Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A One-Way Ticket

ЗАКОН 543 45 - Part 04

By Стојан Кочов · Part 10 of 22 · About 5 minutes

Read in English

Извештајот на UNSCOB известуваше за настроението на селаните во славофонските области и реони, дека воопшто, биле многу спремни да им дозволат на своите деца да заминат, но никогаш официјално не се дозна колку од 25. 000 - 28. 000 21 деца припаѓаа на ова славофонска група. Ова никаде не е одбележано, и најверојатно дека ова прашање изгледа се негирало сосеме кај грчките извори. Грчката влада во Атина, ја истакнуваше грчкоста кај сите овие деца, иаку ова прашање е нешто кое помалку зачудува и кај комунистичката страна која уверено (цврсто зборува) за Елинопула (Грчиња), дури и по завршувањето на Граѓанската војна, е сторено многу за Грчкото образовање во комунистичките земји на овие деца. Извештајот на Црвениот Крст, кој дава изобилје од информации за проблемот на спознавањето на децата, но не кажува ништо за некаква славофонска група. А е многу јасно дека сите деца кои иаку зборуваа на славофонски јазик, тие беа преставувани како Грци спрема правната регулатива на евиденцијата и официјалното мисление. Но, во моето истражување ќе беше 21 Бројката е се поконкретна и поприфатлива, спрема извештајот на УНСЦОБ, од август 1949 (А/935, стр. 16) во кој се потврдуваше: “Во периодот на време во 1948 година, околу 25. 000 Грчиња се иселени од Грција и се сместени во териториите на Северните соседи на Грција и во друи земји.” Во јануари 1950 година, еден претставник на Грчкиот Црвен Крст, му поднесе извештај: “За збирниот број на Грчките деца кои добија азил во северните земји на Грција и ека бројката во јануари 1950 година, достигна до 28. 296”. Истовремено, тој даде и една прегледна анализа за збирниот број на децата и во кои земји се стационирани: “Албанија: 2. 000, Бугарија: 2. 600, Унгарија: 3. 000, Полонија: 3. 000, Романија: 3801, Чехословакија: 2. 235, Југославија: 11. 600.” (Извештајот на УНСЦОБ А/1307, 1950, стр. 23. ). Во книгата, за воспитуванието на децата, од Танасис Мицопулос, вели дека: “имаше и повеќе од 25. 000 деца.” Но и Василис Барxиотас, прокоментира, дека сме иселиле 25. 000 деца, а владата во Атина, тој број го покачува на 28. 000.

мног поинтересно да слушневме колку од децата беа славофони?

ИДЕНТИТЕТОТ СО ЛИКОТ НА МАРКОС “Кон павилјоните во Тулѓеш тргнавме како надојдена река, се испомешавме на плочникот во големиот двор. Се баравме еден со друг, но најтешко им беше да не пронајдат нашите “мајки”.

Во домот имаше многу деца на кои не им се знаеше ни името ни презимето, ни родното место. Едноставно биле собрани во збеговите преку граница и така со години, како сенки, ги бараа своите најблиски, својот идентитет...

Најверојатно за да бидеме рамноправни, или којзнае зошто, во Калиманешти ни ги одзедоа имињата. Тоа беше последно што го имавме, тоа наше основно национално обележје. Потоа, околу вратот ни врзаа метални плочки, на кои од едната страна беше гравиран ликот на генерал Маркос, а од другата - бројки што требаше да ни го заменат нашето име. Јас добив број 521 и кога ме прозиваа на романски, требаше да се јавам на зборовите: “Чинч суте доузеч ши уно”.

Кон крајот на 1948 година, пак со воз тргнавме за Полонија. На границата не пречекаа Полјаци со комплетни послуги, медицински персонал. Во возот лекарите ни извршија детален преглед, а на секое дете по потреба, му одредуваа кај треба да оди на лекување. Луѓето беа многу љубезни со нас, а истовремено беа вџашени e како тоа партизански деца, чии родители се уште водат борба на Вич и Грамос, да немаат имиња?

Кога стигнавме во домот “Барбурка”, не облекоа во нови руби, а што соблековме со се плочките што се фрлаше на куп личеше на ослободена логорска војска. Животот често беше полн со суровост и жестоки поигрувања. Полјаците ги викавме добри чичковци, а најмногу го сакавме пан Пјотр Пшежински. Не сакаше и тој, не викаше “потомци на една мртва војска”. Стар опитен Полјак, поранешен бизнисмен и филантроп, долги години бил по логорите. Многу не сожалваше и ни велеше дека по судбина сме исти, бидејќи и тој во логорите имал број, но без лик на некој водач. “Вашата судбина е потешка, зашто ви го обесија на врат да го носите генерал Маркос.” Дополнителни факти: Види Фани Буцкова1998/76 - …Плочките во Романија од едната страна го имаа втиснато ликот на генералот Маркос, а од другата старна бројот, додека во другите земји го имаа само бројот. Формата на плочката беше тркалезна и обесена се носеше на врат, а некаде и на рака.

Некои од тие што носеле такви “медалјони” дури и попедесет години си ги помната броевите, а некои од нив ни посведочуваат и со фотографии. На пример Ахил Петровски, сликан во Чехословакија, имал број 288, што јасно се гледа на сликата од мај 1948 година, Димитра Карчицка го добила бројот 1048, а нејзиниот брат Илија - 1053. Кога кон крајот на 1948 година заминаа за Полонија, таму им беа земени плочките.

Томија Цуцулова, “мајка” воспитажка, во Унгарија имала број 112, а нејзината мала ќерка - 111. Олга Петкова во Полонија го имала бројот 555, а Спаса Петкова - 425. За “таквите медалјони остана само споменот и сеќавањето на добрата меморија”.

Ете македонското дете во срцето на Европа и светот се најде заведо под број на место ИМЕ и ПРЕЗИМЕ. (Види: “Незабарав” бр. 15, стр. 7 јуни 1998 и Фељтонот “Автентични сведоштва за раселувањето на македонските деца од Егејска Македонија” во “Вечер” 20 мај 1986.)

ВО ЧИИ ДУХ СЕ ВОСПИТУВАЛЕ ДЕЦАТА?