Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

A One-Way Ticket

ДО ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

By Стојан Кочов · Part 16 of 22 · About 16 minutes

Read in English

ДО ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

“ИЛИНДЕН” Драги наши другари, Со понерски искрени поздрави ве поздраваме ние здружените пионери грчиња и македончиња од Детскио Дом “Белоѓнис” во Н Република Унгарија.

Со голема радост приеме решенија на конгресо на новородената наша организација “ИЛИНДЕН”. Даваме чесната дума, да исплниме задачите што ни се постават от нашата национална организација. Братството и единството непрекидно ке биди закалено во нас. Здружени со нашите братчиња – грчинјата ке ги вложиме сети сили за да усвоеме знанињата и да се воспитаме така што да станиме способни за ослободувањето на нашата татковина и изградбата на утрешнината НР Грција.

Со завршавањето на учебната година, со всестраната помош на нашите учители, печалиме да исп$лниме на п$лно лозунго “Ниту еден ученик да не остани во истото отделение”. Даваме думата оти ке ги вложиме сети наши сили да преминиме со добра отценка во по висшите отделења.

За пионерскио комитет на Д. Дом “Белоѓанис” 20/5/52 г.

Биоличкин Танас, Ристоски Коста Начуловска Ристосиа, Георговски Јото Ете, ова тажно финале, ни покажува дека како заврши политичката трагедија на НОФ и АФЖ и претставува едно чисто комунистичко ОДМАЗДОЉУБИЕ. Но, бидејќи најтешко е да се постави прашањето за сопственита одговорност, дури и по полавек, но зарем пак, навистина е можно да се премолчи;

некој кој го довел до кланица еден народ мирно и без грижа на совеста и што уште полошо, тој паталец да се тера со аплаузи кон нив (КПГи КПМ/КПЈ) и да им препишуваме национални заслуги. Токму тоа е вистинското проблематично прашање. И, ете зошто. Со оформувањето на НОФ, беше уште една голема, потврда, дека оформувањето од тугинците на такви организации и водачи на македонските народни движења, со луѓе регрутирани од пазувите на институциите на пропагандите, се докажа дека тие ретко успеват да ги одделат интресите од народните, најчесто и несвесно и тие стануваат жртви, служејќи на тугите интереси.

Ова со нас Македонците беше класичен пример во историјата и ни покажа, како се врзува еден народ (кој живее со своите исконски родољубиви сознања) за туѓи пропаганди и политики и до кој степен можат да планираат и разгорат националните страсти, и како може да се доживеат големи миграции до степен на геноцид.

Ова прашање, половина век си го поставува секој изгонен човек (но, не матичната историја, не иституциите на Македонија, прашањето се затвара во секторската “Историја за Егејците”).

Имено, зарем навистина беше потребно да се војува толку години со загуби на толку жртви, разорувања и искоренувања на Македонците.

Зарем ние Македонците не ќе постигневме повеќе без влегување во таква војна?

Преглед:

ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ВО 1949 ГОДИНА Датум Опис на настаните или документ 30-31.01.1949 Одржан е петиот Пленум на ЦК на КПГ и на него е исфрлена паролата за “Независна и обединета македонска држава во рамките на Балканската федерација”. Поради тоа на 3.02.1949 година свикан е II-от Пленум на централниот совет на НОФ и се прокламирани нови принципи на НОФ, за иднината на Македонците под Грција.

09.02.1949 На барање на Порфирогенис (член на Политбирото на КПГ), во Скопје беше примен во својство на делегација на КПГ и се одржа состанок со преставниците на НОФ и се бараше регрутирање на околу 300 нови борци за ДАГ од бегалците што беа избегани во Југославија, но не се реализира.

07.03.1949 ЦК на КПГ објави соопштение во кое се демантира одлуката на КПГ за заземениот став за македонското прашање на 5-от Пленум и ставовите на II-от Пленум на НОФ од 3.2.1949 година.

27.03.1949 Свикан е основачки состанок од 163 комунисти, делегати на II-от конгрес на НОФ, на кој едногласно е решено да се формира комунистичка партија на Македонија од Егејскиот дел на Македонија, која би била засебна организација и дел од КПГ и би се викала КОЕМ (За овој настан, се велеше дека е најсветлата точка од грижата што ја водеше КПГ спрема нас Македонците, но да ја оставиме историјата да каже колку навистина беше и остана “светла”).

16.06.1949 Извршниот одбор на АФЖ на жените Македонки од Е. Македонија усвои резолуција за активирање на жените Македонки во одбрана на фронтовската линија Вичо.

10-14.08.1949 Владината војска под команда на генерал Ван Флит со, 60.000 војници, организарана во 6 дивизии од сите родови, 200 тенкови и блиндирани коли, околу 100 авиони од сите типови, почнаа офанзива против ДАГ на планината Вичо со која командуваше Мичос Вландас и располагаше со 9.863 борци и 40 топови. На 13-14 август ДАГ беше поразена со загуби од 1.859 (мртви, ранети, исчезнати и заробени).

Владината војска имаше само 256 мртви и 1.336 ранети. На 15-15 август единиците на ДАГ се повлекоа во Албанија, но во наредните денови беа префрлени околу 6.000 борци на ДАГ да ја продолжат борбата на Грамос. Во тие мигови беше исфрлена паролата дека:

“Грамос ќе стане гробница на монархофашистите-Владината војска”.

24-29.08.1949 Владината војска во ноќта на 29 спрема 30 август почна нов поход за конечно освојување на Грамос и за конечната ликвидација на ДАГ. Владината војска пак под команда на генерал Ван Флит и сега вкупните сили беа поголеми уште за три баталјони од оние што ги имаше во нападот за освојување на Вичо. На Грамос со главниот Штаб на ДАГ сега командуваше генерал Георгиос Вонтисиос - Гусиас, со околу 12.500 борци (6.000 кои беа префрлени од боиштата на Вичо, бидејќи досега Грамос го бранеа само околу 6.500 борци). Последните битки беа на 29 август и на 30 август се повлекоа во Албанија. Загубите на ДАГ: 922 мртви,

944 заробени и 650 потешко и полесно ранети и околу 400-450 доброволно се предале. Загубите на владината војска:

243 мртви и 1.452 ранети.

30.08.1949 Со последните битки на Грамос Главниот штаб на ДАГ објави дека единиците на ДАГ се повлекуваат, бидејќи ја извршија предвидената задача.Се поставува прашањето: каква задача сме извршиле? И тоа беше крајот на ликвидацијата на ДАГ и сите единици влегоа во Албанија.

07.10.1949 На 2 октомври 1949 година во логорот Бурели од страна на КПГ, беше организирана јавна осуда и ги прогласи за шпиони и предавници на револуцијата, 11 членови на раководството на НОФ, АФЖ и НОМС и тие поминаа низ Сибирските логори, обвинети без вина, а сите ние борците на ДАГ, останавме во емиграција уште неколку години (еден дел останаа за вечно таму) придржувајќи се на паролата од КПГ: “МЕ ТО ОПЛО ПАРАПОДА!”

16.09.1950 Лидерот на левите либерали во Грција, Јоанис Софијанопулос и бивши министер за надворешни работи на Грција во една дебата во грчкиот парламент од септември 1950 (Види:

“Димократикос типос” од 16.09.1950)

признава дека “во Грција постои македонско малцинство, но дека според меѓународното право тоа малцинство не постои и не може да претендира на никаква заштита, бидејќи не се покажало лојално спрема државата во која живее”, имајќи го предвид (на мисла) неговото масовно учество во Граѓанската војна во годините 1945 -

1949 година.

05.11.1988 Во Солун, генералниот секретар на КПГ, Харилаос Флоракис на новинарот на весникот “Месимврини” му изјави:

“Во оваа пригода, сакам да кажам, дека за нас,за нашата Партија, “Македонско” малцинство во Грција нема и ниту има “Македонско прашање” не постои!

(Види:Герги и. Минтси 1991/141 и “Вечер”, од 5 ноември 1988 година, с.

9).Овие беа последните зборови од некогашниот наш (се разбира и на оние наши соборци кои се вратија заедно со него како “Грци по род”) командант на ДАГ, сега ген. Секретар на КПГ, за нас Македонците од испишаната црна страница од ЦРВЕНАТА КНИШКА.

*** И се раѓа прашањето: Зарем можеме ние Македонците, таквата состојба и нереалност да ја нарекуваме Граѓанската војна, револуција и продолжување на славниот Илинден?

На крај, на место ЕПИЛОГ, составениот ХОДОГРАМ од аргументи и факти, јасно се гледа конечниот исход на настаните, низ кои минал македонскиот воин низ историјата на ДАГ и како го дожиеа геноцидот.

Можеби сето ова за нас Македонците, го објаснува чинот за кој старите Латини рекле (дефинирале) дека “Во одредени времиња, постојат состојби на трошење на националната енергија, од кои национот има најмала корист!” КАКВИ БЕА КОНЕЧНО ВОЕНИТЕ СИЛИ НА НАЦИОНАЛНАТА АРМИЈА (НА АТИНСКАТА ВЛАДА) И НА ДАГ ВО ПЕРИОДОТ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО

1949 Во мај 1949 година Главниот штаб на Националната Армија тргна во подготовка за воена експедиција против ДАГ, под кодексот на името “Пирсос”.

Бројноста и воена структура на воените формациски сили на националната армија во тоа време беше следниот:

150. 000 редовни војници,

50. 000 сили на националната одбрана,

25. 000 жандармериски сили,

7. 500 полиција,

50. 000 специјални единци,

14. 300 во морнарницата,

7. 500 во авијацијата.

Значи збирот на воените сили на атинскиот режим е нешто повеќе од 300. 000, а воените сили на ДАГ одвај броеа не повеќе од 25. 000 војници.

Ете што ни потврдуваат следните извори:

Тасос Вурнас, стр. 159-160; есента во 1948 година воените сили на ДАГ имаа околу 18.000 борци;

2. Василис Барџиотас, како втор човек на ДАГ, пишува дека до крајот на 1949 година, силите на ДАГ имаа достигнато до

30.000 борци;

3. “Неос козмос”, од 1950 година, стр. 624, 637; пишува дека вкупната бројка на силите на ДАГ во 1948-1949 година достигна до 25.000 борци;

Но, треба да се забележи, дека постој и уште еден битен извор:

Спрема искажувањата на генерал Маркос: “До 1947 година од 90% борците на ДАГ биле НАСИЛНО МОБИЛИЗИРАНИ, а после овој датум нема потврдувања дека се јавувале како доброволци во редовите на ДАГ, низ текот на Граѓанската војна.

ПРЕД ЕДНА ТАКВА ОПРЕМЕНА И МНОГУБРОЈНА АРМИЈА, партизаните на ДАГ, не беа во состојба да дадат отпор и на 28-30 август остапија во Албанија.

На 30 септември Иоанидис Јанис службено, побарал од Сталин да му се дадат на КПГ, односно ДАГ две бази и тоа една во Бугарија и другата во Албанија. Сталин не ја прифати за Албанија.” ФАКТИ: По ликвидацијата на ДАГ и проблемот за враќањ на Македонците и одземените деца.( во педесетите гони во емиграцијата)

(Единасете барања (прашања) на борците на ДАГ)

“Овие барања (прашања) од борците и високи офицери до генерали на ДАГ, кои бараат директно објаснување од генералниот секретар на КПГ Никос ЗАХАРИЈАДИС, ја покажуваат и самата криза во раководството на КПГ од 1943-

1954. Тие прашања се:

1. Да им објасни (Захаријадис) на комунистите - членовите на КПГ, зошто им дал проштално писмо (не го обвини раководството на КПГ за дејноста (активностите) за време на германската окупација.

2. Зошто политички го ликвидира, со последователна умисла да го ликвидира и физички водачот и воениот камандант на ЕЛАС, Арис, кој ако беше жив, и што е природно дека ќе беше и вожд на ДАГ.

3. Да објасни (Захаријадис) зошто даваше упатства на Иоанидис и Русос, кои во Белград беа преставници на раководството на КПГ близу до Тито и ја раководеа Организацијата во БУЛКЕС со најстроги мерки спрема борците кои покушаваа да ги критикуваат лошите потези и грешки што ги праваше КПГ за време на германската окупација а поради таквите критики се случија неколку убиства на искрени борци.

4. Да објасни на сите комунисти, зошто го испрати (С.) во Булкес во 1948 година да го убие со секира(по начин на Сталинистичките методи, слични на убиството на Троцки.)

Михали Бектасиди, секретар на Ц. О. Дали тоа го сторил, заради тоа што “Знаел многу работи” и за да не излезат на видело, реши да му ја затвори устата за вечно.

5. Требаше одамна да го “Исфрли” од П. Б и ЦК на КПГ, интелектуално-сиромашниот Гусја, од кој стенкаше целата ДАГ.

6. Да објасни, зошто даде наредба командантот на 670 армиска единица Гусја, за да се стрелат едни од најдобрите офицери на ДАГ, како што беа Гианулис и Георгијадис.

7. Да објасни, зошто лично, тој Захаријадис во 1946 година не излезе заедно со еден состав на офицери специјалисти за воени прашања и да го состави главниот штаб на ДАГ од способни луѓе, за да бидат во состојба да ја раководат таа тешка војна, а сега се му товари на Маркос.

8. Да објасни, каква одговорност чувствува за грешките што многу се доцнеше со почнувањето на вооружената борба.

9. Да си ја превземе одговорноста за не обезбедуванието на воените резерви на ДАГ, која комонента беше и база за вооружената борба.

10. Зошто им даваше упатства на сите самостојни офицери на ЕЛАС, подобро да одат во затвор, отколку во ДАГ, тоа исто го стори и со Воениот командант Сарафис.

11. Ставот во 1949 година за “Независна Македонија до издвојување од Грција”.

Последното прашање ни покажува дека и самите соборци Грци (од обичен војник до комунисти, м. з.) дека длабоко во свста ни најмалку не се бореа за да ние оствариме нешто од програмата на НОФ и АФЖ. Но и ниту пројавија некаква грижа за нашето враќање.

Какви се оценките на современата грчка истроиографија и дали зборуват нешто за нас Македонците? Како што се вели во нашата историографија дека во Граѓанската војна сме преставувале воено-политички фактор.

Современата грчка историографија (историографи од страна на лево ориентираните, поранешни членови на КПГ) во последните години ги даде следните историски оценки за Граѓанската војна (1945-1949) и повеќето автори ги дефинираа како: “Грешки на воената борба на ДАГ”:

Погрешни беа проценките што ги направи КПГ за:

политичката положба на Грција во периодот на време(1945 -1949), за воените сили и ресурси со кои располагаше противникот-владата на Грција, за политичкото расположење на грчкиот народ по судирот во Атина и поразот на левите сили во декември 1944 година.

Политичка грешка е со неучеството на изборите на 31. 3. 1946 година.

Раководството на КПГ, не ја процени и не ја зеде во предвид меѓународната положба на Грција и фактор “американски империјализам” Во структурата на ДАГ, раководството на КПГ се потпре исклуживо само на селаните што е и факт дека целиот (главен)

товар на ДАГ, го понесоа селаните. Раководството на КПГ, силите на работничката класа, авангардните сили беа препуштени во рацете на грозоморниот терор на противникот.

Многу членови на КПГ, бараа да излезат во планина и да влезат во редовите на ДАГ, но КО (комунистичките организации) во градовите не им дозволуваа и поред тоа што знаеа дека ќе ги фатат и ќе бидат испратени на островите или убиени. Околу 80 илјади борци беа затворени во затвори и малтретирани, а од големата туртура, многу подлегнуваа и се откажуваа од членството во КПГ.

Раководството на КПГ, ја оформија ДАГ, без да ги решат воените резеви.

КПГ ја оформи Привремената влада во планина, но не успеа ниту пред социјалистичките земји да ја признаат, а комо ли некоја од западните земји да ја признае.

Непростиви се грешките, на КПГ на чело со Захаријадис, а тоа е изборот на високи воени-политички и партиски функции, како што беа изабрани: Маркос (тунски работник), Гусиас (селски чевлар), Вландас (писар од среден ранг), Иоанидис(прислужник во општина), Русос и други, па дури и во ПБ на КПГ.

*** Поред малите и големи грешки на военополитичкото раководство на ДАГ, селаните и сите што се бореа дадоа значни и победоносни борби и напишаа нови страници во историјата на борбите на грчкиот народ.

Ете така завршува со оценките современата историографијата на Грција.

ПО ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ДАГ И ПРОБЛЕМОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ “ДОМА”.

НЕМА ПОВРАТЕН БИЛЕТ ЗА ТИЕ ШТО НЕ СЕ “ГРЦИ ПО РОД”. ЗОШТО?! НИ КОМУНИСТИТЕ НЕ НЕ ПОДРЖУВААТ... ПО ОВА МАКЕДОНЦИТЕ ОСТАНА ПО СВЕТОТ ВО НОВ ЖИВОТ, НО БЕЗ МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА...

Лидерот на левите либерали во Грција, Јоанис Софијанопулос и бивши министер за надворешни работи на Грција во една дебата во грчкиот парламент од септември 1950 (Види:

“Димократикос типос” од 16.09.1950) признава дека “Во Грција постои македонско малцинство, но дека според меѓународното право тоа малцинство не постои и не може да претендира на никаква заштита, бидејќи не се покажало лојално спрема државата во која живее”, имајќи го предвид (на мисла) неговото масовно учество во Граѓанската војна во годините 1945 - 1949 година.

*** Во јануари 1979 година, кога во грчкиот парламент, ветеранот и угледниот Илија Илиу го постави прашањето зошто се прави дискриминција при репатрирањето на политичките бегалци Словеномакедонци, министерот К. Стефанопулос, револтирано одговори: “Не се согласувам дека постојат Славомакедонци, не верувам дека постои прашање околу составот на населението...” Веднаш потоа реагираше органот на демократската левица “Авги”, кој меѓу другото напиша: “Сфаќањата на националниот раздор и исклучувањето на целото население од една одредена област е нешто што претставува и варварска навреда и презир на уставната прокламација за рамноправност на сите грчки државјани.” А тоа се однесува за словеномакедонците политички емигранти, за кои Стефанопулос отворено изјави:

“Тие луѓе не ги сакаме и не им дозволуваме да се вратат во Грција…” “ Во тоа признание, продолжува весникот, препознаваме едно неприфатливо и срамно прогонување на еден дел од населението, што потсетува на најмрачниот период од историјата. Имено, кога Словеномакедонците ги повикуваат во војска, кога им наплатуваат данок и воопшто, кога тие ги исполнуваат своите обрврски, што произлегува од нивниотстатус на грчки државјани, се добри, а кога бараат да бидат репатрирани, тие се непожелни...” (Н. М 30 август 1992 година.)

Тиражниот грчки весник “Катемерини” од март 1977 година информирајќи за иницијативата на европскиот парламент за еведентирање на малцинствата во Европа и за нивните културни права ги спомнува и извештаите на Фон Стаутфенберг и Куперс, во кои се вели дека во грција постојат 5 малцинства, меѓу кои и македонското, дека во таа земја се зборува, освен на официјалниот уште на 4 други јазици:

турскиот, албанскиот, влашкиот и македонскиот. Од сите грчки пратеници единствено независниот пратеник Филинис имаше храброст да потврди дека во Грција навистина живеат сите наведени малцинства.

*** Во Солун, генералниот секретар на КПГ, Харилаос Флоракис на новинарот на весникот “Месимврини” му изјави: “Во оваа пригода, сакам да кажам, дека за нас, за нашата Партија,”Македонско” малцинство во Грција нема и ниту има

“Македонско прашње” не постои!” (Види: Георги И. Минтси 1991/141 и “Вечер”, од 5 ноември 1988 година, с. 9). Овие беа последните зборови од некогашниот наш (се разбира и на оние наши соборци кои се вратија заедно со него како “Грци по род”)

командант на ДАГ, сега ген. Секретар на КПГ, за нас Македонците од испишаната црна страница од ЦРВЕНАТА КНИШКА.

Аку навистина, Граѓанската војна за некого беше трагична, за нас Македонците беше геноцидна. Еве зошто:

Збирните загуби во човечка сила и состојбата со луѓето по војната беше следната.

50. 000 мртви,

40. 000 политички затвореници,

60. 000 политички прогонети (бегалци и војници на ДАГ).

Понатака се вели:

“Состојбата со политичките прогонети и понатака треба да се истражува. Од овие политички бегалци до почетокот на 1990 година се вратија околу 45. 000. Но, сеуште и ден-денес постојат политички-психолошки и општествени недоразбирања од тој воен судир во Граѓанската војна.” Но, токму тука се крие нашата трагедија. Ако, како што тврди нашата историографија, дека ние Македонците сме учестувале во ресурсите на ДАГ (Гграѓанската војна) со 50 - 60%, тогаш од горните показатели зарем не сме ние Македонците, што не оставија по светот?

Но треба да се додаде и бројка од 20. 000 - 28. 000 одземени деца.

Зошто ние Македонците по потекло од Македонија под Грција сме осудени на вечна неправда?

За нас Македонците, не само од Грците рековме: Збогум реден крај. Но, за овој изминат период се покажа дека многу убедително, можеме да кажеме: Збогум илузио, дека македонската држава е гаранција за Македонците под Грција!!