Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A One-Way Ticket

Front Matter

By Стојан Кочов · Part 1 of 22 · About 11 minutes

Read in English

БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ Стојан Кочов БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ Скопје, 2001 All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, eџcept for the inclusion of brief and documented quotations in a review.

****** August 10, 2023

****** БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ ЕДИЦИЈА ИСТРАЖУВАЊА ОД ОБЛАСТА НА НАЦИОНАЛНАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА ПЕДОМАЗОМА (Кои и како ја режираа судбината за геноцид над Македонците под Грција)

1945-1949

2001, Скопје СТУДИЈА: Истражувања од областа на историографијата на Македонците под Грција.

ФАКТИ И АРГУМЕНТИ За чедособиртството “Педомазома” на 28. 000 деца во Граѓанската војна во Грција.

1945-1949 ПЕДОМАЗОМА - НАСИЛНО ЧЕДОСОБИРСТВОТО -ЧОКРАТСТВОТО НА ДЕЦА НА ВОЗРАСТ: 3 ДО14 години.

СО ПОЛИТИЧКА УМИСЛА, ПРЕТСТАВУВА ДЕГРАДАЦИЈА НА ЧОВЕКОВОТО ДОСТОИНСТВО И, НАЈУБИСТВЕНО РАНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА, ПРОГОНОТ И МАРШОТ НА 28, 000 ДЕЦА СО БИЛЕТ ВО ЕДНА НАСОКА, НО САМО ЗА МАКЕДОНЦИТЕ.

На мојот братучед Митре Новачков, кој беше едно од тие одзмени 28. 000 деца и по неколку месеци беше вратен на боиштата во единиците на ДАГ.

Погина на 12 септември 1948 година во битката на Мали-Мади.

И на сите одземени деца, кои по Граѓанската војна немаа среќа да ги видат своите родители, кои ги оставија коските по боиштата на Грамос и Вичо, борејќи се со надеш дека еден ден ќе ги сретнат и видат своите деца во своите домови.

СОДРЖИНА ВОВЕДНИ БЕЛЕШКИ..................................ееееееееееееччеччичиееиеееееиии 6 ДАЛИ HUE МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА И МАВМЕ СТРАТЕГИЈА ЗА ДУХОВЕН И ФИЗИЧКИ ОПСТАНОК НА СВОИТЕ ОГНИШТА?.......................................ееиеиееееиеииечееичииииа 12 РАЗВОЈОТ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ И НАСТАНИТЕ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (ВАРКИЗОВИОТ ПЕРИОД -

1945) ......................еееееечичииииииеееччииеуиееиееччииееучиееечичеееуачееччииеуеееиеееечета 37 Воспоставена е власта во Грција и поставена железната завеса на границата спрема север. Државните граници на Грција и Југославија: “STATUS QUO”... eee eee 39 РАЗВОЈОТ HA НАСТАНИТЕ BO 1945 ГОДИНА И СОЗДАВАЊЕТО НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА HOO ..................... 45 Реакциите на КПГ и на владата во Атина - против формирањето на HOD o.oo eas 61 РАЗВОЈОТ HA НАСТАНИТЕ BO 1946 .................................ееее 67 Развојот Ha НОФ и АФЖ и политиката на KIIM/KI1J 3a оптималното омасовување на целокупниот македонски народ 70 РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО ГОДИНИТЕ 1946-1947.......79 КОБНАТА 1948 ГОДИНА И РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ...98 МОТИВИ 3A ЧЕДОСОБИРСТВОТСО........................................ 100

1. Мотивите и програмата што ги имаше владата Ha Атина за отселувањето на децата. ............................ееееииииииииииииииииичничиити 100

2. Мотивите и програмата што ru имала Привремената Демократска Влада (ПДГ) - ДАГ и KIT... 104

3. Мотивите и програмата што ja имала организацијата Ha НОФ BAD... eee 108 ПОД KAKOB ИДЕНТИТЕТ CE 3EMAA И CE UCEJIYBAA MAKEJOHCKUTE ДЕЦА?..................................еееееееечечичеиеиееа 116 ДАЛИ АКЦИЈАТА ЗА ОДЗЕМАЊЕ HA ДЕЦАТА ОД СТРАНА НА КПГ-ПАРТИЗАНИТЕ НА ДАГ, БИЛА ДЕКА ДЕЦАТА СЕ СМЕТАА КАКО ЧОВЕЧКА СИЛА НА ВОЕНИ РЕСУРСИ НА TEAL? cee eee eee essere eee 120 ГРИЖАТА И ПОПЛАКИТЕ HA ГРЧКАТА ВЛАДА 3A ОДЗЕМЕНИТЕ ДЕЦА ОД СТРАН НА КИ И ДАТ................ 132 Создавањето на UNSCOB и нејзината улога во истражувањето на проблемот “ Педомазома".................................еееееееееееееееееч 134 Американските реакции по жалбите од грчката влада за вршење “Педомазома" ..............................ееиииеиееиеиееччччччичучууииииииииич 141 Улогата на Обединените Нации и на Меѓународниот Црвен крст ................................................................................................145 Грижата наша - македонска ........................................................149 РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1948-1949 ...........................153 РАЗВОЈ НА НАСТАНИТЕ ВО 1949..........................................156 КАКВИ БЕА КОНЕЧНО ВОЕНИТЕ СИЛИ НА НАЦИОНАЛНАТА АРМИЈА (НА АТИНСКАТА ВЛАДА) И НА ДАГ ВО ПЕРИОДОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО 1949 ........................................................................................................171 ФАКТИ: По ликвидацијата на ДАГ и проблемот за враќањ на Македонците и одземените деца.( во педесетите гони во емиграцијата)................................................................................173 СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО................................................180 КАКВИ СЕ ДОСЕГАШНИТЕ ОЦЕНКИ НА НАШИТЕ ИСТОРИГРАФИ ЗА ДЕЈНОСТА НА НОФ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА...........................................................................................183 ЕПИЛОГ........................................................................................194 ПРИЛОЗИ .....................................................................................201 ПРЕГЛЕД НА КОРИСТЕНАТА ЛИТЕРАТУРА......................215 КРАТЕНИЦИ ...............................................................................219 Белешка за писателот...................................................................221 РЕЦЕНЗИЈА 1 ..............................................................................222 РЕЦЕНЗИЈА 2 ..............................................................................224 ВОВЕДНИ БЕЛЕШКИ Назад, по историските траги на нашиот национален пораз(гибел), кои недвосмислено не исправаат пред ПРАВОСТОИНОСТА на македонскиот народ, историската вистина, може да биде мошне поучна, но ако тоа не го правевме (како што и не го правиме 50 години), може да биде мошне штетна, а тоа се потврди по Втората светска војна, со Македонците под Грција и се покажа дека не било така едноставно; по физичката подела на Македонија и Македонците во 1913 година, да се остане и опстои духовно обединети, како еден народ.

Нашата историја се уште не ги извлекла поуките од Граѓанската војна 1 (за најголемото зло: одземањето на 28.000 деца) за тоа како е: обездетена македонската куќа, обезличено македонското семејство, а потоа и за геноцидниот зафат кој следеше за конечното искоренувание на Македонците под Грција, што на целокупниот етникум и донесе катастрофални промени. Но, за жал, македонската историја полавек не сака да го познава тоа наше време и го истурка и маргинализира во секторска историја: “Историја за Егејска Македонија”. Но, кога од некои вистини повеќе не се бега, оти за нас Македонците, токму тие години (1945-1949) претставуваат неизвесно политичко тактизирање, диригирано од КПМ/ КПЈ, кој ја образува како организација) и оформи НОФ со политички и воен идентитет, а потоа многу лесно и ја препушти на КПГ(по т. н “братство и единство во 1946 година”). Со тоа, КПГ успеа Македонците да ги стави во униформата на ДАГ, и ги жртвува, а тие што останаа по ликвидацијата на ДАГ ги остави по светот со билет во еден правец, а за поголема сигурност, тоа прво го направи и со нивните деца во 1948 година. Значи, ние Македонците под Грција бевме подложени на туѓа сила која не притискаше и на 1 Грчкиот печат односно грчките автори од таборот на десницата (атинката влада) војната (1946-1949) ја нарекуваа со терминот “Антисимритикос агон”

(антибандиска борба) што владините сили ја водеа воопшто, не со терминот “Граѓанска војна” Меѓутоа, колку поразот на ДАГ (Демократска Армија на Грција) временски, полека-полека одминуваше, во грчката историографија преовлада терминот “Граѓанска војна”.

доминацијата која произлегуваше од неа, ја губевме (изгубивме) сопствената сила. Не сме биле способни да го слушнеме сопствениот глас на разумот. за вистината која се случуваше со нас, бидејќи ги слушавме гласовите кои имаа моќ над нас (од КПМ/КПЈ и КПГ).

Како да ја протолкуваме оваа двозначна реалност?!!!

Истражувачкиот зафат на политичките процеси (1945-1949), насочен токму кон барањето одговор на егзестенцијалните и есенцијалните прашања за извршениот брутален чин “Педомазома” (чедособирањето на 28.000 деца од 3 до 14 возраст) претставува една огромна и страшна (збирна) човечка трагедија.

Но, треба да се каже дека истражувањето на овие политички процеси е сложна истражувачка постапка и зависи по која филозовска референца ќе се бараат одговорите! Но, можни се и одговори вон тие идеолошки системи.

Во ова макотрпно истражување имав за цел:

Елементите на една интегрална синтеза да не бидат мислења, туку факти (лице в лице со реалноста), кои досега во нашата историја беа истуркани во корист на дневната политика. Значи, како да дојдеме до пореална оцена (потврдене со факти и аргументи) и да останеме на тоа историско минато (на фактите, а не на поданичката-ропска “состојба”, дури и за највиталните национални прашања), притоа да не предизвикуваме ново зло.

Во таа Граѓанска војна кои беа завојувани: од една странагрчката влада во Атина и другата страна КПГ-ПДВ-ДАГ, а одземањето на македонските деца за нас Македонците претставува најперфиден миграционен зафат во ХХ-от век. Тој зафата во историјата претставува (ше) невидено и нечуено зло на човештвото. Со тие факти од таа војна, требаше одамна да се соочиме, и со сите нејзини мрачни страни, зашто таа војна, беше смислена, за да го нагризе и да го разроди македонскиот човек (повеќе од 50 години Грција за Македонците ги има затворено границите), едноставно, Грција со тоа го отвори

“безболниот” миграционен процес, за да го снема Македонецот од својата исконска македонска земја, и токму тоа го покажа чинот на “Педомазома”.

Зарем со таквиот чин беше можно; да го разроди, разнебити, превоспита, пресади македонскиот човек??!! ДА! Тоа го покажа времето на полавекот.

Така, македонското оздемено малолетно дете (тука станува збор само за децата земени од комунистите), затурено по детските домови во туѓите држави, пристигнато со билет само во една насока (за разлика од грчкото дете), требаше да опстои, а секоја мисла, страв или емоција, оставаа трага во неговата психа.

Ако се земе дека детството е најубавиот дел од животот на секој човек (а пак, доколку во него наместо среќа и убави мигови се доживеат болка и тага), тогаш длабоко ја жигосува детската психа и остава траен белег на неа, посебно кога станува збор за отсуство на родителителската љубов. Нежната мајчинска рака и таткова поддршка во такви случаи се нешто за што вечно се сонува.

Така биено од сувите ветрови на туѓината, македонското дете откорнато од родителителските пазуви, катаден се прашуваше:

Кој сум, од каде сум, имам ли родители: мајка, татко? Имам ли баба, дедо, браќа, роднини, што ми се случува? Кој не донесе тука, и каде одам?

Кога се поставуваат таквите прашања, имаат бесконечно многу варијанти за да се даде одговор. Но, наспроти овие прашања што си ги поставуваше во осаменоста одземеното дете, тоа исто така, остануваше збунето, кога ќе се најдеше зграпчено во еден многуброен колективитет под окото на партијата. Тоа, катадневно клукано со “педагошки” пропагандистички пароли, прашања и одговори, кои очигледному ја кршеа душата, го упатуваа на тоа дека треба (да) се воспитува во духот на партијата, на вождот...

И, така во тој дух му се поставуваа прашања; пред секоја прилика кога беа во строј, или на свеченост:

Чиј е генерал Маркос?!”

“Наш!”

“А ние чии сме?”

“Ние сме на генерал Маркос!” И пак детето се прашува: кој сум, од каде сум, имам ли...?!!?

А блиските, на таквото дете, кои беа мобилизирани од ДАГ и испратени по фронтовите, исто такабеа под специјален режим.

Но, тоа беше крајно несриозно од самата КПГ, кога под невиден притисок, успеаја луѓето да ги дисциплинираат до крај преку своите идеолошки активисти со паролата: “Да го уништиме англоамериканскиот окупатор”. Оваа парола посебно да им ја наметнат на Македонците и таа им стане како “рак рана”. Се сакаше да се дисциплинираат родителството, и да се внесе во свеста (на синдромот) на лажното чувство:

Тоа се потврдуваше со мајките на фронтот, кога велеа:

“Кутрите дечки. Кога ќе си ги видиме пак? Ќе ги видиме кога ќе се ослободиме. Што убаво... Но, за да се стори тоа, ќе треба да го “победиме Англоамериканскиот фашизам”. А за да го победиме поскоро, сите треба да се бориме. И ние кои катадневно копаме ровови, тоа нашата борба, така се бориме.” “Ванош напревивме повеќе (3) бункери. Тоа го правиме за да ни се вратат побргу нашите деца, за да си одиме дома ние и нашите мажи...” Ако религијата вели, дека човекот е одговорен за секоја своја постапка, па сходно на таквото однесување може да биде награден или обвинет. А идеологијата, вели дека човекот мора да ги исполнува задачите на Партијата - тоа го бара: НОФ, АФЖ и КПГ. Партијата!!?? Сега, човекот - идеолошкиот активист со неконтролирано офанзивно однесување и не дозволуваа да се каже: “Јас мислам поинаку”, значи бараше од обичниот човек тотално подредување на волјата на поединецот кон силата и магијата што ја знаеше само Партијата. Тоа е факт, додека одговорноста беше никаква спрема човекот, зашто беше насочена со целосно внимание спрема Партијата. Тие со тоа, стана горди на самите себе, знаејќи дека се силни и интелигентни и мислеа дека се многу важни, исполнувајќи ги овие постулати на Партијата!!!!

А одговорноста на НОФ и АФЖ? А паролите?

Воено гледано: тие беа длабоко измамени, целосно изманипулирани, крајно преплашени и безнадежни. А одговорност, зарем тоа може да се бара, после сибирските затвори?! Пред таквата одговорност - односно пред глупостите и боговите остануваат неми!

Како сето тоа го доживуваше македонската жена??? Зарем можело срцето родителско да оди наспроти природното?!!!

“...Не, јас не го оставам мојот другар, мојата сестра и брат ми да се борат овде, а јас да заминам со децата. Знам дека тие ќе бидат безбедни, имам полна доверба во избраните афежетки, а јас овде ќе можам повеќе да придонесам за борбата.” Како тоа? Зарем ова е вистина што го вели ова жена, на која и е уништено се...

Зарем ова не значи тотално подредување на волјата на поединецот кон некоја надворешна (идеолошка) сила!? Тоа се невидени злоупотреби на идеолошката моќ.

Таквото контролирано агресивно однесување може да се види и од паролите:

“Ниту еден Македонец не треба да се најде надвор од антифашистичката организација НОФ.

Само така организирани ќе можеме да го уништиме фашизамот и да ги добиеме нашите права и право на полно самоопределување.

Антифашистичка организација НОФ.

Напред. Сите Македонки во Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за целосно уништување на фашизмот, за нашата слобода, за нашите права.” Но, имаше и такви кои ни малку не ја имаа подзаборавено болната рана која им ја зададе суровата Граѓанска војна.

Едно дете, од поголемите изгонети деца, кое живееше низ домовите, со магловито сеќавање се прашуваше: “Ох, толку многу сакам повторно да ги видам моите родители, моето семејство, моите пријатели.” Но, има уште и поинаква теза, која, се чини пореална, ако просторот наш исконски не ќе го напуштевме. Тие, таквите луѓе; сеќавајќи се на минаото велеа: Кој не натера, кому му служевме, чии се тие интереси, та овој народ зарем е должен така да страда.

Да, човекот, ретко кога е сам сторител на своите зла… Но, зарем само јас сум виновен? А, наредбите?