Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Refugee Children from Aegean Macedonia in Yugoslavia

БРАБОТЕН ПЕРСОНАЛ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ДЕТСКИТЕ ДОМОВИ ВО БЕЛА ЦРКВА, ОД 1948 Д - Part 01

By Мишо Китаноски и Ѓиорги Доневски · Part 17 of 20 · About 19 minutes

Read in English

БРАБОТЕН ПЕРСОНАЛ НА ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО ДЕТСКИТЕ ДОМОВИ ВО БЕЛА ЦРКВА, ОД 1948 ДО 1958 ГОДИНА УЧИТЕЛИ:

Менелаус Триандафилис, главен грчки раководител Георгијадис Никос, главен македонски раководител – Толевски Коста, главен грчки воспитувач – Георгиевски Јани, учител Григоријадис Григори, воспитувач – Келешов Илија, учител – Трајков Никос, учител – Триандафилу Илија, учител – Царановски Васил, учител.

ВОСПИТУВАЧКИ:

Лазариду Деспина, Симеониду Калиопи, Магелани Елена, Сотири Елеонора и Кочомбаши Сула, Хасу Мери.

Карафилиду Панајота, НЕГУВАТЕЛКИ:

Беци Елени, Муратиду Елени, Гатиду Јанула, Нехтериду Марија, Георгију Панајота, Омилиду Олга, Елефтериду Соња, Пападопулу Калиопи, Јеропулу Лиза, Сијота Теодора, Јоаниду Елеонора, Сидеропулу Александра, Кериду Марта, Сиропулу Ефтарпи, Кериду Софија, Стергију Панајота, Сурмела Фанија, Цана Цуцуловска Теодориду Ефтинија, Сика Каева Фотографу Маријанти, Маре Жундева и Фока Панајота, Цана Василева.

Христофориду Олга, ВОСПИТУВАЧКИ:

Ристана Анастасова Ристана Нанева Тена Бундева Мара Ничова Василка Грозданова Олга Ничова Олга Здравковска Тронда Петкова Стоја Јанковска Велика Трајкова и Катина Маркова Фанија Терзиевска.

Слобода Месајкова НЕГУВАТЕЛКИ:

Софија Аргирова Теодора Курти Томија Божиновска Стоја Кизова Митра Германчева Ристана Лазарова Марика Горчилова Митра Миланкова Василка Делова Ката Миланкова Елена Делова Василка Мишовска Марија Донева Парашка Панова Елена Ефтова Нада Спирова Јордана Јанчова Махи Паљева Митра Колева Крста Ташева Василка Кулеова Дафина Филкова Софија Колева Елена Шулевска и Вана Кочова Маруша Шулевска.

ДОМАЌИНИ ВО ЗГРАДИТЕ:

Ѓорѓи Донев Ване Ранелов Киро Донев Петар Пошинов Ташо Божанов Благоје Булев.

Васил Јованов МАКЕДОНСКИ ПЕРСОНАЛ ОД НАРОДНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УПРАВИТЕЛИ НА УЧИЛИШТАТА:

Коста Марковски Тоде Јовановски Благоје Јордановски НАСТАВНИЦИ, УЧИТЕЛИ И ВОСПИТУВАЧИ:

Стеван Ангелов Петар Котевски Милица Ангелова Стојан Коцев Стојна Аницинова Ирина Кочишки Лепа Аритонова Јордан Кочишки Наталија Арсова Натка Левкова Дамјан Атевски Ангел Љутков Олга Благоева Марика Марковска Васка Гавритова Никола Марковски Ратка Ивановска Петар Марковски Наталија Ивановска Трајан Масларовски Нина Јановска Мишковски Томе Иван Јанкуловски Видоје Медарски Михајло Колев Момчило Митровски Милорад Насковски Блага Сазданова Емилија Насковска Ѓорѓе Ставровски Исаило Палчевски Душанка Ставровска Сузана Панова Ѓоре Снаковски Стојан Петровски Боге Сотировски Николина Петрова Паскал Сотировски Марика Петровска Сунчица Стефановска Нада Петровска Марика Трајкова Вера Петкова Драган Топчиевски Ристо Поповски Трајко Тренковски Нада Поп Пецева Павлина Чамова Ксенија Радосављевиќ Душанка Чурулова Јоше Ристевски Димитрије Шумановски.

Коста Сазданов ОСМИ ДЕЛ НЕЗАБОРАВОТ – КАКО АМАНЕТ НЕКОЛКУ ЗБОРА ЗА “МАЈКИТЕ”, УЧИТЕЛИТЕ И ПЕРСОНАЛОТ ШТО РАБОТЕА ВО ДЕТСКИТЕ ДОМОВИ Нив “мајките” како што од првиот момент си ги завикавме и засакавме, којзнае колку пати ги споменавме во редовите на оваа книга. И секогаш, при тоа споменување, истакнувавме дека ако не беа тие, сигурно сите ние, без исклучок, не ќе бевме тоа што сме... Зашто, за многумина од нас што тргнавме во непрегледните бегалски колони, по “патот на солзите”, нашите вистински мајки со нашите татковци, постари браќа и сестри, дедовци и баби и роднини, останаа да ги бранат и одбранат не само родните огништа и стреи, цркви и олтари, таму зад границата, туку и да се борат за нашата национална слобода...

Оттука, нив им припаѓа славата, затоа што тие:

- Прво, беа исклучително храбри жени и сестри, водејќи не низ воениот пекол и виор, искажаа и покажаа невидена натчовечка храброст, помалите деца да ги носат со стотици километри на своите гради и плеќи, и да не храбрат да издржиме, да не потклекнеме пред грчкиот монархофашистички непријател.

- Второ, затоа што покажаа невидена етничност и морал кога нашите родители не даваа да станеме дел и бројка од нивните групи, со ветување дека ќе се грижат повеќе за нас од колку за своите деца, што го искажаа и на дело, и од првиот момент, кога нè чуваа и гледаа во детските домови и прифатилишта.

- Трето, што бдееја над нашите животи и што заедно со нас, страдаа и копнееја за нашето враќање кај родителите, што се грижеа за нашиот развој и школување, што не информираа за нашите најмили, толку колку што знаеја, што нè воспитуваа на чесност и добрина, што страдаа кога ќе се разболевме и се радуваа кога и ние се радувавме, што не водеа за рака и ни го покажуваа животот, и

- Четврто, што ја искажаа сета своја мајчина љубов и добрина кон нас и нашето детство, секогаш учејќи нè никогаш да не ги заборавиме родителите, мајчиниот македонски јазик, родните места и да си ја сакаме својата татковина – Македонија.

Значи од нивната преголема мајчинска љубов, ние, децата што ги напуштивме родните огништа никогаш не станавме во непрегледните колони и списоци само бројки – и ништо повеќе.

Тие се во нашите години поминати со нив – нашите вистински мајки. Иако многу од нив немаа некое поголемо образование, сепак покажаа огромна желба и умеење да ни помагаат во нашиот развој и да не упатуваат на вистинскиот пат...

Затоа, нив им припаѓа славата и нашата неизмерна благодарност. Дури и зборовите понекогаш неможе да ја искажат топлината на – благодарност, за сето она што тие го направија за сите нас, се за особено истакнување дека сосема малку може да се најдат вакви светли примери во светската историја...

И негувателките, олицетворени во нашите постари сестри кои исто така дојдоа со нас, но и оние што беа вработени во детските домови од средините во кои живевме, го заслужуваат сето наше внимание, почит и благодарност.

Што се однесува пак до нашите македонски учители, не само тие што дојдоа со нас од Егејска Македонија, туку и учителите што ни ги испраќаше Министерството за просвета на НР Македонија, на жалеа труд и време да нè учат и научат. Но, она најважното беше и остана, нè научија бескрајно да си ја сакаме својата татковина Македонија. Низ сите предмети, тие знаеја да ни ја всадат таа исконска љубов и да не воспитуваат во духот на делата на нашите татковци, кои гинеа на Вичо, Малимади, Грамос... Секогаш имаа трпение да ни објаснуваат, да нè воспитуваат на позитивни примери, и да нè подучуваат, да ни укажуваат на грешките, да го поттикнуваат нашето љубопитство и да нè наградуваат со заслужени оценки, но и да ги толерираат нашите палавштини и детски немири. Во исто време, кај многумина од нас, ја подгрејаа и желбата, еден ден и ние да станеме учители, а многумина од нас пак, да си изберат струки и занаети за животот. И тука зборот – благодарност неможе да ја искаже сета наша топлина и восхит кон нив и нивното дело!

Ако не беа сите тие, и ако не ја вложеа сета своја љубов кон нас, ние сигурно ќе бевме деца без детство. Вака нашето детство ни мина со нив исполнето со бескрајна и неизмерна љубов...

Оттука, на нашите “мајки”, учители, негувателки и друг персонал, и во оваа прилика и со овие редови, им ја искажуваме нашата трајна и неизмерна благодарност и им возвраќаме со иста љубов, а нивните ликови засекогаш се врежани во нашите срца. И кај нашите најмили во семејствата.

КОЛКУ ШТО ИМАШЕ...

Народна Република Македонија, само што беше ослободена и сè уште ги лекуваше раните од Втората светска војна, а веќе на границата ја снајде Граѓанската војна во Грција. Желбата да му се помогне на македонскиот народ од Егејска Македонија, беше поголема од сè. Се вложуваа максимални напори, новите борби на македонскиот народ да се помагаат со цел да се извојува национална и социјална слобода. А, македонскиот народ во Егејска Македонија веќе ја имаше покажано и докажано својата борбеност во Втората светска војна, кога исцело застана на страната на антифашиситчките сили и даде неброени жртви.

Но, веќе од 1945 година, а нешто и порано, почнаа да пристигнуваат во НР Македонија, бројни прогонети македонски семејства од теророт на Грција. Тоа особено се засили со поразот на Демократската армија во Граѓанската војна, а една од приоритетните задачи на Приврмената влада на Грција беше сапсувањето на децата. Така од пролетта на 1948 година, а особено во 1949 година, веќе се најавија безбројните бегалски колони со нејаки деца, кои веднаш беа прифаќани од Црвениот крст на Југолавија и на Македонија и сместувани најпрво во прифатилишта, а потоа и во специјално организираните детски домови. За оние што пребегаа со своите семејства веќе почнаа да се градат станови и куќи не само во Скопје, Битола, Штип, Кавадарци, Кочани, Тетово и др., туку никнаа и нови населби, како што е тоа случајот со населбата Три чешми.

Претседателот на Владата на НР Македонија, Лазар Колишевски, на повеќе наврати (во говори и интервјуа за весници) се има задржувано на прашањето на бегалците од Егејска Македонија. Овој пат ќе пренесеме делови од неговиот говор одржан на Третото заседание на Народното собрание на НРМ, одржан од 28 до 30 април 1952 година. Тој меѓу другото, го кажа следното:

- Како што ви е познато, во ноември 1949 година, пред Политичкиот комитет на ООН, беше поставено прашањето за бегалските деца од Грција. Нашата делегација зазеде позитивен став и со своето истапување придонесе за правилното третирање на ова прашање. Беше донесена соодветна Резолуција од Генералното собрание на ООН. Постапката од таа Резолуција дека бегалските деца од Грција треба да им бидат вратени на нивните родители при изрично нивно барање, независно од тоа во која земја се наоѓаат, беше поздравена од сите оние луѓе во светот што можеа да ја увидат хуманоста на овој акт и трагедијата на родителите и децата што не по своја вина се распрснати и разделени еден од друг по разни држави.

Пооделно изразија задоволство родителите и децата кои се надеваа дека со применувањето во дело на таа Резолуција, ќе се овозможи соединувањето на нивните фамилии.

Во продолжение на својот говор, Л. Колишевски подвлекува дека од Сојузната и Републичката влада било сторено сè да се овозможи собирањето на децата со нивните родители. Така, им се вратени на родителите вкупно 555 деца. Родителите на овие деца се наоѓале во Грција, Канада и Австарлија. Но, за жал, како што истакнува Колишевски, освен Југославија ни една од земјите во кои имало бегалски деца не се одзвале на Резолуцијата, иако и претставниците на владите на некои од нив учествувале во нејзиното донесување. Тука се работи за земјите од информбировскиот блок. Карактеристично е дека надлежните фактори на СССР директно и отворено секојпат го спречувале враќањето на децата од тие земји кај своите родители. Дури и тогаш во случи кога се работело да бидат сврзани и за разделените родители и деца што веќе се наоѓале во две информбировски земји, пак не е ништо сторено. И натаму продолжувала трагедијата на тие деца и луѓе чие одомување зависело од владите на споменатите земји. Залудни биле сите настојувања на нашата Влада, подвлекува Л.

Колишевски, нашиот Црвен крст и Меѓународниот Црвен крст да се реши тоа прашање. Владите од информбировските земји категорички одбивале и понатаму да постапуваат според одредбите на Резолуцијата од Генералното собрание на ООН и да ги примаат овие деца од кај нас, чии родители се кај нив, како и да им ги предадат децата на родителите што живеат во нашата земја, а кои поднеле барања тие да им бидат вратени.

Тука, според Колишевски, не се работело само за еден или два случаја: децата чии родители се во Полска или Чехословачка, или СССР, или Бугарија или во другите информбировски земји, кои барале да бидат здружени со нив, небиле примени од страна на владите од овие земји, а нашите барања останале без одговор или биле одбиени.

ДЕВЕТТИ ДЕЛ ОД СРЕДБИТЕ ВО САРАЈ ДО ТРЕТАТА СВЕТСКА СРЕДБА СÈ ПОЧНА СО ОРГАНИЗНИРАЊЕ НА ПОЕДИНЕЧНИ СРЕДБИ На неколку наврати истакнавме дека бегалската голгота на Македонците од Егејска Македонија под Грција почна во 1945 година. Доселениците во НР Македонија беа пречекувани и се вложуваа напори за решавање на нивното сместување и вработување. Но, оваа наша македонска драма особено се изостри по поразот во Граѓанската војна, кога со реката деца бегалци тргнаа и многу борци, инвалиди и др.

Веќе во 1950 година забележано е одржувањето на Првата средба на бегалците од Егејска Македонија, односно на жителите од селото Д’мбени. Целта била д’мбенци населени во Скопје и на овој начин да се потсетат на своето родно село што го оставиле зад границата. Се споменува дека иницираната средба односно нејзиното одржување финансиски го помогнале пребеганите д’мбенци кои живееле во САД.

Овој процес на организнирање на средби продолжил и се засилил во следните години, и истите се одржувале во рекреативниот центар Сарај крај Скопје.

По д’мбенци ваква средба организирале и бегалците од Бапчор, Герман, Раби, Орово, Добритишта, Трново, Нивици, П’пли, Оровник, Бесвина, В’мбел, Трсје, Сетина и Попадија и др. За сите овие средби биле бирани одбори коишто ги организирале овие среќавања на своите соселани, на кои се изведувала и културно-уметничка програма, а се издавале и монографии. На средбите редовно учествувале играорците од КУД “Гоце Делчев”, како и пејачките групи “Костурчанки”, “Бапчорки”, “Мегленки”, “Воденки” и др.

Исто така, на овие средби биле читани реферати за родните населби, при што секогаш им била оддавана почит на загинатите борци, славејќи го нивното име со завет дека никогаш нема да биде заборавена нивната пролеана крв за слободата и родните огништа.

Оваа раздвиженост и постоењето на повеќето одбори за одржување на овие средби, придонесе за созревање на идејата за собирање на сите прогонети Македонци од Егејска Македонија, сега жители на Република Македонија.

Најдалеку во ова секако е идејата за одржување на Првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија во Скопје, а посветена на четириесетгодишнината од егзодусот.

ИДЕЈАТА ДОЈДЕ ОД ТОРОНТО Идејата за организирање на Првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија, ја дала Елена Панџаровска на една средба на децата бегалци во Торонто, во 1984 година.

Истата е прифатена од браќата Ване и Ѓорѓи Пљуковски. Исто така, со оваа идеја во станот на Васко Панџаровски во Торонто бил запознат конзулот Петар Толев. Во овој стан всушност, се одржал и состанок на одборот на децата бегалци во градот каде што е донесен предлог за одржување на светска средба на некогашните деца бегалци од Егејска Македонија. Решено е средбата да се одржи во 1988 година во Скопје и истата да биде посветена на четириесетте години од споменатиот егзодус.

Желбата беше средбата да се одржи во слободниот дел на Република Македонија.

Веќе прифатената идеја Ване Плуковски ја пренесе во Скопје, а во јули 1984 година од Канада дошла поголема група некогашни деца бегалци кај свои роднини и пријатели меѓу кои биле Ристо Чачкировски, претседател на одборот во Торонто, Ѓорѓи Плуковски, секретар, Симе Милошевски, член на одборот и други.

Овие претставници од веќе формираниот одбор од Торонто за одржување на Првата светска средба, заедно со претставници од децата бегалци што живеат во Скопје присуствуваа на состанок во Владата на Република Македонија, односно во тогашниот Секретаријат за односи со странство, каде што е образложена иницијативата и програмата за средбата. Ваков состанок е одржан и во Матицата на иселеници на Македонија, при што е добиена целосна поддршка за одржување на оваа средба.

За таа цел, додека сè уште биле гостите од Торонто во Скопје, е формиран и првиот Иницијативен одбор на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, во кој влегле: Ване Плукоски претседател на Иницијативниот одбор, Петре Наковски, Мито Миовски, Крсто Кираџиев, Илија Аиновски, Коле Мангов, Петре Калиновски, Никола Думурџанов, Михајло Дичевски, Насо Беќаровски, Ѓорѓи Доневски, д-р Христо Трповски, Никола Бундовски, Панде Константиновски и други.

И покрај тоа што идејата и иницијативата за организирање на првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија имаше отворени и скриени отпори од тогашното југословенско раководство истата да не се одржи за да не се нарушеле добрососедските односи со Грција, сепак, таа е одржана. За тоа е добиена согласност од општествено-политичките организации на Република Македонија, кои исцело застанаа зад оваа иницијатива.

За таа цел тогашната Републичка конференција на Социјалистичкиот сојуз на Македонија, откако ги согледа активностите на веќе формираниот Иницијативен одбор од страна на децата бегалци, којшто продолжи да работи како одбор на средбата, на 15 јули 1987 година, Претседателството на оваа општествено-политичка организација формира од своја страна Одбор за организирање на Средбата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. За жал, во овој одбор не беше вклучен ниеден член од дотогашниот одбор, којшто перманентно веќе постоеше и работеше околу 3 години за организирање на средбата.

По повод формирањето на споменатиот одбор беа ставени сериозни забелешки и интервенции на постојниот одбор, со што беше дополнет со вклучување на 5 нови членови од Одборот на децата бегалци. Тоа се: Ване Плуковски, Мито Миовски Ѓорѓи Доневски, Насо Беќаровски и Коле Мангов од Република Македонија и Ристо Чачкировски и Ѓорѓи Плуковски од Одборот на децата во Канада и Томе Миовски, Танас Крлевски и Перо Божаровски од Одборот во Австралија.

На вака дополнетиот одбор со претставници од одборот на децата бегалци, за претседател на Републичкиот одбор е избран Гога Николовски, а за секретар Боге Сотировски. За подобро организирање на Првата светска средба, е формиран и секретаријат на одборот и пет комисии: за информирање, за културно уметнички програми, за дочек на гостите, за финансиско материјално работење и за организирање на тркалезна маса посветена на егзодусот.

Првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија се одржа од 30 јуни до 3 јули 1988 година. Таа имаше богата и разновидна програма, а на истата присуствуваа повеќе од 10.000 деца бегалци дојдени од Европа, Австралија, Канада, Америка и др.

На свеченото отворање пред 3.000 деца бегалци од сите страни на светот, што се одржа во Скопското сајмиште, почна со исполнување на химната на Република Македонија - “Денес над Македонија се раѓа”, а потоа беа пренесени поздравите испорачани од некогашните деца бегалци кои допатуваа од Канада, Австралија, САД, од источноевропските земји и од разни места на СФРЈ и Македонија.

Првата светска средба ја отвори претседателот на одборот за организирање на истата Гога Николовски, а од името на југословенската федерација присутните ги поздрави претседателот на тогашната сојузна конференција на ССРНЈ д-р Божидар Чолаковиќ. Пред присутните говореше и тогашниот претседател на извршниот совет на собранието на СРМ, м-р Глигорие Гоговски, кој меѓу другото рече: “Вашата одисеја, тој страотен “од по пеколот” во најтешките и најсурови услови на егизстенција е уште еден голем момент за трагичната судбина на нашиот македонски народ во првата половина на Дваесеттиот век”.

Во името на Црвениот крст на Југославија, кој го организираше и непосредно го реализираше прифаќањето на децата бегалци присутните на средбата ги поздрави претседателот Милка Вранешевиќ-Малеска. Потоа, средбата ја поздравија и претставници на одборите од Австралија, Канада, источноевропските земји и Република Македонија.

Во програмата уште се реализира и Молебен за загинатите и починатите деца од Егејска Македонија што се одржа во Македонската православна црква “Св. Димитрие” во Скопје.

При тоа со Молебенот чиноначалствуваше поглаварот на Автокефалната Македонска православна црква, Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Гаврил со повеќе митрополити и други пречесни отци и ѓакони од МПЦ.

Пред огромната маса присутни во црквата “Св. Димитрие” архиепископот охридски и македонски г.г. Гаврил одржа беседа во која ја истакна историјата на Македонската православна црква:

- И оваа наша денешна слобода каква што досега во нашата историја никогаш не сме ја имале скапо е платена со многу пролеана крв во текот на многувековните борби. И ќе ја загубевме ако не ја чуваме. Затоа да сме будни во секој момент.

Познато ви е дека речиси цели 12 векови чекавме да си ја обновиме државата и црквата. Минавме навистина во текот на вековите низ многу страдања и маки. Бевме туку речи полумртви. Но, ете воскреснавме.

Исто така, беше организирано и чествување на гробот на големиот македонски син Гоце Делчев во црквата “Св. Спас” во Скопје. На оваа свеченост се собраа околу 1.000 некогашни деца дојдени од трите страни на светот, кои ја исполнија “Денес над Македонија се раѓа”, и на гробот на војводата Делчев претставници на четирите одбори на децата бегалци и на републичкиот одбор положија цвеќе. Од името на Одборот децата бегалци кои сега се наоѓаат во Канада, венец положи Ѓорѓи Плуковски, од името на Македонците од Австралија Коста Ангелков, од името на Македонците од источноевропските земји Гоче Мирчевски, а од името на Скопскиот одбор Ване Плуковски, додека во името на Републичкиот одбор на средбата на децата бегалци, неговиот претседател Гора Николовски.

Во дворот на црквата “Св. Спас”, по положувањето на букети и венци, се организира културно-уметничка програма во која учествуваа членовите на КУД “Гоце Делчев” од Скопје, пеачките групи “Бапчорки” и “Сирма”.

НЕПОРЕКЛИВИ НАУЧНИ ВИСТИНИ Во Македонската академија на науките и уметностите, на 2 јули 1988 година, се одржа тркалезна маса – посветена на темата за егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. И на оваа расправа, салата на МАНУ беше претесна да ги прими сите оние кои беа заинтересирани да ги слушнат научните аргументи, да ја слушнат вистината за сопствениот егзодус...

Воведен реферат на посочената тема поднесе д-р Петре Наковски.

На првата светска средба на децата бегалци беше донесена и Декларација со која учесниците и се обратија на меѓународната јавност со една единствена цел, таа да придонесе за надминување на страдањата на сите деца и народи во светот – жртва на војни.

Во Декларација меѓу другото е истакнато:

... Ние, кои минавме низ пеколот на војната, низ сите трауми на принудениот егзил, добро знаеме што значи личната и колективна драма на човекот... Ние, кои останавме – израснати во разни земји на светот, научивме да истраеме во добро и зло, никогаш не губејќи надеж и покрај суровоста на животот, дека еден ден пак ќе си ги видиме нашите мајки, татковци и родниот крај... Од името на основните човекови слободи и права, ние некогашните деца од Егејскиот дел на Македонија, сега како граѓани на повеќе земји во светот (Албанија, Бугарија, ДР Германија, Унгарија, Полска, Романија, Чехословачка, Советскиот Сојуз, Југославија, Австралија, Канада и САД), го креваме својот глас против сите обесправувања на човекот, против сите облици на дискриминација: политичка, верска и културна. Апелираме да се признаат и да се применуваат и спрема нас, Македонците и спрема нашите блиски кои живеат во Грција, Општата декларација на ООН за правата на човекот, Европската конвенција за човечки права, завршите документи од Хелсинки и сите други документи на меѓународната заедница со кои се заштитува човештвото, неговата сегашност и неговата иднина. Од името на тоа, бараме да се симне забраната со која нам, на Македонците од Егејскиот дел на Македонија ни е одземено правото на враќање во Грција поради тоа што не сме Грци по род. Нам ни е одземено правото да ги посетуваме своите родители и блиски, своите огништа и се што е најмило.

Ние сме лишени од правото да ги посетуваме нашите светилишта, гробовите на своите претци, на своите татковци и мајки, да ги посетиме пријателите и другарите во Грција...

Националните малцинства кои живеат на Балканот претставуваат богатство и историска шанса – низ културен натпревар на народите да се изградат цврсти темели на братска соработка и похумана човекова иднина. Свесни сме и уверени дека иднината на Балканот треба да се решава со соработка и разберање, отвореност, комуникација и демократски слободен развој на народите и малцинствата во сите земји.