, за него има новинарски прилог објавен во весникот “Глас на Егејците”. Во него е забележано:

- На десниот брег од реката Црни Дрим при истекот од Охридското Езеро во Струга, се наоѓа детскиот дом “Гоце Делчев” кај што се сместени најмладите бегалци. Домот е сместен во две згради на двата брега на реката. Минувачите кои изутрина брзаат на работа не можат да не го забележат нивниот бурен живот, токму при нивното утринско станување и подготвување за своите задачи преку денот.

Домот е отворен на 1 март 1950 година кај што се згрижени 60 деца од 7-16 годишна возраст. Сите деца учат во основното училиште и гимназијата. Секое дете е обезбедено со по две рала алишта, две чифта кондури и други детски потреби.

Домот располага со 9 души административен, воспитен и помошен персонал кои го ускладуваат целокупниот живот и работа на децата во домот со пропишаниот куќен ред и дневниот распоред за работата во домот.

Точно во 6 часот ги буди свирката од дежурниот пионер.

Децата стануваат и почнува фискултурата. Со утринската фискултура кај машките раководи младинецот Ристо, а кај женските дежурната пионерка. Под раководството на воспитачката фискултурата ги освежува децата во раните езерски утра заборавајќи на напатениот живот. По завршувањто на фискултурата секој брзо оди во спалната што поубаво да го намести својот кревет, дотерувајќи ги чаршавите и ќебињата. А потоа – миење и припремање за појадок во 7 часот. После појадокот строени во ред со песни заминуваат на училиште.

Секој ученик е снабден со потребните училишни предмети, книги и тетратки. Пред ручекот еден час и после ручекот од 2 саатот во домот се одржуваат часови за припремување на уроците за другиот ден. За правилното користење на слободното време домскиот пионерски совет има направено распоред. Во домот е организирана библиотека и читална со разни книги, детски списанија и весници. Во слободното време во читалната се читаат разни книги, се играат разни игри како “Не се лути човече” и шах. Пионерите имаат организирано и разни групи како хорска, фолклорна, фискултурна, цртачка, литерална, природонаучна и моделарска. Сите овие групи работат редовно: припремаат разни песни, ора, цртежи и модели што кон крајот на учебната година ќе бидат изнесени на изложба и ќе биде дадена приредба. Фискултурната група има два фудбалски тима, четири одбојкарски групи кои изведуваат разни фискултурни натпреварувања. На шаховскиот турнир во домот учествуваат сите ученици меѓу кои и најмладите шахисти. Најголем интерес при играње шах покажуваат Јано Љанго, Васил Пљасков, 7-годишни ученици кои при играње стратегиски го ценат секој направен потег на фигурите и го следат текот на играта.

На пионерската конференција за правомајското натпреварување дадена е обврска од сите пионери дека крајот на учебната година ќе го дочекаат со одличен и многу добар успех; ќе издадат ѕиден весник, со доброволна ударна работа ќе работат на уредување и исчистување на домските простории. Во текот на првомајското натпреварување отпочна со работа и курсот за брза помош што го посетуваат 20 повозрасни ученици.

Учителите во училиштето се задоволни од нивните одговори на часот.

Евентуалната недисциплинска појава или некултурна постапка од некој пионер се забележува од дежурниот пионер и одговорниот по хегиена и во согласност на началникот на одредот, пионерскиот раководител и воспитачката таа се запишува во наредбената книга на пионерите. По вечерата се чита наредбената книга во која се изнесуваат добрите примери и недисциплинските пројави. За лошите примери им се дава рок за поправање и помош од сите пионери.

Весело го прославија денот на пролетта, а уште повесело го пречекуваат Први мај, кога ќе им бидат разделени новите празнични алишта.

Наоѓајќи се покрај Охридското Езеро тие се припремаат после завршување на учебната година правилно да го искористат летниот распуст на плажа. Бодри, со весела насмевка на лицето и песни, нив весело им поминуваат детските радости. На прашањето од управителот за тоа како живеат, тие постојано одговараат: “Управителе, задоволни сме само треба ние да го оправдаме со нашето учење и да станеме вистински градители на татковината.” Со тоа нашата народна власт згрижувајќи ги децата и создавајќи им вакви можности им дава правилен духовен и физички развој да станат свесни градители на својата татковина.

ДЕТСКО ЛЕТУВАЛИШТЕ ВО ОХРИД Веќе кажавме дека децата бегалци од повеќе детски домови го користеле летниот одмор во некои одморалишта. Така е и со децата бегалци од повеќе домови, кои, како што се гледа, престојувале во Охрид. За нивниот престој наоѓаме извештај исто така, во весникот “глас на Егејците”. Во него, меѓу другото, пишува:

- Патувајќи со бротче од Охрид кон одморалиштата, патникот се занесува од убавата глетка на езерото и околината. На прв поглед паѓа летовалиштето во Горица (каде сега летуваат студентите) и големото синдикално одморалиште “Орце Николов”, каде летуваат стотини трудбеници од цела Југославија, а малку понатаму е неговата пространа зграда на детското летовалиште.

Песни, свев, радосни гласови се слушаат од далеку. Тука се одмора и весело си го поминува времето нашето најмило и најниско младо поколение – Титовите пионери. Зградата на детско летувалиште е довршена во 1948 година и може да прими во секоја смена по 250 и 300 пионери-ки. Домот располага со резервни фискултурни реквизити за одбојка, фудбал, кошарка, ватерполо, разни детски играчки: шах-сала со 30 масичиња, библиотека со 750 книги и др. Управата на летовалиштето за деца често организира излети во град Охрид, Струга, ги посетуваат музеите и другите страни на околината – хидробиолошката станица за оплодување на риби, натпреварување меѓу групите и др. По овој начин времето на децата им станува забавно и се збогатуваат со знаење.

Првата смена во домот покажува голема активност во фискултурните натпреварувања и во просветната работа. Тие дадова меѓу другото три приредби и во одбојка ги победија групите на пионери од Калиште со 15:0 и групата од пионерскиот одред “Карпош” кој логорува таму со 5:2 и 10:0.

Колку корисен им беше одморот на децата во летовалиштето се гледа од следната таблица: децата од 6 до 10 години од првата смена добија во тежина просечно 2,1 килограм, од 10 до 14 години – 4 килограми и од 14 години нагоре -5 килограми.

Благодарејќи на добрата храна тие се опоравуваат и го засилуваат своето тело.

Во дестското летовалиште сега летуваат и 61 македонски девојки од стопанското училиште во Осиек, 14 девојки од домот за ученици во стопанството “11 Октомври” од Скопје, потоа 15 егејчиња од стопанското училиште во Самобор и 5 од Загреб. Сите се бујни и радосни што можат толку убаво да си го поминат слободното време.

Еден од учениците од Самобор – Ставре Димовски од село Косиец, Костурско, од името на децата ни кажа:

- Сите ние бевме принудени да го напуштиме нашето родно место зашто монохофашистите како збеснети шакали се нафрлуваа на нас, нè убиваа со нивната артилерија и со авионите, или пак нè грабаа на сила за да нè седнат во Логорите на Фридерики. Во Југославија не само што најдовме засолниште, но ни се овозможи да продолжиме со учење и тоа на нашиот македонски јазик. Веќе се наоѓаме пред крајот на нашето стручно и школско оспособување. Сите станавме учени и со квалификации како автомеханичари и друго и по тој начин си ја осигуруваме нашата иднина и ни се дава можност да помогнеме и во нашиот поробен народ. Во нашите места каде господарат монархофашистите, сите ние бевме осудени да пасиме овци и свиње, или да работиме по нивјето, а нашиот труд да го грабаат други.

Од името на девојките, другарката Олга Калејчева од село Морчишта, откако ги повтори истите причини, ни додаде:

- Ѕверствата на монархофашистите се неопишливи. Тие меѓу другото го убија татко ми, една студена мартовска ноќ, дома, и ја измачија мајка ми. Јас, се разбира, не можев да останам дома, ниту пак можам да го заборавам тоа злосторство. Сега сум во Осиек, заедно со други 60 девојки од нашиот крај. Сите се одпособуваме стручно и учиме. Уште една година и, ете, ќе бидеме способни за работа, секој спрема својата квалификација.

Од нас има ткајачки, плетачки, и фризерки. Лани бевме во Охрид, во одморалиштето Горица и многу убаво поминавме.

Ете, и оваа година тука ќе одмораме 21 ден и кога ќе се вратиме ќе имаме нови сили за учење и работа. Вакви услови долу неможевме да имаме.

Управителката на домот другарката Тануера ни кажа:

- Сите девојки се живи и способни. Во работата се меѓу првите, не заостануваат и во учењето. Имаме 11 одлични, а повеќето се со многу добра оценка. Учителите и управителите на претпријатијата каде работат, се многу задоволни од нив.

МАСОВНО ШКОЛУВАЊЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ Грижата на народната власт во НР Македонија, што ја покажуваше по однос на децата бегалци од Егејска Македонија не се изразуваше само преку доброто сместување, исхрана, облека и друго, туку и преку максималното ангажирање за нивно школување во основните и средните училишта и во училиштата за ученици во стопанството. Дека е така најдобро ни покажуваат податоците со кои располагаме, а според кои во 1951 година биле сместени во интернатите за ученици во стопанството и учеле занает 137 ученици и ученички во Скопје.

Реализацијата на оваа програма била под непосредна грижа и раководство на Министерството за труд и Министерството за социјални грижи на НР Македонија.

Но, овој процес на оспособување и образование на децата бегалци, младинците и младинките, исто така, максимално се остварувал и во НР Хрватска. Според расположливите податоци се гледа дека во 1951 година во Загреб се школувале 13, во Самобор 25 и Осиек – 70 ученички и ученици.

Во 1951 година во Југославија се школувале 245 ученици и ученички за повеќе занаети и за работа во стопанството. И ова се однесува само на оние деца бегалци што дошле без родители.

Нивната гриижа за сместувањето, престојот и школувањето целосно ја има преземено Југословенскиот Црвен крст во соработка со републичките Црвени крстови.

Во следната 1952 година во Нови Сад се школувале 40, а во Белград 31 ученик и ученички во стопанството. Таа година од Осиек се испратени 52 девојки кои успешно ги завршиле училиштата за стопанство во Скопје со цел да и помогнат на македонската текстилна индустрија. Школувањето на овие ученички траело 3 години. Исто така, во Скопје дошле и група младинци кои веќе завршиле тригодишни училишта за занаети во Загреб и во Самобор со желба да се вклучат во процесите на производство и да го помогнат индустрискиот развој на НР Македонија.

Треба да се истакне дека децата бегалци, односно штитеници беа присутни во Бела Црква се до 1958 година, поточно до 1960 година кога 6 штитеници изучуваа занает. Од тогаш веќе нема штитеници во детските домови во Бела Црква, но затоа пак бројот на штитениците што го продолжиле учењето на некој од повеќето занаети во разни училишта од стопанството, продолжиле во НР Македонија.

Така, по 1948 година во НР Македонија биле уште 29 штитеници што го завршувале школувањето до 1966 година.

Сите тие, до последно дете бегалец и штитеник останаа во надлежност и грижа на Југословенскиот Црвен крст, како и на власта во НР Македонија, кои вложуваа максимални напори не само за нивно школување туку и за репатријација на истите со нивните родители и семејства во Македонија и пошироко во светот.

Интересно е да се спомене дека во 1956 година повеќе ученици од детските домови во Бела Црква го продолжиле своето школување во НР Македонија. Збор станува за 46 штитеници кои се школувале во следните училишта:

- Во Учителската школа во Битола – 8 ученици.

- Во Скопје 2 ученици се школувале во Индустриското училиште, исто толку се образувале во Средното музичко училиште, 11 ученици биле во Градежното училиште, 4 ученици ја следеле наставата во Среднотехничкото училиште, а 19 штитеници од домот “11 Октомври” учеле занает. Така, во 1957 година завршиле училиште во стопанството:

Петре Бекиров Алексо Кајчевски Атинка Георгиева Ники Костадинова Павле Делов Сондра Попова Дора Ѓоргова Тонка Попова и др.

МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ ОД ГРАФИЧКОТО УЧИЛИШТЕ – СКОПЈЕ Исто така, деца бегалци почнаа да се школуваат и во Графичкото училиште. За тоа имаме објавен текст во весникот “Глас на Егејците”, којшто, како што и погоре напишавме, редовно го следи школувањето на децата бегалци. Во текстот, меѓу другото, е забележано:

- Училиштето го носи називот “Ниже графичко училиште” и прима ученици кои завршиле II клас гимназија, или на неа рамна школа, а во него се учи три години. Наставата е теоретска и практична. Има три одделенија: словослагачко, машинско и книговезачко.

Управата за подобро користење на работната сила, прима мали порачки и печати мали брошури кои се обработуваат од самите ученици. На овој корисен начин им се дава можност од една страна на самите ученици да се вежбаат, и истовремено се врши услуга на клиентите.

Самите ученици организираа хор, дилетантска и рецитаторска секција, фудбалски тим, екипи за шах, одбојка, бокс, и други спортски дисциплини. На тој начин тие се изградуваат културно-просветно и физички.

Во ова училиште меѓу другите учат и 27 ученици Егејчиња. На нашето прашање како се чувствуваат во училиштето, тие одговараат дека се целосно задоволни и благодарни што им се дава можност да учат, за да можат така да станат достојни синови на Македонија и да придонесат повеќе за својот народ.

Ѓорѓи Кимевски од село Нерет, Леринско, роден 1936 година, е еден од најдобрите ученици во училиштето. Тој тука е сосема сам. Мајка му се наоѓа во Полска со една негова мала сестричка, татко му е во Русија, а две мали братчиња во Чехословачка. Во Југославија дојде со група деца 1948 година, бегајќи од бамбарињата на монархофашистите. Сега е еден од најдобрите ученици во училиштето и негова желба е да стане добар мајстор, зашто само така вели ќе може да биде полезен за општеството.

Ѓорѓи Матиновски е најстар ученик меѓу Егејците. Тој е од 1947 година во редовите на ДАГ.

- Со мојата чета, вели Ѓорѓи, зедов учество во сите најголеми битки со монархофашистите: во Коница, Гревена, Грамос, Малимади, Воден, С’ботско, Лерин и на други места. Но, по капитулацијата на ДАГ, се вратив пред 1949 година во Југославија. Брат ми загина во борбите на Грамос во 1948 година. Јас за мојата татковина Македонија сум секогаш готов да умрам. Сега тука учам и се залагам да одговорам на поставените задачи. Сакам да станам добар графичар, за да можам, утре, во ослободениот роден крај, да му помогнам на нашиот нарорд, зашто таму Македонците никогаш не учеле на македонски јазик, и ние графичарите – Егејци што тука, сега се оспособуваме, ќе можеме да дадеме многу во тој правец.

Ѓорѓи Танурев од селото Бахово, Мегленско, ни кажа:

- Мојот татко како командир на чета на ДАГ се бореше за слободата на Македонија. Него го стрелаа Захаријадисовците, бидејќи беше доследен Македонец. Јас никогаш нема да заборавам зошто загина татко ми. Јас сакам мојот роден крај да биде слободен, а нашиот народ господар на својата судбина.

Сега учам, и мислам дека на овој начин најдобро придонесувам за нашето дело.