ЕТЕ ШТО ОСТАНОЛО ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЕДНО ДЕТЕ, ЗБОРУВА САМИОТ АВТОР НА КНИГАТА - Part 02
“Агентите на ‘генералот’ Маркос имале почнато од поодамна, со попис на планираните деца, од возраст 3 до 14 години, во Северна Грција.
Сета оваа акција се претпоставува дека имала за крајна цел:
“(а) Да ги тероризираат грчките семејства за да ги помагаат андартите;
(б) Да ги воспитат грчките деца со комунистичка идеологија;
(в) да им ја уништат грчката национална свест и сознание, и да ги оттуѓаат;
(г) да го разорганизираат полјоделското стопанство (аграрот), принудувајќи ги селаните со нивните семејства да избегат (емигрираат) од надворешноста кон градовите за да ги заштитат своите деца.” 23 ДАЛИ НАВИСТИНА ГРИЖАТА ЗА ОДЗЕМЕНИТЕ ДЕЦА БЕШЕ ТАКВА КАКО ШТО ЈА ПРЕТСТАВУВАШЕ ГРЧКАТА ДРЖАВА ИЛИ КАКО КРАЈНАТА ЦЕЛ АКЦИЈАТА И БИЛА ЕТНИЧКОТО ЧИСТЕНИЕ?
23 Извештај на Специјалната Комисија на Обединените Нации за Балканот.
Генералното Собрание. Официјални Протоколи. (Report of the United Nations Special Commitee on the Balkans. General Assemblѕ, Official Records): Трето Заседание прилог бр. 8(А/574) со даум 30 јуни 1948, стр. 18 и 29.
На основа решението на министерствот 106.841/5-1-83, се дозволи слободното репатрирање на “Грци по род”.
Зарем нели со овој закон, се потврдува дека и зафатот “ПЕДОМАЗОМА” е дел од планираните миграциони движења и претставува дел од стратешките прашања што ги имала грчката држава по (1913) за иселување (насилните миграциони движење) на Македонците?
Создавањето на UNSCOB и нејзината улога во истражувањето на проблемот “Педомазома” Грчкото прашање конечно пристигна во Советот на Безбедноста на Обединените Нации по трет пат во текот на 1946 година. Првите две седници кои беа дочекани со остри жалби од Советскиот Сојуз и Украјна, логично завршија без резултат.
Третата дебата продолжи по едно обраќање на грчката влада, кое беше одржано на 3 декември 1946 година, и после опширните советувања со САД, дека треба генералниот секратар што побрзо да го стави на дневен ред прашањето на Грцијаза за спорот што го води со соседните земји. (Извештај на UNSCOB А/574-1948, с. 1. Извештајот на Комисијата е ставен на дневен ред на 174-от состанок на Советот за безбедност.)
На 19 декеври 1946 година, Советот за Безбедност предложи една истражувачка комисија 24, со извештај во кој се 24 Извештај на Истражната комисија до советот за безбедност во врска со инцидентите на грчката граница: “Пред да дадеме нашите предлози, Комисијата чувствува дека би било корисно, накусо да ја рекапитулира состојбата долж северната грчка граница, а нашите предлози се насочени кон ублажување и поправање на ваквата ситуација. Прво, од страна на грчката влада беа изнесени обвинувања дека нејзините три северни соседа ја помагаат герилскта војна во Грција. Второ, денес во Грција постои една нарушена ситуација што претставува наследство од минатото, а чии причини можат да се пронајдат во грчкото трагично искуство за време на војната, во нејзината окупација од страна на Италијанците, Германците и Бугарите, во герилската војна што се водела за време на окупацијата, во политичката жештина и економските тешкотии предизвикани од војната.
Следното што треба да се спомене, е од-бивањето на најголемиот број од споменатите земји да ги прифатат како конечни нивните граници, на начинот на кој тие се дефинирани денеска. Некои од таквите барања на сесема легитимен начин биле покренатаи пред форумот на Обединетите нации или пред другите надлежни меѓународни тела, но нивното зголемување несомнено ја влошува и без тоа веќе опасната ситуација.
Натаму, во случајот на Македонското прашање, барањата не се истакнати пред Обединетите нации, туку во говорите на одделните влади или во органите на печатот контролирани од страна на владите. Искористувањето на Македонското прашање на ваков начин, според мислењето на Комисијата, претставува позитивна закана за мирот на Балканот (автор.
подвлекување) и само може дополнително да придонесе на постојните тензии и сомневања и да ги зголеми националните страсти, кои беа оглед на воените искуства, не само што воопшто не се намалени, туку дури и се заострени поради нивната идентификација во голем број случаи со политички идеи.
Исто така, како нешто што треба да се спомене, е присуството во Грција, од една, иво Југославија, Бугарија и Албанија, од друга страна, на политичките бегалци од различните територии, кои во голем број учествувале во политичките борби што биле водени во нивните земиј за време и по војната.
Некои од тие бегалци се сместени во близината на границите на земјата од каде што тие побегнале. Некои пак, за време на нивниот егзил, се ангажирале во политички и воени активности и преголем број од нив, живеат во надеж дека некој насилен обрт на ситуацијата ќе им овозможи да се вратат во нивните домови, под услови што тие ќе ги изберат. Други бегалци се жртви на паниката што се шири и ако ним им се даде слободен избор, тие со задоволство би се вратиле во своите домови. Меѓутоа, постојаното присуство на сите нив под условите под кои тие живеат во моментов, сосема јасно, сериозно претставува сериозен фактор што придонесува за постојаната ситуација.
Конечно, насилството и нивото на пропаганда што се користи од некои од протагонистите во нивниѕе меѓусебни односи не можеше, а да не биде заа-бележано од страна на комисијата за време на нејзиниот престој во четирите земји. Ваквата пропа-ганда секогаш служи за разгорување на страстите, што и онака, се попролично разгорени. . . Комиси-јата сугерира Советот за безбедност да и стави до знаење на Грчката влада дека тој е подготвен, ако таа влада тоа го бара, да и ги стави на располагање своите добри услуги за да се изнајдат сите можни средства за реализација на таа мерка.
Комисијата даде и свои предлози:
А. Комисијата му предлага на Советот за безбедност тој да им предложи на владите на Грција, од една, и на Албанија, Бугарија и Југославија, од друга страна тие да направат се што е во нивна моќ за да воспостават нормални добрососедски односи, да се воздржат од сите дирекни или индиректни акции... Комисијата верува дека во сферата на нејзината истрага, натамошните случаи на подршка на оружените банди формирани на територијата на една држава, што преминуваат на територијата на некоја друга држава или одбивањето на владата и покрај барањето на засегнатата држава, да ги преземе сите можни мерки на својата територија за да ги лиши таквите банди од секаков вид помош или заштита, Советот за безбедност треба да го третира како закана за мирот во смисла на Повелбата на Обединеите нации.
Б. За да се обезбеди ефикасна машинерија за регулирање и контрола на нивните заеднички граници, Комисијата предлага Советот за безбедност да им предложи на засегнатите влади тие да склучат нови конвенции по примерот на Грчко-бугарската конвенција од 1931 година, земајќи ги предвид потребите на постојната ситуација. (тнр. Грчко-Бугарската конвенција за размена на населението). Значи се предлагаше ТРАНСФЕР НА МАЛЦИНСТВАТА.
В. За да се реставрираат нормалните услови долж границите по меѓу Грција, од една, и Албанија, Бугарија и Југославија, од друга страна, и со самото тоа да се помогне во воспоставување на добрососед-ските односи, Комисијата препорачува формирање на посебно тело...
Делегацијата на Советскиот сојуз приговара на изнесените предлози - за Грчкото прашање:
“1. Горе наведените предлози на ниту еден начин не произлегуваат од фактите и документите што ги собра Комисијата за време на истражувањето на ситуацијата во Северна Грција и на нејзините северни граници, туку тие се втемелени само на некои незасновани претпоставки на грчката влада во врска со пружањето помош на герилата од страна на северните соседи на Грција.
2. Предлозите ја прифаќаат можноста за постоење на гранични инциденти, конфликти, па дури и акти на агресија, во иднина во односите помеѓу Грција, од една, и Југославија , Бугарија и Албанија од друга страна, и покрај тоа што Комисијата нема никакви основи за давање на предлог од ваква природа.
3. Предлозите предвидуваат мерки што се однесуваат не само на Грција, туку на Југославија, Бугарија и Албанија исто така, иако од документите што и беа на располагање на Комисијата, сосема е очигледно дека тензична ситуација постои во Грција и дека тамошните нереди не се случуваат само во северниот дел, туку во цела земја и така тензичната ситуација и нередите во Грција се последица на внатрешни причини.
4. Воспоставувањето на постојана гранична комисија или на тело што би го преставувало Советот за безбедност, на начин како што се предвидува со пред-лозите, како и склучување на конвенции и договори меѓу Грција, Југославија, Бугарија и Албанија, во огромна мерка претставува ограничување на су-верените права на тие држави во решавањето на нивните меѓусебни односи.”
21. Полската делегација ги изнесе следниве приговори на изнесните предлози од Комисијата за Грчкото прашање:
“1. Мерките во целост се жината неефикасни, бидејќи тие ги земаат предвид само симптомите, а не и прижините за неприликите што постојат во северна грција и долж нејзините северни гранци. Фактот, што предложените мерки се неефикасни, може лесно да го загрози престижот на Обединетите нации.
2. Некои од предложените мерки се чини дека не го земаат предвид фактот што не постојат дипломатски односи по меѓу Грција, од една страна и Бугарија и Албанија, од друга страна.
3. Во врска со предлогот изнесен под Б, во кој се сугерира формирање на постојано контролно тело, оваа мерка се чини несоодтветна заради следните прижини:
(а) таквото контролно тело ќе ги загрози суверените права на Грција, како и на Албанија, Бугарија и Југославија.
(б) тоа ќе претставува мерка на присила во однос на Албанија, Бугарија и Југославија. Оваа мерка, на ниту еден начин нема да биде оправдана со резултатите до кои дојде истрагата на Комисијата. Токму затоа, наместо да посакуваше да се создаде едно тело донајдоцна 23 мај 1947 година. Но кога го преставија ова тело, со кое се подржуваа мисленијата на Грција, претставниците на Советскиот Сојуз 25 и на Полонија 26 ги негираа таквите мислења на целото тоа доведе до подобрување на постојните тешкотии, таа сосема добро може да доведе до сосема спротивни резултати.
25 Делегацијата на Советскиот сојуз приговара на изнесените предлози - за Грчкото прашање:
“1. Горе наведените предлози на ниту еден начин не произлегуваат од фактите и документите што ги собра Комисијата за време на истражувањето на ситуацијата во Северна Грција и на нејзините северни граници, туку тие се втемелени само на некои незасновани претпоставки на грчката влада во врска со пружањето помош на герилата од страна на северните соседи на Грција.
2. Предлозите ја прифаќаат можноста за постоење на гранични инциденти, конфликти, па дури и акти на агресија, во иднина во односите помеѓу Грција, од една, и Југославија , Бугарија и Албанија од друга страна, и покрај тоа што Комисијата нема никакви основи за давање на предлог од ваква природа.
3. Предлозите предвидуваат мерки што се однесуваат не само на Грција, туку на Југославија, Бугарија и Албанија исто така, иако од документите што и беа на располагање на Комисијата, сосема е очигледно дека тензична ситуација постои во Грција и дека тамошните нереди не се случуваат само во северниот дел, туку во цела земја и така тензичната ситуација и нередите во Грција се последица на внатрешни причини.
4. Воспоставувањето на постојана гранична комисија или на тело што би го преставувало Советот за безбедност, на начин како што се предвидува со предлозите, како и склучување на конвенции и договори меѓу Грција, Југославија, Бугарија и Албанија, во огромна мерка претставува ограничување на суверените права на тие држави во решавањето на нивните меѓусебни односи.”
26 Полската делегација ги изнесе следниве приговори на изнесните предлози од Комисијата за Грчкото прашање:
“1. Мерките во целост се чинат не ефикасни, бидејќи тие ги земаат предвид само симптомите, а не и прижините за неприликите што постојат во северна Грција и долж нејзините северни гранци. Фактот, што предложените мерки се неефикасни, може лесно да го загрози престижот на Обединетите нации.
2. Некои од предложените мерки се чини дека не го земаат предвид фактот што не постојат дипломатски односи по меѓу Грција, од една страна и Бугарија и Албанија, од друга страна.
3. Во врска со предлогот изнесен под Б, во кој се сугерира формирање на постојано контролно тело, оваа мерка се чини несоодтветна заради следните прижини:
множинство. Како последствие на разговорите во Советот за Безбедност, гласањето на двете страни се доведе до вето и прашањето се доведе до безизлезност.
Тогаш прашањето се најде пред Генералното Собрание, каде неможеше да има советско вето, па така на 21 октомври 1947 година Генералното собрание (со 40 гласа за и против 6 и 11 воздржани) се изгласа решењето за создавање на Специјалната Комисија на Обединените Нации за Балканот (The United Nations Special Commission on the Balkans: UNSCOB).
Сега UNSCOB беше претставена од претставници на Австралија, Бразил, Кина, Франија, Мексико, Холандија, Пакистан, Англија и САД. Беше решено без никакво дополнување на преставник од Советскиот Сојуз и од Полска, кои се беа и откажале да соучестуваат.
Главната дејност на UNSCOB беше да изврши истражувања на сите поплаки кои ги имаше доставено грчката влада дека партизаните во Грција примаа помош од Албанија, Бугарија и Југославија.
Овие држави, не само што не сакаа да соботуваат, туку и не им дозволија на посматрачите на UNSCOB да влезат во нивната триорија. На 1 декенври 1947 година UNSCOB ги лоцира своите централн канцеларии во Солун. (Ивештај на UNSCOB А/575 -1948 с. 1-3). Беше решено да се создат околу 6 групи на посматрачи, каде скоја ќе претставува од по четири посматрачи и по едно помошно лица. Се определија во шест зони во Северна Грција и до крајот на февруари 1948 година овие групи: 1, 2, 3, 4 и 6 се наоѓаа во споменатите зони (Извештај на UNSCOB, А/574-1948, с. 3).
(а) таквото контролно тело ќе ги загрози су-верените права на Грција, како и на Албанија, Бугарија и Југославија.
(б) тоа ќе претставува мерка на присила во однос на Албанија, Бугарија и Југославија. Оваа мерка, на ниту еден начин нема да биде оправдана со резултатите до кои дојде истрагата на Комисијата. Токму затоа, наместо да доведе до подобрување на постојните тешкотии, таа сосема добро може да доведе до сосема спротивни резултати.
Групата 4 во извештајот за јуни 1948 година со наслов “Движења и задржувања на грчки деца” поврдуваше во својот извештај за конкретни случувања:
1. Во одредени реони на Северна Грција кои се под контрола на партизаните, направија попис на деца. Има докази дека овој ппис епочнат од поодамна.
2. Поголем број деца беа одземени од реоните на Северна Грција и спратени во Југославија.
3. Некои од родителите дадоа согласност, дури откако им ги имаа запишано децата и навистина има многу деца кои се насилно одземени и имаше големи спротивставувања од своите родители…
Во врска со реоните, се вели дека пописот на деца беше направен во две главни реони кои беа под контрола на комунистите:
а) Во славофонските реони на западна Македонија беа: оклу езерото Преспа, во Леринските села и во Костурските каде населението се грчки граѓани но зборуваат славофонски јазик.
(Извештај на UNSCOB А/574 -1948 с. 29 - одел 2).
…Еден сведок од реонот на Костур вели дека: “многу деца од селото најдоа скривалиште во Костур за да не ги земат партизаните и дека спрема неговото мисление само 10% од родителите се сложиле да им ги дадат своите деца. Но, исто така UNSCOB потврдува дека дојде до вистински докази дека многу деца, посебно од словенските реони на западна Македонија ги зедоа со согласност на нивните родители.
Еден друг сведок од реонот на езерото Преспа вели дека многу родители беа благодарни кога ги гледаа децата да заминуваат во Југославија.
Накратко во сите овие искази има и тоа дека постоела голема разлика во решавањето дали да ги дадат или не децата помеѓу славофонските села и грчките села.
Во грчките села, осудата беше голема и наликуваше како на акција за насилна мобилизација и се правеа големи напори да ги убедуваат таквите родители, но имаше и такви случај кога децата беа земени и без да ги прашат нивните родители.
Се тврди и тоа дека во североисточните земји дека беа испратени деца на партизани или на луѓе кои беа симпатизери на партизаните. (Види: Извештај на UNSCOB А/574-1948, с. 31)
Американските реакции по жалбите од грчката влада за вршење “Педомазома” Грчката влада употреби најсилна и решителна фразеологија во критиката на одземанието и иселување на децата од страна на КПГ и ДАГ. Цалдарис, минисер за надворешни работи, укажа и посака со пример дека на 27 март 1948 година, дека “Одземањето на грчките деца не е нешто едноставен прекршок спрема обрските на спогодбата за човечки права туку е злочин спрема човештвотот.” Владата зборуваше за “Национално убиствто” и “наивностпростота” (Извештај на UNSCOB А/574 (1948 стр.
18).
Се разбира, владата на Атина беше убедена и очекуваше дека Американците ќе пристапат со ист интензитет и позитивно ќе се искажат, но многу видни американски авторитети во кои се вбројуваше и министерот на Надворешни работи Џорџ Маршал, продолжуваа да не веруваат во значењето на таквата силна пропаганда и обвинувања за таквото “Педомазома”.
Тоа како што се гледа, повеќе изврши влијание за порешителна акција со што би и се извршило притисок на Обединените Нации, да го разгледат предметот за насилното “Педомазома” од комунистите.
Во почетокот накои Американци во Атина мислеа дека ова прашање може да биде од голема полза на пропагандата. Карл Ранкин (Карл Ранкин), на амбасадата на САД, напиша до министерството за надворешни работи дека на 10 март 1948 година “амбасадата е уверена дека одземањето на грчките деца од ген. Маркос… е психолошки гаф на против тежа, кој ќе треба да се искористи во пропагандата, како објавен притисок против САД и да се осведочи со тоа светската јавност.” На 3 март 1948 година Ранкин, мислеше и тоа дека “проблемот може да се преиначи и во антикомунистичка пропаганда”, но некои Американски почнаа да се запрашуваат дали ползата од таквата пропаганда може да премине како варијанта и на страната на комунистите.
Водачот на АМАГ, Дњигхт Глисњолд, велеше во една телеграма, испратена во Вашинктон, со датум 23 март 1948 година дека неодамнешната вест на комунистите за одземање на деца “се покажа како необична смислена психолошка војна против владата на Атина” (Лањеренце Њитнер, - 162).
Глисњолд, веруваше, истотака дека и кралицата се имаше “спротиставено со прекумерен начин” но многу добро се знаеше дека иселувањето на деца беше сторено и од истата влада беа одземени илјадници деца, некогаш под притисок од “партизанските реони”, а тоа ќе може да го засенчи значењето, за кое сега, грчевито се бори пред светската јавност грчката влада.
Во Солун, главниот конзул на САД покажуваше дека иселувањето што го прават партизаните “тоа е како резултат на војна со невите” што по неговото мисление, целта им беше да покажат дека грчката армија е неспособна да ја гарантира безбедноста.
Во Вашинктон, Џорџ Маршал, веднаш објави сомнение за проблемот што го дебатираше грчката влада: иаку неколку младинции деца беа “земени во со сила од легални семејства” пишуваше Маршал на 24 април 1948 година, но мнозинството беше од реоните каде беа вгнездени партизаните, и тие деца преставуваа проблем на општествена грижа за ген. Маркос, и така заминуваа со помала или поголема доброволност во согласност на словенскот малцинство или беа деца од комунистички радители.
Покасно, кога Грчката амбасада во Вашингтон, побара американска помош за подршка во Обединените Нации, за наредната седнива на Генералното Собрание, и се даде одговор дека американското министерство за надворешни работи, смета дека прешањето за децата била “најслабата алка” и дека во емиграцијата можеле да се претворат како такви вооружени борци против државата Грција.
На 14 август 1948 година, американската мисија во Грција се запозна подетално со прашањето, но тоа го имаше искажано и во телеграмата и Маршал, во која пишуваше дека имаше такви со “непотполни наводи сведенија” со тврдење дека голем број деца беа насила одземени и наоружани.
Само, и само истите грчки партизани можеа да бидат одговорни за одземање и иселување на деца и една таква протесна осуда на Генералното собрание на Обединените Нации “не би им служела и неби имала никаква цел”спрема мислението на Маршал.
Во една неодамнешна, повнимателно обмислена студија, американскиот историчар (Види: Honiard Jones, “The Diplomacy of Restraint: The United States’ Efforts to Repatriate Greek Children Evacuated during the Civil War of 1946-1949”, Journal of Modern greek Studies.), го анализира американскиот став спрема одземанието на деца “педомазома”.
Хоњард Јонес, потврадува дека имаше две основни претпоставки за конкретниот став што го зазеде американското министерството за Надворешни работи и Маршал лично: Прво Маршал “осведочувањето дека грчката влада ја имаше покажано жалбата за иселувањето на деца” и оти, за ова прашање “немаше друг излез (решение), отсем да побара враќањето само на тие деца кои се земени под силен притисок, а тоа на основа етиката и моралот за вистината на непобитните факти во името на човештвото”.
Друга причина, согласно искажувањето на Џонес, беше дека “Вашинктон се трудеше да одбегне секакво заладување на односите со југослвија, која беше согласно со грчката влада, главен виновник”.
Многу е сигурно дека јазот кој се повеќе се длабеше помеѓу Југославија и Советскиот Сојуз, можеби од таквите случувања, зависеше иставот на САД, бидејќи тие сега беа основни прашања и можеби затоа Маршал, решението на
“педомазома”го ставаше на втор план, но тоа е само претпоставка за што нема американски докази.
Било каков друг мотив, иаку се претпоставува дека имаа американците практичен резултат на дејствувањето на САД, како концепт, многу верно тоа го кажува Џонес: “Искусната дипломатија на Маршал, му успеваше во безизлезните ситуации од кои не ќе добиеше никој, ги оставаше отворени прашањата на Американците и Југословените и дозволуваше на владата на Вашинктон да се концентрира на прашањето на Западна Европа кои беа значајни за американската безбедност”. (Види:
Насловот на оригиналот: “Studies in the History of the Greek Civil War, 1945-1949, edited by L. Baerentzen, J.O.Smith, “Museum Tusculanum Press”, Copenhagen, 1987.)
Улогата на Обединените Нации и на Меѓународниот Црвен крст
“На третото Генерално Собрание на Обединените нации, во ноември 1948 година, прашањето на грчките деца, се одлучи да се разгледа посебно од севкупното прашање на Грција.
По долгото траење на перлиминаторните разговори за проблемот во Грција за наводите на Првата Комисија за (Политичка и Безбедност), пред четирите сили: Кина, Франција, Велика Бритања и САД, се предложи и план на резолуција за наводната надворешната помош, што ја добивале грчките партизани од соседните земји.
По ова, претставникот на Грција предложи дно дополнение на тотаа резолуција, додавајќи го барањето за враќање на сите одземени грчиња деца (тука не се одвојуваа Македончињата) во Грција.
Белгискиот претставник, кој беше председател, дискутираше и рече дека ова барање ќе треба да се измени (модифицира и дополни) со додавка: “кога таквите деца ќе ги побарат нивните родители.” По извсни дебатирања, белгискиот председател изјави (на 9 ноември 1948 година) и “пројави (покажа) усилби за постигнување согласност по прашањето за репатријација на грчките деца” и од таква гледна точка се предложи да се испита ова прашање од “аспект на чисто човечки погледи, на една одделна седница, сосема независно од политиката, со решење на четирите сили”.
После многу долги дискусии, се побара од председателот да одреди план резолуција за една наередна седница и тоа беше прифатено.
Сега Првата Комисија (во изменета форма) на 11 ноември 1948 година, белгискиот предлог почнуваше со следниот параграф:
“Генералното Собрание го препорачува (одобрува) враќањето во Грција на грчките деца кои се наоѓаат сега далеку од своите домови, кога таткото или мајката - родителите, но ако тие се отсутни, тоа можат да го сторат луѓето кои им се блиски роднини и кои ќе покажат; желба и грижа за тие деца”.
Југословенскиот претставник имаше забелешка на тие зборови “…ако родителите им се отсутни, тогаша тој што ја зема грижата за тие деца”, истакна дека грчката влада ќе мора да ги одреди таквите луѓе, кои би имале таква намера и да оцени дека не биле спротивставени со намерите на нивните родители.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/one-way-ticket-mac/12 on October 29, 2026