ЕТЕ ШТО ОСТАНОЛО ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЕДНО ДЕТЕ, ЗБОРУВА САМИОТ АВТОР НА КНИГАТА - Part 03
Ова безизлезност се реши, конечно со автсралискиот предлог, согласно со тој предлог Генералното собрание реши; “Го препорачува (одобрува) враќањето во Грција на сите Грчиња (не прави разлика на Македончиња и Грциња), кои се наоѓат сега далеку од своите домови, кога тие деца ќе бидат побарани од таткото и мајката, но ако тие се отсутни, тогаш, може тоа да го стори овластен нивен роднина, ако изјави таква желба за тоа.” Во таква форма се изгласа резолуцијата и се одобри со 45 гласа за, а против немаше ниту еден. Таквиот предмет се “дистрибуира” и се инсистираше на тоа дека треба сите држави да си ги преземат неопходните мерки за да се остварат целите на резолуцијата и “даваше упатствија” на генералниот секретар да побара од заинтересираните држави да ги известат носителите кои беа одговорни за таквата резолуција, исто така да побараат и помош од Меѓуна-родниот Црвен Крст. (Yearbook of the United Nations), 1948-1949, стр. 239-244.
Тој план (Предмет) влезе во процедура на гласање и во дневниот ред на Генералното Собрание на 26 и 27 ноември 1948 година. Предметот се заведе едногласно како: <<(Резолуција
193 (III) C >>. Додека Советскиот Сојуз и неговите сомисленици, како што беше познато, беа против ова решение, уште кога се презентираа наодите од UNSCOB (Обединените Нации, Генералното собрание - (United Nations, General Assembly, Official Records, Plenary Meetings). Трети оддел, место 1, 1948, стр. 661-662.)
Грчкиот Црвен крст, објави веднаш веста за резолуцијата на Обединените Нации и почна со работа за примање молби за репатријација на децата. Како што минуваше времето, прашањето за грчките (се мисли на општо земените деца, но тука треба да се каже: досега, се изнесуваа факти дека Македонците - славофоните, деца ги давале доброволно.) Деца кои беа земени и насилно иселени, се претвори, главно, како грижа на Црвенито Крст.
На 11 јануари 1949 година, Трѕгве Лие, генерален секретар на Обединените нации, побара официјално од Меѓународната Комисија на црвениот Крст и од здружењето и подружниците на Црвениот Крст во Женева (во продолжеток од Црвениот Крст) да ги воспостават неопходните врски директно со грчката влада и со Грчкиот Црвен Крст, и начелно со влдите и со здружњата во нивните земји, т. е. во чии земји се наоѓаат грчките деца и да ги испитаат возможноста за реализација на резолуцијата која ја едногласно ја одобри генаралното Собрание на Обединените нации на 28 ноември 1948 година и им ја препорачуваше на државите и владите (и не ги делеше децата на Грци и Македонци) туку за репатрирање на сите деца од Грција. 27
*** Како прв чекор на Црвениот Крст беше тоа што испрати една мисија во Грција. Господинот Р. Њ. Ротх (ја преставуваше меѓународната комисија) и господинот Гаиле Галуб ( го претставуваше здружењето на Црвениот Крст) и останаа во грција од 10 февруари до 11 март 1949 година, за да го проучат проблемот за репатрјацијата.
Во текот на посетата на грчкиот црвен Крст им предочиле 3.
445 молби кој пристигнале за репатријација на децата. Овие ополномошници имаа неколку состаноци и со грчката влада и 27 “Репатрирање на Грчките деца”- “ Repatriation of Greek Children”. (First Joint Report by the International Red Cross and the League of Red Cross Societies), Geneva, 5 октомври 1949, стр. 2.
со UNSCOB, но исто така беа примени и од кралот и кралицата на Грција”.
...Ополномоштените ги проучија и условите под кои децата ќе треба да се врши репатријацијата и беше навистина добро подготвена целата акција за да бидат примени децата во Грција.
Грчкото нинистерство за надворешни работи им даде и една официјална напишана гаранција дека нема да се превзема никаква мерка со подозревање кон сите тие деца, било по религиозна вера или идеолошка припадност на нивните родители или била од каков вид друг разлог за примена на некаква пресија.
*** Исто така, како важен податок се наведува, дека од април 1949 година бројот на грчките деца кои имаа поминато низ Југославија во други источноевропски земји беше 13. 500 деца.
(Црвениот Крст. Прв опширен извештај, стр. 19. Извештајот содржи, истотака, една аналитика за местата каде и во кои земји се упатени децата. Од април 1948, домарт 1949 година:
за Чехословакија. . . . . . . . . . . . 3. 550 за Унгарија. . . . . . . . . . . . . . . . . 3. 050 за романија. . . . . . . . . . . . . . . . . 6. 400 за Полонија. . . . . . . . . . . . . . . . . . 500 Збирно: 13. 500 деца.
Грижата наша - македонска (Во комуникацијата со високото раководство на КПГ и ДАГ, дури мајчиниот јазик не си го запазивме).
Навистина, грижливо во истражувањето, барав документ на македонски јазик, било каков, испратен до некое високо партиско тело на КПГ или воен штаб на ДАГ, со кој документ на македонски би покажале дека НОФ како воено политички фактор стоел до тој македонски став и така им се обраќал (барем во нашата историја НОФ е така нарекувана), но за жал нема ни траг, бидејќи целата кореспонденција или било каква комуникација е водена на Грчки јазик. Барав документ, кој го третираше и проблемот на одземените деца, но нема. Зошто?!!
Зарем за НОФ и АФЖ, јазикот не беше политичко стратешко прашање?
Ако еден од основните национални атрибути е јазикот, тогаш како можеле организациите НОФ и АФЖ, по т. н. “Братство единство” (1946), да се “откаже” од националниот идентитет и да ги прифати таквите услови од КПМ/КПЈ и КПГ (а во нашата историографија се вели дека биле договорени сите услови меѓу НОФ и КПГ), или тоа можеби сега се правеа таквите остапки за атар на Комунистите.
Но, по овој чин на “Единство” на стапи копмплетната разузнавачка мрежа која беше добро организирана од КПГ и сите нофити и афежитки поранешни (еласитки) ги поминуваше по најситното идеолошко сито, со цел да им ја одреди вината и казната за гревовите од минатото, а на нашите нофити и афежитки, мачно беше да им се гледаат бесрамните додворувања кон раководителите на КПГ и ДАГ, посакувајќи да им се избрише вината за непокорноста кон КПГ, ЕЛАС и ЕАМ.
Ете, по овој чин многу лефтерно ја прифативме грчката асимилација, но сега по познатата комунистичка теза: во интерес на партијата, државата и мнозинскиот народ.
Значи, нечујно се вклучивме во процесот на елинизацијата, но сега без никаков отпор, а за што до вчера најмногу се бореше македонскиот народ и страдаше од грчките власти.
За правда, треба да се каже, дека во т. н. “Слободна Грција” (Котурско и дел Леринско и Грамос), можеа луѓето да зборуваат колку што сакаа, но скоро во селата ги немаше, сите беа мобилизирани и ставени во единиците на ДАГ. Но дали тие Македонци во единиците на ДАГ кои беа рагрутирани и испратени во длабината на Грција можеа да зборуваат Македонски? Тие таму беа предупредувани дека: “Името и презимето, нужно треба да бидат на грчки, а јазикот треба да се говори само грчкиот, зашто грчките борци ќе помислат дека вие сте: “Бугари? или Југословени?”(прашалките мои - С. К). И, следеа оправдувања дека: “КПГ нема сторено доволно објаснување на грчкиот народ, за да знаат Грците кои сте вие Славомакедонците....” Но, едно е вистина, дека сите регрутирани Македонци во ДАГ, по насилните мобилизации што следеа во (1947-1949) беа заведени со грчки имиња и презимиња, а тоа се правеше (ги покануваа преку одборите на НОФ и АФЖ) спрема книгат на родените. Таквите книги беа воведени од грчките поранешните влади на Атина.
Највероватно, сите овие прашања беа оставено, за после слободата, како и многу витални други прашања во интерес на Македонците кои гинеа во името на КПГ.
Но, да се вратиме на проблемот со одземените деца, бидејќи официјално не најдов кој беше овластен за извршување на таквата злокобна акција и по чии налог се земени децата (отсем дека се знае за пропагирањето на НОФ и АФЖ, спрема она познатото од нашата историја дека: НОФ и АФЖ биле воено-политичка сила - апсолутни владетели” на соопствениот простор, но што се однесува до нивното владење, тие биле целосно обврзани само да ги спроведуваат наредбите на КПГ, која располагаше со огромна моќ на идеологијата и најверојатно тие им дале на КПГ целосен кредибилитет, дури да не располагаат ни со децата на својот народ.
Ако и ова што го трди д-р Кирјазовски е историски точно, тогаш станува се појасно дека ние Македонците соработувавме во миграционите процеси, но останува да се истражува под какви идеолошки обрски имале НОФ и АФЖ спрема налодавците, а спрема сопствениот народ никакви: Тој вели:
“…За успешно извршување на оваа акција беа ангажирани органите на народната власт. Народната милиција, политичките организации и другите институции. Посебна улога за целосен успех на акцијата во подрачјето на Егејскиот дел на Македонија одиграа Македонските организации НОФ и АФЖ, кои притоа го мобилизираа целокупниот свој кадровски потенцијал.
За успехот на акцијата придонесе и тоа што евакуираните деца потекнуваа главно од подрачјата на Егејскиот дел на Македонија каде што се водеа најжестоките и нјкрвавите борби, па префрлувањето во странство беше мног полесно, бидејќи тие подрачја се наоѓаа под контрола на ДАГ. и, што беше најважно, родителите на децата, претежно Македонци, целосно беа на страната на ДАГ и лесно се убедија и се согласија за евакуација на своите деца… “(Види: Кирјазовски 1989/36-37).
Така размислуваше и така пропагираше елитата на НОФ и АФЖ, со своите заеднички илузии па дури и мислејќи дек силно ја држат власта и се на правилин пат во животот и дека можеа да решат се за судбината на македонскиот народ.
Елитата, размислуваше тогаш кога требаше поинаку да рамислува. Тогаш имаше крупни не совпаѓања меѓу тој тип на размислувања и реакции на обичниот македонски селанин, но беше дочекуван: “Ти не си наш!” и со тоа омразата му ја исполнуваше душата, а таквата беспрекорност стана судбина, а животот без смислен.
За жал, од таквото размислување, сведоци сме на полувековното марширање низ Балканот и по светот.
Ете, со такви покорувања станавме нација со туѓ патриотизам, односно идеолошки војници. Македонскиот патриотизам, чувството на љубов и верност кон своето татковинско дело, беше лишено. А, то го потврува иследното: Низ сите високи состаноци и донесувањто на судбински решенија не е забележано присуствотот на Македонци. Зошто? Затоа што НОФ од секогаш беше во инфериорна (потчинета, подредена, помалку вредна и спрема кадрите на НОФ се гледаше со некаков инфантилизам) положба спрема КПГ, а тоа го дозволија во своите преговори и КПМ/КПЈ, кога го договорија т. н. “братството и едениството” по меѓу нив и КПГ.
Но во сета ова трагедија е и нашето полувековно колективно замолчување на свеста и најболното е тоа што го измачува човека: како можевме ние Македонците да замижеме пред очигледното, дека се посега токму по нашиот корен и разделбата на тие деца од местото на раѓањето се прогласува за иден состанок само со историјата.
Светот, знае малку за трагедијата на Македонците под Грција, најголемиот дел од таа трагедија, погрешно ја знаеме, па дури и ниесамите. Тоа е сурова вистина, но…
Македонската држава и државност со своите институции, како вековен идеал на македонскиот народ, и по полавек, не се ни одзва.
Во ваквиот вител на спротивставувања околу “Историската правда и историската вистина” навистина е тешко да се најде одговор, но види заради волјата на вистината: Архив на Македонија (АМ), збирка: “Егејска Македонија” во НОБ 1945-1949, АЕ: том 1, 2, 3, 4, 5, сите документи се преведени од грчки јазик.
Со ова и ќе го завршам историското сведочење за однесувањето на НОФ и АФЖ.
РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1948-1949 На 1. 06. 1948 година, Политбирото на ЦК на КПГ донесе решение со кое се суспендираат Михаило Керамитчиев од претседател на НОФ и Паскал Митревски од секретар на Главниот одбор на НОФ “Поради непринципиелна фракционерска борба”.
Ова покажува на еден типичен потфат од КПГ: како максимум го користи СИНДРОМОТ НАНАЦИОНАЛНО КОДОШЕЊЕ -стана погубен за Македонсците.
На 27. 08. 1948 гоина, заседаваше ПБ на ЦК на КПГ со дневен ред:
а/ Борбата на Грамос која се нарече: “Епопеа на Северен Пинд, политички и воени прашања и укази”, б /Отстранувањето на Маркос Вафијадис од генерал и водач на ДАГ, поради болест и неговото заминување за Москва, в/ Новиот воен Совет ќе го сочинуваат:
1. Никос Захаријадис - Претседател и врховен командант на ДАГ.
2. Георгиос Вондисиос - Раководител на воените битки.
3. Василис Барџиотас-политички Комесар на Главниот Штаб.
4. Мичос Вландас - Одговорен за воените ресурси.
5.Леонидас Стрингос - Државната управа.
г/ Реорганизација на Главните Штабови по околии и создавање на воени дивизии. Унапредување на офицери во воени високи чинови на ДАГ. (Без ниеден Македонец. б. м).
Прилог Наредба (27 август 1948 година)
Имајќи во предвид на ново создадената ситуација на 23 декември 1947 година и предлогот на Главниот Штаб на Демократската Армија на Грција Решаваме:
1. Разрешување и реорганизација на Главните околиски штабови и создавање на дивизии.
2. Дивизиите се наименуваат со своите команданти, како што следи:
I Дивизија: Тесалија, командант - Харилаос Флоракис (Гиотис), II Дивизија: Румели, командант - Гианис Александру
(Диамандис), III Дивизија: Пелопонес, командант - Стефанос Гјузелис, VIII Дивизија: Епир, командант - Колигианис IX Дивизија: Македонија - Траки, командант - Танасис Гениос
(Ласанис), X Дивизија: Македонија, командант Никос Теохаропулос
(Скотидас)
XI Дивизија :Македонија, командант - Пандо Вајна Во седиштето на Привремената Демократска Влада 27 август
1948 година.
Претседател и Министер на воените сили на ДАГ.
Генерал Маркаос На 15. 11. 1948 година, Политбирото на ЦК на КПГ донесе одлука да го исклучи и да го суспендира генерал Маркос од функциите главен командант на ДАГ и член на ЦК на КПГ.
На 23 ноеври 1948 година Г. штаб во реонот на Вичо издаде наредба да се изврши мобилизација на сите мажи и жени кои не беа мобилизирани поради болест со таа наредба практично беа мобилизирани сите Македонци од Костурско и Леринско. Со оваа мобилизација беше опфатен и целокупниот професионален кадар на НОФ и со тоа родните огништа на Македонците останаа пусти. По оваа ТОТАЛНА мобилизација во ДАГ населението македонско од 270. 000 - 300. 000 Македонци под Грција, учествуваше во ефективите на ДАГ со повеќе од 50% (спрема македонската историографија: активни учесници во редовите на ДАГ биле оклу 15. 000 - 17. 000 борци), а грчкото осуммилионското население во Грција, учествуваа само со еден мал %, тоа се од основните вкупните ефективи на ДАГ, бидејќи според грчките официјални податоци ефективите на ДАГ биле од 25 - 30.000 војници, што значи произлегува дека во редовите на ДАГ биле не повеќе од 20. 000 борци. По еден таков зафат на ДАГ со мобилизациите, сите македонски семејства беа растурени и се најдоа во разните единици на ДАГ, па дури и во длабината на Грција. Сите тие ново мобилизирани луѓе беа неспособни за војување, бидејки не само што немаа знање за воено сложни операции а се бореа против една добро опремена и обучена војска, пред нивното современо оружје, сите подоцна во битките беа испокасапени, бидејќи сите тие беа подложени на неподносливи услови, но најмногу е тоа дека тие немаа минимални знаења и во ракувањето со оружјето.
РАЗВОЈ НА НАСТАНИТЕ ВО 1949 Последна акција за мобилизација на Македонците и надвор од границите на Грција: 09. 02. 1949 година (Зарем овој чин не беше спротивен по меѓународните човечки права??).
На барање на Порфирогенис (член на Политбирото на КПГ), во Скопје беше примен во својство на делегација на КПГ и се одржа состанок со преставниците на НОФ и се бараше регрутирање на околу 300 нови борци за ДАГ од бегалците што беа избегани во Југославија, но не се реализира.
Прво оптимистичко сценарио на Захаријадис: се дава самоопределување на Ммакедонскиот народ. Значи, ни понуди визија за независна Македонија??!!
ДА ВИДИМЕ КАКО И ПРАЗНИТЕ ПАРОЛИ СЕ ДЕЛ ОД ВОЈНАТА На 30-31 01 1949 година, одржан е петиот Пленум на ЦК на КПГ и на него е исфрлена паролата за “Независна и обединета македонска држава во рамките на Балканската федерација”.
Поради тоа на 3.02.1949 година свикан е II-от Пленум на централниот совет на НОФ и се прокламирани нови принципи на НОФ, за иднината на Македонците под Грција.
ПОГАЗЕНИ ВЕТУВАЊА На 7. 03. 1949 година ЦК на КПГ објави соопштение во кое се демантира одлуката на КПГ за заземениот став за македонското прашање на 5-от Пленум и ставовите на II-от Пленум на НОФ од 3.2.1949 година. Значи, историјата не учи дека ветувањата дадени во времето на војна не се секогаш тоа што требало да бидат.
Второ оптимистичко сценарио: се создава комунистичка партија на Македонците под Грција.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/one-way-ticket-mac/13 on October 29, 2026