“ЗОШТО НЕ НА СОЛУН ” - Part 01
“ЗОШТО НЕ НА СОЛУН?”
“...Политичкото и военото раководство на Македонија реално ја оцени, ја држеше и ја контролираше ситуацијата за време на јануарските настани, не дозволувајќи притоа да преовладаат емоциите над разумот, и на тој начин штотуку формираната и кревка федерална Македонија да биде вовлечена во нова војна, практично, против сојузниците од антихитлеровата коалиција, на која страна се бореше и самата таа во текот на Втората војна.” ДИПЛОМАТСКИ ПРИТИСОК На 9 декември 1944 година, шефот на Британската мисија во Белград, Меклеан, го посети Јосип Броз Тито и му го кажа својт заклучок дека формирањето на Бригадата (Егејска) открива територијални претензии врз грчкита и бугарските територии и му обрна внимание да не се замеша во грчките работи, односно во судирот меѓу ЕЛАС и британските сили во Атина, што започнаа на 3 декември 1944 година.
Тито го убедуваше Меклеан дека Југославија нема никаква претензија на грчка Македонија и дека Првата егејска бригада нема да оди во Грција. На 22 декември 1944 година, Тито нареди Егејската бригада да не замине за Егејска Македонија, на ЕЛАС да не му се даде ветената помош, што се должи на директивата на Сталин до раководството на КПГ да ја прекине оружената борба и да побара мирољубиво решение за судирот со Англија.
Со специјална наредба под број 236 строго доверлива од маршал Тито, на 2 април 1945 година побара расформирање на “ Егејската бригада.” Но од нашите историграфи имаме друго тврдење: “Не цел месец по формирањето на Егејската бригата во Битола, КПГ и ЕЛАС побараа таа да се расформира и нејзините борци да влезат во единиците на ЕЛАС, со што не се согласија ниту егејските раководители, ниту Јосип Броз ТИТО”. (Види; д-р Ристо Кирјазовски, фељтон - низ борбените страници на Егејска Македонија: Илија Димовски-Гоче).
РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1945 ГОДИНА И СОЗДАВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НОФ (Хаотична неизвесност на македонските перспективи. Настан за паметење. Голем исчекор во (не)познатото: 23 април 1945 година, беше ден (време) на асиметрични и болни судбински обрачи. Народот никој и за ништо не го прашува.)
1. Дали со чинот: оформувањето на НОФ и АФЖ, по Втората светска војна, сами не сме ја предизвикале кобната судбина на македонскиот народ под Грција?
Дали со познатите спротиставени политики и практики на комунистичките партии (Југославија, Бугарија и Грција) спрема макеонското национално прашање, идеолошки токму во оваа Граѓанска војна со умисла ни го ангажираа “македонскиот синдром” и не доведоа до: Македонецот - спроти Македонецот?
По ова идеолошка збрка, за нас Македонците настана фатална дезорганизираност на македонските позиции.
Значи, ако досега сме го познавале:
а) македонското движење со бугарска етничка историска - тенденција;
б) македонското национално движење со македонска етничко историска - тенденција, сега по Втората светска војна се јавува и в) македонско движење со пројугословенска историска- тенденција.
Големиот политички превид што ни се случуваше пред нашите очи во 1945 - 1949 година, всушност, беше најтрагичен. Тоа беше особено време, во кое не само македонската историја ќе забележи дека ретко кој народ во историјата како нашиот самиот си ја посакувал толку злокобно својата несреќа.
Долги години иследувајќи го целото ова прашање (создавањето на НОФ и сите маки кои доаѓаат оттаму, што неможевме да бидеме сами со својата македонска правостојност), произлегуваат две клучни прашања:
Првото: како ова наше прашање (борба) им го покажавме на светот, конкретно на Големите сили, и нашата улога и визија со македонска опција во Граѓанската војна?
Второ: како ние Македонците, самите гледавме на ова прашање и дали низ целиот период на Граѓанската војна, бевме уверени дека ја остваруваме токму македонската опција?
Или, можеби ја почитувавме ленинската теза дека, комунистичкото движење, на националното прашање гледа, како на тактичко и во основа одговара на интересите што секогаш одговараат со државните интереси на доминантната нација, во нашиот случај на Грчката. Тогаш се поставува прашањето: Зошто така не пропагираа НОФИТЕ и АФЕЖИТКИТЕ, па ќе бевме сведоци на една сосема друга ситуација, а можеби и не ќе доживеевме таков национален пораз.
Трето: Зошто едно такво витално и национално прашање (големи жртви, изгубен македонски географско-историски простор и. т. н) не е третирано во интегралната македонска историја, туку како секторска – “Егејската”, а таквата не може да има рамен третман во изучување и презентација на националната историја.
Се до 1945 година македонскиот народ под Грција имаше цврсто духовно и национално единство. Постарите Македонци и нивните деца и внучиња живееа со ист дух, и го негуваа македонскиот национален идентитет и единствени на таа стратегија, значи македонскиот човек, како стратегија за опстанок го прифати: “Културното затворање и затворањето на поединецот во идентитетот и во заеднијцата-македонска”. И, НОФ токму на таква почва најде доверба и над масите стана доминантен господар во пропагирањето на политиката што ја диктираа:
1. КПМ/КПЈ од 23 април 1945-до т. н “Братство и единство” до
21 ноември 1946 година. (Токму по овој чин настанува иронијата и многу елегантно КПМ/КПЈ, си ги измија рацете од Македонците под Грција. Но, да ја проследиме ова добро позната историска приказна).
КПГ од 21 Ноеври 1946 година до ликвидацијата на ДАГ во 1949 и годините на емиграцијата.
КОИ БЕА ВСУШНОСТ НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ ВО ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА?
Одговорот е: никој! Па дури ни КПМ, бидејќи и таа беше целосно потчинета на КПЈ.
Значи, македонски нихилизам, грешки, поданство и реки крв, но да се вратиме на фактите:
За нас Македонците како полувековен проблем е што не е докажано со каква национална стратегија на 23 април 1945 година е создадена во Скопје организацијата НОФ (Народно ослободителен фронт) за Егејскиот дел на Македонија, надвор и независно од КПГ и од било каков политички субјект во Грцијакој повеќе од година делува и се раководи од КПМ/КПЈ и Програмската. 13 Цел на НОФ, беше: да се бори за извојување
13 Организацијата НОФ (дури во 1946 година ја донесува оваа програма се разбира корегирана, а каква програме имаше 1945 година нее позната но, највероватна усмена била.) и си ги поставила следните задачи:
1. Непомирлива борба на Македонците од егејскиот дел на Македонија за извојување на своите национални и социјални права;
2. Афирмација на македонскиот национален идентитет;
3. Актуелизирање на македонското национално прашание во политичкиот живот на Грција;
4. Организирање отпор против теророт и геноцидот што го наметнаа и плански го спроведуваа грчките реакционерни власти врз македонското население;
5. Јакнење на националното едеинство на македонскиот народ;
6. Разобличување на автономистичката активност на приврзаниците на Ванчо Михајлов и разбивање на нивната шпионска мрежа во овој дел на Македонија, кои како агент на англоамериканските диверзантски центри се бореа против националните права на македонскиот народ;
7. Разобличување на англоамериканските планови, кои имаа за цел егејскиот дел на Македонија да го претворат во база за шпионска и субверзивна дејност против НР Македонија и цела Југославија како и против сите балкански народни републики;
на националните права и правото на самоопределување на Македонците под Грција. За остварување на таа стратешка цел, беше применета и оружена форма на борба, за што раководството на НОФ по неколку дена,односно на 28 април 1945 година реши да формира македонски партизански единици. (Види: Кирјазовски, 1995/202)
Се поставува прашањето: Како сето тоа ќе го оствареше НОФ?
Кога повеќе од јасно е дека еден дел од македонскиот субјективен фактор, не беше на ниво на барањата и целите на македонското национално-ослободително движење.Тоа се потврди зашто неуспеа да се соочи со многу сложните проблеми, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори. Ниту беше во можност да ги процени нивните сили, а уште помалку стратешките интереси и планови. Зошто до сега никои од тие стратези во НОФ, КПМ и КПЈ не дадоа одговор?
Зошто секој од учесниците во таа војна, остана да си ги поставува прашањата:
Ќе беше ли во состојаба НОФ да го оствари самоопределувањето во една новосоздадена положба во Македонија под Грција со извршената етничка промена на населението во 1924 година, кога преку 600 илјади доселеници-колонисти беа населени на македонска земја и со тоа грчката држава од Македонците направи малцинство?
Еве Зошто?
По националност % Грци 711. 428 50,36 Македонци 240. 000 17
8. Јакнење на братсвото и единството помеѓу македонскиот народ и грчкиот народ и заедно со сите прогресивни сили на Грција, Македонците да се борат против заедничкиот непријател;
9. Организирање на борбата на македонскиот народ за премостување на вештачкиот јаз Македонците од сите делови на Македонија, особено со НР Македонија, која претставува “Пиемонт” за целото ослободување и обединување на македонскиот народ. Види: во органот на НОФ за Егејска Македонија “Билтен”, бр. 9, од 15 март 1946 година.
Караманли 210. 000 14, 87 Ерменци 80. 000 5, 66 Евреи 68. 206 4, 83 Власи 44. 414 3, 14 Роми 25. 302 1, 79 Разни 33. 127 2. 35 Вкупно 1. 412. 477 100% Во рамките на грчкото население е опфатено и разновидното бегалско население дојдено од Кавказ. Грчкото население по потекло и јазик, всушност е под 50% од целокупното население што живееше во Македонија под Грција. (Види С.
Киселиновски 2000/48.)
а) Ќе требаше ли некој од НОФ да ги праша тие доселеници дали би сакале да живеат во некаква балканска федерација, или со тоа ние Македонците си правевме непријатели од овие луѓе.
Но, се поставува прашањето дали тие како комунисти Македонци реагираа, на таквите акции од грчката влада. Тогаш, на тоа прашање (менување на етничкиот состава на Македонија) гледаа како на правено и хуманост спрема тоа население?
б) Дали НОФ знаеше ли дека скоро тие колонисти се на чело на левите сили во Грција како ЕАМ и КПГ (кои не немаа во своите програми - С. К) како Захаријадис, Парцалидис, Иоанидис, Маркос и други, и како можеше да очекува поддршка за таквата оптимална програма за самоопределување на Македонците?
в) Зошто тоа го прави сега кога тие истите членови на НОФ, како учесници во редовите на ЕАМ и ЕЛАС не им даваа да добијат никаков политички субјект во годините на антифашистичката борба и зарем имаа заборавено дека беа прогонети кога побараа национални права и беа наклеветени и анатемисани како автономисти, сеционисти, комитаџии и славофони?
Но, да се вратиме на најголемата манипулација од раководствата на КПЈ и КПГ, кога на средбата на 2 април 1946 година Тито и Захаријадис во Белград без присуство на Македонците решија:
1. Македонското народно-ослободително движење од Егејскиот дел на Македонија предводено од НОФ, а раководено од КПЈ-КПМ, да се стави под раководство на КПГ и да се измени програмската цел на НОФ во која сега ќе гласи: НОФ ќе се бори во сојуз со грчкиот народ за спасување на Македонскиот народ од физичкото истребување.
Тоа е вистината, и можеби е дел од стратегијата на туѓинците кои посакаа преку манипулацијата на НОФ, да си ја остварат целта, бидејќи од таквото делување на НОФ, грчката држава имаше преземено законски мерки со невиден терор и прогон, таквите воени зафати наликуваа на физичко истребување.
Народот беше принуден да ги напушта родните огништа и да бега во Југославија или владините сили за безбедност ги испраќаа по островите.
2. Договорено е слободна регрутација на сите пребегани луѓе за испраќање како борци на ДАГ од целокупната политичка емиграција во Југославија. Од луѓе кои еднаш веќеуспеале да се спасат од теророт, но тие сега се мобилизираа од разни Ворјасовци и ги враќаа во пеколот. Значи; со Македонците се случуваше нешто необично и од грчката држава и од самите нас, па човек ќе запраша: Што е со нас Македонците?
3. За нас Македонците, коренито беа изменети условите по договорите меѓу Тито и Захаријадис, односно КПЈ и КПГ и импликациите од робувањето кон еден или кон друг беа катастрофални. Но, по сето ова НОФ за чудо станува погласен во паролите за тоталните мобилзации на Македонците. Ги повикува и ја прогласува КПГ како единствен спасител и добронамерник за разрешување на македонското прашање на Македонците под Грција, а такви беа и прапораките од КПМ/КПЈ. (Види: Директивите и препораките на Лазар Колишевски во книгата на Кирјазовски 1995/29).
Значи, на 23.04.1945 година, токму во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ 14 (Народно-ослободителен фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. А со каква национална платформа? Платформата беше за остварување на туѓи интереси. Она што НОФ можеше да смета во перспектива, а сигурно и сметаше беше заштитата од КПМ/КПЈ.
Таквото погрешно сфаќање на националното прашање, веќе наплатено со жртви и со поништување на многу национални вредности, слепо се брани и денес по цена на тотално национално пропаѓање. Тешко беше да се излезе од лавиринтот на сите манипулации околу КПГ и КПЈ, зошто се работеше за едно добро разработена стратегија во која дури и оние луѓе со т.
н “тврди националисти” пред агресивната катадневна пропаганда потклекнаа, во корист на т. н “класното”, а националното (посебно за нас Македонците) беше формално.
Но, од исходот на настаните се покажа дека за НОФ (За сите нас Македонците, посебно под Грција), беше лет во хаос?! А во хаосот кој е моќен, тој е праведен. Значи правдата не е во правилноста, туку во моќта. Тоа се потврди!
14 Како се оформи НОФ, раскажува еден основачите Павле Раковски:
“Автобиографија (моите страдања)”, АЕА издавачи, 2000/ стр. 341: “Кон средината на април 1945 година добив порака од Џоџо Урдов. Веднаш да заминам за Скопје. Отидов. Политичката комисија веќе беше распуштена.
Кон крајот на април, се формира Народноослободителен фронт - НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Митревски добил одврзани раце да одбере уште четворица и да го состави централниот раководен орган-петчлено Биро. Ме повика и сам ми го соопшти тоа. Ме праша за мислење.
Кои четворица други, освен него, мислам оти треба да влезат во ова Биро?
Му ги предложив следните. Георги Урдов-Џоџо, Ило Димаков-Гоче, Наум Пејов и Махаил Керамиџиев.
Ми заблагодари и отиде. А Бирото го состави вака; Паскал Митревски, Георги Урдов-Џоџо, Михаил Керамиџиев, Танас Коровешов и Павле Раковски.
Јас веќе споменав дека Митревски високо стоеше пред моите очи поради довербата што му ја укажуваше партиско-државното раководство на СР Македонија. Го ценев и почитував едноставно и отворено. И тоа, ми сечини одлучи, за мојот избор во највисокиот раководен орган на НОФ.
По првата седница, петтемина тргнавме да ги удриме темелите на НОФ на терен: Во Костурско, во Леринско, Воденско, Ениџе-Вардарско и Серско...” Значи, што се случи: народот ја предаде својата слобода бидејќи на тоа го принуди НОФ, извориштето на тоа идеологија, а тие луѓе, туѓинците ги имаа устоличено да не водат, но до одреден период на време.
Сведоштва:
Види: “ДОКУМЕНТИ за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава” Том втори.
ДИРЕКТИВИ ОД ГЛАВНОТО РАКОВОДСТВО НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ ФРОНТ ДО ОКРУЖНИТЕ ПОВЕРЕНСТВА НА НОФ.
Септември 1945 г.
Да се рашири нашиот НОФ секаде каде што има Македонци во секое село, во секој град, квартал, колиба и земеделска куќа.
Ниту еден Македонец, Македонка или Македонче да не остане надвор од НОМС, АФЖ, НОФ и надвор од нивните влијанија.
(стр. 721-722-723)
ПАРОЛИ НА НОФ, АФЖ и НОМС.
Уште на 22 Ноември 1945 година, покажуваат многу воинствено истрчување и тоа една година пред официјално да се објави Граѓанска војна во Грција:
“Ниту еден Македонец не треба да се најде надвор од антифашистичката организација НОФ.
Само така организирани ќе можеме да го уништиме фашизамот и да ги добиеме нашите права и право на полно самоопределување.” Антифашистичка организација НОФ.
“Напред. Сите Македонки во Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за целосно уништување на фашизмот, за нашата слобода, за нашите права.” Антифашистичка организација АФЖ.
(Само напомена, цел свет знае оти на 9 мај 1945 година беше прогласена тоталната победа над фашизамот, а по се изгледа дека нашите пароли беа излитени или погрешно позајмени.
Несериозно кон нашите добри македонски селани од Костурско, Леринско, Воденско и. т. н кои бескрајно им веруваа
- на валканите пароли - како на свои синови, оти, ако тоа го правеа Грците, нашиот човек не ќе беше влезен во тој геноциден зафат ).
Народот ги знае кои се тие луѓе (кои го натераа да биде еуфорично среќен). Тие луѓе не беа малку вредни, и јас ги почитувам, оти нивната заблуда беше убава, но беше заблуда.
Заблудата беше прекрасна, си го сакаа својот народ, од тоа немаше поубаво, но тие го сакаа на погрешен начин, го уништија: го натераа да се саможртвува, обездетија, обездомија и го фрлија по светот за никогаш да не може да се врати. А тие наши политичари од НОФ и АФЖ станаа апсолутни губитници, смешни и збунети во сибирските тундри.
Значи, ете како македонскиот народ се најде (стоеше) вџасен и разгромен пред овој последен, судбински повик, затоа што знаеше дека со дипломатски трампи изчезнаа неброени Македонци, а сега се бараше од нив масовно учество за да бидат сомлени во т. н. револуција, односно како ја нарекуваа активистите на НОФ и АФЖ: продолжување на Илинден.
Народот вели: “За да верува некој во мене, морам да кажам нешто во што јас верувам”. Како да се најде одговор; зошто овие наши луѓе нофити и афежити, толку многу им веруваа на тугинците?! Веруваа во војна со нејасна македонска цел. А ако се постави прашањето; Зошто им веруваше македонскиот народ на НОФ и АФЖ, а не на КПГ, тоа прашање е доволно апсолвирано. Народот велеше: “Нашчи се…” и дури толку им веруваше македонскиот народ, дека токму тие ја гледаат реалноста на македонскиот национален идентитет па е потребносамо во една таква војна да влеземе и да не има што помасовно. Но, во целиот тој кобен модел на тугинците, единствена неизвесност беше и остана само неизвесноста...
Како што подоцна грчката влада и КПГ, отворено ќе кажат, Тито имал “завојувачки планови против грчка Македонија” (исто, с. 205), а преку НОФ, односно со помош на НОФ “ќе ја присоедини-анектира Егејска Македонија” (исто, с. 271).
РЕВИЗИЈА НА СВЕСТА Можеби им дала повод тогашната изјава на Тито во Москва: Во Москва на 26 април 1945 година, Маршал Тито даде изјава за “Њујорк тајмс” во која вели: “Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци, Југославија ќе ги почитува нивните желби.”
*** Интервју:
“Со чисто срце и со мирна совест” Но, многу непобитна и интересна е и изјавата на Колишевски 15 во неделното списање “Старт” година 2, бр 62, стр 21, дадено на писателот Јован Павловски во интервју насловено “Со чисто срце и со мирна совест!” Во него Колишевски вели:
15 Врз основа на одлуката меѓу Тито - Захаријадис од 14 октомври 1946 година на КПЈ и КПГ, претставени од Караиванов и Јоанидис ја остварија следната спогодба: “Македонската организација НОФ (АФЖ и НОМС) и нејзиното раководство поминува во целост под КПГ, а вооружените единици на ДАГ под раководство на генерал Маркос.
По постигнатата спогодба меѓу КПЈ и КПГ, по извесено време, членовите на Главниот одбор на НОФ на чело со Паскал Митревски беа примени од секретарот на ЦК на КПМ Лазар Колишевски, на кои им го рекол следното:
‘Вие сега одете долу (во Егејска Македонија), раководител сега на вашата борба ќе ви биде КПГ. Линијата на КПГ е исправна. Да имате доверба во неа. Борете се со сите расположливи сили против шовинизмот, сепаратизмот и локалните тенденции’...” Старт: Кога сме веќе кај Ранковиќ: Неговото име тесно е поврзано со помошта што Југославија им ја пружаше на грчките партизани по завршувањето на Втората светска војна во 1945 година. А познато е дека меѓу партизаните имаше голем број Македонци од Егејска Македдонија.
КОЛИШЕВСКИ: За тоа малку е зборувано од автентични извори. Можеби за првпат, еве, сакам да кажам: Се работеше за опстанок на егејските Македонци, на кои им се закануваше иселување, па се залагавме таму, во Егејска Македонија, да се формираат партиски организаци и партизански одреди. Заедно со Ранковиќ и со неколку генерали, во крајна дискреција, ја водевме таа акција. Да, формиравме Покраински комитет и вооружени формации за одбрана на селата во Егејска Македонија. Ги снабдувавме со оружје партизаните и ги примавме нивните ранети. Ги храневме, ги облекувавме, ги вооружувавме, ги префрлавме со камиони од оваа страна на границата, кога беа потиснувани. Објективно, тие во 1946 година водеа војна под мошне поволни услови: им го дадовме се она што нам, како партизани, во војната, ни недостигаше. Ќе раскажам една мала сторија, за која не сум зборувал досега:
Кидрич во првата година по победата раководеше со стопанскиот живот на Југославија, па, во таа рамка, и со прехранувањето на луѓето во земјата. Беше одличен математичар и не можеше, а да не забележи дека јас, постојано, му барам следување на храна за Македонија, повеќе отколку што ни припаѓа-вишокот го дававме на Македонците од Егејска Македонија. Кидрич знаеше да се налути на моите постојани барања храна, и лут, знаеше да рече: “Аман, бе Лазо, па колку во Македонија има Македонци, кога постојано бараш толку храна!”. Ми стана не непријатно, па му реков на Ранковиќ дека треба да му ја откриеме тајната на Кидрич. Ранковиќ се согласи.
А кога му раскажавме за што се работи, тој со смеење ја прифати нашата тајна и не правеше проблем, кога баравме повеќе брашно и друг вид следување. Дури откако му објаснивме и се избакнавме тој и јас. Групата за снабдување со оружје на македонските и грчките партизани ја раководеше генералот Јово Капичиќ.” И ова акција на Колишевски со генералите ни покажува дека таа војна беше нечиста за Македонците под Грција и со тоа се потврдува дека НОФ беше заведана од туѓи цели и интереси од воинствениот Генералштаб на ЈНА и политиката на КПЈ.
Но, да се запознаеме со уште еден став на Колишевски:
“…Прашањето за обединување на Макдонија повторно било актуелизирано во месеците непосредно пред донесувањето на уставот на Федеративна Македонија и одржувањето на Париската мировна конференција. За одржувањето на Првиот конгрес на Народниот фронт на Македонија одржан од 2-4 август 1946, Ф. О. (Форен Офис) бил известен на 13 август. Во извештајот се нагласува присуството на конгресот на Колишевски, како претседател на Народна Република Македонија и секретар на територијалниот одбор на Народниот фронт на Македонија, М. Нешковиќ претседател на српската влада, Фране Фрол, министер за правда на федеративната влада, делегација од делот на Македонија под Бугарија на чело со Крсто Стојчев, делегат на бугарското собрание, делегати од Грција “или како што овде се веле Егејска Македонија” и делегат од Трст, Еуѓен Лауренти. Она што му дало посебен белег на конгресот била манифестираната желба на “македонскиот народ да биде слободен и обединет во Република Македонија во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.” Остварувањето на таа идеја, можела да се оствари само со зајакнување на културните врски со Пиринската област и националното осознавање на народот што во тој дел на Македонија би создало услови за остварување на желбата за обединување на овие области со Република Македонија. Во однос на идејата за обединување се нагласувало дека дотогаш во печатот “малку или скоро никаков публицитет не им било дадено на тие идеи во Југославија до појавувањето на Манифестот” а “односот кон грчка Македонија е неодреден и е нешто повеќе од платонска симпатија. Но како и да е јасно што лебди во воздухот”.
Во својот говор Колишевски во Битола и тој се спротивставил на идејата за обединета и независна Македонија надвор од рамките на Југославија или под протекторатот на големите сили. Тоа според Колишевски би преставувало “уништување на сегашната македонска федерална единица.” (Види: Т.
Чепреганов, 1997/152).
*** Практично, прогласувањето на територијалниот интегритет на Грција, загрозен преку НОФ, се јави како повик до Грците во Македонија и цела Грција да се борат против НОФ, да ја спасуваат Македонија под Грција.
Значи, со појавата на НОФ, во регионот настана пекол. Со тоа се создаде сива зона, опасно место за живеење и поле за воено-стратешки натпревар меѓу идеологиите за туѓи цели.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/one-way-ticket-mac/5 on October 29, 2026